Јована Тренчевска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jovana-trenchevska/ За подобро да се разбереме Tue, 19 Mar 2024 16:15:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Јована Тренчевска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jovana-trenchevska/ 32 32 Реакција на Тренчевска по нападот на директорите на Центрите за социјална работа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/reaktsija-na-trenchevska-po-napadot-na-direktorite-na-tsentrite-za-sotsijalna-rabota/ Tue, 19 Mar 2024 16:10:17 +0000 https://republika.mk/?p=756391

Дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, во пишана изјава реагира по нападот на директорите на Центрите за социјална работа.

Реакцијата ја пренесуваме во целост:

„Министерството за труд и социјална политика во време кога јас бев министерка не функционираше под притисоци и наредби. Демократското делување е едно од начелата по кои се водевме како кабинет. И токму затоа, ја искажувам мојата лична поддршка на сите директори на Центрите на социјална работа, затоа што во две години мандат ниту еднаш не се посомневав во работата на вработените и никогаш корективните налози не беа истакнати јавно, во медиуми за политички поени. Воедно инспекциските надзори никогаш не беа користени за политички притисоци.

Моето делување како министерка ниту еднаш не се косеше со правата загарантирани со Уставот во нашата држава. Слободата на говор за мене е најважно човеково право и го охрабрувам секој еден граѓанин гласно да говори кога на било каков начин е повредено неговото достоинство.

Последните реакции од кабинетот на техничкиот министер се проткаени само со напади, притисоци и видно непознавање на законите. Повторувам после секоја увидена неправилност во исплатата на било кое право од социјална заштита се врши теренски увид и доколку се утврди истото правото се прекинува и исплатените средства се враќаат назад!

Почитувани граѓани верувам во Законите и мерките кои ги имаме донесено и верувам во капацитетите на оние кои ги имплементираат. Секој кој не го познава доволно Законот за социјална заштита го поканувам да го прочита тука https://www.mtsp.gov.mk/content/pdf/zakoni/2019/28.5_zakon_SZ.pdf“, се наведува во реакција на Тренчевска по нападот на техничкиот министер врз директорите во Центрите за социјална работа.

The post Реакција на Тренчевска по нападот на директорите на Центрите за социјална работа appeared first on Република.

]]>

Дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, во пишана изјава реагира по нападот на директорите на Центрите за социјална работа.

Реакцијата ја пренесуваме во целост:
„Министерството за труд и социјална политика во време кога јас бев министерка не функционираше под притисоци и наредби. Демократското делување е едно од начелата по кои се водевме како кабинет. И токму затоа, ја искажувам мојата лична поддршка на сите директори на Центрите на социјална работа, затоа што во две години мандат ниту еднаш не се посомневав во работата на вработените и никогаш корективните налози не беа истакнати јавно, во медиуми за политички поени. Воедно инспекциските надзори никогаш не беа користени за политички притисоци.   Моето делување како министерка ниту еднаш не се косеше со правата загарантирани со Уставот во нашата држава. Слободата на говор за мене е најважно човеково право и го охрабрувам секој еден граѓанин гласно да говори кога на било каков начин е повредено неговото достоинство.   Последните реакции од кабинетот на техничкиот министер се проткаени само со напади, притисоци и видно непознавање на законите. Повторувам после секоја увидена неправилност во исплатата на било кое право од социјална заштита се врши теренски увид и доколку се утврди истото правото се прекинува и исплатените средства се враќаат назад!   Почитувани граѓани верувам во Законите и мерките кои ги имаме донесено и верувам во капацитетите на оние кои ги имплементираат. Секој кој не го познава доволно Законот за социјална заштита го поканувам да го прочита тука https://www.mtsp.gov.mk/content/pdf/zakoni/2019/28.5_zakon_SZ.pdf“, се наведува во реакција на Тренчевска по нападот на техничкиот министер врз директорите во Центрите за социјална работа.

The post Реакција на Тренчевска по нападот на директорите на Центрите за социјална работа appeared first on Република.

]]>
Минстерката Тренчевска имала сообраќајка на патот Штип-Радовиш, повреден е нејзиниот возач https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/minsterkata-trenchevska-imala-soobrakajka-na-patot-shtip-radovish-povreden-e-nejziniot-vozach/ Fri, 05 Jan 2024 21:56:36 +0000 https://republika.mk/?p=730242

Владино возило во кое било превезувана министерката за труд и социјална Јована Тренчевска политика учествувало во сообраќајна несреќа на патот Штип – Радовиш, а во несреќата повреден е нејзиниот возач.

Како што соопшти МВР, несреќата се случила околу 17:30 во близина на штипското село Лакавица, а во несреќата учествувале владината „шкода“ и патничко возило „фолксфаген пасат“ со швајцарски регистарски таблички кое го управувал 48-годишник од селото Мокриево, кај Ново село.

Во владиното возило патувала Тренчевска и вработена во нејзиниот кабинет, Н.Д., а го управувал нејзиниот 53-годишен возач со иницијали Г.А.. Во „пасатот“ имало четворица сопатници.

-Во сообраќајната незгода со телесна повреда се здобил возачот на шкодата Г.А., констатирана од лекар од Итната медицинска помош Штип. До сега не се пријавени повреди од друго лице. Увид на местото извршиле увидна екипа на СВР Штип и јавен обвинител, велат од МВР.

The post Минстерката Тренчевска имала сообраќајка на патот Штип-Радовиш, повреден е нејзиниот возач appeared first on Република.

]]>

Владино возило во кое било превезувана министерката за труд и социјална Јована Тренчевска политика учествувало во сообраќајна несреќа на патот Штип – Радовиш, а во несреќата повреден е нејзиниот возач. Како што соопшти МВР, несреќата се случила околу 17:30 во близина на штипското село Лакавица, а во несреќата учествувале владината „шкода“ и патничко возило „фолксфаген пасат“ со швајцарски регистарски таблички кое го управувал 48-годишник од селото Мокриево, кај Ново село. Во владиното возило патувала Тренчевска и вработена во нејзиниот кабинет, Н.Д., а го управувал нејзиниот 53-годишен возач со иницијали Г.А.. Во „пасатот“ имало четворица сопатници. -Во сообраќајната незгода со телесна повреда се здобил возачот на шкодата Г.А., констатирана од лекар од Итната медицинска помош Штип. До сега не се пријавени повреди од друго лице. Увид на местото извршиле увидна екипа на СВР Штип и јавен обвинител, велат од МВР.

The post Минстерката Тренчевска имала сообраќајка на патот Штип-Радовиш, повреден е нејзиниот возач appeared first on Република.

]]>
Тренчевска: Нашата мисија како Министерство е да останеме доследни на нашите должности да одговориме на потребите на мигрантите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/trenchevska-nashata-misija-kako-ministerstvo-e-da-ostaneme-dosledni-na-nashite-dolzhnosti-da-odgovorime-na-potrebite-na-migrantite/ Mon, 30 Oct 2023 11:20:29 +0000 https://republika.mk/?p=696265

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска се обрати во воведните излагања на завршниот настан од заедничкиот проект на Обединетите нации „Планирање и дискурс за миграциска политика заснована на докази во Македонија“

Тренчевска на почетокот од своето обраќање ги истакна досегашните соработки со меѓународните организации и посочи дека постојаната комуникација со нив и спроведените активности придонесуваат кон поголем квалитет на живот и соодветен одговор на потребите на мигрантите.

„Нашата мисија како Министерство е да останеме доследни на нашите должности да одговориме на потребите на мигрантите. Како солидарна и праведна Влада продолжуваме да работиме на заеднички проекти со Обединетите нации кон подобар прием и третман на мигрантите во нашата држава“ рече Тренчевска.

Таа ја истакна работата на министерството во насока на зајакнување на одговорот на предизвикот со мигрантите.

„Активно учествувавме во изработката на најновата Резолуција за миграциска политика 2021-2025 година која е усвоена од Собранието во декември 2021 година; во обезбедувањето на релевантни информации и податоци за Миграцискиот профил на Македонија 2021 година и Индексот на управување со миграцијата 2021 година. На наше барање во 2021 година беа изработени и „Предлогот за измени и дополнувања на Правилникот за стандарди за прием на баратели на азил“ и „Прирачникот за начинот на спроведување на програмата за интеграција на лицата на кои им е одобрен азил“. Ревидираниот Правилник има за цел да ја зајакне меѓусекторската соработка помеѓу Министерството за труд и социјална политика и Министерството за внатрешни работи“ рече Тренчевска.

Тренчевска на крајот од своето обраќање истакна дека посветената работа со меѓународните организации продолжува понатаму.

The post Тренчевска: Нашата мисија како Министерство е да останеме доследни на нашите должности да одговориме на потребите на мигрантите appeared first on Република.

]]>

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска се обрати во воведните излагања на завршниот настан од заедничкиот проект на Обединетите нации „Планирање и дискурс за миграциска политика заснована на докази во Македонија“ Тренчевска на почетокот од своето обраќање ги истакна досегашните соработки со меѓународните организации и посочи дека постојаната комуникација со нив и спроведените активности придонесуваат кон поголем квалитет на живот и соодветен одговор на потребите на мигрантите. „Нашата мисија како Министерство е да останеме доследни на нашите должности да одговориме на потребите на мигрантите. Како солидарна и праведна Влада продолжуваме да работиме на заеднички проекти со Обединетите нации кон подобар прием и третман на мигрантите во нашата држава“ рече Тренчевска.   Таа ја истакна работата на министерството во насока на зајакнување на одговорот на предизвикот со мигрантите.   „Активно учествувавме во изработката на најновата Резолуција за миграциска политика 2021-2025 година која е усвоена од Собранието во декември 2021 година; во обезбедувањето на релевантни информации и податоци за Миграцискиот профил на Македонија 2021 година и Индексот на управување со миграцијата 2021 година. На наше барање во 2021 година беа изработени и „Предлогот за измени и дополнувања на Правилникот за стандарди за прием на баратели на азил“ и „Прирачникот за начинот на спроведување на програмата за интеграција на лицата на кои им е одобрен азил“. Ревидираниот Правилник има за цел да ја зајакне меѓусекторската соработка помеѓу Министерството за труд и социјална политика и Министерството за внатрешни работи“ рече Тренчевска.   Тренчевска на крајот од своето обраќање истакна дека посветената работа со меѓународните организации продолжува понатаму.

The post Тренчевска: Нашата мисија како Министерство е да останеме доследни на нашите должности да одговориме на потребите на мигрантите appeared first on Република.

]]>
Келнерите од Блед на Таче и 12-те пензионерски илјади на Тренчевска https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kelnerite-od-bled-na-tache-i-12-te-penzionerski-iljadi-na-trenchevska/ Thu, 31 Aug 2023 15:42:25 +0000 https://republika.mk/?p=677672

Келнери од Македонија на Блед го молеле Ковачевски да не внесе во ЕУ за да се врателе дома. Се е тоа убаво, му доаѓа саклма на душата на човек кога го слуша ова, ама една работа ме мачи – не знам што бараат таму, кога овде СДСМ е на власт седма година по ред и кога, ако му веруваме на Заев, а нема причина да не му веруваме зашто тој не е човек што било кога во животот излажал, ние блескавме и блескамe - пишува Дарко Јаневски во својата најнова колумна.

Во натписот објавен денеска на Денешен.мк Јаневски нагласува:

И навистина, зошто овие студенти отишле да работат во Словенија кога келнери можеле да бидат и овде, а овде можеле и да студираат. На некој од нашите престижни универзитети кои само поради злоба на странците не се на Шангајската листа. По седум години блескање, наспроти претходниот понор, Македонија со Таче на чело, конечно е пристојно место за живеење. Еве прашајте ги пензионерите со 12 000 денари пензија кои според министерката Тренчевска, можат да го преживеат месецот со тие пари. А замислите што ќе правите со парите, ако како келнер добиете дури 20 000 денари. Плус бакшишот кој не е пријавен кај министерката за преживување, која се покажа како достојна замена за умот на Мила Царовска.

Така што нема потреба да се оди во Словенија или било каде надвор од this beautifully country, што би рекле странците. Ако со 12 000 денари месечно се живее, каде ли им е крајот на оние што земаат минимална плата од 20 000 денари или просечна плата од 36 000 денари? Само небото им е лимит, па и тоа не мора да биде нивниот врвен дострел.

Нешто Синдикатот промрчува од време на време со некоја синдикална кошничка од 50-тина илјади денари, во која за лекови се предвидени само 820 денари (но, ние секогаш се водиме од максимата „во здраво тело, здрав дух“, па и тие 800 денари ни се многу), но и тоа што Синдикатот мрчи е само колку да се каже дека нешто работи.

Во секој случај може да се заклучи дека Ковачевски ни пренесе порака од аздисани деца кои не можат и не сакаат да го видат сонцето што посилно ја грее Северна отколку Словенија. А, ако тоа е така, ако тие деца и уште 150 000 други иселени во периодот 2017-2022 година, само поради сопствен хир си заминале од овде, не знам зошто би ги слушале нивните апели. И зошто би им попуштиле на Бугарите за да влеземе во ЕУ, кога овде и без тоа ни е сосема добро.

Нормално, секогаш ќе најдете ситни души на кои се нешто не им чини. Така една пензионерка, која не чула за Тренчевска и која има пензија од 12 000 денари продаваше свеќи пред црква за празникот Успение на света Богородица, само за да се луксузира со тој вишок на пари кој му доаѓа како плус на нејзините месечни 12 000 доволни за живеачка. Си седи под сенка, пуши цигара (ете ти луксуз), продава свеќи и ги брои парите со кои ќе тера луксузен живот. Една свеќа – три денари, поголемата – пет денари. Живот е тоа, ами како!

И ја става раката на глава и вели: „До овде ми е од овие“! Ја гледам и се мислам како да и кажам дека треба малку да намали со расфрлањето пари. Да погледа телевизија, да прочита портали, да чуе, да види колку и е убаво. Кога веќе самата не знае.

Целата колумна на денешен.мк

The post Келнерите од Блед на Таче и 12-те пензионерски илјади на Тренчевска appeared first on Република.

]]>

Келнери од Македонија на Блед го молеле Ковачевски да не внесе во ЕУ за да се врателе дома. Се е тоа убаво, му доаѓа саклма на душата на човек кога го слуша ова, ама една работа ме мачи – не знам што бараат таму, кога овде СДСМ е на власт седма година по ред и кога, ако му веруваме на Заев, а нема причина да не му веруваме зашто тој не е човек што било кога во животот излажал, ние блескавме и блескамe - пишува Дарко Јаневски во својата најнова колумна. Во натписот објавен денеска на Денешен.мк Јаневски нагласува: И навистина, зошто овие студенти отишле да работат во Словенија кога келнери можеле да бидат и овде, а овде можеле и да студираат. На некој од нашите престижни универзитети кои само поради злоба на странците не се на Шангајската листа. По седум години блескање, наспроти претходниот понор, Македонија со Таче на чело, конечно е пристојно место за живеење. Еве прашајте ги пензионерите со 12 000 денари пензија кои според министерката Тренчевска, можат да го преживеат месецот со тие пари. А замислите што ќе правите со парите, ако како келнер добиете дури 20 000 денари. Плус бакшишот кој не е пријавен кај министерката за преживување, која се покажа како достојна замена за умот на Мила Царовска. Така што нема потреба да се оди во Словенија или било каде надвор од this beautifully country, што би рекле странците. Ако со 12 000 денари месечно се живее, каде ли им е крајот на оние што земаат минимална плата од 20 000 денари или просечна плата од 36 000 денари? Само небото им е лимит, па и тоа не мора да биде нивниот врвен дострел. Нешто Синдикатот промрчува од време на време со некоја синдикална кошничка од 50-тина илјади денари, во која за лекови се предвидени само 820 денари (но, ние секогаш се водиме од максимата „во здраво тело, здрав дух“, па и тие 800 денари ни се многу), но и тоа што Синдикатот мрчи е само колку да се каже дека нешто работи. Во секој случај може да се заклучи дека Ковачевски ни пренесе порака од аздисани деца кои не можат и не сакаат да го видат сонцето што посилно ја грее Северна отколку Словенија. А, ако тоа е така, ако тие деца и уште 150 000 други иселени во периодот 2017-2022 година, само поради сопствен хир си заминале од овде, не знам зошто би ги слушале нивните апели. И зошто би им попуштиле на Бугарите за да влеземе во ЕУ, кога овде и без тоа ни е сосема добро. Нормално, секогаш ќе најдете ситни души на кои се нешто не им чини. Така една пензионерка, која не чула за Тренчевска и која има пензија од 12 000 денари продаваше свеќи пред црква за празникот Успение на света Богородица, само за да се луксузира со тој вишок на пари кој му доаѓа како плус на нејзините месечни 12 000 доволни за живеачка. Си седи под сенка, пуши цигара (ете ти луксуз), продава свеќи и ги брои парите со кои ќе тера луксузен живот. Една свеќа – три денари, поголемата – пет денари. Живот е тоа, ами како! И ја става раката на глава и вели: „До овде ми е од овие“! Ја гледам и се мислам како да и кажам дека треба малку да намали со расфрлањето пари. Да погледа телевизија, да прочита портали, да чуе, да види колку и е убаво. Кога веќе самата не знае.
Целата колумна на денешен.мк

The post Келнерите од Блед на Таче и 12-те пензионерски илјади на Тренчевска appeared first on Република.

]]>
Функционерите нема да добијат зголемување на платите од десет отсто https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/funktsionerite-nema-da-dobijat-zgolemuvane-na-platite-od-deset-otsto/ Fri, 21 Jul 2023 20:04:15 +0000 https://republika.mk/?p=664079

Зголемувањето на платите во јавната администрација за 10 отсто од септември годинава нема да важи за функционерите на кои претходно со одлука на Уставен суд им беше зголемена платата за 78 отсто, потврди вечерва министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска.

-Функционеите не се работници во јавниот сектор и за нив нема да важи зголемувањето на платите што е предвидено со договорот што го постигневме со ССМ, рече Тренчевска во гостување на ТВ Канал 5.

Таа нагласи дека зголемувањето на платите на функционерите не е со одлука на Владата, туку со одлука на Уставен суд која не се коментира и само се спроведува.

-Како Влада бараме начин да се намалат платите на функционерите, но не може тоа да го спроведеме само со наша одлука, туку е потребна и одлука на Собранието. Покрај тоа, со одлуката на Уставен суд за 78 отсто се зголемени и платите на градоначалниците, рече Тренчевска.

Оцени дека зголемувањето на платие за 10 отсто од септември за јавната администрација е најголемо досега барем од 2003 година откога и таа е во јавната администрација.

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија Слободан Трендафилов посочи дека зголемувањето од 10 отсто можеби не е доволно, но е добра основа за понатаму.

-Сега јавната администрација ќе има предвидливост и ќе знае дека во иднина ќе растат нивните плати, рече Трендафилов.

Министерката истакна дека со зголемување на платите ќе се бара и зголемување на продуктивноста на јавната администрација, на што Трендафилов и одговори дека нема лоши и непродуктивни работници, туку само малку платени работници.

-Ако ја покачуваме платата ќе бараме и реорганизација на работните места во јавната администрација што нема да значи губење на работни места, туку прераспоредување онаму каде што се потребни и каде ќе бидат попродуктивни, рече Тренчевска.

Таа нагласи дека е против одобрување на неплатено отсуство за работниците во јавниот сектор за да одат во странство на привремена работа коај е подобро платена.

-Тоа е нивно право, но не може да се добие само со барање и без пропратна документација за што им е потребно. Не може да не му се дозволи неплатено отсуство на работник за нега на болно лице или за нешто слично, посочи Тренчевска.

На тоа Трендафилов кажа дека ниту еден работник не треба да трпи доколку користи неплатено

The post Функционерите нема да добијат зголемување на платите од десет отсто appeared first on Република.

]]>

Зголемувањето на платите во јавната администрација за 10 отсто од септември годинава нема да важи за функционерите на кои претходно со одлука на Уставен суд им беше зголемена платата за 78 отсто, потврди вечерва министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска.
-Функционеите не се работници во јавниот сектор и за нив нема да важи зголемувањето на платите што е предвидено со договорот што го постигневме со ССМ, рече Тренчевска во гостување на ТВ Канал 5.
Таа нагласи дека зголемувањето на платите на функционерите не е со одлука на Владата, туку со одлука на Уставен суд која не се коментира и само се спроведува. -Како Влада бараме начин да се намалат платите на функционерите, но не може тоа да го спроведеме само со наша одлука, туку е потребна и одлука на Собранието. Покрај тоа, со одлуката на Уставен суд за 78 отсто се зголемени и платите на градоначалниците, рече Тренчевска. Оцени дека зголемувањето на платие за 10 отсто од септември за јавната администрација е најголемо досега барем од 2003 година откога и таа е во јавната администрација. Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија Слободан Трендафилов посочи дека зголемувањето од 10 отсто можеби не е доволно, но е добра основа за понатаму.
-Сега јавната администрација ќе има предвидливост и ќе знае дека во иднина ќе растат нивните плати, рече Трендафилов.
Министерката истакна дека со зголемување на платите ќе се бара и зголемување на продуктивноста на јавната администрација, на што Трендафилов и одговори дека нема лоши и непродуктивни работници, туку само малку платени работници. -Ако ја покачуваме платата ќе бараме и реорганизација на работните места во јавната администрација што нема да значи губење на работни места, туку прераспоредување онаму каде што се потребни и каде ќе бидат попродуктивни, рече Тренчевска. Таа нагласи дека е против одобрување на неплатено отсуство за работниците во јавниот сектор за да одат во странство на привремена работа коај е подобро платена. -Тоа е нивно право, но не може да се добие само со барање и без пропратна документација за што им е потребно. Не може да не му се дозволи неплатено отсуство на работник за нега на болно лице или за нешто слично, посочи Тренчевска. На тоа Трендафилов кажа дека ниту еден работник не треба да трпи доколку користи неплатено

The post Функционерите нема да добијат зголемување на платите од десет отсто appeared first on Република.

]]>
Тренчевска: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/trenchevska-sotsijalnite-partneri-postignaa-znachitelen-napredok-vo-pregovorite-za-rast-na-platite-vo-javen-sektor/ Thu, 29 Jun 2023 17:00:19 +0000 https://republika.mk/?p=656575

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска претседаваше со единаесетата седница на Економско социјалниот совет.

На седницата беа присутни Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, министерот за финансии, Фатмир Бесими, Размена Чекиќ – Дуровиќ, државна секретарка на Министерството за економија, членови на претставници на синдикатите, членови на претставници на работодавачите и претставници на институциите.

Седницата започна со едноминутно молчење и оддавање на почит кон прерано починатиот, Дарко Димовски, Претседател на Сојузот на Синдикати на Република Македонија.

На седницата од страна на претставниците на Владата беше презентиранa Методологија за пораст на платите во јавниот сектор со која се предлага нов транзициски период од 2023 - 2025 година односно зголемување на платите во период од 2.5 години.

По конструктивна дискусија помеѓу социјалните партнери во однос на предлогот, се донесе заклучок дека периодот на транзиција од 2.5 години е прифатлив, а владините претставници ќе направат нови симулации согласно понудените предлози од страна на синдикатите.

Социјалните партнери се согласија за продолжување на седницата на Економско социјалниот совет во понеделник, на која што ќе се разгледуваат новите понудени предлози за пресметка на платата на вработените во јавниот сектор.

The post Тренчевска: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор appeared first on Република.

Тренчевска: Легитимно е да се протестира, но легитимно е и да се знае вистината за законите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/trenchevska-legitimno-e-da-se-protestira-no-legitimno-e-i-da-se-znae-vistinata-za-zakonite/ Thu, 29 Jun 2023 16:40:00 +0000 https://republika.mk/?p=656547

Mинистерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во пресрет на сенародниот собир на МПЦ рече дека Законот за родова еднаквост, кој се уште не е ниту во владина процедура, има една единствена цел – да ги унапреди правата на жените.

Со Законот за родова еднаквост ќе се подобри положбата на жените во општеството, а со Законот за матична евиденција трансродово лице ќе може да се запише во матичната книга во родот во кој смета дека припаѓа.

„Не губиме ништо од она што во моментот го имаме како право. Признавањето на правото на одредена заедница не значи дека останатите губат некакви права. Напротив, тоа покажува дека државата има демократски капацитет и дека се грижи за сите граѓани, за сите заедници во општеството. Протестот е легитимно право на секој. Меѓутоа, легитимно право е да биде кажана вистината за двата закони“, вели Тренчевска.

Според неа, со него се регулираат механизмите, како Секретаријатот за родова еднаквост, кој ќе надгледува дали надлежните еднакво ги третираат мажите и жените.

-Вистината за Законот за родова еднаквост е дека со него ниту се третира менувањето на полот, ниту се третираат истополовите бракови, туку единствената област на која е фокусирана е положбата на жените и еднаквите можности на мажите и жените, вели Тренчевска.

Измените на Законот за водење матична евиденција е практично тој кој е поспорен бидејќи го регулира правното признавање на родовиот идентитет. Поднесен е од група пратенички од владејчакото мнозинство, но без да се консултираат со пратеничките групи.

Станува збор за два различни закони коишто третираат различна материја. Законот за матична евиденција го третира родовиот идентитет, односно можност на лице коешто е трансродово лице да може да ја смени дознаката во матичниот број, онаму кадешто се обележува родот, односно женски или машки род, рече Тренчевска.

Амбасадорката на Шведска во земјава вели дека родовата еднаквост е клучна за развојот на една држава.

Лекцијата од нашето патување е дека родовата еднаквост е многу важна за индивидуата, многу важна за општеството во целина, за економијата и просперитетот на државата. Жените често се вешти и многу образувани во своите професии и се потребни на пазарот на труд. Но за да се изгради општество подобро за сите, мора да бидат дел од процесите на носење демократски одлуки, рече амбасадорката Ами Ларсон Јаин.

Носењето на двата закони беа главните барања на Парадата на гордоста која се одржа во саботата во Скопје. Токму овие барања беа причина црквата за првпат да организира протест.

Македонија има напредок во индексот за родова еднаквост, и тоа за 2,5 поени за четири. Во извештајот, сепак се вели дека темпото на прогресот е многу бавен и ќе бидат потребни 57 години за да се постигне родова еднаквост. Македонските жени, споредено со тие во ЕУ, имаат помалку пари и помалку време.

The post Тренчевска: Легитимно е да се протестира, но легитимно е и да се знае вистината за законите appeared first on Република.

]]>

Mинистерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во пресрет на сенародниот собир на МПЦ рече дека Законот за родова еднаквост, кој се уште не е ниту во владина процедура, има една единствена цел – да ги унапреди правата на жените. Со Законот за родова еднаквост ќе се подобри положбата на жените во општеството, а со Законот за матична евиденција трансродово лице ќе може да се запише во матичната книга во родот во кој смета дека припаѓа.
„Не губиме ништо од она што во моментот го имаме како право. Признавањето на правото на одредена заедница не значи дека останатите губат некакви права. Напротив, тоа покажува дека државата има демократски капацитет и дека се грижи за сите граѓани, за сите заедници во општеството. Протестот е легитимно право на секој. Меѓутоа, легитимно право е да биде кажана вистината за двата закони“, вели Тренчевска.
Според неа, со него се регулираат механизмите, како Секретаријатот за родова еднаквост, кој ќе надгледува дали надлежните еднакво ги третираат мажите и жените.
-Вистината за Законот за родова еднаквост е дека со него ниту се третира менувањето на полот, ниту се третираат истополовите бракови, туку единствената област на која е фокусирана е положбата на жените и еднаквите можности на мажите и жените, вели Тренчевска.
Измените на Законот за водење матична евиденција е практично тој кој е поспорен бидејќи го регулира правното признавање на родовиот идентитет. Поднесен е од група пратенички од владејчакото мнозинство, но без да се консултираат со пратеничките групи.
Станува збор за два различни закони коишто третираат различна материја. Законот за матична евиденција го третира родовиот идентитет, односно можност на лице коешто е трансродово лице да може да ја смени дознаката во матичниот број, онаму кадешто се обележува родот, односно женски или машки род, рече Тренчевска.
Амбасадорката на Шведска во земјава вели дека родовата еднаквост е клучна за развојот на една држава. Лекцијата од нашето патување е дека родовата еднаквост е многу важна за индивидуата, многу важна за општеството во целина, за економијата и просперитетот на државата. Жените често се вешти и многу образувани во своите професии и се потребни на пазарот на труд. Но за да се изгради општество подобро за сите, мора да бидат дел од процесите на носење демократски одлуки, рече амбасадорката Ами Ларсон Јаин. Носењето на двата закони беа главните барања на Парадата на гордоста која се одржа во саботата во Скопје. Токму овие барања беа причина црквата за првпат да организира протест. Македонија има напредок во индексот за родова еднаквост, и тоа за 2,5 поени за четири. Во извештајот, сепак се вели дека темпото на прогресот е многу бавен и ќе бидат потребни 57 години за да се постигне родова еднаквост. Македонските жени, споредено со тие во ЕУ, имаат помалку пари и помалку време.

The post Тренчевска: Легитимно е да се протестира, но легитимно е и да се знае вистината за законите appeared first on Република.

]]>
Министерката Тренчевска очекува минималната плата да порасне на 20.200 денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ministerkata-trenchevska-ochekuva-minimalnata-plata-da-porasne-na-20-200-denari/ Tue, 10 Jan 2023 20:40:26 +0000 https://republika.mk/?p=595582

Министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, во емисијата „24 отворено“ вечерва рече дека пресметките за минималната плата се прават врз основа на метологодија која е донесена во маерт 2022 и оти тогаш ветиле дека ќе има постојан раст на платата со системско решение.

Тоа решение нема да зависи од политичка волја, туку ќе биде согласно порастот на просечната плата и трошоците и секоја година во март ќе се носи одлука за пораст на минималната плата. согласно податоците од ДСЗ. Очекуваме да биде околу 20 200 денари минималната плата, значи ќе имаме минимална плата над 20 000 денари. Во март 2023 ќе имаме двојно зголемување на минималната плата во некои сектори кои исплаќаа по 8000 денари плата во 2017 - рече министерката.

The post Министерката Тренчевска очекува минималната плата да порасне на 20.200 денари appeared first on Република.

Министерката Тренчевска за 2023 година најавува изградба на нови градинки https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ministerkata-trenchevska-za-2023-godina-najavuva-izgradba-na-novi-gradinki/ Sun, 01 Jan 2023 10:59:21 +0000 https://republika.mk/?p=592454

Министерката за за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, порача дека во новата година, во фокус на МТСП останува да биде детската заштита и овозможување на секое дете пристап до квалитетно предучилишно образование и воспитание.

И во 2023 продолжуваме со изградба на нови градинки и проширување на капацитетите за да може секое дете во државата да има пристап до предучилишно образование имајќи во предвид дека вклучувањето во предучилишното образование навистина влијае многу во растот и развојот на секое дете, изјави Тренчевска, при посетата на првото бебе родено на ГАК.

Таа на новороденчето му подари златник и упати честитки за Новата година.

The post Министерката Тренчевска за 2023 година најавува изградба на нови градинки appeared first on Република.

Тренчевска: Во 2023 проектирани 203 милиони евра за поддршка за ранливи категории граѓани https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/trenchevska-vo-2023-proektirani-203-milioni-evra-za-poddrshka-za-ranlivi-kategorii-gragjani/ Mon, 26 Dec 2022 10:11:48 +0000 https://republika.mk/?p=590008

 Во Буџетот на МТСП за 2023 година проектирани се 203 милиони евра за поддршка  за ранливи категории на граѓани, за навремени исплати на правата од системот на социјална заштита за граѓаните кои се во социјален ризик, соопшти министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска. 

Тренчевска, како што информира Министерството за труд и социјална политика, во утринската програма на МРТ 1 потсети на двата пакети антикризни мерки, креирани од Владата, со цел поддршка на граѓаните за полесно справување со последиците од енергетската и економската криза.

-Антикризните мерки опфатија 600.000 граѓани кои имаат ниски приходи или ранливост. Во март оваа година ги опфативме сите 330.000 пензионери со финансиска поддршка од 3000 ден. Со 3000 денари исто така беа опфатени и примателите на Гарантирана минимална помош. Од 1 декември обезбедивме дополнителни мерки кои опфаќаат поголем број социјално  ранливи категории. Тоа се примателите на правото на социјална сигурност, лицата со попреченост над 26 год, децата со попреченост, самохраните родители приматели на ГМП, стечајните работници, пензионерите со пензии до 14.000 денари, истакна Тренчевска.

The post Тренчевска: Во 2023 проектирани 203 милиони евра за поддршка за ранливи категории граѓани appeared first on Република.

]]>

 Во Буџетот на МТСП за 2023 година проектирани се 203 милиони евра за поддршка  за ранливи категории на граѓани, за навремени исплати на правата од системот на социјална заштита за граѓаните кои се во социјален ризик, соопшти министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.  Тренчевска, како што информира Министерството за труд и социјална политика, во утринската програма на МРТ 1 потсети на двата пакети антикризни мерки, креирани од Владата, со цел поддршка на граѓаните за полесно справување со последиците од енергетската и економската криза. -Антикризните мерки опфатија 600.000 граѓани кои имаат ниски приходи или ранливост. Во март оваа година ги опфативме сите 330.000 пензионери со финансиска поддршка од 3000 ден. Со 3000 денари исто така беа опфатени и примателите на Гарантирана минимална помош. Од 1 декември обезбедивме дополнителни мерки кои опфаќаат поголем број социјално  ранливи категории. Тоа се примателите на правото на социјална сигурност, лицата со попреченост над 26 год, децата со попреченост, самохраните родители приматели на ГМП, стечајните работници, пензионерите со пензии до 14.000 денари, истакна Тренчевска.

The post Тренчевска: Во 2023 проектирани 203 милиони евра за поддршка за ранливи категории граѓани appeared first on Република.

]]>
Тренчевска: Родовата еднаквост наш врвен приоритет, обезбедуваме еднакви можности за граѓаните https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/trenchevska-rodovata-ednakvost-nash-vrven-prioritet-obezbeduvame-ednakvi-moznosti-za-gragjanite/ Fri, 02 Dec 2022 18:12:17 +0000 https://republika.mk/?p=581065

Посветено работиме на родовата еднаквост. Тоа е наш приоритет како Влада и како Министерство, затоа што концептот „Едно општество за сите” е да обезбедиме еднакви можности за сите граѓани во општеството но и да имаме нулта толеранција за сите видови на насилство останува нашата цел, изјави министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

Таа на денешната Регионална консултација органзирана од Министерството за труд и социјална политика зборуваше за клучните предизвици за интеграцијата во Евроспката унија, родовата еднаквост, како и научените лекции од имплементацијата на Конвенцијата за спречување и заштита од сите видови на насилство врз жените и семејното насилство.

-Како Влада и како Министертство јасно покажавме во изминатиов период дека родовата еднаквост е наш врвен приоритет. Согласно Извештајот на Европската Комисија, се провејува одредбата дека Македонија е на вистинскиот пат во однос на родовата еднаквост, дека постигнуваме значителни резултати, како во развивање на нормативната рамка за усогласување со Истанбулската конвенција, така и рамки и политики за интегрирање на родовите перспективи и усогласување на националното право со правото на ЕУ, рече Тренчевска.

Како што напомена, со донесувањето на Националната стратегија за родова еднаквост 2021-26 година во јули оваа година постигнат е одличен напредок кон воспоставување на ефективен и ефикасен систем за вклучување на родовите аспекти во главните политики.

Во моментов, како што рече, во финална фаза е изработката на Законот за родова еднаквост, а неодамна Собранието го усвои и Законот за буџети, каде за првпат се вклучува родовиот концепт и родовото одговорно буџетирање.

Таа информираше дека во март 2022 година МТСП го отвори Ресурсниот центар за родово одговорни политики и политики за родово одговорно буџетирање, единствен ваков Центар во регионот и пошироко, а трет во светот кој што има интенција во наредните години да прерасне во еден регионален центар за креирање на родово одговорни политики.

Се подготвува, како што посочи, и Законот за заштита од вознемирување на работно место.

-Како Влада го усвоивме и предлогот за ратификација на Конвенцијата за насилство и вознемирување донесено од страна на Меѓународната организација на трудот од 2019 година и Стандардите од оваа Конвенција ќе бидат дел од новото законско решение. Ги зголемуваме капацитетите за згрижување на деца во предучилишното образование и во текот на 2021 година се отворени 11 нови објекти кои треба да помогнат и да ги поддржат жените за полесно и побрзо вклучување на пазарот на труд. Во 2022 година предучилишното образование и воспитание се спроведува во 78 јавни установи и 30 приватни детски  градинки, додаде Тренчевска.

Според министерката, кога зборуваме за родова еднаквост, зборуваме за зачувување на интегритетот и достоинството на жените како основно човеково право.

Затоа, потенцираше, со ратификацијата на Конвенцијата за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство на Советот на Европа нашата држава, Владата изрази подготвеност да го прилагоди системот на превенција, помош, заштита и процесуирање на случаите на насилство, вклучително и семејното насилство.

Таа додаде дека ефектите од ратификацијата на Конвенцијата се очигледни, а со унапредувањето на законската регулатива, со воспоставуавање на шелтер центри и на други услуги во сите плански региони во државата, како и се преземање на информативни и едукативни кампањи ќе се подигне свеста кај граѓаните за пријавување на насилството.

Даша Шиловиќ од Мрежата за родови прашања за Централна и Источна Европа пред почетокот на дебатата изјави дека важно да се бориме за вредности кои ни ги носи Европската Унија, а тоа се вредностите на социјална правда, рамноправност, човекови права и демократија.

-Во регионот на Западен Балкан сите земји ја ратификуваа Истанбулската конвенција. Но, едно е да се ратификува, а друго е да се спроеведува, посебно во ситуација во која се наоѓаме сите во Европа, односно во време на војна во Украина, енергетска криза, животна средина, и се бориме за зачувување на социјалните права, права на еднаквост и социјална емпатија, додаде Шиловиќ.

Таа потенцираше дека прогресивните политички сили, социјалисти и социјалдемократите во Европа даваат поддршка на проширувањето на Европската Унија и на интгерација на земјите од Западен Балкан.

The post Тренчевска: Родовата еднаквост наш врвен приоритет, обезбедуваме еднакви можности за граѓаните appeared first on Република.

]]>

Посветено работиме на родовата еднаквост. Тоа е наш приоритет како Влада и како Министерство, затоа што концептот „Едно општество за сите” е да обезбедиме еднакви можности за сите граѓани во општеството но и да имаме нулта толеранција за сите видови на насилство останува нашата цел, изјави министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска. Таа на денешната Регионална консултација органзирана од Министерството за труд и социјална политика зборуваше за клучните предизвици за интеграцијата во Евроспката унија, родовата еднаквост, како и научените лекции од имплементацијата на Конвенцијата за спречување и заштита од сите видови на насилство врз жените и семејното насилство.
-Како Влада и како Министертство јасно покажавме во изминатиов период дека родовата еднаквост е наш врвен приоритет. Согласно Извештајот на Европската Комисија, се провејува одредбата дека Македонија е на вистинскиот пат во однос на родовата еднаквост, дека постигнуваме значителни резултати, како во развивање на нормативната рамка за усогласување со Истанбулската конвенција, така и рамки и политики за интегрирање на родовите перспективи и усогласување на националното право со правото на ЕУ, рече Тренчевска.
Како што напомена, со донесувањето на Националната стратегија за родова еднаквост 2021-26 година во јули оваа година постигнат е одличен напредок кон воспоставување на ефективен и ефикасен систем за вклучување на родовите аспекти во главните политики. Во моментов, како што рече, во финална фаза е изработката на Законот за родова еднаквост, а неодамна Собранието го усвои и Законот за буџети, каде за првпат се вклучува родовиот концепт и родовото одговорно буџетирање. Таа информираше дека во март 2022 година МТСП го отвори Ресурсниот центар за родово одговорни политики и политики за родово одговорно буџетирање, единствен ваков Центар во регионот и пошироко, а трет во светот кој што има интенција во наредните години да прерасне во еден регионален центар за креирање на родово одговорни политики. Се подготвува, како што посочи, и Законот за заштита од вознемирување на работно место. -Како Влада го усвоивме и предлогот за ратификација на Конвенцијата за насилство и вознемирување донесено од страна на Меѓународната организација на трудот од 2019 година и Стандардите од оваа Конвенција ќе бидат дел од новото законско решение. Ги зголемуваме капацитетите за згрижување на деца во предучилишното образование и во текот на 2021 година се отворени 11 нови објекти кои треба да помогнат и да ги поддржат жените за полесно и побрзо вклучување на пазарот на труд. Во 2022 година предучилишното образование и воспитание се спроведува во 78 јавни установи и 30 приватни детски  градинки, додаде Тренчевска. Според министерката, кога зборуваме за родова еднаквост, зборуваме за зачувување на интегритетот и достоинството на жените како основно човеково право. Затоа, потенцираше, со ратификацијата на Конвенцијата за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство на Советот на Европа нашата држава, Владата изрази подготвеност да го прилагоди системот на превенција, помош, заштита и процесуирање на случаите на насилство, вклучително и семејното насилство. Таа додаде дека ефектите од ратификацијата на Конвенцијата се очигледни, а со унапредувањето на законската регулатива, со воспоставуавање на шелтер центри и на други услуги во сите плански региони во државата, како и се преземање на информативни и едукативни кампањи ќе се подигне свеста кај граѓаните за пријавување на насилството. Даша Шиловиќ од Мрежата за родови прашања за Централна и Источна Европа пред почетокот на дебатата изјави дека важно да се бориме за вредности кои ни ги носи Европската Унија, а тоа се вредностите на социјална правда, рамноправност, човекови права и демократија. -Во регионот на Западен Балкан сите земји ја ратификуваа Истанбулската конвенција. Но, едно е да се ратификува, а друго е да се спроеведува, посебно во ситуација во која се наоѓаме сите во Европа, односно во време на војна во Украина, енергетска криза, животна средина, и се бориме за зачувување на социјалните права, права на еднаквост и социјална емпатија, додаде Шиловиќ. Таа потенцираше дека прогресивните политички сили, социјалисти и социјалдемократите во Европа даваат поддршка на проширувањето на Европската Унија и на интгерација на земјите од Западен Балкан.

The post Тренчевска: Родовата еднаквост наш врвен приоритет, обезбедуваме еднакви можности за граѓаните appeared first on Република.

]]>
Тренчевска: Се испитува случајот на малтертирањето на ученикот од Градско https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/trenchevska-se-ispituva-sluchajot-na-maltertiranjeto-na-uchenikot-od-gradsko/ Thu, 01 Dec 2022 16:52:52 +0000 https://republika.mk/?p=580585

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, вели дека се испитува случајот со продолженото малтретирање на ученик во основно училиште во Градско.

Секоја злоупотреба или насилство врз децата треба да се пријавува во центрите за социјална работа, во случајот во Центарот за социјална работа во Велес. Се преземаат мерки од страна на стручните работници, ќе се испита случајот и по доставувањето на известувањето од Центарот за социјална работа, ќе бидат преземени соодветни мерки, изјави Тренчевска на прес-конференција во Владата.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/mu-gi-kinele-gakjite-tetratkite-i-uchebnicite-odlichen-uchenik-dve-godini-trpel-vrsnichko-nasilstvo-vo-gradsko/

Таткото на ученикот за дел од медиумите изјави дека неговото дете било жртва на булинг од страна на двајца соученици кои го малтретирале подолг временски период.

The post Тренчевска: Се испитува случајот на малтертирањето на ученикот од Градско appeared first on Република.

]]>

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, вели дека се испитува случајот со продолженото малтретирање на ученик во основно училиште во Градско.
Секоја злоупотреба или насилство врз децата треба да се пријавува во центрите за социјална работа, во случајот во Центарот за социјална работа во Велес. Се преземаат мерки од страна на стручните работници, ќе се испита случајот и по доставувањето на известувањето од Центарот за социјална работа, ќе бидат преземени соодветни мерки, изјави Тренчевска на прес-конференција во Владата.
https://republika.mk/vesti/crna-hronika/mu-gi-kinele-gakjite-tetratkite-i-uchebnicite-odlichen-uchenik-dve-godini-trpel-vrsnichko-nasilstvo-vo-gradsko/ Таткото на ученикот за дел од медиумите изјави дека неговото дете било жртва на булинг од страна на двајца соученици кои го малтретирале подолг временски период.

The post Тренчевска: Се испитува случајот на малтертирањето на ученикот од Градско appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Тренчевска да ги врати ингеренциите за градинките на општина Гевгелија, нејзините кадри кријат насилство врз бебиња https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-trenchevska-da-gi-vrati-ingerenciite-za-gradinkite-na-opshtina-gevgelija-nejzinite-kadri-krijat-nasilstvo-vrz-bebinja/ Fri, 25 Nov 2022 09:01:17 +0000 https://republika.mk/?p=578096

Јована Тренчевска им ги одзема ингеренциите за градинките на општините за да може да поставува директори од СДС, за кои постојат низа скандали и немили настани. Инцидентот со бруталното насилство врз 10 месечно бебе во Гевгелија е последен во низата, каде директорка назначена од Тренчевска крие насилство и не пријавува во Полиција, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ова е втор ваков случај на истата директорка, на која очигледно градинката и децата во неа не и се приоритет.

И наместо да има одговорност и разрешување, Тренчевска формира комисија по примерот на комисиите на Филипче за сите КОВИД скандали, за Јилдиз, за старецот од Кратовско, кои не видоа епилог.

Наместо да измислуваат тела и комисии кои ќе завршат без епилог и одговорност, Тренчевска да ја разреши директорката на детската градинка од Гевгелија и веднаш потоа да ги врати ингеренциите врз градинките на општина Гевгелија, се наведува во соопштението.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Тренчевска да ги врати ингеренциите за градинките на општина Гевгелија, нејзините кадри кријат насилство врз бебиња appeared first on Република.

]]>

Јована Тренчевска им ги одзема ингеренциите за градинките на општините за да може да поставува директори од СДС, за кои постојат низа скандали и немили настани. Инцидентот со бруталното насилство врз 10 месечно бебе во Гевгелија е последен во низата, каде директорка назначена од Тренчевска крие насилство и не пријавува во Полиција, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Ова е втор ваков случај на истата директорка, на која очигледно градинката и децата во неа не и се приоритет. И наместо да има одговорност и разрешување, Тренчевска формира комисија по примерот на комисиите на Филипче за сите КОВИД скандали, за Јилдиз, за старецот од Кратовско, кои не видоа епилог. Наместо да измислуваат тела и комисии кои ќе завршат без епилог и одговорност, Тренчевска да ја разреши директорката на детската градинка од Гевгелија и веднаш потоа да ги врати ингеренциите врз градинките на општина Гевгелија, се наведува во соопштението.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Тренчевска да ги врати ингеренциите за градинките на општина Гевгелија, нејзините кадри кријат насилство врз бебиња appeared first on Република.

]]>
Тренчевска: Минималната плата ја зголемивме 100% https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/trenchevska-minimalnata-plata-ja-zgolemivme-100/ Sat, 19 Nov 2022 20:33:16 +0000 https://republika.mk/?p=575961

Претседателката на форумот на жени на СДСМ Јована Тренчевска се обрати пред присутните граѓани на трибината под мотото „Силно и одлучно кон иднината” во Македонски брод.

Тренчевска се осврна на политиките на владата,нагласуваји веднаш на почетокот на мандатот оваа влада ја зголеми минималната плата.

Од 2017 до денес минималната плата ја зголемивме 100%, од 9 илјади на 18 илјади. Затоа што работниците за нас се важни. Просечната плата постојано расте и сега изнесува 31.812 денари. Ветивме и реализиравме поголеми пензии. Само во текот на оваа година пензиите пораснаа за речиси 10%. Во март 2023 пензиите ќе пораснат за уште најмалку 7%, тоа е историски најголемо зголемување на пензиите - рече таа.

Тренчевска истана дека со новиот пакет антикризни мерки вреден 350 милиони евра им се помага на околу 200 илјади граѓани и на реалниот сектор.

Мислиме на сите ранливи категории на граѓани, обезбедуваме социјална сигурност за лицата со попреченост, посебен додаток за пензионери, стечајни работници, корисници на надоместок за телесно оштетување, нагласи Тренчевска.

Таа додава:

СДСМ е силна, државотворна, државничка партија со која е сигурна иднината на Македонија, на секој наш граѓанин, од нас зависи каква ќе биде иднината на нашата држава, дали ќе продолжи по овој вистинскиот пат или ќе се врати во мрачното минато, од нас зависи дали ќе продолжи концептот на повисоки плати, пензии и враќање на парите кај народот.

The post Тренчевска: Минималната плата ја зголемивме 100% appeared first on Република.

]]>

Претседателката на форумот на жени на СДСМ Јована Тренчевска се обрати пред присутните граѓани на трибината под мотото „Силно и одлучно кон иднината” во Македонски брод. Тренчевска се осврна на политиките на владата,нагласуваји веднаш на почетокот на мандатот оваа влада ја зголеми минималната плата.
Од 2017 до денес минималната плата ја зголемивме 100%, од 9 илјади на 18 илјади. Затоа што работниците за нас се важни. Просечната плата постојано расте и сега изнесува 31.812 денари. Ветивме и реализиравме поголеми пензии. Само во текот на оваа година пензиите пораснаа за речиси 10%. Во март 2023 пензиите ќе пораснат за уште најмалку 7%, тоа е историски најголемо зголемување на пензиите - рече таа.
Тренчевска истана дека со новиот пакет антикризни мерки вреден 350 милиони евра им се помага на околу 200 илјади граѓани и на реалниот сектор.
Мислиме на сите ранливи категории на граѓани, обезбедуваме социјална сигурност за лицата со попреченост, посебен додаток за пензионери, стечајни работници, корисници на надоместок за телесно оштетување, нагласи Тренчевска.
Таа додава:
СДСМ е силна, државотворна, државничка партија со која е сигурна иднината на Македонија, на секој наш граѓанин, од нас зависи каква ќе биде иднината на нашата држава, дали ќе продолжи по овој вистинскиот пат или ќе се врати во мрачното минато, од нас зависи дали ќе продолжи концептот на повисоки плати, пензии и враќање на парите кај народот.

The post Тренчевска: Минималната плата ја зголемивме 100% appeared first on Република.

]]>
Нема отпуштања или намалување на платите во јавниот сектор, тврди Тренчевска https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nema-otpushtanja-ili-namaluvanje-na-platite-vo-javniot-sektor-tvrdi-trenchevska/ Sat, 15 Oct 2022 17:57:02 +0000 https://republika.mk/?p=561545

Навистина ми е жал што Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) излезе со шпекулации и се создаде паника. Не е вистина тоа што го велат синдикатите. Нема да има отпуштања и нема да има намалување на платите на вработените во администрацијата, изјави министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во Тема на денот на телевизија Сител.

Тренчевска вели дека во политиката за намалување на расходите нема ниту една таква мерка, туку тоа се препораки како да се заштеди во јавниот сектор со цел парите кои ќе бидат заштедени да одат во реалниот сектор.

Во ниту една мерка не пишува дека администрацијата ќе биде отпуштена од работа и дека ќе им е намалена платата. Една мерка е за рационализација и оптимизација на вработените во јавниот сектор преку функционална анализа, односно да се види дали има доволен број на вработени во институцијата или вишок, рече Тренчевска додавајќи дека тие кои се вишок нема да бидат отпуштени, туку целта е да се направи оптимизација и преку мобилност да се преземат тие вработени.

За препораката за работа од дома, како што појасни, тоа не значи дека цела јавна админситрација ќе работи од дома. Препораката, како што посочи, е за тие кои имаат можност да работат од дома, но најмногу 30 отсто од вработените. Тренчевска укажа дека нема да им биде намалена платата на оние кои ќе работат од дома.

Раководното лице во институцијата, вели таа, знае кој од неговата администрација може да работи од дома и да дава резултати, а кое работно место не може.

Прашана во однос на цените за дневен престој во градинките, Тренчевска рече дека цената ја формира советот на општината.

Ние даваме препорака советот да ја разгледа можноста за зголемување на цената на праведен начин со правилник, зависно од приходите на семејството, од бројот на децата во семејството, така и да ја формираат цената. За семејства со помали прходи да има една цена, за семејства кои имаат поголеми приходи поголема цена. За да бидат рентабилни и да можат да имаат приход треба да се разговара на Совет дали има можности да се зголеми цената, појасни Тренчевска.

Во однос на мерките за пензионерите, Тренчевска кажа дека финансиската поддршка ќе биде исплатена надвор од правото на пензија. По неколку дена од исплатата на пенизјата ќе се исплаќа финансиската поддршка, вели министерката

The post Нема отпуштања или намалување на платите во јавниот сектор, тврди Тренчевска appeared first on Република.

]]>

Навистина ми е жал што Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) излезе со шпекулации и се создаде паника. Не е вистина тоа што го велат синдикатите. Нема да има отпуштања и нема да има намалување на платите на вработените во администрацијата, изјави министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во Тема на денот на телевизија Сител. Тренчевска вели дека во политиката за намалување на расходите нема ниту една таква мерка, туку тоа се препораки како да се заштеди во јавниот сектор со цел парите кои ќе бидат заштедени да одат во реалниот сектор.
Во ниту една мерка не пишува дека администрацијата ќе биде отпуштена од работа и дека ќе им е намалена платата. Една мерка е за рационализација и оптимизација на вработените во јавниот сектор преку функционална анализа, односно да се види дали има доволен број на вработени во институцијата или вишок, рече Тренчевска додавајќи дека тие кои се вишок нема да бидат отпуштени, туку целта е да се направи оптимизација и преку мобилност да се преземат тие вработени.
За препораката за работа од дома, како што појасни, тоа не значи дека цела јавна админситрација ќе работи од дома. Препораката, како што посочи, е за тие кои имаат можност да работат од дома, но најмногу 30 отсто од вработените. Тренчевска укажа дека нема да им биде намалена платата на оние кои ќе работат од дома. Раководното лице во институцијата, вели таа, знае кој од неговата администрација може да работи од дома и да дава резултати, а кое работно место не може. Прашана во однос на цените за дневен престој во градинките, Тренчевска рече дека цената ја формира советот на општината.
Ние даваме препорака советот да ја разгледа можноста за зголемување на цената на праведен начин со правилник, зависно од приходите на семејството, од бројот на децата во семејството, така и да ја формираат цената. За семејства со помали прходи да има една цена, за семејства кои имаат поголеми приходи поголема цена. За да бидат рентабилни и да можат да имаат приход треба да се разговара на Совет дали има можности да се зголеми цената, појасни Тренчевска.
Во однос на мерките за пензионерите, Тренчевска кажа дека финансиската поддршка ќе биде исплатена надвор од правото на пензија. По неколку дена од исплатата на пенизјата ќе се исплаќа финансиската поддршка, вели министерката

The post Нема отпуштања или намалување на платите во јавниот сектор, тврди Тренчевска appeared first on Република.

]]>
Тренчевска не им го исплати додатокот на корисниците на гарантирана минимална помош https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/trenchevska-ne-im-go-isplati-dodatokot-na-korisnicite-na-garantirana-minimalna-pomosh/ Tue, 23 Aug 2022 10:00:24 +0000 https://republika.mk/?p=543207

Министерството за труд и социјална политика не им го исплати додатокот од 1.000 денари на корисниците на гарантирана минимална помош, aлармираат од Левица.

Овој додаток МТСП го исплаќа со цел покривање на трошоците за енергенси на посебна категорија на социјално загрозени семејства, како и на лицата со попреченост и согласно законските одредби, овој додаток се исплаќа од октомври до март, но истиот поради ковид кризата, оваа година беше продолжен до јуни.

Од партијата потенцираат дека ако се земе предвид енормното зголемување на цената на електрична енергија, како и зголемувањето на цените на основите прехрамбени продукти, неразбирливо е зошто надлежното министерство не превзеде соодветни мерки за оваа мерка да продолжи во текот на целата година.

Во услови на економска криза, овој додаток од 1.000 денари не само што треба да се исплаќа преку целата тековна година, туку истиот треба и да се зголеми, со цел да одговори на потребите за кои што е наменет.

Иако законските одредби налагаат усогласување на овој додаток со порастот на цените на трошоците за живот од минатата година, овој надоместок со години е ист и изнесува смешни 1.000 денари.

Со ваквата игнорантска политика на МТСП, само уште еднаш покажа дека воопшто не се грижи за потребите на социјално ранливите категории и лицата со попреченост.

Само за потсетување, пробугарската влада на СДС и ДУИ неодамна потрошија стотици илјади евра пари на граѓаните за набавка на луксузни возила и за прослава на Рамковниот договор, велат од Левица.

The post Тренчевска не им го исплати додатокот на корисниците на гарантирана минимална помош appeared first on Република.

]]>

Министерството за труд и социјална политика не им го исплати додатокот од 1.000 денари на корисниците на гарантирана минимална помош, aлармираат од Левица. Овој додаток МТСП го исплаќа со цел покривање на трошоците за енергенси на посебна категорија на социјално загрозени семејства, како и на лицата со попреченост и согласно законските одредби, овој додаток се исплаќа од октомври до март, но истиот поради ковид кризата, оваа година беше продолжен до јуни. Од партијата потенцираат дека ако се земе предвид енормното зголемување на цената на електрична енергија, како и зголемувањето на цените на основите прехрамбени продукти, неразбирливо е зошто надлежното министерство не превзеде соодветни мерки за оваа мерка да продолжи во текот на целата година.
Во услови на економска криза, овој додаток од 1.000 денари не само што треба да се исплаќа преку целата тековна година, туку истиот треба и да се зголеми, со цел да одговори на потребите за кои што е наменет. Иако законските одредби налагаат усогласување на овој додаток со порастот на цените на трошоците за живот од минатата година, овој надоместок со години е ист и изнесува смешни 1.000 денари. Со ваквата игнорантска политика на МТСП, само уште еднаш покажа дека воопшто не се грижи за потребите на социјално ранливите категории и лицата со попреченост. Само за потсетување, пробугарската влада на СДС и ДУИ неодамна потрошија стотици илјади евра пари на граѓаните за набавка на луксузни возила и за прослава на Рамковниот договор, велат од Левица.

The post Тренчевска не им го исплати додатокот на корисниците на гарантирана минимална помош appeared first on Република.

]]>
Пријавени 67 корисници на проектот „Центар се грижи за возрасните“, има простор за уште 23 https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/prijaveni-67-korisnici-na-proektot-centar-se-grizi-za-vozrasnite-ima-prostor-za-ushte-23/ Tue, 31 May 2022 11:14:15 +0000 https://republika.mk/?p=509231

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска ги посетија домовите на двајца корисници на проектот „Сервис за стари – „Центар се грижи за возрасните“ преку кој повозрасните жители на Центар добиваат нега во своите домови.

„Со овој проект помагаме на 90 граѓани од Општина Центар да добијат помош и поддршка при извршувањето на домашните работи, од страна на стручни и обучени лица. Корисниците добиваат медицинска нега, вежби и совети од лиценцирани физиотерапевти, психолози, негуватели и социјални работници, 3 пати по 2 часа во неделата во нивните домови. Со јавниот повик кој е во тек 67 наши сограѓани имаат поднесено барање за користење на услугите, но има простор да се пријават уште, сѐ додека бројката не ја стигне границата од 90 жители“, изјави Герасимовски.

Јавниот повик за проектот е отворен за уште 23 корисници по што Герасимовски ги повика граѓаните кои имаат потреба од нега во домашни услови да поднесат барања потенцирајќи дека услугите во рамки на проектот се најдрагоцени за највозрасните жители во општината.

Проектот оваа година започна од 12.05.2022 година, од кога се примаат барања за доделување субвенција, а ќе трае се до исцрпување на финансиските средства предвидени за оваа намена во Буџетот на општината. Сите детали како услови, начин и потребна документација за аплицирање, граѓаните можат да прочитаат на следниот линк објавен на веб страната на Општина Центар, https://bit.ly/3PR5Thi или да се јават на телефонскиот број 076 313 383.

Проектот Сервис за стари – „Центар се грижи за возрасните“ Општина Центар ги реализира шеста година по ред и има највисоки оценки од корисниците.

The post Пријавени 67 корисници на проектот „Центар се грижи за возрасните“, има простор за уште 23 appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска ги посетија домовите на двајца корисници на проектот „Сервис за стари – „Центар се грижи за возрасните“ преку кој повозрасните жители на Центар добиваат нега во своите домови.
„Со овој проект помагаме на 90 граѓани од Општина Центар да добијат помош и поддршка при извршувањето на домашните работи, од страна на стручни и обучени лица. Корисниците добиваат медицинска нега, вежби и совети од лиценцирани физиотерапевти, психолози, негуватели и социјални работници, 3 пати по 2 часа во неделата во нивните домови. Со јавниот повик кој е во тек 67 наши сограѓани имаат поднесено барање за користење на услугите, но има простор да се пријават уште, сѐ додека бројката не ја стигне границата од 90 жители“, изјави Герасимовски.
Јавниот повик за проектот е отворен за уште 23 корисници по што Герасимовски ги повика граѓаните кои имаат потреба од нега во домашни услови да поднесат барања потенцирајќи дека услугите во рамки на проектот се најдрагоцени за највозрасните жители во општината.
Проектот оваа година започна од 12.05.2022 година, од кога се примаат барања за доделување субвенција, а ќе трае се до исцрпување на финансиските средства предвидени за оваа намена во Буџетот на општината. Сите детали како услови, начин и потребна документација за аплицирање, граѓаните можат да прочитаат на следниот линк објавен на веб страната на Општина Центар, https://bit.ly/3PR5Thi или да се јават на телефонскиот број 076 313 383. Проектот Сервис за стари – „Центар се грижи за возрасните“ Општина Центар ги реализира шеста година по ред и има највисоки оценки од корисниците.

The post Пријавени 67 корисници на проектот „Центар се грижи за возрасните“, има простор за уште 23 appeared first on Република.

]]>
Додека текстилците се жалат дека добиле пониска од минималната, Тренчевска тврди дека нема плата под 18.000 денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/dodeka-tekstilcite-se-zalat-deka-dobile-poniska-od-minimalnata-trenchevska-tvrdi-deka-nema-plata-pod-18-000-denari/ Sun, 01 May 2022 08:35:04 +0000 https://republika.mk/?p=495917

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска со видео обраќање го честиташе 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот.

За Владата и Министерството за труд и социјална политика, унапредувањето на работничките права остануваат високо на агендата на приоритетни цели. Ветивме зголемување на минималната плата и денес, и денес нема плата пониска од 18.000 денари. Нашата посветеност на работничките права ја потврдуваме со започнатиот социјален дијалог, за изготвување на општ колективен договор за сите вработени во јавниот сектор - наведува Тренчевска.

Министерката посочува дека се работи на решението кое ќе биде, како што нагласува, системско и солидарно за сите.

Линеарно покачување од 2 806 денари за сите вработени во јавниот сектор. Во рамката за преговори за новиот Општ колективен договор е враќањето на регресот за годишен одмор, за целиот јавен сектор во 2023 година, како и нова методологија за пресметка на платите, со која ќе се обезбеди редовна корекција на платите според критериуми кои ќе бидат утврдени и која ќе се преслика во гранските колективни договори, што значи постојан раст на платите во јавниот сектор - истакнува Тренчевска.

Таа соопшти дека во финална фаза на подготовка е и новиот Закон за работни односи, кој ќе одговори, како што вели, на потребите на едно современо општество, а до крајот на оваа година се очекува да биде усвоен од страна на Собранието.

Недела – ден на неделен одмор е наша реалност. Ова законско решение овозможи баланс помеѓу приватниот и професионалниот живот на работникот. Повеќе време за семејството, за блиските, за пријателите, а за оние работници кои се ангажирани во дејностите кои заради техничко-технолошкиот процес, не смеат да бидат прекинати, најмалку 50 отсто повисока дневница за работа во недела и слободен ден кој ќе можат да го искористат во наредните седум дена. Додека пак, за вработените во трговијата двојно повисока дневница, односно дневница зголемена за 100 отсто затоа што трудот на работникот мора да се почитува и вреднува - изјави Тренчевска.

Во континуитет, додаде, се работи и на намалување на невработеноста.

Невработеноста успеавме да ја симнеме на 15.7 отсто. Преку Оперативниот план за активни програми и мерки за 2022 година, обезбедуваме опфат на 14.685 невработени лица. Посебен акцент се стави на младите невработени лица до 29 години, долгорочно невработени, како и на корисниците на Гарантирана минимална помош. Го зголемивме опфатот за најбараната мерка-самовработување за 2000 лица. Преку обуки, доквалификација, преквалификација, практиканство ја зголемуваме конкурентноста на невработените лица на пазарот на труд, а не застанавме ниту со проектот Гаранција за млади како земја лидер во регионот, која прва го имплементираше, а не е членка на ЕУ - рече Тренчевска.

Таа потенцира дека Министерството за труд и социјална политика продолжува да ги вложува сите свои капацитети во насока на обезбедување поголеми права, безбедни работни места и достојни услови за работа на секој работник.

The post Додека текстилците се жалат дека добиле пониска од минималната, Тренчевска тврди дека нема плата под 18.000 денари appeared first on Република.

Јаневски: Како Неделков, Тренчевска и Шакири ги излажаа наставниците и воспитувачките https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevski-kako-nedelkov-trenchevska-i-shakiri-gi-izlazaa-nastavnicite-i-vospituvachkite/ Fri, 29 Apr 2022 06:29:05 +0000 https://republika.mk/?p=495025

Новинарот Дарко Јаневски во колумна на Денешен.мк ги анализира случувањата со штрајкот на просветните работници и неговото ставање во мирување.

Колумната на Јаневски ја пренесуваме во целост:

Претседателот на СОНК и Советот на СОНК денеска го ставија штрајкот на наставниците во мирување, со образложение дека ако не го сторлеле тоа ќе го прекршеле законот, а штрајкот ќе бил во мирување додека спорот не бил решен со „мировни преговори“.

Неделков не појасни на кој закон мисли кога вели дека ќе бил прекршен ако не го ставеле штрајкот во мирување, но очигледно станува збор за Законот за мирно решавање на спорови.

Ова е нов изум од таборот на Министерството за труд и социјала на Тренчевска, која веќе се прослави со недугавите изјави дека кривично ќе одговарала ако им ги исплатела платите на штрајкувачите, но станува збор за сериозна манипулација, која очигледно ја прифати и СОНК.

Имено, Законот за мирно решавање на спорови се базира на принципот на добрволност. Начелото на доброволност, кое е основно начело на Законот (член 5) предвидува дека „страните во колеткивен или индивидуален работен спор се слободни доброволно да одлучат дали ќе пристапат кон мирно решавање на спорот, ако со овој закон не е поинаку определено“.

Значи, СОНК, не морал да го стави штрајкот во мирување, ако не сакал, освен ако со Законот не поинаку определено. Дали е поинаку определено, па СОНК морал така да постапи, како што вели Неделков?

Член 18 од Законот вели дека во случај на штрајк во сферата на образование и заштита на децата, страните во спорот се должни веднаш да пристапат кон мирно решавање на спорот. Во тој случај за време на помирувањето, штрајкот се става во мирување. Значи должноста постои. Но, секогаш има едно „но…“.

Имено, во овој случај, тоа „но“ е член 19 кој вели дека „страните на спорот (во овој случај СОНК, МО и МТСП), се должни да поднесат предлог за помирување во рок до два дена од настанување на спорот“.

Веројатно не треба да ви објаснувам дека спорот е настанат со месеци наназад, односно одамна, па следеше штрајк кој трае веќе три недели и облигаторниот рок од два дена е одамна истечен. Толку од познавањето на законите во МО и МТСП на Тренчевска.

Па, понатаму се вели дека „ако страните во спорот не поднесат заеднички предлог се должни да го известат министерството за надлежно за работите од областа на трудот“ (во случајот МТСП да се извести само себе), „кое во рок до ДВА дена од ДЕНОТ НА НАСТАНУВАЊЕ НА СПОРОТ ИЛИ ШТРАЈК во дејностите од член 18“ (каде спаѓа и образование и заштита на децата), „по службена должност покренува постапка за помирување“.

Е, сега, повторно да нагласам дека веројатно не треба да ви напоменувам дека тие два дена од денот на настанување на спорот се одамна поминати и дека токму МТСП и МО го прекршиле Законот за мирно решавање на спорови непостапувајќи на овој начин и се директни виновници за штрајкот, за кој сега СОНК нема обврска да го стави во мирување, бидејќи роковите се истечени, наспроти тврдењата на Неделков.

Тоа значи дека СОНК, во оваа фаза од штрајкот немаше должност да го прифати мировното решавање, а Тренчевска можеше слободно да се обрати до надлежниот суд па таму да објаснува зошто во првите денви по започнување на штрајкот не го испочитувала барањето од Законот за мировни спорови и зошто заедно со Неделков сега го повредуваат правото на штрајк на наставниот кадар и другите вработени, манипулирајќи ги со некакви законски одредби кои во овој момент, после месеци од избивање на спорот (кој фактички трае од моментот кога минималната плата лани беше зголемена на 15 000 денари, а платите на останатите не беа усогласени) немаат никакво значење.

Патем, ниеден штрајк не започнува туку-така, постои процедура во која се известува работодавачот, постои процедура преку која беа запознаени и МО и МТСП и тие, во тие први денови, како што налага Законот, требаше да побараат мирно решавање. Испуштајќи ги роковите, го испуштиле од раце и Законот на кој сега им текна како последна сламка за спас, па наводно применувајќи го, вршат ново беззаконие.

Има и други одредби во Законот во врска со ова, но тие битно не ја менуваат суштината дека помирувањето во основа се базира на доброволност, дека во образованието и детската заштита страните се должни да пристапат кон помирување, но роковите за тоа се одамна одминати (член 18 вели „веднаш“, па потоа следи рокот од два дена за поднесување прелдог по почетокот на штрајот итн, а целта на овие одредби е всушност да се спречи прекин на работата во битни за државата дејности), така што СОНК немаше да прекрши никаков закон, посебно не овој, ако продолжеше со штрајот, кој всушност требало да биде ставен во мирување ако тие што треба од Министерството на Тренчевска и самата госпожа министерка го познаваа Законот.

Сега, мирувањето на штрајкот е очигледно изнудено, нема врска со Законот за мирно решавање на спорови, а наставниците и вработените во градинките остануваат со своите ниски плати, за на крај да прифатат некој ситнеж што наводно ќе биде мирно договорен.

Тоа што е најинтересно е дека според Закон кој токму Тренчевска и нејзиното Министерство пропуштија да го применат на време, страните на спорот немаат обврска да го прифатат тоа што ќе произлезе од „мировните преговори“ и во тој случај штрајкот ќе може да продолжи.

Но, целата поента е да овој процес на „мировни преговори“ трае до завршување на школската година за да има кој да ги чува децата на родителите, а потоа СОНК може да штрајкува колку сака. До есен, кога повторно ќе биде измислено нешто ново, за одново да ги преведат жедни преку вода наставниците, доколку не го прифатат ситнежот што ќе им биде понуден.

Но, тоа е тоа! Ама, барем да се знае дека ставањето на штрајкот во мирување, во овој момент, нема никаква врска со никаков закон. Колку да ја извадиме лагата на видело!

А ова подоле се релевантните членови од Законот за кој Неделков и СОНК наводно не знаеле, а за кој наводно, како што вели Неделков, во МТСП имале подбро познавање. Уште една лага.

(Да не ве залажува став 2 од член 18 кој вели дека сето ова ќе заврши за десет дена. Нема! Но, обрнете внимание на роковите од член 19 кои се одамна изминати!)

The post Јаневски: Како Неделков, Тренчевска и Шакири ги излажаа наставниците и воспитувачките appeared first on Република.

]]>

Новинарот Дарко Јаневски во колумна на Денешен.мк ги анализира случувањата со штрајкот на просветните работници и неговото ставање во мирување. Колумната на Јаневски ја пренесуваме во целост:  
Претседателот на СОНК и Советот на СОНК денеска го ставија штрајкот на наставниците во мирување, со образложение дека ако не го сторлеле тоа ќе го прекршеле законот, а штрајкот ќе бил во мирување додека спорот не бил решен со „мировни преговори“. Неделков не појасни на кој закон мисли кога вели дека ќе бил прекршен ако не го ставеле штрајкот во мирување, но очигледно станува збор за Законот за мирно решавање на спорови. Ова е нов изум од таборот на Министерството за труд и социјала на Тренчевска, која веќе се прослави со недугавите изјави дека кривично ќе одговарала ако им ги исплатела платите на штрајкувачите, но станува збор за сериозна манипулација, која очигледно ја прифати и СОНК. Имено, Законот за мирно решавање на спорови се базира на принципот на добрволност. Начелото на доброволност, кое е основно начело на Законот (член 5) предвидува дека „страните во колеткивен или индивидуален работен спор се слободни доброволно да одлучат дали ќе пристапат кон мирно решавање на спорот, ако со овој закон не е поинаку определено“. Значи, СОНК, не морал да го стави штрајкот во мирување, ако не сакал, освен ако со Законот не поинаку определено. Дали е поинаку определено, па СОНК морал така да постапи, како што вели Неделков? Член 18 од Законот вели дека во случај на штрајк во сферата на образование и заштита на децата, страните во спорот се должни веднаш да пристапат кон мирно решавање на спорот. Во тој случај за време на помирувањето, штрајкот се става во мирување. Значи должноста постои. Но, секогаш има едно „но…“. Имено, во овој случај, тоа „но“ е член 19 кој вели дека „страните на спорот (во овој случај СОНК, МО и МТСП), се должни да поднесат предлог за помирување во рок до два дена од настанување на спорот“. Веројатно не треба да ви објаснувам дека спорот е настанат со месеци наназад, односно одамна, па следеше штрајк кој трае веќе три недели и облигаторниот рок од два дена е одамна истечен. Толку од познавањето на законите во МО и МТСП на Тренчевска. Па, понатаму се вели дека „ако страните во спорот не поднесат заеднички предлог се должни да го известат министерството за надлежно за работите од областа на трудот“ (во случајот МТСП да се извести само себе), „кое во рок до ДВА дена од ДЕНОТ НА НАСТАНУВАЊЕ НА СПОРОТ ИЛИ ШТРАЈК во дејностите од член 18“ (каде спаѓа и образование и заштита на децата), „по службена должност покренува постапка за помирување“. Е, сега, повторно да нагласам дека веројатно не треба да ви напоменувам дека тие два дена од денот на настанување на спорот се одамна поминати и дека токму МТСП и МО го прекршиле Законот за мирно решавање на спорови непостапувајќи на овој начин и се директни виновници за штрајкот, за кој сега СОНК нема обврска да го стави во мирување, бидејќи роковите се истечени, наспроти тврдењата на Неделков. Тоа значи дека СОНК, во оваа фаза од штрајкот немаше должност да го прифати мировното решавање, а Тренчевска можеше слободно да се обрати до надлежниот суд па таму да објаснува зошто во првите денви по започнување на штрајкот не го испочитувала барањето од Законот за мировни спорови и зошто заедно со Неделков сега го повредуваат правото на штрајк на наставниот кадар и другите вработени, манипулирајќи ги со некакви законски одредби кои во овој момент, после месеци од избивање на спорот (кој фактички трае од моментот кога минималната плата лани беше зголемена на 15 000 денари, а платите на останатите не беа усогласени) немаат никакво значење. Патем, ниеден штрајк не започнува туку-така, постои процедура во која се известува работодавачот, постои процедура преку која беа запознаени и МО и МТСП и тие, во тие први денови, како што налага Законот, требаше да побараат мирно решавање. Испуштајќи ги роковите, го испуштиле од раце и Законот на кој сега им текна како последна сламка за спас, па наводно применувајќи го, вршат ново беззаконие. Има и други одредби во Законот во врска со ова, но тие битно не ја менуваат суштината дека помирувањето во основа се базира на доброволност, дека во образованието и детската заштита страните се должни да пристапат кон помирување, но роковите за тоа се одамна одминати (член 18 вели „веднаш“, па потоа следи рокот од два дена за поднесување прелдог по почетокот на штрајот итн, а целта на овие одредби е всушност да се спречи прекин на работата во битни за државата дејности), така што СОНК немаше да прекрши никаков закон, посебно не овој, ако продолжеше со штрајот, кој всушност требало да биде ставен во мирување ако тие што треба од Министерството на Тренчевска и самата госпожа министерка го познаваа Законот. Сега, мирувањето на штрајкот е очигледно изнудено, нема врска со Законот за мирно решавање на спорови, а наставниците и вработените во градинките остануваат со своите ниски плати, за на крај да прифатат некој ситнеж што наводно ќе биде мирно договорен. Тоа што е најинтересно е дека според Закон кој токму Тренчевска и нејзиното Министерство пропуштија да го применат на време, страните на спорот немаат обврска да го прифатат тоа што ќе произлезе од „мировните преговори“ и во тој случај штрајкот ќе може да продолжи. Но, целата поента е да овој процес на „мировни преговори“ трае до завршување на школската година за да има кој да ги чува децата на родителите, а потоа СОНК може да штрајкува колку сака. До есен, кога повторно ќе биде измислено нешто ново, за одново да ги преведат жедни преку вода наставниците, доколку не го прифатат ситнежот што ќе им биде понуден. Но, тоа е тоа! Ама, барем да се знае дека ставањето на штрајкот во мирување, во овој момент, нема никаква врска со никаков закон. Колку да ја извадиме лагата на видело! А ова подоле се релевантните членови од Законот за кој Неделков и СОНК наводно не знаеле, а за кој наводно, како што вели Неделков, во МТСП имале подбро познавање. Уште една лага. (Да не ве залажува став 2 од член 18 кој вели дека сето ова ќе заврши за десет дена. Нема! Но, обрнете внимание на роковите од член 19 кои се одамна изминати!)

The post Јаневски: Како Неделков, Тренчевска и Шакири ги излажаа наставниците и воспитувачките appeared first on Република.

]]>
Тренчевска: Зголемувањето од 12% на платите во образованието нема да предизвика дополнителна инфлација https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/trenchevska-zgolemuvanjeto-od-12-na-platite-vo-obrazovanieto-nema-da-predizvika-dopolnitelna-inflacija/ Mon, 25 Apr 2022 18:05:23 +0000 https://republika.mk/?p=493472

Министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска кажа дека државата нема да влезе во дополнителна инфлација со 12 процентното покачување на платите во образованието откако претходно изјави дека покачувањето на платите за повеќе од 10% ќе предизвика дополнителна инфлација во државата.

– Нема да влеземе во дополнителна инфлација затоа што во разговори со министерот за финансии и со премиерот 12% се процент кој нема да предизвика дополнителна инфлација и проблем на стабилноста на Буџетот на Владата, изјави министерката Тренчевска.

На прашање дали ќе се кратат пари од други места за покачување на платите во образованието министерката Тренчевска кажа дека ќе видат, но најверојатно нема да се кратат плати од други места.

The post Тренчевска: Зголемувањето од 12% на платите во образованието нема да предизвика дополнителна инфлација appeared first on Република.