јавно обвинителство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/javno-obvinitelstvo/ За подобро да се разбереме Wed, 16 Oct 2024 10:22:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png јавно обвинителство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/javno-obvinitelstvo/ 32 32 Кривична пријава против три лица за пукањето во Чаир: Двајца во притвор, еден во бегство https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/krivichna-prijava-protiv-tri-litsa-za-pukaneto-vo-chair-dvajtsa-vo-pritvor-eden-vo-begstvo/ Wed, 16 Oct 2024 10:22:05 +0000 https://republika.mk/?p=827556

Во врска со оружениот инцидент кој се случи на 14 октомври на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во Чаир, по поднесена кривична пријава од Министерството за внатрешни работи против три лица, Основното јавно обвинителство Скопје за нив поведе постапка за кривично дело – Учество во тепачка од член 132 став 1 од Кривичниот законик.

Од нив, за двајца надлежниот јавен обвинител поднесе предлог за определување мерка притвор до Основниот кривичен суд Скопје, додека еден осомничен во моментов е во бегство и е недостапен на органите на прогонот.

За уште едно лице, четврти учесник во инцидентот, за кое постојат првични сознанија дека со акт на оружено насилство предизвикал тешка телесна повреда – прострелна рана кај оштетениот, во тек е постапка за прибирање докази. Тој осомничен во моментот е на издржување затворска казна за друго дело во КПУ „Идризово“.

The post Кривична пријава против три лица за пукањето во Чаир: Двајца во притвор, еден во бегство appeared first on Република.

]]>

Во врска со оружениот инцидент кој се случи на 14 октомври на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во Чаир, по поднесена кривична пријава од Министерството за внатрешни работи против три лица, Основното јавно обвинителство Скопје за нив поведе постапка за кривично дело – Учество во тепачка од член 132 став 1 од Кривичниот законик. Од нив, за двајца надлежниот јавен обвинител поднесе предлог за определување мерка притвор до Основниот кривичен суд Скопје, додека еден осомничен во моментов е во бегство и е недостапен на органите на прогонот. За уште едно лице, четврти учесник во инцидентот, за кое постојат првични сознанија дека со акт на оружено насилство предизвикал тешка телесна повреда – прострелна рана кај оштетениот, во тек е постапка за прибирање докази. Тој осомничен во моментот е на издржување затворска казна за друго дело во КПУ „Идризово“.

The post Кривична пријава против три лица за пукањето во Чаир: Двајца во притвор, еден во бегство appeared first on Република.

]]>
Труење, веројатна причина за смртта на мајката и детето од Слатино https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/truene-verojatna-prichina-za-smrtta-na-majkata-i-deteto-od-slatino/ Wed, 09 Oct 2024 12:04:02 +0000 https://republika.mk/?p=824667

Основното јавно обвинителство Тетово и Министерството за внатрешни работи интензивно преземаат дејствија за расчистување на настанот во тетовското село Слатино каде вчера беа пронајдени починати мајка и дете.

Првичните сознанија од наредената обдукција упатуваат на труење како веројатна причина за смрт на лицата, па од починатите се земени примероци за дополнителни токсиколошки анализи со цел да се утврди причината за труењето. Кај починатите не се пронајдени други траги на насилство.

Исто така, по наредба на јавен обвинител ќе бидат земени примероци од крв и урина и од останатите членови на семејството – татко и уште едно дете, со цел да се провери евентуално присуство на токсини и кај нив. Се преземаат и други дејствија за целосно расчистување на настанот.

Се огласи и МВР со истата информација дека првите резултати упатуваат на труење.

The post Труење, веројатна причина за смртта на мајката и детето од Слатино appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Тетово и Министерството за внатрешни работи интензивно преземаат дејствија за расчистување на настанот во тетовското село Слатино каде вчера беа пронајдени починати мајка и дете. Првичните сознанија од наредената обдукција упатуваат на труење како веројатна причина за смрт на лицата, па од починатите се земени примероци за дополнителни токсиколошки анализи со цел да се утврди причината за труењето. Кај починатите не се пронајдени други траги на насилство. Исто така, по наредба на јавен обвинител ќе бидат земени примероци од крв и урина и од останатите членови на семејството – татко и уште едно дете, со цел да се провери евентуално присуство на токсини и кај нив. Се преземаат и други дејствија за целосно расчистување на настанот.   Се огласи и МВР со истата информација дека првите резултати упатуваат на труење.

The post Труење, веројатна причина за смртта на мајката и детето од Слатино appeared first on Република.

]]>
Возачот којшто во ауди шверцувал марихуана се исплашил од полицијата, бегал, но го фатиле https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vozachot-kojshto-vo-audi-shvertsuval-marihuana-se-isplashil-od-politsijata-begal-no-go-fatile/ Sat, 05 Oct 2024 12:58:03 +0000 https://republika.mk/?p=823106

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице од струшко Калишта за кого постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

„Осомничениот, на 4 октомври, во близина на Сопотница, со автомобил „ауди” не застанал на даден знак – стоп од полициски службеници од Демир Хисар кои вршеле сообраќајна контрола на возила и возачи. Со голема брзина се упатил кон крстосницата за Крушево, застанал на коловозот, излегол од возилото и започнал да изнесува наркотична дрога од возилото покрај патот. Полицајците го затекнале и од него одзеле околу 51 килограм наркотична дрога марихуана спакувана во повеќе пакувања“, соопшти Јавното обвинителство.

За истото кривично дело, Основното јавно обвинителство Скопје поведе истрага против скопјанец во чиј автомобил, на граничниот премин Блаце при влез во земјава, биле откриени околу 36,5 килограми издробени вршунки од канабис спакувани во четири големи куфери.

За двајцата осомничени надлежните јавни обвинители доставија предлози за определување мерка притвор.

The post Возачот којшто во ауди шверцувал марихуана се исплашил од полицијата, бегал, но го фатиле appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице од струшко Калишта за кого постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
„Осомничениот, на 4 октомври, во близина на Сопотница, со автомобил „ауди” не застанал на даден знак – стоп од полициски службеници од Демир Хисар кои вршеле сообраќајна контрола на возила и возачи. Со голема брзина се упатил кон крстосницата за Крушево, застанал на коловозот, излегол од возилото и започнал да изнесува наркотична дрога од возилото покрај патот. Полицајците го затекнале и од него одзеле околу 51 килограм наркотична дрога марихуана спакувана во повеќе пакувања“, соопшти Јавното обвинителство.
За истото кривично дело, Основното јавно обвинителство Скопје поведе истрага против скопјанец во чиј автомобил, на граничниот премин Блаце при влез во земјава, биле откриени околу 36,5 килограми издробени вршунки од канабис спакувани во четири големи куфери. За двајцата осомничени надлежните јавни обвинители доставија предлози за определување мерка притвор.

The post Возачот којшто во ауди шверцувал марихуана се исплашил од полицијата, бегал, но го фатиле appeared first on Република.

]]>
Обвинет призна дека сторил насилство од омраза на плоштадот Скендер-бег, изречена пресуда https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/obvinet-prizna-deka-storil-nasilstvo-od-omraza-na-ploshtadot-skender-beg-izrechena-presuda/ Thu, 03 Oct 2024 08:15:16 +0000 https://republika.mk/?p=822064

По поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Скопје, Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда врз основа на признание на вина против 30-годишен скопјанец за кривично дело – Насилство во квалификаторен облик сторено од омраза, казниво според член 386 став 5 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.

Сега осудениот Ф.Г. ја призна вината онака како што беше наведено во поднесеното обвинение, односно се изјасни дека делото го сторил од омраза кон оштетениот заради неговата сексуална ориентација и припадност кон ЛГБТ заедницата. Грубото насилство го извршил на 31.08.2022 година, на плоштадот „Скендер-бег“ во Скопје за време на јавен собир на граѓани за солидарност и поддршка во врска со насилство врз 11-годишно девојче од Косово. Додека чекале собирот да почне, Ф.Г. му се приближил на оштетениот, почнал да го навредува, а потоа и физички го нападнал, удирајќи го со клоци и тупаници по главата и телото и нанесувајќи му телесни повреди. Со насилството предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв и кај други лица присутни на местото.

Основниот кривичен суд Скопје го огласи Ф.Г. за виновен и му изрече условна осуда – казна затвор во траење од една година, која нема да се изврши доколку не стори ново кривично дело три години по правосилноста на пресудата. Исто така, определена му е и алтернативна мерка – заштитен надзор во период од две години по правосилноста на пресудата за која е определено да ја врши надлежната пробациска канцеларија на подрачјето на Основниот кривичен суд Скопје и за надзорот да го известува судот. Доколку осудениот во наведениот период не ја исполнува обврската за користење на слободното време според оцена на надлежниот орган согласно закон, судот ќе ја отповика условната осуда.

The post Обвинет призна дека сторил насилство од омраза на плоштадот Скендер-бег, изречена пресуда appeared first on Република.

]]>

По поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Скопје, Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда врз основа на признание на вина против 30-годишен скопјанец за кривично дело – Насилство во квалификаторен облик сторено од омраза, казниво според член 386 став 5 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик. Сега осудениот Ф.Г. ја призна вината онака како што беше наведено во поднесеното обвинение, односно се изјасни дека делото го сторил од омраза кон оштетениот заради неговата сексуална ориентација и припадност кон ЛГБТ заедницата. Грубото насилство го извршил на 31.08.2022 година, на плоштадот „Скендер-бег“ во Скопје за време на јавен собир на граѓани за солидарност и поддршка во врска со насилство врз 11-годишно девојче од Косово. Додека чекале собирот да почне, Ф.Г. му се приближил на оштетениот, почнал да го навредува, а потоа и физички го нападнал, удирајќи го со клоци и тупаници по главата и телото и нанесувајќи му телесни повреди. Со насилството предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв и кај други лица присутни на местото. Основниот кривичен суд Скопје го огласи Ф.Г. за виновен и му изрече условна осуда – казна затвор во траење од една година, која нема да се изврши доколку не стори ново кривично дело три години по правосилноста на пресудата. Исто така, определена му е и алтернативна мерка – заштитен надзор во период од две години по правосилноста на пресудата за која е определено да ја врши надлежната пробациска канцеларија на подрачјето на Основниот кривичен суд Скопје и за надзорот да го известува судот. Доколку осудениот во наведениот период не ја исполнува обврската за користење на слободното време според оцена на надлежниот орган согласно закон, судот ќе ја отповика условната осуда.

The post Обвинет призна дека сторил насилство од омраза на плоштадот Скендер-бег, изречена пресуда appeared first on Република.

]]>
ЈО: Нема наредба за приведување на ниту едно лице за изградба на црква во Гостивар https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/jo-nema-naredba-za-priveduvane-na-nitu-edno-litse-za-izgradba-na-tsrkva-vo-gostivar/ Tue, 10 Sep 2024 12:16:08 +0000 https://republika.mk/?p=814974

Во однос на објавените невистинити информации кои се споделуваат на социјалните мрежи, а се преземени од повеќе медиуми и се однесуваат за настан во близина на верски објект во гостиварско, Основното јавно обвинителство Гостивар ја известува јавноста дека јавен обвинител нема издадено наредба за приведување или задржување на ниту едно лице.

Основното јавно обвинителство Гостивар е известено дека МВР постапува во конкретниот случај по поднесена пријава од Општина Врапчиште за недозволено вршење градежни работи во непосредна близина на магистрален пат.

Работите се прекинати, а по насоки на јавен обвинител денеска полициски екипи ќе извршат увид на лице место со цел да се утврди каков е статусот на објектот и работите кои се извршувале, како и дали во целиот настан воопшто има елементи на кривично дело.

https://republika.mk/vesti/makedonija/po-nalog-na-javen-obvinitel-se-apsat-gragani-koi-raschistuvale-tsrkva/

The post ЈО: Нема наредба за приведување на ниту едно лице за изградба на црква во Гостивар appeared first on Република.

]]>

Во однос на објавените невистинити информации кои се споделуваат на социјалните мрежи, а се преземени од повеќе медиуми и се однесуваат за настан во близина на верски објект во гостиварско, Основното јавно обвинителство Гостивар ја известува јавноста дека јавен обвинител нема издадено наредба за приведување или задржување на ниту едно лице. Основното јавно обвинителство Гостивар е известено дека МВР постапува во конкретниот случај по поднесена пријава од Општина Врапчиште за недозволено вршење градежни работи во непосредна близина на магистрален пат. Работите се прекинати, а по насоки на јавен обвинител денеска полициски екипи ќе извршат увид на лице место со цел да се утврди каков е статусот на објектот и работите кои се извршувале, како и дали во целиот настан воопшто има елементи на кривично дело. https://republika.mk/vesti/makedonija/po-nalog-na-javen-obvinitel-se-apsat-gragani-koi-raschistuvale-tsrkva/

The post ЈО: Нема наредба за приведување на ниту едно лице за изградба на црква во Гостивар appeared first on Република.

]]>
ЈО отвори предмет по пријава од Александар Николоски за спорната пресуда за Телеком https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/jo-otvori-predmet-po-prijava-od-aleksandar-nikoloski-za-spornata-presuda-za-telekom/ Wed, 04 Sep 2024 19:50:32 +0000 https://republika.mk/?p=813239

Јавното обвинителство отворило предмет и го распределило кај јавен обвинител од ОЈО Скопје по пријавата која до нив ја достави вицепремиерот Александар Николоски за спорната пресуда за Телеком.

Од Oбвинителството потврдуваат, но велат дека во оваа фаза не можат да откријат повеќе детали за постапката која ја водат.

Според информации на Прес24, и Судскиот совет веќе изготвил извештај и за него ќе расправа на утрешната седница откако до нив со претставка се јави Макеоднски телеком.

Компанијата бараше судиите да утврдат нестручност и несовесност кај судиjка од скопска Апелација која ја преиначила пресудата на Граѓанскиот Суд и која и наложила на компанијата да плати 4 милиони евра штета на човек-фирма од Штип за спор кој трае повеќе од една деценија.

Македонски Телеком во претставката тврди дека врз судот имало недозволени влијанија, дека пресудата е донесена без факти и докази и дека во неа се наведуваат елементи кои воопшто не биле изведувани како докази во постапката и кои веруваат дека до судот се доставувани по поинакви канали на комуникација.

За случајот осамна и соопштение на веб страната на Апелациониот суд во кој се бранеше донесената пресуда за неколку часа подоцна судот да се огради од објавеното соопштение и да посочи дека тоа е личен став на судиите кои ја носеле пресудата.

The post ЈО отвори предмет по пријава од Александар Николоски за спорната пресуда за Телеком appeared first on Република.

]]>

Јавното обвинителство отворило предмет и го распределило кај јавен обвинител од ОЈО Скопје по пријавата која до нив ја достави вицепремиерот Александар Николоски за спорната пресуда за Телеком. Од Oбвинителството потврдуваат, но велат дека во оваа фаза не можат да откријат повеќе детали за постапката која ја водат. Според информации на Прес24, и Судскиот совет веќе изготвил извештај и за него ќе расправа на утрешната седница откако до нив со претставка се јави Макеоднски телеком. Компанијата бараше судиите да утврдат нестручност и несовесност кај судиjка од скопска Апелација која ја преиначила пресудата на Граѓанскиот Суд и која и наложила на компанијата да плати 4 милиони евра штета на човек-фирма од Штип за спор кој трае повеќе од една деценија. Македонски Телеком во претставката тврди дека врз судот имало недозволени влијанија, дека пресудата е донесена без факти и докази и дека во неа се наведуваат елементи кои воопшто не биле изведувани како докази во постапката и кои веруваат дека до судот се доставувани по поинакви канали на комуникација. За случајот осамна и соопштение на веб страната на Апелациониот суд во кој се бранеше донесената пресуда за неколку часа подоцна судот да се огради од објавеното соопштение и да посочи дека тоа е личен став на судиите кои ја носеле пресудата.

The post ЈО отвори предмет по пријава од Александар Николоски за спорната пресуда за Телеком appeared first on Република.

]]>
Бегал од полицијата, преку прозорец фрлил пиштоли и муниција – заврши во притвор https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/begal-od-politsijata-preku-prozorets-frlil-pishtoli-i-munitsija-zavrshi-vo-pritvor/ Sat, 06 Apr 2024 07:31:37 +0000 https://republika.mk/?p=762954

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот суд достави предлог за определување мерка притвор за лице осомничено за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 став 3 од Кривичниот законик.

Против 29-годишниот скопјанец е донесена наредба за спроведување истражна постапка, бидејќи на 4 април, во својот автомобил држел оружје и муниција: 2 полуавтоматски пиштоли и 20 куршуми, без да поседува дозвола за нив.

Кога полициски службеници на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош” во Скопје го запреле да го легитимираат, тој се дал во бегство и од прозорецот на возилото ги фрлил пиштолите и муницијата завиткани во јакна.

Јавниот обвинител, како што е нагласено во соопштението ја предложи притворската мерка, оценувајќи дека постои опасност осомничениот да се даде во бегство или да го повтори делото.

The post Бегал од полицијата, преку прозорец фрлил пиштоли и муниција – заврши во притвор appeared first on Република.

]]>

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот суд достави предлог за определување мерка притвор за лице осомничено за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 став 3 од Кривичниот законик. Против 29-годишниот скопјанец е донесена наредба за спроведување истражна постапка, бидејќи на 4 април, во својот автомобил држел оружје и муниција: 2 полуавтоматски пиштоли и 20 куршуми, без да поседува дозвола за нив. Кога полициски службеници на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош” во Скопје го запреле да го легитимираат, тој се дал во бегство и од прозорецот на возилото ги фрлил пиштолите и муницијата завиткани во јакна. Јавниот обвинител, како што е нагласено во соопштението ја предложи притворската мерка, оценувајќи дека постои опасност осомничениот да се даде во бегство или да го повтори делото.

The post Бегал од полицијата, преку прозорец фрлил пиштоли и муниција – заврши во притвор appeared first on Република.

]]>
Полицијата во координација со јавен обвинител го бара убиецот на лекарот во Железара https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/politsijata-vo-koordinatsija-so-javen-obvinitel-go-bara-ubietsot-na-lekarot-vo-zhelezara/ Sat, 23 Mar 2024 18:30:10 +0000 https://republika.mk/?p=757889

Јавно обвинителство вечерва соопшти дека полицијата, во координација со јавен обвинител работи на откривање на сторител на убиството на 67-годишниот лекар чие тело беше пронајдено во населбата Железара.

-МВР работи на откривање на сторител, во координација со јавен обвинител. Се очекува и наодот од обдукцијата, посочија од Обвинителството.

Министерството за внатрешни работи вчера информираше дека лекарот со убодни рани е пронајден во сопственото возило „Киа“ на паркингот пред поликлиниката Железара.

The post Полицијата во координација со јавен обвинител го бара убиецот на лекарот во Железара appeared first on Република.

Jaвното обвинителство за случајот МНАВ: Ги доставивме сите докази до Судот и објаснивме зошто одлуката за притвор е неоснована https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/javnoto-obvinitelstvo-za-sluchajot-mnav-gi-dostavivme-site-dokazi-do-sudot-i-objasnivme-zoshto-odlukata-za-pritvor-e-neosnovana/ Sun, 07 Jan 2024 16:44:40 +0000 https://republika.mk/?p=730717

Јавниот обвинител во својата жалба до Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје детално ги образложи причините поради кои смета дека одлуката на судијата на претходна постапка да не определи мерка притвор за осомничените во случајот со М-НАВ е неоснована, информираат од Јавното обвинителство.

-Обвинителството ги има и ги приложи сите докази дека постои реална опасност четворицата осомничени кои се лишени од слобода да се дадат во бегство, да влијаат врз сведоци (вклучувајќи ги и оштетените, но и осомничените кои се уште се недостапни), како и да го повторат делото. Во однос на обележјата на кривичното дело - Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај од член 303 од КЗ опишано во ставот 2 oд тој член, тие се исполнети со самата можност да се загрози безбедноста на аеродром за меѓународeн воздушен сообраќај со акт на насилство и не е неопходно да настапила катастрофална штетна последица во смисла на тешка повреда, смрт или уништување, информираат од Јавното обвинителство.

Од Основен кривичен суд Скопје по реакциите кои произлегоа од неправосилните одлуки на Судот за случувањата во М-НАВ, денеска излезе со соопштение дека Судот постапува пред се врз основа на приложената документација/докази доставени од ОЈО и МВР и врз основа на слободно судиско убедување.

- Имено, неспорно е дека настан од кривично правен аспект постоел, па затоа со цел да се овозможи непречено водење на кривичната постапка односно истрага од страна на надлежен обвинител, судот смета дека е неопходно да се обезбеди присуство на осомничените лица. Но, потребно е да се знае дека во наредбата за истрага за конкретниот настан опфатени се 8 лица, а до овој момент доставен е предлог за определување мерки за обезбедување присуство, како и докази за нивна инволвираност, само за четворица, се вели во реакцијата од Кривичен.

Во врска кривично правниот настан, истакнуваат дека, законското битие на кривичното дело од член 303 став 2 од КЗ, кое им се става на товар е дека: „Тој што ќе изврши дело со кое ја загрозува или може да ја загрози безбедноста на аеродром за меѓународен воздушен сообраќај, со користење на уред, материја или оружје, незаконски и со намера да изврши дело на насилство против лице на аеродром за меѓународен воздушен сообраќај со која предизвикува или може да предизвика тешка повреда или смрт, или да уништи или оштети уреди, објекти или воздухоплов, кој не е во сообраќај, а е лоциран на аеродром за меѓународен воздушен сообраќај“.

- Во конкретниот случај, според дадениот опис на преземените дејствија од страна на осомничените, а во склоп и на доставените докази во прилог на предлогот, во овој момент не прозилегува дека осомничените во целост ги исполниле условите предвидени во кривичното дело, односно дека со нивните дејствија можеле да предизвикаат тешка повреда, смрт, или уништување или оштетување на уреди, објекти или воздухоплов, кој не е во сообраќај, а е лоциран на аеродром за меѓународен воздушен сообраќа. Имено од страна на  ОЈО Скопје не се доставени докази - медицинска документација за наводно предизвиканите повреди, нема записник за примање на кривична пријава од оштетениот. Истиот не е сослушан пред ОЈО Скопје, ниту пак се доставени докази дали навистина е настаната тешка повреда и од каков вид е истата. Понатаму не е наведен начинот како преземените дејствија предизвикале или можеле да предизвикаат уништување или оштетување уреди, објекти или воздухоплов, кој не е во сообраќај, а е лоциран на аеродром за меѓународен воздушен сообраќај, нагласуваат од Кривичен суд.

Воедно, се вели во соопштението, според вонредниот инспекциски надзор на Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ), утврдено е дека не постои никакво нарушување или загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај, а исто така не постои никаков пријавен настан или сериозен инцидент во врска со одвивањето на безбедноста на воздушниот сообраќај, како што и изјави директорот на Агенцијата - Томислав Тунтев.

- Односно самиот предлог на Јавниот обвинител воопшто не води во правец на посоченото кривично дело. Меѓутоа, според доставените докази произлегува дека во конкретниот случај осомничените презеле одредени дејствија кои дополнително треба да се истражуваат, но не во контектст на наведеното  кривично дело за кои според ОЈО постои основано сомненевање. Па заради тоа, се со цел да се доразјаснат и утврдат сите правно релевантни факти во конкретниот настан кој се случил на 04.01.2024 година, судијата на претходна постапка определи мерки на обебзедување присуство од поблаг вид, се вели во соопштението од Основен кривичен суд Скопје.

Од Кривичен, исто така, се напоменува дека, по добиената жалба од ОЈО Скопје за изречените мерки, дополнително ќе одлучува Кривичниот совет, кој може да ја потврди или преиначи одлуката.

Судија на претходна постапка од Кривичниот суд на 5 јануари годинава им определи мерки за претпазливост на четири лица меѓу кои и Беким Незири, поранешен министер, советник на директорот на М-НАВ и претседател на огранок на ДУИ, осомничени за загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај. Тие заедно со уште четири други лица, по кои се трага, на 4 јануари упаднале во канцелариите на М-НАВ каде настанал инцидент.

- Согласно член 146 ст.1 од ЗКП на осомничените им се определува забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, обврска за нивно јавување на определено службено лице во судот, одземање на патната исправа односно забрана за нејзино издавање и забрана за комуникација со оштетниот како и меѓусебна комуникација, информираа тогаш од Судот.

Поради случувањата во М-НАВ, Владата за седницата во вторник на 9 јануари најави разрешување на раководството на претријатието, а исто така се најавени и вонредни контроли за работењето.  Основното јавно обвинителство Скопје, отвори истражна постапка против осум лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај според член 303 став 2 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

The post Jaвното обвинителство за случајот МНАВ: Ги доставивме сите докази до Судот и објаснивме зошто одлуката за притвор е неоснована appeared first on Република.

]]>

Јавниот обвинител во својата жалба до Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје детално ги образложи причините поради кои смета дека одлуката на судијата на претходна постапка да не определи мерка притвор за осомничените во случајот со М-НАВ е неоснована, информираат од Јавното обвинителство. -Обвинителството ги има и ги приложи сите докази дека постои реална опасност четворицата осомничени кои се лишени од слобода да се дадат во бегство, да влијаат врз сведоци (вклучувајќи ги и оштетените, но и осомничените кои се уште се недостапни), како и да го повторат делото. Во однос на обележјата на кривичното дело - Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај од член 303 од КЗ опишано во ставот 2 oд тој член, тие се исполнети со самата можност да се загрози безбедноста на аеродром за меѓународeн воздушен сообраќај со акт на насилство и не е неопходно да настапила катастрофална штетна последица во смисла на тешка повреда, смрт или уништување, информираат од Јавното обвинителство. Од Основен кривичен суд Скопје по реакциите кои произлегоа од неправосилните одлуки на Судот за случувањата во М-НАВ, денеска излезе со соопштение дека Судот постапува пред се врз основа на приложената документација/докази доставени од ОЈО и МВР и врз основа на слободно судиско убедување.
- Имено, неспорно е дека настан од кривично правен аспект постоел, па затоа со цел да се овозможи непречено водење на кривичната постапка односно истрага од страна на надлежен обвинител, судот смета дека е неопходно да се обезбеди присуство на осомничените лица. Но, потребно е да се знае дека во наредбата за истрага за конкретниот настан опфатени се 8 лица, а до овој момент доставен е предлог за определување мерки за обезбедување присуство, како и докази за нивна инволвираност, само за четворица, се вели во реакцијата од Кривичен.
Во врска кривично правниот настан, истакнуваат дека, законското битие на кривичното дело од член 303 став 2 од КЗ, кое им се става на товар е дека: „Тој што ќе изврши дело со кое ја загрозува или може да ја загрози безбедноста на аеродром за меѓународен воздушен сообраќај, со користење на уред, материја или оружје, незаконски и со намера да изврши дело на насилство против лице на аеродром за меѓународен воздушен сообраќај со која предизвикува или може да предизвика тешка повреда или смрт, или да уништи или оштети уреди, објекти или воздухоплов, кој не е во сообраќај, а е лоциран на аеродром за меѓународен воздушен сообраќај“.
- Во конкретниот случај, според дадениот опис на преземените дејствија од страна на осомничените, а во склоп и на доставените докази во прилог на предлогот, во овој момент не прозилегува дека осомничените во целост ги исполниле условите предвидени во кривичното дело, односно дека со нивните дејствија можеле да предизвикаат тешка повреда, смрт, или уништување или оштетување на уреди, објекти или воздухоплов, кој не е во сообраќај, а е лоциран на аеродром за меѓународен воздушен сообраќа. Имено од страна на  ОЈО Скопје не се доставени докази - медицинска документација за наводно предизвиканите повреди, нема записник за примање на кривична пријава од оштетениот. Истиот не е сослушан пред ОЈО Скопје, ниту пак се доставени докази дали навистина е настаната тешка повреда и од каков вид е истата. Понатаму не е наведен начинот како преземените дејствија предизвикале или можеле да предизвикаат уништување или оштетување уреди, објекти или воздухоплов, кој не е во сообраќај, а е лоциран на аеродром за меѓународен воздушен сообраќај, нагласуваат од Кривичен суд.
Воедно, се вели во соопштението, според вонредниот инспекциски надзор на Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ), утврдено е дека не постои никакво нарушување или загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај, а исто така не постои никаков пријавен настан или сериозен инцидент во врска со одвивањето на безбедноста на воздушниот сообраќај, како што и изјави директорот на Агенцијата - Томислав Тунтев.
- Односно самиот предлог на Јавниот обвинител воопшто не води во правец на посоченото кривично дело. Меѓутоа, според доставените докази произлегува дека во конкретниот случај осомничените презеле одредени дејствија кои дополнително треба да се истражуваат, но не во контектст на наведеното  кривично дело за кои според ОЈО постои основано сомненевање. Па заради тоа, се со цел да се доразјаснат и утврдат сите правно релевантни факти во конкретниот настан кој се случил на 04.01.2024 година, судијата на претходна постапка определи мерки на обебзедување присуство од поблаг вид, се вели во соопштението од Основен кривичен суд Скопје.
Од Кривичен, исто така, се напоменува дека, по добиената жалба од ОЈО Скопје за изречените мерки, дополнително ќе одлучува Кривичниот совет, кој може да ја потврди или преиначи одлуката. Судија на претходна постапка од Кривичниот суд на 5 јануари годинава им определи мерки за претпазливост на четири лица меѓу кои и Беким Незири, поранешен министер, советник на директорот на М-НАВ и претседател на огранок на ДУИ, осомничени за загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај. Тие заедно со уште четири други лица, по кои се трага, на 4 јануари упаднале во канцелариите на М-НАВ каде настанал инцидент.
- Согласно член 146 ст.1 од ЗКП на осомничените им се определува забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, обврска за нивно јавување на определено службено лице во судот, одземање на патната исправа односно забрана за нејзино издавање и забрана за комуникација со оштетниот како и меѓусебна комуникација, информираа тогаш од Судот.
Поради случувањата во М-НАВ, Владата за седницата во вторник на 9 јануари најави разрешување на раководството на претријатието, а исто така се најавени и вонредни контроли за работењето.  Основното јавно обвинителство Скопје, отвори истражна постапка против осум лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај според член 303 став 2 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

The post Jaвното обвинителство за случајот МНАВ: Ги доставивме сите докази до Судот и објаснивме зошто одлуката за притвор е неоснована appeared first on Република.

]]>
Јавен обвинител ќе се жали до судот, бидејќи не одреди притвор за лицата кои упаднаа во М-НАВ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/javen-obvinitel-ke-se-zhali-do-sudot-bidejki-ne-odredi-pritvor-za-litsata-koi-upadnaa-vo-m-nav/ Sat, 06 Jan 2024 10:28:51 +0000 https://republika.mk/?p=730330

Јавниот обвинител во текот на денешниот ден ќе вложи жалби на одлуката на судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје со која беше одбиен предлогот за определување мерка притвор за четворица осомничени за кривично дело – Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај и им беа определени мерки на претпазливост, информираат од Јавното обвинителство.

The post Јавен обвинител ќе се жали до судот, бидејќи не одреди притвор за лицата кои упаднаа во М-НАВ appeared first on Република.

Jaвното обвинителство побара притвор за тепачите во М-НАВ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/javnoto-obvinitelstvo-pobara-pritvor-za-tepachite-vo-m-nav/ Fri, 05 Jan 2024 20:34:19 +0000 https://republika.mk/?p=730209

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против осум лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај според член 303 став 2 во врска со член 22 од Кривичниот законик. За четири лица јавниот обвинител бара мерка притвор, додека за четири други лица се трага.

Како што се наведува во соопштението од ОЈО, осомничените на 4 јануари, со заедничко дејствие на извршување, сториле кривично дело со кое ја загрозиле безбедноста на Меѓународниот аеродром Скопје, незаконски и со намера да извршат дело на насилство против лице ги попречиле услугите на аеродромот.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/grupata-na-bekim-neziri-donesena-vo-krivichen-sud-ke-bide-li-odreden-pritvor/

- Со нивните дејствија тие ја загрозиле безбедноста на меѓународниот воздушен сообраќај во момент кога во воздушниот простор над државава се одвивале 28 летови под контрола на М-НАВ, со што се осомничени дека извршиле кривично дело за кое е предвидена казна затвор од најмалку пет години, се вели во соопштението од ОЈО.

Јавниот обвинител, ценејќи дека во конкретниот случај постои опасност од бегство, можност осомничените да влијаат врз постапката или да го повторат делото, до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за четворица осомничени кои се лишени од слобода, додека по останатите четворица се трага

The post Jaвното обвинителство побара притвор за тепачите во М-НАВ appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против осум лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај според член 303 став 2 во врска со член 22 од Кривичниот законик. За четири лица јавниот обвинител бара мерка притвор, додека за четири други лица се трага. Како што се наведува во соопштението од ОЈО, осомничените на 4 јануари, со заедничко дејствие на извршување, сториле кривично дело со кое ја загрозиле безбедноста на Меѓународниот аеродром Скопје, незаконски и со намера да извршат дело на насилство против лице ги попречиле услугите на аеродромот. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/grupata-na-bekim-neziri-donesena-vo-krivichen-sud-ke-bide-li-odreden-pritvor/
- Со нивните дејствија тие ја загрозиле безбедноста на меѓународниот воздушен сообраќај во момент кога во воздушниот простор над државава се одвивале 28 летови под контрола на М-НАВ, со што се осомничени дека извршиле кривично дело за кое е предвидена казна затвор од најмалку пет години, се вели во соопштението од ОЈО.
Јавниот обвинител, ценејќи дека во конкретниот случај постои опасност од бегство, можност осомничените да влијаат врз постапката или да го повторат делото, до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за четворица осомничени кои се лишени од слобода, додека по останатите четворица се трага

The post Jaвното обвинителство побара притвор за тепачите во М-НАВ appeared first on Република.

]]>
Јавно обвинителство: Фотографиите на српскиот политичар нема да наштетат во истрагата за Вања https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/javno-obvinitelstvo-fotografiite-na-srpskiot-politichar-nema-da-nashtetat-vo-istragata-za-vana/ Fri, 05 Jan 2024 07:25:06 +0000 https://republika.mk/?p=729808

Од Обвинителството тврдат дека не постои опасност фотографиите што ги објави Срѓан Ного да ја компромитираат истрагата и потенцираат дека ги имаат обезбедено сите потребни докази за утврдување на траекторијата на движењето на осомничените. Сепак, велат, лицата кои ги објавуваат овие видео снимки треба да размислат за етичноста на таквите објави и за вознемирувањето што го предизвикуваат кај семејствата на жртвите.

„Јавното обвинителство ги има обезбедено сите потребни докази за утврдување на траекторијата на движењето на осомничените. Од тие причини не постои никаква опасност за компромитација на истрагата со објава на снимки од видео надзор на објекти. Сепак, лицата кои ги објавуваат овие видео снимки треба да размислат за етичноста на ваквите објави и за вознемирувањето што го предизвикуваат кај семејствата на жртвите, велат од Обвинителство.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/objaveni-novi-fotografii-tsitroenot-pred-zgradata-na-vana-panche-vo-svoeto-vozilo/

Политичарот за денеска најави нови фотографии

The post Јавно обвинителство: Фотографиите на српскиот политичар нема да наштетат во истрагата за Вања appeared first on Република.

]]>

Од Обвинителството тврдат дека не постои опасност фотографиите што ги објави Срѓан Ного да ја компромитираат истрагата и потенцираат дека ги имаат обезбедено сите потребни докази за утврдување на траекторијата на движењето на осомничените. Сепак, велат, лицата кои ги објавуваат овие видео снимки треба да размислат за етичноста на таквите објави и за вознемирувањето што го предизвикуваат кај семејствата на жртвите.

„Јавното обвинителство ги има обезбедено сите потребни докази за утврдување на траекторијата на движењето на осомничените. Од тие причини не постои никаква опасност за компромитација на истрагата со објава на снимки од видео надзор на објекти. Сепак, лицата кои ги објавуваат овие видео снимки треба да размислат за етичноста на ваквите објави и за вознемирувањето што го предизвикуваат кај семејствата на жртвите, велат од Обвинителство.
https://republika.mk/vesti/crna-hronika/objaveni-novi-fotografii-tsitroenot-pred-zgradata-na-vana-panche-vo-svoeto-vozilo/ Политичарот за денеска најави нови фотографии

The post Јавно обвинителство: Фотографиите на српскиот политичар нема да наштетат во истрагата за Вања appeared first on Република.

]]>
Фетаи, Раичевиќ и Коцевски единствени кандидати за нов државен јавен обвинител https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/fetai-raichevik-i-kotsevski-edinstveni-kandidati-za-nov-drzhaven-javen-obvinitel/ Tue, 19 Dec 2023 09:22:04 +0000 https://republika.mk/?p=724465

На огласот за нов државен јавен обвинител се пријавиле тројца кандидати – Фатиме Фетаи од Вишото јавно обвинителство Скопје, Лидија Раичевиќ од Основното јавно обвинителство Скопје и Љупчо Коцевски од Јавното обвинителство. Предлозите се доставени до Владата, информираат за МИА од Собранието. Владата на седница треба да донесе одлука и да ги проследи предлозите на мислење до Советот на јавните обвинители.

Собранието огласот го објави на 29 ноември годинава, откако пратениците ја изгласаа одлуката за именување нов јавен обвинител.

На актуелниот државен јавен обвинител Љубомир Јовески мандатот му истекува на 25 декември, а со оглед на законските рокови според кои пријавените кандидати ќе треба да го поминат филтерот на Советот на јавните обвинители, за што имаат рок од 15 дена да дадат позитивно или негативно мислење до Владата, по што Владата до Собранието предлага еден од кандидатите што добил позитивно мислење, Советот на јавни обвинители неделава ќе треба да именува вршител на должност државен јавен обвинител.

Според Законот за јавно обвинителство за јавен обвинител  може да биде именувано лице кое има непрекинат работен стаж од најмалку десет години како јавен обвинител или како судија од областа на кривичното право.

Јавниот обвинител се именува од Собранието, по предлог на Владата со мандат од шест години и право на повторно именување. За својата работа и работата на Јавното обвинителство одговара пред Собранието.

Листата со кандидати се доставува до Советот на јавни обвинители, којшто во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето треба да достави до Владата образложено позитивно или негативно мислење во писмена форма за сите пријавени кандидати на огласот што ги исполнуваат условите согласно со закон. Потоа, Владата до Собранието доставува предлог за именување на јавен обвинител од пријавените кандидати за кои Советот на јавни обвинители дал позитивно мислење. За кандидатот што ќе го предложи Владата за јавен обвинител, кон предлогот се доставува и мислењето од Советот на јавни обвинители.

Ако Советот на јавни обвинители од оправдани причини во рокот не достави мислење до Владата тој (рокот) се продолжува уште за 15 дена. Ако и во овој рок, Советот на јавни обвинители не достави мислење, се смета дека мислењето е позитивно.

Доколку Советот на јавни обвинители не даде позитивно мислење за ниту еден од пријавените кандидати, Владата на Република Македонија не може да утврди предлог за именување на јавен обвинител и ќе му предложи на Собранието да го повтори огласот.

Актуелниот државен обвинител, Јовевски, беше именуван на 25 декември 2017 година, а го наследи Марко Зврлевски, кој беше разрешен во август истата година.

The post Фетаи, Раичевиќ и Коцевски единствени кандидати за нов државен јавен обвинител appeared first on Република.

]]>

На огласот за нов државен јавен обвинител се пријавиле тројца кандидати – Фатиме Фетаи од Вишото јавно обвинителство Скопје, Лидија Раичевиќ од Основното јавно обвинителство Скопје и Љупчо Коцевски од Јавното обвинителство. Предлозите се доставени до Владата, информираат за МИА од Собранието. Владата на седница треба да донесе одлука и да ги проследи предлозите на мислење до Советот на јавните обвинители. Собранието огласот го објави на 29 ноември годинава, откако пратениците ја изгласаа одлуката за именување нов јавен обвинител. На актуелниот државен јавен обвинител Љубомир Јовески мандатот му истекува на 25 декември, а со оглед на законските рокови според кои пријавените кандидати ќе треба да го поминат филтерот на Советот на јавните обвинители, за што имаат рок од 15 дена да дадат позитивно или негативно мислење до Владата, по што Владата до Собранието предлага еден од кандидатите што добил позитивно мислење, Советот на јавни обвинители неделава ќе треба да именува вршител на должност државен јавен обвинител. Според Законот за јавно обвинителство за јавен обвинител  може да биде именувано лице кое има непрекинат работен стаж од најмалку десет години како јавен обвинител или како судија од областа на кривичното право. Јавниот обвинител се именува од Собранието, по предлог на Владата со мандат од шест години и право на повторно именување. За својата работа и работата на Јавното обвинителство одговара пред Собранието. Листата со кандидати се доставува до Советот на јавни обвинители, којшто во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето треба да достави до Владата образложено позитивно или негативно мислење во писмена форма за сите пријавени кандидати на огласот што ги исполнуваат условите согласно со закон. Потоа, Владата до Собранието доставува предлог за именување на јавен обвинител од пријавените кандидати за кои Советот на јавни обвинители дал позитивно мислење. За кандидатот што ќе го предложи Владата за јавен обвинител, кон предлогот се доставува и мислењето од Советот на јавни обвинители. Ако Советот на јавни обвинители од оправдани причини во рокот не достави мислење до Владата тој (рокот) се продолжува уште за 15 дена. Ако и во овој рок, Советот на јавни обвинители не достави мислење, се смета дека мислењето е позитивно. Доколку Советот на јавни обвинители не даде позитивно мислење за ниту еден од пријавените кандидати, Владата на Република Македонија не може да утврди предлог за именување на јавен обвинител и ќе му предложи на Собранието да го повтори огласот. Актуелниот државен обвинител, Јовевски, беше именуван на 25 декември 2017 година, а го наследи Марко Зврлевски, кој беше разрешен во август истата година.

The post Фетаи, Раичевиќ и Коцевски единствени кандидати за нов државен јавен обвинител appeared first on Република.

]]>
ОЈО: Закани, демнење и вознемирување кон обвинител и неговото семејство, поведена постапка https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ojo-zakani-demnene-i-voznemiruvane-kon-obvinitel-i-negovoto-semejstvo-povedena-postapka/ Fri, 08 Dec 2023 12:07:10 +0000 https://republika.mk/?p=720997

Основното јавно обвинителство Прилеп покренало постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривични дела „полово вознемирување“ од член 190-а, „загрозување на сигурноста“ од член 144 став 5 и „демнење“ од член 144-а став 1 од Кривичниот законик.

Во текот на ноември, осомничениот на својот Фејсбук профил во повеќе наврати поставувал текстуални објави и вклучувања во живо со кои се заканувал дека ќе нападне врз животот на основната јавна обвинителка на ОЈО Прилеп и членови на нејзиното најблиско семејство. Намерата му била да ја вознемири и да ја исплаши, а врз основа на пол, личен, семеен и општествен статус на оштетената како Јавен обвинител. Во објавите осомничениот неовластено користел приватни и семејни фотографии на оштетената. Преку социјалните мрежи тој директно праќал пораки со вознемирувачка содржина до ќерката на јавната обвинителка, предизвикувајќи кај неа непријатност, навреденост и страв. Осомничениот е претходно осудувано лице за кривично дело – Загрозување на сигурноста, а против него во последниот период се поднесени и повеќе други кривични пријави, што укажува на опасноста тој да повторува вакви кривични дела, се наведува во денешното соопштение од Јавното обвинителство.

Поради тоа, како и фактот дека постојат околности кои укажуваат на опасноста осомничениот да се даде во бегство доколку се брани од слобода, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Прилеп доставил предлог за определување мерка притвор. Предлогот бич прифатен и Судот со решение му определил притвор во траење од осум дена.

The post ОЈО: Закани, демнење и вознемирување кон обвинител и неговото семејство, поведена постапка appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Прилеп покренало постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривични дела „полово вознемирување“ од член 190-а, „загрозување на сигурноста“ од член 144 став 5 и „демнење“ од член 144-а став 1 од Кривичниот законик. Во текот на ноември, осомничениот на својот Фејсбук профил во повеќе наврати поставувал текстуални објави и вклучувања во живо со кои се заканувал дека ќе нападне врз животот на основната јавна обвинителка на ОЈО Прилеп и членови на нејзиното најблиско семејство. Намерата му била да ја вознемири и да ја исплаши, а врз основа на пол, личен, семеен и општествен статус на оштетената како Јавен обвинител. Во објавите осомничениот неовластено користел приватни и семејни фотографии на оштетената. Преку социјалните мрежи тој директно праќал пораки со вознемирувачка содржина до ќерката на јавната обвинителка, предизвикувајќи кај неа непријатност, навреденост и страв. Осомничениот е претходно осудувано лице за кривично дело – Загрозување на сигурноста, а против него во последниот период се поднесени и повеќе други кривични пријави, што укажува на опасноста тој да повторува вакви кривични дела, се наведува во денешното соопштение од Јавното обвинителство. Поради тоа, како и фактот дека постојат околности кои укажуваат на опасноста осомничениот да се даде во бегство доколку се брани од слобода, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Прилеп доставил предлог за определување мерка притвор. Предлогот бич прифатен и Судот со решение му определил притвор во траење од осум дена.

The post ОЈО: Закани, демнење и вознемирување кон обвинител и неговото семејство, поведена постапка appeared first on Република.

]]>
Ќе биде ли ова доволно ЈО да покрене истрага? ВМРО-ДПМНЕ достави докази за скандалот со „Онкологија“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ke-bide-li-ova-dovolno-jo-da-pokrene-istaga-vmro-dpmne-dostavi-dokazi-za-skandalot-so-onkologija/ Thu, 23 Nov 2023 10:54:09 +0000 https://republika.mk/?p=715481

Денеска до Основното јавно обвинителство ги доставивме документите во врска со случајот „Диво месо“, „Канцер мафија“ на Онкологија, онака како што најавивме.Страшно е што и по три месеци наводна работа предистрага, нема оформен предмет во Основното јавно обвинителство и нема започнат процес за „Диво месо“, а мафијата се уште функционира, работи на Онкологија, бидејќи никој таму не е опфатен со некаков процес со кој што би бил отстранет од работата, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

Јасно е дека зад ваквото однесување стои политичка одлука, СДС веднаш застана зад „Канцер мафијата“ по објавувањето на документите доставени од укажувач во ВМРО-ДПМНЕ.Сето тоа се гледа и од односот со и кон работата на Комисијата во Собранието посветена на случајот „Диво месо“, „Канцер мафија“ на Онкологија.

Денеска до Основното јавно обвинителство предадовме документи доставени од укажувач коишто посочуваат:

1. Дека и покрај скапите договори, не била доставувана навремено терапијата  за болните кои што се третирале на Клиниката, никој не ги предупредил оние кои што требаа да ја испорачаат и никој за тоа не одговарал, односно за работата на омилената фармацевтска куќа на власта.

2. Доставивме докази дека се создавале можеби фиктивни вишоци на лекови и терапии, тие биле нарачувани, а пациентите сепак не ги добивале.

3. Докази дека никој не водел евиденција каде и како завршувал вишокот од секоја отворена вијала, пакување, со што постојат сомнежи дека вишокот завршувал надвор од болницата.

4. Дополнително терапијата била давана на пациенти во торбички на пациенти за да се искористат во приватни установи, а била наплаќана услуга како да била аплицирана во Универзитетската клиника!

https://www.youtube.com/watch?v=s5QacGlEZw0&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

Очекуваме дека сепак кај Јавното обвинителство ќе проработи човечноста и спротивно на поддршката од власта за „Канцер мафијата“, ќе отпочнат со сериозност кон случајот „Диво месо“ на Онкологија.

Се работи за „Канцер мафија“, „Диво месо“ кое што го уништува здравствениот систем на сметка на животите на пациентите.

The post Ќе биде ли ова доволно ЈО да покрене истрага? ВМРО-ДПМНЕ достави докази за скандалот со „Онкологија“ appeared first on Република.

]]>

Денеска до Основното јавно обвинителство ги доставивме документите во врска со случајот „Диво месо“, „Канцер мафија“ на Онкологија, онака како што најавивме.Страшно е што и по три месеци наводна работа предистрага, нема оформен предмет во Основното јавно обвинителство и нема започнат процес за „Диво месо“, а мафијата се уште функционира, работи на Онкологија, бидејќи никој таму не е опфатен со некаков процес со кој што би бил отстранет од работата, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.
Јасно е дека зад ваквото однесување стои политичка одлука, СДС веднаш застана зад „Канцер мафијата“ по објавувањето на документите доставени од укажувач во ВМРО-ДПМНЕ.Сето тоа се гледа и од односот со и кон работата на Комисијата во Собранието посветена на случајот „Диво месо“, „Канцер мафија“ на Онкологија.
Денеска до Основното јавно обвинителство предадовме документи доставени од укажувач коишто посочуваат: 1. Дека и покрај скапите договори, не била доставувана навремено терапијата  за болните кои што се третирале на Клиниката, никој не ги предупредил оние кои што требаа да ја испорачаат и никој за тоа не одговарал, односно за работата на омилената фармацевтска куќа на власта. 2. Доставивме докази дека се создавале можеби фиктивни вишоци на лекови и терапии, тие биле нарачувани, а пациентите сепак не ги добивале. 3. Докази дека никој не водел евиденција каде и како завршувал вишокот од секоја отворена вијала, пакување, со што постојат сомнежи дека вишокот завршувал надвор од болницата. 4. Дополнително терапијата била давана на пациенти во торбички на пациенти за да се искористат во приватни установи, а била наплаќана услуга како да била аплицирана во Универзитетската клиника! https://www.youtube.com/watch?v=s5QacGlEZw0&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title Очекуваме дека сепак кај Јавното обвинителство ќе проработи човечноста и спротивно на поддршката од власта за „Канцер мафијата“, ќе отпочнат со сериозност кон случајот „Диво месо“ на Онкологија.
Се работи за „Канцер мафија“, „Диво месо“ кое што го уништува здравствениот систем на сметка на животите на пациентите.

The post Ќе биде ли ова доволно ЈО да покрене истрага? ВМРО-ДПМНЕ достави докази за скандалот со „Онкологија“ appeared first on Република.

]]>
Документите и доказите за аферата „диво месо“ не се доволни ЈО да отвори истрага https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dokumentite-i-dokazite-za-aferata-divo-meso-ne-se-dovolni-jo-da-otvori-istraga/ Tue, 21 Nov 2023 07:40:40 +0000 https://republika.mk/?p=714599

Корупција, криминал, непочитување на законите и воопшто правните норми се одлика на Владата на СДС и ДУИ. Сето ова се гледа и во случајот Онкологија.Анкетната комисија за скандалот на Клиниката за радиотерапија и онкологија не само што ги потврди сите коруптивно-криминални активности, туку посочи и на нови и важни факти и околности, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Самиот Извештај од ревизија укажува на низа неправилности како „информација за начинот и целта на реферирање/одобрување пред онколошки конзилиум не е писмено споделена па одделни лекари не ги реферирале воопшто лековите за новите пациенти и самостојно одлучувале за промена на терапија или започнувале нови тераписки режими“, потоа во истиот се вели и дека „во недостиг на официјални протоколи, пропуст е што листата со лекови од ФЗО со одобрени индикации за соодветни лекови не им е доставена писмено на лекарите како насока за препишување“.

Значи, има Извештај од Државна ревизија, дополнително објавени документи од ВМРО-ДПМНЕ, сведочења на пациенти, нивни блиски, но надлежните остануваат неми.

Нема никаков предмет за Онкологија, а во суштина нема никаква реакција, што остава простор за сомнеж дека криминалот се остава непречено да продолжи да тече.На сето ова наскоро ќе се стави крај! Едно е јасно, одговорност за дивото месо во здравството ќе има, со име и презиме.

The post Документите и доказите за аферата „диво месо“ не се доволни ЈО да отвори истрага appeared first on Република.

ЈОРМ: Сите докази во предметот за Онкологија се обезбедени и веќе се предмет на анализа од стручни лица https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/jorm-site-dokazi-vo-predmetot-za-onkologija-se-obezbedeni-i-veke-se-predmet-na-analiza-od-struchni-litsa/ Thu, 02 Nov 2023 17:17:06 +0000 https://republika.mk/?p=697545

Јавното обвинителство соопшти дека информациите изнесени денеска од страна на ВМРО-ДПМНЕ, а во врска со предистрагата за Клиниката за онкологија се погрешни и можат да предизвикаат вознемирување на јавноста.

„Скопското обвинителство во рамките на предистражната постапка за предметот поврзан со работата на Клиниката за онкологија со барање од 13.09.2023 веднаш ги обезбеди сите изготвени извештаи од извршените вонредни надзори на Фондот за здравствено осигурување за финансиското работење на клиниката за периодот 01.01.2015 година до март 2023 година“, велат од Обвинителството.

Како што појаснуваат, не станува збор за документи од свиркачи, туку за официјални документи од државни органи достапни на истрагата. Велат дека нов тримесечен извештај за периодот до јуни 2023 година, согласно информациите добиени од Фондот, е во финална фаза на изработка и веднаш потоа ќе биде доставен до обвинителството.

„Нагласуваме дека не постои и воопшто не е изготвен извештај што го опфаќа периодот до август 2023 година. Сите докази во предметот се обезбедени и веќе се предмет на анализа од стручни лица. Предистражната постапка не опфаќа одреден временскиот период и ги испитува сите евентуални незаконитости без разлика кога се случиле. Секој што има дополнителни сознанија за овој настан има обврска да ги пријави до надлежните органи“, велат од Обвинителството.

Од тука додаваат дека одговорност мора да има и ќе има, без разлика во кој временски период биле преземани какви и да се противзаконити дејатвија. Ја уверувааат јавноста дека било чиј јавен настап нема да ја насочи истрагата во погрешна насока.

ВМРО-ДПМНЕ претходно денес објави дека лековите за онколошките пациенти доцнеле, а за тоа никој не испратил допис и не биле раскинати договорите со добавувачите, немало контрола при аплицирањето на лековите, а биле купувани и складирани лекови, иако имало доволно залихи.

Партискиот лидер, Христијан Мицкоски посочи дека сите овие сознанија, кои денес беа презентирани на јавноста ќе бидат доставени до Јавното обвинителство и побара Анкетната комисија во Собранието да се прошири и да биде опфатен и овој период од извештајот.

The post ЈОРМ: Сите докази во предметот за Онкологија се обезбедени и веќе се предмет на анализа од стручни лица appeared first on Република.

]]>

Јавното обвинителство соопшти дека информациите изнесени денеска од страна на ВМРО-ДПМНЕ, а во врска со предистрагата за Клиниката за онкологија се погрешни и можат да предизвикаат вознемирување на јавноста.
„Скопското обвинителство во рамките на предистражната постапка за предметот поврзан со работата на Клиниката за онкологија со барање од 13.09.2023 веднаш ги обезбеди сите изготвени извештаи од извршените вонредни надзори на Фондот за здравствено осигурување за финансиското работење на клиниката за периодот 01.01.2015 година до март 2023 година“, велат од Обвинителството.
Како што појаснуваат, не станува збор за документи од свиркачи, туку за официјални документи од државни органи достапни на истрагата. Велат дека нов тримесечен извештај за периодот до јуни 2023 година, согласно информациите добиени од Фондот, е во финална фаза на изработка и веднаш потоа ќе биде доставен до обвинителството.
„Нагласуваме дека не постои и воопшто не е изготвен извештај што го опфаќа периодот до август 2023 година. Сите докази во предметот се обезбедени и веќе се предмет на анализа од стручни лица. Предистражната постапка не опфаќа одреден временскиот период и ги испитува сите евентуални незаконитости без разлика кога се случиле. Секој што има дополнителни сознанија за овој настан има обврска да ги пријави до надлежните органи“, велат од Обвинителството.
Од тука додаваат дека одговорност мора да има и ќе има, без разлика во кој временски период биле преземани какви и да се противзаконити дејатвија. Ја уверувааат јавноста дека било чиј јавен настап нема да ја насочи истрагата во погрешна насока. ВМРО-ДПМНЕ претходно денес објави дека лековите за онколошките пациенти доцнеле, а за тоа никој не испратил допис и не биле раскинати договорите со добавувачите, немало контрола при аплицирањето на лековите, а биле купувани и складирани лекови, иако имало доволно залихи. Партискиот лидер, Христијан Мицкоски посочи дека сите овие сознанија, кои денес беа презентирани на јавноста ќе бидат доставени до Јавното обвинителство и побара Анкетната комисија во Собранието да се прошири и да биде опфатен и овој период од извештајот.

The post ЈОРМ: Сите докази во предметот за Онкологија се обезбедени и веќе се предмет на анализа од стручни лица appeared first on Република.

]]>
Обвинителството се огласи за „Онкологија“: Сите кои имаат сознанија да ги пријават https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/obvinitelstvoto-se-oglasi-za-onkologija-site-koi-imaat-soznanija-da-gi-prijavat/ Mon, 04 Sep 2023 09:31:04 +0000 https://republika.mk/?p=678588

Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи, врз основа на своите законски надлежности, интензивно преземаат дејствија за испитување на наводите за евентуално сторени кривични дела поврзани со третманот на пациенти и работата на Клиниката за онкологија.

Од Обвинителството истакнуваат дека во континуитет сe издаваат наредби и се обезбедуваат докази кои треба да ја проверат вистинитоста на наводите изнесени во новинарските истражувања објавени во последните недели.

-Во тоа целосно соработуваат и помагаат и раководството на Клиниката за онкологија, но и друг лекарски и медицински персонал. Јавното обвинителство ја уверува јавноста дека сите наводи ќе бидат до крај истражени, а сите евентуални сторители на кривични дела ќе бидат соодветно гонети. Целата постапка од првиот момент се води максимално транспарентно и со почитување на сите законски процедури.

Во тој контекст, ја известуваме јавноста дека соодветните наредби за анализа на одземените компјутери и компјутерски податоци при претресите се веќе издадени. Истражните органи вршат распити на сите лица кои имаат сознанија за противправни дејствија. Основното јавно обвинителство Скопје ќе формира тим од стручни лица кои ќе ја анализираат медицинската документација за водење на пациентите и администрирање на терапијата. Министерството за внатрешни работи, како орган на откривање на сторители на кривични дела, презема и други дејствија кои во моментов не можат да се споделат со јавноста, но со директна цел – да се дојде до вистината и евентуалната кривична одговорност. Во истиот момент кога за конкретно лице ќе бидат обезбедени доволно докази за основано сомнение дека сторило кривично дело, обвинителството ќе ја информира јавноста. Во исто време, свесни за чувствителноста на оваа тема за огромен број засегнати граѓани, сепак апелираме на воздржаност од предвремено прејудицирање за текот на постапката и за одговорност на кое било лице, велат од Обвинителството.

Потсетуваат дека ширењето на непроверени информации и нарушувањето на пресумпцијата на невиност може сериозно да наштети на постапката и да ги одврати сведоците да соработуваат.

Јавното обвинителство ги охрабрува сите оние кои имаат сознанија во врска со овој предмет, да ги пријават на надлежните органи. Основното јавно обвинителство Скопје од претходно веќе води три постапки за изолирани случаи на обид за кражби на лекови и поткуп поврзани со Клиниката за онкологија, од кои едниот е веќе во судска постапка. И последните наводи ќе бидат детално проверени, а за сите резултати од преземените дејствија јавноста ќе биде веднаш известена, се посочува во соопштението.

The post Обвинителството се огласи за „Онкологија“: Сите кои имаат сознанија да ги пријават appeared first on Република.

]]>

Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи, врз основа на своите законски надлежности, интензивно преземаат дејствија за испитување на наводите за евентуално сторени кривични дела поврзани со третманот на пациенти и работата на Клиниката за онкологија. Од Обвинителството истакнуваат дека во континуитет сe издаваат наредби и се обезбедуваат докази кои треба да ја проверат вистинитоста на наводите изнесени во новинарските истражувања објавени во последните недели.
-Во тоа целосно соработуваат и помагаат и раководството на Клиниката за онкологија, но и друг лекарски и медицински персонал. Јавното обвинителство ја уверува јавноста дека сите наводи ќе бидат до крај истражени, а сите евентуални сторители на кривични дела ќе бидат соодветно гонети. Целата постапка од првиот момент се води максимално транспарентно и со почитување на сите законски процедури. Во тој контекст, ја известуваме јавноста дека соодветните наредби за анализа на одземените компјутери и компјутерски податоци при претресите се веќе издадени. Истражните органи вршат распити на сите лица кои имаат сознанија за противправни дејствија. Основното јавно обвинителство Скопје ќе формира тим од стручни лица кои ќе ја анализираат медицинската документација за водење на пациентите и администрирање на терапијата. Министерството за внатрешни работи, како орган на откривање на сторители на кривични дела, презема и други дејствија кои во моментов не можат да се споделат со јавноста, но со директна цел – да се дојде до вистината и евентуалната кривична одговорност. Во истиот момент кога за конкретно лице ќе бидат обезбедени доволно докази за основано сомнение дека сторило кривично дело, обвинителството ќе ја информира јавноста. Во исто време, свесни за чувствителноста на оваа тема за огромен број засегнати граѓани, сепак апелираме на воздржаност од предвремено прејудицирање за текот на постапката и за одговорност на кое било лице, велат од Обвинителството.
Потсетуваат дека ширењето на непроверени информации и нарушувањето на пресумпцијата на невиност може сериозно да наштети на постапката и да ги одврати сведоците да соработуваат.
Јавното обвинителство ги охрабрува сите оние кои имаат сознанија во врска со овој предмет, да ги пријават на надлежните органи. Основното јавно обвинителство Скопје од претходно веќе води три постапки за изолирани случаи на обид за кражби на лекови и поткуп поврзани со Клиниката за онкологија, од кои едниот е веќе во судска постапка. И последните наводи ќе бидат детално проверени, а за сите резултати од преземените дејствија јавноста ќе биде веднаш известена, се посочува во соопштението.
 
The post Обвинителството се огласи за „Онкологија“: Сите кои имаат сознанија да ги пријават appeared first on Република.

]]>
Антикорупциската комисија тврди дека постапила во согласност со својата надлежност за предметот „Труст“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/antikoruptsiskata-komisija-tvrdi-deka-postapila-vo-soglasnost-so-svojata-nadlezhnost-za-predmetot-trust/ Thu, 20 Jul 2023 12:49:02 +0000 https://republika.mk/?p=663576

Комисијата реагира дека и во овој случај постапила согласно надлежноста и одлучила да покрене Иницијатива за поведување постапка за кривично гонење по предметите по кои постапува, наспроти Обвинителството кое претходно денес и’ порача да се држи до своите надлежности и да не нанесува штета на постапките во тек.

Од комисијата наведуваат дека се поставува прашањето како Јавното обвинителство ја оцени Иницијативата дека е беспредметна и неоснована и дека Комисијата при анализа на предметот немала пред себе бројни докази ниту увид во комплетната фактичка состојба, кога Иницијативата се’ уште не е доставена, а ЈО се’ уште нема сознанија кои доказни материјали сме ги обезбедиле при анализата на овој предмет.

Во духот на заедничка и организирана борба против корупцијата и организираниот криминал целисходно е ЈО претходно да ги види сите факти и аргументи со кои располагаме, бидејќи целта на ДКСК е да придонесе при расветлувањето на овој случај, а не да ја компромитира постапката што се води во ЈО. Меморандумот за соработка помеѓу институциите е само израз на добра волја за соработка, но надлежностите се јасно дефинирани во законите. ДКСК почитувајќи ги одредбите во Меморандумот за соработка на ДКСК со ЈО, на редовна средба го извести обвинителството дека има сериозни сомнежи во врска со предметот Труст и дека ќе покрене Иницијатива за поведување постапка за кривично гонење“, велат од Државната комисија за спречување на корупцијата.

Се додава дека и понатаму ќе продолжат да постапуваат согласно своите законски надлежности и да соработуваат со сите надлежни институции за борба против корупцијата и организираниот криминал, во интерес на владеењето на правото.

https://republika.mk/vesti/makedonija/javnoto-obvinitelstvo-preku-soopshtenie-ja-prekina-sorabotkata-so-antikoruptsiskata-komisija/

The post Антикорупциската комисија тврди дека постапила во согласност со својата надлежност за предметот „Труст“ appeared first on Република.

]]>

Комисијата реагира дека и во овој случај постапила согласно надлежноста и одлучила да покрене Иницијатива за поведување постапка за кривично гонење по предметите по кои постапува, наспроти Обвинителството кое претходно денес и’ порача да се држи до своите надлежности и да не нанесува штета на постапките во тек. Од комисијата наведуваат дека се поставува прашањето како Јавното обвинителство ја оцени Иницијативата дека е беспредметна и неоснована и дека Комисијата при анализа на предметот немала пред себе бројни докази ниту увид во комплетната фактичка состојба, кога Иницијативата се’ уште не е доставена, а ЈО се’ уште нема сознанија кои доказни материјали сме ги обезбедиле при анализата на овој предмет.
Во духот на заедничка и организирана борба против корупцијата и организираниот криминал целисходно е ЈО претходно да ги види сите факти и аргументи со кои располагаме, бидејќи целта на ДКСК е да придонесе при расветлувањето на овој случај, а не да ја компромитира постапката што се води во ЈО. Меморандумот за соработка помеѓу институциите е само израз на добра волја за соработка, но надлежностите се јасно дефинирани во законите. ДКСК почитувајќи ги одредбите во Меморандумот за соработка на ДКСК со ЈО, на редовна средба го извести обвинителството дека има сериозни сомнежи во врска со предметот Труст и дека ќе покрене Иницијатива за поведување постапка за кривично гонење“, велат од Државната комисија за спречување на корупцијата.
Се додава дека и понатаму ќе продолжат да постапуваат согласно своите законски надлежности и да соработуваат со сите надлежни институции за борба против корупцијата и организираниот криминал, во интерес на владеењето на правото.   https://republika.mk/vesti/makedonija/javnoto-obvinitelstvo-preku-soopshtenie-ja-prekina-sorabotkata-so-antikoruptsiskata-komisija/

The post Антикорупциската комисија тврди дека постапила во согласност со својата надлежност за предметот „Труст“ appeared first on Република.

]]>
JO: Издадени наредби за испитување на несреќата во Шипковица во која загинаа двајца работници https://arhiva3.republika.mk/vesti/jo-izdadeni-naredbi-za-ispituvane-na-nesrekata-vo-shipkovitsa-vo-koja-zaginaa-dvajtsa-rabotnitsi/ Sat, 15 Jul 2023 10:32:52 +0000 https://republika.mk/?p=661624

Јавното обвинителство на Република Македонија соопшти дека јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово извршил увид на лице место во Шипковица, каде при изградба на потпорен ѕид вчера загинаа двајца работници.

Од ЈО посочуваат дека издадена е наредба за обдукција на телата на починатите.

Издадена е наредба за обдукција на телата на починатите, а јавниот обвинител нареди да се обезбеди и целокупната документација од правниот субјект кој ги ангажирал работниците, како и документацијата од општината поврзана со изградбата на ѕидот. На лице место беше повикан и Државниот трудов инспекторат, кој ќе изготви извештај. Во насока на утврдување на причините и проверка на целиот настан, се испитуваат повеќе лица, соопштуваат од Јавното обвинителство.

The post JO: Издадени наредби за испитување на несреќата во Шипковица во која загинаа двајца работници appeared first on Република.

]]>

Јавното обвинителство на Република Македонија соопшти дека јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово извршил увид на лице место во Шипковица, каде при изградба на потпорен ѕид вчера загинаа двајца работници. Од ЈО посочуваат дека издадена е наредба за обдукција на телата на починатите.