Јоаким Крчовски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/joakim-krchovski/ За подобро да се разбереме Sun, 22 May 2022 12:08:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Јоаким Крчовски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/joakim-krchovski/ 32 32 Извршена канонизација на преподобниот игумен Јоаким Крчовски, од денес неговите мошти се свети https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/izvrshena-kanonizacija-na-prepodobniot-igumen-joakim-krchovski-od-denes-negovite-moshti-se-sveti/ Sun, 22 May 2022 13:45:46 +0000 https://republika.mk/?p=505492

Со света божествена литургија со која чиноначалствуваше поглаварот на Македонската Православна црква-Охридска архиепископија неговото блаженство г.г. Стефан, во сослужение со митрополитот Кумановско-Осоговски, г.Григориј, во божјиот храм на манастирот св.Јоаким Осоговски денеска се изврши вбројување во диптихот на светите на Свети Јоаким Крчовски.

Ова е историски ден и голема радост за сите кривопаланчани, но и за сите Македонци, а на литургијата присуствуваа и градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски кој потекнува од Крива Паланка, како и голем број верници од градот и околината.

Преподобниот игумен Јоаким Крчовски се вброи во редот на светите откако Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија вонредна седница, на 10 мај 2022, донесе одлука за канонизација на преподобниот игумен Јоаким Крчовски, внимателно изучувувајќи го неговиот животен пат и пастирскиот подвиг, како и чудата што се случуваат по неговите молитви.

Чесните останки на преподобниот игумен Јоаким Крчовски од денес се сметаат како свети мошти и ќе им се оддава достојна почит.

– Овој чин сите нас кривопаланчани не направи особено горди, а одлуката е исклучително значајна и за градот. Ова е радосен ден и ден на кој се гордееме сите. Веќе на утрешната седница на Советот на Општина Крива Паланка е предлог- одлуката за прогласување за неработен ден 23 мај, денот кога Македонската Православна црква ќе го слави овој светец.Истовремено, ќе се донесе одлука за преименување на основното општинско училиште Јоаким Крчовски, во св.Јоаким Крчовски.Се радуваме на овој светол ден што добивме уште еден светител, заштитник, напиша градоначалникот Митовски на својот фејсбук профил.

Според предлогот на МПЦ-ОА, свети Јоаким Крчовски ќе се прославува на 23 мај.

The post Извршена канонизација на преподобниот игумен Јоаким Крчовски, од денес неговите мошти се свети appeared first on Република.

]]>

Со света божествена литургија со која чиноначалствуваше поглаварот на Македонската Православна црква-Охридска архиепископија неговото блаженство г.г. Стефан, во сослужение со митрополитот Кумановско-Осоговски, г.Григориј, во божјиот храм на манастирот св.Јоаким Осоговски денеска се изврши вбројување во диптихот на светите на Свети Јоаким Крчовски. Ова е историски ден и голема радост за сите кривопаланчани, но и за сите Македонци, а на литургијата присуствуваа и градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски кој потекнува од Крива Паланка, како и голем број верници од градот и околината.
Преподобниот игумен Јоаким Крчовски се вброи во редот на светите откако Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија вонредна седница, на 10 мај 2022, донесе одлука за канонизација на преподобниот игумен Јоаким Крчовски, внимателно изучувувајќи го неговиот животен пат и пастирскиот подвиг, како и чудата што се случуваат по неговите молитви. Чесните останки на преподобниот игумен Јоаким Крчовски од денес се сметаат како свети мошти и ќе им се оддава достојна почит. – Овој чин сите нас кривопаланчани не направи особено горди, а одлуката е исклучително значајна и за градот. Ова е радосен ден и ден на кој се гордееме сите. Веќе на утрешната седница на Советот на Општина Крива Паланка е предлог- одлуката за прогласување за неработен ден 23 мај, денот кога Македонската Православна црква ќе го слави овој светец.Истовремено, ќе се донесе одлука за преименување на основното општинско училиште Јоаким Крчовски, во св.Јоаким Крчовски.Се радуваме на овој светол ден што добивме уште еден светител, заштитник, напиша градоначалникот Митовски на својот фејсбук профил. Според предлогот на МПЦ-ОА, свети Јоаким Крчовски ќе се прославува на 23 мај.

The post Извршена канонизација на преподобниот игумен Јоаким Крчовски, од денес неговите мошти се свети appeared first on Република.

]]>
Игуменот Јоаким Крчовски ќе биде прогласен за светец https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/igumenot-joakim-krchovski-kje-bide-proglasen-za-svetec/ Sun, 22 May 2022 07:33:06 +0000 https://republika.mk/?p=505371

На иницијатива на Кумановско-Осоговската епархија денеска во манастирскиот комплекс „Св.Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка ќе се изврши канонизација на игуменот Јоаким Крчовски за светец.

Со канонизацијата, Свети праведен Јоаким Крчовски, учител и просветител ќе се вброи во диптихот на светите.

Според информациите од Кумановско-Осоговската епархија, во 7:30 часот ќе се одржи воскресна утрена богослужба, а во 9 часот е закажана светата божествена литургија и вбројување во диптихот на светите на Свети Јоаким Крчовски.

Вчера со почеток во 18 часот беше отслужена воскресна вечерна богослужба со парастос за блаженоупокоениот игумен Јоаким Крчовски.

Светиот архиерејски синод на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија на својата вонредна седница одржана на 10 мај разгледувајќи го предлогот на комисијата за канионизација за канионизирање на светител во лицето на преподобниот игумен Јоаким Крчовски 1820, внимателно изучувувајќи го животниот пат и пастирскиот подвиг, како и чудата што се случуваат по неговите молитви ја донесе одлуката преподобниот игумен Јоаким Крчовски да го вброи во редот на светите.

Чесните останки на преподобниот игумен Јоаким Крчовски да се сметаат како свети мошти и да им се оддава достојно почитување.

– Во православната црква светителите ги почитувуваме како Христови пријатели, како Божји чеда и наследници. Нивниот праведен живот овозможува тие да бидат наши застапници пред Бога, да се молат за нас и да посредуваат пред Бога за нас. Спрегата што ја постигнал и самиот игумен, Јоаким Крчовски, се опишува преку мислата дека знаењето без подвиг е филозофирање, а подвигот без знаење е идолопоклонство. Јоаким Крчовски и живеел, и проповедал, и учителствувал, и провестувал, и богослужел и бил богоугоден подвижник на самиот премин меѓу 18. и 19. век, а споменот и славата на неговиот свет живот општонародно се почитува и денес. Меѓу другото, тој е автор на првата книга отпечатена на народен македонски јазик во 1814 година. Книгите на Јоаким Крчовски се пишувани на разбирлив јазик за секој христијанин и затоа имале верна улога во верското и во моралното просветување, рече митрополитот Кумановско-Осоговски Григориј во обраќањето во пресрет на канонизацијата.

Како датум за прославување на ликот и делото на Крчовски, Синодот го предлага 23 мај.

The post Игуменот Јоаким Крчовски ќе биде прогласен за светец appeared first on Република.

]]>

На иницијатива на Кумановско-Осоговската епархија денеска во манастирскиот комплекс „Св.Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка ќе се изврши канонизација на игуменот Јоаким Крчовски за светец. Со канонизацијата, Свети праведен Јоаким Крчовски, учител и просветител ќе се вброи во диптихот на светите. Според информациите од Кумановско-Осоговската епархија, во 7:30 часот ќе се одржи воскресна утрена богослужба, а во 9 часот е закажана светата божествена литургија и вбројување во диптихот на светите на Свети Јоаким Крчовски. Вчера со почеток во 18 часот беше отслужена воскресна вечерна богослужба со парастос за блаженоупокоениот игумен Јоаким Крчовски. Светиот архиерејски синод на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија на својата вонредна седница одржана на 10 мај разгледувајќи го предлогот на комисијата за канионизација за канионизирање на светител во лицето на преподобниот игумен Јоаким Крчовски 1820, внимателно изучувувајќи го животниот пат и пастирскиот подвиг, како и чудата што се случуваат по неговите молитви ја донесе одлуката преподобниот игумен Јоаким Крчовски да го вброи во редот на светите. Чесните останки на преподобниот игумен Јоаким Крчовски да се сметаат како свети мошти и да им се оддава достојно почитување.
– Во православната црква светителите ги почитувуваме како Христови пријатели, како Божји чеда и наследници. Нивниот праведен живот овозможува тие да бидат наши застапници пред Бога, да се молат за нас и да посредуваат пред Бога за нас. Спрегата што ја постигнал и самиот игумен, Јоаким Крчовски, се опишува преку мислата дека знаењето без подвиг е филозофирање, а подвигот без знаење е идолопоклонство. Јоаким Крчовски и живеел, и проповедал, и учителствувал, и провестувал, и богослужел и бил богоугоден подвижник на самиот премин меѓу 18. и 19. век, а споменот и славата на неговиот свет живот општонародно се почитува и денес. Меѓу другото, тој е автор на првата книга отпечатена на народен македонски јазик во 1814 година. Книгите на Јоаким Крчовски се пишувани на разбирлив јазик за секој христијанин и затоа имале верна улога во верското и во моралното просветување, рече митрополитот Кумановско-Осоговски Григориј во обраќањето во пресрет на канонизацијата.
Како датум за прославување на ликот и делото на Крчовски, Синодот го предлага 23 мај.

The post Игуменот Јоаким Крчовски ќе биде прогласен за светец appeared first on Република.

]]>
Крчовски и Пејчиновиќ се бугарски просветители, Скопје ни ја краде историјата, тврди бугарски историчар https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/krchovski-i-pejchinovikj-se-bugarski-prosvetiteli-skopje-ni-ja-krade-istorijata-tvrdi-bugarski-istorichar/ Sat, 07 May 2022 18:35:42 +0000 https://republika.mk/?p=499218

„Македонизацијата“ на Јоаким Крчовски и Кирил Пејчиновиќ е антиисториско и не одговара на вистината, вели бугарскиот историчар Пламен Павлов.

Во интервју за БГНЕС, Павлов вели дека самиот Крчовски велел дека пишувал на наједноставен бугарски јазик за да им биде поразбирлив на луѓето, бегајќи од т.н. стара бугарска норма.

Целото негово творештво и целиот негов живот покажува дека се работи за бугарски просветител. Самиот Осоговски манастир, пак, секогаш бил центар на бугарската духовност не само во регионот на Крива Паланка, туку и во целиот регион на Ќустендил, изјавил Павлов.

Според него, „ова не е прв ваков случај на кражба“. Павлов потсетува дека пред неколку години МПЦ го канонизираше монахот Кирил Пејчиновиќ, а сега, според него, ист е случајот со Јоаким Крчовски. И двајцата биле бугарски преродбеници, слични на епископот Софрониј Врачански. Разликата, додава, е што Крчовски и Пејчиновиќ ја „надминале“ територијата на денешна Македонија и „зафатиле“ и други бугарски земји во западните бугарски територии.

За Павлов, ова е доказ дека во Македонската православна црква преовладуваат сили кои се против дијалогот со Бугарската православна црква и особено со Бугарија.

Тој ги повикува Бугарија и БПЦ да реагираат на ваквите „кражби на историјата“ и додава дека БПЦ „не треба да го остава нивното културно и духовно наследство во туѓи раце“.

Во овој случај во рацете на МПЦ која дејствува како туѓа црква. Всушност, се работи за две цркви – БПЦ и МПЦ, кои се наследнички на иста црква – Црквата на Првото бугарско кралство. Бугарската патријаршија има категоричен став дека е наследник на бугарската средновековна црква на целата нејзина етничка територија и дека е наследник и на Бугарската егзархија. Во исто време, гледаме дека ги остава личностите како Пејчиновиќ и Крчовски, кои се нашиот духовен капитал, на туѓи институции, вели професорот Павлов.

The post Крчовски и Пејчиновиќ се бугарски просветители, Скопје ни ја краде историјата, тврди бугарски историчар appeared first on Република.

]]>

„Македонизацијата“ на Јоаким Крчовски и Кирил Пејчиновиќ е антиисториско и не одговара на вистината, вели бугарскиот историчар Пламен Павлов. Во интервју за БГНЕС, Павлов вели дека самиот Крчовски велел дека пишувал на наједноставен бугарски јазик за да им биде поразбирлив на луѓето, бегајќи од т.н. стара бугарска норма.
Целото негово творештво и целиот негов живот покажува дека се работи за бугарски просветител. Самиот Осоговски манастир, пак, секогаш бил центар на бугарската духовност не само во регионот на Крива Паланка, туку и во целиот регион на Ќустендил, изјавил Павлов.
Според него, „ова не е прв ваков случај на кражба“. Павлов потсетува дека пред неколку години МПЦ го канонизираше монахот Кирил Пејчиновиќ, а сега, според него, ист е случајот со Јоаким Крчовски. И двајцата биле бугарски преродбеници, слични на епископот Софрониј Врачански. Разликата, додава, е што Крчовски и Пејчиновиќ ја „надминале“ територијата на денешна Македонија и „зафатиле“ и други бугарски земји во западните бугарски територии. За Павлов, ова е доказ дека во Македонската православна црква преовладуваат сили кои се против дијалогот со Бугарската православна црква и особено со Бугарија. Тој ги повикува Бугарија и БПЦ да реагираат на ваквите „кражби на историјата“ и додава дека БПЦ „не треба да го остава нивното културно и духовно наследство во туѓи раце“.