Јован Деспотовси Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jovan-despotovsi/ За подобро да се разбереме Sun, 02 Jun 2024 11:36:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Јован Деспотовси Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jovan-despotovsi/ 32 32 Деспотовски: На СДСМ му треба лидер, не пазар https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/despotovski-na-sdsm-mu-treba-lider-ne-pazar/ Sun, 02 Jun 2024 11:36:13 +0000 https://republika.mk/?p=784133

Членот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Јован Деспотовски, кој ја најави својата кандидатура за претседател на партијата, денеска преку соопштение изјави дека доставил предлог изјава за дополнување на документите при кандидрање, со која кандидатите кои нема да бидат избрани се обврзуваат да останат надвор од партиските функции и тела.

Во продолжение, интегралната изјава на Деспотовски:

Во интерес на обезбедување на транспарентна постапка за избор на Претседател на СДСМ до Централната изборна комисија на партијата доставив предлог за дополнување на документите при кандидирање.

Со предложената Изјава секој од кандидатите се обврзува, во случај да не биде избран за Претседател на СДСМ, да не прифати ниту една друга партиска функција на централно, ниту на локално ниво. Неприфаќањето се однесува и за позиции во институциите каде партијата назначува свои членови.

Учеството во трката за Претседател на СДСМ не смее да се гледа како шанса за стекнување на капитал, што потоа ќе се „пазари“ за подобра позиција во партијата. Со оваа иницијатива, секој кандидат однапред ќе се откаже од користење на добиената поддршка т.е. капитал во пазарења и целиот ќе го стави односно ќе го врати на целосно располагање на партијата. Со оваа иницијатива, даваме придонес кон враќање на довербата на нашите членови во изборниот процес и обезбедуваме фокусот да биде на програмите и концептот на работа на кандидатите.

Претседателот на СДСМ мора да биде одговорен кон членовите, а не кон различни структури и лоби групи. Партискиот тим мора да биде поставен по вертикала од членовите бидејќи секоја внатрепартиски натпревар значи успех и движење по скалило, а не возење по хоризонтален пат.

Ги повикуваме сите претседателски кандидати да ја покажат својата посветеност на фер игра и интегритет со потпишување на оваа изјава. Преземајќи го ова ветување, кандидатите ќе покажат дека им даваат приоритет на она што е во интерес на луѓето, на нашите членови и државата пред личната корист, поставувајќи моќен пример за етичко лидерство. Оваа иницијатива не е само ветување за фер игра; тоа е посветеност на вредностите на социјалдемократијата за кои се залагам и како член на СДСМ.

Верувам дека само со вакви конкретни и искрени постапки ќе покажеме дека навистина сме ја разбрале пораката и можеме да ја реформираме нашата партија и да поставиме нов стандард за политичко однесување, вели Деспотовски во соопштението до медиумите, во кое е приложена и предлог – изјавата.

 

The post Деспотовски: На СДСМ му треба лидер, не пазар appeared first on Република.

]]>

Членот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Јован Деспотовски, кој ја најави својата кандидатура за претседател на партијата, денеска преку соопштение изјави дека доставил предлог изјава за дополнување на документите при кандидрање, со која кандидатите кои нема да бидат избрани се обврзуваат да останат надвор од партиските функции и тела. Во продолжение, интегралната изјава на Деспотовски: Во интерес на обезбедување на транспарентна постапка за избор на Претседател на СДСМ до Централната изборна комисија на партијата доставив предлог за дополнување на документите при кандидирање. Со предложената Изјава секој од кандидатите се обврзува, во случај да не биде избран за Претседател на СДСМ, да не прифати ниту една друга партиска функција на централно, ниту на локално ниво. Неприфаќањето се однесува и за позиции во институциите каде партијата назначува свои членови. Учеството во трката за Претседател на СДСМ не смее да се гледа како шанса за стекнување на капитал, што потоа ќе се „пазари“ за подобра позиција во партијата. Со оваа иницијатива, секој кандидат однапред ќе се откаже од користење на добиената поддршка т.е. капитал во пазарења и целиот ќе го стави односно ќе го врати на целосно располагање на партијата. Со оваа иницијатива, даваме придонес кон враќање на довербата на нашите членови во изборниот процес и обезбедуваме фокусот да биде на програмите и концептот на работа на кандидатите. Претседателот на СДСМ мора да биде одговорен кон членовите, а не кон различни структури и лоби групи. Партискиот тим мора да биде поставен по вертикала од членовите бидејќи секоја внатрепартиски натпревар значи успех и движење по скалило, а не возење по хоризонтален пат. Ги повикуваме сите претседателски кандидати да ја покажат својата посветеност на фер игра и интегритет со потпишување на оваа изјава. Преземајќи го ова ветување, кандидатите ќе покажат дека им даваат приоритет на она што е во интерес на луѓето, на нашите членови и државата пред личната корист, поставувајќи моќен пример за етичко лидерство. Оваа иницијатива не е само ветување за фер игра; тоа е посветеност на вредностите на социјалдемократијата за кои се залагам и како член на СДСМ. Верувам дека само со вакви конкретни и искрени постапки ќе покажеме дека навистина сме ја разбрале пораката и можеме да ја реформираме нашата партија и да поставиме нов стандард за политичко однесување, вели Деспотовски во соопштението до медиумите, во кое е приложена и предлог – изјавата.  

The post Деспотовски: На СДСМ му треба лидер, не пазар appeared first on Република.

]]>