Јавни претпријатија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/javni-pretprijatija/ За подобро да се разбереме Wed, 30 Aug 2023 10:54:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Јавни претпријатија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/javni-pretprijatija/ 32 32 60 отсто од граѓаните се незадоволни од испораката на услуги од јавните препријатија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/60-otsto-od-graganite-se-nezadovolni-od-isporakata-na-uslugi-od-javnite-preprijatija/ Wed, 30 Aug 2023 10:54:54 +0000 https://republika.mk/?p=677264

Вкупно 37 отсто од граѓаните се незадоволни од наплатата на вода, а 62 процента не се задовлони од испораката на електрична енергија, покажува најновото истражување на Организацијата на потрошувачи (ОПМ).

Според претседателката на ОПМ, Маријана Лончар Велкова, до ОПМ стигнале поплаки од станари на згради кои воопшто не добивале сметки за вода.

Има поплаки и за висината на сметките за струја, но и за пресметковниот период за кој се однесува сметката. Симптоматично е и читањето на водомерите. Граѓаните очекуваат да се отчитуваат, тие не се отчитуваат, наплатата е паушална, но затоа, секој граѓанин има можност од својот струјомер да прочита и даде барање за корекција на сметката. Имавме поплаки од цели згради дека сметките за вода не им стасуваат на луѓето во сандачињата. Тоа е еден од проблемите. Како сакате да си ги плаќаме сметките ако не знаеме колку да платиме. Самите граѓани, особено повозрасната категорија, се јавуваат и кажуваат колку им е водомерот, иако не е отчитан. И тоа така ноншалантно се прифаќа поради што навистина сме загрижени, изјави Лончар Велкова.

Според неа, иако биле изгаснати светлата низ повеќето општини, граѓаните секако плаќале струја. Тие искажале незадоволство и од јавниот превоз, а немаат, како што рекле, и доверба дека нешто конкретно ќе се превземе и ќе се реши.

Според Лончар Велкова, Комисијата за заштита на конкуренција би требало да реагира за да види дали има некакво здружување на трговците по толкавото, како што истакна, „плафонирање“ на цените

Вкупно 60 проценти од испитаниците се незадоволни од испорака на услуги од јавните препријатија. Потребно е точно дефинирање на јавните услуги за да се обезбеди подобра услуга. Имаме голем проблем со јавните услуги, и на локално, општинско, но и на централно ниво. Ова е проблематична област, а граѓаните за неа одвојуваат голем дел од семејниот буџет. Притоа, нема систем за заштита. Давателите на услуги мора да им овозможат на граѓаните приговор и треба да бидат опоменати или казнети ако не го исполнуваат тоа правило. Приговорот може да го овозможат и онлајн и директно кај нив, во службените простории, нагласи Лончар пред презентацијата на Прирачникот за енергетска сиромаштија во земјава, осврнувајќи се на новиот закон за потрошувачи.

Со новиот закон, како што информира, опфатен е „ранливиот потрошувач“ кој, меѓу другото, не треба да се исклучува од системот за време на грејната сезона. Но, Владата треба, а се уште не донела, како што рече Лончар, подзаконски акт, за да се дефинира „ранливиот потрошувач“.

Во законот се дефинираат правата на „ранливиот потрошувач“ во однос на добивањето јавни услуги, а има и посебен сегмент - „потрошувачки приговор“ кој може да се однесува за се што е поврзано со давателите на јавните услуги.

The post 60 отсто од граѓаните се незадоволни од испораката на услуги од јавните препријатија appeared first on Република.

]]>

Вкупно 37 отсто од граѓаните се незадоволни од наплатата на вода, а 62 процента не се задовлони од испораката на електрична енергија, покажува најновото истражување на Организацијата на потрошувачи (ОПМ). Според претседателката на ОПМ, Маријана Лончар Велкова, до ОПМ стигнале поплаки од станари на згради кои воопшто не добивале сметки за вода.
Има поплаки и за висината на сметките за струја, но и за пресметковниот период за кој се однесува сметката. Симптоматично е и читањето на водомерите. Граѓаните очекуваат да се отчитуваат, тие не се отчитуваат, наплатата е паушална, но затоа, секој граѓанин има можност од својот струјомер да прочита и даде барање за корекција на сметката. Имавме поплаки од цели згради дека сметките за вода не им стасуваат на луѓето во сандачињата. Тоа е еден од проблемите. Како сакате да си ги плаќаме сметките ако не знаеме колку да платиме. Самите граѓани, особено повозрасната категорија, се јавуваат и кажуваат колку им е водомерот, иако не е отчитан. И тоа така ноншалантно се прифаќа поради што навистина сме загрижени, изјави Лончар Велкова.
Според неа, иако биле изгаснати светлата низ повеќето општини, граѓаните секако плаќале струја. Тие искажале незадоволство и од јавниот превоз, а немаат, како што рекле, и доверба дека нешто конкретно ќе се превземе и ќе се реши. Според Лончар Велкова, Комисијата за заштита на конкуренција би требало да реагира за да види дали има некакво здружување на трговците по толкавото, како што истакна, „плафонирање“ на цените
Вкупно 60 проценти од испитаниците се незадоволни од испорака на услуги од јавните препријатија. Потребно е точно дефинирање на јавните услуги за да се обезбеди подобра услуга. Имаме голем проблем со јавните услуги, и на локално, општинско, но и на централно ниво. Ова е проблематична област, а граѓаните за неа одвојуваат голем дел од семејниот буџет. Притоа, нема систем за заштита. Давателите на услуги мора да им овозможат на граѓаните приговор и треба да бидат опоменати или казнети ако не го исполнуваат тоа правило. Приговорот може да го овозможат и онлајн и директно кај нив, во службените простории, нагласи Лончар пред презентацијата на Прирачникот за енергетска сиромаштија во земјава, осврнувајќи се на новиот закон за потрошувачи.
Со новиот закон, како што информира, опфатен е „ранливиот потрошувач“ кој, меѓу другото, не треба да се исклучува од системот за време на грејната сезона. Но, Владата треба, а се уште не донела, како што рече Лончар, подзаконски акт, за да се дефинира „ранливиот потрошувач“. Во законот се дефинираат правата на „ранливиот потрошувач“ во однос на добивањето јавни услуги, а има и посебен сегмент - „потрошувачки приговор“ кој може да се однесува за се што е поврзано со давателите на јавните услуги.  

The post 60 отсто од граѓаните се незадоволни од испораката на услуги од јавните препријатија appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Јавните претпријатија да мигрираат од слободен на регулиран пазар, тоа е наш предлог со измените на Законот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mickoski-javnite-pretprijatija-da-migriraat-od-sloboden-na-reguliran-pazar-toa-e-nash-predlog-so-izmenite-na-zakonot/ Thu, 06 Oct 2022 11:52:30 +0000 https://republika.mk/?p=557984

Најпрвин сакам да кажам дека таа обврска која што ВМРО-ДПМНЕ и јас ја превземавме како резултат на таа средба е реализирана. Позициите се предадени и од информациите кои јас ги имам ќе има официјални средби во текот на следниве ден или два. Кој ќе биде резултатот и како понатаму ќе се одвива процесот јас не можам да гарантирам бидејќи јас немам намера да се вклучувам во комерцијалниот дел. Таму си има надлежни институции и одговорни лица кои што треба тој процес да го движат во таа насока. Вака претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговори на новинарско прашање дали по остварената средба во Владата очекува прифаќање на предлозите и контактите на ВМРО-ДПМНЕ за решавање на енергетската криза.

Мицкоски исто така истакна дека во оваа насока е и предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за измени во Законот за енергетика со цел мигрирање на општинските и државните претпријатија, како и објектите од образованието и здравството, од слободниот во регулираниот пазар.

Исто така до соодветните министри го предадовме и предлог законот за измени на Законот за енергетика со кој што предвидуваме мигрирање на јавните претпријатија кои што вршат комунална и водостопанска дејност. Тука веднаш да стане јасно, не мислам само на општинските, тука мислам на сите, вклучително и на државните, како и објектите кои што се дел од образованието и од здравството, од слободниот да мигрираат назад на регулираниот пазар со што драматично ќе се олесни и за граѓаните, ќе се амортизира овој ценовен шок. Тоа е веднаш то треба да се направи, истакна Мицкоски.

Тој додаде и дека после средбата во Владата ги потенцираше чекорите кои треба да ги превземе Владата за да следната година не се поминува низ истиот кој поминуваме оваа година.

Ние продолжуваме и понатаму да исполнуваме, да испорачуваме, а јас и во денешниот мој статус кажав дека не е време за политика, треба да ги ставиме нашите капацитети и да се помогне колку може на граѓаните и на стопанството. Стопнството е сериозен предизвик затоа што стотици илјади наши сограѓани, 650-680 илјади луѓе од приватните компании ги хранат своите семејства чии што работни места се доведени под опасност. Ние ќе сториме сѐ што е во наша моќ да помогнеме имајќи го предвид нискиот и слаб капацитет со кој одговорните лица во владините институции располагаат, потенцираше Мицкоски.

The post Мицкоски: Јавните претпријатија да мигрираат од слободен на регулиран пазар, тоа е наш предлог со измените на Законот appeared first on Република.

]]>

Најпрвин сакам да кажам дека таа обврска која што ВМРО-ДПМНЕ и јас ја превземавме како резултат на таа средба е реализирана. Позициите се предадени и од информациите кои јас ги имам ќе има официјални средби во текот на следниве ден или два. Кој ќе биде резултатот и како понатаму ќе се одвива процесот јас не можам да гарантирам бидејќи јас немам намера да се вклучувам во комерцијалниот дел. Таму си има надлежни институции и одговорни лица кои што треба тој процес да го движат во таа насока. Вака претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговори на новинарско прашање дали по остварената средба во Владата очекува прифаќање на предлозите и контактите на ВМРО-ДПМНЕ за решавање на енергетската криза. Мицкоски исто така истакна дека во оваа насока е и предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за измени во Законот за енергетика со цел мигрирање на општинските и државните претпријатија, како и објектите од образованието и здравството, од слободниот во регулираниот пазар.
Исто така до соодветните министри го предадовме и предлог законот за измени на Законот за енергетика со кој што предвидуваме мигрирање на јавните претпријатија кои што вршат комунална и водостопанска дејност. Тука веднаш да стане јасно, не мислам само на општинските, тука мислам на сите, вклучително и на државните, како и објектите кои што се дел од образованието и од здравството, од слободниот да мигрираат назад на регулираниот пазар со што драматично ќе се олесни и за граѓаните, ќе се амортизира овој ценовен шок. Тоа е веднаш то треба да се направи, истакна Мицкоски.
Тој додаде и дека после средбата во Владата ги потенцираше чекорите кои треба да ги превземе Владата за да следната година не се поминува низ истиот кој поминуваме оваа година.
Ние продолжуваме и понатаму да исполнуваме, да испорачуваме, а јас и во денешниот мој статус кажав дека не е време за политика, треба да ги ставиме нашите капацитети и да се помогне колку може на граѓаните и на стопанството. Стопнството е сериозен предизвик затоа што стотици илјади наши сограѓани, 650-680 илјади луѓе од приватните компании ги хранат своите семејства чии што работни места се доведени под опасност. Ние ќе сториме сѐ што е во наша моќ да помогнеме имајќи го предвид нискиот и слаб капацитет со кој одговорните лица во владините институции располагаат, потенцираше Мицкоски.

The post Мицкоски: Јавните претпријатија да мигрираат од слободен на регулиран пазар, тоа е наш предлог со измените на Законот appeared first on Република.

]]>
Пановски: Го разбирам Перински за реакцијата, јавните претпријатија доживеаја ренесанса во последните 6 месеци https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/panovski-go-razbiram-perinski-za-reakcijata-javnite-pretprijatija-doziveaja-renesansa-vo-poslednite-6-meseci-2/ Thu, 15 Sep 2022 09:38:29 +0000 https://republika.mk/?p=550979

Никаква средба не сме имале со градоначалничката Арсовска во смисла на работењето на градот, истакна Никола Пановски советник во Град Скопје, во вечерашното гостување во емисијата „24 Анализа“ на Телевизија 24.

„Состојбата за мене како највозрасен член на Советот е неразбирлива, јас стварно не разбирам што се случува овие 3 дена, бидејќи на самиот совет немало расправии и дебата да се отвори за ова претпријатие дека се има проблем или да викне советници, па да побара поддршка таа или директорот да побара дека има проблеми па да расчистиме“, рече Пановски.

Пановски посочи дека имало квартални, полгодишни извештаи каде мнозинството фалеше еве како треба да се работи, дека феноменално се работи и се заштедиле пари. Тромесечните, шестмесечните извештаи на јавните претпријатија беа пофалени, имаше критики од опозицијата, но меѓутоа навистина како да имаме ренесанса во тие претпријатија.

„Градоначалничката тоа го слуша или го чита и не реагира, администрација во градот не реагира дека тоа не е така и одеднаш сега по двајца на ден од јавни претпријатија се разрешуваат заради неработење“, посочи Пановски.

Пановски го разбира директорот на водовод зошто не постапил по нејзини барања, тој образложи, но од неа не знае зошто нема одговор дали тоа е така или не е така. Тој е сосема затечен и ова за граѓаните не е добро, не беше идеално и пред тоа меѓутоа ова што се случува овие 3 дена ме загрижува.

The post Пановски: Го разбирам Перински за реакцијата, јавните претпријатија доживеаја ренесанса во последните 6 месеци appeared first on Република.

Се трошело како да ќе нема утре: Директорите наследија презадолжени јавни претпријатија https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/se-troshelo-kako-da-kje-nema-utre-direktorite-nasledija-prezadolzeni-javni-pretprijatija/ Thu, 10 Mar 2022 20:18:28 +0000 https://republika.mk/?p=470906

Јавните претпријатија се презадолжени. На пример ЈСП е во загуба од три милиони евра. Сега треба да се консолидира. Се трошело безумно, се трошело како да ќе нема утре, изјави градоначалничката на Скопје Данела Арсовска на емисијата Вин Вин на ТВ Телма.

Според неа директорите на јавните претпријатија се кус временски период за да може да се даде конкретен резултат, но нема да има непродуктивни трошоци.

– Луѓето мора да бидат свесни дека некој овие претпријатија ги донел до раб на пропаст. Граѓаните мора да имаат добри услуги, најдобри. И тоа ќе го добијат, додаде Арсовска.

The post Се трошело како да ќе нема утре: Директорите наследија презадолжени јавни претпријатија appeared first on Република.

]]>

Јавните претпријатија се презадолжени. На пример ЈСП е во загуба од три милиони евра. Сега треба да се консолидира. Се трошело безумно, се трошело како да ќе нема утре, изјави градоначалничката на Скопје Данела Арсовска на емисијата Вин Вин на ТВ Телма. Според неа директорите на јавните претпријатија се кус временски период за да може да се даде конкретен резултат, но нема да има непродуктивни трошоци.