JO Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jo/ За подобро да се разбереме Mon, 26 Aug 2024 11:46:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png JO Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jo/ 32 32 Мицкоски за злоупотребата на народните пари: Ова е само почеток, ќе обелодениме сѐ што се правело изминатите 7 години, а ЈО да реагира и да испита https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-za-zloupotrebata-na-narodnite-pari-ova-e-samo-pochetok-ke-obelodenime-s-shto-se-pravelo-izminatite-7-godini-a-jo-da-reagira-i-da-ispita/ Mon, 26 Aug 2024 11:46:13 +0000 https://republika.mk/?p=810268

Па не само за овој случај. Јас реков дека од есен ќе сведочиме за тоа што се случувало изминатите 7 години, за многу работи, не само за ова, ова е само почеток, рече Христијан Мицкоски Претседател на Владата на Република Македонија одговарајќи на новинарско прашање дали очекува ЈО да покрене истрага за злоупотребите на поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

Премиерот Мицкоски додаде дека за многу брзо граѓаните ќе дознаат за сите злоупотреби од претходната власт изминатите 7 години.

Ќе има многу луѓе кои што денеска гледаме се силни позади говорницата во Парламентот и во прашална форма поставуваат прашања од партиска говорница. Но, ќе видиме сега како ќе изгледа сето тоа кога ЈО и истражните органи ќе треба да се позанимаваат со сите оние злоупотреби што се случуваа изминатите 7 години, дециден е Мицкоски.

The post Мицкоски за злоупотребата на народните пари: Ова е само почеток, ќе обелодениме сѐ што се правело изминатите 7 години, а ЈО да реагира и да испита appeared first on Република.

]]>

Лефков: Колку криминал не е санкциониран заради Наќе Георгиев кој сега признал дека земал поткуп од 10.000 евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/lefkov-kolku-kriminal-ne-e-sanktsioniran-zaradi-nake-georgiev-koj-sega-priznal-deka-zemal-potkup-od-10-000-evra/ Thu, 15 Aug 2024 10:29:42 +0000 https://republika.mk/?p=806805

Правдата доаѓа. Потврден е поткуп во случајот со Врховниот судија и поранешен член на судскиот совет Наќе Георгиев од Струмица, близок човек на Зоран Заев, менторот на Венко Филипче, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

https://www.youtube.com/watch?v=oVWThJ87GOk&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fopserver.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE

„Наќе Георгиев преку спогодба со Јавен обвинител признал дека направил криминал. Георгиев признал дека земал поткуп од 10.000 евра за да издејствува поблага затворска казна за Боро Марлборо.

Признание дека Наќе Георгиев ги земал парите како награда за поблагата казна изречена на Боро Марлборо, покрај самиот тој, дал и Иџет Мемети, потпретседател на Советот на јавни обвинители. Тие заедно како што кажал Мемети помогнале Боро Марлборо да добие поблага казна.

Наќе Георгиев и Иџет Мемети се пример за корумпираното судство и обвинителство на СДС и ДУИ.

Наќе Георгиев и Иџет Мемети се пример зошто судството и обвинителството имаат 2% доверба кај народот.

Наќе Георгиев е човек од најголема доверба на Заев и Филипче. Тој експресно напредува со власта на СДС, и од судија станува судија во Врховниот суд и член на Судскиот совет.

Корумпираниот Георгиев со години одлучувал и делел правда, бирал судии, унапредувал или казнувал.

Какви кадри извадил Наќе Георгиев, но и колку пресуди ублажил или спречил со земање мито? Колку криминал не е санкциониран заради Наќе Георгиев?

Последиците кои СДС ги остави се трајни, но одговорност за сите ќе има“, рече Лефков.

The post Лефков: Колку криминал не е санкциониран заради Наќе Георгиев кој сега признал дека земал поткуп од 10.000 евра appeared first on Република.

]]>

Правдата доаѓа. Потврден е поткуп во случајот со Врховниот судија и поранешен член на судскиот совет Наќе Георгиев од Струмица, близок човек на Зоран Заев, менторот на Венко Филипче, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков. https://www.youtube.com/watch?v=oVWThJ87GOk&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fopserver.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE „Наќе Георгиев преку спогодба со Јавен обвинител признал дека направил криминал. Георгиев признал дека земал поткуп од 10.000 евра за да издејствува поблага затворска казна за Боро Марлборо. Признание дека Наќе Георгиев ги земал парите како награда за поблагата казна изречена на Боро Марлборо, покрај самиот тој, дал и Иџет Мемети, потпретседател на Советот на јавни обвинители. Тие заедно како што кажал Мемети помогнале Боро Марлборо да добие поблага казна. Наќе Георгиев и Иџет Мемети се пример за корумпираното судство и обвинителство на СДС и ДУИ. Наќе Георгиев и Иџет Мемети се пример зошто судството и обвинителството имаат 2% доверба кај народот. Наќе Георгиев е човек од најголема доверба на Заев и Филипче. Тој експресно напредува со власта на СДС, и од судија станува судија во Врховниот суд и член на Судскиот совет. Корумпираниот Георгиев со години одлучувал и делел правда, бирал судии, унапредувал или казнувал. Какви кадри извадил Наќе Георгиев, но и колку пресуди ублажил или спречил со земање мито? Колку криминал не е санкциониран заради Наќе Георгиев? Последиците кои СДС ги остави се трајни, но одговорност за сите ќе има“, рече Лефков.  

The post Лефков: Колку криминал не е санкциониран заради Наќе Георгиев кој сега признал дека земал поткуп од 10.000 евра appeared first on Република.

]]>
ЈО: Од утрово нема пријавени инциденти за гласањето https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/jo-od-utrovo-nema-prijaveni-intsidenti-za-glasaneto/ Wed, 08 May 2024 11:37:05 +0000 https://republika.mk/?p=775476

Согласно информациите добиени од јавните обвинителства низ целата држава, денешниот изборен ден на кој се гласа во Парламентарните и во вториот круг од изборите за Претседател на Република Македонија до овој момент поминува генерално мирно и без поголеми нарушувања на изборниот процес. Од почетокот на гласањето утрово, до јавните обвинителства и на посебната електронска адреса izbori@jorm.mk не се пријавени инциденти или неправилности на гласачките места кои би имале елементи на кривично дело - изјави јавниот обвинител Џељаљ Бајрами, претседател на Комисијата на ЈОРСМ за следење на евентуални кривични дела поврзани со изборите.

По поднесена пријава во ОЈО Велес со сомненија за изборен поткуп и пронајдено оружје и муниција бил оформен предмет во ОЈО Велес за две лица.

За едното лице веќе има итна постапка со предлог за притвор за поголемо количество оружје и муниција кои беа пронајдени кај него. За второто лице предметот ќе оди во редовна постапка, а во исто време, ОЈО Велес веќе презема дејствија за проверка на наводите кои се однесуваат на изборен поткуп.

Исто така, известувања за сомненија за поткуп на гласачи беа примени и во Охрид и во Крива Паланка, меѓутоа до овој момент за овие настани не е поднесена кривична пријава до надлежните обвинителства. Доколку биде поднесена пријава, обвинителствата веднаш ќе преземат дејствија на проверки.

И понатаму до овој момент станува збор за мал број настани кои би можеле евентуално да имаат обележја на кривично дело, па може да се даде една генерална оценка дека целиот изборен процес до овој момент поминува без поголеми нарушувања од аспект на јавнообвинителското постапување, додаде обвинителот Бајрами.

Привремената Комисија на Јавното обвинителство за следење евентуални изборни нерегуларности и денеска продолжува да го следи целиот тек на изборниот процес, а нашата електронска адреса izbori@jorm.mk останува отворена за сите евентуални пријави на сомненија за кривично дело кое би можело да го наруши текот на изборите. И денеска се организирани вонредни дежурства во сите основни јавни обвинителства, а тесно се координираме и со останатите институции надлежни за следење на изборниот процес.

Сите евентуални сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани, а предметите ќе имаат приоритет на постапување во јавните обвинителства - истакна јавниот обвинител Бајрами во изјава за медиумите

The post ЈО: Од утрово нема пријавени инциденти за гласањето appeared first on Република.

]]>

Согласно информациите добиени од јавните обвинителства низ целата држава, денешниот изборен ден на кој се гласа во Парламентарните и во вториот круг од изборите за Претседател на Република Македонија до овој момент поминува генерално мирно и без поголеми нарушувања на изборниот процес. Од почетокот на гласањето утрово, до јавните обвинителства и на посебната електронска адреса izbori@jorm.mk не се пријавени инциденти или неправилности на гласачките места кои би имале елементи на кривично дело - изјави јавниот обвинител Џељаљ Бајрами, претседател на Комисијата на ЈОРСМ за следење на евентуални кривични дела поврзани со изборите.
По поднесена пријава во ОЈО Велес со сомненија за изборен поткуп и пронајдено оружје и муниција бил оформен предмет во ОЈО Велес за две лица. За едното лице веќе има итна постапка со предлог за притвор за поголемо количество оружје и муниција кои беа пронајдени кај него. За второто лице предметот ќе оди во редовна постапка, а во исто време, ОЈО Велес веќе презема дејствија за проверка на наводите кои се однесуваат на изборен поткуп. Исто така, известувања за сомненија за поткуп на гласачи беа примени и во Охрид и во Крива Паланка, меѓутоа до овој момент за овие настани не е поднесена кривична пријава до надлежните обвинителства. Доколку биде поднесена пријава, обвинителствата веднаш ќе преземат дејствија на проверки. И понатаму до овој момент станува збор за мал број настани кои би можеле евентуално да имаат обележја на кривично дело, па може да се даде една генерална оценка дека целиот изборен процес до овој момент поминува без поголеми нарушувања од аспект на јавнообвинителското постапување, додаде обвинителот Бајрами. Привремената Комисија на Јавното обвинителство за следење евентуални изборни нерегуларности и денеска продолжува да го следи целиот тек на изборниот процес, а нашата електронска адреса izbori@jorm.mk останува отворена за сите евентуални пријави на сомненија за кривично дело кое би можело да го наруши текот на изборите. И денеска се организирани вонредни дежурства во сите основни јавни обвинителства, а тесно се координираме и со останатите институции надлежни за следење на изборниот процес. Сите евентуални сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани, а предметите ќе имаат приоритет на постапување во јавните обвинителства - истакна јавниот обвинител Бајрами во изјава за медиумите

The post ЈО: Од утрово нема пријавени инциденти за гласањето appeared first on Република.

]]>
JO: Предложен притвор за давање поткуп на „Блаце“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/jo-predlozhen-pritvor-za-davane-potkup-na-blatse/ Fri, 08 Mar 2024 10:33:33 +0000 https://republika.mk/?p=752593

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска до судијата на претходна постапка од скопскиот Основниот кривичен суд, доставил предлог за определување мерка притвор против 45-годишен државјанин на Косово, осомничен за кривично дело - „давање поткуп“ по член 358 став 1 од Кривичниот законик.

Вчера на граничниот премин „Долно Блаце“, осомничениот му дал 50 евра на полициски службеник за тој да изврши службено дејствие, што не смеел да го изврши. Откако, претходно, возач на автобус со косовски национални ознаки, бил одбиен за влез во државава бидејќи немал соодветен сертификат за професионален возач на автобус, осомничениот дошол на граничниот премин, се претставил како сопственик на превозната компанија и побарал да разговара со сменоводителот. Кога влегол во канцеларијата на сменоводителот, на неговото биро оставил банкнота од 50 евра, за да им овозможи влез на возачот и автобусот во државава, соопштуваат од Обвинителство.

Осомничениот веднаш бил лишен од слобода, а бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, можност тој да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и евентуалните соучесници, како и да го повтори кривичното дело, јавниот обвинител му предложил на Судот да определи притворска мерка, со цел да го обезбеди неговото присуство во текот на постапката.

The post JO: Предложен притвор за давање поткуп на „Блаце“ appeared first on Република.

]]>

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска до судијата на претходна постапка од скопскиот Основниот кривичен суд, доставил предлог за определување мерка притвор против 45-годишен државјанин на Косово, осомничен за кривично дело - „давање поткуп“ по член 358 став 1 од Кривичниот законик. Вчера на граничниот премин „Долно Блаце“, осомничениот му дал 50 евра на полициски службеник за тој да изврши службено дејствие, што не смеел да го изврши. Откако, претходно, возач на автобус со косовски национални ознаки, бил одбиен за влез во државава бидејќи немал соодветен сертификат за професионален возач на автобус, осомничениот дошол на граничниот премин, се претставил како сопственик на превозната компанија и побарал да разговара со сменоводителот. Кога влегол во канцеларијата на сменоводителот, на неговото биро оставил банкнота од 50 евра, за да им овозможи влез на возачот и автобусот во државава, соопштуваат од Обвинителство. Осомничениот веднаш бил лишен од слобода, а бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, можност тој да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и евентуалните соучесници, како и да го повтори кривичното дело, јавниот обвинител му предложил на Судот да определи притворска мерка, со цел да го обезбеди неговото присуство во текот на постапката.

The post JO: Предложен притвор за давање поткуп на „Блаце“ appeared first on Република.

]]>
Власта во заминување во очај и паника дава 46 милиони евра на омилената фирма Марковски, ЈО веднаш да отвори истрага https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vlasta-vo-zaminuvane-vo-ochaj-i-panika-dava-46-milioni-evra-na-omilenata-firma-markovski-jo-vednash-da-otvori-istraga/ Tue, 20 Feb 2024 15:07:18 +0000 https://republika.mk/?p=745946

46 милиони евра одат во џебот на фирмата Марковски за ископ на јаглен во РЕК Битола, која важи за блиска до владата на СДС и ДУИ. Тендер од 46 милиони евра власта му дава на Борче Марковски, сопственик на фирмата Марковски која е позната во јавноста како рекорден по добиени тендери, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Тендерот во вредност од 46 милиони евра е за ископ на јаглен во РЕК Битола, помеѓу Електростопанство на Македонија односно Електрани на Македонија, подружница РЕК Битола и фирмата Марковски.

Власта во заминување во очај, страв и паника од изборниот пораз на 2 месеца пред избори ги краде парите на граѓаните.

Спорно е тоа што наместо да биде одбрана најевтината понуда која била од 100 денари по гига џул, тендерот го зела компанијата Марковски со највисока понуда од 129.7 денари по гига џул или за дури 30 проценти повеќе од најниската понуда.

Овде има сериозни индиции за огромен криминал. И токму затоа го повикуваме ЈО веднаш да постапи по допрен глас, да отвори истрага и да испита каде ќе завршат овие пари?

Дополнително ЈО треба да се испита и одговори како 6те лица Пеце Матевски, директор на подружницата РЕК Битола, Златко Алексовски, Драги Крстев, Владо Котевски, Димитар Петковски и Васко Јосифовски кои првично биле против против овој тендер, потоа дале согласност?

СДС и ДУИ се удавени до гуша во криминал.

Владата на СДС и ДУИ тотално ја криминализираа и уништија државата.

Доколку ЈО не се одважи да го испита овој криминал, им порачуваме дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе го испита целиот случај и сите вмешани соодветно ќе одговараат.

Нема ден да помине со владата на СДС и ДУИ без да се случи некој скандал, афера или криминал.

Со СДС и ДУИ никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме, додаваат од партијата.

The post Власта во заминување во очај и паника дава 46 милиони евра на омилената фирма Марковски, ЈО веднаш да отвори истрага appeared first on Република.

]]>

46 милиони евра одат во џебот на фирмата Марковски за ископ на јаглен во РЕК Битола, која важи за блиска до владата на СДС и ДУИ. Тендер од 46 милиони евра власта му дава на Борче Марковски, сопственик на фирмата Марковски која е позната во јавноста како рекорден по добиени тендери, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Тендерот во вредност од 46 милиони евра е за ископ на јаглен во РЕК Битола, помеѓу Електростопанство на Македонија односно Електрани на Македонија, подружница РЕК Битола и фирмата Марковски. Власта во заминување во очај, страв и паника од изборниот пораз на 2 месеца пред избори ги краде парите на граѓаните. Спорно е тоа што наместо да биде одбрана најевтината понуда која била од 100 денари по гига џул, тендерот го зела компанијата Марковски со највисока понуда од 129.7 денари по гига џул или за дури 30 проценти повеќе од најниската понуда. Овде има сериозни индиции за огромен криминал. И токму затоа го повикуваме ЈО веднаш да постапи по допрен глас, да отвори истрага и да испита каде ќе завршат овие пари? Дополнително ЈО треба да се испита и одговори како 6те лица Пеце Матевски, директор на подружницата РЕК Битола, Златко Алексовски, Драги Крстев, Владо Котевски, Димитар Петковски и Васко Јосифовски кои првично биле против против овој тендер, потоа дале согласност? СДС и ДУИ се удавени до гуша во криминал. Владата на СДС и ДУИ тотално ја криминализираа и уништија државата. Доколку ЈО не се одважи да го испита овој криминал, им порачуваме дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе го испита целиот случај и сите вмешани соодветно ќе одговараат. Нема ден да помине со владата на СДС и ДУИ без да се случи некој скандал, афера или криминал. Со СДС и ДУИ никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме, додаваат од партијата.

The post Власта во заминување во очај и паника дава 46 милиони евра на омилената фирма Марковски, ЈО веднаш да отвори истрага appeared first on Република.

]]>
Обвинителството отвори маил адреса каде може да пријавите кривични дела поврзани со изборите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/obvinitelstvoto-otvori-mail-adresa-kade-mozhe-da-prijavite-krivichni-dela-povrzani-so-izborite/ Fri, 16 Feb 2024 14:46:05 +0000 https://republika.mk/?p=744920

Јавниот обвинител на Република Македонија Љупчо Коцевски денеска одржа колегиум на кој јавните обвинители во Јавното обвинителство на Република Македонија ги запозна со приоритетите од програмата за неговиот мандат и активностите за јакнење на транспарентноста и довербата во институцијата.

Со оглед на распишувањето на новиот изборен циклус, Јавното обвинителство на Република Македонија повторно ја активира Комисијата за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела од Глава шеснаесет – Кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на изборите. За претседател на комисијата е определен јавниот обвинител Џељаљ Бајрами.

Во привремената Комисија членуваат по еден јавен обвинител од четирите Виши јавни обвинителства и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје.

Проактивното и превентивно делување на Јавното обвинителство поврзано со претстојните избори е во насока на приоритетно постапување за извршени изборни нерегуларности. Комисијата на дневна основа ќе ги следи сите настани поврзани со организирањето и спроведувањето на изборите и секаде каде ќе оцени дека има индиции за сторени кривични дела поврзани со изборите ќе ги известува пониските основните обвинителства со насока за итно постапување.

Јавното обвинителство на Република Македонија ја повикува јавноста, граѓанските организации, други организации, политички партии, домашни и меѓународни институции и сите кои сметаат дека во некоја постапка има индиции за сторено кривично дело поврзано со организирањето и спроведувањето на изборите, да достават поднесок/пријава до Комисијата на електронската адреса – izbori@jorm.mk

The post Обвинителството отвори маил адреса каде може да пријавите кривични дела поврзани со изборите appeared first on Република.

]]>

Јавниот обвинител на Република Македонија Љупчо Коцевски денеска одржа колегиум на кој јавните обвинители во Јавното обвинителство на Република Македонија ги запозна со приоритетите од програмата за неговиот мандат и активностите за јакнење на транспарентноста и довербата во институцијата. Со оглед на распишувањето на новиот изборен циклус, Јавното обвинителство на Република Македонија повторно ја активира Комисијата за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела од Глава шеснаесет – Кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на изборите. За претседател на комисијата е определен јавниот обвинител Џељаљ Бајрами. Во привремената Комисија членуваат по еден јавен обвинител од четирите Виши јавни обвинителства и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје. Проактивното и превентивно делување на Јавното обвинителство поврзано со претстојните избори е во насока на приоритетно постапување за извршени изборни нерегуларности. Комисијата на дневна основа ќе ги следи сите настани поврзани со организирањето и спроведувањето на изборите и секаде каде ќе оцени дека има индиции за сторени кривични дела поврзани со изборите ќе ги известува пониските основните обвинителства со насока за итно постапување.
Јавното обвинителство на Република Македонија ја повикува јавноста, граѓанските организации, други организации, политички партии, домашни и меѓународни институции и сите кои сметаат дека во некоја постапка има индиции за сторено кривично дело поврзано со организирањето и спроведувањето на изборите, да достават поднесок/пријава до Комисијата на електронската адреса – izbori@jorm.mk

The post Обвинителството отвори маил адреса каде може да пријавите кривични дела поврзани со изборите appeared first on Република.

]]>
Јаревски: Молк од ЈО откако објавивме дека функционери на СДС набавиле машини за бележење 100 пати поскапо од тоа што власта тврди дека е реално https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/jarevski-molk-od-jo-otkako-objavivme-deka-funktsioneri-na-sds-nabavile-mashini-za-belezhene-100-pati-poskapo-od-toa-shto-vlasta-tvrdi-deka-e-realno/ Wed, 17 Jan 2024 12:03:33 +0000 https://republika.mk/?p=733976

24 часа откако објавивме дека ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта, Струмица и Центар набавиле машини за бележење на патишта и до 100 пати поскапо од тоа што СДС тврди дека може да се набават молк од ЈО, рече Тони Јаревски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Молчи и СДС и нема коментар како нивни функционери набавувале машини и за 250 илјади евра, за кои самите велат дека може да се купат за 2 до 3 илјади евра.

Функционерите на власта, во конкретниов случај директорот на ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта и градоначалниците на Струмица и Центар ги оштетиле граѓаните за суми од стотина и десетици илјади евра.

Доколку тврдењето на СДС дека истите машини се купуваат за 2 до 3 илјади евра е точно, тогаш нивните функционери направиле огромна злоупотреба.

Недозволиво е институциите да молчат кога и самата СДС тврди дека машини за бележење на пат какви што купиле нивните функционери за 250 илјади евра, за 16 или 20 илјади евра, чинат само 2 до 3 илјади.

Очекуваме брза реакција на ЈО, но и одговор од директорот на ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта, како и градоначалниците на Струмица и Центар, каде завршила разликата од реалната набавна цена од 2 до 3 илјади евра и таа што тие ја платиле?

Додека народот едвај врзува крај со крај, функционерите на СДС купуваат машини за бележење патишта и до 100 пати поскапо од реалното. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме“, изјави Тони Јаревски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

https://www.youtube.com/watch?v=AdoWkLtVsMM

The post Јаревски: Молк од ЈО откако објавивме дека функционери на СДС набавиле машини за бележење 100 пати поскапо од тоа што власта тврди дека е реално appeared first on Република.

]]>

24 часа откако објавивме дека ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта, Струмица и Центар набавиле машини за бележење на патишта и до 100 пати поскапо од тоа што СДС тврди дека може да се набават молк од ЈО, рече Тони Јаревски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
Молчи и СДС и нема коментар како нивни функционери набавувале машини и за 250 илјади евра, за кои самите велат дека може да се купат за 2 до 3 илјади евра.
Функционерите на власта, во конкретниов случај директорот на ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта и градоначалниците на Струмица и Центар ги оштетиле граѓаните за суми од стотина и десетици илјади евра. Доколку тврдењето на СДС дека истите машини се купуваат за 2 до 3 илјади евра е точно, тогаш нивните функционери направиле огромна злоупотреба. Недозволиво е институциите да молчат кога и самата СДС тврди дека машини за бележење на пат какви што купиле нивните функционери за 250 илјади евра, за 16 или 20 илјади евра, чинат само 2 до 3 илјади. Очекуваме брза реакција на ЈО, но и одговор од директорот на ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта, како и градоначалниците на Струмица и Центар, каде завршила разликата од реалната набавна цена од 2 до 3 илјади евра и таа што тие ја платиле? Додека народот едвај врзува крај со крај, функционерите на СДС купуваат машини за бележење патишта и до 100 пати поскапо од реалното. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме“, изјави Тони Јаревски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
https://www.youtube.com/watch?v=AdoWkLtVsMM

The post Јаревски: Молк од ЈО откако објавивме дека функционери на СДС набавиле машини за бележење 100 пати поскапо од тоа што власта тврди дека е реално appeared first on Република.

]]>
Советот на ЈО го отфрли барањето на Фетаи за преиспитување на одлуката за неприфаќање на нејзината кандидатура за државен јавен обвинител https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sovetot-na-jo-go-otfrli-baraneto-na-fetai-za-preispituvane-na-odlukata-za-neprifakane-na-nejzinata-kandidatura-za-drzhaven-javen-obvinitel/ Thu, 11 Jan 2024 14:41:08 +0000 https://republika.mk/?p=732009

Советот на јавни обвинители на денешната седница едногласно го отфрли барањето на обвинителката Фатиме Фетаи за преиспитување на одлуката за отфрлање на документацијата во врска со огласот за именување на јавен обвинител на Република Македонија.

На седницата беше истакнато дека одлуката за отфрлање на доставената документација од Фетаи, на претходната 94. седница кога Советот на ЈО едногласно даде позитивно мислење за кандидатот Љупчо Коцевски да биде нов државен јавен обвинител, е поради што била доставена нецелосна.

Како што посочи Иџет Мемети, член на Советот на ЈО, на одлуките на Советот право на жалба нема и во конкретниот случај се работи за техничка работа во која Советот не е надлежен.

-На нашите одлуки право на жалба нема. Ако некој не е задоволен со нашата одлука некој може да бара тоа што бара. Зошто моите документи не биле разгледани? Тоа е техничка работа во која Советот не е надлежен, рече Мемети.

Советот на ЈО на претходната седница едногласно даде позитивно мислење за кандидатот Љупчо Коцевски да биде нов државен јавен обвинител, кандидатот Лидија Раичевиќ не доби позитивно мислење од Советот, додека пак, за Фатиме Фетаи не се расправаше, поради нецелосно доставена документација.

Советот, на денешната седница, исто така, расправаше за донесувањето на одлука за формирање Комисија за подготвување на кандидатска листа за избор на кандидат за член на Советот на јавните обвинители на Република  Македонија, од подрачјето на Вишото јавно обвинителство во Скопје, како и донесување одлука за формирање на Комисија за спроведување на избори на членови на Советот од редот на јавните обвинители од подрачјето на Вишото јавно обвинителство во Скопје, во која за претседател беше избран Иџет Мемети, додека за членови на комисијата беа избрани Кети Петкова и Светлана Жупановска.

Претседателката на Советот, Димитриевска, информираше дека од страна на вишиот јавен обвинител било доставено писмено известување до Советот, во кое се наведува дека „јавен обвинител кој работел на конкретен предмет, во кој што од доказите по предметот дошол до одредени сознанија за постапувањето на друг јавен обвинител, го известил вишиот јавен обвинител“, за кое беше едногласно одлучено дека таквото известување ќе го достават до Јавното обвинителство, кое понатаму треба да го разгледа и постапи по истото.

The post Советот на ЈО го отфрли барањето на Фетаи за преиспитување на одлуката за неприфаќање на нејзината кандидатура за државен јавен обвинител appeared first on Република.

]]>

Советот на јавни обвинители на денешната седница едногласно го отфрли барањето на обвинителката Фатиме Фетаи за преиспитување на одлуката за отфрлање на документацијата во врска со огласот за именување на јавен обвинител на Република Македонија. На седницата беше истакнато дека одлуката за отфрлање на доставената документација од Фетаи, на претходната 94. седница кога Советот на ЈО едногласно даде позитивно мислење за кандидатот Љупчо Коцевски да биде нов државен јавен обвинител, е поради што била доставена нецелосна. Како што посочи Иџет Мемети, член на Советот на ЈО, на одлуките на Советот право на жалба нема и во конкретниот случај се работи за техничка работа во која Советот не е надлежен. -На нашите одлуки право на жалба нема. Ако некој не е задоволен со нашата одлука некој може да бара тоа што бара. Зошто моите документи не биле разгледани? Тоа е техничка работа во која Советот не е надлежен, рече Мемети. Советот на ЈО на претходната седница едногласно даде позитивно мислење за кандидатот Љупчо Коцевски да биде нов државен јавен обвинител, кандидатот Лидија Раичевиќ не доби позитивно мислење од Советот, додека пак, за Фатиме Фетаи не се расправаше, поради нецелосно доставена документација. Советот, на денешната седница, исто така, расправаше за донесувањето на одлука за формирање Комисија за подготвување на кандидатска листа за избор на кандидат за член на Советот на јавните обвинители на Република  Македонија, од подрачјето на Вишото јавно обвинителство во Скопје, како и донесување одлука за формирање на Комисија за спроведување на избори на членови на Советот од редот на јавните обвинители од подрачјето на Вишото јавно обвинителство во Скопје, во која за претседател беше избран Иџет Мемети, додека за членови на комисијата беа избрани Кети Петкова и Светлана Жупановска. Претседателката на Советот, Димитриевска, информираше дека од страна на вишиот јавен обвинител било доставено писмено известување до Советот, во кое се наведува дека „јавен обвинител кој работел на конкретен предмет, во кој што од доказите по предметот дошол до одредени сознанија за постапувањето на друг јавен обвинител, го известил вишиот јавен обвинител“, за кое беше едногласно одлучено дека таквото известување ќе го достават до Јавното обвинителство, кое понатаму треба да го разгледа и постапи по истото.

The post Советот на ЈО го отфрли барањето на Фетаи за преиспитување на одлуката за неприфаќање на нејзината кандидатура за државен јавен обвинител appeared first on Република.

]]>
Стоилковски: Зошто ЈО се крие од постапка за Лотарија? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovski-zoshto-jo-se-krie-od-postapka-za-lotarija/ Fri, 27 Oct 2023 10:48:43 +0000 https://republika.mk/?p=695532

Очекувано, наместо итна акција на ЈО и институциите за скандалот Лотарија, тие си ја префрлаат топката меѓу себе, оставајќи простор за забошотување, влијанија и сокривање на криминалот и корупцијата. Да потсетам накусо, Перпарим Бајрами, директорот на Лотарија, за 2.6 милиони евра изнајмува простор од фирма каде удел има и Шабан Азмовски Хамза, член на УО на Лотарија, а двајцата се дојдени од министерството на Артан Груби! Чист случај на корупција, чист предмет за ЈО!, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ,

Но, ЈО како одговор до „Слободна Европа“, меѓународен американски медиум којшто работи и пишува серијал на овој случај, вели, цитирам: Доколку Финансиската полиција не постапи, обвинителството ќе оформи предмет!?

Ова потврдува дека ЈО молчи и бега од темата и е во функција да не падне владата!

Зошто ЈО се крие од постапка за Лотарија? Што го спречува ЈО за организиран криминал? Зошто ЈО да чека?

Но, дали зад чекањето и префрлувањето топката се фотографиите на Ислам Абази со ДУИ, или изборот на Јовески за уставен судија?

Или можеби фактот дека зад фирмата ХЕЈ којашто за 6 месеци се основа, купи имот и фати тендер од 2.6 милиони евра, е Армин Машовиќ од тимот партнери на Ерџан Сулкоски поврзан со семејните бизниси на кланот Зајас?

Ужасни се низите криминалии и корупција поврзани со ДУИ, Артан Груби, Ахмети, кланот од Зајас, а институциите не смеат да писнат!

Злоупотребата на службата се прави и со постапка и со непостапување по опис на службата, и за тоа ќе има одговорност по смена на власта, додава Стоилковски.

The post Стоилковски: Зошто ЈО се крие од постапка за Лотарија? appeared first on Република.

]]>

Очекувано, наместо итна акција на ЈО и институциите за скандалот Лотарија, тие си ја префрлаат топката меѓу себе, оставајќи простор за забошотување, влијанија и сокривање на криминалот и корупцијата. Да потсетам накусо, Перпарим Бајрами, директорот на Лотарија, за 2.6 милиони евра изнајмува простор од фирма каде удел има и Шабан Азмовски Хамза, член на УО на Лотарија, а двајцата се дојдени од министерството на Артан Груби! Чист случај на корупција, чист предмет за ЈО!, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Но, ЈО како одговор до „Слободна Европа“, меѓународен американски медиум којшто работи и пишува серијал на овој случај, вели, цитирам: Доколку Финансиската полиција не постапи, обвинителството ќе оформи предмет!? Ова потврдува дека ЈО молчи и бега од темата и е во функција да не падне владата! Зошто ЈО се крие од постапка за Лотарија? Што го спречува ЈО за организиран криминал? Зошто ЈО да чека? Но, дали зад чекањето и префрлувањето топката се фотографиите на Ислам Абази со ДУИ, или изборот на Јовески за уставен судија? Или можеби фактот дека зад фирмата ХЕЈ којашто за 6 месеци се основа, купи имот и фати тендер од 2.6 милиони евра, е Армин Машовиќ од тимот партнери на Ерџан Сулкоски поврзан со семејните бизниси на кланот Зајас? Ужасни се низите криминалии и корупција поврзани со ДУИ, Артан Груби, Ахмети, кланот од Зајас, а институциите не смеат да писнат! Злоупотребата на службата се прави и со постапка и со непостапување по опис на службата, и за тоа ќе има одговорност по смена на власта, додава Стоилковски.

The post Стоилковски: Зошто ЈО се крие од постапка за Лотарија? appeared first on Република.

]]>
Косовските обвинители се подготвени за соработка за случајот „Онкологија“, велат од ЈО https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/kosovskite-obviniteli-se-podgotveni-za-sorabotka-za-sluchajot-onkologija-velat-od-jo/ Tue, 26 Sep 2023 12:45:18 +0000 https://republika.mk/?p=685357

Тим од обвинители од Јавното обвинителство (ЈО) вчера беше во косовското Обвинителство и оствари директна средба за обезбедување докази во врска со предистрагата поврзана со работата на Клиниката за радиотерапија и онкологија, соопштија од Обвинителството.

Од косовските органи, преку контакт-точките во Европската правосудна мрежа, се побарани конкретни податоци неопходни за проверка на наводите врз основа на кои беше отпочната предистрагата. Притоа, косовските обвинители изразија подготвеност за соработка и за обезбедување на потребните податоци, се наведува во соопштението.

Од ЈО информираат дека во следниот период, во зависност од потребите на предистрагата за обезбедување докази, слична ваква средба ќе биде организирана и во Обвинителството во Република Албанија.

Во меѓувреме, тимот на обвинители од Основното јавно обвинителство Скопје продолжува да ги презема сите дејствија за целосно испитување на настанот. Секојдневно се вршат распити на пациенти и нивни блиски, на стручни медицински и на други лица кои би можеле да имаат определени сознанија. Министерството за здравство до Јавното обвинителство го достави извештајот од Државниот здравствен и санитарен инспекторат, што се однесува на работата на Клиниката за онкологија. Исто така, по наредба на јавните обвинители, во тек е финансиска истрага, како и детално вештачење на економско-финансиското работење на Клиниката, кое го врши тим од вешти лица, ревизори од Државниот завод за ревизија и претставници на Фондот за здравствено осигурување, се појаснува во соопштението на ЈО.

The post Косовските обвинители се подготвени за соработка за случајот „Онкологија“, велат од ЈО appeared first on Република.

]]>

Тим од обвинители од Јавното обвинителство (ЈО) вчера беше во косовското Обвинителство и оствари директна средба за обезбедување докази во врска со предистрагата поврзана со работата на Клиниката за радиотерапија и онкологија, соопштија од Обвинителството.
Од косовските органи, преку контакт-точките во Европската правосудна мрежа, се побарани конкретни податоци неопходни за проверка на наводите врз основа на кои беше отпочната предистрагата. Притоа, косовските обвинители изразија подготвеност за соработка и за обезбедување на потребните податоци, се наведува во соопштението. Од ЈО информираат дека во следниот период, во зависност од потребите на предистрагата за обезбедување докази, слична ваква средба ќе биде организирана и во Обвинителството во Република Албанија.
Во меѓувреме, тимот на обвинители од Основното јавно обвинителство Скопје продолжува да ги презема сите дејствија за целосно испитување на настанот. Секојдневно се вршат распити на пациенти и нивни блиски, на стручни медицински и на други лица кои би можеле да имаат определени сознанија. Министерството за здравство до Јавното обвинителство го достави извештајот од Државниот здравствен и санитарен инспекторат, што се однесува на работата на Клиниката за онкологија. Исто така, по наредба на јавните обвинители, во тек е финансиска истрага, како и детално вештачење на економско-финансиското работење на Клиниката, кое го врши тим од вешти лица, ревизори од Државниот завод за ревизија и претставници на Фондот за здравствено осигурување, се појаснува во соопштението на ЈО.

The post Косовските обвинители се подготвени за соработка за случајот „Онкологија“, велат од ЈО appeared first on Република.

]]>
Струмичкото ЈO нареди истрага против 13 лица поради напад на полицаец https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/strumichkoto-jo-naredi-istraga-protiv-13-litsa-poradi-napad-na-politsaets/ Thu, 24 Aug 2023 10:35:45 +0000 https://republika.mk/?p=675316

Струмичкото Јавно обвинителство нареди истрага против 13 лица поради напад на полицаец.

За овие лица постои основано сомнение дека во соизвршителство сториле кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста според член 383 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Сите осомничени заедно, на 18 август, нападнале службено лице – криминалистички техничар во МВР-СВР Струмица кој излегол на лице место во селото Баница за да фотодокументира пронајдени кошови со пчели – кои биле пријавени како украдени.

Осомничените со дрвени стапови, метални шипки и други предмети прво почнале да удираат врз полициското возило. Во еден момент, додека службеното лице се обидувало да се легитимира, еден од осомничените ја отворил возачката врата, насилно му ги одзел легитимацијата и мобилниот телефон, а потоа почнал да го удира со тупаници по главата и по телото.

Потоа го извлекле криминалистичкиот техничар од возилото, го турнале на земја и продолжиле да го удираат со тупаници и со разни предмети. Во тоа се придружило и едно малолетно лице против кое се води посебна постапка.

Од ударите оштетениот се здобил со повеќе тешки телесни повреди.

По предлог на јавниот обвинител, судијата на претходна постапка од Основниот суд во Струмица донесе решение за кое на петмина од осомничените им определи мерка притвор во траење од 30 дена.​

The post Струмичкото ЈO нареди истрага против 13 лица поради напад на полицаец appeared first on Република.

]]>

Струмичкото Јавно обвинителство нареди истрага против 13 лица поради напад на полицаец. За овие лица постои основано сомнение дека во соизвршителство сториле кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста според член 383 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Сите осомничени заедно, на 18 август, нападнале службено лице – криминалистички техничар во МВР-СВР Струмица кој излегол на лице место во селото Баница за да фотодокументира пронајдени кошови со пчели – кои биле пријавени како украдени.
Осомничените со дрвени стапови, метални шипки и други предмети прво почнале да удираат врз полициското возило. Во еден момент, додека службеното лице се обидувало да се легитимира, еден од осомничените ја отворил возачката врата, насилно му ги одзел легитимацијата и мобилниот телефон, а потоа почнал да го удира со тупаници по главата и по телото. Потоа го извлекле криминалистичкиот техничар од возилото, го турнале на земја и продолжиле да го удираат со тупаници и со разни предмети. Во тоа се придружило и едно малолетно лице против кое се води посебна постапка. Од ударите оштетениот се здобил со повеќе тешки телесни повреди. По предлог на јавниот обвинител, судијата на претходна постапка од Основниот суд во Струмица донесе решение за кое на петмина од осомничените им определи мерка притвор во траење од 30 дена.​

The post Струмичкото ЈO нареди истрага против 13 лица поради напад на полицаец appeared first on Република.

]]>
Демант на ИРЛ за ОЈО https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/demant-na-irl-za-ojo/ Fri, 18 Aug 2023 13:28:19 +0000 https://republika.mk/?p=673453

Републичкото јавно обвинителство испрати јавна реакција по повод одговорот на текстот на ИРЛ во кој тие повторно тврдат дека ИРЛ лаже и дека германското вештачење било земено предвид на судењето во Тетово. Ова е втор напад кон новинарите на ИРЛ и нови лаги што ги дистрибуира оваа институција до медиумите. Недоличен е начинот на кој Љубомир Јовески, шеф на оваа институција чијашто работа е и предмет на ова истражување, да ја злоупотребува институцијата за лични пресметки со новинарите.

„Во текот на главната расправа, одбраната даде предлог, покрај писменото вештачење, лично да се сослуша и вештото лице од Германија кое го изготвило писмениот наод – доказ во постапката. По тој предлог на обвинетите се произнел и јавниот обвинител“.

„Вештачењето на германските експерти беше изготвено по замолница од Јавното обвинителство, кое го предложи и го изведе како писмен доказ. Потврда за ова се и завршните зборови на јавниот обвинител, во кои тој својот случај го темели и на ова вештачење во корелација со сите други прибавени докази во постапката.“

Републичкото јавно обвинителство посочува дека јавниот обвинител се произнел пред Судот, а на барање на одбраната да се испитуваат германските вештаци. Обвинителството пропушта да посочи дека надлежниот обвинител самиот барал во Судот да не се канат овие вештаци бидејќи за конкретниот случај, според самите зборови на обвинителот, ова вештачење е беспредметно за оваа постапка. За ова постои и записник и аудио од судењето каде што се снимаат сите рочишта.

Недолично и нечесно е институцијата што треба да демонстрира одговорност кон жртвите и да обезбеди правда за граѓаните, да манипулира со фактите и неосновано да ги напаѓа новинарите. На овој линк граѓаните можат самите да ја го чујат тонскиот запис од судницата бидејќи тој прецизно го демантира обвинителството.

Доколку кај новинарите на ИРЛ постои макар и најмал интерес да објават вистина за постапувањето на Јавното обвинителство во овој процес, тимот на јавни обвинители што работеа на предметот и претходно им стоеше, а и сега им стои на располагање за разјаснување на сите правни прашања или дилеми за текот на кривичната постапка.

Ова е неточно. ИРЛ поседува имејл-пораки и СМС-пораки, а наш новинар и телефонски разговараше со државниот јавен обвинител Љубомир Јовески. Исходот беше ист – тие не одговорија на имејл-поканите на ИРЛ, а портпаролката на институцијата Билјана Арсовска и нè извести дека обвинителот не може да коментира случаи за кои се водат постапки. Првата покана до Јовески беше упатена на 6 јуни. Околу две недели не одговараше

никој бидејќи, како што нè известија, лицата од службата за односи со јавност биле на одмор. Обвинителот Бесир Алиу од Тетово одби да даде интервју и за тоа самиот го посочи како пречка својот шеф Јовески. Единствено јавниот обвинител Ислам Абази одобри брифинг со надлежната обвинителка Елизабета Јосифовска во Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, што, впрочем, беше прикажано и во документарниот филм.

„Во спротивно, Јавното обвинителство уште еднаш апелира итно да престане злоупотребата на овој процес за неоснована лична и институционална дискредитација. Потсетуваме дека во тек е жалбена постапка и уште еден отворен предмет, кои можат да претрпат сериозна штета од неодговорно новинарско известување и од манипулацијата со сочувствата на јавноста со огромната трагедија“, се посочува во соопштението на ОЈО.

Обвинителството наместо да ги напаѓа новинарите што откриваат злоупотреби, треба да ѝ одговори на јавноста зошто првиот предмет не се однесувал на причините за пожарот, а зошто вториот предмет сè уште е во предистрага. Во тонските записи од судењата и самиот судија истакнува дека обвинителството не донело предмет за причините за пожарот, туку за немање противпожарни апарати и за непочитување на здравствените прописи.

Обвинителството тврди дека новинарите му штетат на овој тековен случај и со ваквите изјави прави обид да се изземе од одговорноста за постапките што се заглавени во нивните институции. Оваа институција со години е предмет на остри критики на сите домашни и меѓународни институции, а довербата на граѓаните во нивната работа е 1 процент.

The post Демант на ИРЛ за ОЈО appeared first on Република.

]]>

Републичкото јавно обвинителство испрати јавна реакција по повод одговорот на текстот на ИРЛ во кој тие повторно тврдат дека ИРЛ лаже и дека германското вештачење било земено предвид на судењето во Тетово. Ова е втор напад кон новинарите на ИРЛ и нови лаги што ги дистрибуира оваа институција до медиумите. Недоличен е начинот на кој Љубомир Јовески, шеф на оваа институција чијашто работа е и предмет на ова истражување, да ја злоупотребува институцијата за лични пресметки со новинарите. „Во текот на главната расправа, одбраната даде предлог, покрај писменото вештачење, лично да се сослуша и вештото лице од Германија кое го изготвило писмениот наод – доказ во постапката. По тој предлог на обвинетите се произнел и јавниот обвинител“. „Вештачењето на германските експерти беше изготвено по замолница од Јавното обвинителство, кое го предложи и го изведе како писмен доказ. Потврда за ова се и завршните зборови на јавниот обвинител, во кои тој својот случај го темели и на ова вештачење во корелација со сите други прибавени докази во постапката.“ Републичкото јавно обвинителство посочува дека јавниот обвинител се произнел пред Судот, а на барање на одбраната да се испитуваат германските вештаци. Обвинителството пропушта да посочи дека надлежниот обвинител самиот барал во Судот да не се канат овие вештаци бидејќи за конкретниот случај, според самите зборови на обвинителот, ова вештачење е беспредметно за оваа постапка. За ова постои и записник и аудио од судењето каде што се снимаат сите рочишта. Недолично и нечесно е институцијата што треба да демонстрира одговорност кон жртвите и да обезбеди правда за граѓаните, да манипулира со фактите и неосновано да ги напаѓа новинарите. На овој линк граѓаните можат самите да ја го чујат тонскиот запис од судницата бидејќи тој прецизно го демантира обвинителството. Доколку кај новинарите на ИРЛ постои макар и најмал интерес да објават вистина за постапувањето на Јавното обвинителство во овој процес, тимот на јавни обвинители што работеа на предметот и претходно им стоеше, а и сега им стои на располагање за разјаснување на сите правни прашања или дилеми за текот на кривичната постапка. Ова е неточно. ИРЛ поседува имејл-пораки и СМС-пораки, а наш новинар и телефонски разговараше со државниот јавен обвинител Љубомир Јовески. Исходот беше ист – тие не одговорија на имејл-поканите на ИРЛ, а портпаролката на институцијата Билјана Арсовска и нè извести дека обвинителот не може да коментира случаи за кои се водат постапки. Првата покана до Јовески беше упатена на 6 јуни. Околу две недели не одговараше никој бидејќи, како што нè известија, лицата од службата за односи со јавност биле на одмор. Обвинителот Бесир Алиу од Тетово одби да даде интервју и за тоа самиот го посочи како пречка својот шеф Јовески. Единствено јавниот обвинител Ислам Абази одобри брифинг со надлежната обвинителка Елизабета Јосифовска во Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, што, впрочем, беше прикажано и во документарниот филм. „Во спротивно, Јавното обвинителство уште еднаш апелира итно да престане злоупотребата на овој процес за неоснована лична и институционална дискредитација. Потсетуваме дека во тек е жалбена постапка и уште еден отворен предмет, кои можат да претрпат сериозна штета од неодговорно новинарско известување и од манипулацијата со сочувствата на јавноста со огромната трагедија“, се посочува во соопштението на ОЈО. Обвинителството наместо да ги напаѓа новинарите што откриваат злоупотреби, треба да ѝ одговори на јавноста зошто првиот предмет не се однесувал на причините за пожарот, а зошто вториот предмет сè уште е во предистрага. Во тонските записи од судењата и самиот судија истакнува дека обвинителството не донело предмет за причините за пожарот, туку за немање противпожарни апарати и за непочитување на здравствените прописи. Обвинителството тврди дека новинарите му штетат на овој тековен случај и со ваквите изјави прави обид да се изземе од одговорноста за постапките што се заглавени во нивните институции. Оваа институција со години е предмет на остри критики на сите домашни и меѓународни институции, а довербата на граѓаните во нивната работа е 1 процент.  

The post Демант на ИРЛ за ОЈО appeared first on Република.

]]>
За ЈО аудио снимката од судењето за тетовската болница е злоупотреба на процесот, за неоснована лична и институционална дискредитација https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/za-jo-audio-snimkata-od-sudeneto-za-tetovskata-bolnitsa-e-zloupotreba-na-protsesot-za-neosnovana-lichna-i-institutsionalna-diskreditatsija/ Fri, 18 Aug 2023 09:41:36 +0000 https://republika.mk/?p=673280

Јавното обвинителство денеска преку соопштение се заблагодарува на новинарите на ИРЛ што, како што стои, ја направија достапна за пошироката јавност аудио снимката која најдобро покажува дека е лажен нивниот став дека обвинителството ја прикрило експертизата од германските стручни лица, врз кој став натаму ги темелат и другите лажни информации за пожарот во модуларната болница.

https://republika.mk/vesti/makedonija/svedocheneto-na-germanskite-eksperti-bilo-otfrleno-kako-bespredmetno-od-obvinitelstvoto/

Снимката, се посочува во соопштението, недвосмислено потврдува дека за обвинителството вештиот наод од германските криминалисти бил важен доказ кој обвинителите го предложиле и го извеле во постапката пред судот.

Во текот на главната расправа, одбраната даде предлог, покрај писменото вештачење, лично да се сослуша и вештото лице од Германија кое го изготвило писмениот наод – доказ во постапката. По тој предлог на обвинетите се произнел и јавниот обвинител. Вештачењето на германските експерти беше изготвено по замолница од Јавното обвинителство, кое го предложи и го изведе како писмен доказ. Потврда за ова се и завршните зборови на јавниот обвинител во кои тој својот случај го темели и на ова вештачење во корелација со сите други прибавени докази во постапката, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Доколку кај новинарите на ИРЛ постои макар и најмал интерес да објават вистина за постапувањето на Јавното обвинителство во овој процес, потенцираат, тимот на јавни обвинители кои работеа на предметот и претходно им стоеше, а и сега им стои на располагање за разјаснување на сите правни прашања или дилеми за текот на кривичната постапка.

Во спротивно, Јавното обвинителство уште еднаш апелира итно да престане злоупотребата на овој процес за неоснована лична и институционална дискредитација. Потсетуваме дека во тек е жалбена постапка и уште еден отворен предмет кои можат да претрпат сериозна штета од неодговорно новинарско известување и од манипулацијата со сочувствата на јавноста со огромната трагедија, се подвлекува во соопштението од Јавното обвинителство.

The post За ЈО аудио снимката од судењето за тетовската болница е злоупотреба на процесот, за неоснована лична и институционална дискредитација appeared first on Република.

]]>

Јавното обвинителство денеска преку соопштение се заблагодарува на новинарите на ИРЛ што, како што стои, ја направија достапна за пошироката јавност аудио снимката која најдобро покажува дека е лажен нивниот став дека обвинителството ја прикрило експертизата од германските стручни лица, врз кој став натаму ги темелат и другите лажни информации за пожарот во модуларната болница. https://republika.mk/vesti/makedonija/svedocheneto-na-germanskite-eksperti-bilo-otfrleno-kako-bespredmetno-od-obvinitelstvoto/ Снимката, се посочува во соопштението, недвосмислено потврдува дека за обвинителството вештиот наод од германските криминалисти бил важен доказ кој обвинителите го предложиле и го извеле во постапката пред судот.
Во текот на главната расправа, одбраната даде предлог, покрај писменото вештачење, лично да се сослуша и вештото лице од Германија кое го изготвило писмениот наод – доказ во постапката. По тој предлог на обвинетите се произнел и јавниот обвинител. Вештачењето на германските експерти беше изготвено по замолница од Јавното обвинителство, кое го предложи и го изведе како писмен доказ. Потврда за ова се и завршните зборови на јавниот обвинител во кои тој својот случај го темели и на ова вештачење во корелација со сите други прибавени докази во постапката, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.
Доколку кај новинарите на ИРЛ постои макар и најмал интерес да објават вистина за постапувањето на Јавното обвинителство во овој процес, потенцираат, тимот на јавни обвинители кои работеа на предметот и претходно им стоеше, а и сега им стои на располагање за разјаснување на сите правни прашања или дилеми за текот на кривичната постапка.
Во спротивно, Јавното обвинителство уште еднаш апелира итно да престане злоупотребата на овој процес за неоснована лична и институционална дискредитација. Потсетуваме дека во тек е жалбена постапка и уште еден отворен предмет кои можат да претрпат сериозна штета од неодговорно новинарско известување и од манипулацијата со сочувствата на јавноста со огромната трагедија, се подвлекува во соопштението од Јавното обвинителство.

The post За ЈО аудио снимката од судењето за тетовската болница е злоупотреба на процесот, за неоснована лична и институционална дискредитација appeared first on Република.

]]>
Јавното обвинителство се огласи по документарецот на ИРЛ за пожарот во модуларната болница во Тетово https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/javnoto-obvinitelstvo-se-oglasi-po-dokumentaretsot-na-irl-za-pozharot-vo-modularnata-bolnitsa-vo-tetovo/ Mon, 14 Aug 2023 13:42:42 +0000 https://republika.mk/?p=672040

Јавното обвинителство и тимот од јавни обвинители кои работеа на предметот поврзан со пожарот во тетовската модуларна болница ги отфрлаат наводите во емисијата на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) кои се однесуваат на текот на истрагата за овој случај.

Со очигледна цел за неоснована дискредитација и без никаков реален интерес да се презентира вистината, во емисијата свесно се врши груба манипулација со информации која сме подготвени да ја илустрираме со повеќе примери:

-Апсолутно невистинити се наводите дека вештачењето од германските експерти воопшто не било изложено како доказ во судската постапка. Службената експертиза од Форензичкиот институт при Сојузната криминалистичка служба и лабораторија од Германија е составен дел од доказниот материјал. Тој уредно беше доставен до странките во постапката, приложен заедно со обвинението и во текот на судењето јавно беше изведен како доказ пред Судот. Судските рочишта за овој предмет беа отворени за јавноста, па оттаму изнесувањето на вакви невистини е целосно тенденциозно.

Неосновани се информациите за наводна спротивставеност на вештачењата. Имено, и вештиот наод на Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења при Министерството за внатрешни работи и она на германските експерти прецизно ги наведуваат истите причини за настанување и за ширење на пожарот. Врз основа на вака неспротивставени вештачења беше донесена првостепената пресуда на Основниот суд во Тетово. Дополнително, во емисијата воопшто не се наведени заклучоците од вештачењето на Технолошко-металуршкиот факултет кој ја испитуваше брзината на согорување на сите материјали употребени за болницата и со кое исто така јасно се посочува дека основна причина за брзото горење на модуларната болница е големата концентрација на кислород во објектот.

-Исто така, во емисијата се изнесува целосна невистина во поглед на правната квалификација на делото, односно се тврди дека поднесеното обвинение воопшто не се однесува на пожарот во модуларната болница. Напротив, во самото обвинение, кое обвинителството им го достави на новинарите на ИРЛ, стои дека двајца од обвинетите „иако биле должни да имаат соодветни уреди и инсталации за заштита од пожари и експлозии, друга противпожарна опрема, средства за гаснење на пожари и противпожарни апарати, на денот на пуштање во употреба на Модуларната болница во Тетово, па се до денот на настанување на пожарот во Модуларната болница, не поставиле соодветни уреди за заштита од пожар“ со што сториле дело – ТЕШКИ ДЕЛА ПРОТИВ ОПШТАТА СИГУРНОСТ по чл.292 ст.4 в.в. со чл.288 ст.4 в.в. со ст.2 од Кривичниот Законик, додека третиот обвинет „како одговорно лице дозволил влез на неовластени лица – членови на семејствата на болните од Covid-19, како придружници, во Модуларната болница“ и се товареше за кривично дело – НЕПОСТАПУВАЊЕ СПОРЕД ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРОПИСИ ЗА ВРЕМЕ НА ЕПИДЕМИЈА по чл.206 ст.1 од Кривичниот Законик.

The post Јавното обвинителство се огласи по документарецот на ИРЛ за пожарот во модуларната болница во Тетово appeared first on Република.

]]>

Јавното обвинителство и тимот од јавни обвинители кои работеа на предметот поврзан со пожарот во тетовската модуларна болница ги отфрлаат наводите во емисијата на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) кои се однесуваат на текот на истрагата за овој случај. Со очигледна цел за неоснована дискредитација и без никаков реален интерес да се презентира вистината, во емисијата свесно се врши груба манипулација со информации која сме подготвени да ја илустрираме со повеќе примери: -Апсолутно невистинити се наводите дека вештачењето од германските експерти воопшто не било изложено како доказ во судската постапка. Службената експертиза од Форензичкиот институт при Сојузната криминалистичка служба и лабораторија од Германија е составен дел од доказниот материјал. Тој уредно беше доставен до странките во постапката, приложен заедно со обвинението и во текот на судењето јавно беше изведен како доказ пред Судот. Судските рочишта за овој предмет беа отворени за јавноста, па оттаму изнесувањето на вакви невистини е целосно тенденциозно.
Неосновани се информациите за наводна спротивставеност на вештачењата. Имено, и вештиот наод на Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења при Министерството за внатрешни работи и она на германските експерти прецизно ги наведуваат истите причини за настанување и за ширење на пожарот. Врз основа на вака неспротивставени вештачења беше донесена првостепената пресуда на Основниот суд во Тетово. Дополнително, во емисијата воопшто не се наведени заклучоците од вештачењето на Технолошко-металуршкиот факултет кој ја испитуваше брзината на согорување на сите материјали употребени за болницата и со кое исто така јасно се посочува дека основна причина за брзото горење на модуларната болница е големата концентрација на кислород во објектот.
-Исто така, во емисијата се изнесува целосна невистина во поглед на правната квалификација на делото, односно се тврди дека поднесеното обвинение воопшто не се однесува на пожарот во модуларната болница. Напротив, во самото обвинение, кое обвинителството им го достави на новинарите на ИРЛ, стои дека двајца од обвинетите „иако биле должни да имаат соодветни уреди и инсталации за заштита од пожари и експлозии, друга противпожарна опрема, средства за гаснење на пожари и противпожарни апарати, на денот на пуштање во употреба на Модуларната болница во Тетово, па се до денот на настанување на пожарот во Модуларната болница, не поставиле соодветни уреди за заштита од пожар“ со што сториле дело – ТЕШКИ ДЕЛА ПРОТИВ ОПШТАТА СИГУРНОСТ по чл.292 ст.4 в.в. со чл.288 ст.4 в.в. со ст.2 од Кривичниот Законик, додека третиот обвинет „како одговорно лице дозволил влез на неовластени лица – членови на семејствата на болните од Covid-19, како придружници, во Модуларната болница“ и се товареше за кривично дело – НЕПОСТАПУВАЊЕ СПОРЕД ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРОПИСИ ЗА ВРЕМЕ НА ЕПИДЕМИЈА по чл.206 ст.1 од Кривичниот Законик.

The post Јавното обвинителство се огласи по документарецот на ИРЛ за пожарот во модуларната болница во Тетово appeared first on Република.

]]>
Јавното обвинителство преку соопштение ја прекина соработката со Антикорупциската комисија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/javnoto-obvinitelstvo-preku-soopshtenie-ja-prekina-sorabotkata-so-antikoruptsiskata-komisija/ Thu, 20 Jul 2023 11:30:34 +0000 https://republika.mk/?p=663509

Јавното обвинителство и официјално преку соопштение денес информира дека ја прекинува соработката со Антикорупциската комисија.

Поради еднострано целосно непочитување на потпишаниот Меморандум за соработка, а особено прекршување на членовите 2, 3 и 6, Јавното обвинителство ги замрзнува сите активности предвидени и кои произлегуваат од тој меморандум.“ се вели во соопштението од Обвинителство.

Согласно овој меморандум двете институции требаше да се координираат, соработуваат, преставките од антикорупциска да се третираат со приоритет и слично, а се со цел ефективно и брзо справување со корупцијата во земјава.

Иако Јавното обвинителство ќе ја прими иницијативата како и секоја друга претставка, крајно е нецелисходно ДКСК да поднесува иницијативи за кривично гонење за предмети во кои обвинителството веќе постапува. Во рамките на тој предмет обезбедена е целокупната документација, вербални и материјални докази и надлежниот јавен обвинител е пред донесување на јавнообвинителска одлука . Доколку крајната цел не е обид да се влијае на исходот од постапката, неразбирливо и крајно неодговорно е Комисијата да поднесува иницијатива за кривично гонење во оваа фаза. Апелираме Државната комисија за спречување на корупцијата да се држи до своите законски надлежности и да не нанесува штета на постапките кои се во тек. Јавното обвинителство како единствен орган надлежен за кривичен прогон нема да дозволи и остро ќе се спротивстави на секој обид да се влијае врз постапките. .се вели во соопштението од Обвинителство.

The post Јавното обвинителство преку соопштение ја прекина соработката со Антикорупциската комисија appeared first on Република.

]]>

Јавното обвинителство и официјално преку соопштение денес информира дека ја прекинува соработката со Антикорупциската комисија.
Поради еднострано целосно непочитување на потпишаниот Меморандум за соработка, а особено прекршување на членовите 2, 3 и 6, Јавното обвинителство ги замрзнува сите активности предвидени и кои произлегуваат од тој меморандум.“ се вели во соопштението од Обвинителство. Согласно овој меморандум двете институции требаше да се координираат, соработуваат, преставките од антикорупциска да се третираат со приоритет и слично, а се со цел ефективно и брзо справување со корупцијата во земјава. Иако Јавното обвинителство ќе ја прими иницијативата како и секоја друга претставка, крајно е нецелисходно ДКСК да поднесува иницијативи за кривично гонење за предмети во кои обвинителството веќе постапува. Во рамките на тој предмет обезбедена е целокупната документација, вербални и материјални докази и надлежниот јавен обвинител е пред донесување на јавнообвинителска одлука . Доколку крајната цел не е обид да се влијае на исходот од постапката, неразбирливо и крајно неодговорно е Комисијата да поднесува иницијатива за кривично гонење во оваа фаза. Апелираме Државната комисија за спречување на корупцијата да се држи до своите законски надлежности и да не нанесува штета на постапките кои се во тек. Јавното обвинителство како единствен орган надлежен за кривичен прогон нема да дозволи и остро ќе се спротивстави на секој обид да се влијае врз постапките. .се вели во соопштението од Обвинителство.
 
The post Јавното обвинителство преку соопштение ја прекина соработката со Антикорупциската комисија appeared first on Република.

]]>
ЈО: Обдукција на загинатите во Лепенец, притвор за скопјанецот кој ја претекнувал колоната https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/jo-obduktsija-na-zaginatite-vo-lepenets-pritvor-za-skopjanetsot-koj-ja-preteknuval-kolonata/ Mon, 19 Jun 2023 06:36:06 +0000 https://republika.mk/?p=652933

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје прибира докази за тешката сообраќајна несреќа која се случи завчера на патот Скопје - Блаце, а во која загинаа три лица чии тела вчера попладне беа извадени од реката Лепенец.

По извлекувањето на автомобилот „БМВ“ со косовски регистарски ознаки и трите тела на починатите патници од водите на реката Лепенец ќе биде издадена наредба за обдукција, а јавниот обвинител ги координира сите дејствија со цел обезбедување докази за расчистување на настанот, информираат од Јавното обвинителство.

Додека во целост не бидат испитани сите околности и не биде утврдена причината за сообраќајната несреќа, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје вчера достави предлог за определување краткотраен притвор во траење од 48 часа за лицето кое беше задржано по несреќата.

Станува збор за 64-годишен жител на Скопје кој управувал со автомобил „Фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки и кој во критичниот момент ја престигнувал колоната возила во која бил и косовскиот автомобил. Предлогот за определување краткотраен притвор е поднесен бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

На патот Скопје - Блаце завчера во автомобилот „БМВ“ со косовски таблици удрил „Фолксваген туран“ со скопски таблички, по што возилото паднало во реката Лепенец. Во него се возеле четири патници, членови на едно семејство, од кои 21-годишно момче е спасено и однесено во болницата „8 Септември“ во Скопје.

The post ЈО: Обдукција на загинатите во Лепенец, притвор за скопјанецот кој ја претекнувал колоната appeared first on Република.

Пукање на наплатна рампа Гостивар-Тетово: Уапсени две лица и запленето поголемо количество марихуана https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pukane-na-naplatna-rampa-gostivar-tetovo-uapseni-dve-litsa-i-zapleneto-pogolemo-kolichestvo-marihuana/ Sat, 17 Jun 2023 08:55:33 +0000 https://republika.mk/?p=652386

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово поднесе Обвинителен акт против две лица – 31-годишник од Арачиново и 22-годишник од Брест, кои се товарат за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Покрај ова, првообвинетиот се гони и за кривично дело – Предизвикување општа опасност согласно член 288 став 1 од Кривичниот законик.

Двајцата соизвршители, на 24 март, во автомобилот неовластено заради продажба држеле 30 килограми и 15 грама наркотична дрога марихуана. Кога пристигнале на наплатна рампа на автопатот Гостивар-Тетово, полициски службеници се обиделе да ги запрат за проверка по претходна дојава. Но, првообвинетиот возач на автомобилот додал гас, обидувајќи се да се даде во бегство, при што удрил во полициско комбе кое му го попречило патот. Со ова тој предизвикал општа опасност на место на кое во моментот имало повеќе луѓе.

Полициските службеници пукале во тркалата на автомобилот и успеале да го онеспособат за движење и да го запрат. Обвинетите веднаш биле приведени, а дрогата запленета.

Јавниот обвинител поднесе и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за двајцата обвинети, соопшти Јавото обвинителство.

The post Пукање на наплатна рампа Гостивар-Тетово: Уапсени две лица и запленето поголемо количество марихуана appeared first on Република.

]]>

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово поднесе Обвинителен акт против две лица – 31-годишник од Арачиново и 22-годишник од Брест, кои се товарат за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Покрај ова, првообвинетиот се гони и за кривично дело – Предизвикување општа опасност согласно член 288 став 1 од Кривичниот законик.
Двајцата соизвршители, на 24 март, во автомобилот неовластено заради продажба држеле 30 килограми и 15 грама наркотична дрога марихуана. Кога пристигнале на наплатна рампа на автопатот Гостивар-Тетово, полициски службеници се обиделе да ги запрат за проверка по претходна дојава. Но, првообвинетиот возач на автомобилот додал гас, обидувајќи се да се даде во бегство, при што удрил во полициско комбе кое му го попречило патот. Со ова тој предизвикал општа опасност на место на кое во моментот имало повеќе луѓе.
Полициските службеници пукале во тркалата на автомобилот и успеале да го онеспособат за движење и да го запрат. Обвинетите веднаш биле приведени, а дрогата запленета. Јавниот обвинител поднесе и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за двајцата обвинети, соопшти Јавото обвинителство.    

The post Пукање на наплатна рампа Гостивар-Тетово: Уапсени две лица и запленето поголемо количество марихуана appeared first on Република.

]]>
Стоилковски: ЈО за организиран криминал да расчисти дали директор на БЈБ Сашо Тасевски влијаел во случај кога се тепани припадници на ЕБР https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovski-jo-za-organiziran-kriminal-da-raschisti-dali-direktor-na-bjb-sasho-tasevski-vlijael-vo-sluchaj-koga-se-tepani-pripadnitsi-na-ebr/ Fri, 09 Jun 2023 10:48:03 +0000 https://republika.mk/?p=649589

Син на висок полициски функционер, но и лично функционерот, според медиумите можно е да се вмешани во напад врз полиција, но и можно е да влијаеле врз менување на факти во записите, ова денеска преку прес-конференција го истакна Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Пред неколку дена, поточно на 3 јуни, пред една скопска дискотека, екипа на ЕБР, извршувајќи задача, фатиле група младинци во раните 20-ти години како се подготвуваат да конзумираат бела прашкаста материја, за која што подоцна, според медиумите е утврдено дека е кокаин! Притоа, на повиците од полицијата младинците дрско одбивале да престанат со тоа што го прават и доаѓа до физички напад од групата кон полицаец, со тоа што, како што се наведува, еден од нив го фаќа полицаецот за врат, а други удираат со тупаници и тоа е документирано! Групата е однесена во полициска станица Карпош во 1 часот 45 минути! И тогаш, се наведува, се заведени приведените четворица, со име и со презиме! Но кривично правниот настан, нападот е заведен дури во 6 часот и 30 минути сабајлето! И во него се споменуваат само три лица, вели Стоилковски.

Тој, воден од многу големи индиции прашува:

· Дали при контролата и потоа за време на нападот бил присутен и синот на директорот на БЈБ Сашо Тасевски? Дали и тој во најмала рака недолично се однесувал кон полицијата?

· Дали веднаш тука се нашол како присутен лично и директорот на БЈБ Сашо Тасевски?

· Дали во периодот од 1 часот и 45 минути па се до 6 часот утрото на 3 јуни, синот и таткото, директорот на БЈБ Сашо Тасевски и синот, правеле притисок врз полицијата и полициската станица Карпош, прво, да не биде запишан синот, а потоа и да се менува записникот од листата на приведените, учесниците во нападот врз полицијата?

„Зошто дури 5 часа од времето на лишување од слобода и носење во полициската станица Карпош оставајќи доволно простор за сомневање се прави новиот извештај и се остава простор да се мисли дека се злоупотребени полициските овластувања? Затоа бараме да постапи Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција да има постапка, да се изврши распит и проверка на фактите на полициските службеници, да се потврдат или да се отфрлат индициите за злоупотреба на полициски овластувања од страна на директорот на БЈБ Сашо Тасевски. Ова не е прв пат името на Сашо Тасевски да е дел од скандали, и тоа да е поврзано со наркотици, пукање од недозволени автоматски оружја или пак дивеење и самоволие, а сега и со напад врз припадници од ЕБР! Со ликови како Сашо Тасевски, чија заслуга е чисто партиска, МВР станува само испостава на мафијата, вели Стоиковски.

https://www.youtube.com/watch?v=ex42OUfzUyc

The post Стоилковски: ЈО за организиран криминал да расчисти дали директор на БЈБ Сашо Тасевски влијаел во случај кога се тепани припадници на ЕБР appeared first on Република.

]]>

Син на висок полициски функционер, но и лично функционерот, според медиумите можно е да се вмешани во напад врз полиција, но и можно е да влијаеле врз менување на факти во записите, ова денеска преку прес-конференција го истакна Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.
Пред неколку дена, поточно на 3 јуни, пред една скопска дискотека, екипа на ЕБР, извршувајќи задача, фатиле група младинци во раните 20-ти години како се подготвуваат да конзумираат бела прашкаста материја, за која што подоцна, според медиумите е утврдено дека е кокаин! Притоа, на повиците од полицијата младинците дрско одбивале да престанат со тоа што го прават и доаѓа до физички напад од групата кон полицаец, со тоа што, како што се наведува, еден од нив го фаќа полицаецот за врат, а други удираат со тупаници и тоа е документирано! Групата е однесена во полициска станица Карпош во 1 часот 45 минути! И тогаш, се наведува, се заведени приведените четворица, со име и со презиме! Но кривично правниот настан, нападот е заведен дури во 6 часот и 30 минути сабајлето! И во него се споменуваат само три лица, вели Стоилковски.
Тој, воден од многу големи индиции прашува: · Дали при контролата и потоа за време на нападот бил присутен и синот на директорот на БЈБ Сашо Тасевски? Дали и тој во најмала рака недолично се однесувал кон полицијата? · Дали веднаш тука се нашол како присутен лично и директорот на БЈБ Сашо Тасевски? · Дали во периодот од 1 часот и 45 минути па се до 6 часот утрото на 3 јуни, синот и таткото, директорот на БЈБ Сашо Тасевски и синот, правеле притисок врз полицијата и полициската станица Карпош, прво, да не биде запишан синот, а потоа и да се менува записникот од листата на приведените, учесниците во нападот врз полицијата?
„Зошто дури 5 часа од времето на лишување од слобода и носење во полициската станица Карпош оставајќи доволно простор за сомневање се прави новиот извештај и се остава простор да се мисли дека се злоупотребени полициските овластувања? Затоа бараме да постапи Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција да има постапка, да се изврши распит и проверка на фактите на полициските службеници, да се потврдат или да се отфрлат индициите за злоупотреба на полициски овластувања од страна на директорот на БЈБ Сашо Тасевски. Ова не е прв пат името на Сашо Тасевски да е дел од скандали, и тоа да е поврзано со наркотици, пукање од недозволени автоматски оружја или пак дивеење и самоволие, а сега и со напад врз припадници од ЕБР! Со ликови како Сашо Тасевски, чија заслуга е чисто партиска, МВР станува само испостава на мафијата, вели Стоиковски.
https://www.youtube.com/watch?v=ex42OUfzUyc

The post Стоилковски: ЈО за организиран криминал да расчисти дали директор на БЈБ Сашо Тасевски влијаел во случај кога се тепани припадници на ЕБР appeared first on Република.

]]>
Трипуновски: Отровен зеленчук е увезен од Албанија, ЈО да отвори истрага https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/tripunovski-otroven-zelenchuk-e-uvezen-od-albanija-jo-da-otvori-istraga/ Mon, 29 May 2023 11:00:26 +0000 https://republika.mk/?p=645720

МЗШВ и Љупчо Николовски наместо да се грижат за тоа каква храна јадат граѓаните, дозволуваат увоз на зеленчук со поголемо ниво на пестициди од дозволеното, обвинува Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Откако го урнисаа македонското земјоделство и го направија увозно зависно, почнаа да увезуваат отровен зеленчук од соседството.

До мене стигнаа документи од анализи на Државната фитосанитарна лабораторија при увоз на зеленчук во Македонија од Албанија, од кои се гледа присуство на пестициди повеќе од дозволеното.

Ова се документи од МЗШВ, од државната фитосанитарна лабораторија, со документ и печат на институцијата заведени со број 10802-409/2 и 10802-372/2, од кои јасно се гледа дека Државната фитосанитарна лабораторија направила анализа на увезена крставица и домат за утврдување на присуство на пестициди. Наодот од анализата утврдува присуство на пестициди над дозволената граница.

Според наши сознанија неколку камиони со отровен зеленчук се влезени во Македонија и пуштени во промет. Ова се доказите.

Граѓаните освен што јадат скапа храна, јадат и небезбедна храна.

ЈО мора веднаш да реагира. Немаме време за комисии, работни тела и инспекции, потребни се итни мерки, брзи истраги и одговорност.

Овој штетен зеленчук може да завршил на пазарите во Скопје, Тетово, Кавадарци, Гостивар, Штип, Велес, буквално низ целата територија на Република Македонија.

Колку треба да биде профитот на некој поединец за да се дозволи труење на сопствените граѓани од страна на власта?

Ваква операција на труење на сопствените граѓани, не може да се спроведе без знаење на Љупчо Николовски и Николче Бабовски.

Бараме веднаш одговор и одговорност од директорот Николче Бабовски и министерот Љупчо Николовски.
Оставки за овој скандал мора да има.

Истовремено барам веднаш да се отвори истрага против Љупчо Николовски, како и за сите  вмешани во процедурите за испитување при увоз на храна.

Потребна е целосна ревизија и заострување на мерките при увоз на храна. Будно ја следиме ситуацијата, и порачуваме дека одговорност за ова ќе има.

Доколку ЈО го премолчи и ова, тогаш идната влада на ВМРО-ДПМНЕ уште во првиот ден од преземањето на власта ќе отвори постапка и ќе изврши истрага кој и зошто допуштил македонските граѓани да консумираат небезбедна храна.

The post Трипуновски: Отровен зеленчук е увезен од Албанија, ЈО да отвори истрага appeared first on Република.

]]>

МЗШВ и Љупчо Николовски наместо да се грижат за тоа каква храна јадат граѓаните, дозволуваат увоз на зеленчук со поголемо ниво на пестициди од дозволеното, обвинува Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.
Откако го урнисаа македонското земјоделство и го направија увозно зависно, почнаа да увезуваат отровен зеленчук од соседството. До мене стигнаа документи од анализи на Државната фитосанитарна лабораторија при увоз на зеленчук во Македонија од Албанија, од кои се гледа присуство на пестициди повеќе од дозволеното. Ова се документи од МЗШВ, од државната фитосанитарна лабораторија, со документ и печат на институцијата заведени со број 10802-409/2 и 10802-372/2, од кои јасно се гледа дека Државната фитосанитарна лабораторија направила анализа на увезена крставица и домат за утврдување на присуство на пестициди. Наодот од анализата утврдува присуство на пестициди над дозволената граница. Според наши сознанија неколку камиони со отровен зеленчук се влезени во Македонија и пуштени во промет. Ова се доказите. Граѓаните освен што јадат скапа храна, јадат и небезбедна храна. ЈО мора веднаш да реагира. Немаме време за комисии, работни тела и инспекции, потребни се итни мерки, брзи истраги и одговорност. Овој штетен зеленчук може да завршил на пазарите во Скопје, Тетово, Кавадарци, Гостивар, Штип, Велес, буквално низ целата територија на Република Македонија. Колку треба да биде профитот на некој поединец за да се дозволи труење на сопствените граѓани од страна на власта? Ваква операција на труење на сопствените граѓани, не може да се спроведе без знаење на Љупчо Николовски и Николче Бабовски. Бараме веднаш одговор и одговорност од директорот Николче Бабовски и министерот Љупчо Николовски. Оставки за овој скандал мора да има. Истовремено барам веднаш да се отвори истрага против Љупчо Николовски, како и за сите  вмешани во процедурите за испитување при увоз на храна. Потребна е целосна ревизија и заострување на мерките при увоз на храна. Будно ја следиме ситуацијата, и порачуваме дека одговорност за ова ќе има. Доколку ЈО го премолчи и ова, тогаш идната влада на ВМРО-ДПМНЕ уште во првиот ден од преземањето на власта ќе отвори постапка и ќе изврши истрага кој и зошто допуштил македонските граѓани да консумираат небезбедна храна.

The post Трипуновски: Отровен зеленчук е увезен од Албанија, ЈО да отвори истрага appeared first on Република.

]]>
Поведена постапка за узурпација на просторот во близина на поликлиниката „Бит Пазар“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/povedena-postapka-za-uzurpatsija-na-prostorot-vo-blizina-na-poliklinikata-bit-pazar/ Sun, 14 May 2023 07:05:01 +0000 https://republika.mk/?p=640579

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за две лица против кои е поведена постапка за кривично дело – Узурпација на недвижности согласно член 225 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопшти утрово Јавното обвинителство на Република Македонија, осомничените, на возраст од 45 и 42 години, на особено дрзок начин, со багер урнале дел од оградата на поликлиниката „Бит Пазар“ и почнале да го рамнат и тампонираат земјиштето во близина на здравствената установа кое не било во нивна сопственост, со намера да го претворат во паркинг, иако за тоа немале соодветна дозвола од општината.

Надлежниот јавен обвинител предложи мерка притвор оценувајќи дека во конкретниот случај постои опасност осомничените да го повторат делото, бидејќи кривично-правните дејствија ги презеле преку исклучителен волунтаризам и самоволие, со нарушување на имотот на објект кој е во општа употреба. Двајцата манифестирале огромна упорност за реализирање на својот потфат и за само два часа успеале да ја урнат оградата и бетонските столбови со цел да овозможат пристап на градежна механизација на локацијата, започнале да носат камиони со тампон и истуриле огромно количество песок за да го тампонираат просторот. Во ноќни услови, на особено фреквентно место од градот, со своите ископувања стигнале до ѕидовите на болницата, при што го загрозиле пристапот до болницата и спроводот на пациентите во итни случаи, наведува ЈО.

Намерата на осомничените била во најкраток можен период за време на викендот да го заокружат криминалниот потфат со ставање сопствена рампа со која во иднина би го узурпирале просторот и би профитирале од наплата на паркинг без дозвола. Ова за обвинителството укажува дека тенденцијата на осомничените била и понатаму да се занимаваат со казниви дејствија што го оправдува стравот дека постои опасност тие да го повторат кривичното дело.

Според ЈО, судијата на претходна постапка ги разгледа околностите и за првоосомничениот, кој го узурпирал земјиштето определи мерка притвор во траење од осум дена, додека за вториот осомничен – управувач со багерот определени се мерки на претпазливост.​

The post Поведена постапка за узурпација на просторот во близина на поликлиниката „Бит Пазар“ appeared first on Република.

]]>

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за две лица против кои е поведена постапка за кривично дело – Узурпација на недвижности согласно член 225 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Како што соопшти утрово Јавното обвинителство на Република Македонија, осомничените, на возраст од 45 и 42 години, на особено дрзок начин, со багер урнале дел од оградата на поликлиниката „Бит Пазар“ и почнале да го рамнат и тампонираат земјиштето во близина на здравствената установа кое не било во нивна сопственост, со намера да го претворат во паркинг, иако за тоа немале соодветна дозвола од општината. Надлежниот јавен обвинител предложи мерка притвор оценувајќи дека во конкретниот случај постои опасност осомничените да го повторат делото, бидејќи кривично-правните дејствија ги презеле преку исклучителен волунтаризам и самоволие, со нарушување на имотот на објект кој е во општа употреба. Двајцата манифестирале огромна упорност за реализирање на својот потфат и за само два часа успеале да ја урнат оградата и бетонските столбови со цел да овозможат пристап на градежна механизација на локацијата, започнале да носат камиони со тампон и истуриле огромно количество песок за да го тампонираат просторот. Во ноќни услови, на особено фреквентно место од градот, со своите ископувања стигнале до ѕидовите на болницата, при што го загрозиле пристапот до болницата и спроводот на пациентите во итни случаи, наведува ЈО. Намерата на осомничените била во најкраток можен период за време на викендот да го заокружат криминалниот потфат со ставање сопствена рампа со која во иднина би го узурпирале просторот и би профитирале од наплата на паркинг без дозвола. Ова за обвинителството укажува дека тенденцијата на осомничените била и понатаму да се занимаваат со казниви дејствија што го оправдува стравот дека постои опасност тие да го повторат кривичното дело. Според ЈО, судијата на претходна постапка ги разгледа околностите и за првоосомничениот, кој го узурпирал земјиштето определи мерка притвор во траење од осум дена, додека за вториот осомничен – управувач со багерот определени се мерки на претпазливост.​

The post Поведена постапка за узурпација на просторот во близина на поликлиниката „Бит Пазар“ appeared first on Република.

]]>