јовица темов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jovica-temov/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Jul 2022 17:22:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png јовица темов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jovica-temov/ 32 32 Проф. Темов: Господине Османи, како доктор, каква врска имате со лингвистиката и дијалектологијата? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prof-temov-gospodine-osmani-kako-doktor-kakva-vrska-imate-so-lingvistikata-i-dijalektologijata/ Thu, 21 Jul 2022 17:53:00 +0000 https://republika.mk/?p=531923

Господине Османи, По професија сте доктор, по вокација – политичар, моментално министер во Владата на Република Македонија. Објаснете, каква врска имате со лингвистиката, конкретно со дијалектологијата!?, пишува лингвистот и професор Јовица Темов од велешката гимнанија на интернет објавувајќи дијалектна карта на македонскиот јазик со која ја демантира унилатералната декларација за јазикот на министерот Бујар Османи во која се тврди дека дијалектите на македонскиот јазик ги има само на територијата на денешна Македонија.

Дијалектологијата е наука, како што е наука и медицината, како што се и политичките науки. Кога Вие говорите за дијалектологија, тоа е исто како јас да дебатирам со Вас за анатомија или патологија или хирургија.
Јасно е дека не можеме ниту јас, ниту Вие, да знаеме сè, ама оставете им го тоа што не го знаете на Вашите советници (ги имате десетици). Ако немате советник за лингвистика, еве јас се нудам, ги имам потребните квалификации.
Еве што не знаете: дијалектна и политичка карта не е исто. Во ниту една држава, државните и дијалектните граници не се исти. - Зошто? – Затоа што дијалектите постоеле многу пред тие земји да станат држави, порача Темов.

Додава дека на објавената фотографија е прикажана ДИЈАЛЕКТНАТА карта на македонскиот јазик, изработена во Одделението за дијалектологија при Институтот „Крсте Мисирков“.

Обоените растери надвор од државните граници се области каде се говорат македонски дијалекти. Значи, ги има и во Егејска и во Пиринска Македонија и во Албанија и во Србија...
Да тврдите дека македонски дијалекти има само на територијата на Македонија, е исто како да кажете дека албански јазик се зборува само во Албанија. Некој ќе рече дека не е исто... да не е исто, бидејќи сите знаеме дека албански јазик се зборува и во делови на Грција, на Македонија, на Црна Гора, во Косово. И никој тоа не го спори.
Нејсе, ќе ги изоставам Србија, Грција, Бугарија, за пример ќе ги наведам само местата во Албанија (сигурно тие Ви се познати), каде покрај албанскиот, се говори и македонскиот јазик: Билишта, Борје, Владоешта, Владимирица, Врбник, Глобочани, Запод, Зрновско, Клење, Корча, Лин, Подградец, Пустец, Себишта, Стеблево, Требишта, Туминец, Шиштавец...
Демантирајте ме, Вие или некој од Вашите советници, дека тоа не точно, а ако е точно, зошто Ви беше потребна таа несреќна изјава!?, прашува Темов.

The post Проф. Темов: Господине Османи, како доктор, каква врска имате со лингвистиката и дијалектологијата? appeared first on Република.

]]>

Господине Османи, По професија сте доктор, по вокација – политичар, моментално министер во Владата на Република Македонија. Објаснете, каква врска имате со лингвистиката, конкретно со дијалектологијата!?, пишува лингвистот и професор Јовица Темов од велешката гимнанија на интернет објавувајќи дијалектна карта на македонскиот јазик со која ја демантира унилатералната декларација за јазикот на министерот Бујар Османи во која се тврди дека дијалектите на македонскиот јазик ги има само на територијата на денешна Македонија.
Дијалектологијата е наука, како што е наука и медицината, како што се и политичките науки. Кога Вие говорите за дијалектологија, тоа е исто како јас да дебатирам со Вас за анатомија или патологија или хирургија. Јасно е дека не можеме ниту јас, ниту Вие, да знаеме сè, ама оставете им го тоа што не го знаете на Вашите советници (ги имате десетици). Ако немате советник за лингвистика, еве јас се нудам, ги имам потребните квалификации. Еве што не знаете: дијалектна и политичка карта не е исто. Во ниту една држава, државните и дијалектните граници не се исти. - Зошто? – Затоа што дијалектите постоеле многу пред тие земји да станат држави, порача Темов.
Додава дека на објавената фотографија е прикажана ДИЈАЛЕКТНАТА карта на македонскиот јазик, изработена во Одделението за дијалектологија при Институтот „Крсте Мисирков“.
Обоените растери надвор од државните граници се области каде се говорат македонски дијалекти. Значи, ги има и во Егејска и во Пиринска Македонија и во Албанија и во Србија... Да тврдите дека македонски дијалекти има само на територијата на Македонија, е исто како да кажете дека албански јазик се зборува само во Албанија. Некој ќе рече дека не е исто... да не е исто, бидејќи сите знаеме дека албански јазик се зборува и во делови на Грција, на Македонија, на Црна Гора, во Косово. И никој тоа не го спори. Нејсе, ќе ги изоставам Србија, Грција, Бугарија, за пример ќе ги наведам само местата во Албанија (сигурно тие Ви се познати), каде покрај албанскиот, се говори и македонскиот јазик: Билишта, Борје, Владоешта, Владимирица, Врбник, Глобочани, Запод, Зрновско, Клење, Корча, Лин, Подградец, Пустец, Себишта, Стеблево, Требишта, Туминец, Шиштавец... Демантирајте ме, Вие или некој од Вашите советници, дека тоа не точно, а ако е точно, зошто Ви беше потребна таа несреќна изјава!?, прашува Темов.

The post Проф. Темов: Господине Османи, како доктор, каква врска имате со лингвистиката и дијалектологијата? appeared first on Република.

]]>