јоболка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jobolka/ За подобро да се разбереме Tue, 08 Feb 2022 13:58:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png јоболка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jobolka/ 32 32 Jаболкопроизводителите бараат продолжување на субвенционирање од три денари по килограм за продадено индустриско јаболко https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/jabolkoproizvoditelite-baraat-prodolzuvanje-na-subvencioniranje-od-tri-denari-po-kilogram-za-prodadeno-industrisko-jabolko/ Tue, 08 Feb 2022 13:58:45 +0000 https://republika.mk/?p=455752

Продолжување на интервентната мерка за субвенционирање од три денари по килограм за продадено индустриско јаболко до 30 јуни годинава, е едно од клучните барања на преспанските јаболкопроизводители, што ќе го изнесат на средбата со министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Мерката за субвенции за индустриското јаболко траеше до 16 декември минатата година, по што јаболкопроизводителите побараа нејзино продолжување поради големите количини непродадено индустриско, но и трпезно јаболко, кое може да заврши како индустриско.

Претседателот на здружението „Благој Котларски“, Љубе Пампулевски, ги повтори петте клучни барања на двете земјоделски здруженија и осумте земјоделски задруги од Преспа, кои ќе бидат изнесени пред ресорниот министер.

Имавме конктинуирано тешка сезона од самиот почеток. Домашните трговци ги откупуваат јаболката по многу ниска цена. Интервентната мерка од три денари по откупен килограм индустриско јаболко ќе ја зголеми цената за прва класа ајдарет на шест до осум денари. Производната цена на јаболкото е девет до 10 денари. Значи работиме со загуби - изјави Пампулевски.

Според него, на јаболкопроизводителите им е потребна и бараната финансиска помош од 100.000 денари по хектар за јаболкови насади и заштита на домашното производство, како и исплатата на штети од невремето со град што во неколку наврати го зафати Преспанскиот регион во 2021 година, но и заостанатите исплати од 2016 и 2018, како и за мал дел од 2017 година.

Ќе побараме и информација околу изградбата на откупно-дистрибутивен центар на територија на општина Ресен, еден од трите што треба да се градат во државата со средства од Светска банка. Потребата на ваков објект во Преспа е преголема - додаде Пампулевски.

Преспанските јаболкопроизводители, кои деновиве килограм јаболко од сортата ајдарет го продаваат по цена од четири до шест денари, се оптимисти од најавената средба со ресорниот министер и очекуваат прифаќање на нивните барања.

The post Jаболкопроизводителите бараат продолжување на субвенционирање од три денари по килограм за продадено индустриско јаболко appeared first on Република.

]]>

Продолжување на интервентната мерка за субвенционирање од три денари по килограм за продадено индустриско јаболко до 30 јуни годинава, е едно од клучните барања на преспанските јаболкопроизводители, што ќе го изнесат на средбата со министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. Мерката за субвенции за индустриското јаболко траеше до 16 декември минатата година, по што јаболкопроизводителите побараа нејзино продолжување поради големите количини непродадено индустриско, но и трпезно јаболко, кое може да заврши како индустриско. Претседателот на здружението „Благој Котларски“, Љубе Пампулевски, ги повтори петте клучни барања на двете земјоделски здруженија и осумте земјоделски задруги од Преспа, кои ќе бидат изнесени пред ресорниот министер.