јован мицкоски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jovan-mitskoski/ За подобро да се разбереме Mon, 14 Oct 2024 19:15:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png јован мицкоски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jovan-mitskoski/ 32 32 Димитровска: Од анализата што ја направивме констатиравме дека картата на синот на премиерот не е платена со државни пари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dimitrovska-od-analizata-shto-ja-napravivme-konstatiravme-deka-kartata-na-sinot-na-premierot-ne-e-platena-so-drzhavni-pari/ Mon, 14 Oct 2024 19:15:21 +0000 https://republika.mk/?p=826807

Од целокупната документација што ни беше доставена и извршената анализа од наша страна, констатиравме дека од буџетот на државата се потрошени средства исклучиво за делегацијата со претставници од државни институции за патувањето во Вашингтон и во Њујорк и дека не е платено ништо за синот на премиерот, посочи вечерва претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Татјана Димитровска.

Кога го отворивме овој предмет, имавме единствена цел да утврдиме дали претседателот на Владата, вршејќи ги своите надлежности, службена должност и јавни овластување, ги има прекршено законот и Уставот, односно дали со спроведеното дејствие има остварено своја лична корист или корист на некое друго лице. Врз основа на целокупната документација што ни беше доставена и извршената анализа од наша страна, констатиравме дека од буџетот на државата се потрошени средства исклучиво за делегацијата со претставници од државни институции, односно дополнително беше обезбедена документацијата за патување на физичко лице, во случајов синот на премиерот, од каде што констатиравме дека од буџетот на државата не се платени трошоци за физичко лице, рече Димитровска во интервју за „360 степени“ на МРТ 1.

Од документацијата која ја имаме добиено, додаде, авиобилтетите за физичкото лице се платени во готово, имаме прилог фискални сметки. Резервацијата не е извршена од ниедна државна институција, додека за сместувањето е издадена фактура со потпис и печат дека е платено во готово и гласи на физичкото лице.

Од целокупната документација која ја обезбедивме од буџетските корисници, од трансакциските сметки на тие институции, вклучително и амбасадата, утврдивме дека такви средства не се исплатени на физичко лице. Дали фактурата што има печат „пеид“ е веродостоен документ, сепак не навлеговме во правната регулатива на државата што ја има издадено таа фактура. За нас е доволен доказ, со сите алатки што ги применивме, да потврдиме дека буџетски средства не се користени за приватни цели, во случајов за патување на синот на премиерот, прецизира Димитровска.

На настанот во Њујорк, како што кажа, било патувано со јавен превоз, со воз, за што, додаде, имаме прилог фактура и секако документација дека е платено.

Платено е за таквиот превоз, што значи дека исто така и за оваа релација од Вашингтон до Њујорк не е платено од буџетот на државата за синот на премиерот, потенцира Димитровска.

The post Димитровска: Од анализата што ја направивме констатиравме дека картата на синот на премиерот не е платена со државни пари appeared first on Република.

]]>

Мицкоски: Сине, те молам прости ми што мора да го живееш ова https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-sine-te-molam-prosti-mi-shto-mora-da-go-zhiveesh-ova/ Wed, 09 Oct 2024 12:04:17 +0000 https://republika.mk/?p=824663

Со одлуката на Антикорупциската комисија се потврдија лагите на СДСМ. Го обвинија Јован, му судеа и го осудија без притоа да покажат ниту еден доказ, пишува премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи коментирајќи ја последната одлука на Антикорупциска која денеска констатираше дека неговиот син во САД не патувал на државна сметка.

Виновен беше само затоа што е мој син. Останува горчината за лагите на СДСМ и нивните мегафони, посебно што нападнаа тинејџер кој ќе живее, учи и се гради како личност во средина во која политичките лешинари не бираат средства и начин во политичката арена. И тогаш имате морален хазард, истите градат среќа врз туѓото инволвирање во политика, затоа што со реални факти и аргументи не можат. Но вистината победи. Во моето однесување никогаш не сум прекршил закон, тaка и ќе продолжам. А ти синко…, те молам да ми простиш, не си ти виновен што мора сето ова да го живееш. Заедно ќе живееме за да победиме за Македонија и никогаш повторно ова да не му се случува на ниту еден тинејџер во иднина, пишува премиерот Мицкоски во статус на фејсбук.

The post Мицкоски: Сине, те молам прости ми што мора да го живееш ова appeared first on Република.

Антикорупциска потврди: Синот на Мицкоски не патувал во Вашингтон на државен трошок https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/antikoruptsiska-potvrdi-sinot-na-mitskoski-ne-patuval-vo-vashington-na-drzhaven-troshok/ Wed, 09 Oct 2024 10:00:11 +0000 https://republika.mk/?p=824507

Државната комисија за спречување на корупцијата на денешната седница констатираше дека нема основа за постапка во случајот со службените патувања на премиерот Христијан Мицкоски во Њујорк и Вашингтон во јули годинава.

Авионските карти и хотелското сместување за престојот на синот на премиерот Христијан Мицкоски во САД јули не се резервирани, ниту платени преку Службата за општи и заеднички работи на Владата, рече Зоран Богоевски, член на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) на денешната седница.

Богоевски кажа дека согласно добиената документација од Владата, од Организацијата на НАТО на 10 јуни била испратена покана за државна делегација за НАТО самитот. Во државната делегација имало 21 лице: претставници од канцеларијата на премиерот, министерствата за надворешни работи, одбрана и за внатрешни работи, Амбасадата на Македонија во Вашингтон и од постојаната делегација на Македонија во НАТО.

Резервацијата на авиобилетите била направена од Службата за општи и заеднички работи, а се однесува на 21 лице и во овој список не е наведено името на синот на премиерот.

За него се доставени фискални сметки од исплата во готово. Во однос на сместувањето, лицето не престојувало во хотелите каде што била сместена државната делегација, туку во апартмани и тие не се фактурирани на име на делегацијата. Фактурите за сместувањето во апартмани се на име на физичко лице. Лицето не било дел од официјалната делегација и не присуствувало на ниту еден официјален состанок или средба, туку само на предавањето на неговиот татко, кажа Богоевски.

Членовите на Антикорупциската комисија заклучија и изгласаа дека постапката се затвора бидејќи нема прекршување на одредбите и нема елементи за понатамошно постапување.

Со ова паднаа во вода сите неиздржани обвинувања од опозицијата и медиумите блиски до опозицијата дека премиерот на државен трошок го зел својот син на патувањата низ САД.

The post Антикорупциска потврди: Синот на Мицкоски не патувал во Вашингтон на државен трошок appeared first on Република.

]]>

Државната комисија за спречување на корупцијата на денешната седница констатираше дека нема основа за постапка во случајот со службените патувања на премиерот Христијан Мицкоски во Њујорк и Вашингтон во јули годинава.
Авионските карти и хотелското сместување за престојот на синот на премиерот Христијан Мицкоски во САД јули не се резервирани, ниту платени преку Службата за општи и заеднички работи на Владата, рече Зоран Богоевски, член на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) на денешната седница.
Богоевски кажа дека согласно добиената документација од Владата, од Организацијата на НАТО на 10 јуни била испратена покана за државна делегација за НАТО самитот. Во државната делегација имало 21 лице: претставници од канцеларијата на премиерот, министерствата за надворешни работи, одбрана и за внатрешни работи, Амбасадата на Македонија во Вашингтон и од постојаната делегација на Македонија во НАТО.
Резервацијата на авиобилетите била направена од Службата за општи и заеднички работи, а се однесува на 21 лице и во овој список не е наведено името на синот на премиерот.
За него се доставени фискални сметки од исплата во готово. Во однос на сместувањето, лицето не престојувало во хотелите каде што била сместена државната делегација, туку во апартмани и тие не се фактурирани на име на делегацијата. Фактурите за сместувањето во апартмани се на име на физичко лице. Лицето не било дел од официјалната делегација и не присуствувало на ниту еден официјален состанок или средба, туку само на предавањето на неговиот татко, кажа Богоевски.
Членовите на Антикорупциската комисија заклучија и изгласаа дека постапката се затвора бидејќи нема прекршување на одредбите и нема елементи за понатамошно постапување. Со ова паднаа во вода сите неиздржани обвинувања од опозицијата и медиумите блиски до опозицијата дека премиерот на државен трошок го зел својот син на патувањата низ САД.

The post Антикорупциска потврди: Синот на Мицкоски не патувал во Вашингтон на државен трошок appeared first on Република.

]]>
МНР со демант: За патувањето на Јован Мицкоски не се потрешена средства од државниот буџет https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mnr-so-demant-za-patuvaneto-na-jovan-mitskoski-ne-se-potreshena-sredstva-od-drzhavniot-budhet/ Sun, 14 Jul 2024 12:38:08 +0000 https://republika.mk/?p=796648

Пратеничката Славјанка Петровска и поранешна министерка за одбрана од СДСМ го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека на првото, официјално, владино патување во САД на самотот на НАТО со себе си го зел синот. Потоа се огласи и СДСМ. Од таму велат „Универзитетот Џон Хопкинс на официјалниот профил на Твитер, објави фотографии од посетата на Мицкоски од САД каде според инфомрациите од медиумите, со него е неговиот постар син.

Мицкоски мора итно да ја информира јавноста дали го носел синот во САД на државен трошок и да се произнесе околу целата ситуација. Мицкоски кој од самиот универзитет порача дека правото и правната држава за него се приоритет, очигледно решил тоа да важи за сите освен за него. Исто така, бараме Владата да го објави списокот на сите лица членови на делегацијата во САД кои патувале на трошок на граѓаните, за да се потврди или отфрли оваа информација. Изјава на Мицкоски нема да биде доволна. Владата најави отвореност и транспарентност, сега е шанса тоа да го покаже“- посочија од опозицијата.

Најпрво со демант се јави ВМРО-ДПМНЕ:

СДС се спушти на многу ниски гранки чим си дозволи брутално да ги меша децата и најблиското семејство на премиерот Мицкоски. Не е малку што со години е предмет на најцрната кампања од СДС, за да сега Петровска која доживеа изборен дебакл го вмешува синот на Мицкоски. Тоа значи дека го пробија дното.

Фактите се следни:
Синот на Мицкоски не е дел од официјалната делегација во НАТО самитот. Иако претседателот Мицкоски има право на придружен член на делегација, патувањето на неговиот син државата не ја чини ништо, односно сите трошоци се подмирени приватно од семејството на Мицкоски. За разлика од времето кога премиерот на СДС Ковачевски ги донесе децата како членови на официјална делегација.
Ако делегацијата сакала да сокрие нешто сигурно немаше да има фотографии од истата. Напротив се е транспарентно.
Ефектите од патувањето на претседателот на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се повеќе од очигледни.
Над 20 средби со лидери на држави членки на НАТО.
Средба со врвот на НАТО.
Достоинствено преставување на македонските интереси.
2 крупни инвестициски одлуки.
Нова инвестиција на Вабтек, 35 милиони евра и над 100 вработувања.
Специјална економска соработка со Унгарија, 500 милиони евра за компаниите и општините.
Токму поради ова поразено однесување на СДС на наредните избори тие 180 илјади гласови кои ги освоија на последните избори ќе им бидат недостижна цел.

Со демант се огласи и МНР:

Во насока на транспаретно работење и целосно информирање на јавноста, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ги отфрла тврдењата изнесени на денешната прес конференција на СДСМ.

Воедно, би сакале да ја информираме јавноста дека, делегацијата на Самитот на НАТО беше точно определена од страна на Алијансата и таа броеше вкупно 21 член, согласно протоколите на НАТО. Притоа, потенцираме дека Јован Мицкоски, синот на Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски не беше еден од членовите на делегацијата, иако Претседателот Мицкоски имаше покана за придружба од член на семејството.

Истовремено информираме дека за патувањето на Јован Мицкоски не се потрешени средства од Буџетот на Република Македонија.

За сите дополнителни информации, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија останува отворено за јавноста.

The post МНР со демант: За патувањето на Јован Мицкоски не се потрешена средства од државниот буџет appeared first on Република.

]]>

Пратеничката Славјанка Петровска и поранешна министерка за одбрана од СДСМ го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека на првото, официјално, владино патување во САД на самотот на НАТО со себе си го зел синот. Потоа се огласи и СДСМ. Од таму велат „Универзитетот Џон Хопкинс на официјалниот профил на Твитер, објави фотографии од посетата на Мицкоски од САД каде според инфомрациите од медиумите, со него е неговиот постар син.
Мицкоски мора итно да ја информира јавноста дали го носел синот во САД на државен трошок и да се произнесе околу целата ситуација. Мицкоски кој од самиот универзитет порача дека правото и правната држава за него се приоритет, очигледно решил тоа да важи за сите освен за него. Исто така, бараме Владата да го објави списокот на сите лица членови на делегацијата во САД кои патувале на трошок на граѓаните, за да се потврди или отфрли оваа информација. Изјава на Мицкоски нема да биде доволна. Владата најави отвореност и транспарентност, сега е шанса тоа да го покаже“- посочија од опозицијата.
Најпрво со демант се јави ВМРО-ДПМНЕ:
СДС се спушти на многу ниски гранки чим си дозволи брутално да ги меша децата и најблиското семејство на премиерот Мицкоски. Не е малку што со години е предмет на најцрната кампања од СДС, за да сега Петровска која доживеа изборен дебакл го вмешува синот на Мицкоски. Тоа значи дека го пробија дното. Фактите се следни: Синот на Мицкоски не е дел од официјалната делегација во НАТО самитот. Иако претседателот Мицкоски има право на придружен член на делегација, патувањето на неговиот син државата не ја чини ништо, односно сите трошоци се подмирени приватно од семејството на Мицкоски. За разлика од времето кога премиерот на СДС Ковачевски ги донесе децата како членови на официјална делегација. Ако делегацијата сакала да сокрие нешто сигурно немаше да има фотографии од истата. Напротив се е транспарентно. Ефектите од патувањето на претседателот на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се повеќе од очигледни. Над 20 средби со лидери на држави членки на НАТО. Средба со врвот на НАТО. Достоинствено преставување на македонските интереси. 2 крупни инвестициски одлуки. Нова инвестиција на Вабтек, 35 милиони евра и над 100 вработувања. Специјална економска соработка со Унгарија, 500 милиони евра за компаниите и општините. Токму поради ова поразено однесување на СДС на наредните избори тие 180 илјади гласови кои ги освоија на последните избори ќе им бидат недостижна цел.
Со демант се огласи и МНР:
Во насока на транспаретно работење и целосно информирање на јавноста, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ги отфрла тврдењата изнесени на денешната прес конференција на СДСМ. Воедно, би сакале да ја информираме јавноста дека, делегацијата на Самитот на НАТО беше точно определена од страна на Алијансата и таа броеше вкупно 21 член, согласно протоколите на НАТО. Притоа, потенцираме дека Јован Мицкоски, синот на Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски не беше еден од членовите на делегацијата, иако Претседателот Мицкоски имаше покана за придружба од член на семејството. Истовремено информираме дека за патувањето на Јован Мицкоски не се потрешени средства од Буџетот на Република Македонија. За сите дополнителни информации, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија останува отворено за јавноста.