Јосемити Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/josemiti/ За подобро да се разбереме Mon, 25 Jul 2022 07:12:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Јосемити Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/josemiti/ 32 32 Пожарот во националниот парк Јосемити е надвор од контрола https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pozarot-vo-nacionalniot-park-josemiti-e-nadvor-od-kontrola/ Mon, 25 Jul 2022 07:12:32 +0000 https://republika.mk/?p=532814

Големиот пожар во близина на националниот парк Јосемити во американската сојузна држава Калифорнија, кој избувна во петокот, е надвор од контрола.

Околу 2.000 пожарникари се борат со пожарот, што е еден од најголемите во Калифорнија оваа година.

Во гаснењето, што е отежнато од стрмниот терен, високите температури и ниската влажност, вклучени се и авиони и булдожери.

Огнот уништи 56 квадратни километри шума, најмалку 10 станбени и индустриски објекти, а оштетија уште пет.

Сè уште се истражува причината за пожарот.

Околу 6.000 жители во областа добија наредба да се евакуираат, но некои жители одбија да го сторат тоа. Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом прогласи вонредна состојба во округот Марипоса.

The post Пожарот во националниот парк Јосемити е надвор од контрола appeared first on Република.

]]>

Големиот пожар во близина на националниот парк Јосемити во американската сојузна држава Калифорнија, кој избувна во петокот, е надвор од контрола. Околу 2.000 пожарникари се борат со пожарот, што е еден од најголемите во Калифорнија оваа година. Во гаснењето, што е отежнато од стрмниот терен, високите температури и ниската влажност, вклучени се и авиони и булдожери. Огнот уништи 56 квадратни километри шума, најмалку 10 станбени и индустриски објекти, а оштетија уште пет. Сè уште се истражува причината за пожарот. Околу 6.000 жители во областа добија наредба да се евакуираат, но некои жители одбија да го сторат тоа. Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом прогласи вонредна состојба во округот Марипоса.

The post Пожарот во националниот парк Јосемити е надвор од контрола appeared first on Република.

]]>
Се е пеплосано: Илјадници лица бегаат од пожарот во близина на Националниот парк Јосемити https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/se-e-peplosano-iljadnici-lica-begaat-od-pozarot-vo-blizina-na-nacionalniot-park-josemiti/ Sun, 24 Jul 2022 08:19:08 +0000 https://republika.mk/?p=532582

заШумскиот пожар во близина на националниот парк Јосемити во САД прерасна во најголемиот пожар во Калифорнија годинава, предизвикувајќи евакуации на илјадници лица и исклучување на струјата на повеќе од 2.000 домови и деловни објекти.

Пожарот се појави во петокот попладне југозападно од паркот во близина на калифорнискиот град Мидпајнс и до вчера веќе имаше зафатено речиси 38 квадратни километри со густа дабова шума и ниска вегетација, соопшти Управата на Калифорнија за шумарство и заштита од пожари, или попозната како „Кал Фајер“.

Пожарот избувнал додека пожарникарите напредувале во борбата со вториот пожар што горел во близина на огромните секвои во најјужниот дел на паркот Јосемити.

Вчера беа издадени наредби за евакуација на повеќе од 6.000 лица кои живеат во областа која се протега на неколку километри во ретко населената рурална област, јави портпаролот на Националната шума Сиера.

-Повеќе од 400 пожарникари со хеликоптери, други авиони и булдожери се борат со пожарот во тешки услови кои вклучуваат топлина, мала влажност и многу сува вегетација, предизвикана од најтешката суша во последните децении, кажа портпаролот.

До вчера претпладне, пожарот уништи 10 станбени и деловни згради, оштети пет, додека други 2.000 згради се под закана, наведе калифорнискиот„Кал Фајер“.

Голем број патишта се затворени, вклучувајќи го и еден од главните патишта што водат до паркот Јосемити.

Портпаролот додаде дека огнот се движи брзо, фрлајќи жар и до три километри пред него.

The post Се е пеплосано: Илјадници лица бегаат од пожарот во близина на Националниот парк Јосемити appeared first on Република.

]]>

заШумскиот пожар во близина на националниот парк Јосемити во САД прерасна во најголемиот пожар во Калифорнија годинава, предизвикувајќи евакуации на илјадници лица и исклучување на струјата на повеќе од 2.000 домови и деловни објекти. Пожарот се појави во петокот попладне југозападно од паркот во близина на калифорнискиот град Мидпајнс и до вчера веќе имаше зафатено речиси 38 квадратни километри со густа дабова шума и ниска вегетација, соопшти Управата на Калифорнија за шумарство и заштита од пожари, или попозната како „Кал Фајер“. Пожарот избувнал додека пожарникарите напредувале во борбата со вториот пожар што горел во близина на огромните секвои во најјужниот дел на паркот Јосемити. Вчера беа издадени наредби за евакуација на повеќе од 6.000 лица кои живеат во областа која се протега на неколку километри во ретко населената рурална област, јави портпаролот на Националната шума Сиера. -Повеќе од 400 пожарникари со хеликоптери, други авиони и булдожери се борат со пожарот во тешки услови кои вклучуваат топлина, мала влажност и многу сува вегетација, предизвикана од најтешката суша во последните децении, кажа портпаролот. До вчера претпладне, пожарот уништи 10 станбени и деловни згради, оштети пет, додека други 2.000 згради се под закана, наведе калифорнискиот„Кал Фајер“. Голем број патишта се затворени, вклучувајќи го и еден од главните патишта што водат до паркот Јосемити. Портпаролот додаде дека огнот се движи брзо, фрлајќи жар и до три километри пред него.

The post Се е пеплосано: Илјадници лица бегаат од пожарот во близина на Националниот парк Јосемити appeared first on Република.

]]>