јовица стојановиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jovitsa-stojanovik/ За подобро да се разбереме Wed, 01 Feb 2023 21:38:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png јовица стојановиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jovitsa-stojanovik/ 32 32 Се бега само со помош од внатре, вели Стојановиќ откривајќи дека уште тројца полицајци се суспендирани за бегството на Мемети https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/se-bega-samo-so-pomosh-od-vnatre-veli-stojanovik-otkrivajki-deka-ushte-trojtsa-politsajtsi-se-suspendirani-za-begstvoto-na-memeti/ Wed, 01 Feb 2023 19:58:29 +0000 https://republika.mk/?p=603547

Уште тројца вработени во затворот Идризово се суспендирани, поради спектакуларното бегство на затвореникот Беким Мемети, кој среде ноќ беше транспортиран од болница и успеа да им избега на чуварите, открива Јовица Стојановиќ, в.д. директорот на Управата за извршување санкции, во вечерашната Топ тема. Со ова, бројот на суспендирани се зголемува на седум, откако е направена детална анализа поврзана со бегството на Мемети.

Два и пол часа се проверувал видео надзорот во Идризово, вели, Стојановиќ. Тој самиот бил дел од поставувањето на камерите и точно знаел што гледа, а потоа со тимот уште 4 часа дополнителна анализа со вработените и разговори со сите кои биле на смена.

Новите тројца суспендирани не се одговорни само за бегството, туку и за функционирањето на целата зграда, вели Стојановиќ.

Што точно се случило, не би знаел да кажам, но затворот е добро обезбеден со камери, ѕидови, жици и единствен начин да се излезе е со медицинска помош или со поддршка на дел од вработени, вели Стојановиќ.

The post Се бега само со помош од внатре, вели Стојановиќ откривајќи дека уште тројца полицајци се суспендирани за бегството на Мемети appeared first on Република.

]]>

Уште тројца вработени во затворот Идризово се суспендирани, поради спектакуларното бегство на затвореникот Беким Мемети, кој среде ноќ беше транспортиран од болница и успеа да им избега на чуварите, открива Јовица Стојановиќ, в.д. директорот на Управата за извршување санкции, во вечерашната Топ тема. Со ова, бројот на суспендирани се зголемува на седум, откако е направена детална анализа поврзана со бегството на Мемети. Два и пол часа се проверувал видео надзорот во Идризово, вели, Стојановиќ. Тој самиот бил дел од поставувањето на камерите и точно знаел што гледа, а потоа со тимот уште 4 часа дополнителна анализа со вработените и разговори со сите кои биле на смена. Новите тројца суспендирани не се одговорни само за бегството, туку и за функционирањето на целата зграда, вели Стојановиќ. Што точно се случило, не би знаел да кажам, но затворот е добро обезбеден со камери, ѕидови, жици и единствен начин да се излезе е со медицинска помош или со поддршка на дел од вработени, вели Стојановиќ.

The post Се бега само со помош од внатре, вели Стојановиќ откривајќи дека уште тројца полицајци се суспендирани за бегството на Мемети appeared first on Република.

]]>
Героски: Човекот што го примил Димитријевски сега е шеф на затворите? Нешто тука не ви смрди? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/geroski-chovekot-shto-go-primil-dimitrijevski-sega-e-shef-na-zatvorite-neshto-tuka-ne-vi-smrdi/ Wed, 18 Jan 2023 19:55:53 +0000 https://republika.mk/?p=598500

Министре Тупанчевски, премиере Димитар Ковачевски, мене нешто овде ме буни, им се обраќа уредникот Бранко Героски, потенцирајќи дека според неговите информации, командирот на затворската полиција во „Идризово“, Срѓан Поп Димитријевски, обвинет за организирање на бегството на осуденикот Беким Мемети, бил примен во затворот кога директор таму бил Јовица Стојановиќ.

Стојановиќ, пак, по разрешувањето на досегашниот директор на Управата за извршување санкции, Марјан Спасовски, денеска е именуван за в.д. директор на Управата.

https://republika.mk/vesti/makedonija/jovitsa-stojanovik-imenuvan-za-v-d-direktor-na-upravata-za-izvrshuvane-sanktsii/

Чек сеа... Човекот што го примил Димитријевски сега е шеф на затворите?
Нешто тука не ви смрди?
Ако моите информации се погрешни, однапред се извинувам. Ама, убаво би било да си го проверите, вели Героски.

The post Героски: Човекот што го примил Димитријевски сега е шеф на затворите? Нешто тука не ви смрди? appeared first on Република.

]]>

Министре Тупанчевски, премиере Димитар Ковачевски, мене нешто овде ме буни, им се обраќа уредникот Бранко Героски, потенцирајќи дека според неговите информации, командирот на затворската полиција во „Идризово“, Срѓан Поп Димитријевски, обвинет за организирање на бегството на осуденикот Беким Мемети, бил примен во затворот кога директор таму бил Јовица Стојановиќ. Стојановиќ, пак, по разрешувањето на досегашниот директор на Управата за извршување санкции, Марјан Спасовски, денеска е именуван за в.д. директор на Управата. https://republika.mk/vesti/makedonija/jovitsa-stojanovik-imenuvan-za-v-d-direktor-na-upravata-za-izvrshuvane-sanktsii/
Чек сеа... Човекот што го примил Димитријевски сега е шеф на затворите? Нешто тука не ви смрди? Ако моите информации се погрешни, однапред се извинувам. Ама, убаво би било да си го проверите, вели Героски.

The post Героски: Човекот што го примил Димитријевски сега е шеф на затворите? Нешто тука не ви смрди? appeared first on Република.

]]>
Јовица Стојановиќ именуван за в.д. директор на Управата за извршување санкции https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/jovitsa-stojanovik-imenuvan-za-v-d-direktor-na-upravata-za-izvrshuvane-sanktsii/ Wed, 18 Jan 2023 16:31:23 +0000 https://republika.mk/?p=598454

Владата денеска на седница го прифати предлогот на министерот за правда и за в.д. директор на Управата за извршување санкции го именуваше Јовица Стојановиќ до изборот на нов директор.

Како што соопшти владината прес-служба, Владата на 120-тата седница го прифати и предлогот на министерот за правда да се распише јавен оглас за именување нов директор на Управата за извршување на санкции, како што е образложено, согласно член 27, став (2) од Законот за извршување санкции.

Стојановиќ е именуван за в.д. директор на Управата за извршување санкции откако на седница вчера Владата го разреши од должноста досегашниот директор Марјан Спасовски по бегството на осуденикот Беким Мемети од затворот „Идризово“.

За бегството на Мемети суспендирани од работа беа и командирот на одделение и припадниците на затворската полиција кои го вршеле спроводот на затвореникот. Осум дена притвор добија командирот и двајца затворски полицајци, а на четвртоосомничениот му се изречени мерки на претпазливост.

The post Јовица Стојановиќ именуван за в.д. директор на Управата за извршување санкции appeared first on Република.

]]>

Владата денеска на седница го прифати предлогот на министерот за правда и за в.д. директор на Управата за извршување санкции го именуваше Јовица Стојановиќ до изборот на нов директор. Како што соопшти владината прес-служба, Владата на 120-тата седница го прифати и предлогот на министерот за правда да се распише јавен оглас за именување нов директор на Управата за извршување на санкции, како што е образложено, согласно член 27, став (2) од Законот за извршување санкции. Стојановиќ е именуван за в.д. директор на Управата за извршување санкции откако на седница вчера Владата го разреши од должноста досегашниот директор Марјан Спасовски по бегството на осуденикот Беким Мемети од затворот „Идризово“. За бегството на Мемети суспендирани од работа беа и командирот на одделение и припадниците на затворската полиција кои го вршеле спроводот на затвореникот. Осум дена притвор добија командирот и двајца затворски полицајци, а на четвртоосомничениот му се изречени мерки на претпазливост.

The post Јовица Стојановиќ именуван за в.д. директор на Управата за извршување санкции appeared first on Република.

]]>