јосифово Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/josifovo/ За подобро да се разбереме Tue, 02 Apr 2024 09:05:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png јосифово Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/josifovo/ 32 32 Детали за инцидентот во Јосифово: Бил на мекици со другарите кога Србинот пијан и нервозен го избол https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/detali-za-intsidentot-vo-josifovo-bil-na-mekitsi-so-drugarite-koga-srbinot-pijan-i-nervozen-go-izbol/ Tue, 02 Apr 2024 09:05:50 +0000 https://republika.mk/?p=761195

Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против државјанин на Република Србија осомничен за кривично дело насилство кое го извршил пред два дена врз лице во угостителски објект во Јосифово.

Како што информира државното Јавно обвинителство, во раните утрински часови на 31 март, осомничениот извршил грубо насилство врз едно лице во угостителски објект на бензинска пумпа во Јосифово додека оштетениот со друштво од 15 до 20 лица, негови другари, прославувал раѓање на новородено дете.

Осомничениот со уште едно лице седел на друга маса во угостителскиот објект. Двајцата под дејство на алкохол, почнале да кршат, да удираат по телевизорот и му се заканувале на сопственикот на објектот кој побарал од нив да си заминат затоа што станале агресивни.

Револтирани затоа што биле избркани, тие излегле од објектот до нивниот камион, по што осомничениот се вратил назад пред влезот каде што се наоѓал оштетениот кој во тој момент зборувал на телефон. Без посебен повод и причина, се втурнал во оштетениот и го пробол со нож во левата страна од градниот кош, нанесувајќи му убодна рана. Осомничениот веднаш се дал во бегство, трчајќи кон камионот, но бил спречен од лица кои биле гости во угостителскиот објект, информира ЈОРМ.

Обвинителство наведува дека со насилството тој предизвикал чувство на несигурност, загрозеност и страв и кај останатите гости.

До судијата на претходна постапка, јавниот обвинител доставил предлог за определување мерка притвор на осомничениот странски државјанин бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство.

The post Детали за инцидентот во Јосифово: Бил на мекици со другарите кога Србинот пијан и нервозен го избол appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против државјанин на Република Србија осомничен за кривично дело насилство кое го извршил пред два дена врз лице во угостителски објект во Јосифово. Како што информира државното Јавно обвинителство, во раните утрински часови на 31 март, осомничениот извршил грубо насилство врз едно лице во угостителски објект на бензинска пумпа во Јосифово додека оштетениот со друштво од 15 до 20 лица, негови другари, прославувал раѓање на новородено дете. Осомничениот со уште едно лице седел на друга маса во угостителскиот објект. Двајцата под дејство на алкохол, почнале да кршат, да удираат по телевизорот и му се заканувале на сопственикот на објектот кој побарал од нив да си заминат затоа што станале агресивни.
Револтирани затоа што биле избркани, тие излегле од објектот до нивниот камион, по што осомничениот се вратил назад пред влезот каде што се наоѓал оштетениот кој во тој момент зборувал на телефон. Без посебен повод и причина, се втурнал во оштетениот и го пробол со нож во левата страна од градниот кош, нанесувајќи му убодна рана. Осомничениот веднаш се дал во бегство, трчајќи кон камионот, но бил спречен од лица кои биле гости во угостителскиот објект, информира ЈОРМ.
Обвинителство наведува дека со насилството тој предизвикал чувство на несигурност, загрозеност и страв и кај останатите гости. До судијата на претходна постапка, јавниот обвинител доставил предлог за определување мерка притвор на осомничениот странски државјанин бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство.

The post Детали за инцидентот во Јосифово: Бил на мекици со другарите кога Србинот пијан и нервозен го избол appeared first on Република.

]]>
Двете градинки во Валандово и Јосифово од денеска се бесплатни https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/dvete-gradinki-vo-valandovo-i-josifovo-od-deneska-se-besplatni/ Thu, 02 Feb 2023 14:55:39 +0000 https://republika.mk/?p=603949

Од денеска, детските градинки во општина Валандово се бесплатни. Оваа мерка која беше изгласана од Советот и важи за сите деца од општината.

Со ова се поттикнува на поголема вклученост на децата во воспитно – образовниот процес и ја зајакнува солидарноста, како вредност во која веруваме, велат од Советот на општина Валандово.

Инаку, оваа новина ја соопшти градоначалникот Перо Костадинов, преку својот Фејсбук профил пред три недели.

„Започнуваме со постапка за целосно укинување на партиципацијата на родителите, за згрижување на своите деца во детските градинки, на територијата на општина Валандово“, напиша тој.

Костадинов информираше дека општината целосно ќе ја покрие родителската партиципација со средства од буџетот на oпштината, а од Буџетот на општината се очекува да бидат издвоени околу 3 милиони денари, односно да биде покриена партиципацијата за сите 270 деца деца кои месечно ќе се згрижуваат во двете градинки во Валандово и Јосифово.

Според Костадинов, целта со оваа мерка е да се поддржат семејствата со деца на предшколска возраст, во време на енергетска и економска криза и да се зајакне солидарноста во заедницата.

 

The post Двете градинки во Валандово и Јосифово од денеска се бесплатни appeared first on Република.

]]>

Од денеска, детските градинки во општина Валандово се бесплатни. Оваа мерка која беше изгласана од Советот и важи за сите деца од општината. Со ова се поттикнува на поголема вклученост на децата во воспитно – образовниот процес и ја зајакнува солидарноста, како вредност во која веруваме, велат од Советот на општина Валандово. Инаку, оваа новина ја соопшти градоначалникот Перо Костадинов, преку својот Фејсбук профил пред три недели. „Започнуваме со постапка за целосно укинување на партиципацијата на родителите, за згрижување на своите деца во детските градинки, на територијата на општина Валандово“, напиша тој. Костадинов информираше дека општината целосно ќе ја покрие родителската партиципација со средства од буџетот на oпштината, а од Буџетот на општината се очекува да бидат издвоени околу 3 милиони денари, односно да биде покриена партиципацијата за сите 270 деца деца кои месечно ќе се згрижуваат во двете градинки во Валандово и Јосифово. Според Костадинов, целта со оваа мерка е да се поддржат семејствата со деца на предшколска возраст, во време на енергетска и економска криза и да се зајакне солидарноста во заедницата.  

The post Двете градинки во Валандово и Јосифово од денеска се бесплатни appeared first on Република.

]]>
Македонија како во времето на Ескобар: Во фабрика за марихуана близу Крушево украдено масло од канабис во вредност од два милиони долари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonija-kako-vo-vremeto-na-eskobar-vo-fabrika-za-marihuana-blizu-krushevo-ukradeno-maslo-od-kanabis-vo-vrednost-od-dva-milioni-dolari/ Wed, 20 Apr 2022 12:07:38 +0000 https://republika.mk/?p=491122

Во Македонија стана најлесната работа да се ограби фирма за одгледување марихуана. По кражбите во Крушево  и Јосифово вчера  повторно е ограбена фабриката за марихуана во селото Алданци.

Оваа вест ја објави Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Според Ковачки,украдено е масло во вредност од два милиони евра.

МВР потврди за кражбата. Оттаму објаснуваат дека на 19.04.2022 во 11.31 часот во СВР Битола, раководител на агенција за обезбедување пријавил дека во периодот од 18.30 часот на 18.04.2022 до 06.30 часот на 19.04.2022 во фабрика за производство на марихуана во стечај во близина на с.Алданци, крушевско, било влезено со употреба на сила и подесен алат и биле одземени 108 шишиња масло од канабис и 6 најлонски ќеси со иглички од цветот од растението канабис.

Увид на местото извршиле увидни екипи од Надворешните канцеларии за криминалистички работи Крушево и Прилеп и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Се поставува прашање зошто се кражбата се пријавува дури шест часа подоцна и зошто толку се чекало. Овој објект има висока жичана ограда и аларм па речиси е невозможно некој да влезе без обезбедувањето тоа да го забележи. Маслото исто така е добро обезбедено и тешко се доаѓа до него.

Како што дознаваме, вредноста на украдената „роба“ е многу поголема од два милиони долари и достигнува и до пет милиони.

Која е „5 летерс“

Фабриката „5 летерс“ во селото Алдинци близу Крушево не е непозната во јавноста. Во неа веќе се случи еден грабеж во февруари.Тогаш беа одземени 60 килограми марихуана а при увид беше пронајдена и непријавена колични канабис.

Во 2019 година хрватски РТЛ објави емисија за како што го нарекоа „бумот со медицински канабис во Македонија“.

РТЛ тврдеше дека 93% од сопствеништвото на фирмата е во рацете на американски инвеститор, додека 7% има Зоран Јаневски, пријател на премиерот Зоран Заев и член на неговата партија.

Јаневски тврдеше дека инвестицијата би можеле да ја вратат за две до три години.

Не знаеме дали пријателот на Заев си ја вратил инвестицијата но сега „5 летерс“ е во стечај а како идни сопственици се најавуваат лица од една соседна земја.

 

The post Македонија како во времето на Ескобар: Во фабрика за марихуана близу Крушево украдено масло од канабис во вредност од два милиони долари appeared first on Република.

]]>

Во Македонија стана најлесната работа да се ограби фирма за одгледување марихуана. По кражбите во Крушево  и Јосифово вчера  повторно е ограбена фабриката за марихуана во селото Алданци. Оваа вест ја објави Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Според Ковачки,украдено е масло во вредност од два милиони евра. МВР потврди за кражбата. Оттаму објаснуваат дека на 19.04.2022 во 11.31 часот во СВР Битола, раководител на агенција за обезбедување пријавил дека во периодот од 18.30 часот на 18.04.2022 до 06.30 часот на 19.04.2022 во фабрика за производство на марихуана во стечај во близина на с.Алданци, крушевско, било влезено со употреба на сила и подесен алат и биле одземени 108 шишиња масло од канабис и 6 најлонски ќеси со иглички од цветот од растението канабис.
Увид на местото извршиле увидни екипи од Надворешните канцеларии за криминалистички работи Крушево и Прилеп и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Се поставува прашање зошто се кражбата се пријавува дури шест часа подоцна и зошто толку се чекало. Овој објект има висока жичана ограда и аларм па речиси е невозможно некој да влезе без обезбедувањето тоа да го забележи. Маслото исто така е добро обезбедено и тешко се доаѓа до него. Како што дознаваме, вредноста на украдената „роба“ е многу поголема од два милиони долари и достигнува и до пет милиони.

Која е „5 летерс“

Фабриката „5 летерс“ во селото Алдинци близу Крушево не е непозната во јавноста. Во неа веќе се случи еден грабеж во февруари.Тогаш беа одземени 60 килограми марихуана а при увид беше пронајдена и непријавена колични канабис. Во 2019 година хрватски РТЛ објави емисија за како што го нарекоа „бумот со медицински канабис во Македонија“. РТЛ тврдеше дека 93% од сопствеништвото на фирмата е во рацете на американски инвеститор, додека 7% има Зоран Јаневски, пријател на премиерот Зоран Заев и член на неговата партија. Јаневски тврдеше дека инвестицијата би можеле да ја вратат за две до три години. Не знаеме дали пријателот на Заев си ја вратил инвестицијата но сега „5 летерс“ е во стечај а како идни сопственици се најавуваат лица од една соседна земја.  

The post Македонија како во времето на Ескобар: Во фабрика за марихуана близу Крушево украдено масло од канабис во вредност од два милиони долари appeared first on Република.

]]>