Јордан Плевнеш Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jordan-plevnesh/ За подобро да се разбереме Sat, 21 Sep 2024 12:42:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Јордан Плевнеш Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jordan-plevnesh/ 32 32 „Балканот е срцето на Европа“: Ретроспектива на творештвото на Јордан Плевнеш во Будва https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/balkanot-e-srtseto-na-evropa-retrospektiva-na-tvoreshtvoto-na-jordan-plevnesh-vo-budva/ Sat, 21 Sep 2024 12:42:02 +0000 https://republika.mk/?p=818497

Македонскиот писател со меѓународно реноме, амбасадор и претседател на Меѓународниот универзитет „Еуропа Прима“, Јордан Плевнеш, имаше уметнички портрет за неговото творештво на фестивалот „Кирилица“ во Будва, каде што се презентираат врвни автори од балканскиот и европскиот простор.

Ретроспектива на неговото творештво беше прикажана низ видео снимки од различни изведби на неговите драми во светот, а беседа пред бројната публика за значењето на Плевнеш во светски рамки, одржа режисерот Горан Бјелановиќ.

Уметничката и академска турнеја на Плевнеш продолжи со три предавања во организација на Народната библотека од Подгорица „Радослав Љумовиќ“, за презентацијата на Македонија и балканските култури низ европските метрополи, како и за интеракциите во културниот и образовниот простор меѓу земјите кандидати за членки на Европската унија.

Предавањата беа одржани во духот на мислата на швајцарскиот писател Никола Бувие, „Балканот е срцето на Европа“ и беа проследени од голем број на културни работници и студенти на црногорските универзитети, низ живи дебати кои предизвикаа голем интерес и во црногорските медиуми.

На предавањата во кои делото на Плевнеш беше претставено од директорката на библиотеката Славица Иличиќ, присуствуваше и македонскиот амбасадор во Црна Гора, проф. д-р Зекир Рамчиловиќ.

 

The post „Балканот е срцето на Европа“: Ретроспектива на творештвото на Јордан Плевнеш во Будва appeared first on Република.

]]>

Македонскиот писател со меѓународно реноме, амбасадор и претседател на Меѓународниот универзитет „Еуропа Прима“, Јордан Плевнеш, имаше уметнички портрет за неговото творештво на фестивалот „Кирилица“ во Будва, каде што се презентираат врвни автори од балканскиот и европскиот простор. Ретроспектива на неговото творештво беше прикажана низ видео снимки од различни изведби на неговите драми во светот, а беседа пред бројната публика за значењето на Плевнеш во светски рамки, одржа режисерот Горан Бјелановиќ. Уметничката и академска турнеја на Плевнеш продолжи со три предавања во организација на Народната библотека од Подгорица „Радослав Љумовиќ“, за презентацијата на Македонија и балканските култури низ европските метрополи, како и за интеракциите во културниот и образовниот простор меѓу земјите кандидати за членки на Европската унија. Предавањата беа одржани во духот на мислата на швајцарскиот писател Никола Бувие, „Балканот е срцето на Европа“ и беа проследени од голем број на културни работници и студенти на црногорските универзитети, низ живи дебати кои предизвикаа голем интерес и во црногорските медиуми. На предавањата во кои делото на Плевнеш беше претставено од директорката на библиотеката Славица Иличиќ, присуствуваше и македонскиот амбасадор во Црна Гора, проф. д-р Зекир Рамчиловиќ.  

The post „Балканот е срцето на Европа“: Ретроспектива на творештвото на Јордан Плевнеш во Будва appeared first on Република.

]]>
Плевнеш: „Осмото светско чудо“ на Жарко Башески после Светилникот во Александрија би значело обединување на светската „цивилизација на љубовта“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/plevnesh-osmoto-svetsko-chudo-na-zharko-basheski-posle-svetilnikot-vo-aleksandrija-bi-znachelo-obedinuvane-na-svetskata-tsivilizatsija-na-lubovta/ Thu, 15 Aug 2024 08:32:04 +0000 https://republika.mk/?p=806741

„Ecce Homo Macedonicus: Осмо светско чудо“ е насловена најновата поставка на еминентниот македонски скулптор Жарко Башески, која привлече големо внимание кај љубителите на уметноста, а која во Научниот уметнички центар „Куќата на Уранија“, при МАНУ во Охрид, може да се проследи до 27 август.

Изложбата ги претставува извонредните десет веќе познати дела на уметникот, кој е еден од најдобрите светски хиперреалисти. Неговите скулптури се толку реалистични што никого не оставаат рамнодушни со оглед дека „застрашувачки“ прецизно и реално ги претставува изразот на емоциите на лицето, ставот на телото, деталите…

Посетителите во куќата на Уранија можат да видат и нов концептуален проект, грандиозен објект во големи димензии, изработен од бронза и челик. Станува збор за идеја развивана заедно со професорот Јордан Плевнеш, авторот на најкраткиот роман во светската историја „Осмото светско чудо“, колевка на цивилизацијата.

„Проектот „Ecce Homo Macedonicus: Осмо светско чудо“, во основа ја претставува формата на веќе добро познатата скулптура „Ordinary Man“ (Обичен човек) на Башески, но овој пат во поинаков материјал. Изборот на материјали за овој проект, како и конкретната форма на „Ordinary man“, тесно се поврзува со концептот на авторот, посочуваат организаторите на изложбата.

Плевнеш со Жарко Башески, речиси две децении водел разговори за Осмото светско чудо, кое после Светилникот во Александрија би значело обединување на светската „цивилизација на љубовта“. Делото, вели, би било подигнато на оваа планина на која растат повеќе илјади ендемски видови на растенија и е единствениот резерват на светот на 1.200 ноќни пеперуги.

Некогаш половините се поцелосни и од целините (како наша разделена Македонија), и тука е уметноста магија на исцелувањето на она што е нецело или оштетено! Ако внимателно ја погледнете оваа скулптура, ќе ви се стори дека таа е сè уште во настанување, како да е некој вселенски незавршен проект во вечна мена и промена, како и наша духовна Македонија, прапостојбина на словата, писменоста и уметностите, незавршена духовна постојбина која во моментов има некое повторно привремено и неважно уставно име за службена употреба“, рече Венко Андоновски.

The post Плевнеш: „Осмото светско чудо“ на Жарко Башески после Светилникот во Александрија би значело обединување на светската „цивилизација на љубовта“ appeared first on Република.

]]>

„Ecce Homo Macedonicus: Осмо светско чудо“ е насловена најновата поставка на еминентниот македонски скулптор Жарко Башески, која привлече големо внимание кај љубителите на уметноста, а која во Научниот уметнички центар „Куќата на Уранија“, при МАНУ во Охрид, може да се проследи до 27 август. Изложбата ги претставува извонредните десет веќе познати дела на уметникот, кој е еден од најдобрите светски хиперреалисти. Неговите скулптури се толку реалистични што никого не оставаат рамнодушни со оглед дека „застрашувачки“ прецизно и реално ги претставува изразот на емоциите на лицето, ставот на телото, деталите… Посетителите во куќата на Уранија можат да видат и нов концептуален проект, грандиозен објект во големи димензии, изработен од бронза и челик. Станува збор за идеја развивана заедно со професорот Јордан Плевнеш, авторот на најкраткиот роман во светската историја „Осмото светско чудо“, колевка на цивилизацијата. „Проектот „Ecce Homo Macedonicus: Осмо светско чудо“, во основа ја претставува формата на веќе добро познатата скулптура „Ordinary Man“ (Обичен човек) на Башески, но овој пат во поинаков материјал. Изборот на материјали за овој проект, како и конкретната форма на „Ordinary man“, тесно се поврзува со концептот на авторот, посочуваат организаторите на изложбата. Плевнеш со Жарко Башески, речиси две децении водел разговори за Осмото светско чудо, кое после Светилникот во Александрија би значело обединување на светската „цивилизација на љубовта“. Делото, вели, би било подигнато на оваа планина на која растат повеќе илјади ендемски видови на растенија и е единствениот резерват на светот на 1.200 ноќни пеперуги.
Некогаш половините се поцелосни и од целините (како наша разделена Македонија), и тука е уметноста магија на исцелувањето на она што е нецело или оштетено! Ако внимателно ја погледнете оваа скулптура, ќе ви се стори дека таа е сè уште во настанување, како да е некој вселенски незавршен проект во вечна мена и промена, како и наша духовна Македонија, прапостојбина на словата, писменоста и уметностите, незавршена духовна постојбина која во моментов има некое повторно привремено и неважно уставно име за службена употреба“, рече Венко Андоновски.

The post Плевнеш: „Осмото светско чудо“ на Жарко Башески после Светилникот во Александрија би значело обединување на светската „цивилизација на љубовта“ appeared first on Република.

]]>
Драмата „Кирил и Методиј – Who are you?“ од Јордан Плевнеш во Парискиот театарски центар во пресрет на Светскиот ден на театарот https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/dramata-kiril-i-metodij-who-are-you-od-jordan-plevnesh-vo-pariskiot-teatarski-tsentar-vo-presret-na-svetskiot-den-na-teatarot/ Tue, 26 Mar 2024 13:06:00 +0000 https://republika.mk/?p=758938

Драмата „Кирил и Методиј – Who are you?“ од македонскиот автор со интернационално реноме Јордан Плевнеш синоќа, во очи на Светскиот ден на театарот, во Парискиот театарски центар Шарентон беше презентирана заедно со десетина познати автори од европските земји во организација на издавачот „Куќа на Европа и Ориентот“.

На презентацијата беа изведени повеќе сцени од драмата од француски актери, во режија на Доминик Долмие, а исто така беше презентиран и предговотот на Жорж Бани, еден од најзначајните светски театролози, кој го наслови својот текст „Јордан Плевнеш е планетарен автор”.

Драмата предизвика голем интерес кај бројната публика и бидејќи е базирана на приказна за враќањето на Свети Кирил и Методиј во нашево време, на големи политички, воени, терористички и хуманитарни катастрофи, кои се одвиваат насекаде во светот меѓу Киев, Москва, Блискиот Исток, Њујорк и Баканот, беше доживеана како уметничко истражување низ драмска форма на прашањето, дали може да биде уништена човечката надеж на сите меридијани или ќе победи духовната визија на Кирил и Методиј, кои беа прогласени за заштитници на Европа од Папата Јован Павле Втори во 1980 година, единаесет векови по нивната смрт.

Имено, нивната визија се состои во нивното уверување дека човештвото треба повторно да ја пронајде смислата на постоењето низ определбата „Цивилизација на љубовта и Носталгија по единството”.

The post Драмата „Кирил и Методиј – Who are you?“ од Јордан Плевнеш во Парискиот театарски центар во пресрет на Светскиот ден на театарот appeared first on Република.

]]>

Драмата „Кирил и Методиј – Who are you?“ од македонскиот автор со интернационално реноме Јордан Плевнеш синоќа, во очи на Светскиот ден на театарот, во Парискиот театарски центар Шарентон беше презентирана заедно со десетина познати автори од европските земји во организација на издавачот „Куќа на Европа и Ориентот“. На презентацијата беа изведени повеќе сцени од драмата од француски актери, во режија на Доминик Долмие, а исто така беше презентиран и предговотот на Жорж Бани, еден од најзначајните светски театролози, кој го наслови својот текст „Јордан Плевнеш е планетарен автор”. Драмата предизвика голем интерес кај бројната публика и бидејќи е базирана на приказна за враќањето на Свети Кирил и Методиј во нашево време, на големи политички, воени, терористички и хуманитарни катастрофи, кои се одвиваат насекаде во светот меѓу Киев, Москва, Блискиот Исток, Њујорк и Баканот, беше доживеана како уметничко истражување низ драмска форма на прашањето, дали може да биде уништена човечката надеж на сите меридијани или ќе победи духовната визија на Кирил и Методиј, кои беа прогласени за заштитници на Европа од Папата Јован Павле Втори во 1980 година, единаесет векови по нивната смрт. Имено, нивната визија се состои во нивното уверување дека човештвото треба повторно да ја пронајде смислата на постоењето низ определбата „Цивилизација на љубовта и Носталгија по единството”.

The post Драмата „Кирил и Методиј – Who are you?“ од Јордан Плевнеш во Парискиот театарски центар во пресрет на Светскиот ден на театарот appeared first on Република.

]]>
Претставата „Последната ноќ на Јустинијан Први“ денеска во Дом на Млади во Штип https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pretstavata-poslednata-nok-na-justinijan-prvi-deneska-vo-dom-na-mladi-vo-shtip/ Mon, 18 Mar 2024 13:19:24 +0000 https://republika.mk/?p=755916

Во понеделник на 18 март 2024 година во Дом на Млади во Штип, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја погледнете претставата „Последната ноќ на Јустинијан Први“ од Јордан Плевнеш а во изведба на маестралниот Петар Темелковски.

Премиерно во Штип, претставата која ја освои публиката во Рим, конечно и во Дом на Млади. Петар Темелковски е актер кој оставил свој печат на македонскиот театар и филм.

 

Влезот е слободен.

The post Претставата „Последната ноќ на Јустинијан Први“ денеска во Дом на Млади во Штип appeared first on Република.

]]>

Во понеделник на 18 март 2024 година во Дом на Млади во Штип, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја погледнете претставата „Последната ноќ на Јустинијан Први“ од Јордан Плевнеш а во изведба на маестралниот Петар Темелковски. Премиерно во Штип, претставата која ја освои публиката во Рим, конечно и во Дом на Млади. Петар Темелковски е актер кој оставил свој печат на македонскиот театар и филм.   Влезот е слободен.

The post Претставата „Последната ноќ на Јустинијан Први“ денеска во Дом на Млади во Штип appeared first on Република.

]]>
Јордан Плевнеш добитник на највисокото општинско признание на Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/jordan-plevnesh-dobitnik-na-najvisokoto-opshtinsko-priznanie-na-ohrid/ Tue, 05 Dec 2023 08:07:41 +0000 https://republika.mk/?p=719752

Поетот, драматургот и романсиерот, амбасадорот Јордан Плевнеш, е годинешниот добитник на највисокото признание што го доделува Општина Охрид - наградата „Патрон на градот – Св. Климент Охридски“.

Членовите на Стручната комисија едногласно ја донеле таквата одлука, имајќи ја предвид импозантната биографија на проф. д-р Плевнеш, неговото животно дело и неговата завидна научна дејност во областа на физиката, техничките и компјутерските науки и неговата афирмација на Охрид и Република Македонија насекаде во Светот.

„Земајќи го предвид предлогот на Стручната комисија и општопознатите факти за неговата голема високовредносна и величествена идеја за Охридската академија на хуманизмот, со востановување на Охтидската Светиклиментова Светска награда за хуманизмот со која досега беа овенчани седумнаесет светски хуманисти – великани во своите професионални сфери, на Охрид му се даде уште една историска улога во неговата осум милениумска предисторија и историја. Наградата за хуманизам го осмислува Охрид од длабокото возбудливо историско минато, преку фактот дека Охрид во денешнината станува хуманистичко-филозофски стожерник, а аналогно на тоа Јордан Плевнеш е еден од најзаслужните такви стожери и неговите врвни долгогодишни остварувања кои се од особено значење и имаат голем придонес во развојот напредокот и севкупната афирмација на Охрид во Република Македонија и светот“, посочува градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, кој ја потврди одлуката на Комисијата.

Јордан Плевнеш e роден на 29-ти октомври 1953 година во селото Слоештица, Демирхисарско. Основно училиште заврши во Демирхисарско, средно во Битола, а факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што и магистрира на Филолошкиот факултет, на тема „Македонската народна драма“. Карактеристично за него е да се каже и тоа дека во текот на 1973 и 1974 година работеше како метач на гробиштата „Пер Лашез“ во Париз и со еден патувачки театар на илузионисти ја пропатува Европа, што несомнено говори за неговиот нескротлив дух. Од 1975 година беше уредник на културната рубрика во „Студентски збор“. Од 1980 до 1985 година беше уредник во Издавачката куќа „Мисла“. Исто така значајно е да се истакне дека од 1985-1988 година работеше и како асистент на Институтот за литература при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, а член е на ДПМ од 1982 година, како и на Македонскиот ПЕН центар. Предава креативно пишување на повеќе европски и американски универзитети, како на пример: Институтот за ориентални јазици и цивилизации во Париз, Универзитетот Оресе во Париз, Универзитетот на Тексас во Далас, Универзитетот Јеил. Од декември 2000 година па сè до 2005 година беше амбасадор на Република Македонија во Франција, Шпанија, Португалија и при УНЕСКО. Од 2005 година е потпретседател на Интернационалната асоцијација на УНЕСКО од Париз, Република Франција, за дијалог меѓу цивилизациите, а од октомври 2008 година е ректор на Универзитетот за аудио-визуелни уметности при ESRA – Европската филмска академија „Скопје-Париз-Њујорк“.

Во однос на неговото творештво карактеристично е тоа што неговите дела се објавувани во педесетина земји во светот, преведувани на повеќе од петнаесетина јазици, а неговите драми изведувани во над триесетина земји во светот. Тој пишува на македонски и француски јазик, а преведува од српскохрватски, грчки и француски јазик. Негова прва книга е „Теорија на отровот“ (збирка поезија, 1980), по што следуваат: „Еригон“ (драма, 1980), „Мацедонише цуштенде“ (драма, 1984), „Југословенска антитеза“ (драма, 1987), „Р“ (драма, 1987), „Бесовскиот Дионис“ (студија, 1989), „Драми“ (1996), „Подземна република“ (драма, 1991), „Безбог“ (драма, 1991), „Среќата е нова идеја во Европа“ (драма, 1998), „Јустинијан први“ (монодрамски спев, 2001), „Последниот ден на Мисирков“ (пиеса, 2003), „Осмото светско чудо“ (неговиот прв роман, 2005). Добитник е на следните награди: во „Студентски збор“ за дебитантска книга, награда за најдобар југословенски драмски текст на XIII МЕСС во Сараево, вонредна награда на „Стерино позорје“ Нови Сад, за драмата „Подземна република“ изведена од Битолскиот театар, високата награда на Националниот центар за книжевност на Република Франција за драмата „Среќата е нова идеја во Европа“, добитник е на интернационалната награда на франкофонијата „Сребрен јасмин“, во 2004 година, за целокупното негово творештво, а во 2008 година, на отворањето на првиот Фестивал на француски филм во Охрид, амбасадорот на Република Франција во Република Македонија Бернар Валеро, во името на претседателот на Франција, Никола Саркози, му ја врачи високата француска награда „Витез на книжевностите и уметностите“. Добитник е и на многу други награди и меѓународни книжевни признанија.

Добитници на повелбaта „Патрон на градот - Св. Климент Охридски“ за оваа година се манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“, постхумно неодамна починатата спикерка на Радио Охрид, Леонора Чекреџи и младата спортска надеж на Охрид, таеквондистката Христијана Парулеска.

Наградата и Повелбите на добитниците ќе им бидат врачени на Свечената академија што по повод празникот „Св. Климент Охридски“ ќе се одржи во четврток, 7 декември 2023 година, во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид со почеток во 19:30 часот.

 

The post Јордан Плевнеш добитник на највисокото општинско признание на Охрид appeared first on Република.

]]>

Поетот, драматургот и романсиерот, амбасадорот Јордан Плевнеш, е годинешниот добитник на највисокото признание што го доделува Општина Охрид - наградата „Патрон на градот – Св. Климент Охридски“. Членовите на Стручната комисија едногласно ја донеле таквата одлука, имајќи ја предвид импозантната биографија на проф. д-р Плевнеш, неговото животно дело и неговата завидна научна дејност во областа на физиката, техничките и компјутерските науки и неговата афирмација на Охрид и Република Македонија насекаде во Светот. „Земајќи го предвид предлогот на Стручната комисија и општопознатите факти за неговата голема високовредносна и величествена идеја за Охридската академија на хуманизмот, со востановување на Охтидската Светиклиментова Светска награда за хуманизмот со која досега беа овенчани седумнаесет светски хуманисти – великани во своите професионални сфери, на Охрид му се даде уште една историска улога во неговата осум милениумска предисторија и историја. Наградата за хуманизам го осмислува Охрид од длабокото возбудливо историско минато, преку фактот дека Охрид во денешнината станува хуманистичко-филозофски стожерник, а аналогно на тоа Јордан Плевнеш е еден од најзаслужните такви стожери и неговите врвни долгогодишни остварувања кои се од особено значење и имаат голем придонес во развојот напредокот и севкупната афирмација на Охрид во Република Македонија и светот“, посочува градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, кој ја потврди одлуката на Комисијата. Јордан Плевнеш e роден на 29-ти октомври 1953 година во селото Слоештица, Демирхисарско. Основно училиште заврши во Демирхисарско, средно во Битола, а факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што и магистрира на Филолошкиот факултет, на тема „Македонската народна драма“. Карактеристично за него е да се каже и тоа дека во текот на 1973 и 1974 година работеше како метач на гробиштата „Пер Лашез“ во Париз и со еден патувачки театар на илузионисти ја пропатува Европа, што несомнено говори за неговиот нескротлив дух. Од 1975 година беше уредник на културната рубрика во „Студентски збор“. Од 1980 до 1985 година беше уредник во Издавачката куќа „Мисла“. Исто така значајно е да се истакне дека од 1985-1988 година работеше и како асистент на Институтот за литература при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, а член е на ДПМ од 1982 година, како и на Македонскиот ПЕН центар. Предава креативно пишување на повеќе европски и американски универзитети, како на пример: Институтот за ориентални јазици и цивилизации во Париз, Универзитетот Оресе во Париз, Универзитетот на Тексас во Далас, Универзитетот Јеил. Од декември 2000 година па сè до 2005 година беше амбасадор на Република Македонија во Франција, Шпанија, Португалија и при УНЕСКО. Од 2005 година е потпретседател на Интернационалната асоцијација на УНЕСКО од Париз, Република Франција, за дијалог меѓу цивилизациите, а од октомври 2008 година е ректор на Универзитетот за аудио-визуелни уметности при ESRA – Европската филмска академија „Скопје-Париз-Њујорк“. Во однос на неговото творештво карактеристично е тоа што неговите дела се објавувани во педесетина земји во светот, преведувани на повеќе од петнаесетина јазици, а неговите драми изведувани во над триесетина земји во светот. Тој пишува на македонски и француски јазик, а преведува од српскохрватски, грчки и француски јазик. Негова прва книга е „Теорија на отровот“ (збирка поезија, 1980), по што следуваат: „Еригон“ (драма, 1980), „Мацедонише цуштенде“ (драма, 1984), „Југословенска антитеза“ (драма, 1987), „Р“ (драма, 1987), „Бесовскиот Дионис“ (студија, 1989), „Драми“ (1996), „Подземна република“ (драма, 1991), „Безбог“ (драма, 1991), „Среќата е нова идеја во Европа“ (драма, 1998), „Јустинијан први“ (монодрамски спев, 2001), „Последниот ден на Мисирков“ (пиеса, 2003), „Осмото светско чудо“ (неговиот прв роман, 2005). Добитник е на следните награди: во „Студентски збор“ за дебитантска книга, награда за најдобар југословенски драмски текст на XIII МЕСС во Сараево, вонредна награда на „Стерино позорје“ Нови Сад, за драмата „Подземна република“ изведена од Битолскиот театар, високата награда на Националниот центар за книжевност на Република Франција за драмата „Среќата е нова идеја во Европа“, добитник е на интернационалната награда на франкофонијата „Сребрен јасмин“, во 2004 година, за целокупното негово творештво, а во 2008 година, на отворањето на првиот Фестивал на француски филм во Охрид, амбасадорот на Република Франција во Република Македонија Бернар Валеро, во името на претседателот на Франција, Никола Саркози, му ја врачи високата француска награда „Витез на книжевностите и уметностите“. Добитник е и на многу други награди и меѓународни книжевни признанија. Добитници на повелбaта „Патрон на градот - Св. Климент Охридски“ за оваа година се манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“, постхумно неодамна починатата спикерка на Радио Охрид, Леонора Чекреџи и младата спортска надеж на Охрид, таеквондистката Христијана Парулеска. Наградата и Повелбите на добитниците ќе им бидат врачени на Свечената академија што по повод празникот „Св. Климент Охридски“ ќе се одржи во четврток, 7 декември 2023 година, во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид со почеток во 19:30 часот.  

The post Јордан Плевнеш добитник на највисокото општинско признание на Охрид appeared first on Република.

]]>
Јордан Плевнеш добитник на наградата „Ратко Ѓуровиќ“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/jordan-plevnesh-dobitnik-na-nagradata-ratko-gurovik/ Mon, 02 Oct 2023 15:16:34 +0000 https://republika.mk/?p=687187

Македонскиот драматург и сценарист Јордан Плевнеш е добитник на наградата „Ратко Ѓуровиќ“. Станува збор за нововостановена меѓународна награда, што биенално ќе ја доделува Црногорската кинотека.

На свечената церемонија одржана минатиот викенд во Црногорската кинотека, под наслов „Балканофилмофилија Париз-Берлин-Вашингтон-Подгорица“, наградата на Плевнеш му ја врачи директорот на кинотеката Горан Бјелановиќ.

Во образложението на жирито во состав на проф. д-р Радослав Т. Станишиќ, Драшко Ѓуровиќ, режисер, и Јована Бојовиќ професор по драматургија и сценарио на ФДУ Цетиње, се вели дека првата награда со името на Ратко Ѓуровиќ се доделува на лауерат, кој е македонски хуманист и писател објавуван и игран во над 30 земји во светот, автор на повеќе сценарија за играни и документарни филмови посветени на легенди на светската култура.

Како што се наведува во образложението, неговото интерконтинентално присуство во уметничката и академската дејност е одбележано во водечките светски медиуми, како што се Њујорк Тајмс, Гардијан, Монд, Франкфуртер Алгемајне Цајтунг, како и во водечки јапонски, кинески и руски медиуми.

Јордан Плевнеш е непоправлив идеалист и меланхолик, а Ратко Ѓуровиќ е непоправлив оптимист и колерик. Двајцата извонредни интелекуалци со широко образование и ерудиција. Ратко Ѓуровиќ ја формира првата катедра за сценарио и драматургија на Академијата за театар и филм во Белград, а Плевнеш е основач на Интернационалниот универзитет за аудиовизуелни уметности Еуропа Прима, се вели во образложението.

По доделувањето на наградата, во рамките на манифестацијата беа прикажани наградени филмови од Фестивалот на Југоисточна Европа, а со посебно обраќање на претседателот на меѓународното жири Фабрис Далмеида, наградата „Фредерик Росиф“ му беше врачена на црногорскиот автор Владимир Перовиќ.

 

The post Јордан Плевнеш добитник на наградата „Ратко Ѓуровиќ“ appeared first on Република.

]]>

Македонскиот драматург и сценарист Јордан Плевнеш е добитник на наградата „Ратко Ѓуровиќ“. Станува збор за нововостановена меѓународна награда, што биенално ќе ја доделува Црногорската кинотека. На свечената церемонија одржана минатиот викенд во Црногорската кинотека, под наслов „Балканофилмофилија Париз-Берлин-Вашингтон-Подгорица“, наградата на Плевнеш му ја врачи директорот на кинотеката Горан Бјелановиќ. Во образложението на жирито во состав на проф. д-р Радослав Т. Станишиќ, Драшко Ѓуровиќ, режисер, и Јована Бојовиќ професор по драматургија и сценарио на ФДУ Цетиње, се вели дека првата награда со името на Ратко Ѓуровиќ се доделува на лауерат, кој е македонски хуманист и писател објавуван и игран во над 30 земји во светот, автор на повеќе сценарија за играни и документарни филмови посветени на легенди на светската култура. Како што се наведува во образложението, неговото интерконтинентално присуство во уметничката и академската дејност е одбележано во водечките светски медиуми, како што се Њујорк Тајмс, Гардијан, Монд, Франкфуртер Алгемајне Цајтунг, како и во водечки јапонски, кинески и руски медиуми.
Јордан Плевнеш е непоправлив идеалист и меланхолик, а Ратко Ѓуровиќ е непоправлив оптимист и колерик. Двајцата извонредни интелекуалци со широко образование и ерудиција. Ратко Ѓуровиќ ја формира првата катедра за сценарио и драматургија на Академијата за театар и филм во Белград, а Плевнеш е основач на Интернационалниот универзитет за аудиовизуелни уметности Еуропа Прима, се вели во образложението.
По доделувањето на наградата, во рамките на манифестацијата беа прикажани наградени филмови од Фестивалот на Југоисточна Европа, а со посебно обраќање на претседателот на меѓународното жири Фабрис Далмеида, наградата „Фредерик Росиф“ му беше врачена на црногорскиот автор Владимир Перовиќ.  

The post Јордан Плевнеш добитник на наградата „Ратко Ѓуровиќ“ appeared first on Република.

]]>
Џон Малкович прогласен за Doctor Honoris Causa на Интернационалниот универзитет Еуропа Прима https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/dhon-malkovich-proglasen-za-doctor-honoris-causa-na-internatsionalniot-univerzitet-europa-prima/ Fri, 28 Jul 2023 15:19:50 +0000 https://republika.mk/?p=666352

Славниот холивудски актер Џон Малкович, синоќа, на свечена вечера,  во Скопје , беше прогласен за почесен доктор ( Doctor Honoris Causa) на универзитот Еуро Прима, чиј претседател е Јордан Плевнеш, со што ќе се се вброи во плејадата на големите имиња како што се Јиржи Менцел, Шарл Азнавур, Маноел Де Оливеира, Жан Клод Кариер, Мики Манојловиќ, Александар Морфов, Абдулах Сидран, Мето Јовановск и други.

Плакетата му ја врачи Плевнеш, македонски автор со интернационално реноме, кој одржа брилјантна беседа за Малкович.

Сакам, прогласувајќи ве за Doctor Honoris Causa, да ве прогласам за Син на Вечноста во Минатото кое никогаш не минува и Иднината која никогаш не завршува!, рече меѓу другото во својата беседа, Јордан Плевнеш, македонски автор со интернационално реноме.

 

 

The post Џон Малкович прогласен за Doctor Honoris Causa на Интернационалниот универзитет Еуропа Прима appeared first on Република.

]]>

Славниот холивудски актер Џон Малкович, синоќа, на свечена вечера,  во Скопје , беше прогласен за почесен доктор ( Doctor Honoris Causa) на универзитот Еуро Прима, чиј претседател е Јордан Плевнеш, со што ќе се се вброи во плејадата на големите имиња како што се Јиржи Менцел, Шарл Азнавур, Маноел Де Оливеира, Жан Клод Кариер, Мики Манојловиќ, Александар Морфов, Абдулах Сидран, Мето Јовановск и други. Плакетата му ја врачи Плевнеш, македонски автор со интернационално реноме, кој одржа брилјантна беседа за Малкович.
Сакам, прогласувајќи ве за Doctor Honoris Causa, да ве прогласам за Син на Вечноста во Минатото кое никогаш не минува и Иднината која никогаш не завршува!, рече меѓу другото во својата беседа, Јордан Плевнеш, македонски автор со интернационално реноме.
 
 

The post Џон Малкович прогласен за Doctor Honoris Causa на Интернационалниот универзитет Еуропа Прима appeared first on Република.

]]>
Меѓународна книжевна манифестација „Вавилон“, годинашни добитници Игор Мировиќ и Јордан Плевнеш https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/megunarodna-knizhevna-manifestatsija-vavilon-godinashni-dobitnitsi-igor-mirovik-i-jordan-plevnesh/ Tue, 02 May 2023 07:19:53 +0000 https://republika.mk/?p=635889

Меѓународната книжевна манифестација „Вавилон“ ќе се одржи утре и задутре, во организација на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ).

Свеченото отворање ќе биде утре,во 11 часот во Свечената сала на ДПМ. По музичката точка на учениците од ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ од Скопје, Насока за традиционална музика и игра, поздравна реч ќе има претседателот на ДПМ проф. д-р Христо Петрески. Беседа за Вавилон ќе одржи проф. д-р Кристина Николовска, претседателка на Собранието на ДПМ.

Годинашни добитници на меѓународната награда „Вавилон“ се Игор Мировиќ, поет од Војводина и македонскиот писател Јордан Плевнеш.

Признанието „Македониум“ ќе им биде доделено на Културно-информативните центри на Македонија во Њујорк, Софија, Истанбул, Тирана и Загреб.

Во продолжение на програмата, како што информира ДПМ, ќе следува „Поезија на реки од јазици“ со учество и настап на истакнати поети од земјава и странство.

Следниот ден ќе се одржи литературно матине „Вавилон“ во галеријата Даут пашин амам во Старата скопска чаршија, со почеток во 11 часот. Ќе настапат учениците од ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ од Скопје, насока за традиционална музика и игра, а поздравна реч ќе има проф. д-р Дита Старова, директорка на Националната галерија.

По беседите на добитниците на наградата „Вавилон“ Игор Мировиќ и Јордан Плевнеш, ќе настапат афирмирани писатели од земјава и странство.

Манифестацијата „Вавилон“ е меѓународна и традиционална, а годинава се очекува да има учесници од Македонија, Србија, Италија, Шпанија и други земји.

The post Меѓународна книжевна манифестација „Вавилон“, годинашни добитници Игор Мировиќ и Јордан Плевнеш appeared first on Република.

]]>

Меѓународната книжевна манифестација „Вавилон“ ќе се одржи утре и задутре, во организација на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ). Свеченото отворање ќе биде утре,во 11 часот во Свечената сала на ДПМ. По музичката точка на учениците од ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ од Скопје, Насока за традиционална музика и игра, поздравна реч ќе има претседателот на ДПМ проф. д-р Христо Петрески. Беседа за Вавилон ќе одржи проф. д-р Кристина Николовска, претседателка на Собранието на ДПМ. Годинашни добитници на меѓународната награда „Вавилон“ се Игор Мировиќ, поет од Војводина и македонскиот писател Јордан Плевнеш. Признанието „Македониум“ ќе им биде доделено на Културно-информативните центри на Македонија во Њујорк, Софија, Истанбул, Тирана и Загреб. Во продолжение на програмата, како што информира ДПМ, ќе следува „Поезија на реки од јазици“ со учество и настап на истакнати поети од земјава и странство. Следниот ден ќе се одржи литературно матине „Вавилон“ во галеријата Даут пашин амам во Старата скопска чаршија, со почеток во 11 часот. Ќе настапат учениците од ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ од Скопје, насока за традиционална музика и игра, а поздравна реч ќе има проф. д-р Дита Старова, директорка на Националната галерија. По беседите на добитниците на наградата „Вавилон“ Игор Мировиќ и Јордан Плевнеш, ќе настапат афирмирани писатели од земјава и странство. Манифестацијата „Вавилон“ е меѓународна и традиционална, а годинава се очекува да има учесници од Македонија, Србија, Италија, Шпанија и други земји.

The post Меѓународна книжевна манифестација „Вавилон“, годинашни добитници Игор Мировиќ и Јордан Плевнеш appeared first on Република.

]]>
Промоција на „Осмото светско чудо“ од Јордан Плевнеш во македонскииот КИЦ во Тирана https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promocija-na-osmoto-svetsko-chudo-od-jordan-plevnesh-vo-makedonskiiot-kic-vo-tirana/ Fri, 13 May 2022 11:08:37 +0000 https://republika.mk/?p=501875

Во присуство на повеќе гости од дипломатскиот кор, од јавниот и од културниот живот, меѓу кои и духовниот водач на бектешите Баба Монди, во Македонскиот културно-информативен центар во Тирана, Албанија, се одржа промоција на романот „Осмото светско чудо“ (Mrekullia e Tet ë Botërore) од македонскиот писател и поранешен дипломат Јордан Плевнеш.

На промоцијата, која помина во пријатна атмосфера, пред присутните говореше деканот на Академијата „Маруби“ од Тирана, Кујтим Чашку, кој истакна: „Ова е роман кој не е значаен само за македонската литература, туку многу повеќе за албанската современа литература и за целиот денешен европски свет“. Книжевниот критичар Бен Андони, пак, правејќи споредба со делото „Хазардски речник“ од Павиќ, романот на Плевнеш го спореди со повеќе значајни дела од балканската литература.

За романот говореа и Хаќиф Мулиќи, драматург и уметнички критичар, и Агим Пољоска од Филололошкиот факултет во Скопје, кој е преведувач на романот.

Извадоци од романот цитираа актерите Џоана Карај од Универзитетот на уметностите во Тирана и Лаерти Васили, еден од најпознатите актери од Националниот театар во Тирана.

Јордан Плевнеш е познат писател со меѓународна репутација, автор на повеќе театарски драми објавени и изведени во над 50 земји во светот.

Атмосферата беше надополнета со настапот на дел од членовите на музичкиот состав „Тирана – Тирона сите ѕвезди“.

The post Промоција на „Осмото светско чудо“ од Јордан Плевнеш во македонскииот КИЦ во Тирана appeared first on Република.

]]>

Во присуство на повеќе гости од дипломатскиот кор, од јавниот и од културниот живот, меѓу кои и духовниот водач на бектешите Баба Монди, во Македонскиот културно-информативен центар во Тирана, Албанија, се одржа промоција на романот „Осмото светско чудо“ (Mrekullia e Tet ë Botërore) од македонскиот писател и поранешен дипломат Јордан Плевнеш. На промоцијата, која помина во пријатна атмосфера, пред присутните говореше деканот на Академијата „Маруби“ од Тирана, Кујтим Чашку, кој истакна: „Ова е роман кој не е значаен само за македонската литература, туку многу повеќе за албанската современа литература и за целиот денешен европски свет“. Книжевниот критичар Бен Андони, пак, правејќи споредба со делото „Хазардски речник“ од Павиќ, романот на Плевнеш го спореди со повеќе значајни дела од балканската литература. За романот говореа и Хаќиф Мулиќи, драматург и уметнички критичар, и Агим Пољоска од Филололошкиот факултет во Скопје, кој е преведувач на романот. Извадоци од романот цитираа актерите Џоана Карај од Универзитетот на уметностите во Тирана и Лаерти Васили, еден од најпознатите актери од Националниот театар во Тирана. Јордан Плевнеш е познат писател со меѓународна репутација, автор на повеќе театарски драми објавени и изведени во над 50 земји во светот. Атмосферата беше надополнета со настапот на дел од членовите на музичкиот состав „Тирана – Тирона сите ѕвезди“.

The post Промоција на „Осмото светско чудо“ од Јордан Плевнеш во македонскииот КИЦ во Тирана appeared first on Република.

]]>