Јеменски хути Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jemenski-huti/ За подобро да се разбереме Sun, 29 Sep 2024 18:07:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Јеменски хути Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jemenski-huti/ 32 32 Израел го нападна и Јемен https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/izrael-go-napadna-i-jemen/ Sun, 29 Sep 2024 17:55:08 +0000 https://republika.mk/?p=820806

Министерството за здравство на Хутите во Јемен објави дека четири лица се загинати, а 29 се повредени по денешните израелски напади. Израел потврди дека започнал воздушни напади врз Хутите во Јемен, погодувајќи го пристаништето Рас Иса во четвртиот по големина град во Јемен, Ал Худајда.

Армијата соопшти дека неколку десетици авиони на израелското воздухопловство, вклучително и шпионски авиони и авиони за полнење гориво, учествувале во нападите врз позициите на милитантите лоцирани на околу 1.800 километри од Израел.

Во текот на изминатата година, Хутите дејствуваа под раководство и финансирање од Иран и во соработка со ирачките милиции со цел да ја нападнат државата Израел, да ја поткопаат регионалната стабилност и да ја нарушат глобалната слобода на движење, се вели во соопштението.

Нападите беа насочени кон локациите што ги користат Хутите за воени цели во Ал Худајда и блиското пристаниште Рас Иса во западен Јемен.

Снимките на социјалните мрежи, објавени од израелските медиуми, покажуваат како чад се издига од областа.

https://youtu.be/xP_CJ_NlhjQ?si=OoWeeaZSXPYtU7av

Жителите изјавија дека нападите предизвикале прекин на електричната енергија во повеќето делови на пристанишниот град Ходеида.

The post Израел го нападна и Јемен appeared first on Република.

]]>

Министерството за здравство на Хутите во Јемен објави дека четири лица се загинати, а 29 се повредени по денешните израелски напади. Израел потврди дека започнал воздушни напади врз Хутите во Јемен, погодувајќи го пристаништето Рас Иса во четвртиот по големина град во Јемен, Ал Худајда. Армијата соопшти дека неколку десетици авиони на израелското воздухопловство, вклучително и шпионски авиони и авиони за полнење гориво, учествувале во нападите врз позициите на милитантите лоцирани на околу 1.800 километри од Израел.
Во текот на изминатата година, Хутите дејствуваа под раководство и финансирање од Иран и во соработка со ирачките милиции со цел да ја нападнат државата Израел, да ја поткопаат регионалната стабилност и да ја нарушат глобалната слобода на движење, се вели во соопштението.
Нападите беа насочени кон локациите што ги користат Хутите за воени цели во Ал Худајда и блиското пристаниште Рас Иса во западен Јемен. Снимките на социјалните мрежи, објавени од израелските медиуми, покажуваат како чад се издига од областа. https://youtu.be/xP_CJ_NlhjQ?si=OoWeeaZSXPYtU7av Жителите изјавија дека нападите предизвикале прекин на електричната енергија во повеќето делови на пристанишниот град Ходеида.

The post Израел го нападна и Јемен appeared first on Република.

]]>
Бајден испратил „приватна порака“ до Иран за Хутите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/bajden-ispratil-privatna-poraka-do-iran-za-hutite/ Sun, 14 Jan 2024 19:53:44 +0000 https://republika.mk/?p=733037

По серијата напади врз цели на Хутите во Јемен, американскиот претседател Џозеф Бајден рече дека САД доставиле „приватна порака“ до Иран за Хутите во Јемен.

Имајќи предвид дека Иран ги поддржува речиси сите милитантни групи на Блискиот Исток, неизвесно е каков ќе биде одговорот на Техеран.

-Го испорачавме приватно и уверени сме дека сме добро подготвени – рече Бајден, без да наведе повеќе детали.

Иако Иран негира вмешаност во нападите на Хутите во Црвеното Море, Техеран е осомничен дека им доставува оружје на Хутите, а САД велат дека иранското разузнавање било клучно за да им дозволи да ги таргетираат бродовите.

Заедничките воздушни напади на Велика Британија и САД беа насочени кон речиси 30 позиции на Хутите, поддржани од западните сојузници, вклучувајќи ги Австралија и Канада.

Еден ден подоцна, американската Централна команда објави дека го започнала својот нов напад врз Хутите во Јемен користејќи крстосувачки ракети Томахавк.

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон изјави дека Британија нема „нема избор“ освен да преземе воена акција против Хутите во Јемен, како одговор на нивните напади врз бродови во Црвеното Море.

Портпаролот на Хутите изјави за Ројтерс дека нападите немале значително влијание врз способноста на групата да ги напаѓа бродовите во Црвеното Море.

Хутите се вооружена група од јеменското шиитско муслиманско малцинство Заиди. Мнозинството јеменски граѓани живеат во области под контрола на Хутите. Покрај Сана и северен Јемен, Хутите го контролираат брегот на Црвеното Море.

The post Бајден испратил „приватна порака“ до Иран за Хутите appeared first on Република.

]]>

По серијата напади врз цели на Хутите во Јемен, американскиот претседател Џозеф Бајден рече дека САД доставиле „приватна порака“ до Иран за Хутите во Јемен. Имајќи предвид дека Иран ги поддржува речиси сите милитантни групи на Блискиот Исток, неизвесно е каков ќе биде одговорот на Техеран.
-Го испорачавме приватно и уверени сме дека сме добро подготвени – рече Бајден, без да наведе повеќе детали.
Иако Иран негира вмешаност во нападите на Хутите во Црвеното Море, Техеран е осомничен дека им доставува оружје на Хутите, а САД велат дека иранското разузнавање било клучно за да им дозволи да ги таргетираат бродовите. Заедничките воздушни напади на Велика Британија и САД беа насочени кон речиси 30 позиции на Хутите, поддржани од западните сојузници, вклучувајќи ги Австралија и Канада. Еден ден подоцна, американската Централна команда објави дека го започнала својот нов напад врз Хутите во Јемен користејќи крстосувачки ракети Томахавк. Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон изјави дека Британија нема „нема избор“ освен да преземе воена акција против Хутите во Јемен, како одговор на нивните напади врз бродови во Црвеното Море. Портпаролот на Хутите изјави за Ројтерс дека нападите немале значително влијание врз способноста на групата да ги напаѓа бродовите во Црвеното Море. Хутите се вооружена група од јеменското шиитско муслиманско малцинство Заиди. Мнозинството јеменски граѓани живеат во области под контрола на Хутите. Покрај Сана и северен Јемен, Хутите го контролираат брегот на Црвеното Море.

The post Бајден испратил „приватна порака“ до Иран за Хутите appeared first on Република.

]]>
Бајден ги нарече јеменските Хути „терористичка“ група https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/bajden-gi-nareche-jemenskite-huti-teroristichka-grupa/ Sat, 13 Jan 2024 07:44:54 +0000 https://republika.mk/?p=732462

Американскиот претседател Џо Бајден ги нарече во петокот јеменските сили Хути „терористичка“ група откако американски и британски воени авиони, бродови и подморници извршија десетици ракетни напади во текот на ноќта ширум Јемен.

Бајден рече дека Вашингтон ќе одговори на Хутите доколку продолжат со, како што рече, „безобразното“ однесување. „Мислам дека се“, им рече Бајден на новинарите во петокот на прашањето дали е подготвен да ги нарече Хутите „терористичка“ група. „Ќе се погрижиме да одговориме на Хутите доколку продолжат со ова срамотно однесување заедно со нашите сојузници“, додаде тој.

Белата куќа претходно во петокот соопшти дека САД не сакаат војна со Јемен, но нема да се двоумат да преземат дополнителни чекори.

„Не е важно дали се етикетирани (како терористи). Собравме група нации (кои) ќе кажат ако продолжат да дејствуваат и да се однесуваат како што прават, ние ќе одговориме“, им рече Бајден на новинарите и додаде дека е загрижен за влијанието на војната на Блискиот исток врз цената на нафтата.

Хутите се побунија во 2014 година против јеменската влада која ја обвинија дека е попустлива на сунитската терористичка организација Ал Каеда која контролираше големи делови од Јемен. Во своето брзо напредување го заземаа главниот град Санаа кој сѐ уште го држат под контрола, како и најголемиот пристанишен град Аден од кој подоцна беа истиснати.

Изминатите години, силно поддржани од Иран, се судираа со сунитската коалиција предводена од Саудиска Арабија. Меѓутоа, од избувнувањето на војната по 7-ми октомври во Појасот Газа меѓу Израел и радикалното палестинското исламистичко движење Хамас, Хутите ги прекинаа непријателствата со околните арапски сунитски земји, и контролирајќи го поголемиот дел од Јемен со седмици го отежнуваат пловењето низ теснецот Баб ал-Мандаб на југот на Црвеното Море. Солидирајќи се со Палестинците, Хутите предупредија дека ќе ги гаѓаат сите бродови кои пловат кон Израел или се во сопственост на израелски компании. Движењето се заканува дека ќе продолжи со нападите врз израелските бродови во Црвеното и Арапското Море додека не престанат непријателствата во Појасот Газа.

Нападите врз комерцијалните бродови од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас на 7. октомври ги поттикнаа големите бродски компании да ги пренасочат своите бродови во јужниот дел на Африка, и покрај повисоките трошоци за гориво за долгите патувања. Црвеното Море е „автопат“ што го поврзува Медитеранот со Индискиот Океан, а со тоа и Европа со Азија. Секоја година низ Суецкиот канал минуваат околу 20.000 бродови, што претставува околу 40 отсто од светската трговија.

Белата куќа го обвинува Иран дека е вклучен во планирањето на нападите на Хутите, бидејќи им обезбедува „софистицирана воена опрема“ и „разузнавачка помош“, без која јеменските бунтовници тешко би ги забележале и погодиле бродовите. САД, исто така, иницираа формирање меѓународна поморска коалиција којашто ќе ја гарантира безбедноста на комерцијалната пловидба во Црвеното Море, и досега американсите воени бродови повеќепати соборуваа бесполитни летала и проектили чиешто лансирање им се припшишува на Хутите.

The post Бајден ги нарече јеменските Хути „терористичка“ група appeared first on Република.

]]>

Американскиот претседател Џо Бајден ги нарече во петокот јеменските сили Хути „терористичка“ група откако американски и британски воени авиони, бродови и подморници извршија десетици ракетни напади во текот на ноќта ширум Јемен. Бајден рече дека Вашингтон ќе одговори на Хутите доколку продолжат со, како што рече, „безобразното“ однесување. „Мислам дека се“, им рече Бајден на новинарите во петокот на прашањето дали е подготвен да ги нарече Хутите „терористичка“ група. „Ќе се погрижиме да одговориме на Хутите доколку продолжат со ова срамотно однесување заедно со нашите сојузници“, додаде тој. Белата куќа претходно во петокот соопшти дека САД не сакаат војна со Јемен, но нема да се двоумат да преземат дополнителни чекори. „Не е важно дали се етикетирани (како терористи). Собравме група нации (кои) ќе кажат ако продолжат да дејствуваат и да се однесуваат како што прават, ние ќе одговориме“, им рече Бајден на новинарите и додаде дека е загрижен за влијанието на војната на Блискиот исток врз цената на нафтата. Хутите се побунија во 2014 година против јеменската влада која ја обвинија дека е попустлива на сунитската терористичка организација Ал Каеда која контролираше големи делови од Јемен. Во своето брзо напредување го заземаа главниот град Санаа кој сѐ уште го држат под контрола, како и најголемиот пристанишен град Аден од кој подоцна беа истиснати. Изминатите години, силно поддржани од Иран, се судираа со сунитската коалиција предводена од Саудиска Арабија. Меѓутоа, од избувнувањето на војната по 7-ми октомври во Појасот Газа меѓу Израел и радикалното палестинското исламистичко движење Хамас, Хутите ги прекинаа непријателствата со околните арапски сунитски земји, и контролирајќи го поголемиот дел од Јемен со седмици го отежнуваат пловењето низ теснецот Баб ал-Мандаб на југот на Црвеното Море. Солидирајќи се со Палестинците, Хутите предупредија дека ќе ги гаѓаат сите бродови кои пловат кон Израел или се во сопственост на израелски компании. Движењето се заканува дека ќе продолжи со нападите врз израелските бродови во Црвеното и Арапското Море додека не престанат непријателствата во Појасот Газа. Нападите врз комерцијалните бродови од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас на 7. октомври ги поттикнаа големите бродски компании да ги пренасочат своите бродови во јужниот дел на Африка, и покрај повисоките трошоци за гориво за долгите патувања. Црвеното Море е „автопат“ што го поврзува Медитеранот со Индискиот Океан, а со тоа и Европа со Азија. Секоја година низ Суецкиот канал минуваат околу 20.000 бродови, што претставува околу 40 отсто од светската трговија. Белата куќа го обвинува Иран дека е вклучен во планирањето на нападите на Хутите, бидејќи им обезбедува „софистицирана воена опрема“ и „разузнавачка помош“, без која јеменските бунтовници тешко би ги забележале и погодиле бродовите. САД, исто така, иницираа формирање меѓународна поморска коалиција којашто ќе ја гарантира безбедноста на комерцијалната пловидба во Црвеното Море, и досега американсите воени бродови повеќепати соборуваа бесполитни летала и проектили чиешто лансирање им се припшишува на Хутите.

The post Бајден ги нарече јеменските Хути „терористичка“ група appeared first on Република.

]]>
Кои се Хутите и зошто напаѓаат бродови во Црвеното Море? https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/koi-se-hutite-i-zoshto-napagaat-brodovi-vo-tsrvenoto-more/ Fri, 12 Jan 2024 13:27:39 +0000 https://republika.mk/?p=732316

САД и Велика Британија извршија големи воздушни напади врз цели во Јемен поради нападите на Хутите врз товарни бродови во Црвеното Море. Хутите се бунтовничка група поддржана од Иран која контролира голем дел од Јемен. Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека американската и британската армија, со поддршка на Австралија, Бахреин, Канада и Холандија, рано утринава извршиле напади врз областите под контрола на Хутите.

Беа погодени повеќе од 12 цели, вклучително и главниот град Сана и Ходеида, пристанишното упориште на Хутите на Црвеното Море. Мета беа логистички центри, системи за противвоздушна одбрана и складишта за оружје.

Зошто Хутите напаѓаат бродови во Црвеното Море?

Нападите на Хутите започнаа откако започна конфликтот меѓу Израел и Хамас на 7 октомври. Хутите изјавија дека го поддржуваат Хамас и рекоа дека ќе го таргетираат секој брод што патува кон Израел, пишува Би-би-си.

Во ноември запленија израелски товарен брод, а потоа нападнаа неколку комерцијални бродови со беспилотни летала и балистички ракети. Нивните напади на Црвеното Море се зголемија за 500 отсто помеѓу ноември и декември. Тие станаа толку голема закана што големите бродски компании престанаа да работат во регионот.

Речиси 15 отсто од глобалната поморска трговија минува низ Црвеното Море, кое е поврзано со Средоземното Море преку Суецкиот канал и претставува најкратка поморска рута меѓу Европа и Азија. Големите бродски компании, вклучително и Медитеранската бродска компанија, Маерск, Хапаг-Лојд и нафтената компанија БП, рекоа дека ги пренасочуваат бродовите подалеку од Црвеното Море.

Затоа, меѓународните пазари стравуваат дека цените на горивата ќе пораснат и синџирите на снабдување ќе бидат нарушени. САД го обвинија Иран дека е вклучен во планирање операции против комерцијални бродови во Црвеното Море.

Кои се Хутите?

Хутите се вооружена група од јеменското шиитско муслиманско малцинство. Тие се именувани по основачот на движењето, Хусеин ал Хути. Групата беше формирана во 1990-тите и се бореше против, како што веруваа, корупцијата на тогашниот претседател Али Абдула Салех.

Салех, со поддршка на армијата на Саудиска Арабија, се обиде да ги елиминира Хутите во 2003 година, но безуспешно. Хутите водат граѓанска војна против јеменската влада од 2014 година. Владата беше поддржана од коалиција на арапски земји предводена од Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.

Хутите, заедно со Хамас и Хезболах, се декларираат како дел од оската на отпор што Иран ја води против Израел, САД и поширокиот Запад.

Кој ги поддржува Хутите?

Бунтовничката група Хути е моделирана по шиитската вооружена група во Либан, Хезболах, која им обезбедува поддршка и обука од 2014 година. Иран е и нивен сојузник, имајќи предвид дека Саудиска Арабија е нивни заеднички непријател. Иран е осомничен дека ги снабдува Хутите со оружје и им обезбедува витални разузнавачки информации што им овозможуваат да напаѓаат бродови во Црвеното Море.

„Знаеме дека Иран е вклучен во планирање операции против комерцијални бродови во Црвеното Море. Ова е во согласност со долгорочната материјална поддршка на Иран и охрабрување на дестабилизирачките акции на Хутите во регионот“, рече Адриен Вотсон, портпаролка на Белата куќа за национална безбедност. .

Иран, од друга страна, негира вмешаност во нападите на Црвеното Море. Хутите истрелаа балистички ракети и беспилотни летала кон Израел од почетокот на војната во Газа. Во случај Иран да ги снабдува со оружје, тоа би значело дека го прекршил ембаргото за оружје на ОН. Иран, се разбира, негираше.

Колкав дел од Јемен е под контрола на Хутите?

Официјалната влада на Јемен е Претседателскиот совет, на кој претседателот Абдрабух Мансур Хади ги префрли своите овластувања во април 2022 година. Сепак, седиштето на владата е во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад, откако Хади побегна таму во 2015 година.

Поголемиот дел од јеменското население живее во области под контрола на Хутите. Покрај Сана и северниот дел на Јемен, Хутите го контролираат и брегот на Црвеното Море. Групата во таа област собира даноци и печати пари. Советот за безбедност на ОН наведува дека до 2010 година Хутите имале меѓу 100.000 и 120.000 следбеници составени од вооружени војници и невооружени поддржувачи.

Извор: Би-Би-Си

 

The post Кои се Хутите и зошто напаѓаат бродови во Црвеното Море? appeared first on Република.

]]>

САД и Велика Британија извршија големи воздушни напади врз цели во Јемен поради нападите на Хутите врз товарни бродови во Црвеното Море. Хутите се бунтовничка група поддржана од Иран која контролира голем дел од Јемен. Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека американската и британската армија, со поддршка на Австралија, Бахреин, Канада и Холандија, рано утринава извршиле напади врз областите под контрола на Хутите. Беа погодени повеќе од 12 цели, вклучително и главниот град Сана и Ходеида, пристанишното упориште на Хутите на Црвеното Море. Мета беа логистички центри, системи за противвоздушна одбрана и складишта за оружје.

Зошто Хутите напаѓаат бродови во Црвеното Море?

Нападите на Хутите започнаа откако започна конфликтот меѓу Израел и Хамас на 7 октомври. Хутите изјавија дека го поддржуваат Хамас и рекоа дека ќе го таргетираат секој брод што патува кон Израел, пишува Би-би-си. Во ноември запленија израелски товарен брод, а потоа нападнаа неколку комерцијални бродови со беспилотни летала и балистички ракети. Нивните напади на Црвеното Море се зголемија за 500 отсто помеѓу ноември и декември. Тие станаа толку голема закана што големите бродски компании престанаа да работат во регионот. Речиси 15 отсто од глобалната поморска трговија минува низ Црвеното Море, кое е поврзано со Средоземното Море преку Суецкиот канал и претставува најкратка поморска рута меѓу Европа и Азија. Големите бродски компании, вклучително и Медитеранската бродска компанија, Маерск, Хапаг-Лојд и нафтената компанија БП, рекоа дека ги пренасочуваат бродовите подалеку од Црвеното Море. Затоа, меѓународните пазари стравуваат дека цените на горивата ќе пораснат и синџирите на снабдување ќе бидат нарушени. САД го обвинија Иран дека е вклучен во планирање операции против комерцијални бродови во Црвеното Море.

Кои се Хутите?

Хутите се вооружена група од јеменското шиитско муслиманско малцинство. Тие се именувани по основачот на движењето, Хусеин ал Хути. Групата беше формирана во 1990-тите и се бореше против, како што веруваа, корупцијата на тогашниот претседател Али Абдула Салех. Салех, со поддршка на армијата на Саудиска Арабија, се обиде да ги елиминира Хутите во 2003 година, но безуспешно. Хутите водат граѓанска војна против јеменската влада од 2014 година. Владата беше поддржана од коалиција на арапски земји предводена од Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати. Хутите, заедно со Хамас и Хезболах, се декларираат како дел од оската на отпор што Иран ја води против Израел, САД и поширокиот Запад.

Кој ги поддржува Хутите?

Бунтовничката група Хути е моделирана по шиитската вооружена група во Либан, Хезболах, која им обезбедува поддршка и обука од 2014 година. Иран е и нивен сојузник, имајќи предвид дека Саудиска Арабија е нивни заеднички непријател. Иран е осомничен дека ги снабдува Хутите со оружје и им обезбедува витални разузнавачки информации што им овозможуваат да напаѓаат бродови во Црвеното Море. „Знаеме дека Иран е вклучен во планирање операции против комерцијални бродови во Црвеното Море. Ова е во согласност со долгорочната материјална поддршка на Иран и охрабрување на дестабилизирачките акции на Хутите во регионот“, рече Адриен Вотсон, портпаролка на Белата куќа за национална безбедност. . Иран, од друга страна, негира вмешаност во нападите на Црвеното Море. Хутите истрелаа балистички ракети и беспилотни летала кон Израел од почетокот на војната во Газа. Во случај Иран да ги снабдува со оружје, тоа би значело дека го прекршил ембаргото за оружје на ОН. Иран, се разбира, негираше.

Колкав дел од Јемен е под контрола на Хутите?

Официјалната влада на Јемен е Претседателскиот совет, на кој претседателот Абдрабух Мансур Хади ги префрли своите овластувања во април 2022 година. Сепак, седиштето на владата е во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад, откако Хади побегна таму во 2015 година. Поголемиот дел од јеменското население живее во области под контрола на Хутите. Покрај Сана и северниот дел на Јемен, Хутите го контролираат и брегот на Црвеното Море. Групата во таа област собира даноци и печати пари. Советот за безбедност на ОН наведува дека до 2010 година Хутите имале меѓу 100.000 и 120.000 следбеници составени од вооружени војници и невооружени поддржувачи. Извор: Би-Би-Си  

The post Кои се Хутите и зошто напаѓаат бродови во Црвеното Море? appeared first on Република.

]]>
Кои се јеменските бунтовници Хути и зошто напаѓаат бродови? https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/koi-se-jemenskite-buntovnitsi-huti-i-zoshto-napagaat-brodovi/ Thu, 21 Dec 2023 07:49:28 +0000 https://republika.mk/?p=725083

Би-Би-Си Њуз

Кои се јеменските бунтовници Хути и зошто напаѓаат бродови?

Бунтовниците Хути, кои контролираат големи делови од Јемен, предупредија дека ќе ги нападнат сите бродови што пловат низ Црвеното Море на пат кон Израел.

Во ноември, тие киднапираа товарен брод со врски со израелски имот во Црвеното Море.

Во изминатите два месеци тие нападнаа уште неколку трговски бродови со проектили и беспилотни летала.

Како Хутите нападнаа израелски цели

Откако израелската одмазда против Газа започна на 19 октомври, Хутите истрелаа неколку проектили и беспилотни летала кон Израел.

САД соопштија дека нивните воени бродови во Црвеното Море пресретнале некои од нив, додека други слетале во Црвеното Море или на египетска територија.

Хутите објавија фотографии на кои се гледа како нивните борци киднапираат брод во Црвеното Море на 21 ноември.
Во ноември 2023 година, Хутите запленија, како што тврдеа, израелски товарен брод во Црвеното Море и го транспортираа до локација во близина на брегот на Јемен.

Израел тврди дека бродот не е израелски и дека на него немало Израелци, но непотврдени извештаи сугерираат дека бродот можеби имал израелски сопственик.

Од 3 декември Хутите нападнаа неколку трговски бродови во Црвеното Море со беспилотни летала и балистички ракети од блискиот брег на Јемен, кој го контролираат.

Американски, британски и француски бродови пресретнаа многу од овие проектили, но голем број бродови сепак беа погодени.

Медитеранската бродска компанија, најголемата светска бродска компанија, соопшти дека ги пренасочува сите свои бродови подалеку од Црвеното Море.

Истото го направија и француската компанија CMA CGM, данската бродска компанија Maersk, германската компанија Hapag Lloyd и нафтената компанија British Petrol.

„Овие напади, иако ги започнаа Хутите од Јемен, се целосно овозможени од Иран“, рече Сентком, кој води воени операции на Блискиот Исток за американската војска.

САД предложија поморска работна група за заштита на трговската морнарица од понатамошни напади на Хутите.

Кои се Хутите и која е нивната цел?

Хутите се вооружена група од Јемен од редовите на локалното шиитско муслиманско малцинство - Заиди.

Групата е формирана во 1990-тите за да се бори против она што тие го доживуваат како корупција на тогашниот претседател Али Абдула Салех.

Името го добиле по основачот на движењето Хусеин Ал Хути.

Тие се нарекуваат и Ансар Алах, или Божји партизани.

По американската инвазија на Ирак во 2003 година, Хутите го усвоија слоганот: „Господ е голем. Смрт за Америка. Смрт за Израел. Проклетство на Евреите, победа на исламот“.

Тие се сметаат себеси за дел од „Оската на отпорот“ против Израел, Америка и поширокиот Запад предводена од Иран - заедно со Хамас и Хезболах.

Ова објаснува зошто Хутите сега напаѓаат бродови на пат кон Израел во Заливот, вели Хишам Ал Омеиси, експерт за Јемен од Европскиот институт за мир.

„Тие всушност се борат против империјалистите сега, тие се борат против непријателите на исламската нација“, вели тој.

„Тоа доби добар одговор од нивната база.

Како Хутите зазедоа големи делови од Јемен?

Хутите добија голема политичка моќ во Јемен на почетокот на 2014 година, кога се кренаа против наследникот на Али Абудала Салех како претседател, Абдрабух Мансур Хади.

Откако постигнаа договор со Салех, поранешен непријател, тие сакаа да го вратат на власт.

Тие ја освоија провинцијата Сада во северен Јемен и го зазедоа главниот град Сана на почетокот на 2015 година, принудувајќи го претседателот Хади да побегне во странство.

Саудиска Арабија, соседот на Јемен, воено интервенираше во обид да ги собори Хутите и да го врати претседателот Хади на власт.

Ја доби поддршката од Обединетите Арапски Емирати и Бахреин.

Хутите ги одбија нивните напади и продолжија да контролираат големи делови од Јемен.

Тие го убија Али Абдула Салех во 2017 година кога тој се обиде да ја смени страната и да им се придружи на Саудијците.

Кој ги поддржува бунтовниците Хути?

Хутите се угледуваат на шиитската вооружена група од Либан, Хезболах.

Хезболах им обезбедува обемна воена експертиза и обука од 2014 година, според американскиот тинк-тенк Центар за борба против тероризмот.

Хутите исто така го сметаат Иран за сојузник, бидејќи Саудиска Арабија е нивен заеднички непријател.

Иран е осомничен дека ги снабдувал бунтовниците Хути со оружје.

САД и Саудиска Арабија тврдат дека Иран им ги испратил балистичките ракети што Хутите ги испукаа кон саудискиот главен град Ријад во 2017 година, но кои беа соборени.

Саудиска Арабија, исто така, го обвини Иран за испраќање крстосувачки ракети и беспилотни летала користени од Хутите за напади врз саудиските нафтени инсталации во 2019 година.

Хутите истрелаа десетици илјади проектили со краток дострел кон Саудиска Арабија, а исто така нападнаа цели во Обединетите Арапски Емирати.

Испраќањето на ова оружје е кршење на ембаргото за оружје на Обединетите нации.

Иран негираше дека го сторил тоа.

Колку се моќни Хутите и колкав дел од Јемен контролираат?

Официјалната влада е Претседателскиот совет, на кој претседателот Абдрабух Мансур Хади ги пренесе овластувањата во април 2022 година.

Нејзиното седиште е во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад.

Сепак, поголемиот дел од населението во Јемен живее во области контролирани од Хутите, а организацијата собира даноци во северниот дел на земјата, а исто така печати пари.

Советот за безбедност на Обединетите нации го цитира експертот Хути, Ахмед Ал Бахри, кој вели дека до 2010 година Хутите имале меѓу 100.000 и 120.000 следбеници, составени од вооружени војници и невооружени поддржувачи.

ОН, исто така, соопштија дека речиси 1.500 деца регрутирани од јеменските Хути загинале во борбите во 2020 година, а стотици други беа убиени следната година.

Хутите контролираат големи делови од брегот на Црвеното Море, од каде вршат напади врз бродови.

Ал Омеиси вели дека овие напади им помогнале во нивните сегашни мировни преговори со Саудиска Арабија.

„Со тоа што им покажаа на Саудијците дека всушност можат да го затворат Баб Ал Мандаб - теснецот во Црвеното Море - тие вршат поголем притисок врз Саудијците кога им бараат отстапки“, вели тој

The post Кои се јеменските бунтовници Хути и зошто напаѓаат бродови? appeared first on Република.

]]>

Би-Би-Си Њуз Кои се јеменските бунтовници Хути и зошто напаѓаат бродови? Бунтовниците Хути, кои контролираат големи делови од Јемен, предупредија дека ќе ги нападнат сите бродови што пловат низ Црвеното Море на пат кон Израел. Во ноември, тие киднапираа товарен брод со врски со израелски имот во Црвеното Море. Во изминатите два месеци тие нападнаа уште неколку трговски бродови со проектили и беспилотни летала. Како Хутите нападнаа израелски цели Откако израелската одмазда против Газа започна на 19 октомври, Хутите истрелаа неколку проектили и беспилотни летала кон Израел. САД соопштија дека нивните воени бродови во Црвеното Море пресретнале некои од нив, додека други слетале во Црвеното Море или на египетска територија. Хутите објавија фотографии на кои се гледа како нивните борци киднапираат брод во Црвеното Море на 21 ноември. Во ноември 2023 година, Хутите запленија, како што тврдеа, израелски товарен брод во Црвеното Море и го транспортираа до локација во близина на брегот на Јемен. Израел тврди дека бродот не е израелски и дека на него немало Израелци, но непотврдени извештаи сугерираат дека бродот можеби имал израелски сопственик. Од 3 декември Хутите нападнаа неколку трговски бродови во Црвеното Море со беспилотни летала и балистички ракети од блискиот брег на Јемен, кој го контролираат. Американски, британски и француски бродови пресретнаа многу од овие проектили, но голем број бродови сепак беа погодени. Медитеранската бродска компанија, најголемата светска бродска компанија, соопшти дека ги пренасочува сите свои бродови подалеку од Црвеното Море. Истото го направија и француската компанија CMA CGM, данската бродска компанија Maersk, германската компанија Hapag Lloyd и нафтената компанија British Petrol. „Овие напади, иако ги започнаа Хутите од Јемен, се целосно овозможени од Иран“, рече Сентком, кој води воени операции на Блискиот Исток за американската војска. САД предложија поморска работна група за заштита на трговската морнарица од понатамошни напади на Хутите. Кои се Хутите и која е нивната цел? Хутите се вооружена група од Јемен од редовите на локалното шиитско муслиманско малцинство - Заиди. Групата е формирана во 1990-тите за да се бори против она што тие го доживуваат како корупција на тогашниот претседател Али Абдула Салех. Името го добиле по основачот на движењето Хусеин Ал Хути. Тие се нарекуваат и Ансар Алах, или Божји партизани. По американската инвазија на Ирак во 2003 година, Хутите го усвоија слоганот: „Господ е голем. Смрт за Америка. Смрт за Израел. Проклетство на Евреите, победа на исламот“. Тие се сметаат себеси за дел од „Оската на отпорот“ против Израел, Америка и поширокиот Запад предводена од Иран - заедно со Хамас и Хезболах. Ова објаснува зошто Хутите сега напаѓаат бродови на пат кон Израел во Заливот, вели Хишам Ал Омеиси, експерт за Јемен од Европскиот институт за мир. „Тие всушност се борат против империјалистите сега, тие се борат против непријателите на исламската нација“, вели тој. „Тоа доби добар одговор од нивната база. Како Хутите зазедоа големи делови од Јемен? Хутите добија голема политичка моќ во Јемен на почетокот на 2014 година, кога се кренаа против наследникот на Али Абудала Салех како претседател, Абдрабух Мансур Хади. Откако постигнаа договор со Салех, поранешен непријател, тие сакаа да го вратат на власт. Тие ја освоија провинцијата Сада во северен Јемен и го зазедоа главниот град Сана на почетокот на 2015 година, принудувајќи го претседателот Хади да побегне во странство. Саудиска Арабија, соседот на Јемен, воено интервенираше во обид да ги собори Хутите и да го врати претседателот Хади на власт. Ја доби поддршката од Обединетите Арапски Емирати и Бахреин. Хутите ги одбија нивните напади и продолжија да контролираат големи делови од Јемен. Тие го убија Али Абдула Салех во 2017 година кога тој се обиде да ја смени страната и да им се придружи на Саудијците. Кој ги поддржува бунтовниците Хути? Хутите се угледуваат на шиитската вооружена група од Либан, Хезболах. Хезболах им обезбедува обемна воена експертиза и обука од 2014 година, според американскиот тинк-тенк Центар за борба против тероризмот. Хутите исто така го сметаат Иран за сојузник, бидејќи Саудиска Арабија е нивен заеднички непријател. Иран е осомничен дека ги снабдувал бунтовниците Хути со оружје. САД и Саудиска Арабија тврдат дека Иран им ги испратил балистичките ракети што Хутите ги испукаа кон саудискиот главен град Ријад во 2017 година, но кои беа соборени. Саудиска Арабија, исто така, го обвини Иран за испраќање крстосувачки ракети и беспилотни летала користени од Хутите за напади врз саудиските нафтени инсталации во 2019 година. Хутите истрелаа десетици илјади проектили со краток дострел кон Саудиска Арабија, а исто така нападнаа цели во Обединетите Арапски Емирати. Испраќањето на ова оружје е кршење на ембаргото за оружје на Обединетите нации. Иран негираше дека го сторил тоа. Колку се моќни Хутите и колкав дел од Јемен контролираат? Официјалната влада е Претседателскиот совет, на кој претседателот Абдрабух Мансур Хади ги пренесе овластувањата во април 2022 година. Нејзиното седиште е во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад. Сепак, поголемиот дел од населението во Јемен живее во области контролирани од Хутите, а организацијата собира даноци во северниот дел на земјата, а исто така печати пари. Советот за безбедност на Обединетите нации го цитира експертот Хути, Ахмед Ал Бахри, кој вели дека до 2010 година Хутите имале меѓу 100.000 и 120.000 следбеници, составени од вооружени војници и невооружени поддржувачи. ОН, исто така, соопштија дека речиси 1.500 деца регрутирани од јеменските Хути загинале во борбите во 2020 година, а стотици други беа убиени следната година. Хутите контролираат големи делови од брегот на Црвеното Море, од каде вршат напади врз бродови. Ал Омеиси вели дека овие напади им помогнале во нивните сегашни мировни преговори со Саудиска Арабија. „Со тоа што им покажаа на Саудијците дека всушност можат да го затворат Баб Ал Мандаб - теснецот во Црвеното Море - тие вршат поголем притисок врз Саудијците кога им бараат отстапки“, вели тој

The post Кои се јеменските бунтовници Хути и зошто напаѓаат бродови? appeared first on Република.

]]>
Јеменските хути се закануваат дека ќе возвратат доколку САД интервенира во конфликтот во Газа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/jemenskite-huti-se-zakanuvaat-deka-ke-vozvratat-dokolku-sad-intervenira-vo-konfliktot-vo-gaza/ Tue, 10 Oct 2023 19:57:01 +0000 https://republika.mk/?p=690004

Јеменските бунтовници хути, поддржани од Иран, се заканија дека ќе го нападнат Израел со „ракети и беспилотни летала“ доколку САД воено интервенираат во војната меѓу исламистичките палестински милиции во Појасот Газа и Израел.

„Ако Американците директно интервенираат воено, ние сме подготвени да учествуваме со ракетни напади, беспилотни летала и (други) воени опции најдобро што можеме“, рече лидерот на шиитското вооружено движење, Абделмалек ал Хути во телевизиски говор.

Лидерот на Хутите потврди дека групата е „во континуирана координација“ со исламистичките милиции во Газа, вклучувајќи ги Хамас и палестинскиот исламски џихад, како и со „оската на отпорот“, мислејќи на други движења како што се либанскиот Хезболах или ирачките вооружени групи поврзани со Иран.

„Постојат црвени линии кога станува збор за Газа“, додаде тој.

The post Јеменските хути се закануваат дека ќе возвратат доколку САД интервенира во конфликтот во Газа appeared first on Република.

]]>

Јеменските бунтовници хути, поддржани од Иран, се заканија дека ќе го нападнат Израел со „ракети и беспилотни летала“ доколку САД воено интервенираат во војната меѓу исламистичките палестински милиции во Појасот Газа и Израел.
„Ако Американците директно интервенираат воено, ние сме подготвени да учествуваме со ракетни напади, беспилотни летала и (други) воени опции најдобро што можеме“, рече лидерот на шиитското вооружено движење, Абделмалек ал Хути во телевизиски говор.
Лидерот на Хутите потврди дека групата е „во континуирана координација“ со исламистичките милиции во Газа, вклучувајќи ги Хамас и палестинскиот исламски џихад, како и со „оската на отпорот“, мислејќи на други движења како што се либанскиот Хезболах или ирачките вооружени групи поврзани со Иран.
„Постојат црвени линии кога станува збор за Газа“, додаде тој.

The post Јеменските хути се закануваат дека ќе возвратат доколку САД интервенира во конфликтот во Газа appeared first on Република.

]]>