ЈП Билјанини извори Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jp-biljanini-izvori/ За подобро да се разбереме Mon, 26 Dec 2022 18:07:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ЈП Билјанини извори Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jp-biljanini-izvori/ 32 32 Бившата директорка на ЈП „Билјанини извори“ во Охрид, имала пари да купува ново службено возило, ама немала пари да го плаќа данокот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bivshata-direktorka-na-jp-biljanini-izvori-vo-ohrid-imala-pari-da-kupuva-novo-sluzhbeno-vozilo-ama-nemala-pari-da-go-plaka-danokot/ Mon, 26 Dec 2022 18:52:37 +0000 https://republika.mk/?p=590259

Претседателот на Советот на општина Охрид, Сашо Донев обелодени дека деновиве, УЈП ја блокирала сметката на Општина Охрид поради тоа што претходната директорка на ЈП „Билјанини извори“, Гордана Јовановска, во периодот 2017-2021 г. не исплатила ниту денар за данок кон државата.

Знаете дека буџетот се креира за претходните три години во однос на реализацијата и по таа основа Буџетот на Општина Охрид за 2023 г. од Министерството за финансии ни го намалија за 32 милиони денари, со коишто можевме да направиме неколку капитални инвестиции. Исто така на УЈП по 4 години ѝ текна дека ЈП „Билјанини извори“ должи 600 000 евра за неплатен данок. Токму тие пари коишто ви фалат во нацртите, односно околу 11-12 милиони денари се за ратите коишто ќе треба Општината да ги плаќа поради тоа што не бил платен данок 20 милиони денари во ЈП „Билјанини извори“, велат од ОК ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение на објавата на ФБ од партијата додаваат:

УЈП по 4 години се сетила дека „Билјанини извори“ должи 20 милиони денари, кои со каматите се околу 600 илјади евра, се сетиле дека треба да го блокираат основачот, а не претпријатието, и ние сме соочени со фактот дека во наредните три години ќе треба да исплатиме 600 илјади евра како Општина за долгот што го направиле тие што го воделе претпријатието. Ниту денар платен за данок во изминатите 4 години.

 

Директорката имала пари да купува ново службено возило, ама немала пари да го плаќа данокот. Целта е да се блокира Општина Охрид и сите оние средства коишто можеме да ги инвестираме во капитални инвестиции, и дополнително да се блокира сметката, која веќе е блокирана од УЈП. Ние сме приморани како основач на јавното претпријатие да потпишеме договор за исплаќање на рати и тоа ќе ја чини општината околу 200 000 евра годишно. Значи 600 илјади евра ќе треба ние со пари на граѓаните од Општина Охрид, со блокирана сметка, дополнително товар од УЈП, да плаќаме рати за неплатениот данок.

 

Не ми е јасно како 3-4 години на никој од УЈП не му текнало да ја блокира сметката на Општина Охрид, туку чекале да се направи 600 илјади евра главен долг со камата и да ја блокираат после промена на власта.

 

Изразувам надеж дека институциите конечно ќе проработат и ќе се побара одговорност, се наведува во објавата.

The post Бившата директорка на ЈП „Билјанини извори“ во Охрид, имала пари да купува ново службено возило, ама немала пари да го плаќа данокот appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Советот на општина Охрид, Сашо Донев обелодени дека деновиве, УЈП ја блокирала сметката на Општина Охрид поради тоа што претходната директорка на ЈП „Билјанини извори“, Гордана Јовановска, во периодот 2017-2021 г. не исплатила ниту денар за данок кон државата.
Знаете дека буџетот се креира за претходните три години во однос на реализацијата и по таа основа Буџетот на Општина Охрид за 2023 г. од Министерството за финансии ни го намалија за 32 милиони денари, со коишто можевме да направиме неколку капитални инвестиции. Исто така на УЈП по 4 години ѝ текна дека ЈП „Билјанини извори“ должи 600 000 евра за неплатен данок. Токму тие пари коишто ви фалат во нацртите, односно околу 11-12 милиони денари се за ратите коишто ќе треба Општината да ги плаќа поради тоа што не бил платен данок 20 милиони денари во ЈП „Билјанини извори“, велат од ОК ВМРО ДПМНЕ.
Во продолжение на објавата на ФБ од партијата додаваат:
УЈП по 4 години се сетила дека „Билјанини извори“ должи 20 милиони денари, кои со каматите се околу 600 илјади евра, се сетиле дека треба да го блокираат основачот, а не претпријатието, и ние сме соочени со фактот дека во наредните три години ќе треба да исплатиме 600 илјади евра како Општина за долгот што го направиле тие што го воделе претпријатието. Ниту денар платен за данок во изминатите 4 години.   Директорката имала пари да купува ново службено возило, ама немала пари да го плаќа данокот. Целта е да се блокира Општина Охрид и сите оние средства коишто можеме да ги инвестираме во капитални инвестиции, и дополнително да се блокира сметката, која веќе е блокирана од УЈП. Ние сме приморани како основач на јавното претпријатие да потпишеме договор за исплаќање на рати и тоа ќе ја чини општината околу 200 000 евра годишно. Значи 600 илјади евра ќе треба ние со пари на граѓаните од Општина Охрид, со блокирана сметка, дополнително товар од УЈП, да плаќаме рати за неплатениот данок.   Не ми е јасно како 3-4 години на никој од УЈП не му текнало да ја блокира сметката на Општина Охрид, туку чекале да се направи 600 илјади евра главен долг со камата и да ја блокираат после промена на власта.   Изразувам надеж дека институциите конечно ќе проработат и ќе се побара одговорност, се наведува во објавата.

The post Бившата директорка на ЈП „Билјанини извори“ во Охрид, имала пари да купува ново службено возило, ама немала пари да го плаќа данокот appeared first on Република.

]]>