Јилдиз Веаповска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jildiz-veapovska/ За подобро да се разбереме Tue, 23 Apr 2024 21:04:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Јилдиз Веаповска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jildiz-veapovska/ 32 32 Веапоска: Едвај чекам да дојде крајот и вистината да излезе, не само за мене туку за сите жени во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/veaposka-edvaj-chekam-da-dojde-krajot-i-vistinata-da-izleze-ne-samo-za-mene-tuku-za-site-zheni-vo-makedonija/ Wed, 24 Apr 2024 06:59:57 +0000 https://republika.mk/?p=769826

Судскиот процес против тројцата лекари од струшката Болница, гинекологот Мухамед Асани, неговиот син доктор Блертон Асани и доктор Лилјана Јованоска, обвинети за отстранувањето на три органи на родилката од Дебар Јилдз Веапоска ќе продолжи со супер вештачење, беше одлучено на вчерашното рочиште во Основниот суд во Струга.

Таквата одлука на судијата Јордан Јованов дојде поради неусогласување на вештачењата на вешти лица од Судска медицина побарано од Јавниот обвинител и на техничкиот советник на барање на обвинетите. Според вештачењето на тројцата вештаци од Институтот за судска медицина влошувањето на состојбата на Веапоска дошло поради погрешни постапки од здравствените работници, додека вештачењето на техничкиот советник професор доктор Драге Дабески покажува дека обвинетите лекари не направиле пропуст при лекувањето на родилката, туку со дејствувањето и бил спасен животот.

Супер вештачењето треба да го прави судско медицински одбор при Медицинскиот факултет од Скопје. Тоа, според директорот на Институтот за судска медицина професор доктор Александар Станков, треба да го направат три вешти лица.

Нашето вештачење е јасно, концизно, лоцирани се сите проблеми заради кои е дојдено до состојбата кај оштетената Веапоска и заради што и се извадени органите. Според нашето вештачење, влошувањето на здравствената состојба е настанато исклучиво поради делувањето на здравствениот тим во Болницата во Струга, изјави Станков.

Врз основа на вештачењето на Судска медицина, нагласи, беше подигнато и обвинението за случајот со родилката од Дебар.

За жал законот е таков каков што е, овозможува вештачење од вештак поединец кое се споредува со вештачење направено од институција и тројца професори. Со тоа му дава право на судот да побара супер вештачење кога имаме спротивни вештачења. Ова многу често се случува намерно и врз основа на никакви докази да се прават вештачења, кои се спротивни, само за да бидат спротивни на вештачењето дадено од Институтот за да можат да се прават супер вештачења, заклучи Станков.

Адвокатот на трето обвинетата, Александар Новаковски истакна дека двете вештачења не се усогласија во однос на настанување на последиците кои ги има оштетената, односно се со спротивставени мислења за начинот на кој е водена целата нега.

Со оглед дека вештаците предложени од Обвинителството и вештакот од одбраната кои ги дадоа своите извештаи и искази не успеаа да се усогласат, судијата донесе наредба да се изврши супер вештачење. Кога ќе се добие тоа супер вештачење ќе привршуваме со предметот, истакна Новаковски.

За адвокатот на оштетената Сашо Јанев постои само едно вештачење, а тоа е вештачењето на Судска медицина.

Јас сум убеден дека ова вештачење ќе опстои бидејќи нема друга вистина. Но судот нема избор кога постојат две спротивставени вештачења, иако според мене нема спротивставеност тука. Судско медицинскиот одбор при Медицинскиот факултет е составен од 19 лекари од различни профили. Верувам дека тие луѓе солидно и квалитетно ќе си ја извршат својата работа и не се сомневам во квалитетот на супер вештачењето. Јас сум убеден, ја знам вистината. Вистината е дека мојот клиент е оштетен поради дејствија на лекарите, а тоа има да се затвори со една квалитетна законита пресуда, изјави Јанев.

Судскиот процес со родилката од Дебар Јилдз Веапоска, на која по породувањето со царски рез, во Болницата во Струга и беа отстранеи матка, јајник и бубрег трае две години, во кои се променија тројца судии. Оштетената вели дека сето тоа лошо влијае врз неа и нејзиното здравје, но очекува правдата да биде задоволена.

Врз мене лошо влијае и физички и психички и едвај чекам да дојде крајот и вистината да излезе. Не само за мене туку за сите жени во Македонија да не молчат и да не запираат кога има лекарски грешки, рече Веапоска.

Следното рочиште, кога се очекува да биде готов извештајот од супер вештачењето е закажано за 3 јуни годинава.

The post Веапоска: Едвај чекам да дојде крајот и вистината да излезе, не само за мене туку за сите жени во Македонија appeared first on Република.

]]>

Судскиот процес против тројцата лекари од струшката Болница, гинекологот Мухамед Асани, неговиот син доктор Блертон Асани и доктор Лилјана Јованоска, обвинети за отстранувањето на три органи на родилката од Дебар Јилдз Веапоска ќе продолжи со супер вештачење, беше одлучено на вчерашното рочиште во Основниот суд во Струга. Таквата одлука на судијата Јордан Јованов дојде поради неусогласување на вештачењата на вешти лица од Судска медицина побарано од Јавниот обвинител и на техничкиот советник на барање на обвинетите. Според вештачењето на тројцата вештаци од Институтот за судска медицина влошувањето на состојбата на Веапоска дошло поради погрешни постапки од здравствените работници, додека вештачењето на техничкиот советник професор доктор Драге Дабески покажува дека обвинетите лекари не направиле пропуст при лекувањето на родилката, туку со дејствувањето и бил спасен животот. Супер вештачењето треба да го прави судско медицински одбор при Медицинскиот факултет од Скопје. Тоа, според директорот на Институтот за судска медицина професор доктор Александар Станков, треба да го направат три вешти лица.
Нашето вештачење е јасно, концизно, лоцирани се сите проблеми заради кои е дојдено до состојбата кај оштетената Веапоска и заради што и се извадени органите. Според нашето вештачење, влошувањето на здравствената состојба е настанато исклучиво поради делувањето на здравствениот тим во Болницата во Струга, изјави Станков.
Врз основа на вештачењето на Судска медицина, нагласи, беше подигнато и обвинението за случајот со родилката од Дебар.
За жал законот е таков каков што е, овозможува вештачење од вештак поединец кое се споредува со вештачење направено од институција и тројца професори. Со тоа му дава право на судот да побара супер вештачење кога имаме спротивни вештачења. Ова многу често се случува намерно и врз основа на никакви докази да се прават вештачења, кои се спротивни, само за да бидат спротивни на вештачењето дадено од Институтот за да можат да се прават супер вештачења, заклучи Станков.
Адвокатот на трето обвинетата, Александар Новаковски истакна дека двете вештачења не се усогласија во однос на настанување на последиците кои ги има оштетената, односно се со спротивставени мислења за начинот на кој е водена целата нега.
Со оглед дека вештаците предложени од Обвинителството и вештакот од одбраната кои ги дадоа своите извештаи и искази не успеаа да се усогласат, судијата донесе наредба да се изврши супер вештачење. Кога ќе се добие тоа супер вештачење ќе привршуваме со предметот, истакна Новаковски.
За адвокатот на оштетената Сашо Јанев постои само едно вештачење, а тоа е вештачењето на Судска медицина.
Јас сум убеден дека ова вештачење ќе опстои бидејќи нема друга вистина. Но судот нема избор кога постојат две спротивставени вештачења, иако според мене нема спротивставеност тука. Судско медицинскиот одбор при Медицинскиот факултет е составен од 19 лекари од различни профили. Верувам дека тие луѓе солидно и квалитетно ќе си ја извршат својата работа и не се сомневам во квалитетот на супер вештачењето. Јас сум убеден, ја знам вистината. Вистината е дека мојот клиент е оштетен поради дејствија на лекарите, а тоа има да се затвори со една квалитетна законита пресуда, изјави Јанев.
Судскиот процес со родилката од Дебар Јилдз Веапоска, на која по породувањето со царски рез, во Болницата во Струга и беа отстранеи матка, јајник и бубрег трае две години, во кои се променија тројца судии. Оштетената вели дека сето тоа лошо влијае врз неа и нејзиното здравје, но очекува правдата да биде задоволена.  
Врз мене лошо влијае и физички и психички и едвај чекам да дојде крајот и вистината да излезе. Не само за мене туку за сите жени во Македонија да не молчат и да не запираат кога има лекарски грешки, рече Веапоска.
Следното рочиште, кога се очекува да биде готов извештајот од супер вештачењето е закажано за 3 јуни годинава.

The post Веапоска: Едвај чекам да дојде крајот и вистината да излезе, не само за мене туку за сите жени во Македонија appeared first on Република.

]]>
Вештачењето побарано од одбраната на обвинетите за случајот Веапоска тврди дека нема вина, родилката вели ме направија инвалид! https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/veshtacheneto-pobarano-od-odbranata-na-obvinetite-za-sluchajot-veaposka-tvrdi-deka-nema-vina-rodilkata-veli-me-napravija-invalid/ Mon, 26 Feb 2024 13:05:08 +0000 https://republika.mk/?p=748539

Со вкрстено испрашување на вештакот, професор доктор Драге Дабески, кој на барање на обвинетите го изработи вештиот наод за отстранувањето на матка, јајник и бубрег по породувањето со царски рез на Јилдз Веапоска од Дебар, денеска во Основниот суд во Струга продолжи јавната расправа во судскиот процес против тројцата лекари од струшката Болница, гинекологот Мухамед Асани, неговиот син доктор Блертон Асани и доктор Лилјана Јованоска.

Според вештакот, обвинетите лекари не направиле пропуст при лекувањето на родилката, туку спасиле еден млад живот. Тој тврди дека согласно доставената документација за вештачење, лекарите во струшката Болница постапиле правилно кога ги извадиле органите за санирање на крварењето предизвикано од бубрежната артерија.

Тоа вештачење е спротивно на првото изработено од судска медицина и бранителот на оштетената не го признава.

Вештачењето на Судска медицина укажува дека се пропуштени многу работи при операцијата и скоро е невозможно поинаку да размислуваме. Обвинетите ќе мора да одговараат за дејствијата кои ги превзеле, односно што не ги превземале. Верувам дека и Судот е заинтересиран да се утврди правата вистина во поглед на тоа како е возможно бремена жена да влезе здрава права во операциона сала, а потоа да излезе без три органи. Тоа е мистерија, изјави по рочиштето адвокатот на Веапоска, Сашо Јанев.

Оштетената Веапоска, пак го поставува прашањето како лекарите во Болницата во Струга и го спасиле животот, кога во кома била пренесена на скопските клиники каде подлежела на нов хирушки зафат.

Вештакот појаснува дека докторите обвинети ми го спасиле животот со тоа што ги извадиле моите органи и ме оставиле половина човек, но како ми го спасиле животот кога мене ме пратиле во Скопје и повоторно сум била принудена да влезам во операциона сала да се прави ревизија во Скопските клиники. Мојата битка траеше 14 дена во кома. Потоа незнам како застанав на нозе, но јас за мојот живот што го спасиле сум им благодарна на докторите на Клиниката во Скопје и докторот Скендер Саиди. Овие доктори не ми го спасија животот, овие доктори ми го упропастија животот, ме направија инвaлид, не можам повеќе да раѓам и не можам повеќе да имам деца, изјави Веапоска.

Адвокатот на третообвинетата, доктор Лилјана Јованоска, Александар Новаковски вели дека на следното рочиште ќе следува усогласување на двете вештачења, а потоа ќе се одлучува за дополнителни предлози. Не ја исклучива ниту опцијата за супер вештачење.

Многу е битно дали ќе се усогласат вештаците за да не се одолговлекува постапката, а дали ќе предложам јас дополнителни докази ќе зависи од тоа усогласување. Има јаз меѓу двете вештачења, медицински различни се спротиставени тврдењата за тоа дали било неопходно да се направи хистериктомија или не и како настанале повредите. Сметам дека до сега за третообвинетата не гледам никакви докази за вина, рече Новакоски.

Следното рочиште е закажано за 23 април за кога треба да бидат повикани сите вештаци од судска медицина и професорот Дабески со цел да ги усогласат вештачењата.

The post Вештачењето побарано од одбраната на обвинетите за случајот Веапоска тврди дека нема вина, родилката вели ме направија инвалид! appeared first on Република.

]]>

Со вкрстено испрашување на вештакот, професор доктор Драге Дабески, кој на барање на обвинетите го изработи вештиот наод за отстранувањето на матка, јајник и бубрег по породувањето со царски рез на Јилдз Веапоска од Дебар, денеска во Основниот суд во Струга продолжи јавната расправа во судскиот процес против тројцата лекари од струшката Болница, гинекологот Мухамед Асани, неговиот син доктор Блертон Асани и доктор Лилјана Јованоска. Според вештакот, обвинетите лекари не направиле пропуст при лекувањето на родилката, туку спасиле еден млад живот. Тој тврди дека согласно доставената документација за вештачење, лекарите во струшката Болница постапиле правилно кога ги извадиле органите за санирање на крварењето предизвикано од бубрежната артерија. Тоа вештачење е спротивно на првото изработено од судска медицина и бранителот на оштетената не го признава.
Вештачењето на Судска медицина укажува дека се пропуштени многу работи при операцијата и скоро е невозможно поинаку да размислуваме. Обвинетите ќе мора да одговараат за дејствијата кои ги превзеле, односно што не ги превземале. Верувам дека и Судот е заинтересиран да се утврди правата вистина во поглед на тоа како е возможно бремена жена да влезе здрава права во операциона сала, а потоа да излезе без три органи. Тоа е мистерија, изјави по рочиштето адвокатот на Веапоска, Сашо Јанев.
Оштетената Веапоска, пак го поставува прашањето како лекарите во Болницата во Струга и го спасиле животот, кога во кома била пренесена на скопските клиники каде подлежела на нов хирушки зафат.
Вештакот појаснува дека докторите обвинети ми го спасиле животот со тоа што ги извадиле моите органи и ме оставиле половина човек, но како ми го спасиле животот кога мене ме пратиле во Скопје и повоторно сум била принудена да влезам во операциона сала да се прави ревизија во Скопските клиники. Мојата битка траеше 14 дена во кома. Потоа незнам како застанав на нозе, но јас за мојот живот што го спасиле сум им благодарна на докторите на Клиниката во Скопје и докторот Скендер Саиди. Овие доктори не ми го спасија животот, овие доктори ми го упропастија животот, ме направија инвaлид, не можам повеќе да раѓам и не можам повеќе да имам деца, изјави Веапоска.
Адвокатот на третообвинетата, доктор Лилјана Јованоска, Александар Новаковски вели дека на следното рочиште ќе следува усогласување на двете вештачења, а потоа ќе се одлучува за дополнителни предлози. Не ја исклучива ниту опцијата за супер вештачење.
Многу е битно дали ќе се усогласат вештаците за да не се одолговлекува постапката, а дали ќе предложам јас дополнителни докази ќе зависи од тоа усогласување. Има јаз меѓу двете вештачења, медицински различни се спротиставени тврдењата за тоа дали било неопходно да се направи хистериктомија или не и како настанале повредите. Сметам дека до сега за третообвинетата не гледам никакви докази за вина, рече Новакоски.
Следното рочиште е закажано за 23 април за кога треба да бидат повикани сите вештаци од судска медицина и професорот Дабески со цел да ги усогласат вештачењата.

The post Вештачењето побарано од одбраната на обвинетите за случајот Веапоска тврди дека нема вина, родилката вели ме направија инвалид! appeared first on Република.

]]>
Веапоска: Сè повеќе и повеќе ми се скратува животот со секое повторување што ми се случи во таа сала https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/veaposka-se-poveke-i-poveke-mi-se-skratuva-zhivotot-so-sekoe-povtoruvane-shto-mi-se-sluchi-vo-taa-sala/ Fri, 22 Dec 2023 15:22:33 +0000 https://republika.mk/?p=725756

Со исказ на оштетената, Јилдз Веапоска, на која по породување со царски рез ѝ беа отстранети три органи, денеска во Основниот суд во Струга по трет пат почна судскиот процес против тројцата лекари од струшката Болница, гинекологот Мухамед Асани, неговиот син, доктор Блертон Асани и доктор Лилјана Јованоска.

Судењето почнува од почеток поради промена на судечкиот судија и јавниот обвинител, поради пензионирање на претходните кои го водеа процесот.

Тројцата лекари и во новиот исказ, пред судот се изјаснија дека не се чуствуваат виновни за кривичното дело што им се става на товар.

На барање на обвинителката Ермира Муса-Нура, Веапоска даде исказ во кој повтори дека имала уредна втора бременост, која ја следел првоосомничениот доктор Мухамед Асани. Тој, како што кажа, одлучил дека треба да се породи со царски рез, а во болницата ја примил второосомничениот, неговиот син Блертон Асани.

По извршениот царски рез, на 28 август 2020 година, оштетената посочи дека се разбудила со огромни болки во пределот на стомакот за што добила терапија. Иако, како што тврди, пет дена во болницата лежела со болки и голем оток во стомакот не ѝ биле направени никакви испитувања, сѐ до петтиот ден кога паднала во шок состојба и ѝ била направена операција во која ѝ биле отстранети матката, јајник и бубрег, а потоа била пренесена на Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување - КАРИЛ во Скопје со обилно крварење. Таму, според Веапоска, ѝ била направена нова операција за да се спречи крварењето.

Бранителот на прво и второобвинетиот, Игор Петковски, во вкрстено испрашување, меѓу другото, ја праша Веапоска, дали имала претходно здравствени проблеми со отстранетите органи и со висок притисок, на што таа одговори негативно.

Адвокатот на оштетената, Сашо Јанев, изрази доверба во судијата и јавниот обвинител и рече дека очекува брза разрешница на случајот. Според него, главното прашање е кој, како и зошто ги извадил органите, а не дали и колку била во кома неговата клиентка.

Што е важно дали била или не била во кома, важно имала органи во себе, а после царскиот рез немала органи во себе. Никаде не постои ниту медицинска историја за било каков проблем патолошки или физиопатолошки наод, ниту индикација дека требало да се лекуваат или да бидат отстранети. Тоа е суштината на процесот, а не дали била во кома или не, изјави Јанев по судењето.

Враќањето на постапката по трет пат и давањето исказ Веапоска вели дека ја враќа на случувањата од пред три години и оти тоа е многу тешко за неа.

По трет пат давање исказ и враќање на тоа што ми се случи се повеќе и повеќе ми го скратува животот и сѐ повеќе сум изнемоштена. Наместо да дојде правдата и докторите да си ја добијат казната што ја заслужуваат, доведена сум повторно да го кажувам она низ што поминав, изјави Веапоска.

Очекува процесот да заврши што побргу и доколку обвинетите лекари не ја добијат казната тука, повтори дека правдата ќе ја бара во Стразбур.

Следното судско рочиште е закажано за 26 февруари, кога на предлог на одбраната треба да присуствува техничкиот советник, доктор Драге Дабевски од Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје.

The post Веапоска: Сè повеќе и повеќе ми се скратува животот со секое повторување што ми се случи во таа сала appeared first on Република.

]]>

Со исказ на оштетената, Јилдз Веапоска, на која по породување со царски рез ѝ беа отстранети три органи, денеска во Основниот суд во Струга по трет пат почна судскиот процес против тројцата лекари од струшката Болница, гинекологот Мухамед Асани, неговиот син, доктор Блертон Асани и доктор Лилјана Јованоска. Судењето почнува од почеток поради промена на судечкиот судија и јавниот обвинител, поради пензионирање на претходните кои го водеа процесот. Тројцата лекари и во новиот исказ, пред судот се изјаснија дека не се чуствуваат виновни за кривичното дело што им се става на товар. На барање на обвинителката Ермира Муса-Нура, Веапоска даде исказ во кој повтори дека имала уредна втора бременост, која ја следел првоосомничениот доктор Мухамед Асани. Тој, како што кажа, одлучил дека треба да се породи со царски рез, а во болницата ја примил второосомничениот, неговиот син Блертон Асани. По извршениот царски рез, на 28 август 2020 година, оштетената посочи дека се разбудила со огромни болки во пределот на стомакот за што добила терапија. Иако, како што тврди, пет дена во болницата лежела со болки и голем оток во стомакот не ѝ биле направени никакви испитувања, сѐ до петтиот ден кога паднала во шок состојба и ѝ била направена операција во која ѝ биле отстранети матката, јајник и бубрег, а потоа била пренесена на Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување - КАРИЛ во Скопје со обилно крварење. Таму, според Веапоска, ѝ била направена нова операција за да се спречи крварењето. Бранителот на прво и второобвинетиот, Игор Петковски, во вкрстено испрашување, меѓу другото, ја праша Веапоска, дали имала претходно здравствени проблеми со отстранетите органи и со висок притисок, на што таа одговори негативно. Адвокатот на оштетената, Сашо Јанев, изрази доверба во судијата и јавниот обвинител и рече дека очекува брза разрешница на случајот. Според него, главното прашање е кој, како и зошто ги извадил органите, а не дали и колку била во кома неговата клиентка.
Што е важно дали била или не била во кома, важно имала органи во себе, а после царскиот рез немала органи во себе. Никаде не постои ниту медицинска историја за било каков проблем патолошки или физиопатолошки наод, ниту индикација дека требало да се лекуваат или да бидат отстранети. Тоа е суштината на процесот, а не дали била во кома или не, изјави Јанев по судењето.
Враќањето на постапката по трет пат и давањето исказ Веапоска вели дека ја враќа на случувањата од пред три години и оти тоа е многу тешко за неа.
По трет пат давање исказ и враќање на тоа што ми се случи се повеќе и повеќе ми го скратува животот и сѐ повеќе сум изнемоштена. Наместо да дојде правдата и докторите да си ја добијат казната што ја заслужуваат, доведена сум повторно да го кажувам она низ што поминав, изјави Веапоска.
Очекува процесот да заврши што побргу и доколку обвинетите лекари не ја добијат казната тука, повтори дека правдата ќе ја бара во Стразбур. Следното судско рочиште е закажано за 26 февруари, кога на предлог на одбраната треба да присуствува техничкиот советник, доктор Драге Дабевски од Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје.

The post Веапоска: Сè повеќе и повеќе ми се скратува животот со секое повторување што ми се случи во таа сала appeared first on Република.

]]>
Утре по третпат почнува судскиот процес за родилката Веапоска https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/utre-po-tretpat-pochnuva-sudskiot-protses-za-rodilkata-veaposka/ Thu, 21 Dec 2023 12:17:54 +0000 https://republika.mk/?p=725236

Во Основниот суд во Струга утре третпат ќе почне судскиот процес против тројцата лекари од Струшката болница, гинекологот Мухамед Асани, неговиот син доктор Блертон Асани и доктор Лилјана Јованоска, обвинети од Јилдиз Веапоска, од Дебар на која при породување со царски рез и биле отстранети матка, јајник и бубрег.

Судскиот процес, како што информира за МИА претседателот на судот во Струга Ифет Бајрамоски, ќе го води судијата Јордан Јованов.

Судскиот процес со родилката од Дебар третпат почнува од почеток поради пензионирање на судиите кои го водеа, а Јованов е трет судија што од почеток ќе ја почне постапката.

Адвокатот на оштететната Веапоска, Сашо Јанев по последното одложување на рочиштето, во јули годинава, заклучи дека сите бегаат од предметот, кој го нарече врел костен, но на крај очекува осудителна пресуда. Интенција на одбраната, тогаш нагласи дека е да стартува со супер вештачење, со забелешка дека судскиот процес веќе е одолговлечен.

Веапоска, пак, по последното одлагање најави дека нема да се откаже од правдата, бидејќи, како што нагласи, е половина човек.

Според обвинението, тројцата лекари се товарат дека на родилката Веапоска и отстраниле бубрег, матка и јајник по породување со царски рез во Струшката Општа болница. Како што е појаснето во обвинението, при породувањето со царски рез и ја оштетиле левата бубрежна артерија, но не презеле мерки, туку и давале терапија при што паднала во шокова состојба. Повторно ја оперирале и ја отстраниле матката и левиот јајник, иако не биле оштетени. Крварењето не престанало па со втор зафат утврдиле дека е оштетена артерија. Тогаш и бил отстранет и левиот бубрегот и била пренесена на КАРИЛ во Скопје.

Судскиот процес почна во јуни минатата година.

The post Утре по третпат почнува судскиот процес за родилката Веапоска appeared first on Република.

]]>

Во Основниот суд во Струга утре третпат ќе почне судскиот процес против тројцата лекари од Струшката болница, гинекологот Мухамед Асани, неговиот син доктор Блертон Асани и доктор Лилјана Јованоска, обвинети од Јилдиз Веапоска, од Дебар на која при породување со царски рез и биле отстранети матка, јајник и бубрег. Судскиот процес, како што информира за МИА претседателот на судот во Струга Ифет Бајрамоски, ќе го води судијата Јордан Јованов. Судскиот процес со родилката од Дебар третпат почнува од почеток поради пензионирање на судиите кои го водеа, а Јованов е трет судија што од почеток ќе ја почне постапката. Адвокатот на оштететната Веапоска, Сашо Јанев по последното одложување на рочиштето, во јули годинава, заклучи дека сите бегаат од предметот, кој го нарече врел костен, но на крај очекува осудителна пресуда. Интенција на одбраната, тогаш нагласи дека е да стартува со супер вештачење, со забелешка дека судскиот процес веќе е одолговлечен. Веапоска, пак, по последното одлагање најави дека нема да се откаже од правдата, бидејќи, како што нагласи, е половина човек. Според обвинението, тројцата лекари се товарат дека на родилката Веапоска и отстраниле бубрег, матка и јајник по породување со царски рез во Струшката Општа болница. Како што е појаснето во обвинението, при породувањето со царски рез и ја оштетиле левата бубрежна артерија, но не презеле мерки, туку и давале терапија при што паднала во шокова состојба. Повторно ја оперирале и ја отстраниле матката и левиот јајник, иако не биле оштетени. Крварењето не престанало па со втор зафат утврдиле дека е оштетена артерија. Тогаш и бил отстранет и левиот бубрегот и била пренесена на КАРИЛ во Скопје. Судскиот процес почна во јуни минатата година.

The post Утре по третпат почнува судскиот процес за родилката Веапоска appeared first on Република.

]]>
Во Струга почнува судењето за гинекологот кој на родилка и извади матка, јајник и бубрег https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-struga-pochnuva-sudenjeto-za-ginekologot-koj-na-rodilka-i-izvadi-matka-jajnik-i-bubreg/ Mon, 06 Jun 2022 09:59:47 +0000 https://republika.mk/?p=511683

Во Струшкиот суд започнува првото рочиште против докторот гинеколог Мухамед Асани, кој на родилката Јилдиз Веаповска и извади бубрег, матка и јајник. Судењето е јавно, а обвинението го поднесе тамошното обвинителство. На рочиштето, ќе се појави и родилката Веапоска која битката ја водеше јавно.

54-годишниот гинеколог Мухамед Асани од Струга се гони за сторено кривичното дело – давање здравствени услуги без дозвола за работа.

Како здравствен работник, обвинетиот давал здравствени услуги во простор за кој немал дозвола за работа, односно во една соба од неговиот дом, налик на ординација која не била регистрирана и означена. Во период од 7 години, тој прегледувал бремени пациентки, и им наплатувал по илјада денари, а за примените средства не издавал никаков доказ.

При извршен надзор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат при Министерството за здравство пред 2 години, било констатирано дека за опремената ординација докторот не поседувал дозвола за работа, по што му беше забрането да извршува здравствена дејност. Инаку, Мухамед Асани беше поранешен директор на струшката болница, кој беше разрешен поради случајот со родилката од Дебар, која при породувањето во Струга остана без бубрег, матка и јајник.

The post Во Струга почнува судењето за гинекологот кој на родилка и извади матка, јајник и бубрег appeared first on Република.

]]>

Во Струшкиот суд започнува првото рочиште против докторот гинеколог Мухамед Асани, кој на родилката Јилдиз Веаповска и извади бубрег, матка и јајник. Судењето е јавно, а обвинението го поднесе тамошното обвинителство. На рочиштето, ќе се појави и родилката Веапоска која битката ја водеше јавно. 54-годишниот гинеколог Мухамед Асани од Струга се гони за сторено кривичното дело – давање здравствени услуги без дозвола за работа. Како здравствен работник, обвинетиот давал здравствени услуги во простор за кој немал дозвола за работа, односно во една соба од неговиот дом, налик на ординација која не била регистрирана и означена. Во период од 7 години, тој прегледувал бремени пациентки, и им наплатувал по илјада денари, а за примените средства не издавал никаков доказ. При извршен надзор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат при Министерството за здравство пред 2 години, било констатирано дека за опремената ординација докторот не поседувал дозвола за работа, по што му беше забрането да извршува здравствена дејност. Инаку, Мухамед Асани беше поранешен директор на струшката болница, кој беше разрешен поради случајот со родилката од Дебар, која при породувањето во Струга остана без бубрег, матка и јајник.  

The post Во Струга почнува судењето за гинекологот кој на родилка и извади матка, јајник и бубрег appeared first on Република.

]]>
Ѝ ја пресекле бубрежната артерија, па додека не паднала во шок, не се интересирале зошто крвари https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ja-presekle-bubreznata-arterija-pa-dodeka-ne-padnala-vo-shok-ne-se-interesirale-zoshto-krvari/ Sat, 07 May 2022 09:02:39 +0000 https://republika.mk/?p=498928

Откако јавното обвинителство во Струга денеска поднесе обвинителен акт против тројца доктори од струшката болница, зашто на родилката Јилдз Веапоска и ги извадиле матката, јајникот и бубрегот при нешто што требало да биде рутинска операција со царски рез, Слободен печат објави делови од медицинското вештање спроведено до судска медицина. Вештаците констатирале дека има скандалозни пропусти во лекувањето на Веапоска, кои што довеле до тоа здрави органи да и бидат извадени.

https://republika.mk/vesti/makedonija/trojca-lekari-od-struga-obvineti-poradi-nachinot-na-lekuvanje-na-rodilkata-od-debar/

Влошувањето на здравствената состојба кај Веапоска до степен да биде загрозен нејзиниот живот, настанало заради оштетување на левата бубрежна артерија при изедување на царскиот рез. Заклучокот дека артеријата е оштетена за време на царскиот рез произлегува од два факти. Едниот е дека влошувањето на здравствената состојба почнува по царскиот рез што се гледа преку лабораториските наоди, висината на крвниот притисок и пулсот. Вториот факт е тоа што кај Веапоска никогаш не биле констатирани никакви заболувања во крвните садови кои би довеле до спонтано прскање на бубрежната артерија. Очигледно е дека оштетаната според симптоматологијата што ја имала и лабораториските наоди, крварела. Основен проблем и пропуст во лекувањето на Веапоска е непреземањето никакви мерки да се открие од каде крвави и која е причината за крвозагубата, пишува во вештачењето од судска медицина.

По утврдувањето на тешката состојба кај Веапоска, пак се направени пропусти односно погрешно се поставени дијагнози. Оперативните зафати не го решиле проблемот односно матката и левиот јајник не е јасно зошто се извадени бидејќи според наодот од институтот за патологија нема никакви повреди на овие органи. Не е јасно зошто се отстранети матката и јајникот бидејќи главното крвавење било во просторот зад стомачната марамица каде матката и јајникот не се наоѓаат, пишува во медицинското вештачење.

Целиот текст на Слоботен печат

The post Ѝ ја пресекле бубрежната артерија, па додека не паднала во шок, не се интересирале зошто крвари appeared first on Република.

]]>

Откако јавното обвинителство во Струга денеска поднесе обвинителен акт против тројца доктори од струшката болница, зашто на родилката Јилдз Веапоска и ги извадиле матката, јајникот и бубрегот при нешто што требало да биде рутинска операција со царски рез, Слободен печат објави делови од медицинското вештање спроведено до судска медицина. Вештаците констатирале дека има скандалозни пропусти во лекувањето на Веапоска, кои што довеле до тоа здрави органи да и бидат извадени. https://republika.mk/vesti/makedonija/trojca-lekari-od-struga-obvineti-poradi-nachinot-na-lekuvanje-na-rodilkata-od-debar/ Влошувањето на здравствената состојба кај Веапоска до степен да биде загрозен нејзиниот живот, настанало заради оштетување на левата бубрежна артерија при изедување на царскиот рез. Заклучокот дека артеријата е оштетена за време на царскиот рез произлегува од два факти. Едниот е дека влошувањето на здравствената состојба почнува по царскиот рез што се гледа преку лабораториските наоди, висината на крвниот притисок и пулсот. Вториот факт е тоа што кај Веапоска никогаш не биле констатирани никакви заболувања во крвните садови кои би довеле до спонтано прскање на бубрежната артерија. Очигледно е дека оштетаната според симптоматологијата што ја имала и лабораториските наоди, крварела. Основен проблем и пропуст во лекувањето на Веапоска е непреземањето никакви мерки да се открие од каде крвави и која е причината за крвозагубата, пишува во вештачењето од судска медицина.