Јонада Авдија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jonada-avdija/ За подобро да се разбереме Sun, 07 Aug 2022 16:05:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Јонада Авдија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jonada-avdija/ 32 32 „Не ја уби чамец, туку државата”: Во Тирана пак ќе се протестира за убиената Јонада, се бара одговорност од министрите https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ne-ja-ubi-chamec-tuku-drzavata-vo-tirana-pak-kje-se-protestira-za-ubienata-jonada-se-bara-odgovornost-od-ministrite/ Sun, 07 Aug 2022 16:22:06 +0000 https://republika.mk/?p=537712

По истекот на 72-часовниот рок за оставка или разрешување на министерот за внатрешни работи Бленди Чучи, министерката за туризам Мирела Кумбаро и генералниот директор на полицијата Гладис Нано, за утре пред Министерството за внатрешни работи во Тирана закажан е уште еден протест.

На првиот протест, во четвртокот вечерта илјадници граѓани се приклучија во знак на револт за она што се случи во Потам кај приморското градче Химара, каде 7-годишното девојче Јонада Авдија загина од чамецот што го управуваше комесарот Арјан Тасе.

https://republika.mk/vesti/balkan/tragedija-vo-albanija-shef-na-policija-so-gliser-usmrti-sedumgodishno-devojche/

Инцидентот се случи на 2 август во забранета зона за пловни средства, додека девојчето заедно со татко му пливале на петнаесетина метри од брегот.

Семејството Авдија, кое дваесеттина години живеело во Велика Британија во родната земја било дојдено на одмор.

На протестот во четвртокот, што се одржа под мотото „Не ја уби чамец, туку државата”, беше побарано заминување на Чучи, Кумбаро и Нано, за кои се смета дека недоволно воделе грижа за безбедноста на крајбрежјето и оти со правилна примена на законот од нивните подредени трагичниот инцидент би се избегнал.

Од почетокот на туристичката сезона регистрирани се повеќе инциденти со чамци кои се движат покрај плажите.

Но, и покрај овие настани, и повремените осудувања во медиумите, требаше да се случи трагедијата од 2 август државата да интервенира и да не се види ниту еден пловен објект на плажите во последните денови.

Како и протестот на 4 август, така и утрешниот го организира граѓанскиот сектор, повторно поддржан од опозицијата, која повика на масовност.

The post „Не ја уби чамец, туку државата”: Во Тирана пак ќе се протестира за убиената Јонада, се бара одговорност од министрите appeared first on Република.

]]>

По истекот на 72-часовниот рок за оставка или разрешување на министерот за внатрешни работи Бленди Чучи, министерката за туризам Мирела Кумбаро и генералниот директор на полицијата Гладис Нано, за утре пред Министерството за внатрешни работи во Тирана закажан е уште еден протест. На првиот протест, во четвртокот вечерта илјадници граѓани се приклучија во знак на револт за она што се случи во Потам кај приморското градче Химара, каде 7-годишното девојче Јонада Авдија загина од чамецот што го управуваше комесарот Арјан Тасе. https://republika.mk/vesti/balkan/tragedija-vo-albanija-shef-na-policija-so-gliser-usmrti-sedumgodishno-devojche/ Инцидентот се случи на 2 август во забранета зона за пловни средства, додека девојчето заедно со татко му пливале на петнаесетина метри од брегот. Семејството Авдија, кое дваесеттина години живеело во Велика Британија во родната земја било дојдено на одмор. На протестот во четвртокот, што се одржа под мотото „Не ја уби чамец, туку државата”, беше побарано заминување на Чучи, Кумбаро и Нано, за кои се смета дека недоволно воделе грижа за безбедноста на крајбрежјето и оти со правилна примена на законот од нивните подредени трагичниот инцидент би се избегнал. Од почетокот на туристичката сезона регистрирани се повеќе инциденти со чамци кои се движат покрај плажите. Но, и покрај овие настани, и повремените осудувања во медиумите, требаше да се случи трагедијата од 2 август државата да интервенира и да не се види ниту еден пловен објект на плажите во последните денови. Како и протестот на 4 август, така и утрешниот го организира граѓанскиот сектор, повторно поддржан од опозицијата, која повика на масовност.

The post „Не ја уби чамец, туку државата”: Во Тирана пак ќе се протестира за убиената Јонада, се бара одговорност од министрите appeared first on Република.

]]>
Трагедија во Албанија: Шеф на полиција со глисер усмрти седумгодишно девојче https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/tragedija-vo-albanija-shef-na-policija-so-gliser-usmrti-sedumgodishno-devojche/ Sat, 06 Aug 2022 05:52:19 +0000 https://republika.mk/?p=537275

Арјан Тасе, поранешен началник на градската полиција на Химара на југот на Албанија, е обвинет за убиството на 7-годишната Јонада Авдија, што се случи во вторникот на плажата Потами во Химара.

Седумгодишното девојче загинало откако Тасе ја удрил со чамец додека седела на морскиот брег. Тасе тврди дека изгубил контрола над возилото, но очевидци тврдат дека вршел опасни маневри и дека се возел преблиску до брегот.

Авдија летувала со семејството на плажата Потами.

Дојде со голема брзина кон мене и неа. Нурнав, а чамецот директно удри во ќерка ми, изјави Бледар Авдија, татко на 7-годишната Јонада, по несреќата.

„Блиц“ пишува дека Тасе се степал со таткото по инцидентот на плажата. На социјалните мрежи е објавено видео на кое наводно може да се види физичка пресметка меѓу нив двајца.

Авдија за локалните медиуми изјавил дека тој и неговата ќерка биле на плажата Потами тој ден кога видел бел глисер со две лица како доаѓа кон него со голема брзина. Вели успеал да нурне за да го избегн, но чамецот потоа со дел од моторот удрил во неговата ќерка.

Полицијата соопшти дека 7-годишно девојче се здобило со тешки телесни повреди при ударот од пропелерот на моторот и дека починало на лице место.

Инспекторите велат дека Тасе ги однел членовите на неговото семејство од Порто Палермо на плажата Потами.

Тасе првично беше обвинет за убиство од небрежност, но обвинението на крајот беше отфрлено и потоа беше обвинет за тешко убиство.

Отпуштени се 15 полицајци кои тој ден ја чувале плажата.

Тасе требаше да се појави на суд во петок.

Поради смртта на девојчето избувнаа протести, а десетина демонстранти се судрија и со полицијата во главниот град Тирана.

The post Трагедија во Албанија: Шеф на полиција со глисер усмрти седумгодишно девојче appeared first on Република.

]]>

Арјан Тасе, поранешен началник на градската полиција на Химара на југот на Албанија, е обвинет за убиството на 7-годишната Јонада Авдија, што се случи во вторникот на плажата Потами во Химара. Седумгодишното девојче загинало откако Тасе ја удрил со чамец додека седела на морскиот брег. Тасе тврди дека изгубил контрола над возилото, но очевидци тврдат дека вршел опасни маневри и дека се возел преблиску до брегот. Авдија летувала со семејството на плажата Потами.
Дојде со голема брзина кон мене и неа. Нурнав, а чамецот директно удри во ќерка ми, изјави Бледар Авдија, татко на 7-годишната Јонада, по несреќата.
„Блиц“ пишува дека Тасе се степал со таткото по инцидентот на плажата. На социјалните мрежи е објавено видео на кое наводно може да се види физичка пресметка меѓу нив двајца. Авдија за локалните медиуми изјавил дека тој и неговата ќерка биле на плажата Потами тој ден кога видел бел глисер со две лица како доаѓа кон него со голема брзина. Вели успеал да нурне за да го избегн, но чамецот потоа со дел од моторот удрил во неговата ќерка. Полицијата соопшти дека 7-годишно девојче се здобило со тешки телесни повреди при ударот од пропелерот на моторот и дека починало на лице место. Инспекторите велат дека Тасе ги однел членовите на неговото семејство од Порто Палермо на плажата Потами. Тасе првично беше обвинет за убиство од небрежност, но обвинението на крајот беше отфрлено и потоа беше обвинет за тешко убиство. Отпуштени се 15 полицајци кои тој ден ја чувале плажата. Тасе требаше да се појави на суд во петок. Поради смртта на девојчето избувнаа протести, а десетина демонстранти се судрија и со полицијата во главниот град Тирана.

The post Трагедија во Албанија: Шеф на полиција со глисер усмрти седумгодишно девојче appeared first on Република.

]]>