Јилдз Веапоска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jildz-veaposka/ За подобро да се разбереме Fri, 22 Dec 2023 15:02:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Јилдз Веапоска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jildz-veaposka/ 32 32 Веапоска: Сè повеќе и повеќе ми се скратува животот со секое повторување што ми се случи во таа сала https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/veaposka-se-poveke-i-poveke-mi-se-skratuva-zhivotot-so-sekoe-povtoruvane-shto-mi-se-sluchi-vo-taa-sala/ Fri, 22 Dec 2023 15:22:33 +0000 https://republika.mk/?p=725756

Со исказ на оштетената, Јилдз Веапоска, на која по породување со царски рез ѝ беа отстранети три органи, денеска во Основниот суд во Струга по трет пат почна судскиот процес против тројцата лекари од струшката Болница, гинекологот Мухамед Асани, неговиот син, доктор Блертон Асани и доктор Лилјана Јованоска.

Судењето почнува од почеток поради промена на судечкиот судија и јавниот обвинител, поради пензионирање на претходните кои го водеа процесот.

Тројцата лекари и во новиот исказ, пред судот се изјаснија дека не се чуствуваат виновни за кривичното дело што им се става на товар.

На барање на обвинителката Ермира Муса-Нура, Веапоска даде исказ во кој повтори дека имала уредна втора бременост, која ја следел првоосомничениот доктор Мухамед Асани. Тој, како што кажа, одлучил дека треба да се породи со царски рез, а во болницата ја примил второосомничениот, неговиот син Блертон Асани.

По извршениот царски рез, на 28 август 2020 година, оштетената посочи дека се разбудила со огромни болки во пределот на стомакот за што добила терапија. Иако, како што тврди, пет дена во болницата лежела со болки и голем оток во стомакот не ѝ биле направени никакви испитувања, сѐ до петтиот ден кога паднала во шок состојба и ѝ била направена операција во која ѝ биле отстранети матката, јајник и бубрег, а потоа била пренесена на Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување - КАРИЛ во Скопје со обилно крварење. Таму, според Веапоска, ѝ била направена нова операција за да се спречи крварењето.

Бранителот на прво и второобвинетиот, Игор Петковски, во вкрстено испрашување, меѓу другото, ја праша Веапоска, дали имала претходно здравствени проблеми со отстранетите органи и со висок притисок, на што таа одговори негативно.

Адвокатот на оштетената, Сашо Јанев, изрази доверба во судијата и јавниот обвинител и рече дека очекува брза разрешница на случајот. Според него, главното прашање е кој, како и зошто ги извадил органите, а не дали и колку била во кома неговата клиентка.

Што е важно дали била или не била во кома, важно имала органи во себе, а после царскиот рез немала органи во себе. Никаде не постои ниту медицинска историја за било каков проблем патолошки или физиопатолошки наод, ниту индикација дека требало да се лекуваат или да бидат отстранети. Тоа е суштината на процесот, а не дали била во кома или не, изјави Јанев по судењето.

Враќањето на постапката по трет пат и давањето исказ Веапоска вели дека ја враќа на случувањата од пред три години и оти тоа е многу тешко за неа.

По трет пат давање исказ и враќање на тоа што ми се случи се повеќе и повеќе ми го скратува животот и сѐ повеќе сум изнемоштена. Наместо да дојде правдата и докторите да си ја добијат казната што ја заслужуваат, доведена сум повторно да го кажувам она низ што поминав, изјави Веапоска.

Очекува процесот да заврши што побргу и доколку обвинетите лекари не ја добијат казната тука, повтори дека правдата ќе ја бара во Стразбур.

Следното судско рочиште е закажано за 26 февруари, кога на предлог на одбраната треба да присуствува техничкиот советник, доктор Драге Дабевски од Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје.

The post Веапоска: Сè повеќе и повеќе ми се скратува животот со секое повторување што ми се случи во таа сала appeared first on Република.

]]>

Со исказ на оштетената, Јилдз Веапоска, на која по породување со царски рез ѝ беа отстранети три органи, денеска во Основниот суд во Струга по трет пат почна судскиот процес против тројцата лекари од струшката Болница, гинекологот Мухамед Асани, неговиот син, доктор Блертон Асани и доктор Лилјана Јованоска. Судењето почнува од почеток поради промена на судечкиот судија и јавниот обвинител, поради пензионирање на претходните кои го водеа процесот. Тројцата лекари и во новиот исказ, пред судот се изјаснија дека не се чуствуваат виновни за кривичното дело што им се става на товар. На барање на обвинителката Ермира Муса-Нура, Веапоска даде исказ во кој повтори дека имала уредна втора бременост, која ја следел првоосомничениот доктор Мухамед Асани. Тој, како што кажа, одлучил дека треба да се породи со царски рез, а во болницата ја примил второосомничениот, неговиот син Блертон Асани. По извршениот царски рез, на 28 август 2020 година, оштетената посочи дека се разбудила со огромни болки во пределот на стомакот за што добила терапија. Иако, како што тврди, пет дена во болницата лежела со болки и голем оток во стомакот не ѝ биле направени никакви испитувања, сѐ до петтиот ден кога паднала во шок состојба и ѝ била направена операција во која ѝ биле отстранети матката, јајник и бубрег, а потоа била пренесена на Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување - КАРИЛ во Скопје со обилно крварење. Таму, според Веапоска, ѝ била направена нова операција за да се спречи крварењето. Бранителот на прво и второобвинетиот, Игор Петковски, во вкрстено испрашување, меѓу другото, ја праша Веапоска, дали имала претходно здравствени проблеми со отстранетите органи и со висок притисок, на што таа одговори негативно. Адвокатот на оштетената, Сашо Јанев, изрази доверба во судијата и јавниот обвинител и рече дека очекува брза разрешница на случајот. Според него, главното прашање е кој, како и зошто ги извадил органите, а не дали и колку била во кома неговата клиентка.
Што е важно дали била или не била во кома, важно имала органи во себе, а после царскиот рез немала органи во себе. Никаде не постои ниту медицинска историја за било каков проблем патолошки или физиопатолошки наод, ниту индикација дека требало да се лекуваат или да бидат отстранети. Тоа е суштината на процесот, а не дали била во кома или не, изјави Јанев по судењето.
Враќањето на постапката по трет пат и давањето исказ Веапоска вели дека ја враќа на случувањата од пред три години и оти тоа е многу тешко за неа.
По трет пат давање исказ и враќање на тоа што ми се случи се повеќе и повеќе ми го скратува животот и сѐ повеќе сум изнемоштена. Наместо да дојде правдата и докторите да си ја добијат казната што ја заслужуваат, доведена сум повторно да го кажувам она низ што поминав, изјави Веапоска.
Очекува процесот да заврши што побргу и доколку обвинетите лекари не ја добијат казната тука, повтори дека правдата ќе ја бара во Стразбур. Следното судско рочиште е закажано за 26 февруари, кога на предлог на одбраната треба да присуствува техничкиот советник, доктор Драге Дабевски од Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје.

The post Веапоска: Сè повеќе и повеќе ми се скратува животот со секое повторување што ми се случи во таа сала appeared first on Република.

]]>
Веапоска: Можеби до мојата смрт правда ќе има, додека сум жива, нема да се откажам https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/veaposka-mozhebi-do-mojata-smrt-pravda-ke-ima-dodeka-sum-zhiva-nema-da-se-otkazham/ Mon, 10 Jul 2023 18:45:03 +0000 https://republika.mk/?p=659846

Суддењето за случајот со родилката Јалдз Веапоска, на која ѝ беа извадени матката, бубрегот и јајчникот, повторно се одложи поради тоа што и вториот судија кому му е доделен предметот ќе се пензионира.

„Ова е само купување време, првиот судија, кој го зеде мојот предмет, замина во пензија, ставија нов судија, но како што кажа и самиот тука заврши и неговото судење затоа што и тој ќе оди во пензија и дека ќе дојде нов судечки судија, кој ќе го земе мојот предмет“, изјави револтирано Веапоска.

Таа додаде дека нема никакво очекување и не верува во судот.

„Доктор Драги Дабески, кој требаше денеска да биде тука, кој е на страната на обвинетите, има направено спротивно вештачење на вештачењето на Институтот на судска медицина“, додаде таа.

Според вештачењето на Дабески, докторите професионално си ја вршеле работата, ако не ја завршеле работата, ќе дошло до смртен исход, вели Веапоска.

„Јас правдата колку години ќе ја барам – не знам бидејќи сум доста физички оштетена, половина човек сум. Можеби до мојата смрт правда ќе има. Додека сум жива, нема да се откажам од правдата. Не знам колку психички ќе можам да го издржам сето ова малтретирање“, изјави Веапоска.

Доколку добро си ја завршиле работата, немаше да имам нова интервенција, обвинува таа.

 

The post Веапоска: Можеби до мојата смрт правда ќе има, додека сум жива, нема да се откажам appeared first on Република.

]]>

Суддењето за случајот со родилката Јалдз Веапоска, на која ѝ беа извадени матката, бубрегот и јајчникот, повторно се одложи поради тоа што и вториот судија кому му е доделен предметот ќе се пензионира. „Ова е само купување време, првиот судија, кој го зеде мојот предмет, замина во пензија, ставија нов судија, но како што кажа и самиот тука заврши и неговото судење затоа што и тој ќе оди во пензија и дека ќе дојде нов судечки судија, кој ќе го земе мојот предмет“, изјави револтирано Веапоска. Таа додаде дека нема никакво очекување и не верува во судот. „Доктор Драги Дабески, кој требаше денеска да биде тука, кој е на страната на обвинетите, има направено спротивно вештачење на вештачењето на Институтот на судска медицина“, додаде таа. Според вештачењето на Дабески, докторите професионално си ја вршеле работата, ако не ја завршеле работата, ќе дошло до смртен исход, вели Веапоска. „Јас правдата колку години ќе ја барам – не знам бидејќи сум доста физички оштетена, половина човек сум. Можеби до мојата смрт правда ќе има. Додека сум жива, нема да се откажам од правдата. Не знам колку психички ќе можам да го издржам сето ова малтретирање“, изјави Веапоска. Доколку добро си ја завршиле работата, немаше да имам нова интервенција, обвинува таа.  

The post Веапоска: Можеби до мојата смрт правда ќе има, додека сум жива, нема да се откажам appeared first on Република.

]]>
Додека судењето се одолговлекува, на Јилдиз ѝ е отстранета и жолчката: Не сум добро https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/dodeka-sudeneto-se-odolgovlekuva-na-jildiz-e-otstraneta-i-zholchkata-ne-sum-dobro/ Fri, 10 Mar 2023 11:10:40 +0000 https://republika.mk/?p=618080

Во Основниот суд во Струга денеска по третпат беше одложено судењето за случајот со родилката Јилдиз Веапоска од Дебар, на која ѝ беа отстранети три органи по породувањето со царски рез, против тројца лекари од Болницата во Струга.

Одлагањето, како што беше истакнато на денешното рочиште, на кое требаше да сведочи медицинска сестра на барање на обвинителството, е поради отсуство на адвокат на обвинета во случајот. Судењето е закажано за 9 мај, со образложение дека адвокатот имал хирушка интервенција.

[caption id="attachment_618086" align="aligncenter" width="1080"] (фото: МИА)[/caption]

Адвокатот на оштетената Веапоска, Сашо Јанев, смета дека неговиот колега од спротивниот табор навистина имал здравствени проблеми и оти одлагањето не е дел од неговата тактика.

Го познавам како чесен адвокат и верувам дека навистина е на оперативен зафат. Јас му посакувам брзо оздравување. Секој адвокат има своја тактика. Искрено не верувам дека ова е дел од тактиката. Меѓутоа, сепак премногу време одминува по однос на ова судење. Очекувам дека од следното рочиште ќе се убрза целокупниот процес и ќе дојдеме до првостепена пресуда во најскор можен рок, изјави Јанев по излегувањето од судницата.

[caption id="attachment_618085" align="aligncenter" width="730"] (фото: МИА)[/caption]

Оштетената Веапоска, смета дека постапката се одолговлекува од почетокот и оти ова одлагање е купување време, но очекува дека еден ден правдата ќе биде задоволена.

Постапката се одолговлекува уште од самиот почеток, уште од Лекарската комора и од Министерството за здравство, па се до тука. Колку и да се одложува еден ден ќе дојде крајот, мислам дека правда треба и мора да има за овој случај, рече Веапоска.

Кажа дека досега се немала соочено со ниту еден доктор надвор од судницата, но оти сака законски да одговараат за тоа што останала без матка, јајник и бубрег. Веапоска истакна дека се лекувала на психијатрија и оти здравствената состојба се повеќе и се влошува психички и физички, а во меѓувреме имала и друг оперативен зафат во кој и била отстранета жолчката.

The post Додека судењето се одолговлекува, на Јилдиз ѝ е отстранета и жолчката: Не сум добро appeared first on Република.

]]>

Во Основниот суд во Струга денеска по третпат беше одложено судењето за случајот со родилката Јилдиз Веапоска од Дебар, на која ѝ беа отстранети три органи по породувањето со царски рез, против тројца лекари од Болницата во Струга. Одлагањето, како што беше истакнато на денешното рочиште, на кое требаше да сведочи медицинска сестра на барање на обвинителството, е поради отсуство на адвокат на обвинета во случајот. Судењето е закажано за 9 мај, со образложение дека адвокатот имал хирушка интервенција. [caption id="attachment_618086" align="aligncenter" width="1080"] (фото: МИА)[/caption] Адвокатот на оштетената Веапоска, Сашо Јанев, смета дека неговиот колега од спротивниот табор навистина имал здравствени проблеми и оти одлагањето не е дел од неговата тактика.
Го познавам како чесен адвокат и верувам дека навистина е на оперативен зафат. Јас му посакувам брзо оздравување. Секој адвокат има своја тактика. Искрено не верувам дека ова е дел од тактиката. Меѓутоа, сепак премногу време одминува по однос на ова судење. Очекувам дека од следното рочиште ќе се убрза целокупниот процес и ќе дојдеме до првостепена пресуда во најскор можен рок, изјави Јанев по излегувањето од судницата.
[caption id="attachment_618085" align="aligncenter" width="730"] (фото: МИА)[/caption] Оштетената Веапоска, смета дека постапката се одолговлекува од почетокот и оти ова одлагање е купување време, но очекува дека еден ден правдата ќе биде задоволена.
Постапката се одолговлекува уште од самиот почеток, уште од Лекарската комора и од Министерството за здравство, па се до тука. Колку и да се одложува еден ден ќе дојде крајот, мислам дека правда треба и мора да има за овој случај, рече Веапоска.
Кажа дека досега се немала соочено со ниту еден доктор надвор од судницата, но оти сака законски да одговараат за тоа што останала без матка, јајник и бубрег. Веапоска истакна дека се лекувала на психијатрија и оти здравствената состојба се повеќе и се влошува психички и физички, а во меѓувреме имала и друг оперативен зафат во кој и била отстранета жолчката.

The post Додека судењето се одолговлекува, на Јилдиз ѝ е отстранета и жолчката: Не сум добро appeared first on Република.

]]>
Мора да се одземе лиценцата на Асани, инаку за „касапниците“ соучесници се сите надлежни институции https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mora-da-se-odzeme-litsentsata-na-asani-inaku-za-kasapnitsite-souchesnitsi-se-site-nadlezhni-institutsii/ Fri, 03 Feb 2023 10:06:07 +0000 https://republika.mk/?p=604210

Условната казна за струшкиот гинеколог кој со години работел „на црно“ покажува дека здравјето на жените во земјава не вреди ни „пет пари“. Соучесници се сите надлежни институции и Лекарската комора, реагираат од Платформата за родова еднаквост на пресудата на струшкиот Основен суд со која му се изрекува условна казна на гинекологот Мухамед Асани.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/uslovna-kazna-za-ordinatsijata-na-asani-veaposka-veli-daj-bozhe-za-vadeneto-na-moite-organi-da-se-kazni-so-zatvor/

Нивната реакција ви ја пренесуваме во целост:

Платформата за родова еднаквост е згрозена од пресудата на струшкиот Основен суд со која му се изрекува условна казна на гинекологот Мухамед Асани кој во периодот од 2015 до 2020 година нелегално давал гинеколошки услуги во нерегистрирана ординација во својата куќа. Дополнително, фрапира фактот што Судот со оваа пресуда не изрече и споредна казна забрана за вршење на професија, дејност или должност, иако таа можност е предвидена со Кривичниот законик.

И покрај наодите на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, кој уште пред две години изврши вонреден надзор на ординацијата, по што и поднесе кривична пријава, и силните реакции на граѓанските организации, Лекарската комора до ден-денес не му ја одзеде лиценцата за работа на гинекологот меѓу чии пациентки е и Јелдз Веапоска. За потсетување, гинекологот Асани нелегално ѝ ја водел бременоста во својата домашна ординација, а при породувањето во струшката болница, заведено во официјалната документација како стандарден оперативен зафат, ѝ извадил матка, бубрег и јајник.

Оттука, со голем револт констатираме дека на ваков начин, и Судот и Лекарската комора застануваат во одбрана на нелегалната здравствена пракса во земјава. Условувајќи го казнувањето на нелегалното работење со чекање да се случи дополнително кривично дело, тие не само што ја одржуваат културата на неказнивност туку и недвосмислено ја поддржуваат системската негрижа за здравјето на жените – наместо лавовски да се борат против неа.

Пристапот до нелегални здравствени услуги секојпат носи огромен ризик по здравјето на луѓето, што го потврдува и случајот со Веапоска за што Асани исто така кривично се товари.

Оттука, Платформата за родова еднаквост бара:

· Доколку по вака донесената првостепена пресуда се поднесе жалба и предметот е даден на решавање на Второстепен суд, истиот задолжително да изрече дополнителна споредна казна забрана за вршење на професија, дејност или должност, во најдолгото времетраење превидено во Кривичниот законик;

· Основното јавно обвинителство да поднесе жалба и да побара построга казна;

· Доколку вака донесената првостепена пресуда е конечна, во постапката во која гинекологот Мухамед Асани се товари поради тоа што при царскиот рез, на Јелдз Веапоска ѝ извадил три органи, а чие следно рочиште е закажано за 10 март, покрај главната казна, задолжително да биде изречена и споредна казна забрана за вршење на професија, дејност или должност;

· Лекарската комора да се одважи и по вчерашната пресуда конечно да му ја одземе лиценцата за работа на гинекологот;

· Министерството за здравство во соработка со надлежните инспекторати и институции итно да излезе на терен и проактивно да се вклучи во откривање и стопирање на нелегалните ординации и покренување постапки против лекарите кои работат „на црно”.

Здравјето на жените мора да биде врвен приоритет за сите институции и за Лекарската комора: затоа, случаи на нелегални ординации кои се потенцијални „касапници” не смеат да се повторат во иднина!

Членки на Платформата:

1. Tiiiit! Inc.

2. Бори се женски

3. Женска граѓанска иницијатива АНТИКО

4. Здружение женски форум

5. Здружение за еднакви можности Семпер

6. Здружение за локален рурален развој

7. Здружение за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје

8. Здружение за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска

9. Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените - ЕСЕ

10. Здружение за едукативен развој ЕКВАЛИС

11. Институтот за општествени и хуманистички науки

12. Коалиција Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници МАРГИНИ Скопје

13. ЛезФем

14. Мрежа за заштита од дискриминација

15. Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство

16. Националниот совет за родова рамноправност

17. Организација на жени на град Скопје (ОЖС)

18. Организација на жените на општина Свети Николе

19. Организација на жените “Кумановка“

20. Реактор – Истражување во акција

21. Рурална Коалиција

22. Стела

23. ТАКТ

24. Хелсиншки комитет за човекови права

25. ХЕРА

26. ХОПС – Опции за здрав живот Скопје

27. Хуманитарно Здружение „Мајка“

28. Центар за истражување и креирање политики (ЦРПМ)

The post Мора да се одземе лиценцата на Асани, инаку за „касапниците“ соучесници се сите надлежни институции appeared first on Република.

]]>

Условната казна за струшкиот гинеколог кој со години работел „на црно“ покажува дека здравјето на жените во земјава не вреди ни „пет пари“. Соучесници се сите надлежни институции и Лекарската комора, реагираат од Платформата за родова еднаквост на пресудата на струшкиот Основен суд со која му се изрекува условна казна на гинекологот Мухамед Асани. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/uslovna-kazna-za-ordinatsijata-na-asani-veaposka-veli-daj-bozhe-za-vadeneto-na-moite-organi-da-se-kazni-so-zatvor/ Нивната реакција ви ја пренесуваме во целост: Платформата за родова еднаквост е згрозена од пресудата на струшкиот Основен суд со која му се изрекува условна казна на гинекологот Мухамед Асани кој во периодот од 2015 до 2020 година нелегално давал гинеколошки услуги во нерегистрирана ординација во својата куќа. Дополнително, фрапира фактот што Судот со оваа пресуда не изрече и споредна казна забрана за вршење на професија, дејност или должност, иако таа можност е предвидена со Кривичниот законик. И покрај наодите на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, кој уште пред две години изврши вонреден надзор на ординацијата, по што и поднесе кривична пријава, и силните реакции на граѓанските организации, Лекарската комора до ден-денес не му ја одзеде лиценцата за работа на гинекологот меѓу чии пациентки е и Јелдз Веапоска. За потсетување, гинекологот Асани нелегално ѝ ја водел бременоста во својата домашна ординација, а при породувањето во струшката болница, заведено во официјалната документација како стандарден оперативен зафат, ѝ извадил матка, бубрег и јајник. Оттука, со голем револт констатираме дека на ваков начин, и Судот и Лекарската комора застануваат во одбрана на нелегалната здравствена пракса во земјава. Условувајќи го казнувањето на нелегалното работење со чекање да се случи дополнително кривично дело, тие не само што ја одржуваат културата на неказнивност туку и недвосмислено ја поддржуваат системската негрижа за здравјето на жените – наместо лавовски да се борат против неа. Пристапот до нелегални здравствени услуги секојпат носи огромен ризик по здравјето на луѓето, што го потврдува и случајот со Веапоска за што Асани исто така кривично се товари. Оттука, Платформата за родова еднаквост бара: · Доколку по вака донесената првостепена пресуда се поднесе жалба и предметот е даден на решавање на Второстепен суд, истиот задолжително да изрече дополнителна споредна казна забрана за вршење на професија, дејност или должност, во најдолгото времетраење превидено во Кривичниот законик; · Основното јавно обвинителство да поднесе жалба и да побара построга казна; · Доколку вака донесената првостепена пресуда е конечна, во постапката во која гинекологот Мухамед Асани се товари поради тоа што при царскиот рез, на Јелдз Веапоска ѝ извадил три органи, а чие следно рочиште е закажано за 10 март, покрај главната казна, задолжително да биде изречена и споредна казна забрана за вршење на професија, дејност или должност; · Лекарската комора да се одважи и по вчерашната пресуда конечно да му ја одземе лиценцата за работа на гинекологот; · Министерството за здравство во соработка со надлежните инспекторати и институции итно да излезе на терен и проактивно да се вклучи во откривање и стопирање на нелегалните ординации и покренување постапки против лекарите кои работат „на црно”. Здравјето на жените мора да биде врвен приоритет за сите институции и за Лекарската комора: затоа, случаи на нелегални ординации кои се потенцијални „касапници” не смеат да се повторат во иднина! Членки на Платформата: 1. Tiiiit! Inc. 2. Бори се женски 3. Женска граѓанска иницијатива АНТИКО 4. Здружение женски форум 5. Здружение за еднакви можности Семпер 6. Здружение за локален рурален развој 7. Здружение за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР Скопје 8. Здружение за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска 9. Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените - ЕСЕ 10. Здружение за едукативен развој ЕКВАЛИС 11. Институтот за општествени и хуманистички науки 12. Коалиција Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници МАРГИНИ Скопје 13. ЛезФем 14. Мрежа за заштита од дискриминација 15. Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство 16. Националниот совет за родова рамноправност 17. Организација на жени на град Скопје (ОЖС) 18. Организација на жените на општина Свети Николе 19. Организација на жените “Кумановка“ 20. Реактор – Истражување во акција 21. Рурална Коалиција 22. Стела 23. ТАКТ 24. Хелсиншки комитет за човекови права 25. ХЕРА 26. ХОПС – Опции за здрав живот Скопје 27. Хуманитарно Здружение „Мајка“ 28. Центар за истражување и креирање политики (ЦРПМ)

The post Мора да се одземе лиценцата на Асани, инаку за „касапниците“ соучесници се сите надлежни институции appeared first on Република.

]]>
Условна казна за докторот кој ѝ ги извади органите на родилката, породувал жени на „црно“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/uslovna-kazna-za-doktorot-koj-gi-izvadi-organite-na-rodilkata-poroduval-zheni-na-tsrno/ Thu, 02 Feb 2023 09:08:01 +0000 https://republika.mk/?p=603680

Условна казна му е изречена на гинекологот Мухамед Асани, затоа што во нелегална ординација во неговата куќа, давал здравствени услуги, а меѓу клиентите беше и родилката Јалдз Веапоска, која подоцна остана без органи. Ова е исходот од првата кривична пријава која ја поднесе Државниот санитарен и здравствен инспекторат, а Веапоска во изјава за „Макфакс“ вели дека е задоволна од пресудата. Сега, гинекологот не смее да направи ново кривично дело во наредните четири години, во спротивно, ќе треба да лежи затвор од две години. Пресудата е изречена во струшкиот Основен суд.

Задоволна сум од исходот на случајот за нелегалната ординација, бидејќи му ја најдоа и го казнија за тоа што нелегално ме прегледуваше мене и сите жени во таа ординација. Таму имаше и други жени кои беа прегледувани. Верувам дека сум заштитила и други жени кои би отишле таму да се прегледуваат - вели Веапоска за „Макфакс“.

Пресудата доаѓа две години откако ДСЗИ изврши вонреден надзор во нелегалната ординација. Тогашната директорка на инспекторатот, Ирина Сотирова – Бухова, констатираше дека гинекологот Асани имал комплетна ординација, која не била регистрирана и поднесе кривична пријава. Веапоска за „Макфакс“ додава дека ова е само почеток.

Тоа е почеток, казната што ја доби од судот. Тоа му е прва пресуда. Дај Боже на пресудата за вадењето на моите органи, да се казни со затвор. Сакам повеќе да не е доктор. Да не осакатува други жени. Затоа и тргнав во оваа работа - додава родилката.

Мухамед Асани беше директор на струшката болница. По јавното обелоденување на случајот со Ваепоска, тој беше разрешен. Според родилката, тој и натаму работи во болницата и обавува обврски како доктор. Со оваа пресуда не му е изречена забрана за вршење дејност.

Ваепоска води уште една битка пред струшкиот суд. Тој се гони затоа што по породување со царски рез во струшката болница, и извадил три органи на Веапоска.

The post Условна казна за докторот кој ѝ ги извади органите на родилката, породувал жени на „црно“ appeared first on Република.

]]>

Условна казна му е изречена на гинекологот Мухамед Асани, затоа што во нелегална ординација во неговата куќа, давал здравствени услуги, а меѓу клиентите беше и родилката Јалдз Веапоска, која подоцна остана без органи. Ова е исходот од првата кривична пријава која ја поднесе Државниот санитарен и здравствен инспекторат, а Веапоска во изјава за „Макфакс“ вели дека е задоволна од пресудата. Сега, гинекологот не смее да направи ново кривично дело во наредните четири години, во спротивно, ќе треба да лежи затвор од две години. Пресудата е изречена во струшкиот Основен суд.
Задоволна сум од исходот на случајот за нелегалната ординација, бидејќи му ја најдоа и го казнија за тоа што нелегално ме прегледуваше мене и сите жени во таа ординација. Таму имаше и други жени кои беа прегледувани. Верувам дека сум заштитила и други жени кои би отишле таму да се прегледуваат - вели Веапоска за „Макфакс“.
Пресудата доаѓа две години откако ДСЗИ изврши вонреден надзор во нелегалната ординација. Тогашната директорка на инспекторатот, Ирина Сотирова – Бухова, констатираше дека гинекологот Асани имал комплетна ординација, која не била регистрирана и поднесе кривична пријава. Веапоска за „Макфакс“ додава дека ова е само почеток.
Тоа е почеток, казната што ја доби од судот. Тоа му е прва пресуда. Дај Боже на пресудата за вадењето на моите органи, да се казни со затвор. Сакам повеќе да не е доктор. Да не осакатува други жени. Затоа и тргнав во оваа работа - додава родилката.
Мухамед Асани беше директор на струшката болница. По јавното обелоденување на случајот со Ваепоска, тој беше разрешен. Според родилката, тој и натаму работи во болницата и обавува обврски како доктор. Со оваа пресуда не му е изречена забрана за вршење дејност. Ваепоска води уште една битка пред струшкиот суд. Тој се гони затоа што по породување со царски рез во струшката болница, и извадил три органи на Веапоска.

The post Условна казна за докторот кој ѝ ги извади органите на родилката, породувал жени на „црно“ appeared first on Република.

]]>
Условна казна за oрдинацијата на Асани, Веапоска вели: Дај Боже за вадењето на моите органи да се казни со затвор https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/uslovna-kazna-za-ordinatsijata-na-asani-veaposka-veli-daj-bozhe-za-vadeneto-na-moite-organi-da-se-kazni-so-zatvor/ Wed, 01 Feb 2023 20:22:21 +0000 https://republika.mk/?p=603558

Условна казна му е изречена на гинекологот Мухамед Асани, затоа што во нелегална ординација во неговата куќа давал здравствени услуги, а меѓу клиентите беше и родилката Јалдз Веапоска која подоцна остана без органи.

Ова е исходот од првата кривична пријава која ја поднесе Државниот санитарен и здравствен инспекторат, а Веапоска во изјава за „Макфакс“ вели дека е задоволна од пресудата. Сега гинекологот не смее да направи ново кривично дело во наредните четири години, во спротивно, ќе треба да лежи затвор од две години. Пресудата е изречена во струшкиот Основен суд.

Задоволна сум од исходот на случајот за нелегалната ординација, бидејќи му ја најдоа и го казнија за тоа што нелегално ме прегледуваше мене и сите жени во таа ординација. Таму имаше и други жени кои беа прегледувани. Верувам дека сум заштитила и други жени кои би отишле таму да се прегледуваат, вели Веапоска за „Макфакс“.

The post Условна казна за oрдинацијата на Асани, Веапоска вели: Дај Боже за вадењето на моите органи да се казни со затвор appeared first on Република.

]]>

Условна казна му е изречена на гинекологот Мухамед Асани, затоа што во нелегална ординација во неговата куќа давал здравствени услуги, а меѓу клиентите беше и родилката Јалдз Веапоска која подоцна остана без органи. Ова е исходот од првата кривична пријава која ја поднесе Државниот санитарен и здравствен инспекторат, а Веапоска во изјава за „Макфакс“ вели дека е задоволна од пресудата. Сега гинекологот не смее да направи ново кривично дело во наредните четири години, во спротивно, ќе треба да лежи затвор од две години. Пресудата е изречена во струшкиот Основен суд.
Задоволна сум од исходот на случајот за нелегалната ординација, бидејќи му ја најдоа и го казнија за тоа што нелегално ме прегледуваше мене и сите жени во таа ординација. Таму имаше и други жени кои беа прегледувани. Верувам дека сум заштитила и други жени кои би отишле таму да се прегледуваат, вели Веапоска за „Макфакс“.

The post Условна казна за oрдинацијата на Асани, Веапоска вели: Дај Боже за вадењето на моите органи да се казни со затвор appeared first on Република.

]]>
Не почна судењето за лекарите што и извадија органи на стружанката Јилдз https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ne-pochna-sudenjeto-za-lekarite-shto-i-izvadija-organi-na-struzankata-jildz/ Mon, 06 Jun 2022 15:30:38 +0000 https://republika.mk/?p=511856

Одложено првото рочиште од судскиот процес против тројцата лекари, кои се товарат за несовесно лекување и вадење органи на родилката Јилдз Веапоска што денеска требаше да се одржи во Основниот суд во Струга. Рочиштето е одложено поради отсуство на обвинетите.

Адвокатот на Веапоска Сашо Јанев вели дека колку и да се одлага предметот не може да се избега од фактот дека неговата клиентка е останата без три органи во Струшката болница.

-Може да одлагаат колку сакаат, но факт е дека судењето мора да почне. Се работи за кривично дело, несовесно лекување на болни и максималната казна е до пет години. Судот и обвинителството си ја знаат својата работа и очекуваме позитивен исход, односно оние кои го сториле кривичното дело да одговараат пред закаонот, изјави Јанев, по одлагањето на рочиштето.

Тој очекува да заврши две годишната агонија за неговата клиентка и оти е ја почитуваат одлуката на судот.

Оштетената Веапоска, пак, која при царски рез останала без атка, јајници и бубрег, посочува дека две години се соочува со неправда, и оти покрај здравствено и психички не се члуствува добро.

-Докторот се брани со тоа дека совеста му е чиста и не направил ништо, ми го спасил живот. Но, каков живот ми спаси кога јас сум половина човек. Јас сум без органи и каква чесност има тој доктор. Тој како ќе ме погледне мене во лице. Треба да му се одземе лиценцата за работа и да не работи веќе да не осакатува други жени, рече Веапоска.

За случајот со родилката Веапоска, Лекарската комора првично утврди дека нема лекарска грешка, но, по спроведена постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен предлог против три лица.

На 7 мај годинава ОЈО информираше дека првообвинетиот како лекар – специјалист гинеколог акушер, второобвинетиот како лекар – специјализант по гинекологија и акушерство и третообвинетата како лекар – гинеколог акушер, вработени во Јавната здравствена установа – Медицински центар – Струга, при укажување лекарска помош примениле очигледно неподобно средство и начин на лекување врз пациентка – родилка од Дебар, со што предизвикале влошување на нејзината здравствена состојба.

The post Не почна судењето за лекарите што и извадија органи на стружанката Јилдз appeared first on Република.

]]>

Одложено првото рочиште од судскиот процес против тројцата лекари, кои се товарат за несовесно лекување и вадење органи на родилката Јилдз Веапоска што денеска требаше да се одржи во Основниот суд во Струга. Рочиштето е одложено поради отсуство на обвинетите. Адвокатот на Веапоска Сашо Јанев вели дека колку и да се одлага предметот не може да се избега од фактот дека неговата клиентка е останата без три органи во Струшката болница. -Може да одлагаат колку сакаат, но факт е дека судењето мора да почне. Се работи за кривично дело, несовесно лекување на болни и максималната казна е до пет години. Судот и обвинителството си ја знаат својата работа и очекуваме позитивен исход, односно оние кои го сториле кривичното дело да одговараат пред закаонот, изјави Јанев, по одлагањето на рочиштето. Тој очекува да заврши две годишната агонија за неговата клиентка и оти е ја почитуваат одлуката на судот. Оштетената Веапоска, пак, која при царски рез останала без атка, јајници и бубрег, посочува дека две години се соочува со неправда, и оти покрај здравствено и психички не се члуствува добро. -Докторот се брани со тоа дека совеста му е чиста и не направил ништо, ми го спасил живот. Но, каков живот ми спаси кога јас сум половина човек. Јас сум без органи и каква чесност има тој доктор. Тој како ќе ме погледне мене во лице. Треба да му се одземе лиценцата за работа и да не работи веќе да не осакатува други жени, рече Веапоска. За случајот со родилката Веапоска, Лекарската комора првично утврди дека нема лекарска грешка, но, по спроведена постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен предлог против три лица. На 7 мај годинава ОЈО информираше дека првообвинетиот како лекар – специјалист гинеколог акушер, второобвинетиот како лекар – специјализант по гинекологија и акушерство и третообвинетата како лекар – гинеколог акушер, вработени во Јавната здравствена установа – Медицински центар – Струга, при укажување лекарска помош примениле очигледно неподобно средство и начин на лекување врз пациентка – родилка од Дебар, со што предизвикале влошување на нејзината здравствена состојба.

The post Не почна судењето за лекарите што и извадија органи на стружанката Јилдз appeared first on Република.

]]>