Јорданов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jordanov/ За подобро да се разбереме Mon, 20 Feb 2023 13:38:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Јорданов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jordanov/ 32 32 Јорданов: Ќе ги известам амбасадите, не се дозволува година и пол никој да полага, ова го прават за да немат конкуренција кадрите на СДСМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/jordanov-ke-gi-izvestam-ambasadite-ne-se-dozvoluva-godina-i-pol-nikoj-da-polaga-ova-go-pravat-za-da-nemat-konkurentsija-kadrite-na-sdsm/ Mon, 20 Feb 2023 13:38:47 +0000 https://republika.mk/?p=611106

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција објави дека ќе ги информира амбасадите во земјва, за проблемот кој го прави Државниот испитен центар на 600 наставници-приправници и на 111 вршители на должност на директори на основни и средни училишта во земјава, на кои, како што вели веќе една и пол година им е ускратено правото да полагаат стручни испити.

Забележа дека една и пол година не се дозволува да се полага менаџерски испит за лиценца за директори на училишта, студентски домови, граѓански центри, а како што вели тој ова претставува силување на демократијата, но и ограничување на основните права.

 

-Јас ќе испратам допис до сите релевантни дипломатски преставништва, за да се запознаат што се случува во оваа држава. Дали вакво нешто има во друга европска држава? Постои ли држава во која е ограничено основното право на секоја индивидуа да се стекне со одредена лиценца, праша Јорданов.

Тој нагласи дека проблемот не ги засега само директорите, туку и наставниците приправници кои го имат завршено приправничкиот стаж. И тие чекаат за полагање на стручниот испит, по што треба да добијат и решение на неопределено работно време.

 

-Ова е силување на демократијата. Ова е заробување на институциите. Ова го немало и во најцрните денови на комунизмот. Да не се дозволува година и пол никој да полага , ова го прават за да немат конкуренција кадрите на СДСМ, рече Јорданов.

The post Јорданов: Ќе ги известам амбасадите, не се дозволува година и пол никој да полага, ова го прават за да немат конкуренција кадрите на СДСМ appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција објави дека ќе ги информира амбасадите во земјва, за проблемот кој го прави Државниот испитен центар на 600 наставници-приправници и на 111 вршители на должност на директори на основни и средни училишта во земјава, на кои, како што вели веќе една и пол година им е ускратено правото да полагаат стручни испити. Забележа дека една и пол година не се дозволува да се полага менаџерски испит за лиценца за директори на училишта, студентски домови, граѓански центри, а како што вели тој ова претставува силување на демократијата, но и ограничување на основните права.   -Јас ќе испратам допис до сите релевантни дипломатски преставништва, за да се запознаат што се случува во оваа држава. Дали вакво нешто има во друга европска држава? Постои ли држава во која е ограничено основното право на секоја индивидуа да се стекне со одредена лиценца, праша Јорданов. Тој нагласи дека проблемот не ги засега само директорите, туку и наставниците приправници кои го имат завршено приправничкиот стаж. И тие чекаат за полагање на стручниот испит, по што треба да добијат и решение на неопределено работно време.   -Ова е силување на демократијата. Ова е заробување на институциите. Ова го немало и во најцрните денови на комунизмот. Да не се дозволува година и пол никој да полага , ова го прават за да немат конкуренција кадрите на СДСМ, рече Јорданов.

The post Јорданов: Ќе ги известам амбасадите, не се дозволува година и пол никој да полага, ова го прават за да немат конкуренција кадрите на СДСМ appeared first on Република.

]]>
Јорданов: Во Штип годинава во капитални проекти ќе се инвестираат 200 милиони денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/jordanov-vo-shtip-godinava-vo-kapitalni-proekti-ke-se-investiraat-200-milioni-denari/ Tue, 14 Feb 2023 14:26:42 +0000 https://republika.mk/?p=608963

Долгонајавуваната изградба на булеварот „Партизанска“, нов мост кај гимназијата и решавање на проблемот со паркинг-местата се дел од програмата на штипскиот градоначалник за 2023 година. На денешната презентација, градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов истакна и дека штипјани конечно ќе добијат јавен превоз со модерни автобуси, модерна кино сала, а жителите на населба Железничка конечно ќе ја добијат најавуваната канализациона мрежа.

-Предвидуваме изградба на нов мост на река Брегалница веднаш до постоечкиот мост кај гимназијата „Славчо Стојменски“, изградба на нов кружен тек на крстосницата под паркот К’ртеќе. Проблемот со паркирањето почнуваме да го решаваме со изградба на катни гаражи на две и повеќе нивоа веднаш позади Домот на културата, веднаш до стоковна куќа „Нама“ и до зграда „Промаја“. Ќе започнеме и со уредување на Градскиот плоштад со што истиот ќе добие нов и модерен изглед. Започнуваме со долгонајавуваниот проект за изградба на булеварот „Партизанска“, односно поврзување на населбите Осми ноември и Баби, рече Јорданов.

Забележа дека и годинава ќе има асфалтирање на повеќе улици во градот, како во централното градско подрачје, така и во приградските населби, а напомена и дека ќе продолжат со уредување на десетина мултифункционални спортски игралишта со специјализирана подлога.

-Улица „Борко Талев“, асфалтирање на улиците „Светиниколска“, „Скопска“ и „Битолска“, поплочување на сите улици во автентичен стил во Ново Село, асфалтирање на улиците „Коле Неделковски“, „Цвета Јованова“, асфалтирање на улицата „Петар поп Арсов“ во населба Железничка, улица „Борис Кидриќ“, улица „11 Октомври“, дел од улица „Пиринска“ до спој со улицата „Иво Лола Рибар“, асфалтирање на улицата „Добре Радосавлев“, „Сане Ѓорѓиев“, асфалтирање на улици во Градските гробишта, „4 Јули“, дел од улица „Личка“, улицата „Цветан Димов“, дел од улица „Љубен Иванов“, улица „Руен“ во населба Баби, улица „Васил Доганџиски“, улица „Јаким Стојков“, улица „Димо Хаџи Димов“, реконструкција на преминот преку река Брегалница во населба Македонка, вели Јорданов.

Тој најави и завршување на реконструкцијата на Домот на млади, како и целосно покриен Градски пазар, а посочи дека инвестиционата вредност на сите капитални проекти за 2023 година е 200 милиони денари.

The post Јорданов: Во Штип годинава во капитални проекти ќе се инвестираат 200 милиони денари appeared first on Република.

]]>

Долгонајавуваната изградба на булеварот „Партизанска“, нов мост кај гимназијата и решавање на проблемот со паркинг-местата се дел од програмата на штипскиот градоначалник за 2023 година. На денешната презентација, градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов истакна и дека штипјани конечно ќе добијат јавен превоз со модерни автобуси, модерна кино сала, а жителите на населба Железничка конечно ќе ја добијат најавуваната канализациона мрежа. -Предвидуваме изградба на нов мост на река Брегалница веднаш до постоечкиот мост кај гимназијата „Славчо Стојменски“, изградба на нов кружен тек на крстосницата под паркот К’ртеќе. Проблемот со паркирањето почнуваме да го решаваме со изградба на катни гаражи на две и повеќе нивоа веднаш позади Домот на културата, веднаш до стоковна куќа „Нама“ и до зграда „Промаја“. Ќе започнеме и со уредување на Градскиот плоштад со што истиот ќе добие нов и модерен изглед. Започнуваме со долгонајавуваниот проект за изградба на булеварот „Партизанска“, односно поврзување на населбите Осми ноември и Баби, рече Јорданов. Забележа дека и годинава ќе има асфалтирање на повеќе улици во градот, како во централното градско подрачје, така и во приградските населби, а напомена и дека ќе продолжат со уредување на десетина мултифункционални спортски игралишта со специјализирана подлога. -Улица „Борко Талев“, асфалтирање на улиците „Светиниколска“, „Скопска“ и „Битолска“, поплочување на сите улици во автентичен стил во Ново Село, асфалтирање на улиците „Коле Неделковски“, „Цвета Јованова“, асфалтирање на улицата „Петар поп Арсов“ во населба Железничка, улица „Борис Кидриќ“, улица „11 Октомври“, дел од улица „Пиринска“ до спој со улицата „Иво Лола Рибар“, асфалтирање на улицата „Добре Радосавлев“, „Сане Ѓорѓиев“, асфалтирање на улици во Градските гробишта, „4 Јули“, дел од улица „Личка“, улицата „Цветан Димов“, дел од улица „Љубен Иванов“, улица „Руен“ во населба Баби, улица „Васил Доганџиски“, улица „Јаким Стојков“, улица „Димо Хаџи Димов“, реконструкција на преминот преку река Брегалница во населба Македонка, вели Јорданов. Тој најави и завршување на реконструкцијата на Домот на млади, како и целосно покриен Градски пазар, а посочи дека инвестиционата вредност на сите капитални проекти за 2023 година е 200 милиони денари.

The post Јорданов: Во Штип годинава во капитални проекти ќе се инвестираат 200 милиони денари appeared first on Република.

]]>
Јорданов: Штипски пожарникари ќе заминат со вториот конвој за Турција https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/jordanov-shtipski-pozharnikari-ke-zaminat-so-vtoriot-konvoj-za-turtsija/ Tue, 07 Feb 2023 13:07:12 +0000 https://republika.mk/?p=606017

Пет пожарникари од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) – Штип ќе заминат за Турција, соопшти денеска градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов.

Јорданов кој е во комуникација со Дирекцијата за заштита и спасување, рече дека пожарникарите ќе заминат со вториот конвој.

-Целта е да дадеме поддршка во име на хуманоста и солидарноста на најпогодените подарчја и населени места во Турција, да помогнеме на настраданите и при извлекувањето луѓе кои се под урнатините во подрачјата каде што се случи катастрофалниот земјотрес. Оваа прилика ја користам да изразам сочуство до настраданите, со желба побрзо враќање на животот во оваа подрачје на Турција, истакна Јорданов на прес-конференција.

Штипскиот градоначалник истакна дека ќе иницира и на седница на Совет на Општина Штип да се издвојата средства од буџетот, со цел да се донира на граѓаните и општините во Турција. Одлуката во текот на утрешниот ден ќе ја донесат советниците и она што е важно како солидарен град ќе допринесеме со финасиска помош и со испраќање на наши пожарникари, кои се обучени за вакви ситуации, вели Јорданов.

Забележа дека во текот на денот со граѓански активисти и здруженија ќе иницираат и отварање на пунктови за да граѓаните и компаниите донираат за настраданите подрачја во Турција.

The post Јорданов: Штипски пожарникари ќе заминат со вториот конвој за Турција appeared first on Република.

]]>

Пет пожарникари од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) – Штип ќе заминат за Турција, соопшти денеска градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов. Јорданов кој е во комуникација со Дирекцијата за заштита и спасување, рече дека пожарникарите ќе заминат со вториот конвој. -Целта е да дадеме поддршка во име на хуманоста и солидарноста на најпогодените подарчја и населени места во Турција, да помогнеме на настраданите и при извлекувањето луѓе кои се под урнатините во подрачјата каде што се случи катастрофалниот земјотрес. Оваа прилика ја користам да изразам сочуство до настраданите, со желба побрзо враќање на животот во оваа подрачје на Турција, истакна Јорданов на прес-конференција. Штипскиот градоначалник истакна дека ќе иницира и на седница на Совет на Општина Штип да се издвојата средства од буџетот, со цел да се донира на граѓаните и општините во Турција. Одлуката во текот на утрешниот ден ќе ја донесат советниците и она што е важно како солидарен град ќе допринесеме со финасиска помош и со испраќање на наши пожарникари, кои се обучени за вакви ситуации, вели Јорданов. Забележа дека во текот на денот со граѓански активисти и здруженија ќе иницираат и отварање на пунктови за да граѓаните и компаниите донираат за настраданите подрачја во Турција.

The post Јорданов: Штипски пожарникари ќе заминат со вториот конвој за Турција appeared first on Република.

]]>
Јорданов: Домашните компании имаат најголеми трошоци во регионот, ако државата ги уништи ќе нема кој да дава плата, ќе има невработеност https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/jordanov-domashnite-kompanii-imaat-najgolemi-troshoci-vo-regionot-ako-drzavata-gi-unishti-kje-nema-koj-da-dava-plata-kje-ima-nevrabotenost/ Thu, 06 Oct 2022 18:33:29 +0000 https://republika.mk/?p=558115

Жалосни се податоците кои пристигаат до нас, имаме и економски совет во рамки на локалната самоуправа, на дневна основа комуницираме со правните субјекти, и како што ние сме соочени како локална самоуправа со енергетската и финансиска криза уште повеќе се соочени компаниите кои треба да се генератор на економијата и развојот на една општина и една држава, изјави градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов за „Што не е јасно“ на Алфа.

Тој додаде дека кога ги оптеретувате со зголемени давачки и даноци компаниите и со трошоци кои се оставени на слободниот пазар и тие не може никој да ги испланира, во најмала рака сите тие компании се неконкурентни на компаниите, не само од Европа туку и регионот.

– Домашните компании имаат повисоки трошоци од компаниите во Косово, Албанија, Бугарија, Хрватска или Србија и нормално дека производите и услугите кои ги пласираат на пазарот ќе биде повисока и не се конкурентни да опстојат, истакна Јорданов.

Јорданов посочи дека овде алармот требаше да биде вклучен многу порано затоа што компаниите алармирале дека ќе дојде до затворање на производствените погони, и државата многу одамна требаше да изготви мерки и за општините и за компаниите.

– Тоа е еден синџир на поврзаност и доколку ги уништите компаниите и ако граѓаните не земаат плата, бадијала ќе биде субвенција која ќе ја давате на граѓанството. Компаниите треба да бидат субвенционирани да бидат конкурентни на пазарот. Тоа не се случува, општините и компаниите плаќаат највисока електрична енергија во регионот и Европа и прашање на време е кога истите ќе ја преселат инвестицијата во соседна држава, а вработените ќе останат без плата, нагласи Јорданов.

Додаде дека ако се уништени компаниите, тогаш општините ќе не можат да наплати данок, а исто и државата.
Ќе има невработеност, намалени приходи затоа што ќе нема кој да плати данок и тогаш и да воведувате мерки ќе е касно. Ќе ни се случи банкрот на државата и прашање на време е. Алармот е вклучен, жалам што никој не смогна сили да се седне на маса и да ја надминеме оваа криза. Оваа зима ќе биде најтешката од осамостојувањето, изјави Јорданов.

The post Јорданов: Домашните компании имаат најголеми трошоци во регионот, ако државата ги уништи ќе нема кој да дава плата, ќе има невработеност appeared first on Република.

]]>

Жалосни се податоците кои пристигаат до нас, имаме и економски совет во рамки на локалната самоуправа, на дневна основа комуницираме со правните субјекти, и како што ние сме соочени како локална самоуправа со енергетската и финансиска криза уште повеќе се соочени компаниите кои треба да се генератор на економијата и развојот на една општина и една држава, изјави градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов за „Што не е јасно“ на Алфа. Тој додаде дека кога ги оптеретувате со зголемени давачки и даноци компаниите и со трошоци кои се оставени на слободниот пазар и тие не може никој да ги испланира, во најмала рака сите тие компании се неконкурентни на компаниите, не само од Европа туку и регионот. – Домашните компании имаат повисоки трошоци од компаниите во Косово, Албанија, Бугарија, Хрватска или Србија и нормално дека производите и услугите кои ги пласираат на пазарот ќе биде повисока и не се конкурентни да опстојат, истакна Јорданов. Јорданов посочи дека овде алармот требаше да биде вклучен многу порано затоа што компаниите алармирале дека ќе дојде до затворање на производствените погони, и државата многу одамна требаше да изготви мерки и за општините и за компаниите. – Тоа е еден синџир на поврзаност и доколку ги уништите компаниите и ако граѓаните не земаат плата, бадијала ќе биде субвенција која ќе ја давате на граѓанството. Компаниите треба да бидат субвенционирани да бидат конкурентни на пазарот. Тоа не се случува, општините и компаниите плаќаат највисока електрична енергија во регионот и Европа и прашање на време е кога истите ќе ја преселат инвестицијата во соседна држава, а вработените ќе останат без плата, нагласи Јорданов. Додаде дека ако се уништени компаниите, тогаш општините ќе не можат да наплати данок, а исто и државата. Ќе има невработеност, намалени приходи затоа што ќе нема кој да плати данок и тогаш и да воведувате мерки ќе е касно. Ќе ни се случи банкрот на државата и прашање на време е. Алармот е вклучен, жалам што никој не смогна сили да се седне на маса и да ја надминеме оваа криза. Оваа зима ќе биде најтешката од осамостојувањето, изјави Јорданов.

The post Јорданов: Домашните компании имаат најголеми трошоци во регионот, ако државата ги уништи ќе нема кој да дава плата, ќе има невработеност appeared first on Република.

]]>