Јован Андоновски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jovan-andonovski/ За подобро да се разбереме Mon, 26 Feb 2024 11:38:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Јован Андоновски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jovan-andonovski/ 32 32 Случаите со Леонид Индов и Јани Иванов не се единствени, ФЗОМ не им овозможува третман, а нивната состојба се влошува, вели Андоновски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sluchaite-so-leonid-indov-i-jani-ivanov-ne-se-edinstveni-fzom-ne-im-ovozmozhuva-tretman-a-nivnata-sostojba-se-vloshuva-veli-andonovski/ Mon, 26 Feb 2024 11:38:45 +0000 https://republika.mk/?p=748482

Заменик омбудсманот на Македонија Јован Андоновски одговорајќи на новинарско прашање во врска со случајот Леонид Индов најави дека оваа недела ќе почне да се работи на иницијатива со која се предвидуваат измени на законски и подзаконски акти на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОРСМ), кои ќе бидат во насока да се цени секој случај индивидуално, а не да се категоризираат предметите.

Тој посочи дека засега немаат никаква реакција од Фондот, во врска со најавената иницијатива.

Засега немаме никаква реакција од страна на ФЗОРСМ. Ние најавиме иницијатива. На таа иницијатива ќе почне да се работи оваа недела. Со неа предвидуваме измени на Законот и на подзаконските акти, особено на подзаконските акти на ФЗОМ коишто се застарени и антидатирани. Измените би биле во насока на тоа да се цени секој случај индивидуално, значи не може да се категоризираат предметите само дали станува збор за лекување или рехабилитација, особено за оние случаи кога станува збор за животозагрозувачка состојба на пациентите, изјави денеска Андоновски по учество на конференцијата „Украина – две години хероизам“ во Скопје.

Тој потврди дека случаите со Леонид Индов и Јани Иванов од Неготино не се единствени, туку постојат повеќе случаи на кои ФЗОМ на осигурениците не им овозможува соодветен третман.

Од нашето практично работење, можам да кажам дека не е само случајот Леонид Индов или Јани Иванов од Неготино. Станува збор за дузина случаи со коишто ФЗОМ на осигурениците не им овозможува соодветен третман, а притоа нивната состојба или останува иста или се влошува, за жал, додаде Андоновски.

Андоновски посочи дека на семејството на Леонид им е даден правен совет во која насока треба да се однесува нивната жалба до второстепена комисија и очекува дека комисијата ќе излезе во пресрет на нивното барање.

Ние стапивме во контакт со семејството на Леонид, им дадовме правен совет во која насока треба да се однесува нивната жалба до второстепената комисија и навистина очекувам дека комисијата ќе излезе во пресрет на нивното очекување и барање, додаде Андоновски.

Претходно првостепената комисија на ФЗОРСМ го одбила барањето за лекување на младиот Леонид Индов во болница во Австрија затоа што според Правилникот на ФЗОРСМ за начинот на користење здравствени услуги на осигурените лица во странство „медицинска рехабилитација“ не е на товар на Фондот. По приемот на решението од Првостепената комисија, семејството на Леонид има право на жалба во рок од 15 дена до Второстепена комисија. Младиот Леонид Индов во јули минатата година се повреди на летување во Грција. На 6-ти овој месец тој беше транспортиран со хеликоптер во здравствена установа во Австрија, на иницијатива на неговото семејство.

The post Случаите со Леонид Индов и Јани Иванов не се единствени, ФЗОМ не им овозможува третман, а нивната состојба се влошува, вели Андоновски appeared first on Република.

]]>

Заменик омбудсманот на Македонија Јован Андоновски одговорајќи на новинарско прашање во врска со случајот Леонид Индов најави дека оваа недела ќе почне да се работи на иницијатива со која се предвидуваат измени на законски и подзаконски акти на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОРСМ), кои ќе бидат во насока да се цени секој случај индивидуално, а не да се категоризираат предметите. Тој посочи дека засега немаат никаква реакција од Фондот, во врска со најавената иницијатива.
Засега немаме никаква реакција од страна на ФЗОРСМ. Ние најавиме иницијатива. На таа иницијатива ќе почне да се работи оваа недела. Со неа предвидуваме измени на Законот и на подзаконските акти, особено на подзаконските акти на ФЗОМ коишто се застарени и антидатирани. Измените би биле во насока на тоа да се цени секој случај индивидуално, значи не може да се категоризираат предметите само дали станува збор за лекување или рехабилитација, особено за оние случаи кога станува збор за животозагрозувачка состојба на пациентите, изјави денеска Андоновски по учество на конференцијата „Украина – две години хероизам“ во Скопје.
Тој потврди дека случаите со Леонид Индов и Јани Иванов од Неготино не се единствени, туку постојат повеќе случаи на кои ФЗОМ на осигурениците не им овозможува соодветен третман.
Од нашето практично работење, можам да кажам дека не е само случајот Леонид Индов или Јани Иванов од Неготино. Станува збор за дузина случаи со коишто ФЗОМ на осигурениците не им овозможува соодветен третман, а притоа нивната состојба или останува иста или се влошува, за жал, додаде Андоновски.
Андоновски посочи дека на семејството на Леонид им е даден правен совет во која насока треба да се однесува нивната жалба до второстепена комисија и очекува дека комисијата ќе излезе во пресрет на нивното барање.
Ние стапивме во контакт со семејството на Леонид, им дадовме правен совет во која насока треба да се однесува нивната жалба до второстепената комисија и навистина очекувам дека комисијата ќе излезе во пресрет на нивното очекување и барање, додаде Андоновски.
Претходно првостепената комисија на ФЗОРСМ го одбила барањето за лекување на младиот Леонид Индов во болница во Австрија затоа што според Правилникот на ФЗОРСМ за начинот на користење здравствени услуги на осигурените лица во странство „медицинска рехабилитација“ не е на товар на Фондот. По приемот на решението од Првостепената комисија, семејството на Леонид има право на жалба во рок од 15 дена до Второстепена комисија. Младиот Леонид Индов во јули минатата година се повреди на летување во Грција. На 6-ти овој месец тој беше транспортиран со хеликоптер во здравствена установа во Австрија, на иницијатива на неговото семејство.

The post Случаите со Леонид Индов и Јани Иванов не се единствени, ФЗОМ не им овозможува третман, а нивната состојба се влошува, вели Андоновски appeared first on Република.

]]>
Андоновски: Манолева не ја говори вистината за Леонид https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/andonovski-manoleva-ne-ja-govori-vistinata-za-leonid/ Thu, 22 Feb 2024 16:28:23 +0000 https://republika.mk/?p=747100

Заменик народниот правобранител Јован Андоновски вели дека заменик министерката Маја Манолева не ја говори вистината.

„Таткото на Леонид Индов се има обратено во писмена форма до Клиника со барање мислење дали и каде може да се лекува Леонид во Македонија. Лично кај мене во канцеларија го спремавме дописот. Одговорот на Клиниката е преточен во конзилијарно мислење дека кај нас нема услови за лекување или рехабилитација. Заменик министерката Манолева не ја говори вистината. ФЗО – во решението тврди дека може Леонид да се лекува кај нас , НО, раководството на ФЗО не знае точно каде. Не е лошо пред да излезете пред јавноста добро да ги проверите фактите и да се координирате во изјавите“, напиша Андоновски на друштвените мрежи.

Актуелниот закон за здравствено осигурување не дозволува промена на правилниците, дури и ако управниот одбор ги изгласа промените и за тоа добие согласност и од Министерството за здравство, тоа нема да биде возможно бидејќи треба да се смени Законот за здравствено осигурување, рече на денешниот брифинг со новинарите директорката на Фондот за здравствено осигурување Магдалена Филиповска Грашковска, образложувајќи зошто Фондот го одби барањето да го покрие лекувањето во Австрија на 18-годишниот Леонид Индов.

The post Андоновски: Манолева не ја говори вистината за Леонид appeared first on Република.

Откако претставници на државни институции се испофалија дека Леонид е транспортиран со специјализираниот хеликоптер на лекување во Виена, ФЗО го одбил неговото барање за лекување во странство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/otkako-pretstavnitsi-na-drzhavni-institutsii-se-ispofalija-deka-leonid-e-transportiran-so-spetsijaliziraniot-helikopter-na-lekuvane-vo-viena-fzo-go-odbil-negovoto-barane-za-lekuvane-vo-stranstvo/ Tue, 20 Feb 2024 11:42:33 +0000 https://republika.mk/?p=746080

Откако младиот Леонид со специјален хеликоптер беше пренесен во Виена на лекување, Фондот за здравство го одбил неговото барање за лекување во странство.

Оваа информација денеска ја соопшти заменик народниот правобранител, Јован Андоновски, велејќи дека државата си игра со човечки живот.

-Откако претставници на државни институции се испофалија дека младиот Леонид е транспортиран со специјализираниот хеликоптер на лекување во Виена, следува шок за него и семејствотоЛеонид веќе е неколку недели на лекување во ВиенаФондот за здравство и покрај конзилијарното мислење дека лицето мора да се лекува во странство, носи решение со кое се одбива барањетоПри тоа, во решението воопшто не се наведува која установа ја нуди потребната услуга, туку само дека лекувањето е можно во Македонија. Државата си игра со човечки живот. Барам ФЗО да ја преиспита одлуката, вели Андоновски.

The post Откако претставници на државни институции се испофалија дека Леонид е транспортиран со специјализираниот хеликоптер на лекување во Виена, ФЗО го одбил неговото барање за лекување во странство appeared first on Република.

]]>

Откако младиот Леонид со специјален хеликоптер беше пренесен во Виена на лекување, Фондот за здравство го одбил неговото барање за лекување во странство. Оваа информација денеска ја соопшти заменик народниот правобранител, Јован Андоновски, велејќи дека државата си игра со човечки живот. -Откако претставници на државни институции се испофалија дека младиот Леонид е транспортиран со специјализираниот хеликоптер на лекување во Виена, следува шок за него и семејствотоЛеонид веќе е неколку недели на лекување во ВиенаФондот за здравство и покрај конзилијарното мислење дека лицето мора да се лекува во странство, носи решение со кое се одбива барањетоПри тоа, во решението воопшто не се наведува која установа ја нуди потребната услуга, туку само дека лекувањето е можно во Македонија. Државата си игра со човечки живот. Барам ФЗО да ја преиспита одлуката, вели Андоновски.  

The post Откако претставници на државни институции се испофалија дека Леонид е транспортиран со специјализираниот хеликоптер на лекување во Виена, ФЗО го одбил неговото барање за лекување во странство appeared first on Република.

]]>
Заменикот народен правобранител Андоновски во Киев се сретна со украинската колешка Сивицка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zamenikot-naroden-pravobranitel-andonovski-vo-kiev-se-sretna-so-ukrainskata-koleshka-sivitska/ Thu, 02 Jun 2022 09:57:23 +0000 https://republika.mk/?p=510090

Заменикот народен правобранител Јован Андоновски е во посета на Украина каде се сретна со својата украинска колешка Ирина Сивицка со која разговараше за клучните прашања на Украинците кои се наоѓаат во Македонија.

Беа дискутирани три клучни прашања: Пристапот до здравствена заштита на Украинците кои се наоѓаат во нашата држава, пристапот до образование на украинските деца, како и пристапот до работни места за привремено раселените Украинци. Се отворија и уште неколку прашања поврзани со престојот на украинските државјани во Македонија. Правобранителката Сивитска изрази благодарност и информираше за зголемениот обем на работа поврзан со прекршување на човекови права во областите во кои сѐ уште има воени активности, се вели во соопштението.

Двајцата правобранители се договориле да останат во комуникација и будно да ги следат состојбите поврзани со масовното кршење на човекови права.

Правобранителката Сивитска потенцираше дека масовните убиства во Буча и другите градови, Украина ги толкува како геноцид, како и дека Украина останува на барањето и останатите европски држави да ги класифицираат тие злосторства како геноцид. Правобранителот Андоновски нагласи дека Македонија е пријател на украинскиот народ и дека ќе направи сѐ што е возможно за да се олесни нивниот престој во нашата држава, се додава во соопштението.

По средбата во правобранителство, Андоновски имаше средби и во Јавното обвинителство со тројцата главни обвинители кои ги водат случаите против руските војници. Валериа Мелник, Емир Абдулаев и Оксана Димитриева го избрифираа правобранителот Андоновски за првите две пресуди против руските војници кои добија 11 и пол години затвор за воени злосторства. Обвинителите брифираа дека постојат индиции за над 14.000 воени злосторства, а во моментов оформени случаи обвинителството има за 79 лица. Според нивните бројки, над 100.000 лица се присилно раселени само од градот Мариопул. Една од главните теми беше и состојбата со децата. Од почетокот на војната има 689 повредени деца, а 243 загинати од кои 20 % се под 7-годишна возраст, а 137 деца се водат за исчезнати. Обвинителите се осврнаа и на депортацијата на деца. Според нив бројката надминала 1000 присилно депортирани малолетници. Во моментов, обвинителството има оформено 5 случаи за силување деца. Голема загриженост обвинителите изразија и за децата од Крим кои, според нив, веќе 8 години се милитаризираат и обучуваат да се борат против сопствениот народ. Правобранителот Андоновски нагласи дека можат да побараат и меѓународна правна помош и праша дали ќе бараат оформување меѓународен трибунал за воени злосторства. Понуди и македонска правна експертиза во обелоденувањето на воените криминални дела. Обвинителите изразија благодарност и рекоа дека секоја помош е добредојдена, но до овој момент нивното обвинителство е единствено кое отвора вакви случаи.

По двете посети, правобранителот се упати во посета на киевските предградија Ирпин и Буча каде беше откриена масовната гробница со 300 тела. Секретарот на општината Дмитро Гапченко, му ја објасни состојбата во детали и го однесе на увид и на местото на кое беше направена масовната гробница и на улицата на која беа пронајдени најголем број од мртвите тела. Андоновски имаше прилика да слушне сведоштва од преживеаните жители на Буча, како и од медицинските лица кои со денови се бореле да спасат човечки животи, се вели во соопштението.

The post Заменикот народен правобранител Андоновски во Киев се сретна со украинската колешка Сивицка appeared first on Република.