ЈП Градски паркинг Скопје Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jp-gradski-parking-skopje/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Dec 2023 15:52:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ЈП Градски паркинг Скопје Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jp-gradski-parking-skopje/ 32 32 К-15 за сите вработени во ЈП Градски Паркинг-Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/k-15-za-site-vraboteni-vo-jp-gradski-parking-skopje/ Thu, 21 Dec 2023 17:49:15 +0000 https://republika.mk/?p=725383

Управниот одбор на ЈП Градски Паркинг - Скопје поддржан од Надзорниот одбор донесе одлука за исплата на К-15 за сите вработени.
Вработените по втор пат по 14 години ќе добијат право на годишен одмор, односно на нивните сметки ќе бидат уплатени 10.000 денари.

The post К-15 за сите вработени во ЈП Градски Паркинг-Скопје appeared first on Република.

]]>

Управниот одбор на ЈП Градски Паркинг - Скопје поддржан од Надзорниот одбор донесе одлука за исплата на К-15 за сите вработени. Вработените по втор пат по 14 години ќе добијат право на годишен одмор, односно на нивните сметки ќе бидат уплатени 10.000 денари.

The post К-15 за сите вработени во ЈП Градски Паркинг-Скопје appeared first on Република.

]]>
Од утре летно работно време на паркинзите на ЈП „Градски паркинг“ – Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/od-utre-letno-rabotno-vreme-na-parkinzite-na-jp-gradski-parking-skopje/ Wed, 31 May 2023 14:04:46 +0000 https://republika.mk/?p=646450

Од утре почнува летното работно време на јавните површини наменети за паркирање - зонско, со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“ – Скопје.

Работното време во зоните А, Б, Ц и Д од понеделник до сабота ќе биде од 7:00 до 23:00 часот.

Од ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, апелираат корисниците на услугите на јавните површини наменети за паркирање - зонско да ги запазат промените, односно наплатата за паркинг услугата да ја извршуваат во наведеното работно време за да не се соочат со санкција.

The post Од утре летно работно време на паркинзите на ЈП „Градски паркинг“ – Скопје appeared first on Република.

]]>

Од утре почнува летното работно време на јавните површини наменети за паркирање - зонско, со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“ – Скопје. Работното време во зоните А, Б, Ц и Д од понеделник до сабота ќе биде од 7:00 до 23:00 часот. Од ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, апелираат корисниците на услугите на јавните површини наменети за паркирање - зонско да ги запазат промените, односно наплатата за паркинг услугата да ја извршуваат во наведеното работно време за да не се соочат со санкција.

The post Од утре летно работно време на паркинзите на ЈП „Градски паркинг“ – Скопје appeared first on Република.

]]>
Бесплатен паркинг за Рамазан Бајрам на дел од паркиралиштата во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/besplaten-parking-za-ramazan-bajram-na-del-od-parkiralishtata-vo-skopje/ Fri, 21 Apr 2023 08:10:22 +0000 https://republika.mk/?p=632697

Јавните паркиралишта Народен фронт, АМСМ, Дом на печат, ЗОИЛ, Тутунски комбинат и 8-ми Септември, денеска на празникот Рамазан Бајрам ќе бидат слободни за паркирање, односно нема да се врши наплата, информира ЈП „Градски паркинг“ - Скопје.

Јавните површини наменети за паркирање (зонските паркиралишта), исто така ќе бидат слободни за паркирање – без наплата.

Јавните паркиралишта, пак, „Кочо Рацин“, Градска болница, Клинички центар „Мајка Тереза“, Треска, како и катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“, ќе работат со редовно работно време и наплата од 00:00 до 24:00 часот.

The post Бесплатен паркинг за Рамазан Бајрам на дел од паркиралиштата во Скопје appeared first on Република.

]]>

Јавните паркиралишта Народен фронт, АМСМ, Дом на печат, ЗОИЛ, Тутунски комбинат и 8-ми Септември, денеска на празникот Рамазан Бајрам ќе бидат слободни за паркирање, односно нема да се врши наплата, информира ЈП „Градски паркинг“ - Скопје. Јавните површини наменети за паркирање (зонските паркиралишта), исто така ќе бидат слободни за паркирање – без наплата. Јавните паркиралишта, пак, „Кочо Рацин“, Градска болница, Клинички центар „Мајка Тереза“, Треска, како и катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“, ќе работат со редовно работно време и наплата од 00:00 до 24:00 часот.

The post Бесплатен паркинг за Рамазан Бајрам на дел од паркиралиштата во Скопје appeared first on Република.

]]>
Велешанка со означено возило испратила смс, па платила 3000 за блокатор и 50 за смс што паркирала на место за инвалиди зашто не е од Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/veleshanka-so-oznacheno-vozilo-ispratila-sms-pa-platila-3000-za-blokator-i-50-za-sms-shto-parkirala-na-mesto-za-invalidi-zashto-ne-e-od-skopje/ Fri, 17 Mar 2023 08:26:04 +0000 https://republika.mk/?p=620577

Жителка на Велес е револтирана од односот на Градски паркинг во Скопје.
Според она што го пишува на Фејсбук, на жената ѝ била наплатена казна што паркира на место за инвалиди иако на возилото има налепница за инвалиди и е член на здружение на лица со инвалидност.
Република испрати прашања до Градски паркинг, а одговорите ќе ги објавиме доколку ги добиеме.

Денес сум толку изреволтирана,толку дискриминирана,толку очајна што воопшто живеам во оваа наша никаква државичка,ај да кажам и зошто.
И покрај сите предизвици и спрепки што ми ги нанел и нанесува животот,наместо ова наше општество(ако може да се каже така) да ни ги олесни работите како лица со посебни потреби,тоа нас не удира по нос.
Отидени во Ск нормално по болници,на враќање паркирани на автобуска станица на паркинг означен за инвалидни места,колата означена со знак за инвалид,со членската од здружение на лица со посебни потреби ставена на шал табла,пратена порака..ни ставаат блокада..се јавуваме на бројот нормално залепен на возачката врата,доаѓаат дечките од гратски паркинзи ги прашуваме зошто е блокадава кога се е уредно направено по правила,овие првично велат дека цитирам:"Aма вие сте од друг град" ко божем мајко мила јас кога ќе отидам во Ск инвалидноста ми завршува и не смеам да паркирам на место означено за инвалиди и му велам:" Кога веќе вака ставате блокади на инвалидни возила паркирани на инвалидско место што не се од Ск тогаш напишете некаде дека паркингов важи само за возила од Ск"..чудно ме гледа..Второ велам: "Запознати со тоа што град Ск за возилата од други градови не дозволува бесплатни паркинзи,си пративме порака..и покрај тоа пак блокада"..на тоа ми одговара: "Кога си паркиран на инвалидско место пораката не важи".Молам?!?! Кого и како правите будала!! Во нормална држава и во останатите градови во нашава ни државичка нигде не е проблем да се паркираш на инвалидно место со инвалидско возило,иако си од друг град/држава,па дури и да не платиш паркинг..само Скопјево е некоја посебна држава изгледа со некој нивни дискриминирачки правила!Се јавува батето во централа,прво чекаме едно 15мин за да го решат "проблемов",ѕвонат од таму чоекот си се трга настрана (за да не се слушне што се убедуваат) разговара едно 5мин..се враќа и вели:"Од таму велат мора да си ја платите казната"..Си кажавме уште некој работи на кој секако не се придаде важност,пошто се вадеа цело време со тоа дека они се само вработени и си ја работат работата..незнам само која и каква работа кога ,како ќе им дојде така си тераат..ама нејсе.
Море чоек,море човеци..пошто не сте луѓе да ве наречам така,знам дека и до некаде не сте ни вие криви некој има и над вас ама да печалите на нас и згора да се иживувате..има Господ тој е над сите.
Лута сум да..никогаш јавно не сум се дрзнала да напишам ништо иако ова е еден од многуте случаи со кој се соочуваме ние,третирани како граѓани од незнам кој ред..прв сигурно не..ама ова е веќе претерано.
Инаку казната си ја плативме да,ама да ви кажам дека повеќе нема да ќутам..ова нема да остане вака.

The post Велешанка со означено возило испратила смс, па платила 3000 за блокатор и 50 за смс што паркирала на место за инвалиди зашто не е од Скопје appeared first on Република.

]]>

Жителка на Велес е револтирана од односот на Градски паркинг во Скопје. Според она што го пишува на Фејсбук, на жената ѝ била наплатена казна што паркира на место за инвалиди иако на возилото има налепница за инвалиди и е член на здружение на лица со инвалидност. Република испрати прашања до Градски паркинг, а одговорите ќе ги објавиме доколку ги добиеме. Денес сум толку изреволтирана,толку дискриминирана,толку очајна што воопшто живеам во оваа наша никаква државичка,ај да кажам и зошто. И покрај сите предизвици и спрепки што ми ги нанел и нанесува животот,наместо ова наше општество(ако може да се каже така) да ни ги олесни работите како лица со посебни потреби,тоа нас не удира по нос. Отидени во Ск нормално по болници,на враќање паркирани на автобуска станица на паркинг означен за инвалидни места,колата означена со знак за инвалид,со членската од здружение на лица со посебни потреби ставена на шал табла,пратена порака..ни ставаат блокада..се јавуваме на бројот нормално залепен на возачката врата,доаѓаат дечките од гратски паркинзи ги прашуваме зошто е блокадава кога се е уредно направено по правила,овие првично велат дека цитирам:"Aма вие сте од друг град" ко божем мајко мила јас кога ќе отидам во Ск инвалидноста ми завршува и не смеам да паркирам на место означено за инвалиди и му велам:" Кога веќе вака ставате блокади на инвалидни возила паркирани на инвалидско место што не се од Ск тогаш напишете некаде дека паркингов важи само за возила од Ск"..чудно ме гледа..Второ велам: "Запознати со тоа што град Ск за возилата од други градови не дозволува бесплатни паркинзи,си пративме порака..и покрај тоа пак блокада"..на тоа ми одговара: "Кога си паркиран на инвалидско место пораката не важи".Молам?!?! Кого и како правите будала!! Во нормална држава и во останатите градови во нашава ни државичка нигде не е проблем да се паркираш на инвалидно место со инвалидско возило,иако си од друг град/држава,па дури и да не платиш паркинг..само Скопјево е некоја посебна држава изгледа со некој нивни дискриминирачки правила!Се јавува батето во централа,прво чекаме едно 15мин за да го решат "проблемов",ѕвонат од таму чоекот си се трга настрана (за да не се слушне што се убедуваат) разговара едно 5мин..се враќа и вели:"Од таму велат мора да си ја платите казната"..Си кажавме уште некој работи на кој секако не се придаде важност,пошто се вадеа цело време со тоа дека они се само вработени и си ја работат работата..незнам само која и каква работа кога ,како ќе им дојде така си тераат..ама нејсе. Море чоек,море човеци..пошто не сте луѓе да ве наречам така,знам дека и до некаде не сте ни вие криви некој има и над вас ама да печалите на нас и згора да се иживувате..има Господ тој е над сите. Лута сум да..никогаш јавно не сум се дрзнала да напишам ништо иако ова е еден од многуте случаи со кој се соочуваме ние,третирани како граѓани од незнам кој ред..прв сигурно не..ама ова е веќе претерано. Инаку казната си ја плативме да,ама да ви кажам дека повеќе нема да ќутам..ова нема да остане вака.

The post Велешанка со означено возило испратила смс, па платила 3000 за блокатор и 50 за смс што паркирала на место за инвалиди зашто не е од Скопје appeared first on Република.

]]>
Лицата со попреченост од 1 ноември можат да поднесат барање за повластено користење на услугите на градски паркинг https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/licata-so-poprechenost-od-1-noemvri-mozat-da-podnesat-baranje-za-povlasteno-koristenje-na-uslugite-na-gradski-parking/ Mon, 31 Oct 2022 12:17:29 +0000 https://republika.mk/?p=567788

Од утре до 1 декември 2022 ќе може да се поднесуваат барања од лица со попреченост за користење повластени паркинг услуги за календарската 2023 година.

ЈП „Градски паркинг” – Скопје ги повикува сите заинтересирани лица со попреченост, кои се жители на Град Скопје, во претстојниот период да достават уредно пополнето Барање или да го пополнат во канцелариите на претпријатието, на ул. „Ѓуро Стругар” бр. 15 А, во зградата до катна гаража „Беко”.

Заедно со Барањето, треба да достават и документи: Копија од важечка сообраќајна дозвола со која се утврдува дека возилото е регистрирано; Лична карта на увид од лицето со посебни потреби; Инвалидска книшка на увид; Потврда од матичен лекар со точно наведена дијагноза во оригинал, не постара од еден месец; Решение од ПИОМ за степен на телесно оштетување на увид и Лекарски наод од специјалист на увид.

Доколку лицето заинтересирано за поднесување на барањето не е во можност лично да ги поднесе документите, тоа може да го стори негов роднина или близок, со потпис од корисникот на самото Барање и со комплетна документација која се бара.

Воедно ги информираме заинтересираните, дека согласно Програмата за повластено користење на паркинг услуга на јавните паркиралишта и површини наменети за паркирање со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг” – Скопје од страна на лица со попреченост за 2023 година, право за повластено користење имаат лицата со попреченост на кои им е дијагностицирано: дистрофија, мултиплекс склероза, церебрална парализа, параплегија, хемиплегија, квадриплегија, детска парализа, (полиомилитис), како и слепи лица со оштетување на видот над 90 отсто, лица на дијализа и лица со ампутација на рака, или нога со признато телесно оштетување од 80 отсто утврдено со акт на надлежната комисија во Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, соопшти ЈП „Градски паркинг” – Скопје.

The post Лицата со попреченост од 1 ноември можат да поднесат барање за повластено користење на услугите на градски паркинг appeared first on Република.

]]>

Од утре до 1 декември 2022 ќе може да се поднесуваат барања од лица со попреченост за користење повластени паркинг услуги за календарската 2023 година. ЈП „Градски паркинг” – Скопје ги повикува сите заинтересирани лица со попреченост, кои се жители на Град Скопје, во претстојниот период да достават уредно пополнето Барање или да го пополнат во канцелариите на претпријатието, на ул. „Ѓуро Стругар” бр. 15 А, во зградата до катна гаража „Беко”. Заедно со Барањето, треба да достават и документи: Копија од важечка сообраќајна дозвола со која се утврдува дека возилото е регистрирано; Лична карта на увид од лицето со посебни потреби; Инвалидска книшка на увид; Потврда од матичен лекар со точно наведена дијагноза во оригинал, не постара од еден месец; Решение од ПИОМ за степен на телесно оштетување на увид и Лекарски наод од специјалист на увид. Доколку лицето заинтересирано за поднесување на барањето не е во можност лично да ги поднесе документите, тоа може да го стори негов роднина или близок, со потпис од корисникот на самото Барање и со комплетна документација која се бара.
Воедно ги информираме заинтересираните, дека согласно Програмата за повластено користење на паркинг услуга на јавните паркиралишта и површини наменети за паркирање со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг” – Скопје од страна на лица со попреченост за 2023 година, право за повластено користење имаат лицата со попреченост на кои им е дијагностицирано: дистрофија, мултиплекс склероза, церебрална парализа, параплегија, хемиплегија, квадриплегија, детска парализа, (полиомилитис), како и слепи лица со оштетување на видот над 90 отсто, лица на дијализа и лица со ампутација на рака, или нога со признато телесно оштетување од 80 отсто утврдено со акт на надлежната комисија во Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, соопшти ЈП „Градски паркинг” – Скопје.

The post Лицата со попреченост од 1 ноември можат да поднесат барање за повластено користење на услугите на градски паркинг appeared first on Република.

]]>