Јоанис Балтозис Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/joanis-baltozis/ За подобро да се разбереме Sat, 19 Mar 2022 18:41:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Јоанис Балтозис Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/joanis-baltozis/ 32 32 Грчки генерал анализира: Русите зазедоа една третина од територијата на Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/grchki-general-analizira-rusite-zazedoa-edna-tretina-od-teritorijata-na-ukraina/ Sat, 19 Mar 2022 18:41:39 +0000 https://republika.mk/?p=475473

Грчкиот генерал-полковник, Јоанис Балтозис, оценува дека Русите освоиле 33 отсто од територијата на Украина во досегашниот тек на воената операција.

Балтозис за грчката државна телевизија ЕРТ изјави дека загубите на украинските и руските сили во жива сила и воена опрема се три спрема еден.

Сепак, украинскиот отпор е голем, а одбраната на градовите е навистина импресивна - вели генералот.

Балтозис се осврнува на загубата од 10 отсто на руските сили, велејќи дека, стратешки гледано, кога тоа ќе се случи, единицата треба да се повлече и да се замени со друга.

Прикажувајќи го распоредувањето на воените сили на двете земји на мапа, грчкиот офицер објаснува дека руските сили постигнале значајни победи на бојното поле, како и дека сè уште не одлучиле што да прават со Одеса, за која оцени дека ја држат под опсада со својата морнарица.

Русите во Мариупол носат Чеченци, кои се безмилосни борци и ќе треба да го „исчистат“ градското ткиво доколку сакаат да го заземат - вели генералот и додава дека „Русите користат тактика на воена опсада и изморување на населението и борците во тој град.

Балтозис истакнува дека се уште не е јасно како би можел да се развие воениот конфликт, со оглед на силниот отпор на Украинците и воената супериорност на Русите.

Она што е сигурно е дека војната во Украина ќе трае долго, на што укажува и фактот што не се забележува значителен напредок во преговорите - вели генералот Балтозис.

The post Грчки генерал анализира: Русите зазедоа една третина од територијата на Украина appeared first on Република.

]]>

Грчкиот генерал-полковник, Јоанис Балтозис, оценува дека Русите освоиле 33 отсто од територијата на Украина во досегашниот тек на воената операција. Балтозис за грчката државна телевизија ЕРТ изјави дека загубите на украинските и руските сили во жива сила и воена опрема се три спрема еден.
Сепак, украинскиот отпор е голем, а одбраната на градовите е навистина импресивна - вели генералот.
Балтозис се осврнува на загубата од 10 отсто на руските сили, велејќи дека, стратешки гледано, кога тоа ќе се случи, единицата треба да се повлече и да се замени со друга. Прикажувајќи го распоредувањето на воените сили на двете земји на мапа, грчкиот офицер објаснува дека руските сили постигнале значајни победи на бојното поле, како и дека сè уште не одлучиле што да прават со Одеса, за која оцени дека ја држат под опсада со својата морнарица.