Јавно обвнителство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/javno-obvnitelstvo/ За подобро да се разбереме Fri, 05 Jan 2024 10:24:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Јавно обвнителство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/javno-obvnitelstvo/ 32 32 Јавното обвинителство денеска ја очекува кривичната пријава од МВР за „тепачите“ во М-НАВ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/javnoto-obvinitelstvo-deneska-ja-ochekuva-krivichnata-prijava-od-mvr-za-tepachit-vo-m-nav/ Fri, 05 Jan 2024 10:23:55 +0000 https://republika.mk/?p=729917

Од Јавното обвинтелство информираат дека се преземаат дејствија за расчистување на настанот во кој вчера беа нападнати вработени во Контролата на летање.

-Основното јавно обвинителство Скопје во текот на денот очекува кривична пријава од Министерството за внатрешни работи, а за натамошната постапка соодветно ќе ја информира јавноста, велат од прес-службата на ЈО.

Од Министерството за внатрешни работи доцна синоќа информираа дека со четири инволвирани лица во нападот врз вработени во М-НАВ се вршат службени разговори и оти во координација со Основното јавно обвинителство ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Се преземаат мерки, како што информираа, за пронаоѓање на уште четири лица,  а во наредниот период МВР континуирано ќе ја обезбедува зградата на М-НАВ.

Од МВР информираа дека лице вработено во М-НАВ пријавило дека во објектот имало нарушување на јавен ред и мир.

-Денеска (04.01.2024) околу 15:15 часот во ПО Петровец лице вработено во МНАВ пријавило дека во објектот имало нарушување на јавниот ред и мир односно дека Б.Н. (лице вработено во институцијата) заедно со уште неколку непознати лица физички ги нападнале П.Б., Е.К. и Б.Р. (лица вработени во институцијата). Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје се упатени кон местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот, наведе МВР вчера во соопштение.

Нападот се случи по вчерашната прес-конференција на претседателот на Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ), Александар Тасевски,  на која тој информираше дека дваесет до триесет контролори на летање и нивни помошници во Македонска навигација ( М-НАВ) се очекува да почнат да поднесуваат оставки од раководните позиции во М-НАВ, како поддршка на синдикалните активности и реакции за последниот оглас за вработувања во оваа институција и однесувањето на менаџментот.

Владата синоќа најави дека на следната седница закажана за во вторник, 9 јануари, ќе донесе одлуки поврзани со состојбата во М-НАВ, меѓу кои разрешување на целото раководство и ревизија за досегашното работење.

Струковиот синдикат на контролори на летање  (ССКЛ) ноќеска на вонреден состанок донесе повеќе одлуки и барања и најави штрајк со затворање на воздушниот простор од 10 јануари доколку во меѓувреме тројцата извршни директори на М-НАВ не си поднесат оставки или Владата не ги разреши.

Како што изјави Тасевски изутринава, според последните информации од неговите колеги, активностите во М-НАВ се одвиваат како што треба, но очекуваат надлежните институции да си ја завршат својата работа.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/obvinitelstvoto-cheka-krivichna-od-mvr-za-napadot-vo-m-nav/

-По координацијата и апелите, испратени се службени лица се додека не се воспостави нормален начин на обезбедување. Рано изутрина колегите потврдија дека активностите се одвиваат како што треба. Револтот, нервозата и стресот се големи и очекуваме државните институции да си ја завршат нивната работа, да проработи свеста кај директорите и да не ја комплицираат состојбата, изјави за МИА Тасевски.

Тој претодно информираше дека завчера телефонски бил повикан во Секторот за насилен криминал при Министерството за внатрешни работи и му била презентирна пријава од страна на двајца од тројцата директори во М-НАВ, Фахрудин Хамиди и Фасим Деари. Тие поднеле кривична пријава против него, како што рече, врз база на доставена електронска порака поради „наводно чувствување загрозеност на нивната животна сигурност“ по член 144 став два од Кривичниот законик.

The post Јавното обвинителство денеска ја очекува кривичната пријава од МВР за „тепачите“ во М-НАВ appeared first on Република.

]]>

Од Јавното обвинтелство информираат дека се преземаат дејствија за расчистување на настанот во кој вчера беа нападнати вработени во Контролата на летање.
-Основното јавно обвинителство Скопје во текот на денот очекува кривична пријава од Министерството за внатрешни работи, а за натамошната постапка соодветно ќе ја информира јавноста, велат од прес-службата на ЈО.
Од Министерството за внатрешни работи доцна синоќа информираа дека со четири инволвирани лица во нападот врз вработени во М-НАВ се вршат службени разговори и оти во координација со Основното јавно обвинителство ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Се преземаат мерки, како што информираа, за пронаоѓање на уште четири лица,  а во наредниот период МВР континуирано ќе ја обезбедува зградата на М-НАВ. Од МВР информираа дека лице вработено во М-НАВ пријавило дека во објектот имало нарушување на јавен ред и мир.
-Денеска (04.01.2024) околу 15:15 часот во ПО Петровец лице вработено во МНАВ пријавило дека во објектот имало нарушување на јавниот ред и мир односно дека Б.Н. (лице вработено во институцијата) заедно со уште неколку непознати лица физички ги нападнале П.Б., Е.К. и Б.Р. (лица вработени во институцијата). Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје се упатени кон местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот, наведе МВР вчера во соопштение.
Нападот се случи по вчерашната прес-конференција на претседателот на Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ), Александар Тасевски,  на која тој информираше дека дваесет до триесет контролори на летање и нивни помошници во Македонска навигација ( М-НАВ) се очекува да почнат да поднесуваат оставки од раководните позиции во М-НАВ, како поддршка на синдикалните активности и реакции за последниот оглас за вработувања во оваа институција и однесувањето на менаџментот. Владата синоќа најави дека на следната седница закажана за во вторник, 9 јануари, ќе донесе одлуки поврзани со состојбата во М-НАВ, меѓу кои разрешување на целото раководство и ревизија за досегашното работење. Струковиот синдикат на контролори на летање  (ССКЛ) ноќеска на вонреден состанок донесе повеќе одлуки и барања и најави штрајк со затворање на воздушниот простор од 10 јануари доколку во меѓувреме тројцата извршни директори на М-НАВ не си поднесат оставки или Владата не ги разреши. Како што изјави Тасевски изутринава, според последните информации од неговите колеги, активностите во М-НАВ се одвиваат како што треба, но очекуваат надлежните институции да си ја завршат својата работа. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/obvinitelstvoto-cheka-krivichna-od-mvr-za-napadot-vo-m-nav/
-По координацијата и апелите, испратени се службени лица се додека не се воспостави нормален начин на обезбедување. Рано изутрина колегите потврдија дека активностите се одвиваат како што треба. Револтот, нервозата и стресот се големи и очекуваме државните институции да си ја завршат нивната работа, да проработи свеста кај директорите и да не ја комплицираат состојбата, изјави за МИА Тасевски.
Тој претодно информираше дека завчера телефонски бил повикан во Секторот за насилен криминал при Министерството за внатрешни работи и му била презентирна пријава од страна на двајца од тројцата директори во М-НАВ, Фахрудин Хамиди и Фасим Деари. Тие поднеле кривична пријава против него, како што рече, врз база на доставена електронска порака поради „наводно чувствување загрозеност на нивната животна сигурност“ по член 144 став два од Кривичниот законик.

The post Јавното обвинителство денеска ја очекува кривичната пријава од МВР за „тепачите“ во М-НАВ appeared first on Република.

]]>
Две постапки против дилери на дрога во Скопје, еден осомничен за помагање https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/dve-postapki-protiv-dileri-na-droga-vo-skopje-eden-osomnichen-za-pomagane/ Sun, 19 Nov 2023 09:15:58 +0000 https://republika.mk/?p=703072

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против еден осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик, како и против уште едно лице кое му помогнало да го стори кривичното дело.

Осомничениот 35-годишник од Скопје, кај себе и во непријавено привремено престојувалиште на улицата “Церска”, неовластено заради продажба држел наркотична дрога – марихуана во вкупна нето маса од 4802,4 грама, кокаин во вкупна нето маса од 62 грама, како и психотропна супстанца – 3, 4 метилен – диоксиметамфетамин во вкупна маса од 7 грама.

Помагачот, 30-годишник од Штип, му помогнал во извршување така што му дал на располагање средства за да го стори кривичното дело, односно му овозможил да ја користи куќата во која самиот престојувал врз основа на склучен договор за закуп со трето лице.

Бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, оправдан страв дека ќе ја попречува истрагата со влијание врз сведоците и особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повтори кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истрага и против 33-годишник од Крива Паланка кој непријавено престојувал во викенд куќа во Чучер Сандево, каде при претрес му биле пронајдени 952 грама амфетамин, 19,56 грама кокаин, околу половина килограм марихуана, 14,6 милилитри хашиш во шест шприцови, како и семки од канабис со вкупна нето маса од 9,62 грама.

И за овој осомничен обвинителството предложи мерка притвор.

The post Две постапки против дилери на дрога во Скопје, еден осомничен за помагање appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против еден осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик, како и против уште едно лице кое му помогнало да го стори кривичното дело. Осомничениот 35-годишник од Скопје, кај себе и во непријавено привремено престојувалиште на улицата “Церска”, неовластено заради продажба држел наркотична дрога – марихуана во вкупна нето маса од 4802,4 грама, кокаин во вкупна нето маса од 62 грама, како и психотропна супстанца – 3, 4 метилен – диоксиметамфетамин во вкупна маса од 7 грама. Помагачот, 30-годишник од Штип, му помогнал во извршување така што му дал на располагање средства за да го стори кривичното дело, односно му овозможил да ја користи куќата во која самиот престојувал врз основа на склучен договор за закуп со трето лице. Бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, оправдан страв дека ќе ја попречува истрагата со влијание врз сведоците и особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повтори кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени. Основното јавно обвинителство Скопје поведе истрага и против 33-годишник од Крива Паланка кој непријавено престојувал во викенд куќа во Чучер Сандево, каде при претрес му биле пронајдени 952 грама амфетамин, 19,56 грама кокаин, околу половина килограм марихуана, 14,6 милилитри хашиш во шест шприцови, како и семки од канабис со вкупна нето маса од 9,62 грама. И за овој осомничен обвинителството предложи мерка притвор.

The post Две постапки против дилери на дрога во Скопје, еден осомничен за помагање appeared first on Република.

]]>
Онколошките пациенти на протест пред Јавното обвинителство побараа да се знае вистината https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/onkoloshkite-patsienti-na-protest-pred-javnoto-obvinitelstvo-pobaraa-da-se-znae-vistinata/ Tue, 05 Sep 2023 20:44:27 +0000 https://republika.mk/?p=679133

Група онколошки пациенти вечерва побараа правда и искажаа револт за случувањата на Клиниката за онкологија на собир одржан пред Јавното обвинителство.

Она што ние, како онколошки пациенти, го бараме, е да се знае вистината. Кои луѓе и кои лекарства биле инволвирани, и за тоа, ако треба да се оди и 20 години наназад. Сите министри за здравство и поранешни директори на Онкологија да бидат викнати на испитување. Да се осигуриме дека никогаш повеќе нема да се случи ваков скандал – кажа една од учесничките на собирот.

Дел од присутните ги раскажаа своите потресни искуства и побараа одговорност. Една од учесничките кажа дека денес е 10-годишнина од смртта на нејзиниот татко кој бил онколошки случај.

Сите имаме изгубено некој. Нема фамилија ми се чини која немала онколошки пациент. Цел ден се прашувам дали направивме се што требаше да направиме за да го спасиме, после сите овие информации – рече таа.

Беше истакнато и дека се бараат одговори за да нема сомнеж во чесните доктори.

Сакаме имиња и презимиња за ние пациентите да не се сомневаме во чесните доктори – беше порачано на собирот.

Граѓаните и вчера излегоа на протест пред Владата и пред Јавното обвинителство, барајќи одговорност од последните тројца министери за здравство. Најавен е протест пред Владата и за следниот понеделник.

Во петокот, врз основа на судска наредба, по насоки на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, припадници на МВР извршија претреси на Клиниката за онкологија, како и на уште две локации во приватни станови во Скопје. Како што информираат од Јавното обвинителство, акцијата е спроведена врз основа на наводи во новинарски текстови поврзани со работата на Клиниката.

 

The post Онколошките пациенти на протест пред Јавното обвинителство побараа да се знае вистината appeared first on Република.

]]>

Група онколошки пациенти вечерва побараа правда и искажаа револт за случувањата на Клиниката за онкологија на собир одржан пред Јавното обвинителство.
Она што ние, како онколошки пациенти, го бараме, е да се знае вистината. Кои луѓе и кои лекарства биле инволвирани, и за тоа, ако треба да се оди и 20 години наназад. Сите министри за здравство и поранешни директори на Онкологија да бидат викнати на испитување. Да се осигуриме дека никогаш повеќе нема да се случи ваков скандал – кажа една од учесничките на собирот.
Дел од присутните ги раскажаа своите потресни искуства и побараа одговорност. Една од учесничките кажа дека денес е 10-годишнина од смртта на нејзиниот татко кој бил онколошки случај.
Сите имаме изгубено некој. Нема фамилија ми се чини која немала онколошки пациент. Цел ден се прашувам дали направивме се што требаше да направиме за да го спасиме, после сите овие информации – рече таа.
Беше истакнато и дека се бараат одговори за да нема сомнеж во чесните доктори.
Сакаме имиња и презимиња за ние пациентите да не се сомневаме во чесните доктори – беше порачано на собирот.
Граѓаните и вчера излегоа на протест пред Владата и пред Јавното обвинителство, барајќи одговорност од последните тројца министери за здравство. Најавен е протест пред Владата и за следниот понеделник. Во петокот, врз основа на судска наредба, по насоки на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, припадници на МВР извршија претреси на Клиниката за онкологија, како и на уште две локации во приватни станови во Скопје. Како што информираат од Јавното обвинителство, акцијата е спроведена врз основа на наводи во новинарски текстови поврзани со работата на Клиниката.  

The post Онколошките пациенти на протест пред Јавното обвинителство побараа да се знае вистината appeared first on Република.

]]>