јавно здравство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/javno-zdravstvo/ За подобро да се разбереме Mon, 04 Nov 2024 13:59:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png јавно здравство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/javno-zdravstvo/ 32 32 Таравари: Има интерес за враќање на доктори од приватно во јавно здравство, наша цел е ова да стане практика во следниот период https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/taravari-ima-interes-za-vrakane-na-doktori-od-privatno-vo-javno-zdravstvo-nasha-tsel-e-ova-da-stane-praktika-vo-sledniot-period/ Mon, 04 Nov 2024 13:59:21 +0000 https://republika.mk/?p=834064

Во рамки на платформата во Владата - „100% посветени за тебе“ посветена на ресорите здравство и социјална политика, министерот за здравство, д-р Арбен Таравари во одговор на поставено прашање истакна дека веќе има интерес од доктори што работат во приватните клиники да се вратат во јавното здравство.

Претходно имаше забрана за преминување на доктори од приватно во јавно здравство, но веднаш по моето назначување, на предлог на Министерството за здравство, Владата донесе одлука да се укине таа забрана. Во постапка е изготвување упатство за начинот на преземање од ПЗУ во ЈЗУ. Оваа мерка е посебно фокусирана на специјалисти, како што се: фармацевти, стоматолози, анестезиолози, радиолози, но само доколку директорот на клиниката ни каже дека има потреба од тие кадри, информираше министерот Таравари, кој додаде дека целта е ова да стане практика што ќе се применува и во следниот период.

На прашањето за активностите кои ги презема Министерството за превенција од рак на дојка, министерот посочи дека токму за одбележување на месец октомври како месец посветен на борба против ракот на дојка, почна национална кампања под мотото „Октомвриски розов караван–превенцијата најдобра заштита“, која се одвива во рамки на Програмата на Министерство за скрининг и рана детекција на рак на дојка.

Во рамки на кампањата се одржаа повеќе јавни трибини и едукативни сесии низ целата земја, со врвни експерти од оваа област. Централната трибина се одржа минатата сабота во Скопје, во Сити Мол, како панел дискусија, на која едукативно предавање имаа членовите на националната комисија за скрининг на рак на дојка, рече министерот.

The post Таравари: Има интерес за враќање на доктори од приватно во јавно здравство, наша цел е ова да стане практика во следниот период appeared first on Република.

]]>

Таравари: Докторите од приватното може да се вратат во јавното здравство, Владата ја укина забраната од 2022 година https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/taravari-doktorite-od-privatnoto-mozhe-da-se-vratat-vo-javnoto-zdravstvo-vladata-ja-ukina-zabranata-od-2022-godina/ Fri, 04 Oct 2024 10:41:11 +0000 https://republika.mk/?p=822585

Пред три недели на седница на Владата е тргната забраната за докторите од приватните клиники да не можат да се вратат во јавното здравство и наскоро ќе може да работат во јавните здравствени установи, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари на прес-конференција по повод 100 дена нова Влада „100 % посветени! За тебе“.

Таравари кажа дека постоела забрана од Владата од август 2022, да не можат докторите од приватните клиники или болници да се вработат во државните, но пред три недели на Влада поминао барањето да се тргне таа забрана и сега во Министерството за здравство се подготвува правилник.

Не може сите доктори, туку само докторите кои се специјалисти по одредена дејност и специјалисти фармацевти и специјалисти стоматолози, но само доколку директорот на Клиниката ни каже дека има потреба и тоа да бидат кадри кои се докажани, кои во одреден период си заминале и сега гледаат некаква надеж во јавното здравство, изјави Таравари.

Министерот кажа дека нему лично му се јавиле околу 10 доктори кои се врвни стручњаци во нашата држава.

Полека почнуваме да ги враќаме. За 10 дена како тече процедурата во Министерсвото така ќе биде готов правилникот, изјави Таравари.

Претходно, на средба со новинарите Таравари изјави дека доктори од приватното здравство покажуваат интерес да се вратат во јавните здравствени установи.

„Ние како Влада ќе побараме решение како да вратиме одредени експерти кои имаат над 10- годишно искуство како специјалисти и супспецијалисти во клиники и болници каде што имаме недостаток на кадар. Гледаме дека има интерес од докторите што укажува на тоа дека се враќа довербата во јавноздравствените установи“, изјави Таравари на прес-конференција во август.

The post Таравари: Докторите од приватното може да се вратат во јавното здравство, Владата ја укина забраната од 2022 година appeared first on Република.

]]>

Пред три недели на седница на Владата е тргната забраната за докторите од приватните клиники да не можат да се вратат во јавното здравство и наскоро ќе може да работат во јавните здравствени установи, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари на прес-конференција по повод 100 дена нова Влада „100 % посветени! За тебе“. Таравари кажа дека постоела забрана од Владата од август 2022, да не можат докторите од приватните клиники или болници да се вработат во државните, но пред три недели на Влада поминао барањето да се тргне таа забрана и сега во Министерството за здравство се подготвува правилник.
Не може сите доктори, туку само докторите кои се специјалисти по одредена дејност и специјалисти фармацевти и специјалисти стоматолози, но само доколку директорот на Клиниката ни каже дека има потреба и тоа да бидат кадри кои се докажани, кои во одреден период си заминале и сега гледаат некаква надеж во јавното здравство, изјави Таравари.
Министерот кажа дека нему лично му се јавиле околу 10 доктори кои се врвни стручњаци во нашата држава.
Полека почнуваме да ги враќаме. За 10 дена како тече процедурата во Министерсвото така ќе биде готов правилникот, изјави Таравари.
Претходно, на средба со новинарите Таравари изјави дека доктори од приватното здравство покажуваат интерес да се вратат во јавните здравствени установи.
„Ние како Влада ќе побараме решение како да вратиме одредени експерти кои имаат над 10- годишно искуство како специјалисти и супспецијалисти во клиники и болници каде што имаме недостаток на кадар. Гледаме дека има интерес од докторите што укажува на тоа дека се враќа довербата во јавноздравствените установи“, изјави Таравари на прес-конференција во август.

The post Таравари: Докторите од приватното може да се вратат во јавното здравство, Владата ја укина забраната од 2022 година appeared first on Република.

]]>
Над 400 апликации на специјализанти за вработување во јавното здравство, денеска е последен ден за пријавување https://arhiva3.republika.mk/zivot/kariera/nad-400-aplikatsii-na-spetsijalizanti-za-vrabotuvane-vo-javnoto-zdravstvo-deneska-e-posleden-den-za-prijavuvane/ Mon, 02 Sep 2024 17:58:34 +0000 https://republika.mk/?p=812393

Над 400 апликации се пристигнати на повикот за изразување интерес на специјализанти за вработување во јавното здравство.

Од Министерството за здравство информираат дека денеска е последен ден за пријавување. Апликацијата е достапна на веб-страницата на Министерството за здравство

The post Над 400 апликации на специјализанти за вработување во јавното здравство, денеска е последен ден за пријавување appeared first on Република.

]]>

Над 400 апликации се пристигнати на повикот за изразување интерес на специјализанти за вработување во јавното здравство. Од Министерството за здравство информираат дека денеска е последен ден за пријавување. Апликацијата е достапна на веб-страницата на Министерството за здравство

The post Над 400 апликации на специјализанти за вработување во јавното здравство, денеска е последен ден за пријавување appeared first on Република.

]]>
Платите на вработените во јавно здравство кои се помали од минималната зголемени за 10 отсто https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/platite-na-vrabotenite-vo-javno-zdravstvo-koi-se-pomali-od-minimalnata-zgolemeni-za-10-otsto/ Tue, 10 Oct 2023 08:46:00 +0000 https://republika.mk/?p=689750

Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити денес имаше средба со претставниците од синдикатот за здравство по повод потпишување на Спогодбата меѓу Министерството и Синдикатот на здравствените работници за ново зголемување на платите на медицинскиот персонал од јавното здравство.

Станува збор за утврдување најниска плата на вработени во здравството и ќе се операционализира покачувањето од 10 отсто за сите вработени во здравството, предвидено со општиот колективен договор.

-На денешната средба ја потпишавме Спогодбата за ново зголемување на платите на здравствените работници, како и анексот за изменување и дополнување на Колективниот договор за здравствената дејност, со кој се врши зголемување на платите на вработените во јавните здравствени установи со плати пониски од минималната. Ова е второ покачување на платите на здравствените работници годинава. Наша заложба е да имаме мотивирани здравствени работници кои посветено работат и обезбедуваат квалитетна здравствена заштита за пациентите, истакна на средбата министерот Меџити.

Поединечни колективни договори ќе бидат склучени со Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники, центри, клинички болници и други јавни здравствени установи во државата.

The post Платите на вработените во јавно здравство кои се помали од минималната зголемени за 10 отсто appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити денес имаше средба со претставниците од синдикатот за здравство по повод потпишување на Спогодбата меѓу Министерството и Синдикатот на здравствените работници за ново зголемување на платите на медицинскиот персонал од јавното здравство. Станува збор за утврдување најниска плата на вработени во здравството и ќе се операционализира покачувањето од 10 отсто за сите вработени во здравството, предвидено со општиот колективен договор. -На денешната средба ја потпишавме Спогодбата за ново зголемување на платите на здравствените работници, како и анексот за изменување и дополнување на Колективниот договор за здравствената дејност, со кој се врши зголемување на платите на вработените во јавните здравствени установи со плати пониски од минималната. Ова е второ покачување на платите на здравствените работници годинава. Наша заложба е да имаме мотивирани здравствени работници кои посветено работат и обезбедуваат квалитетна здравствена заштита за пациентите, истакна на средбата министерот Меџити. Поединечни колективни договори ќе бидат склучени со Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники, центри, клинички болници и други јавни здравствени установи во државата.

The post Платите на вработените во јавно здравство кои се помали од минималната зголемени за 10 отсто appeared first on Република.

]]>
Таравари: Само за приватно лекување во Јавно здравство граѓаните на Косово и Албанија ќе се лекуваат со исти цени како и Македонците https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/taravari-samo-za-privatno-lekuvane-vo-javno-zdravstvo-graganite-na-kosovo-i-albanija-ke-se-lekuvaat-so-isti-tseni-kako-i-makedontsite/ Fri, 09 Jun 2023 09:45:31 +0000 https://republika.mk/?p=649536

Граѓаните на Косово Албанија и Србија нема да се изедначат со македонските граѓани во делот на плаќање на партиципација, туку во делот на приватното лекување- вели екс министерот за здравство и претседател на Алијанса на Албанците за Слободен печат, Арбен Таравари.

Ова практично значи дека цените на странските државјани ќе бидат исти како и за македонските граѓани кои немаат осигурување и се лекуваат во државните клиники и болници. Така ако за снимање на магнетна резонанца приватно во Клинички центар се плаќа 150 евра за сите наши граѓани кои не се осигуреници, толку ќе плати и косовски или албански државјанин, вели Таравари.

Тој објаснува дека ова е овозможено со билатерални договори меѓу државите и дека доколку не се направело странците ќе продолжеле да одат во приватно здравство каде плаќале многу поевтино.

Целиот текст прочитајте го тука.

The post Таравари: Само за приватно лекување во Јавно здравство граѓаните на Косово и Албанија ќе се лекуваат со исти цени како и Македонците appeared first on Република.

]]>

Граѓаните на Косово Албанија и Србија нема да се изедначат со македонските граѓани во делот на плаќање на партиципација, туку во делот на приватното лекување- вели екс министерот за здравство и претседател на Алијанса на Албанците за Слободен печат, Арбен Таравари.
Ова практично значи дека цените на странските државјани ќе бидат исти како и за македонските граѓани кои немаат осигурување и се лекуваат во државните клиники и болници. Така ако за снимање на магнетна резонанца приватно во Клинички центар се плаќа 150 евра за сите наши граѓани кои не се осигуреници, толку ќе плати и косовски или албански државјанин, вели Таравари.
Тој објаснува дека ова е овозможено со билатерални договори меѓу државите и дека доколку не се направело странците ќе продолжеле да одат во приватно здравство каде плаќале многу поевтино. Целиот текст прочитајте го тука.

The post Таравари: Само за приватно лекување во Јавно здравство граѓаните на Косово и Албанија ќе се лекуваат со исти цени како и Македонците appeared first on Република.

]]>
Maкедонија не е ни меѓу рангираните земји за најдобро јавно здравство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonija-ne-e-ni-megju-rangiranite-zemji-za-najdobro-javno-zdravstvo/ Wed, 07 Dec 2022 07:45:58 +0000 https://republika.mk/?p=582684

Објавена е ранг листа на добро организирано јавно здравство 2022 година.За вреднувањето се земени повеќе параметри како што БДП на земјата, потоа БДП по глава на жител како и вкупната популација.

На прво место е Данска, зад неа Германија а трети и четврти се Шведска и Норвешка.

Интересно во ова истражување на „usnews.com“ Македонија воопшто не е рангирана на листата,за разлика од земјите од регионот.

Па така Грција е на 31 место, Бугарија 36-та, Србија 41-ва, Хрватска 44 итн...

Ова листа се чини дека е реалност бидејќи Македонија го има едно од најлошото здравство а една од најголемата лага на власта беше дека ќе имаме бесплатни здравствени услуги ако го смениме името на државата.

The post Maкедонија не е ни меѓу рангираните земји за најдобро јавно здравство appeared first on Република.

]]>

Објавена е ранг листа на добро организирано јавно здравство 2022 година.За вреднувањето се земени повеќе параметри како што БДП на земјата, потоа БДП по глава на жител како и вкупната популација. На прво место е Данска, зад неа Германија а трети и четврти се Шведска и Норвешка. Интересно во ова истражување на „usnews.com“ Македонија воопшто не е рангирана на листата,за разлика од земјите од регионот. Па така Грција е на 31 место, Бугарија 36-та, Србија 41-ва, Хрватска 44 итн... Ова листа се чини дека е реалност бидејќи Македонија го има едно од најлошото здравство а една од најголемата лага на власта беше дека ќе имаме бесплатни здравствени услуги ако го смениме името на државата.  

The post Maкедонија не е ни меѓу рангираните земји за најдобро јавно здравство appeared first on Република.

]]>
Дали СЗО ќе ја продолжи вонредната состојба во јавното здравство?! https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/dali-szo-kje-ja-prodolzi-vonrednata-sostojba-vo-javnoto-zdravstvo/ Thu, 13 Jan 2022 08:44:10 +0000 https://republika.mk/?p=444012

Светската здравствена организација (СЗО), со помош на независен комитет од експерти, денеска ќе одлучува дали да ја продолжи глобалната вонредна состојба во јавното здравство, јави ДПА.

Сегашната „вонредна состојба за јавно здравје од меѓународен интерес“ е во сила речиси две години поради пандемијата на коронавирус. Тоа е највисокото ниво на тревога што може да го наметне СЗО.

Комитетот планира да даде препорака до вечер – а СЗО обично го следи неговиот совет.

Без разлика дали комисијата ќе препорача да се прогласи вонредната состојба заради коронавирусот за завршена или не, ќе има неколку практични последици. Сепак, многу експерти се загрижени дека прогласувањето крај на вонредната состојба може да испрати погрешен сигнал.

– Овој вирус е на добар пат да стане ендемичен, но сè уште не сме таму, изјави доцна синоќа експертката за коронавирус при СЗО, Марија ван Керхове.

Во рамките на Европската унија, шпанскиот премиер Педро Санчез веќе сугерираше дека Ковид-19 наскоро може да се третира како грип.

Но, Ван Керхове се спротивстави на таа идеја. – Немаме иста предвидливост како што ја имаме со грипот каде што имаме типичен сезонски модел, потенцираше таа.

СЗО постојано беше обвинувана дека не прогласила вонредна состојба доволно брзо откако се дозна за првите случаи на Ковид-19 во Кина. Кога СЗО прогласи глобална вонредна состојба на 30 јануари 2020 година, веќе беа евидентирани околу 100 инфекции во 21 држава.

Оттогаш, ширум светот се пријавени повеќе од 308 милиони инфекции и речиси 5,5 милиони смртни случаи.

The post Дали СЗО ќе ја продолжи вонредната состојба во јавното здравство?! appeared first on Република.

]]>

Светската здравствена организација (СЗО), со помош на независен комитет од експерти, денеска ќе одлучува дали да ја продолжи глобалната вонредна состојба во јавното здравство, јави ДПА. Сегашната „вонредна состојба за јавно здравје од меѓународен интерес“ е во сила речиси две години поради пандемијата на коронавирус. Тоа е највисокото ниво на тревога што може да го наметне СЗО. Комитетот планира да даде препорака до вечер – а СЗО обично го следи неговиот совет. Без разлика дали комисијата ќе препорача да се прогласи вонредната состојба заради коронавирусот за завршена или не, ќе има неколку практични последици. Сепак, многу експерти се загрижени дека прогласувањето крај на вонредната состојба може да испрати погрешен сигнал. – Овој вирус е на добар пат да стане ендемичен, но сè уште не сме таму, изјави доцна синоќа експертката за коронавирус при СЗО, Марија ван Керхове. Во рамките на Европската унија, шпанскиот премиер Педро Санчез веќе сугерираше дека Ковид-19 наскоро може да се третира како грип. Но, Ван Керхове се спротивстави на таа идеја. – Немаме иста предвидливост како што ја имаме со грипот каде што имаме типичен сезонски модел, потенцираше таа. СЗО постојано беше обвинувана дека не прогласила вонредна состојба доволно брзо откако се дозна за првите случаи на Ковид-19 во Кина. Кога СЗО прогласи глобална вонредна состојба на 30 јануари 2020 година, веќе беа евидентирани околу 100 инфекции во 21 држава. Оттогаш, ширум светот се пријавени повеќе од 308 милиони инфекции и речиси 5,5 милиони смртни случаи.

The post Дали СЗО ќе ја продолжи вонредната состојба во јавното здравство?! appeared first on Република.

]]>