јованка тренчевска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jovanka-trenchevska/ За подобро да се разбереме Wed, 25 Sep 2024 09:38:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png јованка тренчевска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jovanka-trenchevska/ 32 32 Tречевска: Цените не се намалени, мерките на Владата немаат ефект https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/trechevska-tsenite-ne-se-namaleni-merkite-na-vladata-nemaat-efekt/ Wed, 25 Sep 2024 09:38:37 +0000 https://republika.mk/?p=819486

Цените на производите по маркетите не се намалени, иако Владата тоа помпезно го најавуваше. На ова реагираа и граѓаните, освен еден вид леб, чија цена е намалена за 1 денар, на останатите производи нема намалување, рече пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска, во дебатната емисија „Отворено“ на 24 телевизија.

Наместо намалени цени имаме зголемени цени на храна за 717 денари, и ова е уште една потврда дека мерките на владата на Мицкоски се задоцнети и немаат ефект. Граѓаните не осетија подобрување на животниот стандард и додека во Србија и Црна Гора, се намалија цените на 700 производи, кај нас се намалуваат маржи на едвај 70 производи. Кога СДСМ беше на власт, беа намалени цените на 500 производи, а за подобар животниот стандард на граѓаните, воведовме пакет антикризни мерки. ДПМНЕ освен да манипулира, нема никаква идеја и води погрешна економска политика, од која граѓаните немаат никаква корист, рече Тренчевска.

За време на изборите слушавме како ВМРО-ДПМНЕ најавува дека ќе ја покачат минималната плата, а денес слушаме изјава на премиерот, кој вели дека платите ќе се покачат, тогаш кога ќе има можност, додде Тренчевска.

Во изминатите години имавме постојан раст на платите, тргнувајќи од минималната плата и просечната плата. Во изминатите години, СДСМ ги покачи, минималната плата од 8.000 на 22.500 денари, а просечната од 20.000 на 41.939 денари. Сега наместо покачување, за еден месец, откако ДПМНЕ е на власт, имаме пад на просечната плата за илјада денари, рече Тренчевска.

Таа потенцираше дека власта ги извиси и наставниците и за првпат тие не ја почнаа годината со повисоки плати, а ниту пак ќе добијат покачување, иако им следува согласно колективните договори. За разлика од сега, со СДСМ наставниците секоја нова учебна година ја започнуваа со повисока плата.

Економските политики на ВМРО-ДПМНЕ се погрешни, и не придонесуваат кон подобрување на стандардот на граѓаните, рече пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска.

The post Tречевска: Цените не се намалени, мерките на Владата немаат ефект appeared first on Република.

]]>

Јована Тренчевска се повлекува од функцијата претседателка на форумот на жени на СДСМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/jovana-trenchevska-se-povlekuva-od-funktsijata-pretsedatelka-na-forumot-na-zheni-na-sdsm/ Thu, 09 May 2024 10:30:15 +0000 https://republika.mk/?p=776284

Дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска на својот фејсбук профил објави дека се повлекува од функцијата претседателка на форумот на жени на СДСМ. Таа потенцираше дека од партиските структури се повлекува целосно одговорно и самосвесно, со сигурност дека не ја изневерила довербата која и беше дадена.

Со вчерашниот изборен ден покажавме дека живееме во демократска држава каде моќта е на народот! Онака како што и треба да биде. Благодарам на сите граѓани кои вчера излеговте и го дадовте својот глас за промени по ваша мерка! Во нашиот мандат како Социјалдемократски сојуз на Македонија, никој не оставивме сам, носевме мерки и закони кои помагаат на сите граѓани, посочи Тренчевска.

Таа додаде дека се донесени највисоките плати и пензии, се грижеле за најмладите и за лицата со попреченост.

Затоа денес се повлекувам од мојата функција како претседателка на форумот на жени на СДСМ, функција која ја извршував чесно, достоинствено и во служба на граѓаните. Но, од моето делување сфатив дека на граѓаните не им се потребни само добри закони, туку и силни реформи! Продолжувам цврсто напред, појасни Тренчевска.

Потенцираше дека нема да дозволи уназадувањe на социјалната работа и укинување на мерки кои се од полза на граѓаните. Како што појасни, се води од вредности во кои секој заслужува поддршка, можности и напредок, и така ќе делува од позиција на пратеник.

Од партиските структури се повлекувам целосно одговорно и самосвесно, со сигурност дека не сум ја изневерила довербата која ми е дадена, а од денес во СДСМ нека настапат оние со квалитети, вистински знаења, лицата блиски до народот на кои им се верува. Нови лица, неизвалкани од бремето на претходните функционери. Јас верувам во моите социјалдемократи и знам дека промените ќе бидат на подобро, појасни Тренчевска.

The post Јована Тренчевска се повлекува од функцијата претседателка на форумот на жени на СДСМ appeared first on Република.

]]>

Дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска на својот фејсбук профил објави дека се повлекува од функцијата претседателка на форумот на жени на СДСМ. Таа потенцираше дека од партиските структури се повлекува целосно одговорно и самосвесно, со сигурност дека не ја изневерила довербата која и беше дадена. Со вчерашниот изборен ден покажавме дека живееме во демократска држава каде моќта е на народот! Онака како што и треба да биде. Благодарам на сите граѓани кои вчера излеговте и го дадовте својот глас за промени по ваша мерка! Во нашиот мандат како Социјалдемократски сојуз на Македонија, никој не оставивме сам, носевме мерки и закони кои помагаат на сите граѓани, посочи Тренчевска. Таа додаде дека се донесени највисоките плати и пензии, се грижеле за најмладите и за лицата со попреченост. Затоа денес се повлекувам од мојата функција како претседателка на форумот на жени на СДСМ, функција која ја извршував чесно, достоинствено и во служба на граѓаните. Но, од моето делување сфатив дека на граѓаните не им се потребни само добри закони, туку и силни реформи! Продолжувам цврсто напред, појасни Тренчевска. Потенцираше дека нема да дозволи уназадувањe на социјалната работа и укинување на мерки кои се од полза на граѓаните. Како што појасни, се води од вредности во кои секој заслужува поддршка, можности и напредок, и така ќе делува од позиција на пратеник. Од партиските структури се повлекувам целосно одговорно и самосвесно, со сигурност дека не сум ја изневерила довербата која ми е дадена, а од денес во СДСМ нека настапат оние со квалитети, вистински знаења, лицата блиски до народот на кои им се верува. Нови лица, неизвалкани од бремето на претходните функционери. Јас верувам во моите социјалдемократи и знам дека промените ќе бидат на подобро, појасни Тренчевска.

The post Јована Тренчевска се повлекува од функцијата претседателка на форумот на жени на СДСМ appeared first on Република.

]]>
СДСМ ветува просечна пензија од 30.000 до 2028 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-vetuva-prosechna-penzija-od-30-000-do-2028-godina/ Sat, 30 Mar 2024 08:29:45 +0000 https://republika.mk/?p=760312

Програмата на СДСМ е насочена кон граѓаните, граѓаните ни се во прв план, како и подобрување на квалитетот на живот, со просечна плата од 1.100 евра, минимална плата од 600 евра, минимална пензија од 20.000 денари, просечна пензија од 30.000 до крајот на мандатот до 2028 година, истакна Претседателката на Форумот на жени на СДСМ и дополнителна заменичка министерка за труд и социјална политика во техничката Влада, Јована Тренчевска во гостувањето во вестите на Сител телевизија.

Тренчевска нагласи дека Програмата предвидува за 30% зголемени права од детска и социјална заштита, инклузивни игралишта и сензорни соби во секоја градинка, зголемување на младинскиот додаток од 3.000 на 5.000 денари, 200 евра за прво вработување на младите до 26 години.

Фокусирани сме и на пензионерите, со пензионерска картичка со 30% попуст за прехранбени производи, 6.000 денари зимски регрес за секој пензионер, кој ќе се исплатува веќе од оваа година во декември пред новогодишните празници, нагласи Тренчевска.

Тренчевска истакна дека методологијата за усогласување на пензиите, која е донесена во консултација со сојузот на здруженијата на пензионерите е добро решение кое дава видливи резултати и ја следи инфлацијата и порастот на просечната плата.

Само за две години од март 2022 година до март 2024 година просечната пензија е зголемена за 30 проценти, нагласи Тренчевска, додавајќи дека со покачувањето во април просечната пензија ќе се покачи на 21.400 денари, а минималната на скоро 14.000 денари.

Тренчевска додаде дека СДСМ во изминатиот период со низа мерки ги таргетираше пензионерите со ниски примања, а исплатата на финансиската поддршка од деветиот пакет антикризни мерки се уште е во тек.

Зголемување на пензиите за 5.000 линеарно за секој пезнионер е популистичка мерка, која е неостварлива и ќе доведе до крах на пензискиот систем, рече Тренчевска, коментирајќи ги најавите на опозицијата и нагласи дека според сите проекции тоа би довело до 52% зголемување на дефицитот на пензискиот фонд, што е неодржливо.

Тренчевска потсети дека дефицитот на фондот за пензиско и инвалидско осигурување од 48% во 2017 година е намален на 32,5% во 2024 година.

Фондот за пензиско и инвалидско осигурување е стабилен, што овозможува навремена, редовна исплата на пензиите за сите 324.000 пензионери, порача Претседателката на Форумот на жени на СДСМ и дополнителна заменичка министерка за труд и социјална политика во техничката Влада, Јована Тренчевска во гостувањето во вестите на Сител телевизија.

The post СДСМ ветува просечна пензија од 30.000 до 2028 година appeared first on Република.

]]>

Програмата на СДСМ е насочена кон граѓаните, граѓаните ни се во прв план, како и подобрување на квалитетот на живот, со просечна плата од 1.100 евра, минимална плата од 600 евра, минимална пензија од 20.000 денари, просечна пензија од 30.000 до крајот на мандатот до 2028 година, истакна Претседателката на Форумот на жени на СДСМ и дополнителна заменичка министерка за труд и социјална политика во техничката Влада, Јована Тренчевска во гостувањето во вестите на Сител телевизија. Тренчевска нагласи дека Програмата предвидува за 30% зголемени права од детска и социјална заштита, инклузивни игралишта и сензорни соби во секоја градинка, зголемување на младинскиот додаток од 3.000 на 5.000 денари, 200 евра за прво вработување на младите до 26 години.
Фокусирани сме и на пензионерите, со пензионерска картичка со 30% попуст за прехранбени производи, 6.000 денари зимски регрес за секој пензионер, кој ќе се исплатува веќе од оваа година во декември пред новогодишните празници, нагласи Тренчевска.
Тренчевска истакна дека методологијата за усогласување на пензиите, која е донесена во консултација со сојузот на здруженијата на пензионерите е добро решение кое дава видливи резултати и ја следи инфлацијата и порастот на просечната плата.
Само за две години од март 2022 година до март 2024 година просечната пензија е зголемена за 30 проценти, нагласи Тренчевска, додавајќи дека со покачувањето во април просечната пензија ќе се покачи на 21.400 денари, а минималната на скоро 14.000 денари.
Тренчевска додаде дека СДСМ во изминатиот период со низа мерки ги таргетираше пензионерите со ниски примања, а исплатата на финансиската поддршка од деветиот пакет антикризни мерки се уште е во тек.
Зголемување на пензиите за 5.000 линеарно за секој пезнионер е популистичка мерка, која е неостварлива и ќе доведе до крах на пензискиот систем, рече Тренчевска, коментирајќи ги најавите на опозицијата и нагласи дека според сите проекции тоа би довело до 52% зголемување на дефицитот на пензискиот фонд, што е неодржливо.
Тренчевска потсети дека дефицитот на фондот за пензиско и инвалидско осигурување од 48% во 2017 година е намален на 32,5% во 2024 година.
Фондот за пензиско и инвалидско осигурување е стабилен, што овозможува навремена, редовна исплата на пензиите за сите 324.000 пензионери, порача Претседателката на Форумот на жени на СДСМ и дополнителна заменичка министерка за труд и социјална политика во техничката Влада, Јована Тренчевска во гостувањето во вестите на Сител телевизија.
 
The post СДСМ ветува просечна пензија од 30.000 до 2028 година appeared first on Република.

]]>
Кабинет на Тренчевска: Велковски без конкретни информации излегува со лажни обвиненија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kabinet-na-trenchevska-velkovski-bez-konkretni-informatsii-izleguva-so-lazhni-obvinenija/ Mon, 18 Mar 2024 16:06:35 +0000 https://republika.mk/?p=756003

Од Кабинетот на дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, ги демантираат изјавите на техничкиот министер, Ѓоко Велковски, изнесени денеска на прес-конференција на која тој информираше дека добил сознанија за злоупотреби на системот за социјална заштита со кои, според првичните информации, на 2.252 лица незаконски им биле исплаќани средства за социјална помош како и за социјална пензија.

Набрзо деновиве ќе ги имаме конкретните записници по овие констатирани податоци“ вака заврши непотребната и лажна прес-конференција на техничкиот министер Велковски за информации кои не се плод на неговата работа. Повторно министерот без да има конкретни информации со завршени записници, факти и докази, излегува во јавност и се користи со лажни обвиненија, кои инаку се дел од информациите на тековно работење на министерството, пишува во демантот.

Како што појаснуваат од Кабинетот на Тренчевска, таа во јануари потпишала меморандум за соработка со Министерството за внатрешни работи, за размена на податоци за поседување моторно возило во реално време.

Ваквиот меморандум, кој стапи на сила од февруари, е мерка за превенција од злоупотреба на системот за социјална заштита. Конкретно Велковски се служи со информации кои се дел од транспарентните одлуки на Тренчевска. Тука не се работи за непостапување на службениците од социјална заштита, туку за замајување на јавноста со нерелевантни податоци и засенување на видливите резултати од одлуките донесени од страна на СДСМ, се истакнува во демантот.

Пред потпишувањето на меморандумот, како што додаваат од Кабинетот на Тренчевска, податоците со МВР биле разменувани на месечно ниво со доставување на барање за проверка на информациите.

Според Законот за социјална заштита, секогаш кога ќе се утврди бесправна исплата на правата од социјална заштита, лицата ги враќаат средствата. Истата пракса ќе се спроведи, ако министерот најде какви било неправилности за исплата на гарантирана минимална помош и социјална пензија. До денес во секој случај, каде е утврдено дека корисникот дал лажни информации за поседување на имот, правото од социјална заштита се укинува, а корисникот го враќа добиениот паричен надоместок. Изминатите 50 денови, министерот Велковски со јавноста не сподели ниту еден релевантен статистички податок, ниту еден факт и ниту една теза до денес не ја одбрани со аргумент. Вакви се кадрите на ДПМНЕ, без решенија и без конкретни знаења, пишува во демантот.

Претходно, Велковски рече дека според сознанијата, манипулацијата е системска, а во неа најверојатно биле вклучени повеќе лица.

Инспекциските служби од Министерството веќе од денес започнаа вонредни инспекциски надзори се со цел да се открие кој навистина стои зад овој криминал од милионски размери. За појаснување на ситуацијата за јавноста, се работи за над 2.200 корисници кои примале гарантирана минимална помош и социјална пензија и пријавиле дека не поседуваат возило, а според евиденцијата на МВР тие се сопственици такво превозно средство. При вкрстување на базите на податоци месеци наназад кај овие лица во системот стои дека имаат возило, меѓутоа необјасниво е како службите не постапувале по однос на истото со што се продолжила исплатата на парични средства, со што се предизвикала милионска штета на буџетот на Министерството, рече Велковски.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-velkovski-otkri-milionski-kriminal-vo-mtsp-so-sotsijalnata-pomosh/

Тој одговарајќи на новинарски прашања, рече да се остават инспекциите да ги донесат заклучоците, односно решенијата од инспекциските надзори, па за да може да се постапува по истите.

Досега, јас колку што сум запознаен, нема обвиненија по однос на оваа тема. Законот кажува дека и се враќаат средствата и една година остануваат без правото да аплицираат за гарантирана минимална помош, одговори Велковски на новинарско прашање.

The post Кабинет на Тренчевска: Велковски без конкретни информации излегува со лажни обвиненија appeared first on Република.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-velkovski-otkri-milionski-kriminal-vo-mtsp-so-sotsijalnata-pomosh/ Тој одговарајќи на новинарски прашања, рече да се остават инспекциите да ги донесат заклучоците, односно решенијата од инспекциските надзори, па за да може да се постапува по истите.
Досега, јас колку што сум запознаен, нема обвиненија по однос на оваа тема. Законот кажува дека и се враќаат средствата и една година остануваат без правото да аплицираат за гарантирана минимална помош, одговори Велковски на новинарско прашање.
 
The post Кабинет на Тренчевска: Велковски без конкретни информации излегува со лажни обвиненија appeared first on Република.

]]>
Тренчевска е горда што брои само позитивни промени https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/trenchevka-e-gorda-shto-broi-samo-pozitivni-promeni/ Fri, 23 Feb 2024 14:28:09 +0000 https://republika.mk/?p=747486

Дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се вклучи на теренски активности на територијата на Општина Тетово. Таа го посети Дневниот центар за лица со ментална и телесна попреченост, канцелариите на „Имаго Плус“ кои ја испорачуваат услугата индивидуален третман за лица со попреченост и двајца корисници на услугата помош и нега во домот која се спроведува преку Проектот за подобрување на социјалните услуги, информираат од МТСП.

-Со развојот на социјалните услуги во домот и во заедницата овозможена е директна поддршка на повеќе од 1500 корисници на социјални услуги, а од нив повеќе од 50% се жени. Би сакала да истакнам дека и во 2023 година продолжи проширувањето на опсегот на социјалните услуги низ земјата со што се обезбеди работен ангажман на приближно 500 негуватели и 50 стручни лица, рече Тренчевска.

Таа потсети и на измените на Законот за детска заштита и Законот за социјална заштита од минатата година со што висината на посебниот додаток се зголеми за 15% и се намали старосната граница за траен надоместок за родителите кои се грижат за дете со попреченост, 62 години за мажи и 60 години за жени.

-Измените на Одлуката за цената на социјалните услуги за 2023 година ја покажуваат нашата посветеност на квалитетна нега. Утврдувањето на цените за индивидуален третман и дневно лекување на децата во лиценцираните Дневни центри го одразува нашето признание за важноста на професионалната грижа за нашите деца. Определивме цена за час индивидуален и цена за дневен третман за дете од стручен работник во лиценцираните Дневни центри, односно 997 денари за индивидуален третман и 1.185 денари дневно по корисник, платени преку Центрите за социјална работа, рече Тренчевска.

При непосреден разговор со давателот на услугата индивидуален третман таа посочи дека кај граѓаните треба да се подига свеста дека услугите кои ги носи министерството се токму за да се олесни нивното соопштение и истакна дека тие треба да се препознаваат и користат максимално од страна на граѓаните.

The post Тренчевска е горда што брои само позитивни промени appeared first on Република.

]]>

Дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се вклучи на теренски активности на територијата на Општина Тетово. Таа го посети Дневниот центар за лица со ментална и телесна попреченост, канцелариите на „Имаго Плус“ кои ја испорачуваат услугата индивидуален третман за лица со попреченост и двајца корисници на услугата помош и нега во домот која се спроведува преку Проектот за подобрување на социјалните услуги, информираат од МТСП. -Со развојот на социјалните услуги во домот и во заедницата овозможена е директна поддршка на повеќе од 1500 корисници на социјални услуги, а од нив повеќе од 50% се жени. Би сакала да истакнам дека и во 2023 година продолжи проширувањето на опсегот на социјалните услуги низ земјата со што се обезбеди работен ангажман на приближно 500 негуватели и 50 стручни лица, рече Тренчевска. Таа потсети и на измените на Законот за детска заштита и Законот за социјална заштита од минатата година со што висината на посебниот додаток се зголеми за 15% и се намали старосната граница за траен надоместок за родителите кои се грижат за дете со попреченост, 62 години за мажи и 60 години за жени.
-Измените на Одлуката за цената на социјалните услуги за 2023 година ја покажуваат нашата посветеност на квалитетна нега. Утврдувањето на цените за индивидуален третман и дневно лекување на децата во лиценцираните Дневни центри го одразува нашето признание за важноста на професионалната грижа за нашите деца. Определивме цена за час индивидуален и цена за дневен третман за дете од стручен работник во лиценцираните Дневни центри, односно 997 денари за индивидуален третман и 1.185 денари дневно по корисник, платени преку Центрите за социјална работа, рече Тренчевска.
При непосреден разговор со давателот на услугата индивидуален третман таа посочи дека кај граѓаните треба да се подига свеста дека услугите кои ги носи министерството се токму за да се олесни нивното соопштение и истакна дека тие треба да се препознаваат и користат максимално од страна на граѓаните.

The post Тренчевска е горда што брои само позитивни промени appeared first on Република.

]]>
Пакети од фондација „Заев“ предизборно се делат од министерката Тренчевска https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/paketi-od-fondatsija-zaev-predizborno-se-delat-od-ministerkata-trenchevska/ Wed, 20 Dec 2023 20:54:31 +0000 https://republika.mk/?p=725042

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска во посета на Крива Паланка и Куманово доделуваше пакети прехранбени продукти и пакетчиња за деца. Како што се вели во соопштението, овие активности се во рамки на активностите кои Министерството за труд и социјална политика ги спроведува за време на последните две седмици пред новата година.

Во Крива Паланка министерката Тренчевска на почетокот од денот се сретна со деца од подрачните основни училишта од руралните средини и додели нас 120 пакетчиња заедно со градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски. Тренчевска во рамки на посетата во Крива Паланка додели и пакети со храна на повеќе од 10 семејства од социјално ранливи категории на граѓани. Министерката со активности продолжи и во Куманово каде исто така додели пакети со храна на социјално ранливи категории на семејства.

Министерката од СДСМ за време на посетите информирала граѓаните и за финансиската помош која ја доделува Владата, а како што велат од МТСП, особено ги поттикнувала за користење за мерките наменети за средношколците и основците. Исто така, ги поттикнувала семејствата приматели на Гарантирана минимална помош да се пријават за користење на мерките, истакнувајќи им дека истите се креирани за да се олесни животот на граѓаните.

Целта на активностите под името „Среќата се споделува“ е да се негува култура на споделување точно во времето пред новогодишните и Божиќните празници, велат од МТСП.

Од таму велат дека споделувањето на пакети со храна и новогодишни пакетчиња за деца е поддржано од Фондација „ЗАЕВ“ и Филип Морис Тутунски комбинат Прилеп.

Соопштението дојде со наслов „Тренчевска: Во периодот на празници мора да има повеќе за сите“, инаку слоган на новите партиски трибини од СДСМ.

The post Пакети од фондација „Заев“ предизборно се делат од министерката Тренчевска appeared first on Република.

]]>

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска во посета на Крива Паланка и Куманово доделуваше пакети прехранбени продукти и пакетчиња за деца. Како што се вели во соопштението, овие активности се во рамки на активностите кои Министерството за труд и социјална политика ги спроведува за време на последните две седмици пред новата година. Во Крива Паланка министерката Тренчевска на почетокот од денот се сретна со деца од подрачните основни училишта од руралните средини и додели нас 120 пакетчиња заедно со градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски. Тренчевска во рамки на посетата во Крива Паланка додели и пакети со храна на повеќе од 10 семејства од социјално ранливи категории на граѓани. Министерката со активности продолжи и во Куманово каде исто така додели пакети со храна на социјално ранливи категории на семејства. Министерката од СДСМ за време на посетите информирала граѓаните и за финансиската помош која ја доделува Владата, а како што велат од МТСП, особено ги поттикнувала за користење за мерките наменети за средношколците и основците. Исто така, ги поттикнувала семејствата приматели на Гарантирана минимална помош да се пријават за користење на мерките, истакнувајќи им дека истите се креирани за да се олесни животот на граѓаните.
Целта на активностите под името „Среќата се споделува“ е да се негува култура на споделување точно во времето пред новогодишните и Божиќните празници, велат од МТСП.
Од таму велат дека споделувањето на пакети со храна и новогодишни пакетчиња за деца е поддржано од Фондација „ЗАЕВ“ и Филип Морис Тутунски комбинат Прилеп. Соопштението дојде со наслов „Тренчевска: Во периодот на празници мора да има повеќе за сите“, инаку слоган на новите партиски трибини од СДСМ.

The post Пакети од фондација „Заев“ предизборно се делат од министерката Тренчевска appeared first on Република.

]]>
Децата се безбедни, да не се шири паника кај граѓаните, тврди министерката Тренчевска https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/detsata-se-bezbedni-da-ne-se-shiri-panika-kaj-graganite-tvrdi-ministerkata-trenchevska/ Tue, 05 Dec 2023 10:23:22 +0000 https://republika.mk/?p=719846

И министерот Спасовски и обвинителот Бубевски вчера рекоа дека тоа е изолиран случај. Не треба да создаваме паника кај граѓаните дека не ни се безбедни. Децата се безбедни, рече денеска министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, запрашана дали младите се сигурни и безбедни после случајот со убиството на малата Вања Ѓорчевска.

Според неа, новото време создава носи предизвици и дека развојот на ИТ-технологијата и социјалните мрежи наместо да ја подобрат информираноста, преку лажните вести и говорот на омраза создаваат проблеми кај менталното здравје кај голем дел од народот.

Како институции мораме да се прилагодиме на ова ново време и како МТСП каде што надлежност ни се децата, сакам да ги уверувам луѓето дека децата и училиштата се безбедни, рече Тренчевска.

The post Децата се безбедни, да не се шири паника кај граѓаните, тврди министерката Тренчевска appeared first on Република.

]]>

И министерот Спасовски и обвинителот Бубевски вчера рекоа дека тоа е изолиран случај. Не треба да создаваме паника кај граѓаните дека не ни се безбедни. Децата се безбедни, рече денеска министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, запрашана дали младите се сигурни и безбедни после случајот со убиството на малата Вања Ѓорчевска. Според неа, новото време создава носи предизвици и дека развојот на ИТ-технологијата и социјалните мрежи наместо да ја подобрат информираноста, преку лажните вести и говорот на омраза создаваат проблеми кај менталното здравје кај голем дел од народот.
Како институции мораме да се прилагодиме на ова ново време и како МТСП каде што надлежност ни се децата, сакам да ги уверувам луѓето дека децата и училиштата се безбедни, рече Тренчевска.
 
The post Децата се безбедни, да не се шири паника кај граѓаните, тврди министерката Тренчевска appeared first on Република.

]]>
Тренчевска: До крајот на годината ќе најдеме решение за намалување на платите на функционерите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/trenchevska-do-krajot-na-godinata-ke-najdeme-reshenie-za-namaluvane-na-platite-na-funktsionerite/ Tue, 14 Nov 2023 15:19:29 +0000 https://republika.mk/?p=701502

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска најави дека до крајот на годината ќе се пронајде решение за намалување на платите на функционерите, кои од март со одлука на Уставен суд беа зголемени за 78 отсто.

Таа одговарајќи на новинарско прашање на настанот по повод одбележување на официјалниот почеток на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, истакна дека се разгледуваат две опции или нов закон за плати во јавниот сектор или измени на шест, седум закони, каде се регулираат платите на функционерите, но нагласи и дека досега ова можело да го направи и Собранието, а не целата работа да ја остава на Владата.

Во Владата разговаравме. Одлуката за покачување на платите на функционерите не ја донесе Владата, туку Уставниот суд. Разговараме и бараме начин како да се реши прашањето во однос на покачувањето на платите на функционерите. Една опција е законот на плати во јавниот сектор, друга е измена и дополнување на повеќе закони, шест или седум закони, каде се регулираат платите на сите оние функционери, кои се вклучени со одлуката на Уставниот суд, рече Тренчевска и додаде дека на крајот решението треба да помине во Собранието, кое го има последниот збор.

Таа зебележа дека и пратениците во периодот, кој поминал од донесувањето на одлуката на Уставниот суд, можеле да донесат законски решенија, по иницијатива на пратениците и на пратеничките групи и оти не морало се да се остави да сработи Владата.

Ако Собранието имаше поинакво решение можеше во изминатиот период да го донесе тоа решение. Како и да е бараме решение до крајот на годината, ќе се избере една од опциите, дали со нов закон за плати во јавниот серктор, за кој не верувам дека ќе можеме да стигнеме, особено во делот на коефициентите, кои мора да се направат заедно со социјалните партнери, со претставниците на синдикатите и на тој начин да се регулираат највисоките коефициенти во секоја од областите, здравство, образование, социјална заштита, детска заштита, администрација, јавни претпријатија. Но не сум убедена дека оваа опција ќе успеее да ја направиме до месец декември, рече Тренчевска.

The post Тренчевска: До крајот на годината ќе најдеме решение за намалување на платите на функционерите appeared first on Република.

]]>

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска најави дека до крајот на годината ќе се пронајде решение за намалување на платите на функционерите, кои од март со одлука на Уставен суд беа зголемени за 78 отсто. Таа одговарајќи на новинарско прашање на настанот по повод одбележување на официјалниот почеток на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, истакна дека се разгледуваат две опции или нов закон за плати во јавниот сектор или измени на шест, седум закони, каде се регулираат платите на функционерите, но нагласи и дека досега ова можело да го направи и Собранието, а не целата работа да ја остава на Владата.
Во Владата разговаравме. Одлуката за покачување на платите на функционерите не ја донесе Владата, туку Уставниот суд. Разговараме и бараме начин како да се реши прашањето во однос на покачувањето на платите на функционерите. Една опција е законот на плати во јавниот сектор, друга е измена и дополнување на повеќе закони, шест или седум закони, каде се регулираат платите на сите оние функционери, кои се вклучени со одлуката на Уставниот суд, рече Тренчевска и додаде дека на крајот решението треба да помине во Собранието, кое го има последниот збор.
Таа зебележа дека и пратениците во периодот, кој поминал од донесувањето на одлуката на Уставниот суд, можеле да донесат законски решенија, по иницијатива на пратениците и на пратеничките групи и оти не морало се да се остави да сработи Владата.
Ако Собранието имаше поинакво решение можеше во изминатиот период да го донесе тоа решение. Како и да е бараме решение до крајот на годината, ќе се избере една од опциите, дали со нов закон за плати во јавниот серктор, за кој не верувам дека ќе можеме да стигнеме, особено во делот на коефициентите, кои мора да се направат заедно со социјалните партнери, со претставниците на синдикатите и на тој начин да се регулираат највисоките коефициенти во секоја од областите, здравство, образование, социјална заштита, детска заштита, администрација, јавни претпријатија. Но не сум убедена дека оваа опција ќе успеее да ја направиме до месец декември, рече Тренчевска.
 
The post Тренчевска: До крајот на годината ќе најдеме решение за намалување на платите на функционерите appeared first on Република.

]]>
Тренчевска на средба со Моника Сандри од УНХЦР https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/trenchevska-na-sredba-so-monika-sandri-od-unhtsr/ Mon, 13 Nov 2023 18:20:00 +0000 https://republika.mk/?p=701187

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска остварила средба со претставничката на УНХЦР, Моника Сандри на која и завршува петгодишниот мандат во земјава.

На состанокот, како што е наведено во соопштението од МТСП, се разговарало за напредокот на земјата во изминатиот период и за соработката што државата ја има со агенциите на Обединетите Нации.

Сандри на средбата зборувала за кризата со миграциите и за интеграција на бегалците во државата истакнувајќи дека интеграцијата може да се постигне со обезбедување на поголем пристап до сите материјални добра.

The post Тренчевска на средба со Моника Сандри од УНХЦР appeared first on Република.

]]>

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска остварила средба со претставничката на УНХЦР, Моника Сандри на која и завршува петгодишниот мандат во земјава. На состанокот, како што е наведено во соопштението од МТСП, се разговарало за напредокот на земјата во изминатиот период и за соработката што државата ја има со агенциите на Обединетите Нации. Сандри на средбата зборувала за кризата со миграциите и за интеграција на бегалците во државата истакнувајќи дека интеграцијата може да се постигне со обезбедување на поголем пристап до сите материјални добра.

The post Тренчевска на средба со Моника Сандри од УНХЦР appeared first on Република.

]]>
Министерката на средба со жени Ромки: Овозможуваме еднакви можности за различни целни групи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ministerkata-na-sredba-so-zheni-romki-ovozmozhuvame-ednakvi-mozhnosti-za-razlichni-tselni-grupi/ Mon, 30 Oct 2023 17:15:09 +0000 https://republika.mk/?p=696395

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, на средба со претставнички на Здружението „Иницијатива за жени на Шуто Оризари“, разговарала за воспоставување поголема соработка на институциите, вклучително и Министерството за труд и социјална политика, со цел унапредување на правата на жените Ромки.

Како што соопшти МТСП, целта на Здружението „Иницијатива за жени на Шуто Оризари“ е да биде водечка женска ромска организација која ќе застапува, омоќнува и едуцира млади девојки и жени Ромки да остварат социјални, економски и здравствени права, без дискриминација, а истовремено да обезбедува и нуди информации, социјални услуги и правна помош.

На средбата беше иницирано потпишување меморандум во делот на проект кој го воспоставува Здружението со поддршка на UNFPA Канцеларијата во Скопје за поддршка на жени жртви на родово базирано насилство и зајакнување на капацитетите на институциите како и подигање на свеста за истото прашање. Тренчевска ги поттикна претставничките во рамки на проектот да се зајакнат себеси и да чекорат кон патот на лиценцирање на нивното здружение како даватели на услуги, наведува во соопштението на МТСП.

Тренчевска потенцирала дека таа лично работи на концептот „Едно општество за сите“ од 1997 година и дека лиценцирањето здружение чии претставници се од ромската заедница ќе ги доближи повеќе услугите до жената Ромка. На таков начин, смета таа, ќе се зацврсти довербата на жените од сите малцински групи во давателите на услуги.

The post Министерката на средба со жени Ромки: Овозможуваме еднакви можности за различни целни групи appeared first on Република.

]]>

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, на средба со претставнички на Здружението „Иницијатива за жени на Шуто Оризари“, разговарала за воспоставување поголема соработка на институциите, вклучително и Министерството за труд и социјална политика, со цел унапредување на правата на жените Ромки. Како што соопшти МТСП, целта на Здружението „Иницијатива за жени на Шуто Оризари“ е да биде водечка женска ромска организација која ќе застапува, омоќнува и едуцира млади девојки и жени Ромки да остварат социјални, економски и здравствени права, без дискриминација, а истовремено да обезбедува и нуди информации, социјални услуги и правна помош.
На средбата беше иницирано потпишување меморандум во делот на проект кој го воспоставува Здружението со поддршка на UNFPA Канцеларијата во Скопје за поддршка на жени жртви на родово базирано насилство и зајакнување на капацитетите на институциите како и подигање на свеста за истото прашање. Тренчевска ги поттикна претставничките во рамки на проектот да се зајакнат себеси и да чекорат кон патот на лиценцирање на нивното здружение како даватели на услуги, наведува во соопштението на МТСП.
Тренчевска потенцирала дека таа лично работи на концептот „Едно општество за сите“ од 1997 година и дека лиценцирањето здружение чии претставници се од ромската заедница ќе ги доближи повеќе услугите до жената Ромка. На таков начин, смета таа, ќе се зацврсти довербата на жените од сите малцински групи во давателите на услуги.

The post Министерката на средба со жени Ромки: Овозможуваме еднакви можности за различни целни групи appeared first on Република.

]]>
Тренчевска: До крајот на месецот конкретни мерки за поддршка на животниот стандард на пензионерите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/trenchevska-do-krajot-na-mesetsot-konkretni-merki-za-poddrshka-na-zhivotniot-standard-na-penzionerite/ Tue, 10 Oct 2023 09:46:13 +0000 https://republika.mk/?p=689813

Верувам дека до крајот на месецот ќе имаме конкретни мерки со коишто ќе го поддржиме животниот стандард на пензионерите, особено на оние пензионери со ниски пензии, изјави денеска министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска одговарајќи на новинарски прашања.

Тренчевска, на прашањето дали повторно ќе се преговара со пензионерите, информира дека утрово го добила извештајот од работната група и оти ќе го проследи до Влада, за да се одлучи какви мерки ќе се креираат.

На прашањето за реакциите на некои пензионери кои тврдат дека добиле зголемување само од 200 до 300 денари, Тренчевска кажа дека таа информација не е точна.

Не може да биде 200, 300, затоа што процентот 5,3 е согласно податоците од Државниот завод за статистика. Јас претпоставувам од која кујна е излезено 6,8 проценти, затоа што 6,8 ниту јас, ниту било кој претставник на Владата има изјавено. Моите изјави беа помеѓу 5 и 6, и околу 6, меѓутоа податоците секогаш велев ќе ги почекаме податоците од ДЗС. Тоа е институцијата која што ги дава податоците за индексот на просек на живот,индексот на просечната плата за порастот на просечната плата. Така да, ако има некој 200 или 300 слободно нека пријави во МТСП затоа што тоа е систем на пресметка. Јас не верувам дека некој има 200, или 300 денари добиено зголемување односно усогласување затоа што ако најниската пензија беше 12.500, на тоа кога ќе преметате 5,3 е околу 800 денари - рече Тренчевска по промоцијата на Протоколот за постапување со деца со дијабетес во училиштата и детските градинки, во градинката „Раде Јовчевски Корчагин“ во Скопје.

The post Тренчевска: До крајот на месецот конкретни мерки за поддршка на животниот стандард на пензионерите appeared first on Република.

]]>

Верувам дека до крајот на месецот ќе имаме конкретни мерки со коишто ќе го поддржиме животниот стандард на пензионерите, особено на оние пензионери со ниски пензии, изјави денеска министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска одговарајќи на новинарски прашања. Тренчевска, на прашањето дали повторно ќе се преговара со пензионерите, информира дека утрово го добила извештајот од работната група и оти ќе го проследи до Влада, за да се одлучи какви мерки ќе се креираат. На прашањето за реакциите на некои пензионери кои тврдат дека добиле зголемување само од 200 до 300 денари, Тренчевска кажа дека таа информација не е точна.
Не може да биде 200, 300, затоа што процентот 5,3 е согласно податоците од Државниот завод за статистика. Јас претпоставувам од која кујна е излезено 6,8 проценти, затоа што 6,8 ниту јас, ниту било кој претставник на Владата има изјавено. Моите изјави беа помеѓу 5 и 6, и околу 6, меѓутоа податоците секогаш велев ќе ги почекаме податоците од ДЗС. Тоа е институцијата која што ги дава податоците за индексот на просек на живот,индексот на просечната плата за порастот на просечната плата. Така да, ако има некој 200 или 300 слободно нека пријави во МТСП затоа што тоа е систем на пресметка. Јас не верувам дека некој има 200, или 300 денари добиено зголемување односно усогласување затоа што ако најниската пензија беше 12.500, на тоа кога ќе преметате 5,3 е околу 800 денари - рече Тренчевска по промоцијата на Протоколот за постапување со деца со дијабетес во училиштата и детските градинки, во градинката „Раде Јовчевски Корчагин“ во Скопје.

The post Тренчевска: До крајот на месецот конкретни мерки за поддршка на животниот стандард на пензионерите appeared first on Република.

]]>
Тренчевска: Заедно со УНФПА ги таргетираме предизвиците со кои се соочува нашата држава и заедно креираме решенија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/trenchevska-zaedno-so-unfpa-gi-targetirame-predizvitsite-so-koi-se-soochuva-nashata-drzhava-i-zaedno-kreirame-reshenija/ Thu, 05 Oct 2023 17:16:24 +0000 https://republika.mk/?p=688308

Соработката на Министерството за труд и социјална политика (МТСП) и УНФПА во делот на застапувањето на човековите права, биле тема на разговор на средба во Скопје меѓу министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и Флоренс Бауер, регионалната директорка на УНФПА за Источна Европа и Централна Азија.

Особен фокус на средбата бил ставен на регионалната Конференција „Моќта на изборот: Остварувајќи телесна автономија за жени и девојчиња” која се одржа во Скопје и конференцијата која за 10 дена ќе се одржи во Женева и ќе претставува дел од мозаикот на дискусиите кои имаат за цел да придонесат во поголемото почитување на човековите права.

Од МТСП информираат дека Бауер и Тренчевска разговарале и за важноста на Стратегијата за демографски политики и Акцискиот план кој моментално е во подготовка и треба да придонесе во унапредување на прашањето за миграции и стареењето на населението како предизвик со кој се соочува државата, но и целиот регион воопшто.

На средбата се разговарало и за анти-родовите движења кои се активни во нашата држава, нивното загрозување на човековите права и наоѓањето на заедничко решение за справување со предизвикот пред кој е исправена државата. Присутните истакнале дека напредокот кој го постигнала Македонија изминатиот период во обезбедување на човековите права и еднаквост, не смее да сопре и дека токму ваквата партнерска поддршка е клучна за тоа.

The post Тренчевска: Заедно со УНФПА ги таргетираме предизвиците со кои се соочува нашата држава и заедно креираме решенија appeared first on Република.

]]>

Соработката на Министерството за труд и социјална политика (МТСП) и УНФПА во делот на застапувањето на човековите права, биле тема на разговор на средба во Скопје меѓу министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и Флоренс Бауер, регионалната директорка на УНФПА за Источна Европа и Централна Азија. Особен фокус на средбата бил ставен на регионалната Конференција „Моќта на изборот: Остварувајќи телесна автономија за жени и девојчиња” која се одржа во Скопје и конференцијата која за 10 дена ќе се одржи во Женева и ќе претставува дел од мозаикот на дискусиите кои имаат за цел да придонесат во поголемото почитување на човековите права. Од МТСП информираат дека Бауер и Тренчевска разговарале и за важноста на Стратегијата за демографски политики и Акцискиот план кој моментално е во подготовка и треба да придонесе во унапредување на прашањето за миграции и стареењето на населението како предизвик со кој се соочува државата, но и целиот регион воопшто. На средбата се разговарало и за анти-родовите движења кои се активни во нашата држава, нивното загрозување на човековите права и наоѓањето на заедничко решение за справување со предизвикот пред кој е исправена државата. Присутните истакнале дека напредокот кој го постигнала Македонија изминатиот период во обезбедување на човековите права и еднаквост, не смее да сопре и дека токму ваквата партнерска поддршка е клучна за тоа.

The post Тренчевска: Заедно со УНФПА ги таргетираме предизвиците со кои се соочува нашата држава и заедно креираме решенија appeared first on Република.

]]>
Не е предвидено линеарно зголемување: Неделава треба да е готов извештајот на работната група за пензиите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ne-e-predvideno-linearno-zgolemuvane-nedelava-treba-da-e-gotov-izveshtajot-na-rabotnata-grupa-za-penziite/ Tue, 03 Oct 2023 11:46:59 +0000 https://republika.mk/?p=687464

Оваа недела се очекува да биде готов извештајот на работната група за пензиите. Во мерките што ќе бидат донесени, како што изјави денеска министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, не е предвидено линеарно зголемување на пензиите, затоа што, како што рече, мора да се води сметка за стабилноста на пензискиот систем.

Очекувам оваа недела да биде доставен извештајот на работната група којшто ќе биде доставен до Владата за сите заедно да одлучиме кои мерки дополнително ќе бидат донесени во новиот пакет на антикризни мерки. Меѓу тие мерки нема линеарно зголемување затоа што линеарното зголемување не им оди во прилог на сите пензионери. Со новата методологија, само за година и пол, најниската пензија е зголемена за речиси 2.200 денари, а согласно растот на пензиите, и понатаму ќе се применува новата методологија и ќе се оди со она што е законско решение сега во моментот. Ќе имаме мерки што ќе значат дополнителен приход, финансиска поддршка на пензионерите, меѓутоа ќе бидат опфатени оние пензионери кои се со ниски пензии и кои се во најранливата категорија - изјави Тренчевска по посетата на градинката „13 Ноември“ по повод Денот на детето.

Тренчевска рече дека како Влада остануваат отворени за разговор со пензионерите, но дека не се согласува со линеарно зголемување на пензиите како што бараат пензионерите поради стабилноста на пензискиот систем.

Секое нереално покачување на пензијата и секое нереално трошење на средствата во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување значи дека ќе ги доведеме во несигурност исплатата на пензиите на сите 336.000 пензионери. Ниту како Влада, ниту како министерка за труд и социјална политика нема да дозволам да се наруши стабилноста на Пензискиот фонд. Од 2017 година наваму работиме на зголемување на приходите во Фондот за пензиско и тоа го покажуваме со намалување на дефицитот којшто во 2017 беше околу 47 проценти, а сега е намален на 33 проценти - истакна Тренчевска.

Посочи дека за година и полoвина пензиите се зголемени за 24 проценти од јануари лани согласно усогласувањето со животните трошоци.

Јас не велам дека ниските пензии се доволни. Меѓутоа, со финансиска поддршка без да се доведе во прашање стабилноста на пензискиот систем ќе креираме мерки со коишто ќе донесеме повеќе средства на трансакциските сметки на пензионерите особено на оние со ниски пензии. Методологијата дава одлични резултати затоа што од 1 јануари 2022 година кога минималната пензија беше 10.487 денари вчера најниската пензија се исплати во висина од 13.200. Значи, пензијата е зголемена за повеќе од 3.000 денари само за година и пол - рече Тренчевска.

The post Не е предвидено линеарно зголемување: Неделава треба да е готов извештајот на работната група за пензиите appeared first on Република.

Дури пензионерите протестираат на жешко сонце, Тренчевска е во Пласница https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/duri-penzionerite-protestiraat-na-zheshko-sontse-trenchevska-e-vo-plasnitsa/ Wed, 20 Sep 2023 10:32:12 +0000 https://republika.mk/?p=683414

Со говори, повици за оставка и пеење на македонската химна, стотици пензионери од повеќе градови од Македонија денеска на Меѓународниот ден на пензионерите - 20 Септември, протеститарат пред зградата на Владата.

Барањата на пензионерите се линеарно зголемување на пензиите за 3.500 денари за секој пензионер, а не процентуално согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување, како и промена на методологијата за пресметка на пензиите.

Тие бараат да се вреднува трудот кој го поминале како работници со децении придонесувајќи за градењето на земјата.

Но, додека бараат достоинствен живот, министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска е во Пласница во посета на давателот на социјалната услуга помош и нега во домот - Здружението за поддршка на идентификувани и потенцијални ранливи групи „ЖРТВА Охрид“ кое ја спроведува оваа услуга во општините Пласница.

[caption id="attachment_683418" align="aligncenter" width="730"] Министерката Тренчевска со Градоначалникот на општина Пласница Алија Јахоски[/caption]

Taa завчера најави дека до крајот на месецот очекува конкретни предлози во однос на пензиите, со фокус на пензионерите со ниски месечни примања, а за што изминатиот период заседаваше работната група формирана по првиот протест на пензионери во Скопје.

На протестот беше најавено дека делегација ќе се сретне со министерката, и во моментот сите пензионери го чекаат исходот од средбата. Не се знае со кого ќе се сретнат имајќи предвид дека Тренчевска е во Пласница.

The post Дури пензионерите протестираат на жешко сонце, Тренчевска е во Пласница appeared first on Република.

]]>

Со говори, повици за оставка и пеење на македонската химна, стотици пензионери од повеќе градови од Македонија денеска на Меѓународниот ден на пензионерите - 20 Септември, протеститарат пред зградата на Владата. Барањата на пензионерите се линеарно зголемување на пензиите за 3.500 денари за секој пензионер, а не процентуално согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување, како и промена на методологијата за пресметка на пензиите. Тие бараат да се вреднува трудот кој го поминале како работници со децении придонесувајќи за градењето на земјата. Но, додека бараат достоинствен живот, министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска е во Пласница во посета на давателот на социјалната услуга помош и нега во домот - Здружението за поддршка на идентификувани и потенцијални ранливи групи „ЖРТВА Охрид“ кое ја спроведува оваа услуга во општините Пласница. [caption id="attachment_683418" align="aligncenter" width="730"] Министерката Тренчевска со Градоначалникот на општина Пласница Алија Јахоски[/caption] Taa завчера најави дека до крајот на месецот очекува конкретни предлози во однос на пензиите, со фокус на пензионерите со ниски месечни примања, а за што изминатиот период заседаваше работната група формирана по првиот протест на пензионери во Скопје. На протестот беше најавено дека делегација ќе се сретне со министерката, и во моментот сите пензионери го чекаат исходот од средбата. Не се знае со кого ќе се сретнат имајќи предвид дека Тренчевска е во Пласница.

The post Дури пензионерите протестираат на жешко сонце, Тренчевска е во Пласница appeared first on Република.

]]>
Тренчевска: Секоја година согласно растот на просечната плата, ќе се покачуваат платите во јавниот сектор https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/trenchevska-sekoja-godina-soglasno-rastot-na-prosechnata-plata-ke-se-pokachuvaat-platite-vo-javniot-sektor/ Fri, 25 Aug 2023 12:22:44 +0000 https://republika.mk/?p=675747

Во врска со Општиот колективен договор, кој се носи после 15 години, министерката Тренчевска за емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, истакна неколку придобивки за вработените во јавен сектор, како растот на платата за 10 отсто со септемвриската плата, К-15 за сите вработени во јавен сектор од 10.000 денари до крајот на годината и раст на платите во јавен сектор на долг рок.

„Со самиот колективен договор се воспоставува систем за покачување  на платите во јавниот сектор. Од 1 март 2025 година, просечната плата помножена со коефициент на сложеност, на работно место, ќе биде основната плата на секој вработен“, рече Тренчевска.

Таа посочи дека, заедно со Сојузот на синдикати на Македонија до крајот на 2024 година треба да се склучи спогодба и да се утврдат коефициентите по сложеност на работните места.

„Секоја година согласно растот на просечната плата, ќе се покачуваат платите во јавниот сектор. Не можете вие да преземете обврски кои ќе имаат фискални импликации ако не ги предвидите во буџетот,“ истакна Тренчевска на прашањето дали има пари во државниот буџет.

The post Тренчевска: Секоја година согласно растот на просечната плата, ќе се покачуваат платите во јавниот сектор appeared first on Република.

]]>

Во врска со Општиот колективен договор, кој се носи после 15 години, министерката Тренчевска за емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, истакна неколку придобивки за вработените во јавен сектор, како растот на платата за 10 отсто со септемвриската плата, К-15 за сите вработени во јавен сектор од 10.000 денари до крајот на годината и раст на платите во јавен сектор на долг рок. „Со самиот колективен договор се воспоставува систем за покачување  на платите во јавниот сектор. Од 1 март 2025 година, просечната плата помножена со коефициент на сложеност, на работно место, ќе биде основната плата на секој вработен“, рече Тренчевска. Таа посочи дека, заедно со Сојузот на синдикати на Македонија до крајот на 2024 година треба да се склучи спогодба и да се утврдат коефициентите по сложеност на работните места.
„Секоја година согласно растот на просечната плата, ќе се покачуваат платите во јавниот сектор. Не можете вие да преземете обврски кои ќе имаат фискални импликации ако не ги предвидите во буџетот,“ истакна Тренчевска на прашањето дали има пари во државниот буџет.

The post Тренчевска: Секоја година согласно растот на просечната плата, ќе се покачуваат платите во јавниот сектор appeared first on Република.

]]>
18 илјади денари е нереална сума за минимална пензија, тоа е дополнително оптоварување на Фондот, вели Тренчевска https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/18-iljadi-denari-e-nerealna-suma-za-minimalna-penzija-toa-e-dopolnitelno-optovaruvane-na-fondot-veli-trenchevska/ Wed, 16 Aug 2023 09:54:12 +0000 https://republika.mk/?p=672640

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска очекува до крајот на годината да се изнајде решение за дефинирање на мининамланата пензија, преку дијалог во работната група во која ќе има номинирано претставници од Министерството за труд и социјална политика, Здружението на пензионери и од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

Тренчевска посочи дека на следната седница на Владата ќе ја достави информацијата во однос на формирањето на работната група, која треба да ја продолжиме со она каде што застанавме поради летните одмори со Сојузот на пензионери, а тоа е прашањето за минималната пензија, односно закон или измени на Законот за пензиско каде што ќе утврдиме износ на минимална пензија во државата но согласно сето она што значи стабилност на фондот за пензиско и инвалидско осигурување и она што значи капацитетон на државата во однос на фискалните импликации. .

Очекувам дека низ дијалог до крајот на годината ќе најдеме соодветно решение секако следејќи ги примерите на останатите земји, соодветно решение како да ја дефинираме минималната пензија во државата, а којашто ќе биде над она што значи праг на сиромаштија утврдена од страна од Светска Банка, изјави на новинарско прашање министерката Тренчевска по посетата на Центарот за дневен престој на стари лица во општината Чаир.

Таа најави дека се очекува ново покачување на пензиите, согласно новата методологија во 2022 година согласно трошоците за живот и порастот на просечната плата, минималната пензија за септември ќе изнесува над 13.300 денари.

Очекуваме овие денови да ги добиеме податоците од Државниот завод за статистика, врз основа на овие податоци ќе видиме колку ќе биде. Можно е 6, можно е повеќе од 6 проценти. Затоа реков одиме со изјави најмалку со 6 отсто, може ќе биде и нешто повеќе, се зависи од статистиката, рече Тренчевска.

Запрашана дали има компромис минималната пензија да биде 18 000, што е едно од барањата на пензионерите, министерката потенцира дека тоа би значело дополнително оптоварување на Фондот за пензиско осигурување и би ја загрозило неговата стабилност.

Секогаш која се креираат политики мора да се мисли на стабилноста на Фондот за пензиско. 18.000 е нереална цена затоа што минималната плата ни е 20.000. Тоа значи дополнително оптеретување на ФПИОМ и доведување во ситуација после три, четири месеци да се прашаме дали 330.000 ќе добијат пензија. Како држава, како министерка, како Влада мора да водиме сметка за стабилност на ФПИОМ, мора да водиме сметка за навремено исплаќање на пензиите, секој месец пензионерот, сите 3330 000 ќе си ги добијат пензиите, рече Тренчевска.

Подвлече дека не се потребни популистички мерки коишто ќе доведат да во одреден период на неколку месеци ги задоволат сите пензионери вклучително и пензионерите со најниска пензија, но кое на подолг рок значи дека ќе се доведе во прашање стабилноста на фондот. Нагласи и дека пензиите се економска, а не социјална категорија.

Никогаш нема да дозволам како министерка каде што еден од најглавните приоритети ми се токму пензионерите, највозрасната категорија граѓани, да се доведе во прашање исплатата на пензиите на кој било од овие 330.000 пензионери. И друга работа висината на пензијата зависи од тоа колку во нашиот работен век вложуваме во системот на пензиско и инвалидско осигурување. Неправедно е да ги изедначиме луѓето кои имаат 15 години стаж и луѓето кои имаат 40 години стаж затоа што со 40 години стаж апсолутно со вашиот влог преку системот на придонесите вие очекувате да имате поголема пензија. И оние граѓани пензионери кои земаат во моментов минимална пензија најголем дел од нив се со 15 години стаж. И најголем дел од нив ја немале достигнато висината на минимална пензија. Ако не бил системот солидарен таков каков што е во моментов ќе земале и многу помала пензија. Меѓутоа заради солидарниот систем сме утврдиле линија од која што нема да има пензија 12.500 денари. Во септември ќе биде над 13.300, рече Тренчевска.

The post 18 илјади денари е нереална сума за минимална пензија, тоа е дополнително оптоварување на Фондот, вели Тренчевска appeared first on Република.

]]>

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска очекува до крајот на годината да се изнајде решение за дефинирање на мининамланата пензија, преку дијалог во работната група во која ќе има номинирано претставници од Министерството за труд и социјална политика, Здружението на пензионери и од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Тренчевска посочи дека на следната седница на Владата ќе ја достави информацијата во однос на формирањето на работната група, која треба да ја продолжиме со она каде што застанавме поради летните одмори со Сојузот на пензионери, а тоа е прашањето за минималната пензија, односно закон или измени на Законот за пензиско каде што ќе утврдиме износ на минимална пензија во државата но согласно сето она што значи стабилност на фондот за пензиско и инвалидско осигурување и она што значи капацитетон на државата во однос на фискалните импликации. .
Очекувам дека низ дијалог до крајот на годината ќе најдеме соодветно решение секако следејќи ги примерите на останатите земји, соодветно решение како да ја дефинираме минималната пензија во државата, а којашто ќе биде над она што значи праг на сиромаштија утврдена од страна од Светска Банка, изјави на новинарско прашање министерката Тренчевска по посетата на Центарот за дневен престој на стари лица во општината Чаир.
Таа најави дека се очекува ново покачување на пензиите, согласно новата методологија во 2022 година согласно трошоците за живот и порастот на просечната плата, минималната пензија за септември ќе изнесува над 13.300 денари.
Очекуваме овие денови да ги добиеме податоците од Државниот завод за статистика, врз основа на овие податоци ќе видиме колку ќе биде. Можно е 6, можно е повеќе од 6 проценти. Затоа реков одиме со изјави најмалку со 6 отсто, може ќе биде и нешто повеќе, се зависи од статистиката, рече Тренчевска.
Запрашана дали има компромис минималната пензија да биде 18 000, што е едно од барањата на пензионерите, министерката потенцира дека тоа би значело дополнително оптоварување на Фондот за пензиско осигурување и би ја загрозило неговата стабилност.
Секогаш која се креираат политики мора да се мисли на стабилноста на Фондот за пензиско. 18.000 е нереална цена затоа што минималната плата ни е 20.000. Тоа значи дополнително оптеретување на ФПИОМ и доведување во ситуација после три, четири месеци да се прашаме дали 330.000 ќе добијат пензија. Како држава, како министерка, како Влада мора да водиме сметка за стабилност на ФПИОМ, мора да водиме сметка за навремено исплаќање на пензиите, секој месец пензионерот, сите 3330 000 ќе си ги добијат пензиите, рече Тренчевска.
Подвлече дека не се потребни популистички мерки коишто ќе доведат да во одреден период на неколку месеци ги задоволат сите пензионери вклучително и пензионерите со најниска пензија, но кое на подолг рок значи дека ќе се доведе во прашање стабилноста на фондот. Нагласи и дека пензиите се економска, а не социјална категорија.
Никогаш нема да дозволам како министерка каде што еден од најглавните приоритети ми се токму пензионерите, највозрасната категорија граѓани, да се доведе во прашање исплатата на пензиите на кој било од овие 330.000 пензионери. И друга работа висината на пензијата зависи од тоа колку во нашиот работен век вложуваме во системот на пензиско и инвалидско осигурување. Неправедно е да ги изедначиме луѓето кои имаат 15 години стаж и луѓето кои имаат 40 години стаж затоа што со 40 години стаж апсолутно со вашиот влог преку системот на придонесите вие очекувате да имате поголема пензија. И оние граѓани пензионери кои земаат во моментов минимална пензија најголем дел од нив се со 15 години стаж. И најголем дел од нив ја немале достигнато висината на минимална пензија. Ако не бил системот солидарен таков каков што е во моментов ќе земале и многу помала пензија. Меѓутоа заради солидарниот систем сме утврдиле линија од која што нема да има пензија 12.500 денари. Во септември ќе биде над 13.300, рече Тренчевска.
 
The post 18 илјади денари е нереална сума за минимална пензија, тоа е дополнително оптоварување на Фондот, вели Тренчевска appeared first on Република.

]]>
Тренчевска: Секое нереално покачување на пензиите, ќе ја доведе во прашање стабилноста на Фондот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/trenchevska-sekoe-nerealno-pokachuvane-na-penziite-ke-ja-dovede-vo-prashane-stabilnosta-na-fondot/ Mon, 14 Aug 2023 19:33:45 +0000 https://republika.mk/?p=672135

Секое едно нереално покачување на пензиите ќе ја доведе во ситуација стабилноста на Фондот за пензиско осигурување. Не сакаме да бидеме популисти и да дадеме линеарно зголемување или зголемување на пензиите коишто ќе ги задоволат пензионерите за да после три-четири месеци ниеден пензионер во државата не земе пензија. Мора да се води сметка за стабилноста на Фондот, мора да се води сметка за секој пензионер секој месец да си ја добива пензијата која што си ја заслужил, истакна министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во Дневникот на Сител.

Таа во контекст на денешниот протест на пензионерите и нивните барања за линеарно зголемување од 3500 денари на сите пензионери посочи дека тоа би изнесувало околи 220 милиони евра годишно и дека ваквото зголемување ќе ја стави под прашање стабилноста на фондот. Според неа, не се работи за популизам, туку треба да се размислува на системски решенија на долг рок.

Не е праведно некој кој работел 30- 40 години и исто толку години придонесувал во фондот, да се изедначува со некој кој работел 15 години, рече Тренчевска.

Во однос на новата методологија на пресметка на пензиите која беше усвоена во 2022 година подвлече дека таа претставува системско решение со кое пензиите растат на долг рок при што два пати годишно се врши усогласување со трошоците за живот и просечната плата.

За само една година и осум месеци од овој владин состав пензиите пораснаа за 24 отсто. Минималната пензија беше 9000 денари денес е 12.500 денари, тоа е зголемување за 3500 денари. Воспоставивме систем во кој постојано растат пензиите. Оваа методологија кога ја донесовме сите пензионери беа задоволни. Никој не се бунеше. Јасно е кој стои зад организацијата на овие пензионери кога ќе го видите иницијативниот одбор дека се членови на опозициска политичка партија, вели министерката за труд и социјална политика.

Тренчевска нагласи дека барањата на пензионерите ќе бидат разгледани и оти заедно со Сојузот на пензионери ќе се разговара за сите отворени прашања. Според неа, усогласувањето на септемвриската пензија можно е да изнесува и повеќе од шест проценти.

Не знаеме колку. Ние правиме проекции, меѓутоа на средината од август, кон крајот на август, еве за една недела ќе ги имаме податоците. Може да биде и седум. Ќе ги имаме точно податоците од Статистика колку биле трошоците на живот за претходното полугодие во споредба со претходното и колку бил порастот на просечната плата. И така ќе го добиеме коефициентот. И ова е најдобра методологија затоа што и кога нема да има инфлација, а просечната плата ќе ни расте постојано и тоа го гледаме во изминатиот период ние ќе имаме повторно покачување на пензиите. Нема да има инфлација, а ќе има пораст на пензиите, рече Тренчевска.

Министерката посочи меѓу другото и дека се прават напори да се внесат што повеќе лекарства на позитивната листа, и со тоа да се намали издатокот за лекови на пензионерите. Таа се осврна и на пензискиот систем и дефицитот кој претходно беше направен во периодот 2008-2016 година, а кој вели, со добри политики и домаќинско работење се намалува. Со тоа, додава таа, се намалува придонесот од централниот буџет кон Фондот, а растат приходите на Фондот.

Според Тренчевска, искажаните ставови во однос на зголемувањето на платите на функционерите од 78 проценти, веќе не заслужуваат коментар, посочувајќи дека е тоа одлука на Уставниот суд, и при тоа укажа дека не само Владата туку и локалната самоуправа има обврска да се грижи за граѓаните.

И јас не се согласувам со покачувањето, меѓутоа тоа е одлука на Уставниот суд, а законот мора да се почитува. Тој што не ја почитува одлуката на Уставниот суд, односно законот, врши кривична одговорност и ако пензионерите се бунат за овие 78 отсто нека одат да протестираат пред Устваниот суд. Само 45 функционери се во Владата, останатите се пратеници, градоначалници, судии и јавни обвинители. Најмал дел се во Владата. Меѓутоа законот е ист за сите. И во краен случај Владата прави за пензионерите - новата методологија, финансиска поддршка во делот на социјална поддршка на ранливите категории. Зошто ниту една локална самоуправа, а гледаме деновиве градоначалниците се јавуваат и го поддржуваат протестот, зошто ниту еден од тие градоначалници не донесе мерка со која што ќе ги поддржи граѓаните кои живеат на оваа територија, а имаат минимална пензија. Бидејќи не само Владата туку и локалната самоуправа имаат и право и обврска да се грижат за граѓаните, вели Тренчевска.

The post Тренчевска: Секое нереално покачување на пензиите, ќе ја доведе во прашање стабилноста на Фондот appeared first on Република.

]]>

Секое едно нереално покачување на пензиите ќе ја доведе во ситуација стабилноста на Фондот за пензиско осигурување. Не сакаме да бидеме популисти и да дадеме линеарно зголемување или зголемување на пензиите коишто ќе ги задоволат пензионерите за да после три-четири месеци ниеден пензионер во државата не земе пензија. Мора да се води сметка за стабилноста на Фондот, мора да се води сметка за секој пензионер секој месец да си ја добива пензијата која што си ја заслужил, истакна министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во Дневникот на Сител. Таа во контекст на денешниот протест на пензионерите и нивните барања за линеарно зголемување од 3500 денари на сите пензионери посочи дека тоа би изнесувало околи 220 милиони евра годишно и дека ваквото зголемување ќе ја стави под прашање стабилноста на фондот. Според неа, не се работи за популизам, туку треба да се размислува на системски решенија на долг рок.
Не е праведно некој кој работел 30- 40 години и исто толку години придонесувал во фондот, да се изедначува со некој кој работел 15 години, рече Тренчевска.
Во однос на новата методологија на пресметка на пензиите која беше усвоена во 2022 година подвлече дека таа претставува системско решение со кое пензиите растат на долг рок при што два пати годишно се врши усогласување со трошоците за живот и просечната плата.
За само една година и осум месеци од овој владин состав пензиите пораснаа за 24 отсто. Минималната пензија беше 9000 денари денес е 12.500 денари, тоа е зголемување за 3500 денари. Воспоставивме систем во кој постојано растат пензиите. Оваа методологија кога ја донесовме сите пензионери беа задоволни. Никој не се бунеше. Јасно е кој стои зад организацијата на овие пензионери кога ќе го видите иницијативниот одбор дека се членови на опозициска политичка партија, вели министерката за труд и социјална политика.
Тренчевска нагласи дека барањата на пензионерите ќе бидат разгледани и оти заедно со Сојузот на пензионери ќе се разговара за сите отворени прашања. Според неа, усогласувањето на септемвриската пензија можно е да изнесува и повеќе од шест проценти.
Не знаеме колку. Ние правиме проекции, меѓутоа на средината од август, кон крајот на август, еве за една недела ќе ги имаме податоците. Може да биде и седум. Ќе ги имаме точно податоците од Статистика колку биле трошоците на живот за претходното полугодие во споредба со претходното и колку бил порастот на просечната плата. И така ќе го добиеме коефициентот. И ова е најдобра методологија затоа што и кога нема да има инфлација, а просечната плата ќе ни расте постојано и тоа го гледаме во изминатиот период ние ќе имаме повторно покачување на пензиите. Нема да има инфлација, а ќе има пораст на пензиите, рече Тренчевска.
Министерката посочи меѓу другото и дека се прават напори да се внесат што повеќе лекарства на позитивната листа, и со тоа да се намали издатокот за лекови на пензионерите. Таа се осврна и на пензискиот систем и дефицитот кој претходно беше направен во периодот 2008-2016 година, а кој вели, со добри политики и домаќинско работење се намалува. Со тоа, додава таа, се намалува придонесот од централниот буџет кон Фондот, а растат приходите на Фондот. Според Тренчевска, искажаните ставови во однос на зголемувањето на платите на функционерите од 78 проценти, веќе не заслужуваат коментар, посочувајќи дека е тоа одлука на Уставниот суд, и при тоа укажа дека не само Владата туку и локалната самоуправа има обврска да се грижи за граѓаните.
И јас не се согласувам со покачувањето, меѓутоа тоа е одлука на Уставниот суд, а законот мора да се почитува. Тој што не ја почитува одлуката на Уставниот суд, односно законот, врши кривична одговорност и ако пензионерите се бунат за овие 78 отсто нека одат да протестираат пред Устваниот суд. Само 45 функционери се во Владата, останатите се пратеници, градоначалници, судии и јавни обвинители. Најмал дел се во Владата. Меѓутоа законот е ист за сите. И во краен случај Владата прави за пензионерите - новата методологија, финансиска поддршка во делот на социјална поддршка на ранливите категории. Зошто ниту една локална самоуправа, а гледаме деновиве градоначалниците се јавуваат и го поддржуваат протестот, зошто ниту еден од тие градоначалници не донесе мерка со која што ќе ги поддржи граѓаните кои живеат на оваа територија, а имаат минимална пензија. Бидејќи не само Владата туку и локалната самоуправа имаат и право и обврска да се грижат за граѓаните, вели Тренчевска.

The post Тренчевска: Секое нереално покачување на пензиите, ќе ја доведе во прашање стабилноста на Фондот appeared first on Република.

]]>
МТСП: Сите барања ќе бидат разгледани и заедно во дијалог со Сојузот на пензионери ќе се креираат понатамошните политики и мерки https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mtsp-site-barana-ke-bidat-razgledani-i-zaedno-vo-dijalog-so-sojuzot-na-penzioneri-ke-se-kreiraat-ponatamoshnite-politiki-i-merki/ Mon, 14 Aug 2023 15:11:35 +0000 https://republika.mk/?p=672076

Министерството за труд и социјална политика, по денешната средба со претставници на Иницијативниот одбор на пензионери на Македонија, информира дека сите барања кои им биле доставени ќе бидат разгледани и заедно во дијалог со Сојузот на пензионери ќе се креираат понатамошните политики и мерки за пензионерите со посебен акцент на оние со пониски пензии, а во насока на обезбедување на достоен живот за сите граѓани.

На средбата со министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, претставниците на Иницијативниот одбор на пензионери, како што информираат од МТСП, ги изнеле своите барања меѓу кои, линеарно зголемување од 3500 денари на сите пензии, како и продолжување на усогласување согласно новата методологија воспоставена минатата година, одредување на минималната пензија во износ 80 отсто од минималната плата, ,зголемување на надоместокот за мобилност и туѓа нега и Гарантирана минимална помош.

https://republika.mk/vesti/makedonija/trenchevska-minimalna-penzija-od-18-000-denari-e-nepravedno-linerano-zgolemuvane-e-neustavno/

Од МТСП, посочуваат дека Тренчевска ги ислушала барањата, по што се отворила дискусија околу истите, при што, министерката истакнала дека пензионерите и унапредувањето на квалитетот на живот на нашата највозрасна категорија на граѓани, е приоритет на оваа Влада, и дека за тоа потврдуваат фактите дека од доаѓањето на оваа Влада, прво што беше отворено е прашањето за порастот на пензиите и обезбедувањето на достоен живот за сите.

Минатата година низ транспарентен процес заедно со Сојузот на пензионери и Партијата на пензионери ја донесовме новата методологија која обезбедува усогласување со трошоците за живот и просечната плата. Тоа е најреалниот пораст на пензиите. Тоа е системско решение кое овозможува постојан раст на пензиите, рече Тренчевска.

Со последните измени на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кои стапија на сила во март 2022 година, и воведувањето на новиот начин на усогласување на пензијата, со усогласување со комбиниран модел од 50 отсто пораст на просечната плата и 50 отсто пораст на трошоци на живот пензиите пораснаа за околу 21 отсто. Првото усогласување во септември 2022 година беше 6.8 отсто, второто во март 2023 година – 8.4 отсто и моменталната проекција за септември 2023 година- најмалку 6 отсто. Заедно со усогласувањето во јануари 2022 година тоа е раст за околу 24 отсто од доаѓањето на овој владин состав, посочуваат од МТСП.

Тренчевска истакна дека иницијативата за унапредувањето на квалитетот на живот на пензионерите потекнува токму од Министерството за труд и социјална политика и таа е поддржана од Владата.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/ne-sakaat-troshki-i-mizerija-sakaat-dostoinstven-zhivot-penzionerite-na-protest/

Во 2022 година, месеците март, април и мај, сите 330 000 пензионери добија финансиска помош од 3000 денари, а пензионерите со ниски пензии беа дел и од пакетот финансиска помош за ранливи категории на граѓани односно добија помош од 3000 и 6000 денари во зависност од висината на пензијата. Владата продолжува и со субвенционирање на електричната енергија за сите граѓани, вклучително и пензионерите. Пензионерите со ниски пензии преку Министерството за економија, можат да добијат субвенции за електрична енергија до 1000 денари, посочуваат од МТСП.

Тренчевска, се вели во соопштението, исто така, потенцираше дека со добри политики и домаќинско работење се обезбедува стабилност на Пензискиот фонд и пензионерите ги добиваат пензиите редовно и предвреме.

The post МТСП: Сите барања ќе бидат разгледани и заедно во дијалог со Сојузот на пензионери ќе се креираат понатамошните политики и мерки appeared first on Република.

]]>

Министерството за труд и социјална политика, по денешната средба со претставници на Иницијативниот одбор на пензионери на Македонија, информира дека сите барања кои им биле доставени ќе бидат разгледани и заедно во дијалог со Сојузот на пензионери ќе се креираат понатамошните политики и мерки за пензионерите со посебен акцент на оние со пониски пензии, а во насока на обезбедување на достоен живот за сите граѓани. На средбата со министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, претставниците на Иницијативниот одбор на пензионери, како што информираат од МТСП, ги изнеле своите барања меѓу кои, линеарно зголемување од 3500 денари на сите пензии, како и продолжување на усогласување согласно новата методологија воспоставена минатата година, одредување на минималната пензија во износ 80 отсто од минималната плата, ,зголемување на надоместокот за мобилност и туѓа нега и Гарантирана минимална помош. https://republika.mk/vesti/makedonija/trenchevska-minimalna-penzija-od-18-000-denari-e-nepravedno-linerano-zgolemuvane-e-neustavno/ Од МТСП, посочуваат дека Тренчевска ги ислушала барањата, по што се отворила дискусија околу истите, при што, министерката истакнала дека пензионерите и унапредувањето на квалитетот на живот на нашата највозрасна категорија на граѓани, е приоритет на оваа Влада, и дека за тоа потврдуваат фактите дека од доаѓањето на оваа Влада, прво што беше отворено е прашањето за порастот на пензиите и обезбедувањето на достоен живот за сите.
Минатата година низ транспарентен процес заедно со Сојузот на пензионери и Партијата на пензионери ја донесовме новата методологија која обезбедува усогласување со трошоците за живот и просечната плата. Тоа е најреалниот пораст на пензиите. Тоа е системско решение кое овозможува постојан раст на пензиите, рече Тренчевска.
Со последните измени на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кои стапија на сила во март 2022 година, и воведувањето на новиот начин на усогласување на пензијата, со усогласување со комбиниран модел од 50 отсто пораст на просечната плата и 50 отсто пораст на трошоци на живот пензиите пораснаа за околу 21 отсто. Првото усогласување во септември 2022 година беше 6.8 отсто, второто во март 2023 година – 8.4 отсто и моменталната проекција за септември 2023 година- најмалку 6 отсто. Заедно со усогласувањето во јануари 2022 година тоа е раст за околу 24 отсто од доаѓањето на овој владин состав, посочуваат од МТСП. Тренчевска истакна дека иницијативата за унапредувањето на квалитетот на живот на пензионерите потекнува токму од Министерството за труд и социјална политика и таа е поддржана од Владата. https://republika.mk/vesti/ekonomija/ne-sakaat-troshki-i-mizerija-sakaat-dostoinstven-zhivot-penzionerite-na-protest/
Во 2022 година, месеците март, април и мај, сите 330 000 пензионери добија финансиска помош од 3000 денари, а пензионерите со ниски пензии беа дел и од пакетот финансиска помош за ранливи категории на граѓани односно добија помош од 3000 и 6000 денари во зависност од висината на пензијата. Владата продолжува и со субвенционирање на електричната енергија за сите граѓани, вклучително и пензионерите. Пензионерите со ниски пензии преку Министерството за економија, можат да добијат субвенции за електрична енергија до 1000 денари, посочуваат од МТСП.
Тренчевска, се вели во соопштението, исто така, потенцираше дека со добри политики и домаќинско работење се обезбедува стабилност на Пензискиот фонд и пензионерите ги добиваат пензиите редовно и предвреме.

The post МТСП: Сите барања ќе бидат разгледани и заедно во дијалог со Сојузот на пензионери ќе се креираат понатамошните политики и мерки appeared first on Република.

]]>
Пензионерите ѝ протестираат на министерката за труд и социјала Јованка Тренчевска https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/penzionerite-protestiraat-na-ministerkata-za-trud-i-sotsijala-jovanka-trenchevska/ Mon, 14 Aug 2023 10:24:39 +0000 https://republika.mk/?p=671943

Пензионерите денеска протестираат и пред Министерството за труд и социјална политика каде што ќе побараат средба со министерката Јованка Тренчевска.

Изминатиот период, пензионерите протестираа во своите градови изразувајќи незадоволство од процентуалното зголемување на пензиите.

Минатата година беше донесена нова методологија за пресметка на пензиите согласно која сега во септември пензиите треба да се зголемат за шест проценти.

Со барање за оставка од претседателката на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија почна денешниот протест на пензионерите во Скопје.

На протестот има пензионери од сите краишта на земјава. Тие се упатија кон Министерството за труд и социјална политика, а се движат од Градска болница, покрај републичкото Собрание. Улиците „Даме Груев“ и „11 Октомври“ се затворени за сообраќај.

Пензионерите бараат линеарно зголемување на пензиите, а минималната пензија да биде еднаква на минималната плата. Од Сојузот на здруженија на пензионери не се согласуваат со протестите.

Минатата година беше донесена нова методологија за пресметка на пензиите согласно која сега во септември пензиите треба да се зголемат за шест проценти.

The post Пензионерите ѝ протестираат на министерката за труд и социјала Јованка Тренчевска appeared first on Република.

]]>

Пензионерите денеска протестираат и пред Министерството за труд и социјална политика каде што ќе побараат средба со министерката Јованка Тренчевска. Изминатиот период, пензионерите протестираа во своите градови изразувајќи незадоволство од процентуалното зголемување на пензиите. Минатата година беше донесена нова методологија за пресметка на пензиите согласно која сега во септември пензиите треба да се зголемат за шест проценти. Со барање за оставка од претседателката на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија почна денешниот протест на пензионерите во Скопје. На протестот има пензионери од сите краишта на земјава. Тие се упатија кон Министерството за труд и социјална политика, а се движат од Градска болница, покрај републичкото Собрание. Улиците „Даме Груев“ и „11 Октомври“ се затворени за сообраќај. Пензионерите бараат линеарно зголемување на пензиите, а минималната пензија да биде еднаква на минималната плата. Од Сојузот на здруженија на пензионери не се согласуваат со протестите. Минатата година беше донесена нова методологија за пресметка на пензиите согласно која сега во септември пензиите треба да се зголемат за шест проценти.

The post Пензионерите ѝ протестираат на министерката за труд и социјала Јованка Тренчевска appeared first on Република.

]]>
Тренчевска: Поимот род и пол не е исто што и родов идентитет https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/trenchevska-poimot-rod-i-pol-ne-e-isto-shto-i-rodov-identitet/ Thu, 29 Jun 2023 09:02:36 +0000 https://republika.mk/?p=656342

Законот за родова еднаквост не е исто што и Законот за матична евиденција. Законот за матична евиденција го третира родовиот идентитет, односно можноста на трансродово лице да може да ја смени ознаката во матичниот број онаму каде што се обележува родот, а Законот за родова еднаквост се фокусира на унапредување на положбата на жените во општество. Не губиме ништо од она што во моментот го имаме како право, изјави министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

Министерката потенцира дека Законот за родова еднаквост ја унапредува положбата на жените во сите сфери на општественото живеење и што треба да направи државата за да ја унапреди положбата на жените во општеството.

Како што рече, со Законот за родова еднаквост ниту се третира менувањето на полот, ниту се третираат истополовите бракови.

Направивме 18 јавни дебати во однос на Предлог законот за родова еднаквост. Законот се уште е во консултативен процес, не е ниту во собраниска, ниту во владина процедура. Продолжува широкиот консултативен процес, за да ги слушнеме сите заинтерсирани чинители и да дојдеме до решение кое ќе одговара на целото општество, изјави Тренчевска по денешниот брифинг со новинарите.

Според министерката, проблемот настанал со спојувањето на овие два закони. Како што рече, станува збор за два различни закони кои третираат различна проблематика.

За Законот за измени и дополнување на Законот за матична евиденција, Владата во март 2022 година на седница донесе одлука да се повлече од собраниска процедура, за да се прошири консултативниот процес и да се изнајде решение кое ќе одговара на сите засегнати чинители во општеството, рече Тренчевска.

Прашана како го коментира вечерашниот протест на МПЦ, Тренчевска рече дека легитимно право е на секого да организира протест, но легитимно право е и да се каже вистината.

Како борец за човекови права, не можам да кажам дека протест не смее да се одржува. Протестот е легитимно право на секој, но легитимно право е и да биде кажана вистината за двата закони, и за дефинициите и за механизмите. Протест може и по Устав и по закон да организира секој во државата, рече Тренчевска.

Според министерката, родовата еднаквост не е исто што и половата еднаквост.

Поимот род и пол не е исто што и родов идентитет. Тое се дефинирани согласно постојната законска регулатива во државата и согласно она што државата го презела како обврска од Истанбулската конвенција, идентични се дефинициите во Предлог законот за родова еднаквост со Законот за заштита и спречување од насилство врз жените, правна несигурност во државата ќе постои ако имаме различни дефиниции во различни закони, додаде Тренчевска.

The post Тренчевска: Поимот род и пол не е исто што и родов идентитет appeared first on Република.

]]>

Законот за родова еднаквост не е исто што и Законот за матична евиденција. Законот за матична евиденција го третира родовиот идентитет, односно можноста на трансродово лице да може да ја смени ознаката во матичниот број онаму каде што се обележува родот, а Законот за родова еднаквост се фокусира на унапредување на положбата на жените во општество. Не губиме ништо од она што во моментот го имаме како право, изјави министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска. Министерката потенцира дека Законот за родова еднаквост ја унапредува положбата на жените во сите сфери на општественото живеење и што треба да направи државата за да ја унапреди положбата на жените во општеството. Како што рече, со Законот за родова еднаквост ниту се третира менувањето на полот, ниту се третираат истополовите бракови.