јенс леман Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jens-leman/ За подобро да се разбереме Sat, 23 Dec 2023 11:31:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png јенс леман Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jens-leman/ 32 32 Заврши едно од најбизарните судења на славните: Казната е изречена, а за делото сите се во шок https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/zavrshi-edno-od-najbizarnite-sudena-na-slavnite-kaznata-e-izrechena-a-za-deloto-site-se-vo-shok/ Sat, 23 Dec 2023 11:35:02 +0000 https://republika.mk/?p=725910

Едно од најбизарните судења оваа година, како што го опишаа германските медиуми, заврши со изрекување глоба од 420.000 евра за поранешниот легендарен фудбалски голман Јенс Леман, кој е казнет бидејќи со моторна пила ја оштетил гаражата на соседот во родниот град Штанберг.

Поранешниот германски репрезентативен голман е прогласен за виновен за оштетување туѓ имот, навредливо однесување и обид за измама.

Германските медиуми јавија дека Леман бил незадоволен поради тоа што гаражата на соседот му го попречувала погледот од неговата куќа на езерото Штанберг во Горна Баварија.

Леман провалил во гаражниот објект на својот сосед, откако претходно го извлекол струјниот кабел од безбедносната камера и со моторна пила исекол една од гредите.

Поранешниот голман на Шалке, Милан, Борусија Дортмунд, Арсенал и Штутгарт, сепак, бил снимен од безбедносната камера која функционирала со помош на резервна батерија.

На судскиот процес Леман признал дека влегол во гаражата со моторна пила во рацете, но рекол оти не се сеќава што потоа се случило.

„Нема сомнение дека обвиненијата против поранешниот германски голман се вистинити“, рече јавниот обвинител Штефан Кројцер.

Леман по завршувањето на фудбалската кариера беше член на Управниот одбор на берлинска Херта, од каде беше отпуштен поради навреди на расна основа кон поранешниот фудбалер Денис Аого.

The post Заврши едно од најбизарните судења на славните: Казната е изречена, а за делото сите се во шок appeared first on Република.

]]>

Едно од најбизарните судења оваа година, како што го опишаа германските медиуми, заврши со изрекување глоба од 420.000 евра за поранешниот легендарен фудбалски голман Јенс Леман, кој е казнет бидејќи со моторна пила ја оштетил гаражата на соседот во родниот град Штанберг. Поранешниот германски репрезентативен голман е прогласен за виновен за оштетување туѓ имот, навредливо однесување и обид за измама. Германските медиуми јавија дека Леман бил незадоволен поради тоа што гаражата на соседот му го попречувала погледот од неговата куќа на езерото Штанберг во Горна Баварија. Леман провалил во гаражниот објект на својот сосед, откако претходно го извлекол струјниот кабел од безбедносната камера и со моторна пила исекол една од гредите. Поранешниот голман на Шалке, Милан, Борусија Дортмунд, Арсенал и Штутгарт, сепак, бил снимен од безбедносната камера која функционирала со помош на резервна батерија. На судскиот процес Леман признал дека влегол во гаражата со моторна пила во рацете, но рекол оти не се сеќава што потоа се случило. „Нема сомнение дека обвиненијата против поранешниот германски голман се вистинити“, рече јавниот обвинител Штефан Кројцер. Леман по завршувањето на фудбалската кариера беше член на Управниот одбор на берлинска Херта, од каде беше отпуштен поради навреди на расна основа кон поранешниот фудбалер Денис Аого.

The post Заврши едно од најбизарните судења на славните: Казната е изречена, а за делото сите се во шок appeared first on Република.

]]>
Му го блокирал погледот од вилата: Јенс Леман со моторна пила отсекол дел од покривот на куќата на соседот https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/mu-go-blokiral-pogledot-od-vilata-jens-leman-so-motorna-pila-otsekol-del-od-pokrivot-na-kukjata-na-sosedot/ Sun, 31 Jul 2022 15:33:33 +0000 https://republika.mk/?p=534991

Поранешниот голман на Арсенал и германската фудбалска репрезентација, Јенс Леман, има проблеми со законот, откако со моторна пила влегол на имотот на својот сосед и му направил голема штета.

Како што пишува „Билд“, Леман во лутина отсекол дел од покривот на својот сосед на езерото Старнберг, каде што има викендица.

Тој дел од покривот, наводно, му го блокирал погледот од вилата што ја купил за пет милиони евра. Леман решил сам да го реши проблемот и ги отсекол деловите од покривот кои му пречеле.

Пред тоа ги пресекол и каблите на надзорните камери, но тие продолжиле да го снимаат. Не знаел дека во нив има батерии за вакви случаи. Соседот го препознал на видеата и повикал полиција.

Инаку, 52-годишниот Леман се повлече од фудбалот пред 11 години, а последен клуб му беше Арсенал. Бранеше и за Борусија Дортмунд, Милан, Шалке, Штутгарт и Есен.

The post Му го блокирал погледот од вилата: Јенс Леман со моторна пила отсекол дел од покривот на куќата на соседот appeared first on Република.

]]>

Поранешниот голман на Арсенал и германската фудбалска репрезентација, Јенс Леман, има проблеми со законот, откако со моторна пила влегол на имотот на својот сосед и му направил голема штета. Како што пишува „Билд“, Леман во лутина отсекол дел од покривот на својот сосед на езерото Старнберг, каде што има викендица. Тој дел од покривот, наводно, му го блокирал погледот од вилата што ја купил за пет милиони евра. Леман решил сам да го реши проблемот и ги отсекол деловите од покривот кои му пречеле. Пред тоа ги пресекол и каблите на надзорните камери, но тие продолжиле да го снимаат. Не знаел дека во нив има батерии за вакви случаи. Соседот го препознал на видеата и повикал полиција. Инаку, 52-годишниот Леман се повлече од фудбалот пред 11 години, а последен клуб му беше Арсенал. Бранеше и за Борусија Дортмунд, Милан, Шалке, Штутгарт и Есен.

The post Му го блокирал погледот од вилата: Јенс Леман со моторна пила отсекол дел од покривот на куќата на соседот appeared first on Република.

]]>