Јон Еуген Гелштад Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jon-eugen-gelshtad/ За подобро да се разбереме Wed, 01 Jun 2022 11:16:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Јон Еуген Гелштад Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jon-eugen-gelshtad/ 32 32 Средба Ковачевски – Гелштад: Унапредување на соработката со Норвешка и поддршка за евроинтеграциите како геостратешки важни https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sredba-kovachevski-gelshtad-unapreduvanje-na-sorabotkata-so-norveshka-i-poddrshka-za-evrointegraciite-kako-geostrateshki-vazni/ Wed, 01 Jun 2022 11:16:49 +0000 https://republika.mk/?p=509729

Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски се сретна со Јон Еуген Гелштад, амбасадор на Норвешка за земјава.

На состанокот е разговарано за унапредување на соработката со Норвешка во областа на економијата, правосудството, одбраната - како држави партнери во НАТО.

Констатирано е дека пред светот и Европа се големи предизвици на планот на енергетиката и во прехранбениот сектор, поради војната во Украина.

На средбата е изразена поддршка за напредок на нашата држава во евроинтеграцискиот процес, како прашање од геостратешка важност за регионот и за Европа.

Премиерот Ковачевски соопшти дека тој и Владата се целосно посветени на поддршка на животниот стандард на граѓаните во државава и на развојна економија, дека земјата е определена кон негување на добрососедските односи исклучиво на база на принципиелност и на европските вредности, а дека надворешната политика поставена стопроцентно на линија на политиките на НАТО и на ЕУ.

Претседателот на Владата, Ковачевски, се заблагодари на амбасадорот Гелштад за искреното пријателство со Норвешка, како држава којашто го поддржа членството на Македонија во НАТО, којашто преку донации помага во реформските процеси во клучни области како што се правосудството, животната средина и одбраната и оцени дека е време да се унапредат трговските односи помеѓу двете земји.

Соопштено е дека во Македонија се гледаат потенцијали за инвестирање, при што е разговарано за можните области и начини на соработка.

The post Средба Ковачевски – Гелштад: Унапредување на соработката со Норвешка и поддршка за евроинтеграциите како геостратешки важни appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски се сретна со Јон Еуген Гелштад, амбасадор на Норвешка за земјава. На состанокот е разговарано за унапредување на соработката со Норвешка во областа на економијата, правосудството, одбраната - како држави партнери во НАТО. Констатирано е дека пред светот и Европа се големи предизвици на планот на енергетиката и во прехранбениот сектор, поради војната во Украина. На средбата е изразена поддршка за напредок на нашата држава во евроинтеграцискиот процес, како прашање од геостратешка важност за регионот и за Европа. Премиерот Ковачевски соопшти дека тој и Владата се целосно посветени на поддршка на животниот стандард на граѓаните во државава и на развојна економија, дека земјата е определена кон негување на добрососедските односи исклучиво на база на принципиелност и на европските вредности, а дека надворешната политика поставена стопроцентно на линија на политиките на НАТО и на ЕУ. Претседателот на Владата, Ковачевски, се заблагодари на амбасадорот Гелштад за искреното пријателство со Норвешка, како држава којашто го поддржа членството на Македонија во НАТО, којашто преку донации помага во реформските процеси во клучни области како што се правосудството, животната средина и одбраната и оцени дека е време да се унапредат трговските односи помеѓу двете земји. Соопштено е дека во Македонија се гледаат потенцијали за инвестирање, при што е разговарано за можните области и начини на соработка.

The post Средба Ковачевски – Гелштад: Унапредување на соработката со Норвешка и поддршка за евроинтеграциите како геостратешки важни appeared first on Република.

]]>