Јордан Симонов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jordan-simonov/ За подобро да се разбереме Wed, 20 Nov 2024 08:02:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Јордан Симонов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jordan-simonov/ 32 32 Премиера на „12“ на Синиша Евтимов вечерва во МНТ со врвна машка актерска екипа https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/premiera-na-12-na-sinisha-evtimov-vecherva-vo-mnt-so-vrvna-mashka-akterska-ekipa/ Wed, 20 Nov 2024 08:02:51 +0000 https://republika.mk/?p=839773

На големата сцена на Македонскиот народен театар (МНТ) вечерва во 20 часот е закажана долго најавуваната премиера на „12“, претстава работена во режија и адаптација на Синиша Евтимов.

Претставата е распродадена до февруари, а е работена по мотивите (12 Angry Men) од Реџиналд Роуз и е посветена на Мирко Попов, соработник на МНТ и еден од основачите на ПМГ Колектив, чија музика е употребена во претставата.

Во претставата играат 12 актери од повеќе генерации: Ѓорѓи Јолевски, Гораст Цветковски, Тони Михајловски, Никола Ристановски, Благој Веселинов, Александар Микиќ, Игор Џамбазов, Јордан Симонов, Сенко Велинов, Оливер Митковски, Владо Јовановски, Сашко Коцев, како и Тања Ивановска (Судија).

Приказната ја следи поротата од 12 луѓе додека размислуваат дали да осудат или да ослободат 18-годишен обвинет врз основа на разумно сомневање, принудувајќи ги поротниците да ги испитаат сопствените морални вредности.

Одбраната и обвинителството ја завршиле својата работа, а поротата е испратена во посебна просторија за да одлучи дали младиот човек е одговорен за убиството на сопствениот татко. Она што изгледа како лесна одлука, наскоро станува бура од емоции во која на виделина излегуваат сите мани и предрасуди на поротниците. Единствениот кој се противи на смртната казна и се сомнева во доказите што ги изнесува обвинителството е поротникот број 8.

Асистент на режисерот е Борјан Стојков, костимограф е Александар Ношпал, сценограф и дизајнер на светлото – Мартин Манев. Претставата е наменета за возрасна категорија 16+.

Евтимов е театарски режисер чии претстави се едни од најгледаните на домашната сцена. Во моментов во МНТ се уште се играат неговите „Мој термин“ (2019) и „Не се клади на Енглези“ (2014), а негови се уште и „Сомнително лица“ и „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“, кои исто така се играа во националниот театар. Работи и во Театар Комедија („Илуминати“, „Ало, ало“, „Стјуардеси“, „Вардарски пастуви“, „Чао пријатно“, „Жена ми се вика Борис“), а соработува и во струмичкиот театар „Антон Панов“ каде што ја постави „Стилист“, во велешкиот „Четири соби“, во Турскиот „Кројач за дами“...

Мирко Попов беше негов соработник во ПМГ колектив, кој почина на 51-годишна возраст на 24 март годинава. Тој беше еден од пионерите на електронската сцена во Македонија.

 

The post Премиера на „12“ на Синиша Евтимов вечерва во МНТ со врвна машка актерска екипа appeared first on Република.

]]>

На големата сцена на Македонскиот народен театар (МНТ) вечерва во 20 часот е закажана долго најавуваната премиера на „12“, претстава работена во режија и адаптација на Синиша Евтимов. Претставата е распродадена до февруари, а е работена по мотивите (12 Angry Men) од Реџиналд Роуз и е посветена на Мирко Попов, соработник на МНТ и еден од основачите на ПМГ Колектив, чија музика е употребена во претставата. Во претставата играат 12 актери од повеќе генерации: Ѓорѓи Јолевски, Гораст Цветковски, Тони Михајловски, Никола Ристановски, Благој Веселинов, Александар Микиќ, Игор Џамбазов, Јордан Симонов, Сенко Велинов, Оливер Митковски, Владо Јовановски, Сашко Коцев, како и Тања Ивановска (Судија). Приказната ја следи поротата од 12 луѓе додека размислуваат дали да осудат или да ослободат 18-годишен обвинет врз основа на разумно сомневање, принудувајќи ги поротниците да ги испитаат сопствените морални вредности. Одбраната и обвинителството ја завршиле својата работа, а поротата е испратена во посебна просторија за да одлучи дали младиот човек е одговорен за убиството на сопствениот татко. Она што изгледа како лесна одлука, наскоро станува бура од емоции во која на виделина излегуваат сите мани и предрасуди на поротниците. Единствениот кој се противи на смртната казна и се сомнева во доказите што ги изнесува обвинителството е поротникот број 8. Асистент на режисерот е Борјан Стојков, костимограф е Александар Ношпал, сценограф и дизајнер на светлото – Мартин Манев. Претставата е наменета за возрасна категорија 16+. Евтимов е театарски режисер чии претстави се едни од најгледаните на домашната сцена. Во моментов во МНТ се уште се играат неговите „Мој термин“ (2019) и „Не се клади на Енглези“ (2014), а негови се уште и „Сомнително лица“ и „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“, кои исто така се играа во националниот театар. Работи и во Театар Комедија („Илуминати“, „Ало, ало“, „Стјуардеси“, „Вардарски пастуви“, „Чао пријатно“, „Жена ми се вика Борис“), а соработува и во струмичкиот театар „Антон Панов“ каде што ја постави „Стилист“, во велешкиот „Четири соби“, во Турскиот „Кројач за дами“... Мирко Попов беше негов соработник во ПМГ колектив, кој почина на 51-годишна возраст на 24 март годинава. Тој беше еден од пионерите на електронската сцена во Македонија.  

The post Премиера на „12“ на Синиша Евтимов вечерва во МНТ со врвна машка актерска екипа appeared first on Република.

]]>
Јордан Симонов најдобар актер на фестивалот „Албански театар во Македонија“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/jordan-simonov-najdobar-akter-na-festivalot-albanski-teatar-vo-makedonija/ Tue, 01 Oct 2024 15:35:01 +0000 https://republika.mk/?p=821479

Со претставата „Графити“ во изведба на театарот од Прешево, Србија и доделувањето на наградите за најдобрите, доцна синоќа, заврши 23. Издание на фестивалот „Албански театар во Македонија“, кој традиционално се одржува во Дебар.

Стручното жири наградата за најдобар актер му ја додели на актерот Јордан Симонов од Македонскиот народен театар (МНТ), за улогата на Павле, во претставата „Лагата“ во режија на Бесфорт Идризи, а во изведба на актери од МНТ.

Ова е второ фестивалско учество на претставата, по она на фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица, каде што актерот Симонов, за истата улога, го доби највисокото актерско остварување, лауреат.

За најдобра актерка беше прогласена Суела Бајко од театарот „Алексадар Моисиу“ од Драч, Албанија која настапи во претставата „Отворен пар“ што заедно ја изведоа со актерите на гостиварскиот тетар. Наградата за најдобра режија му беше доделена на Куштрим Бектеши за претставата „Измамите на Патук“ во изведба на тетовскиот тетар. За најдобра претстава, стручното жири одлучи да ја прогласи „Графити“ на театарот од Прешево, Србија во режија на Насер Шатроли.

 

The post Јордан Симонов најдобар актер на фестивалот „Албански театар во Македонија“ appeared first on Република.

]]>

Со претставата „Графити“ во изведба на театарот од Прешево, Србија и доделувањето на наградите за најдобрите, доцна синоќа, заврши 23. Издание на фестивалот „Албански театар во Македонија“, кој традиционално се одржува во Дебар. Стручното жири наградата за најдобар актер му ја додели на актерот Јордан Симонов од Македонскиот народен театар (МНТ), за улогата на Павле, во претставата „Лагата“ во режија на Бесфорт Идризи, а во изведба на актери од МНТ. Ова е второ фестивалско учество на претставата, по она на фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица, каде што актерот Симонов, за истата улога, го доби највисокото актерско остварување, лауреат. За најдобра актерка беше прогласена Суела Бајко од театарот „Алексадар Моисиу“ од Драч, Албанија која настапи во претставата „Отворен пар“ што заедно ја изведоа со актерите на гостиварскиот тетар. Наградата за најдобра режија му беше доделена на Куштрим Бектеши за претставата „Измамите на Патук“ во изведба на тетовскиот тетар. За најдобра претстава, стручното жири одлучи да ја прогласи „Графити“ на театарот од Прешево, Србија во режија на Насер Шатроли.  

The post Јордан Симонов најдобар актер на фестивалот „Албански театар во Македонија“ appeared first on Република.

]]>
Актерот на МНТ Јордан Симонов е лауреат на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/akterot-na-mnt-jordan-simonov-e-laureat-na-festivalot-na-kameren-teatar-risto-shishkov/ Thu, 14 Sep 2023 07:35:23 +0000 https://republika.mk/?p=681732

Актерот на Македонскиот народен театар (МНТ) Јордан Симонов е лауреат на 31. Меѓународен фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ кој се одржува во Струмица.

Жири-комисијата во состав: Дарја Ризова, Мими Таневска и Иван Додовски, едногласно ја доделија престижната награда за највисоко актерско остварување „Ристо Шишков“ на Симонов за улогата на Павле во претставата „Лагата“ од Флоријан Зелер, во режија на Бесфорт Идризи, а во продукција на Македонскиот народен театар од Скопје.

Како што истакна жири-комисијата, Јордан Симонов, со внимателно избрани актерски средства, успева да оствари моќна и осмислена улога. Тој покажува особено чувство за партнерска игра и вешто го води ликот, кој во себе крие тајни, од привидна наивност до длабока перфидност. Со својата способност за трансформација, Јордан Симонов доминира на сцената, субверзивно поигрувајќи си со очекувањата на публиката, на работ меѓу комичното и неверојатното, меѓу лагата и вистината.

https://republika.mk/vesti/kultura/nie-ja-ziveeme-lagata/

The post Актерот на МНТ Јордан Симонов е лауреат на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ appeared first on Република.

]]>

Актерот на Македонскиот народен театар (МНТ) Јордан Симонов е лауреат на 31. Меѓународен фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ кој се одржува во Струмица. Жири-комисијата во состав: Дарја Ризова, Мими Таневска и Иван Додовски, едногласно ја доделија престижната награда за највисоко актерско остварување „Ристо Шишков“ на Симонов за улогата на Павле во претставата „Лагата“ од Флоријан Зелер, во режија на Бесфорт Идризи, а во продукција на Македонскиот народен театар од Скопје. Како што истакна жири-комисијата, Јордан Симонов, со внимателно избрани актерски средства, успева да оствари моќна и осмислена улога. Тој покажува особено чувство за партнерска игра и вешто го води ликот, кој во себе крие тајни, од привидна наивност до длабока перфидност. Со својата способност за трансформација, Јордан Симонов доминира на сцената, субверзивно поигрувајќи си со очекувањата на публиката, на работ меѓу комичното и неверојатното, меѓу лагата и вистината. https://republika.mk/vesti/kultura/nie-ja-ziveeme-lagata/

The post Актерот на МНТ Јордан Симонов е лауреат на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ appeared first on Република.

]]>