јени џамија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jeni-dhamija/ За подобро да се разбереме Fri, 22 Nov 2024 10:17:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png јени џамија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jeni-dhamija/ 32 32 Ахмети и ИВЗ против музеј на местото на Свети Ѓорги и Јени џамија во Битола https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ahmeti-i-ivz-protiv-muzej-na-mestoto-na-sveti-gorgi-i-jeni-dhamija-vo-bitola/ Fri, 22 Nov 2024 10:17:30 +0000 https://republika.mk/?p=840746

ДУИ и ИВЗ се огласија со реакции изразувајќи ја нивната „длабока загриженост’ откако Националната установа Завод и Музеј Битола синоќа во градот на конзулите го отвори Музејот на христијанското и исламското културно наследство во Јени џамијата, под која беа откриени и темели на црквата „Св. Ѓорѓи“.

Тоа е и еден од проектите со кои НУ Завод и Музеј Битола го одбележува својот јубилеј – 90 години од формирањето.

Директорка на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Оливера Трајковска, на вечерашното отворање потенцира дека Музејот на христијанско и исламско културно наследство е спој на она што сите треба да го прават во секојдневниот живот – да се спојат преку љубовта, преку молитвата, преку соживотот.

„Јени џамијата и црквата „Св. Ѓорги“ од денеска се Музеј на христијанско и исламско културно наследство. Сите ние како луѓе сме верници без оглед на тоа на кој јазик го молиме Бога, без оглед на тоа со кој збор го ословуваме Бог, дали како Алах или како Господ Исус Христос… Всушност сите ние веруваме и како верници треба да бидеме љубов. Под напливот на глобалистичките трендови со кои што некој се обидува да не раздели и да посее семе на омраза, ние треба да застанеме и да кажеме – не, ширејќи љубов“, посочила директорка на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи при синоќешното отворање на Музејот на христијанско и исламско културно наследство во Битола.

Јени Џамијата се наоѓа во центарот на Битола, на десната страна на реката Драгор, покрај некогашниот Пекмез пазар. Првите археолошки ископување во Јени џамијата кои почнаа во 2003 година во рамките на проектот на „Убикација на средновековна Битола”, покажаа дека таа крие темели на три цркви кои датираат од 7, 11 и 13 век, меѓу кои и некогаш најголемата црква во Битола, „Св. Ѓорѓи“. При ископувањата биле пронајдени два печата, еден сребрен со ликот на Свети Ѓорѓи и друг со ликот на со ликот на Мајката Божја, а за највреден пронајдок се смета пекторалниот медалјон врз кого се изгравирани позлатени фигури на светци.

The post Ахмети и ИВЗ против музеј на местото на Свети Ѓорги и Јени џамија во Битола appeared first on Република.

]]>

ДУИ и ИВЗ се огласија со реакции изразувајќи ја нивната „длабока загриженост’ откако Националната установа Завод и Музеј Битола синоќа во градот на конзулите го отвори Музејот на христијанското и исламското културно наследство во Јени џамијата, под која беа откриени и темели на црквата „Св. Ѓорѓи“. Тоа е и еден од проектите со кои НУ Завод и Музеј Битола го одбележува својот јубилеј – 90 години од формирањето. Директорка на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Оливера Трајковска, на вечерашното отворање потенцира дека Музејот на христијанско и исламско културно наследство е спој на она што сите треба да го прават во секојдневниот живот – да се спојат преку љубовта, преку молитвата, преку соживотот.
„Јени џамијата и црквата „Св. Ѓорги“ од денеска се Музеј на христијанско и исламско културно наследство. Сите ние како луѓе сме верници без оглед на тоа на кој јазик го молиме Бога, без оглед на тоа со кој збор го ословуваме Бог, дали како Алах или како Господ Исус Христос… Всушност сите ние веруваме и како верници треба да бидеме љубов. Под напливот на глобалистичките трендови со кои што некој се обидува да не раздели и да посее семе на омраза, ние треба да застанеме и да кажеме – не, ширејќи љубов“, посочила директорка на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи при синоќешното отворање на Музејот на христијанско и исламско културно наследство во Битола.
Јени Џамијата се наоѓа во центарот на Битола, на десната страна на реката Драгор, покрај некогашниот Пекмез пазар. Првите археолошки ископување во Јени џамијата кои почнаа во 2003 година во рамките на проектот на „Убикација на средновековна Битола”, покажаа дека таа крие темели на три цркви кои датираат од 7, 11 и 13 век, меѓу кои и некогаш најголемата црква во Битола, „Св. Ѓорѓи“. При ископувањата биле пронајдени два печата, еден сребрен со ликот на Свети Ѓорѓи и друг со ликот на со ликот на Мајката Божја, а за највреден пронајдок се смета пекторалниот медалјон врз кого се изгравирани позлатени фигури на светци.

The post Ахмети и ИВЗ против музеј на местото на Свети Ѓорги и Јени џамија во Битола appeared first on Република.

]]>
Под Јени џамија откриени темелите на црквата „Св. Ѓорѓи“: Отвоен Музејот на христијанското и исламското културно наследство во Битола https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pod-jeni-dhamija-otkrieni-temelite-na-tsrkvata-sv-gorgi-otvoen-muzejot-na-hristijanskoto-i-islamskoto-kulturno-nasledstvo-vo-bitola/ Thu, 21 Nov 2024 20:25:46 +0000 https://republika.mk/?p=840555

Националната установа Завод и Музеј, во Битола отвори Музеј на христијанското и исламското културно наследство, прв ваков објект во државата, на кој на иста локација се наоѓаат Јени џамија, а под неа откриените темели на црквата „Св. Ѓорѓи“.

Според Оливера Трајковска, директорка на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, овој споменик говори што значи да се биде едно, бидејќи на едно место почиваат темелите на една света црква и на една света џамија и тука не постои поделба.

Јени џамија и црквата „Св. Ѓорги“ од денеска се Музеј на христијанско и исламско културно наследство. Сите ние како луѓе сме верници без оглед на тоа на кој јазик го молиме Бога, без оглед на тоа со кој збор го ословуваме Бог, дали како Алах или како Господ Исус Христос...всушност сите ние веруваме и како верници треба да бидеме љубов. Под напливот на глобалистичките трендови со кои што некој се обидува да не раздели и да посее семе на омраза, ние треба да застанеме и да кажеме не, ширејќи љубов, посочи Трајковска.

Со овој мега проект, Националната установа Завод и Музеј го одбележува својот јубилеј, 90 години од формирањето, нагласи Зоран Николовски, директор на установата.

Првите археолошки ископување во Јени џамија почнаа во 2003 година под раководство на археологот Томе Јанакиевски, а подоцна и со други стручни лица кои работеа долги години и успеаја целосно да го реставрираат првиот дел од џамијата или тремот. Археолошкиот објект во иднина ќе биде Музеј и целосно отворен за јавноста и посетителите ќе се запознаат со историјатот кој датира од 7 до 11 век, истакна Николовски.

Според градоначалникот Тони Коњановски, новиот Музеј на христијанското и исламското културно наследство, ја потврдува историјата и значењето на Битола.

На овие балкански и европски простори Битола е еден светилник, раскрсница на христијанството и исламот, но и на разни премрежија кои градот ги минал низ вековите. Битола доби објект кој значи нова туристичка понуда со историска вредност, посочи Коњановски.

Новиот Музеј во Битола се наоѓа спроти градскиот часовник или како што вечерва на свеченото отворање беше нагласено, тоа е објект со длабоки темели на црквата „Св. Ѓорги“ и високо издигната Јени џамија.

The post Под Јени џамија откриени темелите на црквата „Св. Ѓорѓи“: Отвоен Музејот на христијанското и исламското културно наследство во Битола appeared first on Република.

]]>

Националната установа Завод и Музеј, во Битола отвори Музеј на христијанското и исламското културно наследство, прв ваков објект во државата, на кој на иста локација се наоѓаат Јени џамија, а под неа откриените темели на црквата „Св. Ѓорѓи“. Според Оливера Трајковска, директорка на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, овој споменик говори што значи да се биде едно, бидејќи на едно место почиваат темелите на една света црква и на една света џамија и тука не постои поделба.