Јетон Шакири Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jeton-shakiri/ За подобро да се разбереме Wed, 15 Nov 2023 19:00:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Јетон Шакири Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jeton-shakiri/ 32 32 Јаневска: Министер за образование кој што не може да обезбеди средства за да испечати книга треба веднаш да си даде оставка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-minister-za-obrazovanie-koj-shto-ne-mozhe-da-obezbedi-sredstva-za-da-ispechati-kniga-treba-vednash-da-si-dade-ostavka/ Wed, 15 Nov 2023 17:52:46 +0000 https://republika.mk/?p=701922

„Крахот на македонското образование започна од онаа несреќна концепција на министерката Мила Царовска, која беше претставувана како реформа во образованието“, истакна Весна Јаневска, претседател на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ на денешната дебата „Важно е да имаме квалитетно образование“ во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“.

Јаневска додаде дека таа концепција била претставувана како реформа, но во суштина има позадина. Позадината беше општата политичка состојба во која се најде во тој момент Македонија. Сосема јасно стана дека во таа интеграција на предмети треба да исчезне предметот историја бидејќи тој беше спорен во преговорите со Бугарија.

„Обидувајќи се некако да ја избрише историјата направи таа министерка катастрофална грешка затоа што интегрира предмети за кои Македонија нема кадар да ги предава. Јас ова сто пати сум го кажала, и ќе го повторам не можеме да планираме реформа ако немаме кадар да ја спроведе таа реформа“, нагласи Јаневска.

Таа потсети дека Мила Царовска првата година ги укина учебниците при што посочила дека секој родител што давал книга на свое дете му правел само штета. И најавила дигитални книги иако децата немаа ниту таблети, ниту компјутери.

„Зошто ги укинаа книгите? Затоа што беа свесни дека ниту ќе можат да се креираат книги според нивната концепција, ниту имаа желба да направат нешто за да го подобрат образованието во Македонија. И затоа што немаа де факто пари бидејќи ги потрошија парите на се и сешто, и тоа го призна следниот министер за образование и наука, Јетон Шаќири. Тој јавно на телевизиска емисија во која учествува и јас, тој кажа дека нема пари за учебници“, појасни таа.

„Нормално е да немаат пари за учебници бидејќи ги потрошија на корумпирани зделки како што е „Бехтел и Енка“, на купување и изнајмување на возила итн. Министер за образование кој што не може да обезбеди средства за да испечати книга треба веднаш да си даде оставка“, нагласи Јаневска.

Таа рече дека понижувањето на професијата наставник беше кога власта ги примора наставниците да штрајкуваат за да можат да опстанат. Тоа не беше штрајк за луксуз, тоа беше штрајк за едно нормално живеење. И при тој штрајк власта ги измами, изманипулира наставниците бидејќи на дел од наставниците дури и не им исплатија плата.

„Наставниците наместо 18% добија само 15% покачување на плата, а 3% кои требаше да ги добијат се уште не ги добија. И уште една голема една лага, а тоа е дека ќе се потпише Колективен договор во месец мај оваа година, што не се случи за да тие да можат да примаат соодветна плата“, потсети Јаневска.

Јаневска укажа дека постојано оваа Влада кон наставниците се однесува како кон послушници и тоа особено беше видливо во нивната комуникација со директорите кои тие ги поставиле.

„Нашите градоначалници се соочуваат со толкав голем недостаток на средства во однос на образованието што во одредени месеци имаат само плата да исплатат, а камо ли нешто друго да вложат во образованието. Секако дека треба да се реновираат училиштата, секако дека треба да се доградуваат училишта. Самите инфраструктурни проекти кои што СДСМ ги вети пред изборите не ги спроведува денес. Ваквото однесување на власта е недозволиво, и поради вакво однесување страдаат учениците, наставниците, па и родителите“, рече Јаневска.

Таа нагласи дека идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе направи се што треба за да образованието во Македонија се подобри и стане поквалитетно.

The post Јаневска: Министер за образование кој што не може да обезбеди средства за да испечати книга треба веднаш да си даде оставка appeared first on Република.

]]>

„Крахот на македонското образование започна од онаа несреќна концепција на министерката Мила Царовска, која беше претставувана како реформа во образованието“, истакна Весна Јаневска, претседател на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ на денешната дебата „Важно е да имаме квалитетно образование“ во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“. Јаневска додаде дека таа концепција била претставувана како реформа, но во суштина има позадина. Позадината беше општата политичка состојба во која се најде во тој момент Македонија. Сосема јасно стана дека во таа интеграција на предмети треба да исчезне предметот историја бидејќи тој беше спорен во преговорите со Бугарија.
„Обидувајќи се некако да ја избрише историјата направи таа министерка катастрофална грешка затоа што интегрира предмети за кои Македонија нема кадар да ги предава. Јас ова сто пати сум го кажала, и ќе го повторам не можеме да планираме реформа ако немаме кадар да ја спроведе таа реформа“, нагласи Јаневска.
Таа потсети дека Мила Царовска првата година ги укина учебниците при што посочила дека секој родител што давал книга на свое дете му правел само штета. И најавила дигитални книги иако децата немаа ниту таблети, ниту компјутери.
„Зошто ги укинаа книгите? Затоа што беа свесни дека ниту ќе можат да се креираат книги според нивната концепција, ниту имаа желба да направат нешто за да го подобрат образованието во Македонија. И затоа што немаа де факто пари бидејќи ги потрошија парите на се и сешто, и тоа го призна следниот министер за образование и наука, Јетон Шаќири. Тој јавно на телевизиска емисија во која учествува и јас, тој кажа дека нема пари за учебници“, појасни таа.
„Нормално е да немаат пари за учебници бидејќи ги потрошија на корумпирани зделки како што е „Бехтел и Енка“, на купување и изнајмување на возила итн. Министер за образование кој што не може да обезбеди средства за да испечати книга треба веднаш да си даде оставка“, нагласи Јаневска. Таа рече дека понижувањето на професијата наставник беше кога власта ги примора наставниците да штрајкуваат за да можат да опстанат. Тоа не беше штрајк за луксуз, тоа беше штрајк за едно нормално живеење. И при тој штрајк власта ги измами, изманипулира наставниците бидејќи на дел од наставниците дури и не им исплатија плата.
„Наставниците наместо 18% добија само 15% покачување на плата, а 3% кои требаше да ги добијат се уште не ги добија. И уште една голема една лага, а тоа е дека ќе се потпише Колективен договор во месец мај оваа година, што не се случи за да тие да можат да примаат соодветна плата“, потсети Јаневска.
Јаневска укажа дека постојано оваа Влада кон наставниците се однесува како кон послушници и тоа особено беше видливо во нивната комуникација со директорите кои тие ги поставиле.
„Нашите градоначалници се соочуваат со толкав голем недостаток на средства во однос на образованието што во одредени месеци имаат само плата да исплатат, а камо ли нешто друго да вложат во образованието. Секако дека треба да се реновираат училиштата, секако дека треба да се доградуваат училишта. Самите инфраструктурни проекти кои што СДСМ ги вети пред изборите не ги спроведува денес. Ваквото однесување на власта е недозволиво, и поради вакво однесување страдаат учениците, наставниците, па и родителите“, рече Јаневска.
Таа нагласи дека идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе направи се што треба за да образованието во Македонија се подобри и стане поквалитетно.

The post Јаневска: Министер за образование кој што не може да обезбеди средства за да испечати книга треба веднаш да си даде оставка appeared first on Република.

]]>
Министре Шакири, Ве потсетувам дека и утре има ден https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ministre-shakiri-ve-potsetuvam-deka-i-utre-ima-den/ Wed, 15 Nov 2023 17:25:27 +0000 https://republika.mk/?p=701913

Министре Шаќири,
Ве потсетувам дека и утре има ден. Некогаш срамот е поголема казна од било која друга. Ова што го правите веќе навистина е срамно. Одземате ингеренции и поткревате етнички тензии. Сосема ми е јасно дека тоа ви користи Вам и на партиските челници, ама зарем не ви е жал да ги манипулирате децата? Каде ги водите? Под превезот на "остварување права" спроведувате процеси кои всушност ги користите само зa партиски цели, а на штета на сите.
Срамота - реагира професор д-р Весна Јаневска на својот фејсбук профил.

Ваквата реакција доаѓа по денешното писмо на Иницијативниот одбор на родители на ученици од ООУ Његош во Јурумлери откако Министерот за образование и наука Јетон Шакири вчера изјави дека започнал постапка за одземање на ингеренциите на општина Гази Баба за ООУ Његош.

https://republika.mk/vesti/skopje/od-denes-tselosen-bojkot-na-nastavata-vo-oou-negosh-a-vo-sabota-blokirane-na-regionalniot-pat/

The post Министре Шакири, Ве потсетувам дека и утре има ден appeared first on Република.

]]>

Министре Шаќири, Ве потсетувам дека и утре има ден. Некогаш срамот е поголема казна од било која друга. Ова што го правите веќе навистина е срамно. Одземате ингеренции и поткревате етнички тензии. Сосема ми е јасно дека тоа ви користи Вам и на партиските челници, ама зарем не ви е жал да ги манипулирате децата? Каде ги водите? Под превезот на "остварување права" спроведувате процеси кои всушност ги користите само зa партиски цели, а на штета на сите. Срамота - реагира професор д-р Весна Јаневска на својот фејсбук профил. Ваквата реакција доаѓа по денешното писмо на Иницијативниот одбор на родители на ученици од ООУ Његош во Јурумлери откако Министерот за образование и наука Јетон Шакири вчера изјави дека започнал постапка за одземање на ингеренциите на општина Гази Баба за ООУ Његош. https://republika.mk/vesti/skopje/od-denes-tselosen-bojkot-na-nastavata-vo-oou-negosh-a-vo-sabota-blokirane-na-regionalniot-pat/

The post Министре Шакири, Ве потсетувам дека и утре има ден appeared first on Република.

]]>
Зоран Коцевски: Министре Јетон Шакири, погледај го народот, послушај го народот, прстот на чело и размисли добро што одлука ќе донесеш https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zoran-kotsevski-ministre-jeton-shakiri-pogledaj-go-narodot-poslushaj-go-narodot-prstot-na-chelo-i-razmisli-dobro-shto-odluka-ke-donesesh/ Thu, 05 Oct 2023 10:44:05 +0000 https://republika.mk/?p=688141

Министре Јетон Шакири, погледај го народот, послушај го народот, прстот на чело и размисли добро што одлука ќе донесеш, затоа што потоа ќе биде касно!, напиша на својот фејсбук профил пратеникот Зоран Коцевски.

Ветеното училиште од страна на ДУИ и СДС изградете го и се' ќе биде во ред, е сега тоа што Вие сте до толку неспособни, па две години учениците се без учебници, а не па училиште да изградите, е тоа е ВАШ проблем, а не на овој насобран народ!
А јас како пратеник избран од овие граѓани, секогаш, ама баш секогаш ќе ја имаат мојата поддршка, секаде и во секое време‼️
Се' за доброто на Гази Баба‼️
Се' за доброто на Македонија

The post Зоран Коцевски: Министре Јетон Шакири, погледај го народот, послушај го народот, прстот на чело и размисли добро што одлука ќе донесеш appeared first on Република.

]]>

Министре Јетон Шакири, погледај го народот, послушај го народот, прстот на чело и размисли добро што одлука ќе донесеш, затоа што потоа ќе биде касно!, напиша на својот фејсбук профил пратеникот Зоран Коцевски.
Ветеното училиште од страна на ДУИ и СДС изградете го и се' ќе биде во ред, е сега тоа што Вие сте до толку неспособни, па две години учениците се без учебници, а не па училиште да изградите, е тоа е ВАШ проблем, а не на овој насобран народ! А јас како пратеник избран од овие граѓани, секогаш, ама баш секогаш ќе ја имаат мојата поддршка, секаде и во секое време‼️ Се' за доброто на Гази Баба‼️ Се' за доброто на Македонија

The post Зоран Коцевски: Министре Јетон Шакири, погледај го народот, послушај го народот, прстот на чело и размисли добро што одлука ќе донесеш appeared first on Република.

]]>
Јетон Шакири ги поддржува наставниците, но не и штрајк без настава https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/jeton-shakiri-gi-poddrzhuva-nastavnitsite-no-ne-i-shtrajk-bez-nastava/ Thu, 31 Aug 2023 16:05:59 +0000 https://republika.mk/?p=677678

Да најдеме секаков друг начин на притисок, но штрајк без настава за децата, на тоа не треба никогаш да се помислува, порача денеска министерот за образование и наука од студиото на ТВ21, а по повод најавите за штрајк на вработените во образованието.

Јетон Шакири вели дека овој септември вработените треба да добијат уште 10 отсто зголемување на платите, дека ќе стигнуваат 35.000, 36.000 денари, но дека „не може сè за една година“.

– Со новите проценти ќе стигнуваат повеќе од таа вредност, ќе стигнуваат повеќе од 35.000, 36.000, но секогаш ќе ги поддржувам наставниците, никогаш не е доволно и треба да имаат повисоки плати – вели тој.

Додека Независниот синдикат на вработените во образованието се жали на потпросечните плати и методологијата на пресметување, СОНК вели дека нема да го поддржи евентуалниот штрајк бидејќи во моментов течат преговори за зголемување на платите во образованието и се финализира потпишувањето на нов Колективен договор.

The post Јетон Шакири ги поддржува наставниците, но не и штрајк без настава appeared first on Република.

]]>

Да најдеме секаков друг начин на притисок, но штрајк без настава за децата, на тоа не треба никогаш да се помислува, порача денеска министерот за образование и наука од студиото на ТВ21, а по повод најавите за штрајк на вработените во образованието. Јетон Шакири вели дека овој септември вработените треба да добијат уште 10 отсто зголемување на платите, дека ќе стигнуваат 35.000, 36.000 денари, но дека „не може сè за една година“.
– Со новите проценти ќе стигнуваат повеќе од таа вредност, ќе стигнуваат повеќе од 35.000, 36.000, но секогаш ќе ги поддржувам наставниците, никогаш не е доволно и треба да имаат повисоки плати – вели тој.
Додека Независниот синдикат на вработените во образованието се жали на потпросечните плати и методологијата на пресметување, СОНК вели дека нема да го поддржи евентуалниот штрајк бидејќи во моментов течат преговори за зголемување на платите во образованието и се финализира потпишувањето на нов Колективен договор.

The post Јетон Шакири ги поддржува наставниците, но не и штрајк без настава appeared first on Република.

]]>
Mинистерот за образование вети: Учебници ќе има од 1 септември https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-za-obrazovanie-veti-uchebnitsi-ke-ima-od-1-septemvri/ Thu, 08 Jun 2023 12:37:02 +0000 https://republika.mk/?p=649266

Први септември ќе не најде поподготвени. Дефинитивно учебници ќе има затоа што ги немаме предизвиците од претходната учебна година, вели министерот за образование и наука Јетон Шаќири по доделувањето грантови во рамки на проектот на ОБСЕ „Градиме нови мостови“.

Сите учебници кои се одобрени од Националната комисија, според постапката, министерот само дава одобрение за печатење на тие учебници, без разлика во кој период се одобрени. Што се однесува за учебниците со грешки, вие знаете дека веднаш за учебникот по историја и општество, сите училишта добија насоки за проблематичните места во учебникот, но после тоа Комисијата која ја сочинуваат повеќе од седум члена, одлучи истиот учебник да се повлече и се отвори повик за група автори за истиот учебник. Што се однесува за технички грешки во учебниците, ќе се обидеме да најдеме начин со авторите да има што помалку технички грешки во нив. Први септември ќе не најде поподготвени зошто ги немаме предизвиците од претходната учебна година. Дефинитивно учебници ќе има, рече Шаќири прашан што е со учебниците со грешки, дали е формирана Комисијата, кој е ставот на Комисијата и што е со целосната испорака на учебниците.

Тој појасни до каде се постапките со одобрувањето односно печатењето на некои учебници.

Што се однесува за некои учебници како што е за учебникот по македонски јазик, за истиот учебник имаше повеќе од 4-5 повици од страна на Педагошката служба. Имаа ситуација каде во одредена фаза на учебникот авторите не постапуваа по забелешките што ги добиваат и потоа Националниот совет за учебници одлучува да не одобрува ниту еден од учебниците или да почне нова постапка. Затоа сега повеќето од ракописите за учебниците од 3-то одделение веќе се доставени. За 6-то одделение се во фаза на рецензенти. Сега во месец јуни завршува постапката за екеономски оператор, во месец јули, без оглед каква ќе биде жалбената постапка, ќе се почне да се реализира печатење на сите учебници кои веќе се одобрени. Важно е дека од 1 септември учебници ќе има, порача министерот Шаќири.

The post Mинистерот за образование вети: Учебници ќе има од 1 септември appeared first on Република.

Шаќири: Второто полугодие почна во сите училишта, главна цел ни е подобрување на условите за едукација https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shakiri-vtoroto-polugodie-pochna-vo-site-uchilishta-glavna-tsel-ni-e-podobruvane-na-uslovite-za-edukatsija/ Tue, 24 Jan 2023 09:42:55 +0000 https://republika.mk/?p=600361

Второто полугодие од учебната 2022-2023 година вчера почна со физичко присуство во училиштата во сите општини, одложено за неколку дена согласно проценката на МОН и на Владата дека така училиштата подобро ќе се подготват за преостанатиот дел од годината.

Успешен старт на второто полугодие од учебната 2022-2023 во сите општини и училишни објекти. Продолжува наставата со физичко присуство, испораката на нови учебници и реализацијата на низа капитални инвестиции. На сите ученици им посакувам успешно продолжение на образовниот процес. Многу нови знаења, вештини и лесно надминување на предизвиците на патот кон надградувањето и остварувањето на личниот потенцијал. На наставниците им посакувам успешна и креативна настава и максимална заложба и посветеност кои оние кои треба да го предводат општеството во иднина, објави министерот Јетон Шаќири на Фејсбук.

Тој ветува целосна заложба на МОН за подобрување на сите аспекти на воспитно-образовниот систем и дека главна цел останува подобрување на условите за едукација.

Како клучни приоритети ќе ги наведам процесите за продолжување на тековните и отпочнување на низа нови инфраструктурни инвестиции во општините каде се нотирани најголеми потреби од вложувања, а во над 100 училишта во сите општини ќе се подобри ИТ-инфраструктурата и ќе се изградат пристапни рампи. Ќе продолжи испораката на веќе одобрените и набавката на нови учебници за основното и средното образование. За наставниот кадар ќе продолжи процесот на професионален развој, преку тековно спроведување на обуките предвидени во планот за 2023 година, за надградба на нивните знаења и вештини во различните подрачја, наведува Шаќири.

The post Шаќири: Второто полугодие почна во сите училишта, главна цел ни е подобрување на условите за едукација appeared first on Република.

Министре Јетон Шакири имате обврска да одговорите: Што е со безбедноста на учениците и бомбите? Зошто сеуште немаме учебници? Зошто наставници одат на обуки сега и какви обуки?… https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ministre-jeton-shakiri-imate-obvrska-da-odgovorite-shto-e-so-bezbednosta-na-uchenicite-i-bombite-zoshto-seushte-nemame-uchebnici-zoshto-nastavnici-odat-na-obuki-sega-i-kakvi-obuki/ Sun, 06 Nov 2022 13:00:44 +0000 https://republika.mk/?p=570358

На социјалните мрежи министерот за образование Јетон Шакири јаво се повикува да одговори на повеќе прашања.

Министре Јетон Шакири имате обврска да свикате прес и јавно да одговорите на следните прашања:

1.Што е со безбедноста на учениците и бомбите?

2.Зошто сеуште немаме учебници?

3. Која е таа глобална трансформација на образованието што ја прифативте

4.Зошто наставници одат на обуки сега и какви обуки

5.И зошто поради тоа децата имаат скратени часови Имаме ли ние министер кој ќе дава отчет јавно за сите одлуки или потајно ќе работите, а ние само ќе го голтаме тоа што ќе ни го сервирате!

Чашата се прелива....

The post Министре Јетон Шакири имате обврска да одговорите: Што е со безбедноста на учениците и бомбите? Зошто сеуште немаме учебници? Зошто наставници одат на обуки сега и какви обуки?… appeared first on Република.

]]>

На социјалните мрежи министерот за образование Јетон Шакири јаво се повикува да одговори на повеќе прашања.
Министре Јетон Шакири имате обврска да свикате прес и јавно да одговорите на следните прашања: 1.Што е со безбедноста на учениците и бомбите? 2.Зошто сеуште немаме учебници? 3. Која е таа глобална трансформација на образованието што ја прифативте 4.Зошто наставници одат на обуки сега и какви обуки 5.И зошто поради тоа децата имаат скратени часови Имаме ли ние министер кој ќе дава отчет јавно за сите одлуки или потајно ќе работите, а ние само ќе го голтаме тоа што ќе ни го сервирате! Чашата се прелива....

The post Министре Јетон Шакири имате обврска да одговорите: Што е со безбедноста на учениците и бомбите? Зошто сеуште немаме учебници? Зошто наставници одат на обуки сега и какви обуки?… appeared first on Република.

]]>
Шаќири: Дуалното образование е клучно за поврзување на образовниот систем со пазарот на трудот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shakjiri-dualnoto-obrazovanie-e-kluchno-za-povrzuvanje-na-obrazovniot-sistem-so-pazarot-na-trudot/ Tue, 27 Sep 2022 12:21:07 +0000 https://republika.mk/?p=554809

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска учествуваше на панел-дискусија во рамки на конференцијата на која Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) за Југоисточна Европа презентираше резултати од истражување спроведено со поддршка на Швајцарија и Австрија со цел детектирање на причините за миграцијата на населението од земјите од Западен Балкан кон поразвиените земји.

Министерство за образование и наука соопшти дека во областа на образованието веќе се спроведуваат низа крупни промени и активности кои кореспондираат со дел од дадените препораки во извештајот.

-Имаме план за реформа на образовниот систем, за да создава поподготвени кадри во иднина. Делуваме преку три аспекти – унапредување на инфраструктурата, набавка на нови наставни програми и учебници и подигнување на мотивацијата за работа на наставниот кадар. Клучно е поврзувањето на образованието со пазарот на трудот и мислам дека најважната активност во тој дел е прифаќањето на концептот на дуално образование. Затоа што овој концепт ги вклучува и компаниите во едукацијата на учениците кои се обучуваат директно на работно место и тоа од една страна овозможува подобра нивна подготовка со практични вештини, а од друга страна компаниите добиваат потенцијална работна сила подготвена за вклучување во работните процеси веднаш по дипломирањето, рече Шаќири.

Министерот потенцираше дека покрај активностите за подобрување на квалитетот на националниот образовен систем, институциите го поддржуваат и образованието на младите и надвор од границите на својата земја, преку доделување стипендии за студирање на најдобрите светски универзитети, преку можности кои ги обезбедуваат билатералните договори со други земји, како и преку учество во програмите за образование и наука на ЕУ – Еразмус и Хоризонт.

– Очекувањата ни се младите во својата земја да го применуваат стекнатото знаење и искуство, да и возвратат за дадените можности и да помогнат во нејзиниот развој заради подобра нивна иднина и заради иднина на нивните деца тука, истакна Шаќири, додавајќи дека грижа се води и за повозрасните граѓани да можат да се обучат, доквалификуваат или преквалификуваат за полесно да се снајдат на пазарот на трудот.

Извештајот на ОЕЦД го презентираше претставникот на организацијата за Југоисточна Европа, Анита Рихтер, а се обратија и амбасадорите на Швајцарија и Австрија во Скопје, Вероник Улман и Георг Вуцас, и заменик-претседателот на Владата за економски прашања Фатмир Битиќи, додека на панел-дискусиите учествуваа повеќе други експерти и претставници на земјите од регионот.

The post Шаќири: Дуалното образование е клучно за поврзување на образовниот систем со пазарот на трудот appeared first on Република.

]]>

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска учествуваше на панел-дискусија во рамки на конференцијата на која Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) за Југоисточна Европа презентираше резултати од истражување спроведено со поддршка на Швајцарија и Австрија со цел детектирање на причините за миграцијата на населението од земјите од Западен Балкан кон поразвиените земји. Министерство за образование и наука соопшти дека во областа на образованието веќе се спроведуваат низа крупни промени и активности кои кореспондираат со дел од дадените препораки во извештајот.
-Имаме план за реформа на образовниот систем, за да создава поподготвени кадри во иднина. Делуваме преку три аспекти – унапредување на инфраструктурата, набавка на нови наставни програми и учебници и подигнување на мотивацијата за работа на наставниот кадар. Клучно е поврзувањето на образованието со пазарот на трудот и мислам дека најважната активност во тој дел е прифаќањето на концептот на дуално образование. Затоа што овој концепт ги вклучува и компаниите во едукацијата на учениците кои се обучуваат директно на работно место и тоа од една страна овозможува подобра нивна подготовка со практични вештини, а од друга страна компаниите добиваат потенцијална работна сила подготвена за вклучување во работните процеси веднаш по дипломирањето, рече Шаќири.
Министерот потенцираше дека покрај активностите за подобрување на квалитетот на националниот образовен систем, институциите го поддржуваат и образованието на младите и надвор од границите на својата земја, преку доделување стипендии за студирање на најдобрите светски универзитети, преку можности кои ги обезбедуваат билатералните договори со други земји, како и преку учество во програмите за образование и наука на ЕУ – Еразмус и Хоризонт.
– Очекувањата ни се младите во својата земја да го применуваат стекнатото знаење и искуство, да и возвратат за дадените можности и да помогнат во нејзиниот развој заради подобра нивна иднина и заради иднина на нивните деца тука, истакна Шаќири, додавајќи дека грижа се води и за повозрасните граѓани да можат да се обучат, доквалификуваат или преквалификуваат за полесно да се снајдат на пазарот на трудот.
Извештајот на ОЕЦД го презентираше претставникот на организацијата за Југоисточна Европа, Анита Рихтер, а се обратија и амбасадорите на Швајцарија и Австрија во Скопје, Вероник Улман и Георг Вуцас, и заменик-претседателот на Владата за економски прашања Фатмир Битиќи, додека на панел-дискусиите учествуваа повеќе други експерти и претставници на земјите од регионот.

The post Шаќири: Дуалното образование е клучно за поврзување на образовниот систем со пазарот на трудот appeared first on Република.

]]>
Шаќири: Интензивно вложуваме во образовна инфраструктура, Долно Блаце доби ново училиште, а во Визбегово се гради https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shakjiri-intenzivno-vlozuvame-vo-obrazovna-infrastruktura-dolno-blace-dobi-novo-uchilishte-a-vo-vizbegovo-se-gradi/ Wed, 31 Aug 2022 19:46:53 +0000 https://republika.mk/?p=546216

Учениците од Долно Блаце веќе не мора да посетуваат настава во соседно Косово, туку ќе учат во ново училиште, изградено само за нив, порача министерот за образование и наука Јетон Шаќири кој денеска, пред почетокот на учебната година, го посети новото основно училиште во село Долно Блаце, општина Чучер-Сандево, како и објектот на новото училиште што се гради во населбата Визбегово, општина Бутел.

Нема поголема радост, првиот училишен ден да започне во ново училиште, во местото каде живеат. Нема поголема радост од детскиот џагор и смеа, кога се оди во училиште. Пред една година ветивме нова училишна зграда и тоа го реализиравме, изјави Шаќири.

Подрачното основно училиште „Михал Грамено“ во село Долно Блаце, општина Чучер-Сандево е инвестиција на Министерството за образование и наука (МОН) и за него се одвоени околу 4,7 милиони денари од буџетот. Објектот, како што велат од МОН, ги исполнува сите услови за непречено и современо образование, какво што заслужуваат сите деца.

Кон средината на следната календарска година, како што велат, и општина Бутел ќе добие нов училишен објект, во населбата Визбегово.

Како Влада и Министерство ние ја ветивме оваа инвестиција. Таа чини речиси 107 милиони денари и интензивно се реализира. Градежните активности се одвиваат според планот, така што, очекувам доколку сé биде во ред како и досега, од наредната учебна година, од септември во 2023 година, овој училишен објект да ги прими првите ученички генерации кои тука ќе се едуцираат, рече Шаќири.

Тој посочи дека МОН посветува подеднакво внимание на сите општини каде има потреба од инвестиција и додаде дека сега останува на младите вредно и посветено да учат, да стекнуваат знаења и вештини кои ќе им бидат потребни во животот. Потенцира дека вложувањето во образовната инфраструктура, како еден од основните услови за квалитетна настава и едукација на младите е еден од приоритетите на МОН.

The post Шаќири: Интензивно вложуваме во образовна инфраструктура, Долно Блаце доби ново училиште, а во Визбегово се гради appeared first on Република.

]]>

Учениците од Долно Блаце веќе не мора да посетуваат настава во соседно Косово, туку ќе учат во ново училиште, изградено само за нив, порача министерот за образование и наука Јетон Шаќири кој денеска, пред почетокот на учебната година, го посети новото основно училиште во село Долно Блаце, општина Чучер-Сандево, како и објектот на новото училиште што се гради во населбата Визбегово, општина Бутел.
Нема поголема радост, првиот училишен ден да започне во ново училиште, во местото каде живеат. Нема поголема радост од детскиот џагор и смеа, кога се оди во училиште. Пред една година ветивме нова училишна зграда и тоа го реализиравме, изјави Шаќири.
Подрачното основно училиште „Михал Грамено“ во село Долно Блаце, општина Чучер-Сандево е инвестиција на Министерството за образование и наука (МОН) и за него се одвоени околу 4,7 милиони денари од буџетот. Објектот, како што велат од МОН, ги исполнува сите услови за непречено и современо образование, какво што заслужуваат сите деца. Кон средината на следната календарска година, како што велат, и општина Бутел ќе добие нов училишен објект, во населбата Визбегово.
Како Влада и Министерство ние ја ветивме оваа инвестиција. Таа чини речиси 107 милиони денари и интензивно се реализира. Градежните активности се одвиваат според планот, така што, очекувам доколку сé биде во ред како и досега, од наредната учебна година, од септември во 2023 година, овој училишен објект да ги прими првите ученички генерации кои тука ќе се едуцираат, рече Шаќири.
Тој посочи дека МОН посветува подеднакво внимание на сите општини каде има потреба од инвестиција и додаде дека сега останува на младите вредно и посветено да учат, да стекнуваат знаења и вештини кои ќе им бидат потребни во животот. Потенцира дека вложувањето во образовната инфраструктура, како еден од основните услови за квалитетна настава и едукација на младите е еден од приоритетите на МОН.

The post Шаќири: Интензивно вложуваме во образовна инфраструктура, Долно Блаце доби ново училиште, а во Визбегово се гради appeared first on Република.

]]>
Се договорија МОН и СОНК: 15% покачување за сите вработени во образование од септември https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/se-dogovorija-mon-i-sonk-15-pokachuvanje-za-site-vraboteni-vo-obrazovanie-od-septemvri/ Tue, 17 May 2022 18:50:09 +0000 https://republika.mk/?p=503562

Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, вечерва информира дека заедно со СОНК ги прифатиле предлозите на медијаторот МТСП во однос на сите отворени теми и причините за штрајкот.

Повисоки плати во образованието ќе има, се договоривме за покачување на платите на сите вработени во образование од 15%, почнувајќи од септемвриската плата. Тоа е во согласно со буџетските можности. Нема да има кратење за времето кога се штрајкуваше. Најдовме целосно разбирање и ќе се исплатат целосни плати за април. Ги допрецизиравме работите и околу колективните договори, рече Шаќири после денешната средба со претседателот на СОНК, Јаким Неделков.

The post Се договорија МОН и СОНК: 15% покачување за сите вработени во образование од септември appeared first on Република.

Шаќири со молба до СОНК: Покачување на платите ќе има, но да ги вратиме учениците на училиште https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shakjiri-so-molba-do-sonk-pokachuvanje-na-platite-kje-ima-no-da-gi-vratime-uchenicite-na-uchilishte/ Thu, 14 Apr 2022 10:18:21 +0000 https://republika.mk/?p=488367

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска им се обрати на синдикалците од СОНК со молба и апел да овозможат да се вратат ученциите на настава.

– Барањето на СОНК е легитимно, и покачување на платите ќе има. Социјалниот дијалог со СОНК ќе продолжи. Но, приоритет за мене како министер се учениците и нивното враќање во училишните клупи, за да немаат повеќе дополнителни празнини кои тешко или никако нема да се надополнат. Најдобар интерес е учениците да се вратат во училниците, истакна министерот Шаќири.

Тој истакна дека денеска ќе испрати писмо до СОНК и ќе побара од нив да дозволат да се вратат учениците на настава.

– Апелирам до СОНК да им овозможиме на учениците навремено да ја завршат учебната година. Тоа е наша законска, морална и етичка обврска. Наставниците се најважна алка во образовниот процес, но и учениците се важна оска на секоја образовна политика и затоа не смеат повеќе да губат од наставата, рече Шаќири која на крајот упати и молба до синдикаците кои се на генерален штрајк да овозможат враќање на учениците назад во училишните клупи.

Вчерашните преговори меѓу претставниците на СОНК и министерот Шаќири не резултираа со прекин на штрајкот во образованието бидејќи не постигнаа договор за зголемувањето на платите на просветните работници кое го побараа синдикаците предводени од Јаким Неделков.

– Учениците имаат уставно право на образование, а синдикалците уставно право на штрајк, но образованието е специфична област. Ние гарантираме дека ќе имаме преговори за повисоки плати, рече министерот.

The post Шаќири со молба до СОНК: Покачување на платите ќе има, но да ги вратиме учениците на училиште appeared first on Република.

Следете во живо: Прес-конференција на министерот Јетон Шаќири https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sledete-vo-zivo-pres-konferencija-na-ministerot-jeton-shakjiri/ Thu, 14 Apr 2022 09:32:53 +0000 https://republika.mk/?p=488334

Прес-конференција на министерот Јетон Шаќири

The post Следете во живо: Прес-конференција на министерот Јетон Шаќири appeared first on Република.

Шаќири: Штрајкот не смее да биде прв чекор на синдикална борба, не може да почнете преговори со такво условување https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shakjiri-shtrajkot-ne-smee-da-bide-prv-chekor-na-sindikalna-borba-ne-moze-da-pochnete-pregovori-so-takvo-uslovuvanje/ Wed, 13 Apr 2022 09:15:00 +0000 https://republika.mk/?p=487754

Став на Владата и на Министерството за образование е дека зголемување на платите на наставниците треба да има и дека низ преговори треба да се утврди најдобриот начин тоа да се направи. Истовремено, кажавме дека од прекин на работа во чувствителна дејност како што е образованието, губат сите – и децата, и наставниците и државата. И тоа се ненадоместливи загуби. Штрајкот не смее да биде прв чекор на синдикална борба, не може да почнете преговори со такво условување. Ова го нагласи министерот за образование и наука Јетон Шаќири во гостувањето во „Програма 200“ на телевизијата „Алсат-М“.

Да мислевме дека платите не треба да се зголемат, ќе се спротивставевме уште на првите средби со СОНК, и ќе ги прекиневме преговорите. Но, тоа не го направивме. На секоја средба истакнувавме дека треба да се види секоја добра можност за да се зголемат. Но, изминатите две години имавме здравствена криза, и сите знаеме како функционираше образовниот систем во таа ситуација. И синдикатот и јас знаеме дека се боревме за опстанок, само да го заштитиме здравјето, рече Шаќири.

Тој појасни дека се прават буџетски анализи за што побрзо да се одговори на барањето на СОНК и да се види колку нјамногу може да се исполни и кој е најсоодветен модел.
„Ме радува што се зголеми минималната плата. Ова го поздрави и опозицијата. Ме радува фактот што расте и просечната плата. Ова се позитивни показатели на економскиот развој. Но, ние ќе постигнеме успех кога овие два показатели, минимална и просечна плата ќе може да се усогласуваат и со платите во образованието“, посочи министерот.

За да сфати и јавноста, но и опозицијата, како што рече министерот, со измените на Законот за минимална плата сите што добиваат под минималната плата, треба да се израмнат со минималната плата. Второ, по усвојување на минималната плата, во рок од 6 месеци, треба да се усогласат сите плати. Ние ова го правиме побрзо, дискутираме и ја гледаме секоја можност. Затоа, рече Шаќири, велам дека имаме разбирање и уште од првото синдикално барање ние сериозно се нафативме со решавање на предизвикот.

Нашиот ангажман е ова да биде што поскоро реално. Кога велам реално, тоа зависи од буџетските средства што ни се во располагање. Бараме системско решение. Ако минималната плата во 2023 година биде да речеме 20 илјади денари, според тоа решение да се зголемуваат платите. Мене ме радува што зборуваме за зголемување на платите. Да не се враќаме на претходниот период, пред 10 или 15 години, какви биле условите и можностите. Ние дискутираме за оваа можност во наредниот период, дециден беше Шаќири.

The post Шаќири: Штрајкот не смее да биде прв чекор на синдикална борба, не може да почнете преговори со такво условување appeared first on Република.

]]>

Став на Владата и на Министерството за образование е дека зголемување на платите на наставниците треба да има и дека низ преговори треба да се утврди најдобриот начин тоа да се направи. Истовремено, кажавме дека од прекин на работа во чувствителна дејност како што е образованието, губат сите – и децата, и наставниците и државата. И тоа се ненадоместливи загуби. Штрајкот не смее да биде прв чекор на синдикална борба, не може да почнете преговори со такво условување. Ова го нагласи министерот за образование и наука Јетон Шаќири во гостувањето во „Програма 200“ на телевизијата „Алсат-М“.
Да мислевме дека платите не треба да се зголемат, ќе се спротивставевме уште на првите средби со СОНК, и ќе ги прекиневме преговорите. Но, тоа не го направивме. На секоја средба истакнувавме дека треба да се види секоја добра можност за да се зголемат. Но, изминатите две години имавме здравствена криза, и сите знаеме како функционираше образовниот систем во таа ситуација. И синдикатот и јас знаеме дека се боревме за опстанок, само да го заштитиме здравјето, рече Шаќири.
Тој појасни дека се прават буџетски анализи за што побрзо да се одговори на барањето на СОНК и да се види колку нјамногу може да се исполни и кој е најсоодветен модел. „Ме радува што се зголеми минималната плата. Ова го поздрави и опозицијата. Ме радува фактот што расте и просечната плата. Ова се позитивни показатели на економскиот развој. Но, ние ќе постигнеме успех кога овие два показатели, минимална и просечна плата ќе може да се усогласуваат и со платите во образованието“, посочи министерот. За да сфати и јавноста, но и опозицијата, како што рече министерот, со измените на Законот за минимална плата сите што добиваат под минималната плата, треба да се израмнат со минималната плата. Второ, по усвојување на минималната плата, во рок од 6 месеци, треба да се усогласат сите плати. Ние ова го правиме побрзо, дискутираме и ја гледаме секоја можност. Затоа, рече Шаќири, велам дека имаме разбирање и уште од првото синдикално барање ние сериозно се нафативме со решавање на предизвикот.
Нашиот ангажман е ова да биде што поскоро реално. Кога велам реално, тоа зависи од буџетските средства што ни се во располагање. Бараме системско решение. Ако минималната плата во 2023 година биде да речеме 20 илјади денари, според тоа решение да се зголемуваат платите. Мене ме радува што зборуваме за зголемување на платите. Да не се враќаме на претходниот период, пред 10 или 15 години, какви биле условите и можностите. Ние дискутираме за оваа можност во наредниот период, дециден беше Шаќири.
 
The post Шаќири: Штрајкот не смее да биде прв чекор на синдикална борба, не може да почнете преговори со такво условување appeared first on Република.

]]>
Министерот за образование и наука денеска или утре ќе се сретне со претседателот на СОНК https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-za-obrazovanie-i-nauka-deneska-ili-utre-kje-se-sretne-so-pretsedatelot-na-sonk/ Mon, 11 Apr 2022 09:49:13 +0000 https://republika.mk/?p=486642

Го почитувам синдикалното право на штрајк, но тој треба да биде крајна одлука и последен чекор, изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири и додаде дека социјалниот дијалог ќе продолжи и дека денеска или утре со СОНК ќе имаат средба.

Ќе повикам во најбрз можен рок да најдеме заеднички договор на овие проблеми и наставата да продолжи – рече Шаќири при посетата на средното училиште „Владо Тасевски“ каде што се спроведува меѓународно ПИСА-тестирање.

Тој рече дека е во комуникација со директори на сите основни и средни за тоа дали и како се одвива наставата и колку се вклучени во штрајкот. Најави точни информации за штрајкот по 14 часот односно по почетокот на втората смена во училиштата.

Во училиштето што го посети, рече дека од вкупниот број 117 вработени, 18 се во штрајк – наставен кадар и технички персонал и дека се во посебна просторија.

Мислам дека во повеќе градови е ваква состојбата. Имам првични информации, но треба да ги потврдам во соработка со инспекторатите – просветен и трудов, од градови каде што имало ученици кои сакале да влезат, но не биле пуштени во училиштата поради одлука за штрајк – рече Шаќири.

Според него, со одлуката за штрајк се доаѓа во ситуација да се надоместат деновите од учебната година бидејќи имаше и одложен почетокот на второто полугодие поради состојбата со ковид-19.

The post Министерот за образование и наука денеска или утре ќе се сретне со претседателот на СОНК appeared first on Република.

]]>

Го почитувам синдикалното право на штрајк, но тој треба да биде крајна одлука и последен чекор, изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири и додаде дека социјалниот дијалог ќе продолжи и дека денеска или утре со СОНК ќе имаат средба.
Ќе повикам во најбрз можен рок да најдеме заеднички договор на овие проблеми и наставата да продолжи – рече Шаќири при посетата на средното училиште „Владо Тасевски“ каде што се спроведува меѓународно ПИСА-тестирање.
Тој рече дека е во комуникација со директори на сите основни и средни за тоа дали и како се одвива наставата и колку се вклучени во штрајкот. Најави точни информации за штрајкот по 14 часот односно по почетокот на втората смена во училиштата. Во училиштето што го посети, рече дека од вкупниот број 117 вработени, 18 се во штрајк – наставен кадар и технички персонал и дека се во посебна просторија.
Мислам дека во повеќе градови е ваква состојбата. Имам првични информации, но треба да ги потврдам во соработка со инспекторатите – просветен и трудов, од градови каде што имало ученици кои сакале да влезат, но не биле пуштени во училиштата поради одлука за штрајк – рече Шаќири.
Според него, со одлуката за штрајк се доаѓа во ситуација да се надоместат деновите од учебната година бидејќи имаше и одложен почетокот на второто полугодие поради состојбата со ковид-19.  

The post Министерот за образование и наука денеска или утре ќе се сретне со претседателот на СОНК appeared first on Република.

]]>
Шаќири на средба со ректорската управа на УКИМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shakjiri-na-sredba-so-rektorskata-uprava-na-ukim/ Mon, 07 Mar 2022 20:54:44 +0000 https://republika.mk/?p=469262

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје континуирано и доследно работи на постигнување на европските норми и стандарди во наставната, научната и апликативната дејност а ние како Министерство за образование и наука сме тука да го поддржиме. Определбата на оваа Влада за интензивно вложување во високото образование произлегува од ставот дека нема алтернатива за унапредувањето на научно-истражувачката работа како услов за побрз општествено-економски развој. Ова го нагласи министерот за образование и наука Јетон Шаќири на денешниот состанок со ректорската управа на УКИМ.

Во предизвикувачки услови во какви што живееме и работиме, уште поважна е конструктивната и постојаната поддршка што ја дава МОН за реализација на висококвалитетно и вредно образование. Денеска ги слушнавме размислувањата и предлозите на ректорската управа на УКИМ и изразивме подготвеност заеднички да изнаоѓаме решенија за сите прашања, за кои можеме да интервенираме, не нарушувајќи ја академската автономија, рече министерот Шаќири.

Министерот информираше дека посетата на  УКИМ е дел од агендата за посета на сите високообразовните установи во државата, која ќе се реализира во следниот период.

The post Шаќири на средба со ректорската управа на УКИМ appeared first on Република.