Јетон Беќири Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jeton-bekiri/ За подобро да се разбереме Fri, 05 Jan 2024 21:25:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Јетон Беќири Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jeton-bekiri/ 32 32 Шкендија со Јетон Беќири ќе се обиде да ја освои титулата https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/shkendija-so-jeton-bekiri-ke-se-obide-da-ja-osvoi-titulata/ Fri, 05 Jan 2024 21:25:29 +0000 https://republika.mk/?p=730231

Македонскиот фудбалски прволигаш Шкендија го назначи денеска Јетон Беќири за нивен тренер, потпишувајќи со младиот стратег договор за соработка во следните 18 месеци.

Четириесетиедногодишниот Беќири се враќа во тетовскиот клуб во кој во минатото беше прв асистент, а во два наврати и вршител на должноста главен тренер.

- Со своето богато домашно и меѓународно искуство, во Беќири го гледаме вистинското решение на клупата во периодот што следува, соопшти Шкендија, која по првиот дел од сезоната во македонското првенство е третопласирана со 35 бодови, четири помалку од водечката Струга.

Беќири, кој во минатото беше тренер на Ренова и Струга, се враќа во македонскиот фудбал по ангажман во саудискиот клуб Ал Џабалаин, откако во меѓувреме го предводеше и албанскиот прволигаш Билис Балш.

- Да се биде тренер на Шкендија е чест и задоволство, но, истовремено и одговорност и мој личен предизвик. Сакам да играме напаѓачки и агресивен фудбал, но и тактички да бидеме многу одговорни. Верувам дека имаме добри шанси на крајот на првенство да бидеме првопласирани, изјави на промоцијата Беќири

The post Шкендија со Јетон Беќири ќе се обиде да ја освои титулата appeared first on Република.

]]>

Македонскиот фудбалски прволигаш Шкендија го назначи денеска Јетон Беќири за нивен тренер, потпишувајќи со младиот стратег договор за соработка во следните 18 месеци. Четириесетиедногодишниот Беќири се враќа во тетовскиот клуб во кој во минатото беше прв асистент, а во два наврати и вршител на должноста главен тренер. - Со своето богато домашно и меѓународно искуство, во Беќири го гледаме вистинското решение на клупата во периодот што следува, соопшти Шкендија, која по првиот дел од сезоната во македонското првенство е третопласирана со 35 бодови, четири помалку од водечката Струга. Беќири, кој во минатото беше тренер на Ренова и Струга, се враќа во македонскиот фудбал по ангажман во саудискиот клуб Ал Џабалаин, откако во меѓувреме го предводеше и албанскиот прволигаш Билис Балш.
- Да се биде тренер на Шкендија е чест и задоволство, но, истовремено и одговорност и мој личен предизвик. Сакам да играме напаѓачки и агресивен фудбал, но и тактички да бидеме многу одговорни. Верувам дека имаме добри шанси на крајот на првенство да бидеме првопласирани, изјави на промоцијата Беќири

The post Шкендија со Јетон Беќири ќе се обиде да ја освои титулата appeared first on Република.

]]>