Јован Павловски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jovan-pavlovski/ За подобро да се разбереме Wed, 30 Nov 2022 07:59:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Јован Павловски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jovan-pavlovski/ 32 32 Промоција на „Сок од простата: јубилејно издание“ од Јован Павловски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promocija-na-sok-od-prostata-jubilejno-izdanie-od-jovan-pavlovski-2/ Wed, 30 Nov 2022 07:59:02 +0000 https://republika.mk/?p=579871

Книгоиздателството „Ми-Ан“ вечер од 19.19 часот во Културно-информативниот центар во Скопје ќе ја промовира книгата „Сок од простата: јубилејно издание“ од Јован Павловски. Изданието е по повод 85 години живот и 65 години творечка дејност на Павловски – писател, енциклопедист и публицист.

Веднаш по појавувањето во 1990 година, култниот роман на Јован Павловски „Сок од простата“ ги разбранува литературните и културните води во Македонија. Беше најчитана книга во времето на нејзиното објавување, беше прогласена за најчитана во Србија, а до денес има седум изданија на македонски јазик, како и редица преводи на други јазици. Реномираната „Хрватска енциклопедија“ на Лексикографскиот завод „Мирослав Крлежа“ од Загреб го определува „Сок од простата“ како првиот македонски еротски постмодернистички роман… „Сок од простата“ не е само еротски роман, туку и длабока лирска приказна за осаменоста и културниот шок, за страста и љубовта, за несигурноста во сопствените чувства и колебањето… Романот може да се појми како еротска проза, проза која со директноста на изразот и со неговата реалистичност се стреми да ги пробие елитизираните, закоравени ставови за пристојното/непристојното, да ја деконструира хипокризијата на „високата литература“… наведува „Ми-Ан“.
Книгата ќе ја промовираат професорките од Филолошкиот факултет Весна Мојсова-Чепишевска и Кристина Николовска. Освен романот „Сок од простата“, во изданието се поместени и критички осврти за творештвото на Павловски од акад. Катица Ќулафкова, проф. д-р Наташа Аврамовска, проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева, проф. д-р Гоце Смилевски, проф. д-р Владимир Мартиновски, проф. д-р Лидија Капушевска-Дракулевска, доц. д-р Бобан Карапејовски и м-р Иван Антоновски.

Јован Павловски е автор на над 40 книги (поезија и проза), над дваесет публицистички трудови. Особено е значаен неговиот придонес во македонската енциклопедистика. Тој е уредник и издавач на првата македонска општа енциклопедија. Павловски во три мандати беше претседател ан Друштвото на писателите на Македонија и е добитник на високи литературни и државни награди.

 

The post Промоција на „Сок од простата: јубилејно издание“ од Јован Павловски appeared first on Република.

]]>

Книгоиздателството „Ми-Ан“ вечер од 19.19 часот во Културно-информативниот центар во Скопје ќе ја промовира книгата „Сок од простата: јубилејно издание“ од Јован Павловски. Изданието е по повод 85 години живот и 65 години творечка дејност на Павловски – писател, енциклопедист и публицист. Веднаш по појавувањето во 1990 година, култниот роман на Јован Павловски „Сок од простата“ ги разбранува литературните и културните води во Македонија. Беше најчитана книга во времето на нејзиното објавување, беше прогласена за најчитана во Србија, а до денес има седум изданија на македонски јазик, како и редица преводи на други јазици. Реномираната „Хрватска енциклопедија“ на Лексикографскиот завод „Мирослав Крлежа“ од Загреб го определува „Сок од простата“ како првиот македонски еротски постмодернистички роман… „Сок од простата“ не е само еротски роман, туку и длабока лирска приказна за осаменоста и културниот шок, за страста и љубовта, за несигурноста во сопствените чувства и колебањето… Романот може да се појми како еротска проза, проза која со директноста на изразот и со неговата реалистичност се стреми да ги пробие елитизираните, закоравени ставови за пристојното/непристојното, да ја деконструира хипокризијата на „високата литература“… наведува „Ми-Ан“. Книгата ќе ја промовираат професорките од Филолошкиот факултет Весна Мојсова-Чепишевска и Кристина Николовска. Освен романот „Сок од простата“, во изданието се поместени и критички осврти за творештвото на Павловски од акад. Катица Ќулафкова, проф. д-р Наташа Аврамовска, проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева, проф. д-р Гоце Смилевски, проф. д-р Владимир Мартиновски, проф. д-р Лидија Капушевска-Дракулевска, доц. д-р Бобан Карапејовски и м-р Иван Антоновски. Јован Павловски е автор на над 40 книги (поезија и проза), над дваесет публицистички трудови. Особено е значаен неговиот придонес во македонската енциклопедистика. Тој е уредник и издавач на првата македонска општа енциклопедија. Павловски во три мандати беше претседател ан Друштвото на писателите на Македонија и е добитник на високи литературни и државни награди.  

The post Промоција на „Сок од простата: јубилејно издание“ од Јован Павловски appeared first on Република.

]]>
Научен собир за Јован Павловски по повод 85 години од неговото раѓање и 65-годишната творечка дејност https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/nauchen-sobir-za-jovan-pavlovski-po-povod-85-godini-od-negovoto-ragjanje-i-65-godishnata-tvorechka-dejnost/ Wed, 12 Oct 2022 06:53:38 +0000 https://republika.mk/?p=559877

Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, денеска, напладне, во просториите на ИМЛ, ќе ги одбележи двата јубилеја на македонскиот писател, поет, раскажувач, енциклопедист и публицист Јован Павловски: 85 години од неговото раѓање и 65 – годишната творечка дејност.

Собирот ќе го отвори претседателката на Организациониот одбор проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева од ИМЛ, а за творештвото на Павловски ќе зборуваат академик Катица Ќулавкова (МАНУ), проф. д-р Наташа Аврамовска, проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева и проф. д-р Гоце Смилевски.

-Како поет, раскажувач, романсиер, писател за возрасни, писател за деца и млади, хроничар – документарист, енциклопедист и публицист, Јован Павловски создаде богат и разновиден опус, кој има свое значајно место во летописот и тековите на современата македонска литература. Дебитираше со стихозбирката Август во 1961 година, а потоа објави низа поетски книги, меѓу кои: Медеја, Идентитет, Ментален простор, Одработен страв, Строгоста на живеењето и други, наведуваат организаторите на научниот собир.

Павловски е автор на романите Тоа Радиовце во кое паѓам длабоко, Сок од простата, Проверка на слободата, Град, години луѓе и други. Има објавено и повеќе документаристички дела, меѓу кои: Блиско сонце, Гемиџиите, Ѕвездена прашина, Огнено семејство – Спомени на Лика Чопова, Ние на Татковината ѝ должиме сé, а таа нам ништо!, Судењата како последен пораз, Кажувања, како и публицистичките: Бев со нив, Од онаа страна на границата, Од првична идеја до држава (коавтор: Мишел Павловски) и други.

Павловски е добитник на врвни награди, меѓу кои: „Климент Охридски“, Рациново признание, „Стале Попов“, Книжевно жезло за творечки опус, „Мито Хаџивасилев – Јасмин“, „Златна плакета на град Тетово, „19 Ноември“ на град Тетово, „13 Ноември“ на Град Скопје, „Крсте Мисирков“, „Духовен воин“ и „Златно перо“. Неговото творештво е преведено на повеќе од 20 јазици во светот.

 

The post Научен собир за Јован Павловски по повод 85 години од неговото раѓање и 65-годишната творечка дејност appeared first on Република.

]]>

Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, денеска, напладне, во просториите на ИМЛ, ќе ги одбележи двата јубилеја на македонскиот писател, поет, раскажувач, енциклопедист и публицист Јован Павловски: 85 години од неговото раѓање и 65 – годишната творечка дејност. Собирот ќе го отвори претседателката на Организациониот одбор проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева од ИМЛ, а за творештвото на Павловски ќе зборуваат академик Катица Ќулавкова (МАНУ), проф. д-р Наташа Аврамовска, проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева и проф. д-р Гоце Смилевски. -Како поет, раскажувач, романсиер, писател за возрасни, писател за деца и млади, хроничар – документарист, енциклопедист и публицист, Јован Павловски создаде богат и разновиден опус, кој има свое значајно место во летописот и тековите на современата македонска литература. Дебитираше со стихозбирката Август во 1961 година, а потоа објави низа поетски книги, меѓу кои: Медеја, Идентитет, Ментален простор, Одработен страв, Строгоста на живеењето и други, наведуваат организаторите на научниот собир. Павловски е автор на романите Тоа Радиовце во кое паѓам длабоко, Сок од простата, Проверка на слободата, Град, години луѓе и други. Има објавено и повеќе документаристички дела, меѓу кои: Блиско сонце, Гемиџиите, Ѕвездена прашина, Огнено семејство – Спомени на Лика Чопова, Ние на Татковината ѝ должиме сé, а таа нам ништо!, Судењата како последен пораз, Кажувања, како и публицистичките: Бев со нив, Од онаа страна на границата, Од првична идеја до држава (коавтор: Мишел Павловски) и други. Павловски е добитник на врвни награди, меѓу кои: „Климент Охридски“, Рациново признание, „Стале Попов“, Книжевно жезло за творечки опус, „Мито Хаџивасилев – Јасмин“, „Златна плакета на град Тетово, „19 Ноември“ на град Тетово, „13 Ноември“ на Град Скопје, „Крсте Мисирков“, „Духовен воин“ и „Златно перо“. Неговото творештво е преведено на повеќе од 20 јазици во светот.  

The post Научен собир за Јован Павловски по повод 85 години од неговото раѓање и 65-годишната творечка дејност appeared first on Република.

]]>