Јован Тозиевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jovan-tozievski/ За подобро да се разбереме Sat, 06 May 2023 18:32:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Јован Тозиевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jovan-tozievski/ 32 32 Разговарале за идни заеднички проекти: Градоначалникот на Ресен во посета на Мала Преспа, за поддршка на Панди Јани за градоначалник https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/razgovarale-za-idni-zaednichki-proekti-gradonachalnikot-na-resen-vo-poseta-na-mala-prespa-za-poddrshka-na-pandi-jani-za-gradonachalnik/ Sat, 06 May 2023 18:19:08 +0000 https://republika.mk/?p=637780

Градоначалникот на општина Ресен, Јован Тозиевски, беше во посета на Мала Преспа, каде што се сретнал со кандидатот за градоначалник на Пустец, Панди Јани.

Денеска ја имавме честа, Мала Преспа да ја посети мојот драг пријател и градоначалник на Ресен Јован Тозиевски. Направивме мала прошетка низ неколку села, при што заеднички констатиравме дека Мала Преспа има голем потенцијал, исто како ресенската, но потребен е труд и многу работа, објави на фејсбук, Панди Јани, кандидат за градоначалник на Пустец.

Тој изразува голема благодарност за искажаната поддршка од страна на Тозиевски и ветува дека со заеднички добро изработени проекти, Мала Преспа ќе ја издигне на местото кое го заслужува.

Почитувани браќа и сестри Македонци, меѓу другото сакам да ви го честитам христијанскиот празник Св.Ѓорѓи- Ѓурѓовден, нека дава здравје, среќа и бериќет. Промените доаѓаат, Мала Преспа заслужува подобро. Гласајте за победничкиот број, бројот 1. Да сте живи и здрави, стои во објавата.

Тозиевски заедно со домаќините го посетил и музејот „Стерјо Спасе“ во село Глобочани, пред чие спомен обележје оддал почит, како и црквата „Свети Архангел и Михаил“ во Пустец.

The post Разговарале за идни заеднички проекти: Градоначалникот на Ресен во посета на Мала Преспа, за поддршка на Панди Јани за градоначалник appeared first on Република.

]]>

Тозиевски: Ресен го наследив со блокирана сметка, централната власт активно работи против Ресен и заштитата на Преспанското езеро https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tozievski-resen-go-naslediv-so-blokirana-smetka-centralnata-vlast-aktivno-raboti-protiv-resen-i-zashtitata-na-prespanskoto-ezero/ Sun, 27 Nov 2022 13:03:13 +0000 https://republika.mk/?p=578694

И покрај наследената блокирана општинска сметка, со сопствени средства и добро менаџирање на општинскиот буџет, успеавме да реализираме голем број на проекти за нашите жители, изјави градоначалникот на Општина Ресен Јован Тозиевски на регионалната средба на градоначалниците од Пелагонискиот регион.

– Во состојба со блокирана сметка и со пониски приходи во однос на некои други општини, успеавме да се справиме со кризната година со добро менаџирање на буџетските средства. Минатава година успеавме со наши општински средства да реализираме многу проекти. Асфалтираме 21 улица, за кои издвоивме 20 милиони денари средства од нашиот буџет, успеавме да реновираме дел од градинката, ги зголемивме социјалните трансфери за прво родено дете, за првпат во историјата на Општина Ресен финансиски ги помогнавме и првачињата – кажа градоначалникот Тозиевски.

Тој се осврна на користењето на европските фондови од страна на општината, пред се во делот на прекуграничната соработка, каде годинава се реализирани два големи проекти во вредност од по 8,5 милиони денари, со кои се предвидени поставување на фотоволтаична централа на општинската зграда, како и набавка на две електрични возила, од кое едно ќе биде пуштено во употреба за реализација на училишниот превоз.

– Општина Ресен работи и на огромен европски проект „ЕУ за Преспа“ кој е во вредност од 23 милиони евра, каде најголема задача за нас е обезбедување на планската документација. Со овој проект се предвидени 7 нови пречестителни станици и влегување на сите села во крајбрежјето на Преспанското езеро во канализационен систем, управување со цврстиот отпад, нови водоводни линии и други проекти поврзани со спас за езерото – додаде Тозиевски.

Тој на регионалната средба ја потенцираше несоработката со централната власт оваа измината година, како и непринципиелните методи со кои тие, само за пресметка која е од политичка природа, го загрозуваат развојот на регионот и го загрозуваат самото Преспанско езеро.

– Веќе по трет пат се соочуваме со непринципиелен обид да ни ги одземат средствата од наменската сметка, кои се во износ од околу 84 милиони денари доделени од централниот буџет а се наменети за спас на Преспанското езеро. Веќе трети пат државата се обидува да ни ги повлече средствата, покрај тоа што истата сума ја има во Општина Дојран, сакаат за пречистителната станица во оваа општина да ги одземат и дадат средствата и од нашата општина. Тука јасно се гледа дека е политичка игра во прашање и жалам што некој гледаат политика во Преспанското езеро, кое е многу постаро од политичарите и политиката – изјави тој.

Од аспект за справувањето со последиците со енергетската криза, градоначалникот на Ресен изјави дека работат на заштеда на електрична енергија, а на објектот на општинската зграда се монтирани фотоволтаична централа, а се работи на изработка на проектни документации за поставување и на детската градинка и останатите училишта и објекти кои се во надлежност на локалната самоуправа. Од аспект на сметките за уличното осветлување, Општина Ресен е обврзана преку јавно приватно партнерство, но проблем се високите сметки за препумпните пумпи за водоснабдување, кои се зголемени неколкукратно а државата нема никаков слух на барањата и апелите на општините.

The post Тозиевски: Ресен го наследив со блокирана сметка, централната власт активно работи против Ресен и заштитата на Преспанското езеро appeared first on Република.

]]>

И покрај наследената блокирана општинска сметка, со сопствени средства и добро менаџирање на општинскиот буџет, успеавме да реализираме голем број на проекти за нашите жители, изјави градоначалникот на Општина Ресен Јован Тозиевски на регионалната средба на градоначалниците од Пелагонискиот регион. – Во состојба со блокирана сметка и со пониски приходи во однос на некои други општини, успеавме да се справиме со кризната година со добро менаџирање на буџетските средства. Минатава година успеавме со наши општински средства да реализираме многу проекти. Асфалтираме 21 улица, за кои издвоивме 20 милиони денари средства од нашиот буџет, успеавме да реновираме дел од градинката, ги зголемивме социјалните трансфери за прво родено дете, за првпат во историјата на Општина Ресен финансиски ги помогнавме и првачињата – кажа градоначалникот Тозиевски. Тој се осврна на користењето на европските фондови од страна на општината, пред се во делот на прекуграничната соработка, каде годинава се реализирани два големи проекти во вредност од по 8,5 милиони денари, со кои се предвидени поставување на фотоволтаична централа на општинската зграда, како и набавка на две електрични возила, од кое едно ќе биде пуштено во употреба за реализација на училишниот превоз.