јазици Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jazici/ За подобро да се разбереме Sun, 17 Sep 2023 06:42:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png јазици Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/jazici/ 32 32 Шпанија предлага прогласување на каталонскиот, баскискиот и галицискиот за официјални јазици на ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shpanija-predlaga-proglasuvane-na-katalonskiot-baskiskiot-i-galitsiskiot-za-ofitsijalni-jazitsi-na-eu/ Sun, 17 Sep 2023 06:42:08 +0000 https://republika.mk/?p=682523

Европскиот совет во вторник треба да расправа за усвојување на предлогот на Шпанија за прогласување на каталонскиот, баскискиот и галицискиот за официјални јазици на ЕУ.

Иницијативата за официјализирање на ниво на ЕУ на овие три јазици, кои се во службена употреба во некои региони во Шпанија, кон крајот на минатиот месец ја покрена шпанскиот министер за надворешни работи Хозе Мануел Албарес, чија земја е актуелен претседавач со Унијата.

Но, според дипломатски извори во ЕУ, шансите за усвојување на предлогот во вторник се мали, од причина што некои земји членки изразија загриженост поради финансиските и правните последици што ќе ги предизвика ваквата одлука, при што Шведска прва јавно изрази резерви кон иницијативата.

Веруваме дека треба потемелно да се испита какви се правните и финансиските последици од предлогот, соопшти шведската Влада.

Шведска се закани дека ќе ги затвори сите кафулиња и ресторани што не се придржуваат до препораките од здравствените власти за социјална дистанца.

Според Стокхолм, прифаќањето на ваквиот предлог може да покрене лавина иницијативи за прогласување на регионални или малцински јазици за службени во ЕУ.

Европски дипломат за „Еурактив“ изјави дека ваквата иницијатива треба внимателно да се процени, додавајќи дека е „доста амбициозно“ очекувањето одлуката за ова прашање да се донесе за две недели.

Но, министерката во каталонското Претседателство, Лаура Вилагра и Понс изјави дека загриженоста за зголемени трошоци на некои земји од ЕУ е преувеличени, бидејќи според неа, на преведувачки услуги отпаѓа многу мал дел од буџетот на Унијата.

Подобрените алатки за компјутерско преведување и вештачката интелигенција ќе овозможат значително намалување на трошоците за превод во следните години, изјави Вилагра и Понс во средата.

Шпанскиот премиер Педро Санчез најави дека планира да се сретне со каталонскиот лидер Квим Тора во Барселона првата недела од февруари

Таа додаде дека „одбраната на јазичните права на милиони Европејци не треба да биде предмет на економска дискусија“, нагласувајќи дека Каталонија е подготвена да го зголеми својот придонес со ресурси за таа цел и изрази увереност во посветеноста на шпанската Влада да обезбеди поддршка за ваквата иницијатива.

- Воопшто не ја разгледуваме можноста да не биде одобрен ваквиот официјален статус на Каталонците во Европа, изјави Вилагра и Понс, која доаѓа од редовите на Републиканската левица на Каталонија (ЕРЦ), која е меѓу партиите што ја поддржуваат каталонската независност.

На иницијативата на Шпанија се гледа и како на обид на актуелната левичарска Влада на социјалистот Педро Санчез да обезбеди парламентарно мнозинство за формирање нов коалициски кабинет со поддршка на регионалните каталонски, баскиски и галициски партии, што донекаде и и успеа со изборот на Франсина Арменгол од Социјалистичката работничка партија на Шпанија (ПСОЕ) за претседателка на Долниот дом во шпанскиот Парламент.

На Санчез особено му е неопходна поддршката на ЕРЦ и на партијата Заедно за Каталонија, чиј основач е поранешниот претседател на каталонската регионална Влада и актуелен европратеник Карлес Пуџдемон.

Белгиски судија кој покрена постапка за екстрадиција на Карлес Пуџдемон во Шпанија оцени дека поранешниот каталонски лидер има пратенички имунитет и одлучи да ја стопира постапката

Пуџдемон изјави дека прогласувањето на каталонскиот за официјален јазик во ЕУ би бил „првиот чекор за градење доверба“ за понатамошни преговори со шпанската Влада.

Ако Шпанија сака, може да го стори тоа, изјави Пуџдемон, мислејќи на протуркувањето на иницијативата за прогласување на каталонскиот за официјален јазик на ниво на ЕУ, кој е еден од условите на каталонските сепаратисти, заедно со усвојувањето законот за амнестија, распишување референдум за статусот на Каталонија и зголемени даночни надлежности на Барселона, за поддршка на идната влада на Санчез.

Во рамките на преговорите за новата влада, ПСОЕ на Санчез и нејзиниот коалициски партнер, левичарскиот блок Здружени (Сумар), се согласија да поддржат употреба на каталонскиот, баскискиот, галицискиот и останатите регионални јазици во шпанскиот Парламент.

Каталонскиот јазик е во службена употреба во регионите Каталонија, Валенсија и Балеарски Острови, баскискиот во Баскија и делови од Навара, а галицискиот во регионот Галиција.

The post Шпанија предлага прогласување на каталонскиот, баскискиот и галицискиот за официјални јазици на ЕУ appeared first on Република.

]]>

Европскиот совет во вторник треба да расправа за усвојување на предлогот на Шпанија за прогласување на каталонскиот, баскискиот и галицискиот за официјални јазици на ЕУ. Иницијативата за официјализирање на ниво на ЕУ на овие три јазици, кои се во службена употреба во некои региони во Шпанија, кон крајот на минатиот месец ја покрена шпанскиот министер за надворешни работи Хозе Мануел Албарес, чија земја е актуелен претседавач со Унијата. Но, според дипломатски извори во ЕУ, шансите за усвојување на предлогот во вторник се мали, од причина што некои земји членки изразија загриженост поради финансиските и правните последици што ќе ги предизвика ваквата одлука, при што Шведска прва јавно изрази резерви кон иницијативата. Веруваме дека треба потемелно да се испита какви се правните и финансиските последици од предлогот, соопшти шведската Влада. Шведска се закани дека ќе ги затвори сите кафулиња и ресторани што не се придржуваат до препораките од здравствените власти за социјална дистанца. Според Стокхолм, прифаќањето на ваквиот предлог може да покрене лавина иницијативи за прогласување на регионални или малцински јазици за службени во ЕУ. Европски дипломат за „Еурактив“ изјави дека ваквата иницијатива треба внимателно да се процени, додавајќи дека е „доста амбициозно“ очекувањето одлуката за ова прашање да се донесе за две недели. Но, министерката во каталонското Претседателство, Лаура Вилагра и Понс изјави дека загриженоста за зголемени трошоци на некои земји од ЕУ е преувеличени, бидејќи според неа, на преведувачки услуги отпаѓа многу мал дел од буџетот на Унијата. Подобрените алатки за компјутерско преведување и вештачката интелигенција ќе овозможат значително намалување на трошоците за превод во следните години, изјави Вилагра и Понс во средата. Шпанскиот премиер Педро Санчез најави дека планира да се сретне со каталонскиот лидер Квим Тора во Барселона првата недела од февруари Таа додаде дека „одбраната на јазичните права на милиони Европејци не треба да биде предмет на економска дискусија“, нагласувајќи дека Каталонија е подготвена да го зголеми својот придонес со ресурси за таа цел и изрази увереност во посветеноста на шпанската Влада да обезбеди поддршка за ваквата иницијатива. - Воопшто не ја разгледуваме можноста да не биде одобрен ваквиот официјален статус на Каталонците во Европа, изјави Вилагра и Понс, која доаѓа од редовите на Републиканската левица на Каталонија (ЕРЦ), која е меѓу партиите што ја поддржуваат каталонската независност. На иницијативата на Шпанија се гледа и како на обид на актуелната левичарска Влада на социјалистот Педро Санчез да обезбеди парламентарно мнозинство за формирање нов коалициски кабинет со поддршка на регионалните каталонски, баскиски и галициски партии, што донекаде и и успеа со изборот на Франсина Арменгол од Социјалистичката работничка партија на Шпанија (ПСОЕ) за претседателка на Долниот дом во шпанскиот Парламент. На Санчез особено му е неопходна поддршката на ЕРЦ и на партијата Заедно за Каталонија, чиј основач е поранешниот претседател на каталонската регионална Влада и актуелен европратеник Карлес Пуџдемон. Белгиски судија кој покрена постапка за екстрадиција на Карлес Пуџдемон во Шпанија оцени дека поранешниот каталонски лидер има пратенички имунитет и одлучи да ја стопира постапката Пуџдемон изјави дека прогласувањето на каталонскиот за официјален јазик во ЕУ би бил „првиот чекор за градење доверба“ за понатамошни преговори со шпанската Влада. Ако Шпанија сака, може да го стори тоа, изјави Пуџдемон, мислејќи на протуркувањето на иницијативата за прогласување на каталонскиот за официјален јазик на ниво на ЕУ, кој е еден од условите на каталонските сепаратисти, заедно со усвојувањето законот за амнестија, распишување референдум за статусот на Каталонија и зголемени даночни надлежности на Барселона, за поддршка на идната влада на Санчез. Во рамките на преговорите за новата влада, ПСОЕ на Санчез и нејзиниот коалициски партнер, левичарскиот блок Здружени (Сумар), се согласија да поддржат употреба на каталонскиот, баскискиот, галицискиот и останатите регионални јазици во шпанскиот Парламент. Каталонскиот јазик е во службена употреба во регионите Каталонија, Валенсија и Балеарски Острови, баскискиот во Баскија и делови од Навара, а галицискиот во регионот Галиција.

The post Шпанија предлага прогласување на каталонскиот, баскискиот и галицискиот за официјални јазици на ЕУ appeared first on Република.

]]>
Околу 1.500 јазици во светот се под сериозна закана од исчезнување https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/okolu-1-500-jazici-vo-svetot-se-pod-seriozna-zakana-od-ischeznuvanje/ Sat, 01 Jan 2022 11:10:19 +0000 https://republika.mk/?p=439260

Во светот има околу 7.000 признати јазици, но многу од нив наскоро може засекогаш да исчезнат.

Според студија спроведена во Австралија, околу половина од сите јазици се загрозени, а 1.500 би можеле да исчезнат до крајот на векот.

Без интервенција, губењето на јазиците може да се зголеми тројно во рок од 40 години, со губење на најмалку еден јазик месечно - пишуваат авторите.

Тие советуваат создавање на наставни програми кои го поддржуваат двојазичното образование и промовираат владеење на локалниот јазик и употреба на регионално доминантни јазици.

Анализирани се 51 независни варијабли, вклучувајќи ја образовната политика, социо-економските показатели и еколошките карактеристики.

Истражувањето, предводено од Австралискиот национален универзитет, исто така, откри неочекувани и изненадувачки причини за јазичната закана - истакна коавторот, Линдел Бромам.

Контактот со други локални јазици, од друга страна, не е проблем: всушност, јазиците кои доаѓаат во контакт со многу други локални јазици се помалку загрозени.

Кога некој јазик ќе се изгуби или „заспива“, како што велиме за јазиците кои повеќе не се зборуваат, губиме многу од нашата човечка културна разновидност. Секој јазик е брилијантен на свој начин - нагласува Бромам.

Експертот истакнува дека многу од јазиците, за кои се очекува да исчезнат во овој век, се во активна употреба и денес.

Значи, сè уште има шанса да се инвестира во поддршка на заедниците за ревитализација на локалните јазици и да се задржат силни за идните генерации - порачува тој, осврнувајќи се на претстојната Декада на локални јазици на УНЕСКО (2022-32).

Со оваа иницијатива, Обединетите нации се обидуваат да ја заштитат јазичната разновидност низ светот и да ги зајакнат правата на луѓето од јазичните малцинства.

The post Околу 1.500 јазици во светот се под сериозна закана од исчезнување appeared first on Република.

]]>

Во светот има околу 7.000 признати јазици, но многу од нив наскоро може засекогаш да исчезнат. Според студија спроведена во Австралија, околу половина од сите јазици се загрозени, а 1.500 би можеле да исчезнат до крајот на векот.
Без интервенција, губењето на јазиците може да се зголеми тројно во рок од 40 години, со губење на најмалку еден јазик месечно - пишуваат авторите.
Тие советуваат создавање на наставни програми кои го поддржуваат двојазичното образование и промовираат владеење на локалниот јазик и употреба на регионално доминантни јазици. Анализирани се 51 независни варијабли, вклучувајќи ја образовната политика, социо-економските показатели и еколошките карактеристики.
Истражувањето, предводено од Австралискиот национален универзитет, исто така, откри неочекувани и изненадувачки причини за јазичната закана - истакна коавторот, Линдел Бромам.
Контактот со други локални јазици, од друга страна, не е проблем: всушност, јазиците кои доаѓаат во контакт со многу други локални јазици се помалку загрозени.
Кога некој јазик ќе се изгуби или „заспива“, како што велиме за јазиците кои повеќе не се зборуваат, губиме многу од нашата човечка културна разновидност. Секој јазик е брилијантен на свој начин - нагласува Бромам.
Експертот истакнува дека многу од јазиците, за кои се очекува да исчезнат во овој век, се во активна употреба и денес.
Значи, сè уште има шанса да се инвестира во поддршка на заедниците за ревитализација на локалните јазици и да се задржат силни за идните генерации - порачува тој, осврнувајќи се на претстојната Декада на локални јазици на УНЕСКО (2022-32).
Со оваа иницијатива, Обединетите нации се обидуваат да ја заштитат јазичната разновидност низ светот и да ги зајакнат правата на луѓето од јазичните малцинства.

The post Околу 1.500 јазици во светот се под сериозна закана од исчезнување appeared first on Република.

]]>