ЈИЕ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jie/ За подобро да се разбереме Fri, 13 Sep 2024 12:42:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ЈИЕ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jie/ 32 32 ЕК го примила писмото на Мицотакис за високите цени на струјата во ЈИЕ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ek-go-primila-pismoto-na-mitsotakis-za-visokite-tseni-na-strujata-vo-jie/ Fri, 13 Sep 2024 12:42:02 +0000 https://republika.mk/?p=816075

Европската комисија денеска потврди дека го примила писмото од грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во врска со проблемот со многу повисоките цени на електричната енергијата во регионот на Југоисточна Европа во споредба со оние во земјите од Западна Европа.

Треба да го проучиме писмото кое што туку го примивме и да видиме што содржи тоа, по што секако ќе следи одговор. Засега не би сакал ништо да прејудицирам, изјави портпаролот на Европската комисија за климатска акција и енергија Тим Мекфи.

Во однос на забелешката дека на високите цени на струјата во Југоисточна Европа влијание има руската инвазија врз Украина, Мекфи истакна дека секако оти овој конфликт и нападите на Русија врз украинскиот енергетска систем влијаат врз цените, бидејќи дел од произведената струја се насочува кон Украина како дел од мерките за поддршка на земјата. Тој оцени дека ова покажува и оти Москва ја користи енергијата како алатка за уцена на Европа.

Многу внимателно ја следиме состојбата и во контакт сме со сите земји членки за тоа како да се надмине овој проблем. Изминативе две години презедовме многу вонредни, но и структурни мерки за одржување на контролата врз енергетскиот пазар, додаде Мекфи.

Според него, сега струјата е многу поевтина во споредба со пред две години, но и натаму има уште многу да се работи за намалување на цените на електричната енергија.

The post ЕК го примила писмото на Мицотакис за високите цени на струјата во ЈИЕ appeared first on Република.

]]>

Европската комисија денеска потврди дека го примила писмото од грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во врска со проблемот со многу повисоките цени на електричната енергијата во регионот на Југоисточна Европа во споредба со оние во земјите од Западна Европа. Треба да го проучиме писмото кое што туку го примивме и да видиме што содржи тоа, по што секако ќе следи одговор. Засега не би сакал ништо да прејудицирам, изјави портпаролот на Европската комисија за климатска акција и енергија Тим Мекфи. Во однос на забелешката дека на високите цени на струјата во Југоисточна Европа влијание има руската инвазија врз Украина, Мекфи истакна дека секако оти овој конфликт и нападите на Русија врз украинскиот енергетска систем влијаат врз цените, бидејќи дел од произведената струја се насочува кон Украина како дел од мерките за поддршка на земјата. Тој оцени дека ова покажува и оти Москва ја користи енергијата како алатка за уцена на Европа. Многу внимателно ја следиме состојбата и во контакт сме со сите земји членки за тоа како да се надмине овој проблем. Изминативе две години презедовме многу вонредни, но и структурни мерки за одржување на контролата врз енергетскиот пазар, додаде Мекфи. Според него, сега струјата е многу поевтина во споредба со пред две години, но и натаму има уште многу да се работи за намалување на цените на електричната енергија.

The post ЕК го примила писмото на Мицотакис за високите цени на струјата во ЈИЕ appeared first on Република.

]]>