јазик Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jazik/ За подобро да се разбереме Tue, 31 Oct 2023 17:09:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png јазик Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jazik/ 32 32 Франција обвинува за фаворизирање на англискиот јазик во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/frantsija-obvinuva-za-favorizirane-na-angliskiot-jazik-vo-eu/ Tue, 31 Oct 2023 20:38:04 +0000 https://republika.mk/?p=696823

Франција поднесе жалба против Европската Унија пред Општиот суд на ЕУ поради фаворизирање на англискиот пред останатите јазици, објави „Политико“, наведувајќи дека Париз го обвинува блокот дека некои од новите вработувања во европските институции ги врши врз основа на проценки направени само на англиски јазик.

Според бриселскиот портал, реакцијата на Франција следи откако во процесот на селекција при вработувањето на нови службеници поврзани со секторите вселена, одбрана и економија, биле вклучени тестови само на англиски јазик.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Париз смета дека ваквиот пристап ги фаворизира „англофонските кандидати“ пред нивните конкуренти, како и дека тоа претставува дискриминација и прекршување на договорите на ЕУ, кои предвидуваат дека сите граѓани на Унијата треба да имаат рамноправен третман, без разлика на националноста. Дополнително, и правилата за ангажирање на функционери на ЕУ, исто така, забрануваат дискриминација врз основа на јазикот, освен под одредени услови.

- Тоа ги дискриминира кандидатите кои не се англофони, изјави за „Политико“ француски дипломат кој побарал анонимност, нагласувајќи дека ова не е само „француска борба“, бидејќи и другите земји членки споделуваат иста загриженост.

Според друг анонимен дипломат, француската позиција има поддршка и од други членки на ЕУ, пред се од Италија

- Ова не е позиција против одреден јазик, туку во корист на повеќејазичноста, додаде тој.

Во француската жалба до Општиот суд на ЕУ како пример за „дискриминацијата“ се доставени два огласи за вработување на Европската канцеларија за избор на персонал од оваа и од минатата година, во кои некои од тестирањата биле спроведени само на англиски јазик.

Европскиот општ суд, кој е прва судска инстанца во рамки на Судот на правдата на ЕУ за спорови во кои се инволвирани институциите на Унијата, се очекува да донесе одлука по жалбата во рок од една година, но веќе ги поништи двата огласи за вработување кои се основа за покренување на спорот.

Според Договорот за ЕУ, францускиот е еден од 24-те официјални јазици на Унијата, но неформално, заедно со англискиот и германскиот се смета за еден од трите работни јазици на Европската комисија, како и еден од двата говорни јазици на Советот на ЕУ, заедно со англискиот.

Со вкупно 3.271 вработени во ЕК во 2023 година, Французите се трети по бројност во оваа институција на ЕУ, веднаш по Италијанците и Белгијците.

Како што наведува „Политико“ иако употребата на англискиот јазик е нашироко распространета во институциите ЕУ, Франција „никогаш не се откажа од надежта дека бриселската администрација зборува и француски“.

The post Франција обвинува за фаворизирање на англискиот јазик во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Франција поднесе жалба против Европската Унија пред Општиот суд на ЕУ поради фаворизирање на англискиот пред останатите јазици, објави „Политико“, наведувајќи дека Париз го обвинува блокот дека некои од новите вработувања во европските институции ги врши врз основа на проценки направени само на англиски јазик. Според бриселскиот портал, реакцијата на Франција следи откако во процесот на селекција при вработувањето на нови службеници поврзани со секторите вселена, одбрана и економија, биле вклучени тестови само на англиски јазик. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Париз смета дека ваквиот пристап ги фаворизира „англофонските кандидати“ пред нивните конкуренти, како и дека тоа претставува дискриминација и прекршување на договорите на ЕУ, кои предвидуваат дека сите граѓани на Унијата треба да имаат рамноправен третман, без разлика на националноста. Дополнително, и правилата за ангажирање на функционери на ЕУ, исто така, забрануваат дискриминација врз основа на јазикот, освен под одредени услови. - Тоа ги дискриминира кандидатите кои не се англофони, изјави за „Политико“ француски дипломат кој побарал анонимност, нагласувајќи дека ова не е само „француска борба“, бидејќи и другите земји членки споделуваат иста загриженост. Според друг анонимен дипломат, француската позиција има поддршка и од други членки на ЕУ, пред се од Италија - Ова не е позиција против одреден јазик, туку во корист на повеќејазичноста, додаде тој. Во француската жалба до Општиот суд на ЕУ како пример за „дискриминацијата“ се доставени два огласи за вработување на Европската канцеларија за избор на персонал од оваа и од минатата година, во кои некои од тестирањата биле спроведени само на англиски јазик. Европскиот општ суд, кој е прва судска инстанца во рамки на Судот на правдата на ЕУ за спорови во кои се инволвирани институциите на Унијата, се очекува да донесе одлука по жалбата во рок од една година, но веќе ги поништи двата огласи за вработување кои се основа за покренување на спорот. Според Договорот за ЕУ, францускиот е еден од 24-те официјални јазици на Унијата, но неформално, заедно со англискиот и германскиот се смета за еден од трите работни јазици на Европската комисија, како и еден од двата говорни јазици на Советот на ЕУ, заедно со англискиот. Со вкупно 3.271 вработени во ЕК во 2023 година, Французите се трети по бројност во оваа институција на ЕУ, веднаш по Италијанците и Белгијците. Како што наведува „Политико“ иако употребата на англискиот јазик е нашироко распространета во институциите ЕУ, Франција „никогаш не се откажа од надежта дека бриселската администрација зборува и француски“.

The post Франција обвинува за фаворизирање на англискиот јазик во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Предложена резолуција во Сенатот да се прогласи септември 2023 за месец на македонско-американско наследство и ќе се слават македонскиот јазик, историја и култура https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/predlozhena-rezolutsija-vo-senatot-da-se-proglasi-septemvri-2023-za-mesets-na-makedonsko-amerikansko-nasledstvo-i-ke-se-slavat-makedonskiot-jazik-istorija-i-kultura/ Tue, 01 Aug 2023 08:11:39 +0000 https://republika.mk/?p=667490

Републиканскиот сенатор од Индијана Мајк Брон претстави резолуција во Сенатот да се прогласи септември 2023 година за месец на македонско-американско наследство, за време на кој ќе се слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци, објави Гласот на Америка.

Во резолуцијата се вели дека е важно да се истакнат клучните придонеси и културно влијание на македонските Американци во САД.

Да се препознаат бројните придонеси на македонските Американци во САД во различни области, вклучувајќи уметност, наука, бизнис, политика, медицина и спорт, и да ги поттикнат граѓаните на САД да го одбележат месецот на македонско-американско наследство со соодветни церемонии, активности и програми кои ги почитуваат културните придонеси и достигнувања на македонските Американци, се вели во резолуцијата.

Во неа пишува дека од „1880-тите години, десетици илјади Македонци имигрирале во САД барајќи граѓански слободи, човекови права, верски слободи, економски можности и безбедност како одговор на Илинденското востание против Отоманската империја од 1903 година, Балканските војни 1912-1913 година, Првата и Втората светска војна, Граѓанската војна во Грција од 1946–1949 година и комунистичката политика на Југославија“.

Целиот текст овде.

The post Предложена резолуција во Сенатот да се прогласи септември 2023 за месец на македонско-американско наследство и ќе се слават македонскиот јазик, историја и култура appeared first on Република.

]]>

Републиканскиот сенатор од Индијана Мајк Брон претстави резолуција во Сенатот да се прогласи септември 2023 година за месец на македонско-американско наследство, за време на кој ќе се слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци, објави Гласот на Америка. Во резолуцијата се вели дека е важно да се истакнат клучните придонеси и културно влијание на македонските Американци во САД.
Да се препознаат бројните придонеси на македонските Американци во САД во различни области, вклучувајќи уметност, наука, бизнис, политика, медицина и спорт, и да ги поттикнат граѓаните на САД да го одбележат месецот на македонско-американско наследство со соодветни церемонии, активности и програми кои ги почитуваат културните придонеси и достигнувања на македонските Американци, се вели во резолуцијата.
Во неа пишува дека од „1880-тите години, десетици илјади Македонци имигрирале во САД барајќи граѓански слободи, човекови права, верски слободи, економски можности и безбедност како одговор на Илинденското востание против Отоманската империја од 1903 година, Балканските војни 1912-1913 година, Првата и Втората светска војна, Граѓанската војна во Грција од 1946–1949 година и комунистичката политика на Југославија“. Целиот текст овде.

The post Предложена резолуција во Сенатот да се прогласи септември 2023 за месец на македонско-американско наследство и ќе се слават македонскиот јазик, историја и култура appeared first on Република.

]]>
Пендаровски: Македонскиот јазик е наше основно човеково право, право на самоопределување и самоизразување https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-makedonskiot-jazik-e-nashe-osnovno-chovekovo-pravo-pravo-na-samoopredeluvanje-i-samoizrazuvanje/ Thu, 05 May 2022 08:14:02 +0000 https://republika.mk/?p=497872

Денеска оддаваме почит на нашата особеност, на нашиот идентитетски темел и лингвистичка гордост – македонскиот јазик. Јазикот на Конески, Шопов, Јаневски и на сите творци на македонската литературна реч е огледало на самобитноста. Тој е и наше основно човеково право, право на самоопределување и самоизразување, порача претседателот Стево Пендаровски по повод 5 мај – Денот на македонскиот јазик.

Mакедонскиот јазик, вели, афирмиран во светот, има сопствено место во словенското јазично семејство, благодарение на генерациите пред нас кои нѐ задолжија да го негуваме преку неговото писмо, кое токму денеска го чествуваме.

Не смееме никогаш да ја забораваме борбата на нашите предци за докажување на посебноста на македонскиот јазик и за правото на неговата употреба која била тешка и исцрпувачка. Не помалку лесна е и денес, исправени пред нови, наметнати предизвици, но во духот на европските вредности и нашето начело да ги почитуваме различностите, ќе продолжиме да го истакнуваме нашето свето обележје, нашата инаквост, нашиот идентитетски стожер. Вековната писмена традиција што нам ни ја оставија, претставува најголемото сведоштво за посебноста на македонскиот јазик, вели Пендаровски во пораката.

Обврската да го чуваме и негуваме македонскиот јазик, нагласува претседателот Пендаровски, не е само долг кон нашите предци, туку и кон нашите потомци, кон културното наследство на човековата цивилизација и влог во нашата единствена татковина, како дел од европскиот културен простор.

Како што ќе рече нашиот Мисирков: Милоста кон народнијо јазик јет наш долг и наше прао. Није сме должни да милуаме нашијот јазик, зашчо тој јет наш исто така, као шчо ни јет наша таткоината ни, нагласува претседателот Стево Пендаровски во пораката по повод 5 мај – Денот на македонскиот јазик.

The post Пендаровски: Македонскиот јазик е наше основно човеково право, право на самоопределување и самоизразување appeared first on Република.

]]>

Денеска оддаваме почит на нашата особеност, на нашиот идентитетски темел и лингвистичка гордост – македонскиот јазик. Јазикот на Конески, Шопов, Јаневски и на сите творци на македонската литературна реч е огледало на самобитноста. Тој е и наше основно човеково право, право на самоопределување и самоизразување, порача претседателот Стево Пендаровски по повод 5 мај – Денот на македонскиот јазик. Mакедонскиот јазик, вели, афирмиран во светот, има сопствено место во словенското јазично семејство, благодарение на генерациите пред нас кои нѐ задолжија да го негуваме преку неговото писмо, кое токму денеска го чествуваме. Не смееме никогаш да ја забораваме борбата на нашите предци за докажување на посебноста на македонскиот јазик и за правото на неговата употреба која била тешка и исцрпувачка. Не помалку лесна е и денес, исправени пред нови, наметнати предизвици, но во духот на европските вредности и нашето начело да ги почитуваме различностите, ќе продолжиме да го истакнуваме нашето свето обележје, нашата инаквост, нашиот идентитетски стожер. Вековната писмена традиција што нам ни ја оставија, претставува најголемото сведоштво за посебноста на македонскиот јазик, вели Пендаровски во пораката. Обврската да го чуваме и негуваме македонскиот јазик, нагласува претседателот Пендаровски, не е само долг кон нашите предци, туку и кон нашите потомци, кон културното наследство на човековата цивилизација и влог во нашата единствена татковина, како дел од европскиот културен простор. Како што ќе рече нашиот Мисирков: Милоста кон народнијо јазик јет наш долг и наше прао. Није сме должни да милуаме нашијот јазик, зашчо тој јет наш исто така, као шчо ни јет наша таткоината ни, нагласува претседателот Стево Пендаровски во пораката по повод 5 мај – Денот на македонскиот јазик.

The post Пендаровски: Македонскиот јазик е наше основно човеково право, право на самоопределување и самоизразување appeared first on Република.

]]>
Откако власта го потпиша договорот со Бугарија настана проблемот со идентитетот, а соработка на други полиња имавме и претходно https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/otkako-vlasta-go-potpisha-dogovorot-so-bugarija-nastana-problemot-so-identitetot-a-sorabotka-na-drugi-polinja-imavme-i-prethodno/ Wed, 23 Mar 2022 21:36:12 +0000 https://republika.mk/?p=477400

Ако дозволиме да влеземе во натпревар на моќ, натпревар на старост како нации тогаш бегаме од основното право на меѓународните односи дека секоја држава е еднаква во меѓународниот правен поредок ако е признаена од Обединетите Нации, изјави Стефан Андоновски секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ, во вечерашното дебатно гостување во емисијата „Анализа 24“ на Телевизија 24.

Проблемот кај нашите претставници е тоа што не ги знаеме ставовите на Македонија и што сакаме ние од овие преговори со Бугарија, ниту пак која е целта на нашата македонска страна. Ние со Бугарија имаме проблем со идентитетските прашања, а соработката во другите области постоела и пред договорот за добрососедство и соработка од 2017-та но без било какви барање на Бугарија кон македонскиот јазик и историја“, рече Андоновски.

Андоновски потенцираше дека доколку ЕУ направеше посериозен политички притисок да овие прашања се разрешат и Македонија да почне преговори со ЕУ тогаш овој процент на антизападно расположение во Македонија би било помало, затоа што директно ќе ги согледавме придобивките од тоа.

Доколку отпочневме преговори со ЕУ ние ќе ги согледавме придобивките. Напротив кај нас имаше доцнење на вакцините и слаб политички одговор на ЕУ во нашите евроинтеграции. Доколку отпочнеме преговори со ЕУ ние сега ќе имавме поголема помош во овој кризен период од земјите членки на ЕУ“, заклучи Андоновски.

The post Откако власта го потпиша договорот со Бугарија настана проблемот со идентитетот, а соработка на други полиња имавме и претходно appeared first on Република.

Пољоска: Не постои богат или сиромашен јазик, сите јазици се богати на свој начин https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/poljoska-ne-postoi-bogat-ili-siromashen-jazik-site-jazici-se-bogati-na-svoj-nachin/ Mon, 21 Feb 2022 13:50:13 +0000 https://republika.mk/?p=461521

Карактеристично за Балканот е дека постојат многу јазици, многу дијалекти, и тие на некој начин се испреплетуваат еден со друг бидејќи се во постојан допир и контакт. Историски јазиците и дијалектите на Балканот не се во контакт и допир само денес, туку историски доста долго време се испреплетуваат. Значи придонесите за истражување за балканските јазици биле многу рани, дури од средниот век што продолжило до ден денешен, истакна проф. д-р. Агим Пољоска, катедра за албански јазик и книжевност, Филолошки факултет „Блаже Конески“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје на денешната трибина организирана од Централната комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар по повод 21 февруари – Меѓународниот ден на мајчиниот јазик насловена како „Мајчиниот јазик е идентитет“.

Пољоска додаде дека нема област која не е покриена со јазикот било тоа да е политиката, администрација, економија, култура. Фактички со говорот, со комуникацијата се покриваат сите области во секојдневното живеење на човекот. Јазикот е многу битен елемент во човештвото и со него се комуницира, се создаваат разно разни односи, релации. Значи целиот свет комуницира со разно разни јазици и затоа во Брисел е формиран Центар за европски јазици каде што се вклучени сите европски јазици. Не постои голем или слаб јазик, богат или сиромашен јазик. Сите јазици се богати и интересни на свој начин.

Но, од друга страна би рекол дека немаме чист јазик. Најдете ми! Дали има некој чист и богат јазик? Значи секој јазик има позајмување, има влијанија. Па, ќе речеме од една страна може да има и слабости кога користиме позајмени зборови, бидејќи се странски, но тоа сепак се случува во лингвизмот. Знаеме дека во Гостивар Албанците користат многу славјански зборови, македонски, српски, па и турски. И во другите јазици се користат и албански зборови. Можеби тие зборови се малку во број, но сепак се користат и тоа го забележале албанолози - појасни Пољоска.

Пољоска посочи јазиците на Балканот го зголемиле интересот многу познати странски лингвисти да ги изучуваат. Има доста голема и широка плејада на лингвисти кои имале интерес да ги изучуваат балканските јазици.

Историски се знае дека албанскиот јазик е балкански јазик, и е од европска фамилија, како што е македонскиот јазик. А, македонскиот јазик влегува во југоисточните словенски јазици. Колегата Марковиќ многу убаво спомна дека македонскиот јазик ги има корените во старословенскиот јазик со солунскиот округ - рече Пољоска.

Пољоска укажа дека академикот Божидар Видоевски ги истражувал македонските говори, дијалектите во граничните области југозападни кои што имале контакти со албанскиот јазик, со говорот на Тетово, Гостивар, Струга, Дебар. Значи албанскиот јазик позајмувал од словенските јазици, дијалектите, кои што не биле подигнати до стандард, туку до дијалектски варијанти.

The post Пољоска: Не постои богат или сиромашен јазик, сите јазици се богати на свој начин appeared first on Република.

]]>

Карактеристично за Балканот е дека постојат многу јазици, многу дијалекти, и тие на некој начин се испреплетуваат еден со друг бидејќи се во постојан допир и контакт. Историски јазиците и дијалектите на Балканот не се во контакт и допир само денес, туку историски доста долго време се испреплетуваат. Значи придонесите за истражување за балканските јазици биле многу рани, дури од средниот век што продолжило до ден денешен, истакна проф. д-р. Агим Пољоска, катедра за албански јазик и книжевност, Филолошки факултет „Блаже Конески“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје на денешната трибина организирана од Централната комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар по повод 21 февруари – Меѓународниот ден на мајчиниот јазик насловена како „Мајчиниот јазик е идентитет“. Пољоска додаде дека нема област која не е покриена со јазикот било тоа да е политиката, администрација, економија, култура. Фактички со говорот, со комуникацијата се покриваат сите области во секојдневното живеење на човекот. Јазикот е многу битен елемент во човештвото и со него се комуницира, се создаваат разно разни односи, релации. Значи целиот свет комуницира со разно разни јазици и затоа во Брисел е формиран Центар за европски јазици каде што се вклучени сите европски јазици. Не постои голем или слаб јазик, богат или сиромашен јазик. Сите јазици се богати и интересни на свој начин.