Јон Вардар против Галаксијата Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jon-vardar-protiv-galaksijata/ За подобро да се разбереме Mon, 04 Nov 2024 09:29:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Јон Вардар против Галаксијата Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jon-vardar-protiv-galaksijata/ 32 32 „Јон Вардар против Галаксијата“ вечерва во киното „Мис Стон“ во Прилеп https://arhiva3.republika.mk/scena/film/jon-vardar-protiv-galaksijata-vecherva-vo-kinoto-mis-ston-vo-prilep/ Mon, 04 Nov 2024 09:29:26 +0000 https://republika.mk/?p=833894

Љубителите на филмската уметност оваа недела ќе можат да проследат две проекции на македонски филмови во кино „Мис Стон“ во Прилеп.

Вечерва / понеделник/ од 19.00 часот ќе можат да го гледаат филмот „Јон Вардар против Галаксијата“, првиот македонски долгометражен анимиран филм, во режија на Гоце Цветаноски. Играат Атанас Атанасовски, Дамјан Цветановски, Елена Тарчуговска , Емилија Мицевска, Жарко Димоски,Мартин Ѓоргоски, Слаѓана Вујошевиќ,Тони Денковски,Филип Трајковиќ.

Јон е потпросечно интелигентен човек од Земјата. Зарк е нарцисоиден мегаломан – робот кој патува низ вселената и собира примероци за својата интергалактичка Зоолошка градина. Кога двајцата ќе се спојат, ќе настане хаос. Двајцата ќе ги здружат силите за да го заштитат најопасното оружје во Галаксијата да не падне во погрешни раце. Необичното дуо ќе тргне на вселенско патување исполнето со вонземјани, чудовишта, црни дупки, и можен крај на севкупната егзистенција – се вели во образложението за филмот.

На шести ноември 2024 / среда/ од 19.00 часот ќе биде прикажан филмот „На сѐ доаѓа крај“ во режија на Рајко Грлиќ.

Во филмот се говори за Макс Пинтер, успешен адвокат од Загреб, кој успева да ги отфрли обвиненијата против неговиот клиент за двојно убиство, богатиот и моќен бизнисмен Динко Хорват. На прославата, Макс е пијан и му кажува на Динко дека ладнокрвно ги убил работниците, кои што дошле да прашаат за своите плати. Соочувањето со еден од столбовите на општеството го прави Макс непожелна личност, тој го губи својот партнер и клиенти, а неговата сопруга го напушта. Со својата девојка од универзитетските денови, Нина, започнува мисија за одмазда. Од друга страна, никој во оваа приказна не е целосно невин и сите се тесно поврзани. Играат Jелена Ѓокиќ, Живко Аночиќ, Борис Исаковиќ, Јанко Поповиќ Волариќ, Емир Хаџихафисбеговиќ, Ксенија Маринковиќ, Марина Реџеповиќ, Петре Арсовски.

Филмот таре час и половина и е за над 16 години.

The post „Јон Вардар против Галаксијата“ вечерва во киното „Мис Стон“ во Прилеп appeared first on Република.

]]>

Игравме танго, летавме на бродот, глумевме, рецитиравме, велат аниматорите кои работеа на првиот долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ на Гоце Цветановски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/igravme-tango-letavme-na-brodot-glumevme-retsitiravme-velat-animatorite-koi-rabotea-na-prviot-dolgometrazhen-animiran-film-jon-vardar-protiv-galaksijata-na-gotse-tsvetanovski/ Wed, 16 Oct 2024 12:09:46 +0000 https://republika.mk/?p=827629

Во просториите на ЕУ хаус денеска во рамките на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“ се одржа работилница со аниматорите кои работеа на првиот долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ на македонскиот режисер Гоце Цветановски, со кој синоќа беше отворен Фестивалот.

Филип Трајковски, Берта Милевска, Сара Петковска и Горан Менков говореа за процесот на создавање на едно долгометражно анимирано дело. Рекоа дека секој од нив во одреден дел од процесот се вклучил во работата и дека биле мошне мал тим, во однос на работата која требало да се заврши.

Се корегираа во од некои работи, но се одеше по сценарио, поделено по кадри, по панели и се опишува текстуално, а потоа сликовито се презентира за аниматорите да продолжат со анимација, го објасни процесот на работа Трајковски.

И тие самите синоќа за прв пат го гледаа на големо платно целиот филм и среќни се и задоволни од сработеното. Велат дека последната година вложиле најголем напор да се доврши филмот. Се додавала и музика и дополнителни ефекти, но појаснија и дека гласовите прво се снимаат за потоа тие да можат да анимираат уста и движења со устата.

Овде е обратен процесот. За ние да анимираме, уста говорење, па и акција ни требаат гласови. Тие се снимени во 2020 година. Го добиваме звукот и одредени букви се ставаат во устата на ликовите и мислам прилично добро успеавме да го реализираме, рече Сара Петковска.

Раскажаа и за предизвиците, некои кадри се работеле заедно, не се спојувале, некои од нив токму тогаш го учеле програмот за работа, но почнала ковид пандемијата па морале од дома да работат и секој сам да се снаоѓа со програмата.

Тоа беше многу тежок период. Има еден кадар во филмот кога ликовите прават „смир смир“ не можам да го погледнам зошто сум го работел во тој период и безброј пати. Штом кадарот влегол во 98-ма верзија, значи е од тие кадри кои ни биле предизвик, раскажа Горан Менков.

Во однос на слободата во креациите раскажаа интересни детали од миговите кога работеле во канцеларија, која, како што рекоа, ја делат со други луѓе кои се од бизнис сферата, сосема друг свет.

Имаме едно големо стакло кое го користиме како огледало за да глумиме или си рецитираме на него и со тоа си помагаме во креацијата, а во ходник поминуваат луѓе во костуми кои работат трговија, увоз-извоз..., но имаше денови кога и самите тие сакаа да го прават тоа. Ние игравме танго, летавме на бродот, а тие доаѓаа не гледаа додека работиме и не поддржуваа..., раскажа Филип Трајковски.

Покрај тоа што филмот е прв македонски долгометражен анимиран филм тој е и најголемиот копродукциски проект во регионов, во кој учествуваат: Македонија, Унгарија, Бугарија и Хрватска.
Гласовите во филмот ги позајмуваат актерите: Жарко Димоски, Дамјан Цветановски, Емилија Мицевска.

Се работи за анимирана интергалактичка авантура која во исто време е алегорија за актуелните случувања во човештвото и нашата природа како и луди методи на решавање на проблемите, анимирана луда црна комедија која нема да можете да ја заборавите никогаш.

Гоце Цветановски е македонски наградуван режисер и продуцент. Студирал на филмски студии во Париз, Франција, каде што живеел 17 години. Покрај неговите филмски активности, тој има работено и на различни комерцијални проекти за клиенти како што се Faith No More, Ed Sheeran, Samsung и Alcatel. Тој е ко-основач на компанијата за издавање стрипови „Komic Brew“ со седиште во Шкотска, Велика Британија. Во 2015 година се враќа да живее и работи во Македонија како креативен директор на Lynx Animation Studios. Гоце стана првиот македонски автор кој се споменува во магазинот „Ролинг Стоун“ како режисер на спотот на Faith No More „Cone of Shame“. Работел на проекти за различни музички ѕвезди, вклучувајќи ја и анимираната верзија на хитот на Ед Ширан „Лоши навики“.

The post Игравме танго, летавме на бродот, глумевме, рецитиравме, велат аниматорите кои работеа на првиот долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ на Гоце Цветановски appeared first on Република.

]]>

Во просториите на ЕУ хаус денеска во рамките на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“ се одржа работилница со аниматорите кои работеа на првиот долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ на македонскиот режисер Гоце Цветановски, со кој синоќа беше отворен Фестивалот. Филип Трајковски, Берта Милевска, Сара Петковска и Горан Менков говореа за процесот на создавање на едно долгометражно анимирано дело. Рекоа дека секој од нив во одреден дел од процесот се вклучил во работата и дека биле мошне мал тим, во однос на работата која требало да се заврши.
Се корегираа во од некои работи, но се одеше по сценарио, поделено по кадри, по панели и се опишува текстуално, а потоа сликовито се презентира за аниматорите да продолжат со анимација, го објасни процесот на работа Трајковски.
И тие самите синоќа за прв пат го гледаа на големо платно целиот филм и среќни се и задоволни од сработеното. Велат дека последната година вложиле најголем напор да се доврши филмот. Се додавала и музика и дополнителни ефекти, но појаснија и дека гласовите прво се снимаат за потоа тие да можат да анимираат уста и движења со устата.
Овде е обратен процесот. За ние да анимираме, уста говорење, па и акција ни требаат гласови. Тие се снимени во 2020 година. Го добиваме звукот и одредени букви се ставаат во устата на ликовите и мислам прилично добро успеавме да го реализираме, рече Сара Петковска.
Раскажаа и за предизвиците, некои кадри се работеле заедно, не се спојувале, некои од нив токму тогаш го учеле програмот за работа, но почнала ковид пандемијата па морале од дома да работат и секој сам да се снаоѓа со програмата.
Тоа беше многу тежок период. Има еден кадар во филмот кога ликовите прават „смир смир“ не можам да го погледнам зошто сум го работел во тој период и безброј пати. Штом кадарот влегол во 98-ма верзија, значи е од тие кадри кои ни биле предизвик, раскажа Горан Менков.
Во однос на слободата во креациите раскажаа интересни детали од миговите кога работеле во канцеларија, која, како што рекоа, ја делат со други луѓе кои се од бизнис сферата, сосема друг свет.
Имаме едно големо стакло кое го користиме како огледало за да глумиме или си рецитираме на него и со тоа си помагаме во креацијата, а во ходник поминуваат луѓе во костуми кои работат трговија, увоз-извоз..., но имаше денови кога и самите тие сакаа да го прават тоа. Ние игравме танго, летавме на бродот, а тие доаѓаа не гледаа додека работиме и не поддржуваа..., раскажа Филип Трајковски.
Покрај тоа што филмот е прв македонски долгометражен анимиран филм тој е и најголемиот копродукциски проект во регионов, во кој учествуваат: Македонија, Унгарија, Бугарија и Хрватска. Гласовите во филмот ги позајмуваат актерите: Жарко Димоски, Дамјан Цветановски, Емилија Мицевска. Се работи за анимирана интергалактичка авантура која во исто време е алегорија за актуелните случувања во човештвото и нашата природа како и луди методи на решавање на проблемите, анимирана луда црна комедија која нема да можете да ја заборавите никогаш. Гоце Цветановски е македонски наградуван режисер и продуцент. Студирал на филмски студии во Париз, Франција, каде што живеел 17 години. Покрај неговите филмски активности, тој има работено и на различни комерцијални проекти за клиенти како што се Faith No More, Ed Sheeran, Samsung и Alcatel. Тој е ко-основач на компанијата за издавање стрипови „Komic Brew“ со седиште во Шкотска, Велика Британија. Во 2015 година се враќа да живее и работи во Македонија како креативен директор на Lynx Animation Studios. Гоце стана првиот македонски автор кој се споменува во магазинот „Ролинг Стоун“ како режисер на спотот на Faith No More „Cone of Shame“. Работел на проекти за различни музички ѕвезди, вклучувајќи ја и анимираната верзија на хитот на Ед Ширан „Лоши навики“.  

The post Игравме танго, летавме на бродот, глумевме, рецитиравме, велат аниматорите кои работеа на првиот долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ на Гоце Цветановски appeared first on Република.

]]>
„Јон Вардар против Галаксијата“ вечерва премиерно на отворањето на 9. издание на „Киненова“ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/jon-vardar-protiv-galaksijata-vecherva-premierno-na-otvoraneto-na-9-izdanie-na-kinenova/ Tue, 15 Oct 2024 08:34:31 +0000 https://republika.mk/?p=826949

Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“ вечерва ќе го започне своето 9. издание. Во киното „Фросина“, во Младинскиот културен центар (МКЦ), во 20 часот е црвениот тепих, а во 20.30 почнува церемонијата на свеченото отворање и проекција на филмот „Јон Вардар против Галаксијата“ во режија на Гоце Цветановски, кој е во официјалната селекција за награда на Фестивалот.

Годинашен добитник на наградата за особен придонес во светската филмска уметност е австрискиот режисер Улрих Зајдл, кој ќе присуствува на свеченоста и ќе ја прими наградата.

Во текот на следните фестивалски денови програмата која изобилува со неверојатни, субверзивни и дефинитивно непознати филмски приказни за нашата јавност ќе може да се проследи во Киноверзум, во Домот на култура „Билјана Беличанец“ во Кисела вода.

Покрај шесте филма во главната програма каде ќе има филмови од: Израел, Хрватска, Грција, Иран, Црна Гора и Македонија, за првпат во нашата земја ќе се претстави и финската кинематографија, а ќе можете да се внурнете и во творештвото на нашиот лауреат преку филмовите од неговата филмска трилогија РАЈ или PARADISE.

The post „Јон Вардар против Галаксијата“ вечерва премиерно на отворањето на 9. издание на „Киненова“ appeared first on Република.

]]>

Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“ вечерва ќе го започне своето 9. издание. Во киното „Фросина“, во Младинскиот културен центар (МКЦ), во 20 часот е црвениот тепих, а во 20.30 почнува церемонијата на свеченото отворање и проекција на филмот „Јон Вардар против Галаксијата“ во режија на Гоце Цветановски, кој е во официјалната селекција за награда на Фестивалот. Годинашен добитник на наградата за особен придонес во светската филмска уметност е австрискиот режисер Улрих Зајдл, кој ќе присуствува на свеченоста и ќе ја прими наградата. Во текот на следните фестивалски денови програмата која изобилува со неверојатни, субверзивни и дефинитивно непознати филмски приказни за нашата јавност ќе може да се проследи во Киноверзум, во Домот на култура „Билјана Беличанец“ во Кисела вода. Покрај шесте филма во главната програма каде ќе има филмови од: Израел, Хрватска, Грција, Иран, Црна Гора и Македонија, за првпат во нашата земја ќе се претстави и финската кинематографија, а ќе можете да се внурнете и во творештвото на нашиот лауреат преку филмовите од неговата филмска трилогија РАЈ или PARADISE.

The post „Јон Вардар против Галаксијата“ вечерва премиерно на отворањето на 9. издание на „Киненова“ appeared first on Република.

]]>
Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ на Гоце Цветановски го отвора 9. издание на „Киненова“ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/prviot-makedonski-dolgometrazhen-animiran-film-jon-vardar-protiv-galaksijata-na-gotse-tsvetanovski-go-otvora-9-izdanie-na-kinenova/ Mon, 07 Oct 2024 11:34:39 +0000 https://republika.mk/?p=823792

Со македонска премиера на првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ на режисерот Гоце Цветановски ќе биде отворено деветто издание на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“ кој ќе се одржи од 16 до 20 октомври под мотото „Што е прво? Филмот или приказната“, беше соопштено на денешната прес-конфренција.

Што е прво? Уметникот или институцијата од каде ја добива поддршката? Фестивалот или неговите гости и филмовите, или ефектот кој истиот го има на филмската дејност, на унапредувањето на филмското образование, и крајно на подигањето на општествената свест и нивото на културното живеење во државата? Што е прво? Би прашал. Државата или граѓанинот? Прво е заедничкото или поединечното, индивидуалното? Или можеби обете? Звучи субверзивно. Да, знам. Да, „Киненова“ е роден така, да биде субверзивен, критички-ориентиран, контроверзен и провокативен фестивал, но не доволен сам на себе, туку со цел да биде ангажиран и во полза на општествените потреби и промени кон целокупниот интелектуален развој и созревање на општеството, изјави денеска на прес-конфренцијата Небојша Јовановиќ, директор на Фестивалот.

Јовановиќ говореше за вечната борба на сценаристите и режисерите, кој е прв, кој е поважен и од кого почнало сè. Сценаристот или режисерот, сценариото или визијата на режисерот?

[caption id="attachment_823798" align="alignnone" width="656"] Небојша Јовановиќ, директор на Фестивалот „Киненова“ и селекторот Игор Анѓелков / Фоти: Киненова[/caption]

Да, борбата е откога постои филмот и ќе постои секогаш без разлика дали некогаш од истата ќе произлезат длабоки и нерешливи конфликти или креативна дисусија која ќе даде нов квалитет и ќе го унапреди развојот на самото филмско дело, додаде Јовановиќ.

Фестивалот ќе почне со македонската премиера на „Јон Вардар против галаксијата“ филм кој е во исто време дел од главната натпреварувачка програма.

Се работи за анимирана интергалактичка авантура која во исто време е алегорија за актуелните случувања во човештвото и нашата природа како и луди методи на решавање на проблемите, анимирана луда црна комедија која нема да можете да ја заборавите никогаш, истакна Јовановиќ.

За селекцијата на филмови кои ќе може да се погледнат во текот на фестивалските денови пред присутните говореше Игор Анѓелков, селектор на главната програма.

Предјубилејното издание на „КинеНова“ ни носи шест силни авторски остварувања од различни кинематографии. Живееме во пост-ковид времиња кога сè е возможно, па затоа решивме годинашниот фестивал да понуди еден микс од еклектични филмски жанрови, кои сепак ги поврзува една заедничка нишка – внатрешната човекова борба против најголемиот непријател, самиот себе, а потоа и против Другиот, непознатиот, оној што живее во злобниот паралелен универзум, рече Анѓелков.

Оваа година „Фокус на...“ е на финската кинематографија.  Оваа програма во склоп на овогодишното 9. издание ќе го означи првото претставување на финската современа кинематографија пред македонската публика и јавност. На програмата се два филма од финските автори кои во последниве години освоија значајни награди и го освоија вниманието на светските фестивали. Покрај класикот Аки Каурисмаки, новата генерација фински синеасти започна да го освојува светот со своите интересни приказни од крајниот север на Европа.

„Киненова“ секоја година дава значаен и суштински придонес во надополнување на филмското образовани во државата, преку специјализирани работилници.

Оваа година имаме автентична работилница за развој на идеи и сценарија за кратки филмови кои се засноваат или се инспирирани од реални случувања, конкретен настан или постоечки лик. Работилницата, низ специфичен и јасно дефиниран процес ќе ја води професорката, драматург и сценарист од Атина, Ерини Демирцаки, информираше Јовановиќ.

The post Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ на Гоце Цветановски го отвора 9. издание на „Киненова“ appeared first on Република.

]]>

Со македонска премиера на првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ на режисерот Гоце Цветановски ќе биде отворено деветто издание на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“ кој ќе се одржи од 16 до 20 октомври под мотото „Што е прво? Филмот или приказната“, беше соопштено на денешната прес-конфренција.
Што е прво? Уметникот или институцијата од каде ја добива поддршката? Фестивалот или неговите гости и филмовите, или ефектот кој истиот го има на филмската дејност, на унапредувањето на филмското образование, и крајно на подигањето на општествената свест и нивото на културното живеење во државата? Што е прво? Би прашал. Државата или граѓанинот? Прво е заедничкото или поединечното, индивидуалното? Или можеби обете? Звучи субверзивно. Да, знам. Да, „Киненова“ е роден така, да биде субверзивен, критички-ориентиран, контроверзен и провокативен фестивал, но не доволен сам на себе, туку со цел да биде ангажиран и во полза на општествените потреби и промени кон целокупниот интелектуален развој и созревање на општеството, изјави денеска на прес-конфренцијата Небојша Јовановиќ, директор на Фестивалот.
Јовановиќ говореше за вечната борба на сценаристите и режисерите, кој е прв, кој е поважен и од кого почнало сè. Сценаристот или режисерот, сценариото или визијата на режисерот? [caption id="attachment_823798" align="alignnone" width="656"] Небојша Јовановиќ, директор на Фестивалот „Киненова“ и селекторот Игор Анѓелков / Фоти: Киненова[/caption]
Да, борбата е откога постои филмот и ќе постои секогаш без разлика дали некогаш од истата ќе произлезат длабоки и нерешливи конфликти или креативна дисусија која ќе даде нов квалитет и ќе го унапреди развојот на самото филмско дело, додаде Јовановиќ.
Фестивалот ќе почне со македонската премиера на „Јон Вардар против галаксијата“ филм кој е во исто време дел од главната натпреварувачка програма.
Се работи за анимирана интергалактичка авантура која во исто време е алегорија за актуелните случувања во човештвото и нашата природа како и луди методи на решавање на проблемите, анимирана луда црна комедија која нема да можете да ја заборавите никогаш, истакна Јовановиќ.
За селекцијата на филмови кои ќе може да се погледнат во текот на фестивалските денови пред присутните говореше Игор Анѓелков, селектор на главната програма.
Предјубилејното издание на „КинеНова“ ни носи шест силни авторски остварувања од различни кинематографии. Живееме во пост-ковид времиња кога сè е возможно, па затоа решивме годинашниот фестивал да понуди еден микс од еклектични филмски жанрови, кои сепак ги поврзува една заедничка нишка – внатрешната човекова борба против најголемиот непријател, самиот себе, а потоа и против Другиот, непознатиот, оној што живее во злобниот паралелен универзум, рече Анѓелков.
Оваа година „Фокус на...“ е на финската кинематографија.  Оваа програма во склоп на овогодишното 9. издание ќе го означи првото претставување на финската современа кинематографија пред македонската публика и јавност. На програмата се два филма од финските автори кои во последниве години освоија значајни награди и го освоија вниманието на светските фестивали. Покрај класикот Аки Каурисмаки, новата генерација фински синеасти започна да го освојува светот со своите интересни приказни од крајниот север на Европа. „Киненова“ секоја година дава значаен и суштински придонес во надополнување на филмското образовани во државата, преку специјализирани работилници.
Оваа година имаме автентична работилница за развој на идеи и сценарија за кратки филмови кои се засноваат или се инспирирани од реални случувања, конкретен настан или постоечки лик. Работилницата, низ специфичен и јасно дефиниран процес ќе ја води професорката, драматург и сценарист од Атина, Ерини Демирцаки, информираше Јовановиќ.

The post Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ на Гоце Цветановски го отвора 9. издание на „Киненова“ appeared first on Република.

]]>
Светска премиера на првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против галаксијата” https://arhiva3.republika.mk/scena/film/svetska-premiera-na-prviot-makedonski-dolgometrazhen-animiran-film-jon-vardar-protiv-galaksijata/ Sat, 28 Sep 2024 09:19:15 +0000 https://republika.mk/?p=820491

Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против галаксијата”, во режија на Гоце Цветановски и во продукција на Алан Кастиљо од „Линкс студио”, ќе има светска премиера на 57-мото издание на „Ситџес фантастик филм фестивал”, што ќе се одржи во Шпанија.

Бидејќи жанрот не познава возраст, фестивалот во Ситџес повторно ќе ги прикаже моментално најфасцинантните фамилијарни проекти од светот. Меѓу селектираните филмови годинава го откривме „Јон Вардар против Галаксијата“ на Гоце Цветановски, првиот анимиран филм во историјата на Македонија, ја споделува денеска во соопштение објавата од организаторите на фестивалот режисерот Цветановски.

Тој информира дека „Јон Вардар против Галаксијата” е селектиран во фамилијарната секција на фестивалот и ќе има две прикажувања во ударни термини во петок и сабота, на 5 и 11 октомври.

Огромен успех е што светската премиера на Јон Вардар ќе се одржи на престижен фестивал од овој калибар, и очекувам да продолжи со уште многу други успешни прикажувања низ целиот свет. Филмот е селектиран на уште еден голем филмски фестивал што ќе се одржи годинава, а деталите ќе бидат споделени наскоро, вели Цветановски.

Арт директор е Михајло Димитриевски - Тхе Мичо, а директор на анимација е Димитар Ѓоргиев. Продуценти на филмот се Алан Кастиљо, Ева Конрад, Браќа Калинови и Ладо Скорин. Во главните улоги настапуваат Жарко Димовски, Дамјан Цветановски и Емилија Мицевска.

Анимираниот филм е изработен со поддршка од Агенцијата за филм на Македонија, а има копродукции во Унгарија, Бугарија и Хрватска.

Цветановски е дел и од тимот кој го почна проектот „Сказните на Биби“, режирајќи повеќе епизоди. Тој е режисер и на крими-трилерот „Бизнисот на задоволството” којшто во моментов се прикажува низ кино-салите во Македонија и наидува на одличен прием од страна на публиката и на критиката. Досега со своите филмови, Цветановски ја претставувал Македонија на стотина фестивали низ светот, а „Бизнисот на задоволството” се закити со десет меѓународни награди.

The post Светска премиера на првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против галаксијата” appeared first on Република.

]]>

Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против галаксијата”, во режија на Гоце Цветановски и во продукција на Алан Кастиљо од „Линкс студио”, ќе има светска премиера на 57-мото издание на „Ситџес фантастик филм фестивал”, што ќе се одржи во Шпанија.
Бидејќи жанрот не познава возраст, фестивалот во Ситџес повторно ќе ги прикаже моментално најфасцинантните фамилијарни проекти од светот. Меѓу селектираните филмови годинава го откривме „Јон Вардар против Галаксијата“ на Гоце Цветановски, првиот анимиран филм во историјата на Македонија, ја споделува денеска во соопштение објавата од организаторите на фестивалот режисерот Цветановски.
Тој информира дека „Јон Вардар против Галаксијата” е селектиран во фамилијарната секција на фестивалот и ќе има две прикажувања во ударни термини во петок и сабота, на 5 и 11 октомври.
Огромен успех е што светската премиера на Јон Вардар ќе се одржи на престижен фестивал од овој калибар, и очекувам да продолжи со уште многу други успешни прикажувања низ целиот свет. Филмот е селектиран на уште еден голем филмски фестивал што ќе се одржи годинава, а деталите ќе бидат споделени наскоро, вели Цветановски.
Арт директор е Михајло Димитриевски - Тхе Мичо, а директор на анимација е Димитар Ѓоргиев. Продуценти на филмот се Алан Кастиљо, Ева Конрад, Браќа Калинови и Ладо Скорин. Во главните улоги настапуваат Жарко Димовски, Дамјан Цветановски и Емилија Мицевска. Анимираниот филм е изработен со поддршка од Агенцијата за филм на Македонија, а има копродукции во Унгарија, Бугарија и Хрватска. Цветановски е дел и од тимот кој го почна проектот „Сказните на Биби“, режирајќи повеќе епизоди. Тој е режисер и на крими-трилерот „Бизнисот на задоволството” којшто во моментов се прикажува низ кино-салите во Македонија и наидува на одличен прием од страна на публиката и на критиката. Досега со своите филмови, Цветановски ја претставувал Македонија на стотина фестивали низ светот, а „Бизнисот на задоволството” се закити со десет меѓународни награди.

The post Светска премиера на првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против галаксијата” appeared first on Република.

]]>