Јован Јаулески Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jovan-jauleski/ За подобро да се разбереме Mon, 20 May 2024 20:06:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Јован Јаулески Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jovan-jauleski/ 32 32 Јаулески: ВМРО-ДПМНЕ очекува да земе уште еден пратеник во петтата изборна единица https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/jauleski-vmro-dpmne-ochekuva-da-zeme-ushte-eden-pratenik-vo-pettata-izborna-edinitsa/ Mon, 20 May 2024 20:06:47 +0000 https://republika.mk/?p=780268

„Со оглед на тоа каква е ситуацијата дека ВМРО-ДПМНЕ како победник на овие избори и иден мандатар и креатор на идната влада јас сум длабоко убеден дека тој пратеник би одел на конто на ВМРО-ДПМНЕ, но сепак граѓаните ќе го кажат тоа на крај на демократски легитимен процес согласно законите, битно е процесот да биде демократски и да се заврши се како што треба“, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Јован Јаулески во гостување во „Топ Тема“ на ТВ Телма.

Тој продолжи и додаде:

„ДИК донесе одлука нели Управниот суд ги потврди одлуките на ДИК. Имено кога има суштествени повреди на изборниот законик во однос на ливче плус, несогласувања на терминал со гласачи. Должност на членовите на ДИК согласно законот е да го поништат тоа избирачко место и не би влегувал во тие теории на заговор дека некој на некого сака да му земе“, истакна Јаулески.

Тој истакна дека нормално и легитимно е секоја политичка партија да се бори за остварување на подобар резултат каде изборите се поништени.

„Во одредената ситуација каде се поништени изборите на избирачки места нормално и легитимно е дека секоја политичка партија се бори да оствари подобар резултат така и ние се бориме да земеме уште еден пратеник во петтата изборна единица“, кажа Јаулески.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ во својата програма има политики што ги засегаат сите граѓани.

„ВМРО-ДПМНЕ во својата програма има политики што ги засегаат сите граѓани, а со првиот ребаланс ќе се делат финансиски средства во нашиот мандат од милијарда евра и тие финансиски средства ќе се делат во сите општини и каде градоначалник е од ДУИ и од Алијанса за Албанците и каде живеат Македонци и Албанци. Нашата тенденција е работите да не се како досега односно да ги менуваме и да постигнуваме концепт за сите“, дециден е Јаулески.

The post Јаулески: ВМРО-ДПМНЕ очекува да земе уште еден пратеник во петтата изборна единица appeared first on Република.

]]>

„Со оглед на тоа каква е ситуацијата дека ВМРО-ДПМНЕ како победник на овие избори и иден мандатар и креатор на идната влада јас сум длабоко убеден дека тој пратеник би одел на конто на ВМРО-ДПМНЕ, но сепак граѓаните ќе го кажат тоа на крај на демократски легитимен процес согласно законите, битно е процесот да биде демократски и да се заврши се како што треба“, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Јован Јаулески во гостување во „Топ Тема“ на ТВ Телма. Тој продолжи и додаде: „ДИК донесе одлука нели Управниот суд ги потврди одлуките на ДИК. Имено кога има суштествени повреди на изборниот законик во однос на ливче плус, несогласувања на терминал со гласачи. Должност на членовите на ДИК согласно законот е да го поништат тоа избирачко место и не би влегувал во тие теории на заговор дека некој на некого сака да му земе“, истакна Јаулески. Тој истакна дека нормално и легитимно е секоја политичка партија да се бори за остварување на подобар резултат каде изборите се поништени. „Во одредената ситуација каде се поништени изборите на избирачки места нормално и легитимно е дека секоја политичка партија се бори да оствари подобар резултат така и ние се бориме да земеме уште еден пратеник во петтата изборна единица“, кажа Јаулески. Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ во својата програма има политики што ги засегаат сите граѓани. „ВМРО-ДПМНЕ во својата програма има политики што ги засегаат сите граѓани, а со првиот ребаланс ќе се делат финансиски средства во нашиот мандат од милијарда евра и тие финансиски средства ќе се делат во сите општини и каде градоначалник е од ДУИ и од Алијанса за Албанците и каде живеат Македонци и Албанци. Нашата тенденција е работите да не се како досега односно да ги менуваме и да постигнуваме концепт за сите“, дециден е Јаулески.

The post Јаулески: ВМРО-ДПМНЕ очекува да земе уште еден пратеник во петтата изборна единица appeared first on Република.

]]>
„Фала Али, кекси и млеко не е така лоша комбинација“, му порача идниот пратеник Јаулески https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/fala-ali-keksi-i-mleko-ne-e-taka-losha-kombinatsija-mu-poracha-idniot-pratenik-jauleski/ Thu, 09 May 2024 08:38:50 +0000 https://republika.mk/?p=776175

Пратеникот Јован Јаулески, утрово со фотографија од неговиот доручек, млеко и кекси, го поздрави лидерот на ДУИ Али Ахмети, по неговите закани за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, партијата која вчера победи на парламентарните избори.

На митингот на албанската коалиција која ја предводи, Ахмети му се закани на Христијан Мицкоски, велејќи му да не си ја бара бељата.

Христијан Мицкоски е пораснат со гурабии, Христијан Мицкоски е пораснат со кекси (бисквити). Јас сум пораснат во кула од камен што трипати е изгорена од поробувачите. Христијан, народот мој вели дека камен по камен се гради тврдината, збор по збор започнува бељата, не започнувај беља (проблем). Не започнувај беља и бирај ги зборовите, уште си млад и устата млеко ти вади, порача тогаш Ахмети.

Според досега обработените гласови, ВМРО-ДПМНЕ освои 58 мандати. Јаулески, кој беше претседател на Унијата на млади сили, по втор пат ќе биде пратеник во македонското Собрание. Тој беше петти на листата на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ5, каде партијата освои 10 мандати.

The post „Фала Али, кекси и млеко не е така лоша комбинација“, му порача идниот пратеник Јаулески appeared first on Република.

]]>

Пратеникот Јован Јаулески, утрово со фотографија од неговиот доручек, млеко и кекси, го поздрави лидерот на ДУИ Али Ахмети, по неговите закани за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, партијата која вчера победи на парламентарните избори. На митингот на албанската коалиција која ја предводи, Ахмети му се закани на Христијан Мицкоски, велејќи му да не си ја бара бељата.
Христијан Мицкоски е пораснат со гурабии, Христијан Мицкоски е пораснат со кекси (бисквити). Јас сум пораснат во кула од камен што трипати е изгорена од поробувачите. Христијан, народот мој вели дека камен по камен се гради тврдината, збор по збор започнува бељата, не започнувај беља (проблем). Не започнувај беља и бирај ги зборовите, уште си млад и устата млеко ти вади, порача тогаш Ахмети.
Според досега обработените гласови, ВМРО-ДПМНЕ освои 58 мандати. Јаулески, кој беше претседател на Унијата на млади сили, по втор пат ќе биде пратеник во македонското Собрание. Тој беше петти на листата на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ5, каде партијата освои 10 мандати.

The post „Фала Али, кекси и млеко не е така лоша комбинација“, му порача идниот пратеник Јаулески appeared first on Република.

]]>
Јаулески за Алијанса на Албанците: Таравари е заложник на Груби, кога нема да им требаат во Владата ќе ги шутнат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/jauleski-za-alijansa-na-albantsite-taravari-e-zalozhnik-na-grubi-koga-nema-da-im-trebaat-vo-vladata-ke-gi-shutnat/ Mon, 27 Feb 2023 16:22:38 +0000 https://republika.mk/?p=613871

Дали вие добивте ексклузивна понуда за куќа по 500тини евра за метар квадратен во Скопје. Добивте ли понуда да купите деловен простор на улица Македонија по цена пет пати пониска од пазарната, ги праша Јован Јаулески пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница пратениците од мнозинството, посочувајќи дека овие два примери се еклатантен пример на корупција и криминал.

Знаете ли пратеници од Алијансата која е најуспешна туристичка агенција во државата? Туристичката агенција на Грби. Ќе ве пренесе жедни преку вода, ќе имате туристичко разгледување на владата од неколку месеци, а потоа ќе ве шутне како партал од истата, им рече Јаулески на пратениците од Алијанса.

Јаулески истакна дека Таравари станал заложник на Груби, како и дека со поддржување на пратениците на Алијанса на Албанците на оваа реконструкција не остваруваат никаков интерес на граѓаните.

Вашиот Артан Таравари, човекот кој требаше да го прати Артан Груби во опозиција стана негов заложник, а вие со вашето гласање и негови соучесници. Партијата слободно може да ви се преименува Алијанса за Артан. Никаков интерес за вашите гласачи не остварувате и зошто некој би гласал за вас на наредните избори кога многу повеќе може да добие ако отиде со ДУ, потенцираше тој.

Ова е коалиција за спас на Артан Груби. За да има вистинска борба со криминалот на институциите, потреба е дегрубизација на институциите, смета Јаулески.

The post Јаулески за Алијанса на Албанците: Таравари е заложник на Груби, кога нема да им требаат во Владата ќе ги шутнат appeared first on Република.

]]>

Дали вие добивте ексклузивна понуда за куќа по 500тини евра за метар квадратен во Скопје. Добивте ли понуда да купите деловен простор на улица Македонија по цена пет пати пониска од пазарната, ги праша Јован Јаулески пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница пратениците од мнозинството, посочувајќи дека овие два примери се еклатантен пример на корупција и криминал. Знаете ли пратеници од Алијансата која е најуспешна туристичка агенција во државата? Туристичката агенција на Грби. Ќе ве пренесе жедни преку вода, ќе имате туристичко разгледување на владата од неколку месеци, а потоа ќе ве шутне како партал од истата, им рече Јаулески на пратениците од Алијанса. Јаулески истакна дека Таравари станал заложник на Груби, како и дека со поддржување на пратениците на Алијанса на Албанците на оваа реконструкција не остваруваат никаков интерес на граѓаните. Вашиот Артан Таравари, човекот кој требаше да го прати Артан Груби во опозиција стана негов заложник, а вие со вашето гласање и негови соучесници. Партијата слободно може да ви се преименува Алијанса за Артан. Никаков интерес за вашите гласачи не остварувате и зошто некој би гласал за вас на наредните избори кога многу повеќе може да добие ако отиде со ДУ, потенцираше тој. Ова е коалиција за спас на Артан Груби. За да има вистинска борба со криминалот на институциите, потреба е дегрубизација на институциите, смета Јаулески.

The post Јаулески за Алијанса на Албанците: Таравари е заложник на Груби, кога нема да им требаат во Владата ќе ги шутнат appeared first on Република.

]]>
Јаулески: Таравари ги продаде Албанците за шака директорски места кои ќе траат 10 месеци https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/jauleski-taravari-gi-prodade-albantsite-za-shaka-direktorski-mesta-koi-ke-traat-10-mesetsi/ Tue, 14 Feb 2023 13:49:22 +0000 https://republika.mk/?p=608920

Денес на дневен ред уште една трагикомична претстава на театарот на СДСМ и ДУИ, а тоа е неуспехот да го престави како успех. Па така, се прави реконструкција на Влада со влез на нова партија од албанскиот блок и тоа замислете не било која, туку онаа на која што му беше полна устата дека ДУИ конечно треба да замине во опозиција. Се преставуваа како спасители на на албанскиот народ во наводници од злобните ДУИ, па Алијанса на Таравари ќе биде таа која што ќе го спаси народот, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески.

Тој од денешната собраниска седница за за рекоснтрукција на владата, Јаулески рече дека се испостави дека Алијанса за Албанците не се ништо друго освен соработници на ДУИ и Арбен Таравари кој ја продаде битката на сограѓаните Албанци, за шака директорски места кои ќе му траат десет месеци, а сите говори и обвинувања од минатото биле само една маска во лов на гласовите на нашите сограѓани Албанци.

Не знам дали стигнуваат до тебе чарсиските муабети, конкретно од Струга, каде што уживаше голема поддршка, дека не си баш толку омилен после оваа коалиција со ДУИ. Пред само година ипол, две со чесните Албанци кои имаа искрени намери, истите оние кои децата им се иселуваат, истите оние кои што се разочарани од криминалот и корупцијата, водевме заедничка битка во Струга за да се случат промени. Вие, нивните очекувања ги изневеривте и ги излажавте вашите сопствени гасачи. Сега ќе ги лажете дека ова е само десет месеци за да ви зајакне партијата. И да ви поверуваат за момент дека е така, после извесни време ќе се види дека не е така, затоа што вие ќе станете учесници во криминалот, ќе станите соочесници во корупцијата и само пар неколку функционери назначени од Алијанса за Албанците ќе се богатат заедно со функционерите на ДУИ, на грпот на оние кои што ве избраа. Господине Таравари, ја продаде битката на нашите сограѓани Албанци, за шака директорски места кои ќе ти траат десет месеци. После што ќе правиш? Партијата ќе ти се претопи во ДУИ и ќе треба да ставиш катанец на врата, поточно ќе настане пасокизација на Алијанса, истакна пратеникот Јаулески од собраниската говорница.

Јаулески го потсети Таравари, како ревносно го обвинуваше Али Ахмети, Зоран Заев и целата оваа власт и дека Алијанса и ДУИ не можат да бидат во коалиција, а сега не само што ќе бидат во коалиција, туку ќе бидат и партнери во криминалот.

На 11.06.2018 година лично Алијанса обвинуваше дека има закани по живот, но тогаш Генералниот секретар, сега лидер на Алијансата, Арбен Таравари од страна на ДУИ. Потоа со неколку последователни пресови ја обвинуваше истата ДУИ за криминал, корипција и партски вработувања, се до денс кога им седна во скутот. Даде интервју посветено на тоа де ДУИ и Алијанса никогаш не мпже да се најдат во иста коалиција. Еве денес, не само што сте коалиција туку ќе станете и партнери во криминалот, рече Јаулески.

Јаулески исто така го запраша Таравари како не му е срам да поттикнува меѓуетнички тензии и да ја заплашува македонскста јавност радикализирање на нашите сограѓани Албанци ако во Собранието не поминеле устаните измени.

Нели ти е срам господине Таравари да плашиш мали деца дека доколку не се промени уставот, Албанците ќе се радикализираат? Ти, сакаш ли да го глумиш Али Ахмети, кај него одеше ли на спремање? Нели ти е срам господине Таравари да зборуваш за радикализирање и да подгреваш меѓуетнички тензии? Па, мене ли ме плашиш кој сум родум од Струга, кој израснал во град со Албанците и ден денеска имам другари со кој секојдневно пијам кафе, си одиме на слави, си одиме на родендени, на прослави. Мене ли најде да ме плашиш, господине Таравари, запраша Јаулески.

The post Јаулески: Таравари ги продаде Албанците за шака директорски места кои ќе траат 10 месеци appeared first on Република.

]]>

Денес на дневен ред уште една трагикомична претстава на театарот на СДСМ и ДУИ, а тоа е неуспехот да го престави како успех. Па така, се прави реконструкција на Влада со влез на нова партија од албанскиот блок и тоа замислете не било која, туку онаа на која што му беше полна устата дека ДУИ конечно треба да замине во опозиција. Се преставуваа како спасители на на албанскиот народ во наводници од злобните ДУИ, па Алијанса на Таравари ќе биде таа која што ќе го спаси народот, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески. Тој од денешната собраниска седница за за рекоснтрукција на владата, Јаулески рече дека се испостави дека Алијанса за Албанците не се ништо друго освен соработници на ДУИ и Арбен Таравари кој ја продаде битката на сограѓаните Албанци, за шака директорски места кои ќе му траат десет месеци, а сите говори и обвинувања од минатото биле само една маска во лов на гласовите на нашите сограѓани Албанци.
Не знам дали стигнуваат до тебе чарсиските муабети, конкретно од Струга, каде што уживаше голема поддршка, дека не си баш толку омилен после оваа коалиција со ДУИ. Пред само година ипол, две со чесните Албанци кои имаа искрени намери, истите оние кои децата им се иселуваат, истите оние кои што се разочарани од криминалот и корупцијата, водевме заедничка битка во Струга за да се случат промени. Вие, нивните очекувања ги изневеривте и ги излажавте вашите сопствени гасачи. Сега ќе ги лажете дека ова е само десет месеци за да ви зајакне партијата. И да ви поверуваат за момент дека е така, после извесни време ќе се види дека не е така, затоа што вие ќе станете учесници во криминалот, ќе станите соочесници во корупцијата и само пар неколку функционери назначени од Алијанса за Албанците ќе се богатат заедно со функционерите на ДУИ, на грпот на оние кои што ве избраа. Господине Таравари, ја продаде битката на нашите сограѓани Албанци, за шака директорски места кои ќе ти траат десет месеци. После што ќе правиш? Партијата ќе ти се претопи во ДУИ и ќе треба да ставиш катанец на врата, поточно ќе настане пасокизација на Алијанса, истакна пратеникот Јаулески од собраниската говорница.
Јаулески го потсети Таравари, како ревносно го обвинуваше Али Ахмети, Зоран Заев и целата оваа власт и дека Алијанса и ДУИ не можат да бидат во коалиција, а сега не само што ќе бидат во коалиција, туку ќе бидат и партнери во криминалот.
На 11.06.2018 година лично Алијанса обвинуваше дека има закани по живот, но тогаш Генералниот секретар, сега лидер на Алијансата, Арбен Таравари од страна на ДУИ. Потоа со неколку последователни пресови ја обвинуваше истата ДУИ за криминал, корипција и партски вработувања, се до денс кога им седна во скутот. Даде интервју посветено на тоа де ДУИ и Алијанса никогаш не мпже да се најдат во иста коалиција. Еве денес, не само што сте коалиција туку ќе станете и партнери во криминалот, рече Јаулески.
Јаулески исто така го запраша Таравари како не му е срам да поттикнува меѓуетнички тензии и да ја заплашува македонскста јавност радикализирање на нашите сограѓани Албанци ако во Собранието не поминеле устаните измени.
Нели ти е срам господине Таравари да плашиш мали деца дека доколку не се промени уставот, Албанците ќе се радикализираат? Ти, сакаш ли да го глумиш Али Ахмети, кај него одеше ли на спремање? Нели ти е срам господине Таравари да зборуваш за радикализирање и да подгреваш меѓуетнички тензии? Па, мене ли ме плашиш кој сум родум од Струга, кој израснал во град со Албанците и ден денеска имам другари со кој секојдневно пијам кафе, си одиме на слави, си одиме на родендени, на прослави. Мене ли најде да ме плашиш, господине Таравари, запраша Јаулески.

The post Јаулески: Таравари ги продаде Албанците за шака директорски места кои ќе траат 10 месеци appeared first on Република.

]]>
Намерно запален автомобилот на братот на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески во Струга https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/namerno-zapalen-avtomobilot-na-bratot-na-pratenikot-na-vmro-dpmne-jovan-jauleski-vo-struga/ Sat, 12 Feb 2022 14:54:22 +0000 https://republika.mk/?p=457594

За влакно е избегната трагедија во семејниот дом на струшкиот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески. Инцидентот се случил синоќа околу 21.15 часот, кога во куќата каде што живее неговиот брат со сопругата и 8-месечното бебе, бил запален автомобилот.

Пожарот е предизвикан од човечка рака бидејќи до автомобилот беше пронајдено шише со бензин. Ја испраскале целата кола, го фрлиле шишето запалиле и избегале. Среќа во несреќа што во моментот кога вивнал пламенот, мои сограѓани кои поминувале пред куќата, почнале да свитат од авотомобилите и да го довивуваат мојот брат, кој не знаел што се случува.

Опожарениот автомобил беше паркиран во дворот под настрешница од дрвена кострукција, така што доколку не се забележеше пожарот веднаш, пламените јазици ќе ја зафатеа и куќата, во која напоменувам дека во тој момент беше мојот брат со сопругата и 8-месечниот син.

Мојот брат, моето семејство важат за мирни и скромни луѓе, немаат лош збор со никого ниту, пак, имаат непријатели.

Така да ако ова е некаква порака до мене или до моето семејство за заплашување, длабоко се лажат, тоа нема да се случи. Напротив, ќе продолжиме уште поцврство во она во што веруваме. И уште еднаш ќе потенцирам, очекувам органите на прогонот да ги најдат сторителите и најостро да ги казнат, затоа што ова веќе не наликува на држава, наликува на некоја африканска држава од третиот свет којашто нема ни систем на демократија - вели Јаулески.

Инаку, пред точно три  месеци, припадници на финасиската полиција во ситни саати упаднаа во станот на пратеникот Јаулески во Скопје и два и пол часа вршеле претрес. Како што вели Јаулески, таквиот „мафијашки упад“ бил по политичка нарачка.

И ако ова што се случи синоќа е некаква порака за мене или моето семејство, уште веднаш да им порачам дека јас не им се плашам - вели Јаулески.

Од СВР Охрид велат дека се превземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Намерно запален автомобилот на братот на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески во Струга appeared first on Република.

]]>

За влакно е избегната трагедија во семејниот дом на струшкиот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески. Инцидентот се случил синоќа околу 21.15 часот, кога во куќата каде што живее неговиот брат со сопругата и 8-месечното бебе, бил запален автомобилот.
Пожарот е предизвикан од човечка рака бидејќи до автомобилот беше пронајдено шише со бензин. Ја испраскале целата кола, го фрлиле шишето запалиле и избегале. Среќа во несреќа што во моментот кога вивнал пламенот, мои сограѓани кои поминувале пред куќата, почнале да свитат од авотомобилите и да го довивуваат мојот брат, кој не знаел што се случува.   Опожарениот автомобил беше паркиран во дворот под настрешница од дрвена кострукција, така што доколку не се забележеше пожарот веднаш, пламените јазици ќе ја зафатеа и куќата, во која напоменувам дека во тој момент беше мојот брат со сопругата и 8-месечниот син.   Мојот брат, моето семејство важат за мирни и скромни луѓе, немаат лош збор со никого ниту, пак, имаат непријатели.   Така да ако ова е некаква порака до мене или до моето семејство за заплашување, длабоко се лажат, тоа нема да се случи. Напротив, ќе продолжиме уште поцврство во она во што веруваме. И уште еднаш ќе потенцирам, очекувам органите на прогонот да ги најдат сторителите и најостро да ги казнат, затоа што ова веќе не наликува на држава, наликува на некоја африканска држава од третиот свет којашто нема ни систем на демократија - вели Јаулески.