Јон Калман Стефансон Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jon-kalman-stefanson/ За подобро да се разбереме Thu, 03 Oct 2024 10:36:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Јон Калман Стефансон Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jon-kalman-stefanson/ 32 32 Со онлајн-разговор со Алесандро Барико се затвора Фестивалот на европска литература, Јон Калман Стефансон ја прими наградата „Букстар“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/so-onlajn-razgovor-so-alesandro-bariko-se-zatvora-festivalot-na-evropska-literatura-jon-kalman-stefanson-ja-primi-nagradata-bukstar/ Thu, 03 Oct 2024 10:36:30 +0000 https://republika.mk/?p=822144

Со настанот „Книжевната метафизика на Алесандро Барико: Метаморфоза на имагинацијата“, кој вклучува онлајн-разговор со авторот Алесандро Барико од Италија, се затвора годинешното, јубилејно издание на фестивалот на европска литература „Букстар“. Ова воедно е прв каков било директен контакт на големиот италијански и светски автор со својата македонска публика, oткако се случи преводот на романот „Свила“ на македонски јазик во 1999 година и со тоа неговото име стана сензација во нашиот културен контекст.

Разговорот ќе стави акцент на неговите најважни дела, на неговите ставови за литературата, на задоволството од пишувањето и читањето и за приказните што сè уште ги крие во себе.

Барико добива специјална награда „BookStar“ X10 за исклучителни достигнувања во литературата. Настанот ќе се одржи во кафе-книжарницата „Буква“ со почеток во 18 часот.

Во текот на денот во „Лабораториум“ ќе се одржат и два настана од затворен карактер. Едниот настан е „Publishing Europe Fellowship“, замислен како професионален состанок меѓу странски и домашни претставници на издавачкиот сектор. Вториот настан е наречен „Мудар разговор“ и во него учествуваат странски и домашни издавачи, преведувачи, писатели и културни менаџери. Ќе се одржи и неформална туристичка тура „Кога писателот шета писатели“, која овој пат ќе ја предводи Тијана Милиќ.

Доделувањето на наградата „Букстар“ 2024 за трилогијата „Помеѓу рајот и пеколот“ на исландскиот писател Јон Калман Стефансон, се одржа синоќа во „Лабораториум“.

Статуетката и плакетата му ја додели Жарко Кујунџиски, организатор на фестивалот и главен уредник на „Антолог“, кој истакна дека дека оваа трилогија е длабока и интимна приказна.

Сеопфатно искуство кое продира најдлабоко во човекот, пружајќи му исконско патување низ природата – трилогијата „Помеѓу рајот и пеколот“ на Јон Калман Стефансон е доказ за лирскиот квалитет проткаен во прозно дело, односно умешноста на авторот да спои идиолект на поет со приказна зачната од прозаист...Сликовитиот приказ на немилосрдната исландска природа авторот го вовлекува до најдлабокото од човекот – очајот за да ја прослави спасителната моќ на пријателството. Oваа триологија може да се класифицира како исклучително лична и длабоко интимна приказна – не зашто читателот е внесен во чудесната природа во светот на Стефансон туку токму поради секојдневните чувства кои се обработуваат – тага, болка, надеж, радост. Годинашниот лауреат на наградата „Букстар“, Јон Калман Стефансон ја има таа моќ преку своето пишување и најсекојдневните случувања и чувства да ги направи уникатни патувања врз имагинацијата на читателот од кои тој нема да излезе ист, каков што бил на почетокот - истакна Кујунџиски.

По доделувањето на наградата авторот водеше разговор со Александар Маџаровски и Никола Маџиров.

На осумнаесет години сонував да станам астронаут откако гледав емисија во која Карл Саган зборуваше за универзумот. Бев целосно обземен од тоа богатство и од мистериите на универзумот – подоцна сфатив дека тоа е, на некој начин, и суштината на фикцијата, рече Стефансон.

Тој истакна дека не е тенденциозно неговото пишување за природата, како и тоа дека сака да пишува зашто сака да го промени светот и да допре најдлабоко во луѓето, да им ги исцелува раните.

Не пишувам свесно за природата. Тоа едноставно е во мене, тоа е начинот на кој дишам. За мене пишувањето е создавање на светот. Пишувачот е создавач, а со тоа е и бог. Но бог греши, зашто секој што создава греши. Не можеш однапред да знаеш за што да пишуваш. Едноставно седнуваш и почнуваш. Сакам да го сменам светот со пишувањето, сакам да ги допрам луѓето. Пишувам за да создадам живот, да се борам против заборавот. Пишувам зашто тоа е сѐ што можам да направам - истакна Стефансон.

Книжевната вечер и разговорот со авторите Жозе Луиш Пејшото од Португалија и Здравка Евтимова од Бугарија помина со многу овации од публиката. Авторите говореа за карактерите на нивните ликови, но и за она што го носат во себе како луѓе. Настанот го модерираше Александар Маџаровски.

Евтимова ја воодушеви публиката со своите силни, човечки пораки, истакнувајќи дека сите ние сме победници.

Суровоста не смее да биде она што нѐ води. Може сите некогаш да имаме таков период, но она што треба да нѐ води е човечноста. Мојата главна порака до луѓето е дека не може никој да ве победи, дека вие сте победниците! - истакна Евтимова.

Говорејќи за литературата како за алатка со која може да се води борба за праведност, Евтимова истакна дека литературата е почит кон сите луѓе, но не и борба.

Борба ме асоцира на борба со тупаници. Литературата е заедничко срце на сите. А ниедно срце не сака да биде удирано, зашто не само што ќе биде скршено, туку и ќе умре. Литературата е почит кон другите, а таа почит се спроведува само преку искреност. Треба да се говори вистината - рече авторката.

Португалскиот автор Жозе Луиш Пејшото говореше за миграцијата, но и како духовните и личните миграции ја обликуваат колективната историја на единките во општеството.

Не можам да пишувам за што сакам. Можам да пишувам за работите за кои сум способен да пишувам. Немаме секогаш план што да пишуваме. Она што мора да го направиме е да го најдеме нашиот глас, нашиот природен глас. Сите ние имаме различни живеалишта и истории. Можеш да живееш во Португалија, во Македонија, во Кина, во Мексико, но човековата природа секаде е иста - заклучи Пејшото.

Книжевната вечер заврши со концерт на „Чалгија саунд систем“.

Третиот фестивалски ден имаше богата програма и почна со „Книжевно отворање кон Европа – македонско искуство“ - втора конвенција на претставници на издавачкиот сектор во склоп на програмата Publishing Europe Fellowship. Настанот се одржа на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје, каде што и средба со студентите имаат Мирженка Чехова и Паола Перети.
Соопштени беа и наградите за најдобар превод „Драги“ 2024, а во „Јуроп хаус“ се одржа панел-дискусија „Читајќи го и преведувајќи го Кафка“ во чест на светското одбележување на стогодишнината од смртта на Франц Кафка.

Фестивалот се одржува под слоганот „Преобразба“ и е поддржан од Министерството за култура и туризам на Република Македонија, книжевната мрежа Традуки, ЕУ со тебе (Eu with YOU), Амбасадaтa на Германија, издавачката куќа „Антолог“, а одделни настани и гостувања се реализирани и со поддршка на Амбасадите на Република Чешка и Италија, Културно–информативниот центар на Република Бугарија во Скопје, Италијанскиот институт за култура во Белград, Исландскиот книжевен центар и Институтот за соработка и јазик „Камоеш“. Медиумски покровител на настанот е Македонската радио телевизија. Визуелниот идентитет е авторство на Маја Плачкоска, која го изработи и фестивалското видео.

The post Со онлајн-разговор со Алесандро Барико се затвора Фестивалот на европска литература, Јон Калман Стефансон ја прими наградата „Букстар“ appeared first on Република.

]]>

Со настанот „Книжевната метафизика на Алесандро Барико: Метаморфоза на имагинацијата“, кој вклучува онлајн-разговор со авторот Алесандро Барико од Италија, се затвора годинешното, јубилејно издание на фестивалот на европска литература „Букстар“. Ова воедно е прв каков било директен контакт на големиот италијански и светски автор со својата македонска публика, oткако се случи преводот на романот „Свила“ на македонски јазик во 1999 година и со тоа неговото име стана сензација во нашиот културен контекст. Разговорот ќе стави акцент на неговите најважни дела, на неговите ставови за литературата, на задоволството од пишувањето и читањето и за приказните што сè уште ги крие во себе. Барико добива специјална награда „BookStar“ X10 за исклучителни достигнувања во литературата. Настанот ќе се одржи во кафе-книжарницата „Буква“ со почеток во 18 часот. Во текот на денот во „Лабораториум“ ќе се одржат и два настана од затворен карактер. Едниот настан е „Publishing Europe Fellowship“, замислен како професионален состанок меѓу странски и домашни претставници на издавачкиот сектор. Вториот настан е наречен „Мудар разговор“ и во него учествуваат странски и домашни издавачи, преведувачи, писатели и културни менаџери. Ќе се одржи и неформална туристичка тура „Кога писателот шета писатели“, која овој пат ќе ја предводи Тијана Милиќ. Доделувањето на наградата „Букстар“ 2024 за трилогијата „Помеѓу рајот и пеколот“ на исландскиот писател Јон Калман Стефансон, се одржа синоќа во „Лабораториум“. Статуетката и плакетата му ја додели Жарко Кујунџиски, организатор на фестивалот и главен уредник на „Антолог“, кој истакна дека дека оваа трилогија е длабока и интимна приказна.
Сеопфатно искуство кое продира најдлабоко во човекот, пружајќи му исконско патување низ природата – трилогијата „Помеѓу рајот и пеколот“ на Јон Калман Стефансон е доказ за лирскиот квалитет проткаен во прозно дело, односно умешноста на авторот да спои идиолект на поет со приказна зачната од прозаист...Сликовитиот приказ на немилосрдната исландска природа авторот го вовлекува до најдлабокото од човекот – очајот за да ја прослави спасителната моќ на пријателството. Oваа триологија може да се класифицира како исклучително лична и длабоко интимна приказна – не зашто читателот е внесен во чудесната природа во светот на Стефансон туку токму поради секојдневните чувства кои се обработуваат – тага, болка, надеж, радост. Годинашниот лауреат на наградата „Букстар“, Јон Калман Стефансон ја има таа моќ преку своето пишување и најсекојдневните случувања и чувства да ги направи уникатни патувања врз имагинацијата на читателот од кои тој нема да излезе ист, каков што бил на почетокот - истакна Кујунџиски.
По доделувањето на наградата авторот водеше разговор со Александар Маџаровски и Никола Маџиров.
На осумнаесет години сонував да станам астронаут откако гледав емисија во која Карл Саган зборуваше за универзумот. Бев целосно обземен од тоа богатство и од мистериите на универзумот – подоцна сфатив дека тоа е, на некој начин, и суштината на фикцијата, рече Стефансон.
Тој истакна дека не е тенденциозно неговото пишување за природата, како и тоа дека сака да пишува зашто сака да го промени светот и да допре најдлабоко во луѓето, да им ги исцелува раните.
Не пишувам свесно за природата. Тоа едноставно е во мене, тоа е начинот на кој дишам. За мене пишувањето е создавање на светот. Пишувачот е создавач, а со тоа е и бог. Но бог греши, зашто секој што создава греши. Не можеш однапред да знаеш за што да пишуваш. Едноставно седнуваш и почнуваш. Сакам да го сменам светот со пишувањето, сакам да ги допрам луѓето. Пишувам за да создадам живот, да се борам против заборавот. Пишувам зашто тоа е сѐ што можам да направам - истакна Стефансон.
Книжевната вечер и разговорот со авторите Жозе Луиш Пејшото од Португалија и Здравка Евтимова од Бугарија помина со многу овации од публиката. Авторите говореа за карактерите на нивните ликови, но и за она што го носат во себе како луѓе. Настанот го модерираше Александар Маџаровски. Евтимова ја воодушеви публиката со своите силни, човечки пораки, истакнувајќи дека сите ние сме победници.
Суровоста не смее да биде она што нѐ води. Може сите некогаш да имаме таков период, но она што треба да нѐ води е човечноста. Мојата главна порака до луѓето е дека не може никој да ве победи, дека вие сте победниците! - истакна Евтимова.
Говорејќи за литературата како за алатка со која може да се води борба за праведност, Евтимова истакна дека литературата е почит кон сите луѓе, но не и борба.
Борба ме асоцира на борба со тупаници. Литературата е заедничко срце на сите. А ниедно срце не сака да биде удирано, зашто не само што ќе биде скршено, туку и ќе умре. Литературата е почит кон другите, а таа почит се спроведува само преку искреност. Треба да се говори вистината - рече авторката.
Португалскиот автор Жозе Луиш Пејшото говореше за миграцијата, но и како духовните и личните миграции ја обликуваат колективната историја на единките во општеството.
Не можам да пишувам за што сакам. Можам да пишувам за работите за кои сум способен да пишувам. Немаме секогаш план што да пишуваме. Она што мора да го направиме е да го најдеме нашиот глас, нашиот природен глас. Сите ние имаме различни живеалишта и истории. Можеш да живееш во Португалија, во Македонија, во Кина, во Мексико, но човековата природа секаде е иста - заклучи Пејшото.
Книжевната вечер заврши со концерт на „Чалгија саунд систем“. Третиот фестивалски ден имаше богата програма и почна со „Книжевно отворање кон Европа – македонско искуство“ - втора конвенција на претставници на издавачкиот сектор во склоп на програмата Publishing Europe Fellowship. Настанот се одржа на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје, каде што и средба со студентите имаат Мирженка Чехова и Паола Перети. Соопштени беа и наградите за најдобар превод „Драги“ 2024, а во „Јуроп хаус“ се одржа панел-дискусија „Читајќи го и преведувајќи го Кафка“ во чест на светското одбележување на стогодишнината од смртта на Франц Кафка. Фестивалот се одржува под слоганот „Преобразба“ и е поддржан од Министерството за култура и туризам на Република Македонија, книжевната мрежа Традуки, ЕУ со тебе (Eu with YOU), Амбасадaтa на Германија, издавачката куќа „Антолог“, а одделни настани и гостувања се реализирани и со поддршка на Амбасадите на Република Чешка и Италија, Културно–информативниот центар на Република Бугарија во Скопје, Италијанскиот институт за култура во Белград, Исландскиот книжевен центар и Институтот за соработка и јазик „Камоеш“. Медиумски покровител на настанот е Македонската радио телевизија. Визуелниот идентитет е авторство на Маја Плачкоска, која го изработи и фестивалското видео.

The post Со онлајн-разговор со Алесандро Барико се затвора Фестивалот на европска литература, Јон Калман Стефансон ја прими наградата „Букстар“ appeared first on Република.

]]>
Алесандро Барико и Јон Калман Стефансон- лауреати на „Букстар“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/alesandro-bariko-i-jon-kalman-stefanson-laureati-na-bukstar/ Fri, 27 Sep 2024 08:38:56 +0000 https://republika.mk/?p=820128

Фестивалот „Букстар“ ја објави целосната програма за десетото издание и таа вклучува голем број атрактивни настани и импозантни авторски имиња од различни европски држави – Јон Калман Стефансон (Исланд), Алесандро Барико (Италија), Кристијан Новак (Хрватска), Здравка Евтимова (Бугарија), Жозе Луиш Пејшото (Португалија), Игор Маројевиќ (Србија), Паола Перети (Италија), Фарук Шехиќ (Босна и Херцеговина) и Мирженка Чехова (Чешка).

Автор во фокусот од Македонија е Румена Бужаровска која ќе го прогласи фестивалот за отворен, но во програмата учествуваат уште четириесетина македонски писатели, универзитетски професори, критичари, музичари и друг вид претставници од издавачкиот и од културниот сектор.

Поттикнати од јубилејот, годинава за првпат се доделува специјалната наградата „Букстар“ Х10 за исклучителни достигнувања во литературата на Алесандро Барико, со гаранција најпознатиот италијански писател, еден од омилените европски автори, интелектуалец кој стана глобална сензација и човек чие име е звучно како на рок-ѕвезда.

Италијанскиот романсиер, сценарист, литературен и музички критичар, новинар, пијанист, режисер и есеист е роден во Торино во 1958 година. Добитник е на наградата „Вијареџо“ во 1993 година, како и на бројни други награди. Напишал четиринаесет романи, три есеи и голем број на сценарија. Речиси целото негово дело е преведено на македонски јазик и тоа вклучува голем број дела со култен статус – „Свила“, „Замоци на гневот“, „Новеченто“, „Океан Море“, „Мистер Гвин“, „Оваа приказна“, од кои дел се и екранизирани и поставени на театарските сцени. Многу значајна и опсежна е неговата работа на телевизија, во театар и на филм. Наградата BOOKSTAR“ Х10 ја добива за своето севкупно творештво.

 Говориме за автор што со секоја книга освојува некоја нова пишувачка територија и од крајот на 1990-тите години интересот за него не спласнува. Барико остана глас што и кога пишува различно од своите првични романи, повторно е свеж и иновативен. Тој е вечна метаморфоза на имагинацијата и на нејзините неисцрпни можности. Со оглед на тоа дека неговите патувања во странство веќе четири-пет години се сведени на минимум, Фестивалот „BookStar“ годинава ја има честа да реализира ексклузивно онлајн-учество на еден од најголемите автори на денешнината, повод заради кој наскоро ќе го објавиме и преводот од неговата најнова книга, „Авел“ – велат од „Антолог.

Вториот годинашен лауреат е Јон Калман Стефансон кој се закитува со традиционалната награда „BookStar“ 2024 за трилогијата „Помеѓу рајот и пеколот“. Стефансон (1963) е најзначајниот современ исландски писател и европски автор за кој насекаде се зборува, познат по својата оригинална способност да ги комбинира поезијата и прозата и создавајќи дела кои се длабоко лирични и емотивни. Досега има објавено тринаесет прозни дела, пет поетски збирки и пет преводи на исландски меѓу кои и едно дело на Чарлс Буковски. Во 2017 година, неговиот роман „Рибите немаат нозе“ бил номиниран за Меѓународната награда „Букер“, а четири пати бил номиниран за Литературната награда на нордискиот совет. Неговите дела се преведени на десетина јазици. На македонски јазик се преведени три негови романи: „Помеѓу рајот и пеколот“, „Солзите на ангелите“ и „Срцето на човекот“ и за нив има добиено повеќе награди. Стефансон доаѓа во Скопје после редица настани во различни делови на светот, меѓу кои и големиот Интернационален фестивал на книгата во Будимпешта каде што деновиве е главен почесен гостин.

Фестивалот за европска литература „BookStar“ почетокот на своето јубилејно, десетто издание, ќе го означи в понеделник на 30 септември, а ќе трае до 3 октомври. Настаните ќе се одвиваат во „Лабораториум“, како и на други локации: Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ и Europe House – Скопје.

Програмата на фестивалот опфаќа дваесетина настани: разговори со автори, промоции на книги, средби со студенти, панел-дискусии, книжевни читања, креативни работилници поткасти, музички концерти, изложба, стендап шоу, доделување на наградите „Драги“, како и втората фелоушип конвенција „Publishing Europe“. Влезот на сите книжевни настани е бесплатен.

Фестивалскиот слоган, кој секоја година креативно предизвикува на ангажман и размислување, е „Метаморфозис“ или „Преобразба“ и е инспириран од делата на Франц Кафка. Во негова чест ќе се одржи и специјален настан „Читајќи го и преведувајќи го Кафка“.

Преобразбите се еден од најисконските начини врз кои е осмислено човековото постоење. Преобразбите се местото каде што логиката ѝ отстапува место на фантазијата и никој не се буни за тоа. Во годината кога се навршуваат сто години од смртта на Кафка и во која фестивалот го слави својот прв јубилеј со нула на крајот, наоѓаме инспирација во делата што се доволно моќни да го претворат неможното во можно. Делата што ги надминуваат средините од кои потекнуваат. Тоа се дела што се поголеми од моментот и за кои книжевниот свет некогаш е претесен. А овие дела се напишани од автори што ја живеат литературата. И тие сега доаѓаат во Скопје за да доживеат THE METAMORPHOSIS! – велат организаторите.

Покрај писателите, дел од фестивалот ќе бидат и врвни претставници на издавачкиот сектор од Европа: Надеж Агило (Франција) – извршна директорка на издавачката куќа „Агило“ од Бордо; Тино Шленх (Австрија/Германија) – куратор за книжевната програма на „Културно лето“ – Виена; Џорџа Спадони (Италија) – преведувач и надворешен соработник за издавачката куќа „Ботега Еранте“ – Удине; Манол Пејков (Бугарија) – сопственик на издавачката куќа „Жанет 45“ – Пловдив и на Софиската книжевна агенција – Софија, како и преведувачот и универзитетски професор во Берлин, Бенјамин Лангер, инаку годинашен добитник на интернационалната награда „Драги“ за преводот на романот „Пиреј“ на Петре М. Андреевски од македонски на германски јазик.

Во рамки на фестивалот ќе биде соопштен и добитникот на наградата „Драги“ за најдобар превод на македонски јазик. Петте финалисти за 2024 година се Анастасија Ѓурчинова за преводот од италијански на „Интимен живот“ од Николо Аманити; Ѓоко Здравески за преводот од хрватски на „Тројца за картал“ од Миљенко Јерговиќ; Екатерина Бабамова за преводот од англиски на „Градот на победата“ од Салман Ружди; Елисавета Поповска за преводот од француски на „Девојчински спомени“ од Ани Ерно и Ирена Јурчева за преводот од англиски на „Силмарилион“ од Џ. Р. Р. Толкин.

Како и во текот на минатите, така и оваа година „BookStar“ ќе ја надгради соработката со сите чинители за подигнување на свесноста околу селекцијата на отпадот, но и активно учество на публиката во процесот на селекција, а исто така ќе ја продолжи својата мисија како прв книжевен фестивал кој понуди превод на дел од настаните на знаковен јазик. Меѓу другото, годинава ќе бидат испродуцирани и донирани и книги на Брајово писмо, со цел со личен пример да ја поддржиме трансформацијата на нашето општество во инклузивно.

Досега на „Букстар“ учествувале најголемите европски писатели: Славенка Дракулиќ, Наџат ел Хачми, Стефан Хертманс, Игор Штикс, Сјон, Миљенко Јерговиќ, Илја Леонард Фајфер, Јела Кречич Жижек, Михал Вивег, Слободан Шнајдер, Николо Аманити, Светлана Алексиевич, Саша Станишиќ, Евгениј Водолазкин, Ирса Сигурдардотир, Јуси Адлер-Олсен, Хокан Несер и многу други автори од речиси сите европски држави, како и неколку десетици македонски писатели.

Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и туризам на Република Македонија, книжевната мрежа Традуки, ЕУ со тебе (Eu with YOU), Амбасадaтa на Германија, издавачката куќа „Антолог“, а одделни настани и гостувања се реализирани и со поддршка на Амбасадите на Република Чешка и Италија, Културно–информативниот центар на Република Бугарија во Скопје, Италијанскиот институт за култура во Белград, Исландскиот книжевен центар и Институтот за соработка и јазик „Камоеш“.

Медиумски покровител на настанот е Македонската радио телевизија. Визуелниот идентитет е авторство на Маја Плачкоска, која го изработи и фестивалското видео.

The post Алесандро Барико и Јон Калман Стефансон- лауреати на „Букстар“ appeared first on Република.

]]>

Фестивалот „Букстар“ ја објави целосната програма за десетото издание и таа вклучува голем број атрактивни настани и импозантни авторски имиња од различни европски држави – Јон Калман Стефансон (Исланд), Алесандро Барико (Италија), Кристијан Новак (Хрватска), Здравка Евтимова (Бугарија), Жозе Луиш Пејшото (Португалија), Игор Маројевиќ (Србија), Паола Перети (Италија), Фарук Шехиќ (Босна и Херцеговина) и Мирженка Чехова (Чешка). Автор во фокусот од Македонија е Румена Бужаровска која ќе го прогласи фестивалот за отворен, но во програмата учествуваат уште четириесетина македонски писатели, универзитетски професори, критичари, музичари и друг вид претставници од издавачкиот и од културниот сектор. Поттикнати од јубилејот, годинава за првпат се доделува специјалната наградата „Букстар“ Х10 за исклучителни достигнувања во литературата на Алесандро Барико, со гаранција најпознатиот италијански писател, еден од омилените европски автори, интелектуалец кој стана глобална сензација и човек чие име е звучно како на рок-ѕвезда. Италијанскиот романсиер, сценарист, литературен и музички критичар, новинар, пијанист, режисер и есеист е роден во Торино во 1958 година. Добитник е на наградата „Вијареџо“ во 1993 година, како и на бројни други награди. Напишал четиринаесет романи, три есеи и голем број на сценарија. Речиси целото негово дело е преведено на македонски јазик и тоа вклучува голем број дела со култен статус – „Свила“, „Замоци на гневот“, „Новеченто“, „Океан Море“, „Мистер Гвин“, „Оваа приказна“, од кои дел се и екранизирани и поставени на театарските сцени. Многу значајна и опсежна е неговата работа на телевизија, во театар и на филм. Наградата BOOKSTAR“ Х10 ја добива за своето севкупно творештво.
 Говориме за автор што со секоја книга освојува некоја нова пишувачка територија и од крајот на 1990-тите години интересот за него не спласнува. Барико остана глас што и кога пишува различно од своите првични романи, повторно е свеж и иновативен. Тој е вечна метаморфоза на имагинацијата и на нејзините неисцрпни можности. Со оглед на тоа дека неговите патувања во странство веќе четири-пет години се сведени на минимум, Фестивалот „BookStar“ годинава ја има честа да реализира ексклузивно онлајн-учество на еден од најголемите автори на денешнината, повод заради кој наскоро ќе го објавиме и преводот од неговата најнова книга, „Авел“ – велат од „Антолог.
Вториот годинашен лауреат е Јон Калман Стефансон кој се закитува со традиционалната награда „BookStar“ 2024 за трилогијата „Помеѓу рајот и пеколот“. Стефансон (1963) е најзначајниот современ исландски писател и европски автор за кој насекаде се зборува, познат по својата оригинална способност да ги комбинира поезијата и прозата и создавајќи дела кои се длабоко лирични и емотивни. Досега има објавено тринаесет прозни дела, пет поетски збирки и пет преводи на исландски меѓу кои и едно дело на Чарлс Буковски. Во 2017 година, неговиот роман „Рибите немаат нозе“ бил номиниран за Меѓународната награда „Букер“, а четири пати бил номиниран за Литературната награда на нордискиот совет. Неговите дела се преведени на десетина јазици. На македонски јазик се преведени три негови романи: „Помеѓу рајот и пеколот“, „Солзите на ангелите“ и „Срцето на човекот“ и за нив има добиено повеќе награди. Стефансон доаѓа во Скопје после редица настани во различни делови на светот, меѓу кои и големиот Интернационален фестивал на книгата во Будимпешта каде што деновиве е главен почесен гостин. Фестивалот за европска литература „BookStar“ почетокот на своето јубилејно, десетто издание, ќе го означи в понеделник на 30 септември, а ќе трае до 3 октомври. Настаните ќе се одвиваат во „Лабораториум“, како и на други локации: Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ и Europe House – Скопје. Програмата на фестивалот опфаќа дваесетина настани: разговори со автори, промоции на книги, средби со студенти, панел-дискусии, книжевни читања, креативни работилници поткасти, музички концерти, изложба, стендап шоу, доделување на наградите „Драги“, како и втората фелоушип конвенција „Publishing Europe“. Влезот на сите книжевни настани е бесплатен. Фестивалскиот слоган, кој секоја година креативно предизвикува на ангажман и размислување, е „Метаморфозис“ или „Преобразба“ и е инспириран од делата на Франц Кафка. Во негова чест ќе се одржи и специјален настан „Читајќи го и преведувајќи го Кафка“.
Преобразбите се еден од најисконските начини врз кои е осмислено човековото постоење. Преобразбите се местото каде што логиката ѝ отстапува место на фантазијата и никој не се буни за тоа. Во годината кога се навршуваат сто години од смртта на Кафка и во која фестивалот го слави својот прв јубилеј со нула на крајот, наоѓаме инспирација во делата што се доволно моќни да го претворат неможното во можно. Делата што ги надминуваат средините од кои потекнуваат. Тоа се дела што се поголеми од моментот и за кои книжевниот свет некогаш е претесен. А овие дела се напишани од автори што ја живеат литературата. И тие сега доаѓаат во Скопје за да доживеат THE METAMORPHOSIS! – велат организаторите.
Покрај писателите, дел од фестивалот ќе бидат и врвни претставници на издавачкиот сектор од Европа: Надеж Агило (Франција) – извршна директорка на издавачката куќа „Агило“ од Бордо; Тино Шленх (Австрија/Германија) – куратор за книжевната програма на „Културно лето“ – Виена; Џорџа Спадони (Италија) – преведувач и надворешен соработник за издавачката куќа „Ботега Еранте“ – Удине; Манол Пејков (Бугарија) – сопственик на издавачката куќа „Жанет 45“ – Пловдив и на Софиската книжевна агенција – Софија, како и преведувачот и универзитетски професор во Берлин, Бенјамин Лангер, инаку годинашен добитник на интернационалната награда „Драги“ за преводот на романот „Пиреј“ на Петре М. Андреевски од македонски на германски јазик. Во рамки на фестивалот ќе биде соопштен и добитникот на наградата „Драги“ за најдобар превод на македонски јазик. Петте финалисти за 2024 година се Анастасија Ѓурчинова за преводот од италијански на „Интимен живот“ од Николо Аманити; Ѓоко Здравески за преводот од хрватски на „Тројца за картал“ од Миљенко Јерговиќ; Екатерина Бабамова за преводот од англиски на „Градот на победата“ од Салман Ружди; Елисавета Поповска за преводот од француски на „Девојчински спомени“ од Ани Ерно и Ирена Јурчева за преводот од англиски на „Силмарилион“ од Џ. Р. Р. Толкин. Како и во текот на минатите, така и оваа година „BookStar“ ќе ја надгради соработката со сите чинители за подигнување на свесноста околу селекцијата на отпадот, но и активно учество на публиката во процесот на селекција, а исто така ќе ја продолжи својата мисија како прв книжевен фестивал кој понуди превод на дел од настаните на знаковен јазик. Меѓу другото, годинава ќе бидат испродуцирани и донирани и книги на Брајово писмо, со цел со личен пример да ја поддржиме трансформацијата на нашето општество во инклузивно. Досега на „Букстар“ учествувале најголемите европски писатели: Славенка Дракулиќ, Наџат ел Хачми, Стефан Хертманс, Игор Штикс, Сјон, Миљенко Јерговиќ, Илја Леонард Фајфер, Јела Кречич Жижек, Михал Вивег, Слободан Шнајдер, Николо Аманити, Светлана Алексиевич, Саша Станишиќ, Евгениј Водолазкин, Ирса Сигурдардотир, Јуси Адлер-Олсен, Хокан Несер и многу други автори од речиси сите европски држави, како и неколку десетици македонски писатели. Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и туризам на Република Македонија, книжевната мрежа Традуки, ЕУ со тебе (Eu with YOU), Амбасадaтa на Германија, издавачката куќа „Антолог“, а одделни настани и гостувања се реализирани и со поддршка на Амбасадите на Република Чешка и Италија, Културно–информативниот центар на Република Бугарија во Скопје, Италијанскиот институт за култура во Белград, Исландскиот книжевен центар и Институтот за соработка и јазик „Камоеш“. Медиумски покровител на настанот е Македонската радио телевизија. Визуелниот идентитет е авторство на Маја Плачкоска, која го изработи и фестивалското видео.

The post Алесандро Барико и Јон Калман Стефансон- лауреати на „Букстар“ appeared first on Република.

]]>