Јотова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jotova/ За подобро да се разбереме Fri, 15 Sep 2023 10:14:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Јотова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jotova/ 32 32 МД „Илинден” – Тирана најостро ја осудува антимакедонската пропадна со посетата на бугарската потпретседателка Јотова  https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/md-ilinden-tirana-najostro-ja-osuduva-antimakedonskata-propadna-so-posetata-na-bugarskata-potpretsedatelka-jotova/ Fri, 15 Sep 2023 10:14:55 +0000 https://republika.mk/?p=682115

Македонско друштво „Илинден” - Тирана синоќа реагираше во врска со најавената посета на бугарската потпретседателка Јотова и „повеќето антимакедонски активности".

- Најостро ја осудуваме антимакедонската дводневна посета на бугарската потпретседателка Илијана Јотова на Република Албанија, заедно со бугарски универзитетски професори и академици, во пресрет на пописот на населението во Република Албанија, стои во реакцијата.

Се додава дека Програмата на акцијата „Бугари во Албанија“ предвидува отворање на „неделно училиште на бугарски јазик во Елбасан“, потоа во Тирана промоција на книгата на Спас Тошев “Бугарите во Албанија“, а во селото Големо Острени, Голо Брдо неделно училиште на бугарски јазик.

-На ваквите бугарски активности остро реагираат Македонците во Голо Брдо и Елбасан, како и цела Република Албанија. Според реакциите на жителите на село Големо Острени и цела област Голо Брдо, се скрнави и историската вистина дека во мугрите на 4 март 1916 година, токму бугарските војски за време на бугарската окупација на Голо Брдо, ги заробиле Елез Кочи и Ќазим Дука од селото Големо Острени и после брутално мачење живи ги закопале во близина на реката во село Верница, областа Голо Брдо. Кога се има предвид дека Јотова во Големо Острени училиштето се вика Елез Кочи, крвнички убиен од бугарските крвници, јасна е пораката дека Бугарите сакаат да им порачаат на младите генерации Македонци од Голо Брдо дека тие треба да си ја заборават историјата и жртвите од бугарските ѕверства. Ваквата постапка според Македонците во Голо Брдо, е недозволива и не смее да се повтори, посочува друштвото.

Македонско друштво “Илинден“-Тирана како претставник на Македонците од Република Албанија се солидаризира со бројните реакции на македонското население во Голо Брдо.

Воедно, смета за потребно на светската јавност да ѝ ја пренесе пораката на Македонците од Голо Брдо во која јасно се отсликува македонското чувство на Македонците од Голо Брдо, од кои во неколку наврати беше барано да се произнесе како бугарско.

-Македонците во Република Албанија говорат дека отсекогаш биле Македонци и никогаш нема да бидат Бугари! Меѓутоа, ниту тоа јасно декларирање на Македонците во Република Албанија, не ја запре крајно подлата намера на Бугарија да ја замајува светската јавност дека Македонците во Република Албанија се Бугари, се нагласува во реакцијата.

Понатаму се наведува дека промоцијата на акцијата „Бугари во Албанија“ има за цел да се извртува вистината и македонското население во Република Албанија да се прикаже како бугарско.

-Секако, ваквата акција е потребна за Бугарите да можат пред членките на Европската унија да ги оправдаат своите асимилаторски акции во Република Албанија, кои се апсолутно неприфатливи како однесување за една членка на демократската унија. Од друга страна, ваквата „посета“ на високи бугарски претставници на Република Албанија треба да ги „потсети“ албанските власти дека на претстојниот попис во државата, треба да го зголемат бројот на Бугарите во однос на минатиот попис, на кој немаше ниту еден самодеклариран Бугарин во Република Албанија, додава друштвото во реакцијата.

Оценува дека „Уцената на Бугарите кон албанската Влада се однесуваат на пристапувањето на Република Албанија кон Европската унија, преку грбот на Македонците, во Република Албанија".

-Таквите насилнички делувања на бугарската политичка елита насочени кон асимилација на Македонците во Албанија однапред се осудени на пропаст бидејќи Македонците со присила нема да се пишуваат Бугари. Македонско друштво „Илинден” - Тирана повторува дека етнички Бугари во Република Албанија нема, ниту имало, ниту ќе има, констатира во реакцијата друштвото "Илинден".

На истата потпишани се Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото, Фатри Фетаху претседател на огранокот за Голо Брдо и Елса Џелили, Координатор за Округот Елбасан.

The post МД „Илинден” – Тирана најостро ја осудува антимакедонската пропадна со посетата на бугарската потпретседателка Јотова  appeared first on Република.

]]>

Македонско друштво „Илинден” - Тирана синоќа реагираше во врска со најавената посета на бугарската потпретседателка Јотова и „повеќето антимакедонски активности".
- Најостро ја осудуваме антимакедонската дводневна посета на бугарската потпретседателка Илијана Јотова на Република Албанија, заедно со бугарски универзитетски професори и академици, во пресрет на пописот на населението во Република Албанија, стои во реакцијата.
Се додава дека Програмата на акцијата „Бугари во Албанија“ предвидува отворање на „неделно училиште на бугарски јазик во Елбасан“, потоа во Тирана промоција на книгата на Спас Тошев “Бугарите во Албанија“, а во селото Големо Острени, Голо Брдо неделно училиште на бугарски јазик.
-На ваквите бугарски активности остро реагираат Македонците во Голо Брдо и Елбасан, како и цела Република Албанија. Според реакциите на жителите на село Големо Острени и цела област Голо Брдо, се скрнави и историската вистина дека во мугрите на 4 март 1916 година, токму бугарските војски за време на бугарската окупација на Голо Брдо, ги заробиле Елез Кочи и Ќазим Дука од селото Големо Острени и после брутално мачење живи ги закопале во близина на реката во село Верница, областа Голо Брдо. Кога се има предвид дека Јотова во Големо Острени училиштето се вика Елез Кочи, крвнички убиен од бугарските крвници, јасна е пораката дека Бугарите сакаат да им порачаат на младите генерации Македонци од Голо Брдо дека тие треба да си ја заборават историјата и жртвите од бугарските ѕверства. Ваквата постапка според Македонците во Голо Брдо, е недозволива и не смее да се повтори, посочува друштвото.
Македонско друштво “Илинден“-Тирана како претставник на Македонците од Република Албанија се солидаризира со бројните реакции на македонското население во Голо Брдо. Воедно, смета за потребно на светската јавност да ѝ ја пренесе пораката на Македонците од Голо Брдо во која јасно се отсликува македонското чувство на Македонците од Голо Брдо, од кои во неколку наврати беше барано да се произнесе како бугарско.
-Македонците во Република Албанија говорат дека отсекогаш биле Македонци и никогаш нема да бидат Бугари! Меѓутоа, ниту тоа јасно декларирање на Македонците во Република Албанија, не ја запре крајно подлата намера на Бугарија да ја замајува светската јавност дека Македонците во Република Албанија се Бугари, се нагласува во реакцијата.
Понатаму се наведува дека промоцијата на акцијата „Бугари во Албанија“ има за цел да се извртува вистината и македонското население во Република Албанија да се прикаже како бугарско.
-Секако, ваквата акција е потребна за Бугарите да можат пред членките на Европската унија да ги оправдаат своите асимилаторски акции во Република Албанија, кои се апсолутно неприфатливи како однесување за една членка на демократската унија. Од друга страна, ваквата „посета“ на високи бугарски претставници на Република Албанија треба да ги „потсети“ албанските власти дека на претстојниот попис во државата, треба да го зголемат бројот на Бугарите во однос на минатиот попис, на кој немаше ниту еден самодеклариран Бугарин во Република Албанија, додава друштвото во реакцијата.
Оценува дека „Уцената на Бугарите кон албанската Влада се однесуваат на пристапувањето на Република Албанија кон Европската унија, преку грбот на Македонците, во Република Албанија". -Таквите насилнички делувања на бугарската политичка елита насочени кон асимилација на Македонците во Албанија однапред се осудени на пропаст бидејќи Македонците со присила нема да се пишуваат Бугари. Македонско друштво „Илинден” - Тирана повторува дека етнички Бугари во Република Албанија нема, ниту имало, ниту ќе има, констатира во реакцијата друштвото "Илинден". На истата потпишани се Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото, Фатри Фетаху претседател на огранокот за Голо Брдо и Елса Џелили, Координатор за Округот Елбасан.

The post МД „Илинден” – Тирана најостро ја осудува антимакедонската пропадна со посетата на бугарската потпретседателка Јотова  appeared first on Република.

]]>
Јотова во Голо Брдо во пресрет на пописот, Ковачевски уверува дека Албанија гарантира попис согласно сите светски стандарди https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/jotova-vo-golo-brdo-vo-presret-na-popisot-kovachevski-uveruva-deka-albanija-garantira-popis-soglasno-site-svetski-standardi/ Thu, 14 Sep 2023 10:37:41 +0000 https://republika.mk/?p=681866

Имаме гаранција од страна на Владата на Албанија, која е членка на НАТО дека пописот во таа земја ќе биде спроведен согласно сите светски стандарди, стандарите Евростат, а ние ќе продолжиме да им помагаме на нашите Македонци во Албанија, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со посетата на потпретседателката на Бугарија Илиана Јотова на Албанија, во рамките на која, како што е најавено меѓудругото ќе го посети Голо Брдо и ќе ја отвори учебната година во училиште во Елбасан.

Јотова ќе престојува во посета на Албанија од денеска до 16 септември на покана на здружението „Бугарите во Албанија“, јави БТА, а нејзината посета е во пресрет на пописот на населението во Албанија, што, како што соопшти нејзината прес-служба е важен момент за бугарското национално малцинство во Албанија откако беше признаено во 2017 година.

Ковачевски денеска одговарајќи на новинарско прашање на настанот по повод градежните активности од изградбата на автопатот на Коридор 10-д, делница Прилеп - Битола, рече дека како држава имаме одлични односи со Албанија и оти на многу начини му се помага на македонското население таму.

-Јас пред еден месец заедно со моите колеги на нашите Македонци им дониравме опрема за расчистување на патишта , се работи за механизација, која таму ја однесовме. Министерот Бујар Османи исто така беше дел од еден поголем проект за донирање на училишен прибор за нашите Македонци, кои живеат во Албанија, ние со тоа ќе продолжиме, рече Ковачевски.

Тој напомена дека како Влада му помагаат на македонското население во Албанија и никогаш од нив не барале да направат нешто за кој било политички естаблишмент.

-Како Влада ние ги помагаме и никогаш од тие Македонци не сме барале да направат нешто за кој било политички  естаблишмент во државата, како на времето што правеше владата на ВМРО-ДПМНЕ, токму со тие наши Македонци од Албанија, кога ги носеа по Скопје да гласаат во некои инежнеринг, за да можат да ја сменат волјата на граѓаните во општина Центар за избор за граодначалник, кога од три гласања и прегласувња беше избран Жерновски, рече Ковачевски.

Тој нагласи дека пристапот на оваа Влада е поинаков и оти тие ги ценат и помагаат сите Македонци насекаде низ светот.

-Ние ги сакаме и ги цениме нашите Македонци во Албанија, ги сакаме нашите Македонци и во Грција и во Бугарија и во Србија и во цел свет и на сите поднекакво им помагаме во однос на негување на македонскиот јазик, на македонската литература, правото на образование на свој јазик. Изминатите неколку месеци се отворени неколку катедри во соседни држави на македонски јазик во нивните најдобри универзитети. Подготвено е и отворање на КИЦ во Србија, а исто така привршуваат и работите на транспортот на одамна украдените икони од македонски црки, кои благодатение на албанската Влада и благодарение на премиерот Еди Рама, се успеа да се заврши процесот на нивно собирање и ќе видите кратко време како ќе ги вратиме нашите икони. Нашите Македонци во Албанија се исто толку Макеоднци колку што сме и ние по род, рече Ковачевски.

Бугарската потпретседателка, како што е најавено ќе го посети селото Големо Острени, каде што, како што се наведува, ќе се сретне со претставници на бугарското национално малцинство од регионот Голо Брдо.

Месноста Голо Брдо и селото Големо Острени се наоѓаат на крајниот источен дел од Албанија. Населени се претежно од македонско население.

Потпретседателот и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски денеска излезе со објава на Фејсбук дека Бугарија бара непостоечки Бугари во Албанија.

-Кога Македонија не работи, ќе работи асимилаторската политика на Бугарија! Наместо да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права од Стразбур со кои се бара признавање на Македонците во Бугарија и нивното право на здружување и мајчин македонски јазик, Бугарија бара непостоечки Бугари во Албанија, купувајќи ги душите на луѓето кои се напатени и измачени и живеат во тешка сиромаштија во Албанија, нудејќи им бугарски пасоши со кои можат да одат во побогатите земји на ЕУ по парче леб. Таа е вистината! Бугари во Албанија нема, има Македонци кои матичната држава Македонија не ги штити и ги остава сами на себе. За брзо време ненародната власт на СДСМ и ДУИ во Македонија ќе падне и Македонците и во Албанија и во цел свет ќе бидат со гордо крената глава!, објави Николовски.

Знаеме сите дека Македонија се соочува со сериозна појава чии прогнози кажуваат дека за жал состојбата само ќе се влоши. Колку посеопфатни бидат мерките и колку бидат побрзи толку помали ќе с

Бугарската потпретседателка Јотова во рамки на посетата на Албанија ќе се сретне со албанскиот претседател Бајрам Бегај, со вицепремиерката и министерка за инфраструктура и енергетика Белинда Балуку, со претседателката на Собранието, Линдита Никола и со министерот за внатрешни работи Таулант Бала. Како што јавуваат бугарските медиуми бугарската потпретседателка ќе има разговори и со ректорот на Универзитетот во Тирана, проф. Артан Хоџа, на кој се изучува бугарскиот јазик. Во делегацијата предводена од Јотова се и професори од бугарските универзитети и од Бугарската академија на науките, пренесува „24 часа“.

The post Јотова во Голо Брдо во пресрет на пописот, Ковачевски уверува дека Албанија гарантира попис согласно сите светски стандарди appeared first on Република.

]]>

Имаме гаранција од страна на Владата на Албанија, која е членка на НАТО дека пописот во таа земја ќе биде спроведен согласно сите светски стандарди, стандарите Евростат, а ние ќе продолжиме да им помагаме на нашите Македонци во Албанија, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со посетата на потпретседателката на Бугарија Илиана Јотова на Албанија, во рамките на која, како што е најавено меѓудругото ќе го посети Голо Брдо и ќе ја отвори учебната година во училиште во Елбасан. Јотова ќе престојува во посета на Албанија од денеска до 16 септември на покана на здружението „Бугарите во Албанија“, јави БТА, а нејзината посета е во пресрет на пописот на населението во Албанија, што, како што соопшти нејзината прес-служба е важен момент за бугарското национално малцинство во Албанија откако беше признаено во 2017 година. Ковачевски денеска одговарајќи на новинарско прашање на настанот по повод градежните активности од изградбата на автопатот на Коридор 10-д, делница Прилеп - Битола, рече дека како држава имаме одлични односи со Албанија и оти на многу начини му се помага на македонското население таму. -Јас пред еден месец заедно со моите колеги на нашите Македонци им дониравме опрема за расчистување на патишта , се работи за механизација, која таму ја однесовме. Министерот Бујар Османи исто така беше дел од еден поголем проект за донирање на училишен прибор за нашите Македонци, кои живеат во Албанија, ние со тоа ќе продолжиме, рече Ковачевски. Тој напомена дека како Влада му помагаат на македонското население во Албанија и никогаш од нив не барале да направат нешто за кој било политички естаблишмент. -Како Влада ние ги помагаме и никогаш од тие Македонци не сме барале да направат нешто за кој било политички  естаблишмент во државата, како на времето што правеше владата на ВМРО-ДПМНЕ, токму со тие наши Македонци од Албанија, кога ги носеа по Скопје да гласаат во некои инежнеринг, за да можат да ја сменат волјата на граѓаните во општина Центар за избор за граодначалник, кога од три гласања и прегласувња беше избран Жерновски, рече Ковачевски. Тој нагласи дека пристапот на оваа Влада е поинаков и оти тие ги ценат и помагаат сите Македонци насекаде низ светот. -Ние ги сакаме и ги цениме нашите Македонци во Албанија, ги сакаме нашите Македонци и во Грција и во Бугарија и во Србија и во цел свет и на сите поднекакво им помагаме во однос на негување на македонскиот јазик, на македонската литература, правото на образование на свој јазик. Изминатите неколку месеци се отворени неколку катедри во соседни држави на македонски јазик во нивните најдобри универзитети. Подготвено е и отворање на КИЦ во Србија, а исто така привршуваат и работите на транспортот на одамна украдените икони од македонски црки, кои благодатение на албанската Влада и благодарение на премиерот Еди Рама, се успеа да се заврши процесот на нивно собирање и ќе видите кратко време како ќе ги вратиме нашите икони. Нашите Македонци во Албанија се исто толку Макеоднци колку што сме и ние по род, рече Ковачевски. Бугарската потпретседателка, како што е најавено ќе го посети селото Големо Острени, каде што, како што се наведува, ќе се сретне со претставници на бугарското национално малцинство од регионот Голо Брдо. Месноста Голо Брдо и селото Големо Острени се наоѓаат на крајниот источен дел од Албанија. Населени се претежно од македонско население. Потпретседателот и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски денеска излезе со објава на Фејсбук дека Бугарија бара непостоечки Бугари во Албанија. -Кога Македонија не работи, ќе работи асимилаторската политика на Бугарија! Наместо да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права од Стразбур со кои се бара признавање на Македонците во Бугарија и нивното право на здружување и мајчин македонски јазик, Бугарија бара непостоечки Бугари во Албанија, купувајќи ги душите на луѓето кои се напатени и измачени и живеат во тешка сиромаштија во Албанија, нудејќи им бугарски пасоши со кои можат да одат во побогатите земји на ЕУ по парче леб. Таа е вистината! Бугари во Албанија нема, има Македонци кои матичната држава Македонија не ги штити и ги остава сами на себе. За брзо време ненародната власт на СДСМ и ДУИ во Македонија ќе падне и Македонците и во Албанија и во цел свет ќе бидат со гордо крената глава!, објави Николовски. Знаеме сите дека Македонија се соочува со сериозна појава чии прогнози кажуваат дека за жал состојбата само ќе се влоши. Колку посеопфатни бидат мерките и колку бидат побрзи толку помали ќе с Бугарската потпретседателка Јотова во рамки на посетата на Албанија ќе се сретне со албанскиот претседател Бајрам Бегај, со вицепремиерката и министерка за инфраструктура и енергетика Белинда Балуку, со претседателката на Собранието, Линдита Никола и со министерот за внатрешни работи Таулант Бала. Како што јавуваат бугарските медиуми бугарската потпретседателка ќе има разговори и со ректорот на Универзитетот во Тирана, проф. Артан Хоџа, на кој се изучува бугарскиот јазик. Во делегацијата предводена од Јотова се и професори од бугарските универзитети и од Бугарската академија на науките, пренесува „24 часа“.

The post Јотова во Голо Брдо во пресрет на пописот, Ковачевски уверува дека Албанија гарантира попис согласно сите светски стандарди appeared first on Република.

]]>
Јотова: Внесувањето на Бугарите во Уставот не е единствен услов, а инцидентот во Скопје е дел од свесната политика на Македонија кон бугарските граѓани https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/jotova-vnesuvaneto-na-bugarite-vo-ustavot-ne-e-edinstven-uslov-a-intsidentot-vo-skopje-e-del-od-svesnata-politika-na-severna-makedonija-kon-bugarskite-gragani/ Fri, 28 Jul 2023 16:19:23 +0000 https://republika.mk/?p=666389

Потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова го коментираше инцидентот пред натпреварот меѓу „Шкупи“ и „Левски“ во „Лице в Лице“ на бугарски медиум.

Ова е дел од свесната политика на Македонија кон бугарските граѓани, без разлика дали живеат на територијата на оваа земја или доаѓаат од Бугарија. За мене е необјасниво зошто нашето Министерство за надворешни работи веќе втор ден не реагира во каква било форма, рече таа.

Според неа, постојат различни начини на кои тоа може да се направи.

Најмалку е да се јавиме на амбасадорот на Бугарија во Скопје, за да ја знаеме информацијата од прва рака. Да ги поставиме нашите прашања до РСМ, до владата, до премиерот, смета Јотова.

Според неа, во Македонија има сили кои сакаат да спречат вклучување на Бугарите во Уставот на РСМ.

Актуелните спортски немири во Скопје нема да влијаат на одлуката за уставни измени, но внесувањето на Бугарите во Уставот не е единствен услов на Софија, рече во интервјуто за БТВ Јотова.

Внесувањето на Бугарите во Уставот не е единствен услов. Нашите услови се, се разбира покрај внесувањето на Уставот, почитување на договорот за добрососедство, како и двата протоколи потпишани од двете страни. Откако имаме редовна Влада во Бугарија јас не сум слушнала, дека тие запишани услови на Бугарија во протоколите се исполнуваа. Помина доста време, треба да се направи рекапитулација, изјави бугарската потпретседателка Јотова.

The post Јотова: Внесувањето на Бугарите во Уставот не е единствен услов, а инцидентот во Скопје е дел од свесната политика на Македонија кон бугарските граѓани appeared first on Република.

]]>

Потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова го коментираше инцидентот пред натпреварот меѓу „Шкупи“ и „Левски“ во „Лице в Лице“ на бугарски медиум.
Ова е дел од свесната политика на Македонија кон бугарските граѓани, без разлика дали живеат на територијата на оваа земја или доаѓаат од Бугарија. За мене е необјасниво зошто нашето Министерство за надворешни работи веќе втор ден не реагира во каква било форма, рече таа.
Според неа, постојат различни начини на кои тоа може да се направи.
Најмалку е да се јавиме на амбасадорот на Бугарија во Скопје, за да ја знаеме информацијата од прва рака. Да ги поставиме нашите прашања до РСМ, до владата, до премиерот, смета Јотова.
Според неа, во Македонија има сили кои сакаат да спречат вклучување на Бугарите во Уставот на РСМ. Актуелните спортски немири во Скопје нема да влијаат на одлуката за уставни измени, но внесувањето на Бугарите во Уставот не е единствен услов на Софија, рече во интервјуто за БТВ Јотова.
Внесувањето на Бугарите во Уставот не е единствен услов. Нашите услови се, се разбира покрај внесувањето на Уставот, почитување на договорот за добрососедство, како и двата протоколи потпишани од двете страни. Откако имаме редовна Влада во Бугарија јас не сум слушнала, дека тие запишани услови на Бугарија во протоколите се исполнуваа. Помина доста време, треба да се направи рекапитулација, изјави бугарската потпретседателка Јотова.

The post Јотова: Внесувањето на Бугарите во Уставот не е единствен услов, а инцидентот во Скопје е дел од свесната политика на Македонија кон бугарските граѓани appeared first on Република.

]]>
Јотова во Битола без контраверзни пораки, Димитров, пак со жестоки тонови и критики https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/jotova-vo-bitola-bez-kontraverzni-poraki-dimitrov-pak-so-zestoki-tonovi-i-kritiki/ Sat, 05 Nov 2022 14:20:17 +0000 https://republika.mk/?p=570065

Откако синоќа во ресенското село Евла ја посети ловечката куќа како дел од проектот „Бугарски ловни традиции од времето на цар Самоил до денес“, бугарската потпретседателка Илијана Јотова денеска ја завршува посетата во Битола со присуство на воено-црковен ритуал на бугарските воени горбишта во селото Цапари и на бугарскиот козулат. Таа не е дел од официјалните гости по повод 4 Ноември – Денот на ослободувањето на Битола, туку е со своја агенда. Денеска не даде изјава, но за разлика од ланската посета при отворањето на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ кога рече дека не постои македонско малцинство во Бугарија, Јотова синоќа беше поумерена во изјавата. Прашана во врска со неодамна донесиот Закон за здруженија и фондации, рече дека се работи за одлука на една суверена земја.

-Нас тоа што не интересира, се разбира ќе се провери и понатаму во иднина, е да видиме како ќе дејствува тој закон, како ќе се развва во наредниот период. Ние започнавме заедно еден многу тежок процес за приклучување на РСМ во ЕУ, таму каде според мене е местото на вашата земја. Мислам дека многу од нашите проблеми, ако се уште има такви, ќе имаат решение само тогаш кога еден ден ние сите заедно ќе бидеме дел од големото европско семејство, рече Јотова.

Но за разлика од Јотова, првиот човек на бугарскиот тим историчари Ангел Димитров со пожестоки тонови и критики. Според него законските измени кои ги доведоа во прашање имињата на бугарските клубови „Ванчо Михајлов“ и „Цар Борис Трети“, ќе влијаат врз работата на Комисијата за историски прашања.

Политичарите во Скопје не вратија наназад во билатералните односи не 20 години туку и повеќе. Забележуваме циклично повторување во односот кон Бугарија во различни фази од се уште краткиот живот како независна држава на денешна РС Македонија. Забраните за клубовите ќе влијаат врз работата на Комисијата бидејќи директно се укажува дека единствено легитимно од гледна точка на Скопје е нивната интерпретација на минатото.-вели Димитров за Бугарското национално радио.

Инаку нова средба на мешовитата историска комисија е предвидена за кон крајот на месецов во Скопје.

The post Јотова во Битола без контраверзни пораки, Димитров, пак со жестоки тонови и критики appeared first on Република.