Јемен Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jemen/ За подобро да се разбереме Mon, 25 Nov 2024 08:29:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Јемен Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jemen/ 32 32 Путин најде нови „жртви“ да војуваат: Потпишале договор на руски јазик, не знаеле што потпишуваат https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/putin-najde-novi-zhrtvi-da-vojuvaat-potpishale-dogovor-na-ruski-jazik-ne-znaele-shto-potpishuvaat/ Mon, 25 Nov 2024 08:21:05 +0000 https://republika.mk/?p=841441

Русија регрутирала стотици платеници од Јемен за војната во Украина преку компанија поврзана со Хутите, бунтовниците од таа земја, од кои некои биле донесени со лажни ветувања.

Ова го објави Fineneshele Times, повикувајќи се на изјавите на некои од јеменските платеници кои тврдат дека им биле ветени високи плати, па дури и руско државјанство пред да бидат насилно испратени да се борат во Украина како дел од руските трупи.

Al Jabri General Trading and Investment, јеменска компанија поврзана со Ал Џабри, еден од водачите на Хутите,  посредувал во регрутирањето.

„Киев пост“ потсетува дека Хутите напаѓаат бродови во Црвеното Море од ноември 2023 година, насочени кон бродови поврзани со Израел и се закануваат на глобалната трговија, принудувајќи ги бродските компании да се пренасочат од рутата на Суецкиот канал.

Еден од јеменските регрути, кој беше претставен под псевдонимот Набил, изјави за ФТ дека бил дел од група од околу 200 Јеменци кои станале дел од руските сили по пристигнувањето во Москва во септември.

Набил рече дека е привлечен од заработката во секторите како „безбедност“ и „инженерство“ и дека во таа група негови сонародници има и некои искусни борци, но дека повеќето луѓе не добиле никаква воена обука.

Тој изјави дека повеќето од нив биле измамени да отпатуваат во Русија и да потпишат договор за приклучување во војската на претседателот Владимир Путин, напишан на руски, што не го разбираат.

The post Путин најде нови „жртви“ да војуваат: Потпишале договор на руски јазик, не знаеле што потпишуваат appeared first on Република.

]]>

Русија регрутирала стотици платеници од Јемен за војната во Украина преку компанија поврзана со Хутите, бунтовниците од таа земја, од кои некои биле донесени со лажни ветувања. Ова го објави Fineneshele Times, повикувајќи се на изјавите на некои од јеменските платеници кои тврдат дека им биле ветени високи плати, па дури и руско државјанство пред да бидат насилно испратени да се борат во Украина како дел од руските трупи. Al Jabri General Trading and Investment, јеменска компанија поврзана со Ал Џабри, еден од водачите на Хутите,  посредувал во регрутирањето. „Киев пост“ потсетува дека Хутите напаѓаат бродови во Црвеното Море од ноември 2023 година, насочени кон бродови поврзани со Израел и се закануваат на глобалната трговија, принудувајќи ги бродските компании да се пренасочат од рутата на Суецкиот канал. Еден од јеменските регрути, кој беше претставен под псевдонимот Набил, изјави за ФТ дека бил дел од група од околу 200 Јеменци кои станале дел од руските сили по пристигнувањето во Москва во септември. Набил рече дека е привлечен од заработката во секторите како „безбедност“ и „инженерство“ и дека во таа група негови сонародници има и некои искусни борци, но дека повеќето луѓе не добиле никаква воена обука. Тој изјави дека повеќето од нив биле измамени да отпатуваат во Русија и да потпишат договор за приклучување во војската на претседателот Владимир Путин, напишан на руски, што не го разбираат.

The post Путин најде нови „жртви“ да војуваат: Потпишале договор на руски јазик, не знаеле што потпишуваат appeared first on Република.

]]>
САД и Велика Британија нападнаа објекти на Хутите во Јемен https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sad-i-velika-britanija-napadnaa-objekti-na-hutite-vo-jemen/ Fri, 04 Oct 2024 19:55:15 +0000 https://republika.mk/?p=822880

Американски и британски сили денеска извршија повеќе од десетина напади врз објекти на Хутите во Јемен.

Воени авиони и бродови гаѓаа упоришта на Хутите на пет места, соопштија американски официјални лица.

Медиумите во Јемен објавија дека аеродромот во Ходеида, водечкиот пристанишен град, и областа Катеиб, каде што воената база е под контрола на движењето Хути, биле погодени седум пати, а четири напади биле во областа Сеијана во главниот град на Јемен, Сана и две во провинцијата Дамар.

Канцеларијата за медиуми на движењето Хути објави дека биле издадени три предупредувања за напади во провинцијата Бајда, југоисточно од Сана.

Пред неколку дена Хутите се заканија дека ќе го нападнат Израел како одговор на неговата инвазија на Газа и Либан. Хутите деновиве соборија американско воено беспилотно летало над Јемен, а минатата недела групата ја презеде одговорноста за нападот врз американските воени бродови.

The post САД и Велика Британија нападнаа објекти на Хутите во Јемен appeared first on Република.

]]>

Американски и британски сили денеска извршија повеќе од десетина напади врз објекти на Хутите во Јемен.
Воени авиони и бродови гаѓаа упоришта на Хутите на пет места, соопштија американски официјални лица.
Медиумите во Јемен објавија дека аеродромот во Ходеида, водечкиот пристанишен град, и областа Катеиб, каде што воената база е под контрола на движењето Хути, биле погодени седум пати, а четири напади биле во областа Сеијана во главниот град на Јемен, Сана и две во провинцијата Дамар. Канцеларијата за медиуми на движењето Хути објави дека биле издадени три предупредувања за напади во провинцијата Бајда, југоисточно од Сана. Пред неколку дена Хутите се заканија дека ќе го нападнат Израел како одговор на неговата инвазија на Газа и Либан. Хутите деновиве соборија американско воено беспилотно летало над Јемен, а минатата недела групата ја презеде одговорноста за нападот врз американските воени бродови.

The post САД и Велика Британија нападнаа објекти на Хутите во Јемен appeared first on Република.

]]>
САД собориле четири дронови над Јемен https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sad-soborile-chetiri-dronovi-nad-jemen/ Thu, 25 Apr 2024 07:28:37 +0000 https://republika.mk/?p=770781

Соединетите Американски Држави (САД) соборија четири беспилотни летала над областите на Јемен контролирани од бунтовниците Хути, објави вечерва американската воена команда на Блискиот Исток (Центком).

Американските сили уништија четири беспилотни летала кои претставуваа непосредна закана за САД, коалицијата и трговскиот брод во регионот, се вели во соопштението на „Х“.

Еден коалициски брод успеал да пресретне противбродска ракета лансирана од областа контролирана од јеменските бунтовници кон Аденскиот залив, додаваат истите извори.

Во операциите нема жртви.

 

The post САД собориле четири дронови над Јемен appeared first on Република.

]]>

Соединетите Американски Држави (САД) соборија четири беспилотни летала над областите на Јемен контролирани од бунтовниците Хути, објави вечерва американската воена команда на Блискиот Исток (Центком).
Американските сили уништија четири беспилотни летала кои претставуваа непосредна закана за САД, коалицијата и трговскиот брод во регионот, се вели во соопштението на „Х“.
Еден коалициски брод успеал да пресретне противбродска ракета лансирана од областа контролирана од јеменските бунтовници кон Аденскиот залив, додаваат истите извори. Во операциите нема жртви.  

The post САД собориле четири дронови над Јемен appeared first on Република.

]]>
Уште еден западен воен брод се повлекува од Црвеното Море https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ushte-eden-zapaden-voen-brod-se-povlekuva-od-tsrvenoto-more/ Tue, 23 Apr 2024 14:13:49 +0000 https://republika.mk/?p=769476

Уште еден воен брод на западната коалиција која има за цел да ја одржува безбедноста на морскиот транспорт низ Црвеното Море го напушта регионот.

Овој пат германската фрегата „Хесен“ се повлекува од европската операција „Ауспис“ чија цел е да ја обезбеди безбедноста во услови на напнатост поради активностите на Хутите во Јемен и нивното противење на израелските напади во Газа. Како што соопштија од германската морнарица, бродот се повлекува затоа што наишол на технички проблеми.

Редоследот на бродовите во близина на брегот на Јемен значително се разреди. Прво, фрегатата „Ивер Хуитфелд“ се врати во Данска, бидејќи нејзините системи за противвоздушна одбрана не функционираа, а потоа и францускиот „Алзас“ го напушти Црвеното Море.

https://republika.mk/vesti/svet/frantsuski-voen-brod-izbega-od-tsrvenoto-more-ne-ochekuvale-tolku-razorni-napadi-od-hutite/

Исто така, неодамна се дозна дека Белгијците го откажале распоредувањето на фрегатата „Луиз Мари“ поради откриени проблеми со фрлачите Мк48 за РИМ-7 „Морско врапче“. Германците, пак, ветија дека ќе ја испратат фрегатата „Хамбург“ како замена, но не пред август.

The post Уште еден западен воен брод се повлекува од Црвеното Море appeared first on Република.

]]>

Уште еден воен брод на западната коалиција која има за цел да ја одржува безбедноста на морскиот транспорт низ Црвеното Море го напушта регионот. Овој пат германската фрегата „Хесен“ се повлекува од европската операција „Ауспис“ чија цел е да ја обезбеди безбедноста во услови на напнатост поради активностите на Хутите во Јемен и нивното противење на израелските напади во Газа. Како што соопштија од германската морнарица, бродот се повлекува затоа што наишол на технички проблеми. Редоследот на бродовите во близина на брегот на Јемен значително се разреди. Прво, фрегатата „Ивер Хуитфелд“ се врати во Данска, бидејќи нејзините системи за противвоздушна одбрана не функционираа, а потоа и францускиот „Алзас“ го напушти Црвеното Море. https://republika.mk/vesti/svet/frantsuski-voen-brod-izbega-od-tsrvenoto-more-ne-ochekuvale-tolku-razorni-napadi-od-hutite/ Исто така, неодамна се дозна дека Белгијците го откажале распоредувањето на фрегатата „Луиз Мари“ поради откриени проблеми со фрлачите Мк48 за РИМ-7 „Морско врапче“. Германците, пак, ветија дека ќе ја испратат фрегатата „Хамбург“ како замена, но не пред август.

The post Уште еден западен воен брод се повлекува од Црвеното Море appeared first on Република.

]]>
Француски воен брод избега од Црвеното Море – не очекувале толку разорни напади од Хутите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/frantsuski-voen-brod-izbega-od-tsrvenoto-more-ne-ochekuvale-tolku-razorni-napadi-od-hutite/ Tue, 16 Apr 2024 15:51:49 +0000 https://republika.mk/?p=765121

Фрегатата „Алзас“ на француската армија се повлекла од водите на Црвеното Море во близина на Јемен кон Суецкиот канал, по првата пресметка со ракетите и беспилотните летала на јеменските вооружени сили.

Командантот на фрегатата, во интервју за францускиот весник „Фигаро“ зборува за причините за одлуката за повлекување на бродот.

Повлекувањето на нашиот воен брод се должи на високото ниво на закана од Хутите (движењето Ансар Алах). Долго време не сме се занимавале со вакво ниво на војна и не очекувавме да се соочиме со вакво ниво на закани и неограничено насилство во Црвеното Море и Аденскиот Залив“, вели тој.

Францускиот командант, додава дека „Хутите се исклучително вешти и одлучни во нивната употреба на беспилотни летала и балистички ракети“.

Тие се вешти во својата техника и колку повеќе пукаат, толку се попрецизни“, додава францускиот командант.

Тој, исто така, нагласува дека француската фрегата ја користела сета своја воена опрема - од ракети „Астер“ вредни два милиони долари до митралези за време на пресметката со нападите на Хутитте.

По одлуката на Европската Унија да распореди воени бродови во Црвеното Море и Аденскиот Залив во февруари 2023 година, француската морнарица испрати два воени брода - „Алзас“ и „Лангедок“ во водите во близина на Јемен. Фрегатата „Алзас“ е опремена со систем за противвоздушна одбрана, а „Лангедок“ е противподморничка фрегата.

Француската војска тврди дека во овој период фрегатата „Лангедок“ соборила две беспилотни летала камикази, а воениот брод „Алзас“ уништил три балистички ракети на движењето Ансар Алах при две операции во Црвеното Море.

Воениот брод „Алзас“ е вториот европски воен брод што го напушти Црвеното Море и се повлече, по данскиот воен брод - фрегатата „Ивер Хуитфелд“.

The post Француски воен брод избега од Црвеното Море – не очекувале толку разорни напади од Хутите appeared first on Република.

]]>

Фрегатата „Алзас“ на француската армија се повлекла од водите на Црвеното Море во близина на Јемен кон Суецкиот канал, по првата пресметка со ракетите и беспилотните летала на јеменските вооружени сили. Командантот на фрегатата, во интервју за францускиот весник „Фигаро“ зборува за причините за одлуката за повлекување на бродот.
Повлекувањето на нашиот воен брод се должи на високото ниво на закана од Хутите (движењето Ансар Алах). Долго време не сме се занимавале со вакво ниво на војна и не очекувавме да се соочиме со вакво ниво на закани и неограничено насилство во Црвеното Море и Аденскиот Залив“, вели тој.
Францускиот командант, додава дека „Хутите се исклучително вешти и одлучни во нивната употреба на беспилотни летала и балистички ракети“.
Тие се вешти во својата техника и колку повеќе пукаат, толку се попрецизни“, додава францускиот командант.
Тој, исто така, нагласува дека француската фрегата ја користела сета своја воена опрема - од ракети „Астер“ вредни два милиони долари до митралези за време на пресметката со нападите на Хутитте. По одлуката на Европската Унија да распореди воени бродови во Црвеното Море и Аденскиот Залив во февруари 2023 година, француската морнарица испрати два воени брода - „Алзас“ и „Лангедок“ во водите во близина на Јемен. Фрегатата „Алзас“ е опремена со систем за противвоздушна одбрана, а „Лангедок“ е противподморничка фрегата. Француската војска тврди дека во овој период фрегатата „Лангедок“ соборила две беспилотни летала камикази, а воениот брод „Алзас“ уништил три балистички ракети на движењето Ансар Алах при две операции во Црвеното Море. Воениот брод „Алзас“ е вториот европски воен брод што го напушти Црвеното Море и се повлече, по данскиот воен брод - фрегатата „Ивер Хуитфелд“.

The post Француски воен брод избега од Црвеното Море – не очекувале толку разорни напади од Хутите appeared first on Република.

]]>
Aмериканците уништија дронови што летаа кон Израел https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/amerikantsite-unishtija-dronovi-shto-letaa-kon-izrael/ Mon, 15 Apr 2024 07:34:14 +0000 https://republika.mk/?p=766124

Американските сили, со поддршка од разорувачи на европската команда на американската војска, уништија повеќе од 80 беспилотни летала и најмалку шест балистички ракети насочени кон Израел од Иран и Јемен во саботата и неделата, објави денеска Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ).

Во саботата вечер Иран изврши напад на израелска територија со беспилотни летала и проектили како одмазда за израелскиот напад врз иранскиот конзулат во Сирија на 1 април, во кој беа убиени високи команданти на Револуционерната гарда.

Нападот со повеќе од 300 проектили и беспилотни летала, од кои повеќето лансирани од Иран, предизвика само скромна штета бидејќи најголемиот дел беше соборен од израелскиот систем за противвоздушна одбрана со помош на САД, Велика Британија, Франција и Јордан. „ЦЕНТКОМ и натаму ја поддржува одбраната на Израел од опасните акции на Иран. Ќе продолжиме да соработуваме со сите наши регионални партнери за да ја зголемиме регионалната безбедност“, соопшти американската војска

The post Aмериканците уништија дронови што летаа кон Израел appeared first on Република.

]]>

Американските сили, со поддршка од разорувачи на европската команда на американската војска, уништија повеќе од 80 беспилотни летала и најмалку шест балистички ракети насочени кон Израел од Иран и Јемен во саботата и неделата, објави денеска Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ). Во саботата вечер Иран изврши напад на израелска територија со беспилотни летала и проектили како одмазда за израелскиот напад врз иранскиот конзулат во Сирија на 1 април, во кој беа убиени високи команданти на Револуционерната гарда. Нападот со повеќе од 300 проектили и беспилотни летала, од кои повеќето лансирани од Иран, предизвика само скромна штета бидејќи најголемиот дел беше соборен од израелскиот систем за противвоздушна одбрана со помош на САД, Велика Британија, Франција и Јордан. „ЦЕНТКОМ и натаму ја поддржува одбраната на Израел од опасните акции на Иран. Ќе продолжиме да соработуваме со сите наши регионални партнери за да ја зголемиме регионалната безбедност“, соопшти американската војска

The post Aмериканците уништија дронови што летаа кон Израел appeared first on Република.

]]>
Хутите соопштија дека погодиле два американски разурнувачи во Црвеното Море https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/hutite-soopshtija-deka-pogodile-dva-amerikanski-razurnuvachi-vo-tsrvenoto-more/ Wed, 06 Mar 2024 08:07:21 +0000 https://republika.mk/?p=751752

Јеменските Хути објавија дека извршиле напади врз два американски разурнувачиво Црвеното Море користејќи противбродски ракети и беспилотни летала.

Јеменската морнарица, воздухопловните сили и ракетните сили изведоа уникатна воена операција во која беа нападнати два американски разурнувачи во Црвеното Море. Операцијата беше изведена со помош на неколку противбродски проектили и беспилотни летала“, во објава на социјалната мрежа Х соопшти Јахја Шарија, воениот портпарол на Хутите.

Тој додаде дека Хутите би можеле да ги прошират операциите против цели што ги сметаат за непријателски, нагласувајќи дека воените дејствија на Хутите ќе продолжат се додека „агресијата (против Палестинците) не биде запрена и опсадата на Палестинците во Појасот Газа не заврши“.

Хутите, кои контролираат голем дел од јеменскиот брег на Црвеното Море, претходно предупредија дека ќе ги напаѓаат сите бродови поврзани со Израел, повикувајќи ги другите земји да не се приближуваат до територијата. Поради тоа, некои од светските бродски компании решија да го запрат транспортот преку Црвеното Море.

Хутите истакнуваат дека нивните акции во Црвеното Море имаат за цел да им помогнат на Палестинците во Појасот Газа и тврдат дека тие не се мешаат во слободата на пловидба во регионот. Арапските и муслиманските земји често ги предупредуваат САД дека безусловната поддршка за акциите на Израел во Појасот Газа ќе доведе до ширење на конфликтот во целиот регион.

САД и Велика Британија вршат напади врз цели на Хутите од средината на јануари, нарекувајќи го „одговор на заканите за слободата на пловидба во Црвеното Море“.

The post Хутите соопштија дека погодиле два американски разурнувачи во Црвеното Море appeared first on Република.

]]>

Јеменските Хути објавија дека извршиле напади врз два американски разурнувачиво Црвеното Море користејќи противбродски ракети и беспилотни летала.
Јеменската морнарица, воздухопловните сили и ракетните сили изведоа уникатна воена операција во која беа нападнати два американски разурнувачи во Црвеното Море. Операцијата беше изведена со помош на неколку противбродски проектили и беспилотни летала“, во објава на социјалната мрежа Х соопшти Јахја Шарија, воениот портпарол на Хутите.
Тој додаде дека Хутите би можеле да ги прошират операциите против цели што ги сметаат за непријателски, нагласувајќи дека воените дејствија на Хутите ќе продолжат се додека „агресијата (против Палестинците) не биде запрена и опсадата на Палестинците во Појасот Газа не заврши“. Хутите, кои контролираат голем дел од јеменскиот брег на Црвеното Море, претходно предупредија дека ќе ги напаѓаат сите бродови поврзани со Израел, повикувајќи ги другите земји да не се приближуваат до територијата. Поради тоа, некои од светските бродски компании решија да го запрат транспортот преку Црвеното Море. Хутите истакнуваат дека нивните акции во Црвеното Море имаат за цел да им помогнат на Палестинците во Појасот Газа и тврдат дека тие не се мешаат во слободата на пловидба во регионот. Арапските и муслиманските земји често ги предупредуваат САД дека безусловната поддршка за акциите на Израел во Појасот Газа ќе доведе до ширење на конфликтот во целиот регион. САД и Велика Британија вршат напади врз цели на Хутите од средината на јануари, нарекувајќи го „одговор на заканите за слободата на пловидба во Црвеното Море“.

The post Хутите соопштија дека погодиле два американски разурнувачи во Црвеното Море appeared first on Република.

]]>
Холандија планира да испрати фрегата за новата мисија на ЕУ против Хутите во Црвеното Море https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/holandija-planira-da-isprati-fregata-za-novata-misija-na-eu-protiv-hutite-vo-tsrvenoto-more/ Sun, 28 Jan 2024 08:04:25 +0000 https://republika.mk/?p=737644

Холандија планира да и стави на располагање една своја фрегата на новата мисија на ЕУ во Црвеното Море за заштита на бродовите од напади на Хутите.

Се уште ја разгледуваме идејата, а ќе разговараме и со Парламентот. Меѓутоа, владата многу позитивно гледа на учеството во новата мисија, изјави холандската министерка за одбрана, Кајса Олонгрен, за холандското радио БНР.

Сепак, според неа, пред да ја донесе конечната одлука за испраќање своја фрегата во Црвеното Море, Холандија ќе сака јасно да го види и придонесот на другите земји членки на ЕУ.

Ако сите во исто време отпловат кон Црвеното Море, тоа нема да биде ефикасно. Треба да се најде одржливо решение, бидејќи конфликтот може да трае подолго, додаде Олонгред.

Најавата на Олонгрен следи откако земјите членки на Унијата начелно дадоа првична поддршка на идејата на високиот претставник за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел за создавање посебна европска мисија за заштита на трговските бродови во Црвеното Море од нападите на јеменските Хути.

Холандија со двајца штабни офицери веќе учествува во мисијата во Црвеното Море „Заштитник на просперитетот“, предводена од САД, која почна минатиот месец, а со еден штабен офицер и во американско-британската мисија за напади врз цели на Хутите во Јемен.

Според најавите, новата европска мисија треба да се базира на операцијата за мониторинг во Персискиот Залив, Ормускиот Теснец и во дел од Арапското Море, наречена „Аженор“, со која раководи Франција, а во која учествуваат и Белгија, Германија, Грција, Данска, Италија, Норвешка, Португалија и Холандија.

The post Холандија планира да испрати фрегата за новата мисија на ЕУ против Хутите во Црвеното Море appeared first on Република.

]]>

Холандија планира да и стави на располагање една своја фрегата на новата мисија на ЕУ во Црвеното Море за заштита на бродовите од напади на Хутите.
Се уште ја разгледуваме идејата, а ќе разговараме и со Парламентот. Меѓутоа, владата многу позитивно гледа на учеството во новата мисија, изјави холандската министерка за одбрана, Кајса Олонгрен, за холандското радио БНР.
Сепак, според неа, пред да ја донесе конечната одлука за испраќање своја фрегата во Црвеното Море, Холандија ќе сака јасно да го види и придонесот на другите земји членки на ЕУ.
Ако сите во исто време отпловат кон Црвеното Море, тоа нема да биде ефикасно. Треба да се најде одржливо решение, бидејќи конфликтот може да трае подолго, додаде Олонгред.
Најавата на Олонгрен следи откако земјите членки на Унијата начелно дадоа првична поддршка на идејата на високиот претставник за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел за создавање посебна европска мисија за заштита на трговските бродови во Црвеното Море од нападите на јеменските Хути. Холандија со двајца штабни офицери веќе учествува во мисијата во Црвеното Море „Заштитник на просперитетот“, предводена од САД, која почна минатиот месец, а со еден штабен офицер и во американско-британската мисија за напади врз цели на Хутите во Јемен. Според најавите, новата европска мисија треба да се базира на операцијата за мониторинг во Персискиот Залив, Ормускиот Теснец и во дел од Арапското Море, наречена „Аженор“, со која раководи Франција, а во која учествуваат и Белгија, Германија, Грција, Данска, Италија, Норвешка, Португалија и Холандија.

The post Холандија планира да испрати фрегата за новата мисија на ЕУ против Хутите во Црвеното Море appeared first on Република.

]]>
САД уништиле противбродска ракета на Хутите во Јемен насочена кон Црвеното Море https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sad-unishtile-protivbrodska-raketa-na-hutite-vo-jemen-nasochena-kon-tsrvenoto-more/ Sat, 27 Jan 2024 09:57:33 +0000 https://republika.mk/?p=737404

Американската војска соопшти дека уништила противбродска ракета на Хутите во Јемен, која била насочена кон Црвеното Море и подготвена за лансирање.

Ракетата претставуваше непосредна закана за трговските бродови и бродовите на американската морнарица во регионот“, соопшти американската централна команда (ЦЕНТКОМ) на социјалната мрежа X.

Уништувањето се случило во 03:45 по локално време (00:45 по Гринич).

The post САД уништиле противбродска ракета на Хутите во Јемен насочена кон Црвеното Море appeared first on Република.

]]>

Американската војска соопшти дека уништила противбродска ракета на Хутите во Јемен, која била насочена кон Црвеното Море и подготвена за лансирање.
Ракетата претставуваше непосредна закана за трговските бродови и бродовите на американската морнарица во регионот“, соопшти американската централна команда (ЦЕНТКОМ) на социјалната мрежа X.
Уништувањето се случило во 03:45 по локално време (00:45 по Гринич).

The post САД уништиле противбродска ракета на Хутите во Јемен насочена кон Црвеното Море appeared first on Република.

]]>
Хутите не се плашат од САД https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/hutite-ne-se-plashat-od-sad/ Thu, 18 Jan 2024 18:35:39 +0000 https://republika.mk/?p=734474

Додека конфликтот меѓу Израел и Хамас продолжува, малку подалеку на југ, во тек се воздушни напади на Соединетите Американски Држави и Велика Британија против јеменските Хути, кои се поддржани од Иран, а кои претходно гаѓаа бродови во Црвеното Море и во Аденскиот Залив, пишува Гардијан.

По првпат по американско-британскиот одговор на нападите на Хутите, лидерот на јеменските бунтовници Абдул Малик ел Хути реагираше и нагласи дека ќе продолжат нападите врз бродовите околу теснецот Баб ел Мандеб, како и дека одговорите на САД и нивните сојузници нема да ги исплашат.

- Ќе продолжиме да ги гаѓаме бродовите што имаат каква било врска со Израел. Тоа ги вклучува и американските и британските бродови, потенцираше Ел Хути.

The post Хутите не се плашат од САД appeared first on Република.

]]>

Додека конфликтот меѓу Израел и Хамас продолжува, малку подалеку на југ, во тек се воздушни напади на Соединетите Американски Држави и Велика Британија против јеменските Хути, кои се поддржани од Иран, а кои претходно гаѓаа бродови во Црвеното Море и во Аденскиот Залив, пишува Гардијан. По првпат по американско-британскиот одговор на нападите на Хутите, лидерот на јеменските бунтовници Абдул Малик ел Хути реагираше и нагласи дека ќе продолжат нападите врз бродовите околу теснецот Баб ел Мандеб, како и дека одговорите на САД и нивните сојузници нема да ги исплашат. - Ќе продолжиме да ги гаѓаме бродовите што имаат каква било врска со Израел. Тоа ги вклучува и американските и британските бродови, потенцираше Ел Хути.

The post Хутите не се плашат од САД appeared first on Република.

]]>
Британски „Тајфун“ леташе со 1200 км/ч и погоди цели во Јемен https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/britanski-tajfun-letashe-so-1200-km-ch-i-pogodi-tseli-vo-jemen/ Sat, 13 Jan 2024 12:56:26 +0000 https://republika.mk/?p=732594

Министерството за одбрана на Велика Британија објави снимка од авион Тајфун како погодува цел во Јемен.

На снимката се гледа погодената зграда на екран на авионот, пред големата експлозија.

Како што наведува британското министерство за одбрана, тоа било една од двете области што ги таргетирале британски авиони.

https://twitter.com/clashreport/status/1745704035481505956?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1745704035481505956%7Ctwgr%5Ecdeb8d7de85a91991ff1b284bef11c96eceeeeee%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fnetpress.com.mk%2Fvideo-i-britanskiot-ta-fun-letashe-so-1200-km-ch-i-ga-ashe-celi-vo-emen%2F

Тајфунот лета со брзина од 950 до 1.200 километри на час, а сепак сликата е речиси апсолутно статична. Леталото може да лета во круг, а сликата е како да сте во балон над него. Неверојатно е“, изјави одбранбениот аналитичар Мајкл Кларк.

 

The post Британски „Тајфун“ леташе со 1200 км/ч и погоди цели во Јемен appeared first on Република.

]]>

Министерството за одбрана на Велика Британија објави снимка од авион Тајфун како погодува цел во Јемен. На снимката се гледа погодената зграда на екран на авионот, пред големата експлозија. Како што наведува британското министерство за одбрана, тоа било една од двете области што ги таргетирале британски авиони. https://twitter.com/clashreport/status/1745704035481505956?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1745704035481505956%7Ctwgr%5Ecdeb8d7de85a91991ff1b284bef11c96eceeeeee%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fnetpress.com.mk%2Fvideo-i-britanskiot-ta-fun-letashe-so-1200-km-ch-i-ga-ashe-celi-vo-emen%2F
Тајфунот лета со брзина од 950 до 1.200 километри на час, а сепак сликата е речиси апсолутно статична. Леталото може да лета во круг, а сликата е како да сте во балон над него. Неверојатно е“, изјави одбранбениот аналитичар Мајкл Кларк.
 

The post Британски „Тајфун“ леташе со 1200 км/ч и погоди цели во Јемен appeared first on Република.

]]>
Утрово нови напади на САД врз позициите на Хутите во Јемен https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/utrovo-novi-napadi-na-sad-vrz-pozitsiite-na-hutite-vo-jemen/ Sat, 13 Jan 2024 07:56:22 +0000 https://republika.mk/?p=732470

Американската војска рано утринава изврши нов напад врз позициите на Хутите во Јемен, еден ден откако САД и Велика Британија ги почнаа своите воздушни напади врз цели на Хутите во оваа земја, пренесува ДПА.

Централната команда на САД соопшти дека во „продолжение на акцијата“ рано утринава била нападната локацијата на која се наоѓал радар на Хутите, а нападот го извршил поморскиот разурнувач „Карни“ со ракети Томахавк.

Во Сана, главниот град на Јемен, утринава била слушната силна експлозија.

Си-Ен-Ен, повикувајќи се на американски функционер, јави дека нападите биле значително помали од претходната ноќ.

Хутите вчера истрелаа најмалку една противбродска балистичка ракета врз комерцијален брод, додаде телевизијата од Атланта.

Телевизискиот канал Ал Масира, контролиран од Хутите, рано утринава објави дека САД и Велика Британија го напаѓаат главниот град на Јемен, Сана.

На првиот ден од нападот на САД и Велика Британија врз позициите на Хутите во петокот беа гаѓани 28 локации и повеќе од 60 цели. Вашингтон и Лондон објавија дека акцијата ја извршиле поради нападите на Хутите врз бродови во Црвеното Море.

Претседателот Џо Бајден вчера предупреди дека Хутите може да се соочат со нови напади.

The post Утрово нови напади на САД врз позициите на Хутите во Јемен appeared first on Република.

]]>

Американската војска рано утринава изврши нов напад врз позициите на Хутите во Јемен, еден ден откако САД и Велика Британија ги почнаа своите воздушни напади врз цели на Хутите во оваа земја, пренесува ДПА. Централната команда на САД соопшти дека во „продолжение на акцијата“ рано утринава била нападната локацијата на која се наоѓал радар на Хутите, а нападот го извршил поморскиот разурнувач „Карни“ со ракети Томахавк. Во Сана, главниот град на Јемен, утринава била слушната силна експлозија. Си-Ен-Ен, повикувајќи се на американски функционер, јави дека нападите биле значително помали од претходната ноќ. Хутите вчера истрелаа најмалку една противбродска балистичка ракета врз комерцијален брод, додаде телевизијата од Атланта. Телевизискиот канал Ал Масира, контролиран од Хутите, рано утринава објави дека САД и Велика Британија го напаѓаат главниот град на Јемен, Сана. На првиот ден од нападот на САД и Велика Британија врз позициите на Хутите во петокот беа гаѓани 28 локации и повеќе од 60 цели. Вашингтон и Лондон објавија дека акцијата ја извршиле поради нападите на Хутите врз бродови во Црвеното Море. Претседателот Џо Бајден вчера предупреди дека Хутите може да се соочат со нови напади.

The post Утрово нови напади на САД врз позициите на Хутите во Јемен appeared first on Република.

]]>
Министерството за одбрана на Велика Британија објави снимка од авионот Тајфун како погодува цел во Јемен https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ministerstvoto-za-odbrana-na-velika-britanija-objavi-snimka-od-avionot-tajfun-kako-pogoduva-tsel-vo-jemen/ Fri, 12 Jan 2024 09:45:45 +0000 https://republika.mk/?p=732279

Министерството за одбрана на Велика Британија објави снимка од нејзиниот авион Тајфун како погодува цел во Јемен.

Зградата се гледа на глетката на авионот, пред големата експлозија.

Како што наведува британското министерство за одбрана, тоа било една од двете области што ги таргетирала Британија.

The post Министерството за одбрана на Велика Британија објави снимка од авионот Тајфун како погодува цел во Јемен appeared first on Република.

]]>

Министерството за одбрана на Велика Британија објави снимка од нејзиниот авион Тајфун како погодува цел во Јемен. Зградата се гледа на глетката на авионот, пред големата експлозија. Како што наведува британското министерство за одбрана, тоа било една од двете области што ги таргетирала Британија.

The post Министерството за одбрана на Велика Британија објави снимка од авионот Тајфун како погодува цел во Јемен appeared first on Република.

]]>
Хутите од Јемен се заканија дека ќе ги гаѓаат сите бродови во сопственост на израелски компании https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/hutite-od-jemen-se-zakanija-deka-ke-gi-gagaat-site-brodovi-vo-sopstvenost-na-izraelski-kompanii/ Sun, 19 Nov 2023 12:51:08 +0000 https://republika.mk/?p=703175

Портпаролот на јеменските Хути, Јахја Саре, порача дека оваа милитантна организација ќе ги гаѓа сите бродови во сопственост на израелските компании или што носат израелско знаме.

Портпаролот на Хутите, на Телеграм ги повика сите земји да ги повлечат своите граѓани кои работат како екипаж на израелските бродови.

На 15 ноември Хутите соопштија дека истрелале серија балистички ракети на различни воени цели во Израел, вклучувајќи го и градот Еилат.

The post Хутите од Јемен се заканија дека ќе ги гаѓаат сите бродови во сопственост на израелски компании appeared first on Република.

]]>

Портпаролот на јеменските Хути, Јахја Саре, порача дека оваа милитантна организација ќе ги гаѓа сите бродови во сопственост на израелските компании или што носат израелско знаме. Портпаролот на Хутите, на Телеграм ги повика сите земји да ги повлечат своите граѓани кои работат како екипаж на израелските бродови. На 15 ноември Хутите соопштија дека истрелале серија балистички ракети на различни воени цели во Израел, вклучувајќи го и градот Еилат.

The post Хутите од Јемен се заканија дека ќе ги гаѓаат сите бродови во сопственост на израелски компании appeared first on Република.

]]>
Ужасни слики: 79 лица загинаа во Јемен во стампедо за девет долари хуманитарна помош https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/uzhasni-sliki-79-litsa-zaginaa-vo-jemen-vo-stampedo-za-devet-dolari-humanitarna-pomosh/ Thu, 20 Apr 2023 06:08:34 +0000 https://republika.mk/?p=632290

 Најмалку 79 лица загинаа, а повеќе од сто се повредени во Сана, главниот град на Јемен, при стампедо.

Бројот на загинати и повредени постојано расте, бидејќи првите информации беа за триесет загинати за време на хуманитарен настан одржан во Сана, главниот јеменски град контролиран од бунтовниците Хути. Се делела помош од девет долари.

Бунтовничката новинска агенција Саба наведува дека жртвите веднаш биле пренесени во блиските болници и дека организаторите на тој настан се уапсени.

Бунтовниците Хути, поврзани со Иран, ја презедоа контролата врз главниот град на Јемен пред девет години, што предизвика интервенција на воената коалиција предводена од Саудиска Арабија за да ја поддржи владата.

Оттогаш, војната во Јемен однесе стотици илјади животи и иницираше една од најголемите хуманитарни кризи во светот, во оваа најсиромашна земја на Арапскиот Полуостров.

The post Ужасни слики: 79 лица загинаа во Јемен во стампедо за девет долари хуманитарна помош appeared first on Република.

]]>

 Најмалку 79 лица загинаа, а повеќе од сто се повредени во Сана, главниот град на Јемен, при стампедо. Бројот на загинати и повредени постојано расте, бидејќи првите информации беа за триесет загинати за време на хуманитарен настан одржан во Сана, главниот јеменски град контролиран од бунтовниците Хути. Се делела помош од девет долари. Бунтовничката новинска агенција Саба наведува дека жртвите веднаш биле пренесени во блиските болници и дека организаторите на тој настан се уапсени. Бунтовниците Хути, поврзани со Иран, ја презедоа контролата врз главниот град на Јемен пред девет години, што предизвика интервенција на воената коалиција предводена од Саудиска Арабија за да ја поддржи владата. Оттогаш, војната во Јемен однесе стотици илјади животи и иницираше една од најголемите хуманитарни кризи во светот, во оваа најсиромашна земја на Арапскиот Полуостров.

The post Ужасни слики: 79 лица загинаа во Јемен во стампедо за девет долари хуманитарна помош appeared first on Република.

]]>
Саудиска Арабија ги нападна Хутите во Јемен https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/saudiska-arabija-gi-napadna-hutite-vo-jemen/ Sat, 26 Mar 2022 10:52:53 +0000 https://republika.mk/?p=478859

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија денеска почна воздушни напади врз јеменската престолнина Сана и пристанишниот град Ходеида, со намера да ги запре нападите врз нејзините нафтени постројки што ги изведоа бунтовничките Хути, јавија саудиските медиуми, пренесуваат британските медиуми.

Движењето Хути е поврзано со Иран и контролира голем дел од северен Јемен, вклучувајќи го и главниот град Сана, а коалицијата наведува дека со воената акција сака да ги „заштити глобалните извори на енергија“.

Коалицијата претходно соопшти дека пресретнала и уништила две беспилотни летала над Јемен што биле лансирани врз нафтените постројки на Саудиска Арабија во Ходеида на Црвеното Море и ги повика цивилите да не престојуваат во близина на кое било нафтено поле или објект во градот.

Хутите вчера соопштија дека почнале со напади врз саудиските енергетски капацитети, а коалицијата предводена од Саудиска Арабија изјави дека е погодена фабриката за дистрибуција на нафтени деривати на нафтениот гигант Арамко во Џеда. Пожар имало во два резервоара, но нема жртви.

Локалната телевизија поврзана со Хутите јави дека коалициските воени авиони извршиле напади врз градот Ходеида и дека летовите се уште се во тек, додека жителите изјавиле дека нападите биле во близина на пристаништето Ходеида, пренесоа британските медиуми.

Исто така, нападнати се и пристаништето Салиф, електроенергетската корпорација и нафтените постројки во Ходеида.

The post Саудиска Арабија ги нападна Хутите во Јемен appeared first on Република.

]]>

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија денеска почна воздушни напади врз јеменската престолнина Сана и пристанишниот град Ходеида, со намера да ги запре нападите врз нејзините нафтени постројки што ги изведоа бунтовничките Хути, јавија саудиските медиуми, пренесуваат британските медиуми. Движењето Хути е поврзано со Иран и контролира голем дел од северен Јемен, вклучувајќи го и главниот град Сана, а коалицијата наведува дека со воената акција сака да ги „заштити глобалните извори на енергија“. Коалицијата претходно соопшти дека пресретнала и уништила две беспилотни летала над Јемен што биле лансирани врз нафтените постројки на Саудиска Арабија во Ходеида на Црвеното Море и ги повика цивилите да не престојуваат во близина на кое било нафтено поле или објект во градот. Хутите вчера соопштија дека почнале со напади врз саудиските енергетски капацитети, а коалицијата предводена од Саудиска Арабија изјави дека е погодена фабриката за дистрибуција на нафтени деривати на нафтениот гигант Арамко во Џеда. Пожар имало во два резервоара, но нема жртви. Локалната телевизија поврзана со Хутите јави дека коалициските воени авиони извршиле напади врз градот Ходеида и дека летовите се уште се во тек, додека жителите изјавиле дека нападите биле во близина на пристаништето Ходеида, пренесоа британските медиуми. Исто така, нападнати се и пристаништето Салиф, електроенергетската корпорација и нафтените постројки во Ходеида.

The post Саудиска Арабија ги нападна Хутите во Јемен appeared first on Република.

]]>