јкп „шар“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jkp-shar/ За подобро да се разбереме Fri, 15 Mar 2024 17:39:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png јкп „шар“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jkp-shar/ 32 32 Комуналното од Тетово доби полициска пријава за оставено ѓубре сред улица https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/komunalnoto-od-tetovo-dobi-politsiska-prijava-za-ostaveno-gubre-sred-ulitsa/ Fri, 15 Mar 2024 18:31:49 +0000 https://republika.mk/?p=755239

Секторот за внатрешни работи Тетово со апел до граѓаните и претпријатијата задолжени за одржување на јавната хигиена во Тетово целосно и безусловно да се придржуваат на Законот за јавна чистота и Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, велат оттаму апелирајќи граѓаните да не ги оставаат отпадоците каде ќе стигнат, надвор од контејнерите и другите садови за таа намена, а претпријатијата редовно да го подигаат сметот и да не дозволат создавање на купишта со расфрлани отпадоци.

Зашто, неретко купиштата отпадоци или неправилно поставени контејнери го попречуваат нормалното и безбедно движење на возилата и пешаците, пред се и на некои потесни места и предизвикуваат застој во одвивањето на сообраќајот. Овој месец, на пример, СВР Тетово изготви соодветен поднесок против ЈКП „Шар“ од Тетово согласно член 12 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата за неподигнат смет од јавни сообраќајни површини, оставен на самиот коловоз. Вакви поднесоци ќе се изготвуваат и во наредниот период со цел да се овозможи нормален сообраќаен проток низ градските улици и да се придонесе за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот, а посебно на пешаците, велат од СВР Тетово.

Потсетуваат дека глобите за непочитување на оваа законска одредба се движат од 100 до 1000, односно до 10 илјади евра, зависно од тоа дали е физичко или правно лице и плус 500 евра за одговорното лице на правниот субјект.

The post Комуналното од Тетово доби полициска пријава за оставено ѓубре сред улица appeared first on Република.

]]>