јован јованов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jovan-jovanov/ За подобро да се разбереме Mon, 11 Dec 2023 20:21:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png јован јованов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jovan-jovanov/ 32 32 Старата или новата ремикс верзија: Која „Магија“ од Јован Јованов повеќе ви се допаѓа? https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/starata-ili-novata-remiks-verzija-koja-magija-od-jovan-jovanov-poveke-vi-se-dopaga/ Mon, 11 Dec 2023 19:51:10 +0000 https://republika.mk/?p=721898

Среде популарноста на момчешките поп-групи „Бекстрит бојс“ и „Енсинк“ во деведесеттите години, на македонската музичка сцена се појави групата „Магија“.

Шармантната четворка, која ја сочинуваа Јован Јованов, Дамјан Лазаров, Зоран Стаменковски и Дони Марџиев, веднаш ја освои младата слушачка публика во Македонија и бргу станаа едни од најпопуларните изведувачи кај нас во тој период.

Нивната истоимена песна „Магија“, со која победија на фестивалот „Макфест“ во 1998 година, стана своевиден евергрин, којшто се слуша и ден-денес.

https://www.youtube.com/watch?v=bslYUiM1EO8

По преработката од 2007 година, кога Јован Јованов ја преработи „Магија“ со Адријан Гаџа и Раде Врчаковски – Врчак, сега песната доби нов ремикс, со нов и модерен звук.

Овој пат, Јованов направи дуетска верзија на песната со најпопуларниот македонски рапер Христијан Настески – Пајак.

Се надеваме дека овој дует ќе биде едно убаво освежување за македонската музичка сцена, но и поттик за нови песни за во иднина“, вели Јованов.

Новата преработка има сосема нов аражман, а целата продукција е направена од страна на Иван Јованов – Ивајо.

https://www.youtube.com/watch?v=GluNEeGi8yM

Да потсетиме, Јован Јованов живее и работи како музички продуцент во Канада, а ова му е прв музички сингл на нашата сцена по цели 14 години.

The post Старата или новата ремикс верзија: Која „Магија“ од Јован Јованов повеќе ви се допаѓа? appeared first on Република.

]]>

Среде популарноста на момчешките поп-групи „Бекстрит бојс“ и „Енсинк“ во деведесеттите години, на македонската музичка сцена се појави групата „Магија“. Шармантната четворка, која ја сочинуваа Јован Јованов, Дамјан Лазаров, Зоран Стаменковски и Дони Марџиев, веднаш ја освои младата слушачка публика во Македонија и бргу станаа едни од најпопуларните изведувачи кај нас во тој период. Нивната истоимена песна „Магија“, со која победија на фестивалот „Макфест“ во 1998 година, стана своевиден евергрин, којшто се слуша и ден-денес. https://www.youtube.com/watch?v=bslYUiM1EO8 По преработката од 2007 година, кога Јован Јованов ја преработи „Магија“ со Адријан Гаџа и Раде Врчаковски – Врчак, сега песната доби нов ремикс, со нов и модерен звук. Овој пат, Јованов направи дуетска верзија на песната со најпопуларниот македонски рапер Христијан Настески – Пајак.
Се надеваме дека овој дует ќе биде едно убаво освежување за македонската музичка сцена, но и поттик за нови песни за во иднина“, вели Јованов.
Новата преработка има сосема нов аражман, а целата продукција е направена од страна на Иван Јованов – Ивајо. https://www.youtube.com/watch?v=GluNEeGi8yM Да потсетиме, Јован Јованов живее и работи како музички продуцент во Канада, а ова му е прв музички сингл на нашата сцена по цели 14 години.

The post Старата или новата ремикс верзија: Која „Магија“ од Јован Јованов повеќе ви се допаѓа? appeared first on Република.

]]>