ЈП Државни патишта Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jp-drzhavni-patishta/ За подобро да се разбереме Sat, 24 Aug 2024 15:37:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ЈП Државни патишта Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jp-drzhavni-patishta/ 32 32 Мицкоски: Ги стабилизираме институциите од криминалот на минатата власт, за милион и сто илјади евра повеќе пари од патарините кои порано оделе во приватни џебови https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-gi-stabilizirame-institutsiite-od-kriminalot-na-minatata-vlast-za-milion-i-sto-iljadi-evra-poveke-pari-od-patarinite-koi-porano-odele-vo-privatni-dhebovi/ Sat, 24 Aug 2024 10:03:05 +0000 https://republika.mk/?p=809662

Денеска на покана на директорот на ЈП Државни патишта, заедно со заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, сме тука да видиме една преубава презентација во делот на реализација на проектите кои што се дел од работата на ова јавно претпријатие, рече премиерот Христијан Мицкоски при денешната посета на ЈП Државни патишта.

Кога велам преубава, мислам на тоа за колку кратко време, би рекол помалку од 2 месеци како една работа која што изгледа безизлезна, катаклизмична, обременета со многу криминал, многу злоупотреба, со лоши решенија, може со посветеност, со работа, со тимска работа да практично изгледа убаво и да биде како што треба да наликува. И набрзо од денеска да имаме реализација на сите овие проекти, нешто кое што граѓаните го очекуваат од нас.

Можам врз основа на ова што го видов да кажа дека полека но сигурно ова јавно претпријатие се консолидира, се стабилизира. Но, истовремено полека но сигурно се ослободува од криминалот.

Изминатите денови посетив неколку државни институции, цело време зборуваме за стабилизација, после оној слободен пад кој што го имавме како држава. И можам да кажам дека полека, но сигурно состојбата се стабилизира и се ослободуваме од криминалот.

Македонија беше обременета од криминал, изминатите 7 години и тоа од епски размери.

Знаете вие како поединци се однесуваа, сите бевме сведоци на лошото функционирање на Владата на СДСМ и ДУИ.

И она кое што мене во овој момент може да ме направи задоволен е што ги стабилизираме состојбите, полека но сигурно.

Но, исто време повикувам до ЈО да си ја заврши својата работа во пријавите кои што досега се добиени и по пријавите кои што ќе следат, бидејќи сето ова кое што се случувало во институциите мора да биде причина да ЈО и другите истражни органи влезат и се позанимаваат, бидејќи сепак тоа се народни пари, ваши пари. И мора да се има одговор каде тие пари завршувале и како поедини политичари од голтари станувале милионери. Зошто се потпишувале вакви договори, што е причината да се потпишат вакви договори на вакви технички решенија кои што се катастрофални.

Мора да има одговорност и одговорност ќе има. Но, важно е и добрата вест од мојата денешна посета е дека директорот заедно со тимот, со заменик претседателот на Владата и министер за транспорт многу посветено работат, жестоко работат и очекувам резултатите многу скоро од денеска да излезат, нешто што 7 години не беше возможно.

Самите резултати финансиски тоа го кажуваат, ако до пред 2 месеци состојбата била 10 спрема 1 во однос на долгови и финансиски средства расположливи на сметка, денеска е веќе ви рекол тука некаде избалансирана состојбата, значи десеткратно е подобрена состојбата.

А кога станува збор за она исплатата на патарините, самиот директор кажа дека овој јули ако се спореди со минатата година јули имаме за милион и 100 илјади евра повеќе, 66 милиони денари поголема наплата, ако вкупниот приход е 288 милиони, ние имаме за 66 милиони повеќе. Замислете тие каде завршувале до сега.

Ако УЈП имаат за 40 проценти поголема наплата во јули, ако Царина има за 20 проценти, ако овде имаме за 66 милиони повеќе, можете да замислете што се случувало, каква пљачка се случувала во Македонија.

И затоа го повикувам ЈО избран од мнозинството СДСМ-ДУИ веднаш да влезе во институциите и да се позанимава со ова. Има шанса да се позанимава со ова.

Еве од оваа прес конференција го повикувам Јавниот обвинител ќе повторам избран од мнозинството СДСМ-ДУИ да влезе во институциите и да се позанимава со криминалот кој што го правеле функционерите од СДСМ-ДУИ.

Само така ќе покаже дека навистина е неутрален и објективен. Во спротивно ќе мораме ние како Влада да го заштитиме интересот на граѓаните, ако не се постапува, ако не се работи ние мораме да го заштитиме тој интерес.

Така што уште еднаш честитам на овие 2 месеци консолидирање и посакувам уште многу успеси во периодот кој што следи, и заедно да се радуваме на завршени проекти и заедно да редиме успеси, затоа што граѓаните тоа го очекуваат од нас.“

 

The post Мицкоски: Ги стабилизираме институциите од криминалот на минатата власт, за милион и сто илјади евра повеќе пари од патарините кои порано оделе во приватни џебови appeared first on Република.

]]>

Денеска на покана на директорот на ЈП Државни патишта, заедно со заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, сме тука да видиме една преубава презентација во делот на реализација на проектите кои што се дел од работата на ова јавно претпријатие, рече премиерот Христијан Мицкоски при денешната посета на ЈП Државни патишта. Кога велам преубава, мислам на тоа за колку кратко време, би рекол помалку од 2 месеци како една работа која што изгледа безизлезна, катаклизмична, обременета со многу криминал, многу злоупотреба, со лоши решенија, може со посветеност, со работа, со тимска работа да практично изгледа убаво и да биде како што треба да наликува. И набрзо од денеска да имаме реализација на сите овие проекти, нешто кое што граѓаните го очекуваат од нас. Можам врз основа на ова што го видов да кажа дека полека но сигурно ова јавно претпријатие се консолидира, се стабилизира. Но, истовремено полека но сигурно се ослободува од криминалот. Изминатите денови посетив неколку државни институции, цело време зборуваме за стабилизација, после оној слободен пад кој што го имавме како држава. И можам да кажам дека полека, но сигурно состојбата се стабилизира и се ослободуваме од криминалот. Македонија беше обременета од криминал, изминатите 7 години и тоа од епски размери. Знаете вие како поединци се однесуваа, сите бевме сведоци на лошото функционирање на Владата на СДСМ и ДУИ. И она кое што мене во овој момент може да ме направи задоволен е што ги стабилизираме состојбите, полека но сигурно. Но, исто време повикувам до ЈО да си ја заврши својата работа во пријавите кои што досега се добиени и по пријавите кои што ќе следат, бидејќи сето ова кое што се случувало во институциите мора да биде причина да ЈО и другите истражни органи влезат и се позанимаваат, бидејќи сепак тоа се народни пари, ваши пари. И мора да се има одговор каде тие пари завршувале и како поедини политичари од голтари станувале милионери. Зошто се потпишувале вакви договори, што е причината да се потпишат вакви договори на вакви технички решенија кои што се катастрофални. Мора да има одговорност и одговорност ќе има. Но, важно е и добрата вест од мојата денешна посета е дека директорот заедно со тимот, со заменик претседателот на Владата и министер за транспорт многу посветено работат, жестоко работат и очекувам резултатите многу скоро од денеска да излезат, нешто што 7 години не беше возможно. Самите резултати финансиски тоа го кажуваат, ако до пред 2 месеци состојбата била 10 спрема 1 во однос на долгови и финансиски средства расположливи на сметка, денеска е веќе ви рекол тука некаде избалансирана состојбата, значи десеткратно е подобрена состојбата. А кога станува збор за она исплатата на патарините, самиот директор кажа дека овој јули ако се спореди со минатата година јули имаме за милион и 100 илјади евра повеќе, 66 милиони денари поголема наплата, ако вкупниот приход е 288 милиони, ние имаме за 66 милиони повеќе. Замислете тие каде завршувале до сега. Ако УЈП имаат за 40 проценти поголема наплата во јули, ако Царина има за 20 проценти, ако овде имаме за 66 милиони повеќе, можете да замислете што се случувало, каква пљачка се случувала во Македонија. И затоа го повикувам ЈО избран од мнозинството СДСМ-ДУИ веднаш да влезе во институциите и да се позанимава со ова. Има шанса да се позанимава со ова. Еве од оваа прес конференција го повикувам Јавниот обвинител ќе повторам избран од мнозинството СДСМ-ДУИ да влезе во институциите и да се позанимава со криминалот кој што го правеле функционерите од СДСМ-ДУИ. Само така ќе покаже дека навистина е неутрален и објективен. Во спротивно ќе мораме ние како Влада да го заштитиме интересот на граѓаните, ако не се постапува, ако не се работи ние мораме да го заштитиме тој интерес. Така што уште еднаш честитам на овие 2 месеци консолидирање и посакувам уште многу успеси во периодот кој што следи, и заедно да се радуваме на завршени проекти и заедно да редиме успеси, затоа што граѓаните тоа го очекуваат од нас.“  

The post Мицкоски: Ги стабилизираме институциите од криминалот на минатата власт, за милион и сто илјади евра повеќе пари од патарините кои порано оделе во приватни џебови appeared first on Република.

]]>