јавни набавки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/javni-nabavki/ За подобро да се разбереме Mon, 30 Sep 2024 12:11:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png јавни набавки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/javni-nabavki/ 32 32 Рекордно високи тендери во 2023 година вредни 1,5 милијарда евра, 35 отсто повеќе од претходната година https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/rekordno-visoki-tenderi-vo-2023-godina-vredni-1-5-milijarda-evra-35-otsto-poveke-od-prethodnata-godina/ Mon, 30 Sep 2024 12:11:50 +0000 https://republika.mk/?p=821058

Четириесет и еден отсто од лицата за јавни набавки по државните институции сметаат дека во набавките често има корупција. Најголем дел од нив велат дека најприсутна е корупцијата како последица на политичките интереси и оти поголем генератор на корупција се фирмите отколку луѓето во институциите, покажуваат наодите од истражувањето што ги спровел Центарот за граѓански комуникации.

Анализите на Центарот покажуваат и дека 51 процент од фирмите што учествуваат во јавните набавки сметаат во набавките има корупција, а со неа лично се соочиле 23 отсто од компаниите вклучени во истражувањето.

Јавните набавки во 2023 година достигнаа рекордно висока вредност и рекордно ниска конкуренција во последните 10 години. Склучени се договори за јавни набавки во вкупна вредност од 1,5 милијарда евра, што е 35 отсто повеќе од претходната година. Според мониторингот на јавни набавки, Просечниот број понуди по тендер изнесувал 2,7. Во една третина од тендерите е добиена само по една понуда. Отсуството на конкуренција е последица на фаворизирачки тендерски документации и загубена доверба на бизнис-секторот во фер натпревар на набавките, се вели во денешното соопштение од Центарот за граѓански комуникации во врска со спроведеното истражување.

Според Центарот, Индексот на рационалност открива големи разлики во цените по коишто институциите купуваат исти производи и услуги. Така, на пример, исти лиценци за компјутерски софтвер се купувани по цени од 6.185 до 23.100 денари.

Базата на податоци за јавните набавки на општините, пак, открива дека во 2023 година, општините за набавки потрошиле 40 отсто повеќе пари од претходната година и дека само десет фирми добиле 25 отсто од вредноста на сите тендери, покажуваат резултатите од истражувањето.

Извештаите и истражувањата се изработени во рамките на проектот „Мониторинг на јавните набавки“, што го спроведува Центарот за граѓански комуникации, а е финансиски поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија. Изготвен е Извештај од редовниот мониторинг на јавните набавки, кој вклучува и анкети со фирмите и со претставниците на државните институции, Индексот на рационалност каде што се споредени цените по коишто различни институции набавувале сосема исти производи или услуги и Анализа и база на податоци за јавните набавки на општините за 2023 година.

The post Рекордно високи тендери во 2023 година вредни 1,5 милијарда евра, 35 отсто повеќе од претходната година appeared first on Република.

]]>

Четириесет и еден отсто од лицата за јавни набавки по државните институции сметаат дека во набавките често има корупција. Најголем дел од нив велат дека најприсутна е корупцијата како последица на политичките интереси и оти поголем генератор на корупција се фирмите отколку луѓето во институциите, покажуваат наодите од истражувањето што ги спровел Центарот за граѓански комуникации. Анализите на Центарот покажуваат и дека 51 процент од фирмите што учествуваат во јавните набавки сметаат во набавките има корупција, а со неа лично се соочиле 23 отсто од компаниите вклучени во истражувањето.
Јавните набавки во 2023 година достигнаа рекордно висока вредност и рекордно ниска конкуренција во последните 10 години. Склучени се договори за јавни набавки во вкупна вредност од 1,5 милијарда евра, што е 35 отсто повеќе од претходната година. Според мониторингот на јавни набавки, Просечниот број понуди по тендер изнесувал 2,7. Во една третина од тендерите е добиена само по една понуда. Отсуството на конкуренција е последица на фаворизирачки тендерски документации и загубена доверба на бизнис-секторот во фер натпревар на набавките, се вели во денешното соопштение од Центарот за граѓански комуникации во врска со спроведеното истражување.
Според Центарот, Индексот на рационалност открива големи разлики во цените по коишто институциите купуваат исти производи и услуги. Така, на пример, исти лиценци за компјутерски софтвер се купувани по цени од 6.185 до 23.100 денари.
Базата на податоци за јавните набавки на општините, пак, открива дека во 2023 година, општините за набавки потрошиле 40 отсто повеќе пари од претходната година и дека само десет фирми добиле 25 отсто од вредноста на сите тендери, покажуваат резултатите од истражувањето.
Извештаите и истражувањата се изработени во рамките на проектот „Мониторинг на јавните набавки“, што го спроведува Центарот за граѓански комуникации, а е финансиски поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија. Изготвен е Извештај од редовниот мониторинг на јавните набавки, кој вклучува и анкети со фирмите и со претставниците на државните институции, Индексот на рационалност каде што се споредени цените по коишто различни институции набавувале сосема исти производи или услуги и Анализа и база на податоци за јавните набавки на општините за 2023 година.

The post Рекордно високи тендери во 2023 година вредни 1,5 милијарда евра, 35 отсто повеќе од претходната година appeared first on Република.

]]>
ЕК: Да се воведат поефикасни антикорупциски мерки во јавните набавки https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ek-da-se-vovedat-poefikasni-antikoruptsiski-merki-vo-javnite-nabavki/ Sun, 12 Nov 2023 11:49:18 +0000 https://republika.mk/?p=700717

Македонија е умерено подготвена во делот на јавните набавки и има постигнато ограничен напредок во извештајниот период, се посочува во Извештајот на Европската Комисија за напредокот на земјава за 2023 година.

Во документот се наведува дека капацитетот на клучните институции за склучување договори и на економските оператори треба да се зголемат преку континуирана обука.

-Националните власти треба да воведат поефикасни антикорупциски мерки во текот на циклусот на набавките. Директното доделување на договорот за изградба на Коридорот 8 и 10-д покренува загриженост бидејќи го иззема проектот од примена на Законот за јавни набавки, наведуваат од ЕК.

Според оценката во Извештајот, препораките од минатогодишниот извештај не биле целосно имплементирани и затоа и понатаму остануваат во важност, а се притоа даваат и препораки за надлежните институции.

Во наредната година, како оосбено важно се наведува да бидат усвоени законот за јавно-приватно партнерство   и законот за концесии, за дополнително усогласување на правната рамка во овие области со правото на ЕУ. Исто така, да се подобри координацијата меѓу клучните засегнати страни и да се зајакне нивниот капацитет за спроведување на принципите на транспарентност, слободна конкуренција, еднаков третман и недискриминација. Потребно е, се додава, и дополнително зголемување на употребата на критериумите за „економски најповолна понуда“ ('most economically-advantageous tender' - MEAT) при доделување договори и подобрување на мониторингот на постапките за јавни набавки преку пријавување и ефикасно следење на неправилности, случаи на конфликт на интереси и измамнички практики, стои во Извештајот.

Институционална поставеност и законско усогласување

Во контекст на правната рамка за јавните набавки, се наведува дека таа е во голема мера усогласена со правото на ЕУ. Практиката на пишување „црни листи“ на фирми поради професионално недолично однесување при фазите на набавки продолжи, иако тоа не е во согласност со правилата на ЕУ. Во 2022 година, 55 негативни референци се издадени против 50 економски оператори, од кои на 21 со истечен рок, а девет се отстранети од Бирото за јавни набавки. До крајот на 2022 година, активни биле 25 негативни референци во 2022 година, како и шест негативни референци издадени во 2018 и 2019 година. Допрва ќе се финализира и донесува законот за ЈПП, а се очекува и законот за концесии.

-Во март 2023 година, Владата одобри договор за изградба на автопатски делници долж Коридорот 8 и 10-д. Договорот беше директно доделен на меѓународен конзорциум без конкурсна постапка како ад хок Закон за определување на јавен интерес и Законот за именување стратешки партнер за реализација на проектот за изградба на инфраструктурен Коридор 8 и 10-д донесени од Собранието во 2021 година што го иззема проектот од примената на законот за јавни набавки. Во мај 2023 година Владата до Собранието достави на усвојување законски измени кои се неопходни за реализација на проектот. Овие закони беа означени со знамето на ЕУ заради забрзување на постапката, иако, се посочува, ова не беше соодветна употреба на постапката, се наведува во Извештајот.

Стратегијата за јавни набавки 2022-2026 година е во тек. Според првиот мониторинг извештај од 2022 година, 68 проценти од активностите се целосно спроведени, осум проценти се во тек и 24 проценти беа поместени за 2023 година. Бирото за јавни набавки (БЈН) продолжи да се модернизира и да го подобри системот за јавни набавки во земјата и да ги зајакнува перформансите и функционалноста на системот. Сепак, треба да се зајакнат  капацитетот, следењето и компетенциите на БЈН.

Бирото за јавни набавки и Министерството за економија продолжија со активностите за пристапување кон Договорот на СТО за државни набавки (GPA). На 7 јуни 2023 година, Комитетот за владини набавки донесе одлука за пристапување на Македонија кон GPA.

Во 2022 година, Меморандум за разбирање за размена на информации и стандардизирање на процедурите е потпишан помеѓу Бирото за јавни набавки, Државната комисијата за жалби, Комисијата за заштита на конкуренцијата, Државниот завод за ревизија и Државната комисија за спречување на корупцијата. Ова треба да резултира со поефективна размена на податоци и информации со цел да се зајакне конзистентноста и интегритетот во спроведување на законската рамка.

Капацитетот на Министерството за економија, како надлежно за концесии и јавно приватно партнерство, според Извештајот, останува ограничен. Во 2022 година беше склучен само еден нов договор за основање ЈПП. Сè уште треба да се формираат регистарот за ЈПП и регистарот за концесии.

Електронскиот систем за јавни набавки, оценува ЕК, работи ефикасно. И покрај развојот за платформа за е-пазар и за е-каталози, набавувачите покажаа мал интерес при користење на овој систем. Во 2022 година со е-пазар се склучени 70 набавки од мала вредност. Годишните планови за набавки на договорните органи редовно се објавуваат на електронска систем за јавни набавки. Модулот за електронска архива обезбедува интегритет на електронски постапки со чување на документацијата во оригинална електронска форма, додека модулот за е-поплаки предвидува електронска размена на податоци со жалбените постапки.

Капацитет за имплементација и спроведување

Во 2022 година, пазарот на јавни набавки изнесуваше 8,6 проценти од БДП на земјата во споредба со 11 проценти во 2021 година. Тоа претставува 25 проценти од државниот буџет. Капацитетот и на централните и на локалните договорни органи треба да се зајакне. Во однос на критериумите за доделување што се користат во постапките за јавни набавки, употребата на „економски најповолна понуда“ (MEAT) е сè уште ограничена. Во 2022 година, овие критериуми се примениле во само 1383 од 22 901 повици за набавки (6,03%). Потребна е организација на континуирани обука на договорните органи за тоа како да го применат овој критериум.

Доделувањето на договори и следењето на спроведувањето покажува дека употребата на преговарани постапки за набавка (број на постапки) паднаа на 6,6 проценти во 2022 година, од осум проценти во 2021 година. Проценката на користењето на централизираните набавки и рамковните договори од страна на Бирото за набавки е во тек. Процентот на вкупната вредност на јавните набавки доделени на мали и средни претпријатија се зголемија на 57 проценти во 2022 година во споредба со 53 проценти во 2021 година. Бројот на постапки на поништени тендери се зголеми на 31 процент во однос на 28,8 проценти во 2021 година. Во 2022 година просечниот број на понуди изнесува три понуди по тендерска постапка,  и приближно една третина од договорите беа доделени во тендерски постапки со една понуда.

Капацитетот за управување со процесите на јавни набавки треба дополнително да се зајакне, препорачува ЕК, особено од страна на локалните власти, за да се обезбеди покохерентен пристап во управувањето со циклусот на набавки. Квалитетот на тендерската документација останува предизвик за помалите договорни органи. Се забележува и дека регулаторните и институционалните механизми за интегритет и конфликт на интереси сè уште се недоволни. Не постои систем за проценка на ризикот вграден во циклусот на набавки за да се обезбедат навремени информации за можни коруптивни практики или за означување на неправилности.

Ефикасен систем за правни лекови

Законодавството за правото на правен лек е во голема мерка усогласено со правото на ЕУ. Но, капацитетот на Државната комисија за жалби е недоволен за постапување со бројот на жалби (967 во 2022 година, 1 109 во 2021 година). Потребен е дополнителен квалификуван персонал за да се обезбеди навремено процесирање на жалбите. Во извештајниот период поднесени се 83 претставки против решенијата на Државната комисија за жалби пред Управниот суд.

-За спречување на корупцијата, стратегијата за јавни набавки вклучува мерки за борба против корупција и конфликт на интереси. Сепак, следењето на извештаите со црвено знаменце објавени на веб-страницата на БЈН е недоволно. Земјата треба да ја подобри институционалната координација на Државната комисија за спречување на корупцијата со институциите за спроведување на законот за следење на наодите од извештаите со црвено знаменце, стои во Извештајот на ЕК во делот на јавните набавки.

The post ЕК: Да се воведат поефикасни антикорупциски мерки во јавните набавки appeared first on Република.

]]>

Македонија е умерено подготвена во делот на јавните набавки и има постигнато ограничен напредок во извештајниот период, се посочува во Извештајот на Европската Комисија за напредокот на земјава за 2023 година. Во документот се наведува дека капацитетот на клучните институции за склучување договори и на економските оператори треба да се зголемат преку континуирана обука. -Националните власти треба да воведат поефикасни антикорупциски мерки во текот на циклусот на набавките. Директното доделување на договорот за изградба на Коридорот 8 и 10-д покренува загриженост бидејќи го иззема проектот од примена на Законот за јавни набавки, наведуваат од ЕК. Според оценката во Извештајот, препораките од минатогодишниот извештај не биле целосно имплементирани и затоа и понатаму остануваат во важност, а се притоа даваат и препораки за надлежните институции. Во наредната година, како оосбено важно се наведува да бидат усвоени законот за јавно-приватно партнерство   и законот за концесии, за дополнително усогласување на правната рамка во овие области со правото на ЕУ. Исто така, да се подобри координацијата меѓу клучните засегнати страни и да се зајакне нивниот капацитет за спроведување на принципите на транспарентност, слободна конкуренција, еднаков третман и недискриминација. Потребно е, се додава, и дополнително зголемување на употребата на критериумите за „економски најповолна понуда“ ('most economically-advantageous tender' - MEAT) при доделување договори и подобрување на мониторингот на постапките за јавни набавки преку пријавување и ефикасно следење на неправилности, случаи на конфликт на интереси и измамнички практики, стои во Извештајот. Институционална поставеност и законско усогласување Во контекст на правната рамка за јавните набавки, се наведува дека таа е во голема мера усогласена со правото на ЕУ. Практиката на пишување „црни листи“ на фирми поради професионално недолично однесување при фазите на набавки продолжи, иако тоа не е во согласност со правилата на ЕУ. Во 2022 година, 55 негативни референци се издадени против 50 економски оператори, од кои на 21 со истечен рок, а девет се отстранети од Бирото за јавни набавки. До крајот на 2022 година, активни биле 25 негативни референци во 2022 година, како и шест негативни референци издадени во 2018 и 2019 година. Допрва ќе се финализира и донесува законот за ЈПП, а се очекува и законот за концесии. -Во март 2023 година, Владата одобри договор за изградба на автопатски делници долж Коридорот 8 и 10-д. Договорот беше директно доделен на меѓународен конзорциум без конкурсна постапка како ад хок Закон за определување на јавен интерес и Законот за именување стратешки партнер за реализација на проектот за изградба на инфраструктурен Коридор 8 и 10-д донесени од Собранието во 2021 година што го иззема проектот од примената на законот за јавни набавки. Во мај 2023 година Владата до Собранието достави на усвојување законски измени кои се неопходни за реализација на проектот. Овие закони беа означени со знамето на ЕУ заради забрзување на постапката, иако, се посочува, ова не беше соодветна употреба на постапката, се наведува во Извештајот. Стратегијата за јавни набавки 2022-2026 година е во тек. Според првиот мониторинг извештај од 2022 година, 68 проценти од активностите се целосно спроведени, осум проценти се во тек и 24 проценти беа поместени за 2023 година. Бирото за јавни набавки (БЈН) продолжи да се модернизира и да го подобри системот за јавни набавки во земјата и да ги зајакнува перформансите и функционалноста на системот. Сепак, треба да се зајакнат  капацитетот, следењето и компетенциите на БЈН. Бирото за јавни набавки и Министерството за економија продолжија со активностите за пристапување кон Договорот на СТО за државни набавки (GPA). На 7 јуни 2023 година, Комитетот за владини набавки донесе одлука за пристапување на Македонија кон GPA. Во 2022 година, Меморандум за разбирање за размена на информации и стандардизирање на процедурите е потпишан помеѓу Бирото за јавни набавки, Државната комисијата за жалби, Комисијата за заштита на конкуренцијата, Државниот завод за ревизија и Државната комисија за спречување на корупцијата. Ова треба да резултира со поефективна размена на податоци и информации со цел да се зајакне конзистентноста и интегритетот во спроведување на законската рамка. Капацитетот на Министерството за економија, како надлежно за концесии и јавно приватно партнерство, според Извештајот, останува ограничен. Во 2022 година беше склучен само еден нов договор за основање ЈПП. Сè уште треба да се формираат регистарот за ЈПП и регистарот за концесии. Електронскиот систем за јавни набавки, оценува ЕК, работи ефикасно. И покрај развојот за платформа за е-пазар и за е-каталози, набавувачите покажаа мал интерес при користење на овој систем. Во 2022 година со е-пазар се склучени 70 набавки од мала вредност. Годишните планови за набавки на договорните органи редовно се објавуваат на електронска систем за јавни набавки. Модулот за електронска архива обезбедува интегритет на електронски постапки со чување на документацијата во оригинална електронска форма, додека модулот за е-поплаки предвидува електронска размена на податоци со жалбените постапки. Капацитет за имплементација и спроведување Во 2022 година, пазарот на јавни набавки изнесуваше 8,6 проценти од БДП на земјата во споредба со 11 проценти во 2021 година. Тоа претставува 25 проценти од државниот буџет. Капацитетот и на централните и на локалните договорни органи треба да се зајакне. Во однос на критериумите за доделување што се користат во постапките за јавни набавки, употребата на „економски најповолна понуда“ (MEAT) е сè уште ограничена. Во 2022 година, овие критериуми се примениле во само 1383 од 22 901 повици за набавки (6,03%). Потребна е организација на континуирани обука на договорните органи за тоа како да го применат овој критериум. Доделувањето на договори и следењето на спроведувањето покажува дека употребата на преговарани постапки за набавка (број на постапки) паднаа на 6,6 проценти во 2022 година, од осум проценти во 2021 година. Проценката на користењето на централизираните набавки и рамковните договори од страна на Бирото за набавки е во тек. Процентот на вкупната вредност на јавните набавки доделени на мали и средни претпријатија се зголемија на 57 проценти во 2022 година во споредба со 53 проценти во 2021 година. Бројот на постапки на поништени тендери се зголеми на 31 процент во однос на 28,8 проценти во 2021 година. Во 2022 година просечниот број на понуди изнесува три понуди по тендерска постапка,  и приближно една третина од договорите беа доделени во тендерски постапки со една понуда. Капацитетот за управување со процесите на јавни набавки треба дополнително да се зајакне, препорачува ЕК, особено од страна на локалните власти, за да се обезбеди покохерентен пристап во управувањето со циклусот на набавки. Квалитетот на тендерската документација останува предизвик за помалите договорни органи. Се забележува и дека регулаторните и институционалните механизми за интегритет и конфликт на интереси сè уште се недоволни. Не постои систем за проценка на ризикот вграден во циклусот на набавки за да се обезбедат навремени информации за можни коруптивни практики или за означување на неправилности. Ефикасен систем за правни лекови Законодавството за правото на правен лек е во голема мерка усогласено со правото на ЕУ. Но, капацитетот на Државната комисија за жалби е недоволен за постапување со бројот на жалби (967 во 2022 година, 1 109 во 2021 година). Потребен е дополнителен квалификуван персонал за да се обезбеди навремено процесирање на жалбите. Во извештајниот период поднесени се 83 претставки против решенијата на Државната комисија за жалби пред Управниот суд. -За спречување на корупцијата, стратегијата за јавни набавки вклучува мерки за борба против корупција и конфликт на интереси. Сепак, следењето на извештаите со црвено знаменце објавени на веб-страницата на БЈН е недоволно. Земјата треба да ја подобри институционалната координација на Државната комисија за спречување на корупцијата со институциите за спроведување на законот за следење на наодите од извештаите со црвено знаменце, стои во Извештајот на ЕК во делот на јавните набавки.

The post ЕК: Да се воведат поефикасни антикорупциски мерки во јавните набавки appeared first on Република.

]]>
На секој трет тендер со само еден учесник потрошени 427 милиони евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/na-sekoj-tret-tender-so-samo-eden-uchesnik-potrosheni-427-milioni-evra/ Mon, 29 May 2023 14:11:02 +0000 https://republika.mk/?p=645727

Секој трет договор за јавна набавка во 2022 година е склучен во постапка во која учествувала само една фирма. Станува збор за 9.305 договори, во вкупна вредност од 26 милијарди денари (427 милиони евра), покажува новиот извештај од мониторингот на јавни набавки кој го објавува Центарот за граѓански комуникации (ЦГК).

Оттаму посочуваат и дека роковите за отпочнување на тендерските постапки наведени во плановите за јавни набавки речиси воопшто не се почитуваат. Дури 90% од мониторираните постапки се спроведени со задоцнување, и тоа од 1 до 8 месеци, што според ЦГК ја доведува во прашање ефикасноста на функционирањето на институциите, но воедно и улогата која плановите за јавни набавки треба да ја имаат во однос на поттикнување на конкуренцијата.

Просечниот број понуди по тендер лани изнесувал 3, што претставува намалување на конкуренцијата во однос на 2021 година.

Извештајот покажува и дека низ нетранспарентната постапка со преговарање без објавување оглас се склучени договори во вредност од 31 милион евра, што е намалување за 30% во однос на 2021 година, а се намалил и бројот на жалби од фирмите до Државната комисија за жалби по јавните за 34%.

Од ЦГК алармираат и на исклучително високиот удел на поништени постапки, кој според нив фрла сомнеж врз објективноста и законитоста во донесувањето на овие одлуки за поништување. Во 2022 година се поништени речиси третина од тендерите.

Во истражувањето е спроведена и анкета кај компаниите за нивното искуство. Фирмите го оцениле процесот на јавни набавки во земјава со просечна оценка од 2,8 (на скалата од 1 до 5), што е исто како лани.

Според добиените одговори, најчестиот проблем со кои тие се соочиле во јавните набавки е „најниската цена“ како критериум за избор, нешто на што се пожалиле дури 63% од анкетираните фирми. Дополнително 93% од фирмите сметаат дека на електронските аукции се постигнуваат нереални цени и се занемарува квалитетот, а 54% признаваат дека постои меѓусебно договарање на
тендерите.

Речиси половина од компаниите сметаат дека има корупција во јавните набавки. 18% лично се соочиле со корупција на тендерите, а 64% од анкетираните компании сметаат дека врските се најчест облик на корупција.

The post На секој трет тендер со само еден учесник потрошени 427 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Секој трет договор за јавна набавка во 2022 година е склучен во постапка во која учествувала само една фирма. Станува збор за 9.305 договори, во вкупна вредност од 26 милијарди денари (427 милиони евра), покажува новиот извештај од мониторингот на јавни набавки кој го објавува Центарот за граѓански комуникации (ЦГК). Оттаму посочуваат и дека роковите за отпочнување на тендерските постапки наведени во плановите за јавни набавки речиси воопшто не се почитуваат. Дури 90% од мониторираните постапки се спроведени со задоцнување, и тоа од 1 до 8 месеци, што според ЦГК ја доведува во прашање ефикасноста на функционирањето на институциите, но воедно и улогата која плановите за јавни набавки треба да ја имаат во однос на поттикнување на конкуренцијата. Просечниот број понуди по тендер лани изнесувал 3, што претставува намалување на конкуренцијата во однос на 2021 година. Извештајот покажува и дека низ нетранспарентната постапка со преговарање без објавување оглас се склучени договори во вредност од 31 милион евра, што е намалување за 30% во однос на 2021 година, а се намалил и бројот на жалби од фирмите до Државната комисија за жалби по јавните за 34%. Од ЦГК алармираат и на исклучително високиот удел на поништени постапки, кој според нив фрла сомнеж врз објективноста и законитоста во донесувањето на овие одлуки за поништување. Во 2022 година се поништени речиси третина од тендерите. Во истражувањето е спроведена и анкета кај компаниите за нивното искуство. Фирмите го оцениле процесот на јавни набавки во земјава со просечна оценка од 2,8 (на скалата од 1 до 5), што е исто како лани. Според добиените одговори, најчестиот проблем со кои тие се соочиле во јавните набавки е „најниската цена“ како критериум за избор, нешто на што се пожалиле дури 63% од анкетираните фирми. Дополнително 93% од фирмите сметаат дека на електронските аукции се постигнуваат нереални цени и се занемарува квалитетот, а 54% признаваат дека постои меѓусебно договарање на тендерите. Речиси половина од компаниите сметаат дека има корупција во јавните набавки. 18% лично се соочиле со корупција на тендерите, а 64% од анкетираните компании сметаат дека врските се најчест облик на корупција.

The post На секој трет тендер со само еден учесник потрошени 427 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Повеќе од 400 милиони евра договори за јавни набавки се склучени во постапки на кои имало само една понуда https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/poveke-od-400-milioni-evra-dogovori-za-javni-nabavki-se-sklucheni-vo-postapki-na-koi-imalo-samo-edna-ponuda/ Mon, 29 May 2023 13:40:27 +0000 https://republika.mk/?p=645791

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) го објави Извештајот од редовниот мониторинг на јавните набавки спроведени од јануари до декември 2022 година, во кои се вклучени и резултатите од анкетата на фирмите за нивното искуство при учеството на постапките за јавни набавки и анализа на постапките пред Државната комисија за жалби по јавни набавки.

Клучните наоди од истражувањето вклучуваат:

- Секој трет договор за јавна набавка во 2022 година е склучен во постапка во која учествувала само една фирма. Станува збор за 9.305 договори, во вкупна вредност од 26 милијарди денари (427 милиони евра).

- Просечниот број понуди по тендер во 2022 година изнесува 3, што укажува на намалување на конкуренцијата во однос на 2021.

- 90 % од мониторираните тендери се спроведени подоцна од рокот кој бил предвиден во плановите за јавни набавки.

- Поништени се 31 % од постапките за јавни набавки.

- Низ нетранспарентната постапка со преговарање без објавување оглас се склучени договори во вредност од 31 милион евра, што е намалување за 30 % во однос на претходната година.

- Се намалува бројот на жалби од фирмите кои во 2022 година до Државната комисија за жалби по јавните набавки поднеле 751 жалба, што е за 34 % помалку од претходната година

- За 63 % од фирмите, ’најниската цена‘ како критериум за избор е најчестиот проблем со којшто се соочуваат во јавните набавки.

- 93 % од фирмите сметаат дека на електронските аукции се постигнуваат нереални цени и се занемарува квалитетот.

- 54 % од фирмите признаваат дека постои меѓусебно договарање на тендерите.

- 46 % од фирмите сметаат дека има корупција во јавните набавки, а 18 % изјавуваат дека лично се соочиле со корупција на тендерите.

Извештајот е изработен во рамките на проектот „Мониторинг на јавните набавки“, што го спроведува Центарот за граѓански комуникации, а е финансиски поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија.

The post Повеќе од 400 милиони евра договори за јавни набавки се склучени во постапки на кои имало само една понуда appeared first on Република.

]]>

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) го објави Извештајот од редовниот мониторинг на јавните набавки спроведени од јануари до декември 2022 година, во кои се вклучени и резултатите од анкетата на фирмите за нивното искуство при учеството на постапките за јавни набавки и анализа на постапките пред Државната комисија за жалби по јавни набавки. Клучните наоди од истражувањето вклучуваат: - Секој трет договор за јавна набавка во 2022 година е склучен во постапка во која учествувала само една фирма. Станува збор за 9.305 договори, во вкупна вредност од 26 милијарди денари (427 милиони евра). - Просечниот број понуди по тендер во 2022 година изнесува 3, што укажува на намалување на конкуренцијата во однос на 2021. - 90 % од мониторираните тендери се спроведени подоцна од рокот кој бил предвиден во плановите за јавни набавки. - Поништени се 31 % од постапките за јавни набавки. - Низ нетранспарентната постапка со преговарање без објавување оглас се склучени договори во вредност од 31 милион евра, што е намалување за 30 % во однос на претходната година. - Се намалува бројот на жалби од фирмите кои во 2022 година до Државната комисија за жалби по јавните набавки поднеле 751 жалба, што е за 34 % помалку од претходната година - За 63 % од фирмите, ’најниската цена‘ како критериум за избор е најчестиот проблем со којшто се соочуваат во јавните набавки. - 93 % од фирмите сметаат дека на електронските аукции се постигнуваат нереални цени и се занемарува квалитетот. - 54 % од фирмите признаваат дека постои меѓусебно договарање на тендерите. - 46 % од фирмите сметаат дека има корупција во јавните набавки, а 18 % изјавуваат дека лично се соочиле со корупција на тендерите. Извештајот е изработен во рамките на проектот „Мониторинг на јавните набавки“, што го спроведува Центарот за граѓански комуникации, а е финансиски поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија.

The post Повеќе од 400 милиони евра договори за јавни набавки се склучени во постапки на кои имало само една понуда appeared first on Република.

]]>
Бесрамно е да се трошат пари за аздисување во услови кога половина милион живеат со 150 денари на ден https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/besramno-e-da-se-troshat-pari-za-azdisuvanje-vo-uslovi-koga-polovina-milion-ziveat-so-150-denari-na-den/ Thu, 22 Sep 2022 06:40:36 +0000 https://republika.mk/?p=553056

Среде тешка економска криза антимакедонската СДС безмилосно ги троши народните пари на луксузирање. Додека народот едвај врзува крај со крај Службата за општи и заеднички работи на Владата за 20 илјади евра набавиле морски плодови, риба и октоподи, реагира ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната вест на медиумите дека владата набавува свежа риба, октопод и морски плодови за 20.500 евра.

Клептоманите од владата освен за морски плодови, потрошија 250 илјади евра за мебел, 5 милиони евра за службени возила, милиони за цвеќиња, жардињери, хотелски услуги, позлатени лажици, чинии и слични трошоци. Впрочем дезертерот Ковачевски од позиција на заменик-министер предвидел 100 милиони евра непродуктивни трошоци, иако знаел во каква криза се наоѓаат граѓаните и државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Бесрамно е да се трошат буџетски пари за аздисување во услови кога половина милион жители живеат во сиромаштија со 150 денари на ден. Бесрамно е да има 100% реализација на непродуктивни трошоци, а реализацијата на капитални инвестиции да е само 30%. Бесрамно е да се бара граѓаните да штедат, а владата да арчи.

The post Бесрамно е да се трошат пари за аздисување во услови кога половина милион живеат со 150 денари на ден appeared first on Република.

]]>

Среде тешка економска криза антимакедонската СДС безмилосно ги троши народните пари на луксузирање. Додека народот едвај врзува крај со крај Службата за општи и заеднички работи на Владата за 20 илјади евра набавиле морски плодови, риба и октоподи, реагира ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната вест на медиумите дека владата набавува свежа риба, октопод и морски плодови за 20.500 евра.
Клептоманите од владата освен за морски плодови, потрошија 250 илјади евра за мебел, 5 милиони евра за службени возила, милиони за цвеќиња, жардињери, хотелски услуги, позлатени лажици, чинии и слични трошоци. Впрочем дезертерот Ковачевски од позиција на заменик-министер предвидел 100 милиони евра непродуктивни трошоци, иако знаел во каква криза се наоѓаат граѓаните и државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Бесрамно е да се трошат буџетски пари за аздисување во услови кога половина милион жители живеат во сиромаштија со 150 денари на ден. Бесрамно е да има 100% реализација на непродуктивни трошоци, а реализацијата на капитални инвестиции да е само 30%. Бесрамно е да се бара граѓаните да штедат, а владата да арчи.

The post Бесрамно е да се трошат пари за аздисување во услови кога половина милион живеат со 150 денари на ден appeared first on Република.

]]>
Среде криза владата набавува свежа риба, морски плодови и октопод за 20.500 евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/srede-kriza-vladata-nabavuva-sveza-riba-morski-plodovi-i-oktopod-za-20-500-evra/ Wed, 21 Sep 2022 17:12:46 +0000 https://republika.mk/?p=552965

За време на најголемата криза од влладата ќе трошат на морски плодови и риба. Иако од владата викаат дека се работи за годишна набавка и дека нема да има злоупотреби, јавноста се сомнева во тоа и ако нешто добива најмногу критика тоа се трошења на луксуз и храна од страна на функционерите.

Па така владата ќе набави свежа и замрзната риба, октопод и морски плодови за 20.500 евра. Службата за општи и заеднички работи на Владата склучила три договори со фирма од Скопје од која ќе ја снабдува храната.

Првиот договор е вреден 787.500 денари или повеќе од 12.800 евра. За оваа сума, договорната компанија е должна да ја снабдува Владата само со свежа риба, објави Алсат.

Вториот договор е вреден 262.500 денари или 4.268 евра. За оваа сума Владата ќе се снабдува со замрзната риба и октопод.

Додека третиот договор меѓу Владата и фирмата добавувач бил направен за морски плодови и бил вреден 210.000 денари или 3.415 евра.

Вкупната вредност на трите договори е 1.260.000 денари или околу 20.487 евра.

„Станува збор за редовно годишно снабдување кое се врши етапно. Ќе се плаќа онолку колку што ќе се потроши, во зависност од бројот на посети на делегациите во текот на оваа година“, рекоа од Владата.

The post Среде криза владата набавува свежа риба, морски плодови и октопод за 20.500 евра appeared first on Република.

]]>

За време на најголемата криза од влладата ќе трошат на морски плодови и риба. Иако од владата викаат дека се работи за годишна набавка и дека нема да има злоупотреби, јавноста се сомнева во тоа и ако нешто добива најмногу критика тоа се трошења на луксуз и храна од страна на функционерите. Па така владата ќе набави свежа и замрзната риба, октопод и морски плодови за 20.500 евра. Службата за општи и заеднички работи на Владата склучила три договори со фирма од Скопје од која ќе ја снабдува храната. Првиот договор е вреден 787.500 денари или повеќе од 12.800 евра. За оваа сума, договорната компанија е должна да ја снабдува Владата само со свежа риба, објави Алсат. Вториот договор е вреден 262.500 денари или 4.268 евра. За оваа сума Владата ќе се снабдува со замрзната риба и октопод. Додека третиот договор меѓу Владата и фирмата добавувач бил направен за морски плодови и бил вреден 210.000 денари или 3.415 евра. Вкупната вредност на трите договори е 1.260.000 денари или околу 20.487 евра.
„Станува збор за редовно годишно снабдување кое се врши етапно. Ќе се плаќа онолку колку што ќе се потроши, во зависност од бројот на посети на делегациите во текот на оваа година“, рекоа од Владата.

The post Среде криза владата набавува свежа риба, морски плодови и октопод за 20.500 евра appeared first on Република.

]]>
Кој ќе одговара за сомнителните јавни набавки сред ковид криза? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/koj-kje-odgovara-za-somnitelnite-javni-nabavki-sred-kovid-kriza/ Sat, 13 Aug 2022 15:57:38 +0000 https://republika.mk/?p=539941

Обвинителството чека пријава за да реагира за сомнителните набавки за Ковид кризата. Од таму денес рекоа дека внимателно ги следат информациите околу можни злоупотреби на буџетски пари во тендерите, објави ТВ 24.

Но нема конкретен одговор зошто ќе чекаат на полицијата и анткорупционерите кога имаат надлежности да реагираат.

„Обвинителството очекува институциите во чија надлежност е откривање на кривични дела да постапат согласно своите надлежности и до обвинителството да достават соодветен поднесок по кој обвинителството понатаму ќе преземе дејствија за расчистување на случаите“ се вели во одговорот на ЈОРСМ.

Во време на кризата како што вчера објави ТВ 24 тетовскиот Здравствен дом се подновил со опел кросовер, во кој освен додатоците поврзани со безбедноста се барале и кожен волан, вградени звучници и седум инчен екран на допир.

„Предмет на постапката за јавната набавка е набавка на стоки – Моторни возила за службите патронажа и вакцинација за потребите на установата“, пишува во тендерската документација за набавка на возилото.

Првиот човек на Здравствениот дом во Тетово најави писмено сооопштение за тоа дали автомобилот навистина се користи за намената за која е купен и зошто за луксуз се потрошиле над 20 илјади евра. Од Министерството за здравство се оградија бидејќи тендерите се обврска на секоја здравствена институција посебно и побараа да се истражи случајот. За наодите на ЦГК ќе расправаат наредната недела и анткорупционерите.

Во меѓувреме се чека на разврска и на констатацијата на Државниот ревизор дека буџетот е во минус 23 милиони евра поради тоа што фирмите кои земаа помош од државата за време на ковид пандемијата не ја вратиле.

The post Кој ќе одговара за сомнителните јавни набавки сред ковид криза? appeared first on Република.

]]>

Обвинителството чека пријава за да реагира за сомнителните набавки за Ковид кризата. Од таму денес рекоа дека внимателно ги следат информациите околу можни злоупотреби на буџетски пари во тендерите, објави ТВ 24. Но нема конкретен одговор зошто ќе чекаат на полицијата и анткорупционерите кога имаат надлежности да реагираат.
„Обвинителството очекува институциите во чија надлежност е откривање на кривични дела да постапат согласно своите надлежности и до обвинителството да достават соодветен поднесок по кој обвинителството понатаму ќе преземе дејствија за расчистување на случаите“ се вели во одговорот на ЈОРСМ.
Во време на кризата како што вчера објави ТВ 24 тетовскиот Здравствен дом се подновил со опел кросовер, во кој освен додатоците поврзани со безбедноста се барале и кожен волан, вградени звучници и седум инчен екран на допир.
„Предмет на постапката за јавната набавка е набавка на стоки – Моторни возила за службите патронажа и вакцинација за потребите на установата“, пишува во тендерската документација за набавка на возилото.
Првиот човек на Здравствениот дом во Тетово најави писмено сооопштение за тоа дали автомобилот навистина се користи за намената за која е купен и зошто за луксуз се потрошиле над 20 илјади евра. Од Министерството за здравство се оградија бидејќи тендерите се обврска на секоја здравствена институција посебно и побараа да се истражи случајот. За наодите на ЦГК ќе расправаат наредната недела и анткорупционерите. Во меѓувреме се чека на разврска и на констатацијата на Државниот ревизор дека буџетот е во минус 23 милиони евра поради тоа што фирмите кои земаа помош од државата за време на ковид пандемијата не ја вратиле.

The post Кој ќе одговара за сомнителните јавни набавки сред ковид криза? appeared first on Република.

]]>
Министерството за одбрана ќе изнајмува мобилни тоалети во вредност од над 42.000 евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ministerstvoto-za-odbrana-kje-iznajmuva-mobilni-toaleti-vo-vrednost-od-nad-42-000-evra/ Wed, 18 May 2022 18:03:07 +0000 https://republika.mk/?p=503980

Министерството за одбрана ќе изнајмува мобилни тоалетни кабини во вредност од 2.600.000 денари или 42.276 евра.

На електронскиот систем за јавна набавка објавен е тендер склучен помеѓу Министерството за одбрана со фирмата МАСС-МОБИЛЕН САНИТАРЕН СЕРВИС ДООЕЛ Скопје каде што стои дека се изнајмуваат мобилни тоалетни кабини за потребите на командите и единиците на Армијата во време траење од 2 години.

Вкупната вредност со која ќе бидат платени е 42.267 евра, или месечно Министерството за одбрана за изнајмување на мобилните тоалетни кабини ќе плаќа по 1.761 евра.

Воедно, во услови кога граѓаните се соочуваат со инфлација, низок животен стандард, сиромаштија, а државата се соочува со криза на секое поле, независниот синдикат на професионални војници НСПВМ незадоволен од третманот на Министерството за одбрана најави поставување на шатори и вреќи за спиење долж тротоарот пред Владата се додека не ги исполни нивните барања, во однос на подобрување на условите за работа, зголемен буџет на МОРСМ, на подобрување на опремата на вработените, како и на корекција во Законот за служба во Армијата за подобрување на условите за живот и работа на вработените.

Но, и покрај најавите на независниот синдикат на професионални војници за најавениот протест се уште нема реакција од страна на министерката Славјанка Петровска за можно наоѓање на решение и испочитување и исполнување на нивните барања.

The post Министерството за одбрана ќе изнајмува мобилни тоалети во вредност од над 42.000 евра appeared first on Република.

]]>

Министерството за одбрана ќе изнајмува мобилни тоалетни кабини во вредност од 2.600.000 денари или 42.276 евра. На електронскиот систем за јавна набавка објавен е тендер склучен помеѓу Министерството за одбрана со фирмата МАСС-МОБИЛЕН САНИТАРЕН СЕРВИС ДООЕЛ Скопје каде што стои дека се изнајмуваат мобилни тоалетни кабини за потребите на командите и единиците на Армијата во време траење од 2 години. Вкупната вредност со која ќе бидат платени е 42.267 евра, или месечно Министерството за одбрана за изнајмување на мобилните тоалетни кабини ќе плаќа по 1.761 евра. Воедно, во услови кога граѓаните се соочуваат со инфлација, низок животен стандард, сиромаштија, а државата се соочува со криза на секое поле, независниот синдикат на професионални војници НСПВМ незадоволен од третманот на Министерството за одбрана најави поставување на шатори и вреќи за спиење долж тротоарот пред Владата се додека не ги исполни нивните барања, во однос на подобрување на условите за работа, зголемен буџет на МОРСМ, на подобрување на опремата на вработените, како и на корекција во Законот за служба во Армијата за подобрување на условите за живот и работа на вработените. Но, и покрај најавите на независниот синдикат на професионални војници за најавениот протест се уште нема реакција од страна на министерката Славјанка Петровска за можно наоѓање на решение и испочитување и исполнување на нивните барања.

The post Министерството за одбрана ќе изнајмува мобилни тоалети во вредност од над 42.000 евра appeared first on Република.

]]>
Профункционира сајтот за јавни набавки, застојот на набавките ќе трае дури до вторник https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/profunkcionira-sajtot-za-javni-nabavki-zastojot-na-nabavkite-kje-trae-duri-do-vtornik/ Fri, 22 Apr 2022 12:27:31 +0000 https://republika.mk/?p=492258

Техничкиот проблем кој доведе до недостапност на ЕСЈН е целосно надминат, известија од Бирото за јавни набавки и тврдат дека интегритетот на системот не е загрозен.

-Од денес, овозможен е пристап до сите податоци кои беа на располагање на јавната страна. Очекуваме од вторник, системот да е целосно функционален, при што ќе можат да продолжат сите започнати постапки без ограничување и да се спроведуваат нови согласно законските одредби. Во моментот се работи на продолжување на роковите на сите тековни постапки, поради што е оневозможено најавување на ЕСЈН. Наредните денови очекуваме целосно нормализирање на сите функции на системот, соопштија од БЈН.

Системот падна минатиот викенд и цела работна недела не можеше да се вршат јавни набавки, што предизвика особен проблем при интервентните јавни набавк

The post Профункционира сајтот за јавни набавки, застојот на набавките ќе трае дури до вторник appeared first on Република.

]]>

Техничкиот проблем кој доведе до недостапност на ЕСЈН е целосно надминат, известија од Бирото за јавни набавки и тврдат дека интегритетот на системот не е загрозен.
-Од денес, овозможен е пристап до сите податоци кои беа на располагање на јавната страна. Очекуваме од вторник, системот да е целосно функционален, при што ќе можат да продолжат сите започнати постапки без ограничување и да се спроведуваат нови согласно законските одредби. Во моментот се работи на продолжување на роковите на сите тековни постапки, поради што е оневозможено најавување на ЕСЈН. Наредните денови очекуваме целосно нормализирање на сите функции на системот, соопштија од БЈН.
Системот падна минатиот викенд и цела работна недела не можеше да се вршат јавни набавки, што предизвика особен проблем при интервентните јавни набавк

The post Профункционира сајтот за јавни набавки, застојот на набавките ќе трае дури до вторник appeared first on Република.

]]>
1.315.500 евра за новогодишни пакетчиња потрошиле во ЈП Национална радиодифузија-Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/1-315-500-evra-za-novogodishni-paketchinja-potroshile-vo-jp-nacionalna-radiodifuzija-skopje/ Fri, 14 Jan 2022 16:01:21 +0000 https://republika.mk/?p=444669

Јавното претпријатие Национална радиодифузија-Скопје потрошиле 1.315.500 евра за набавка на новогодишни пакетчиња. Во услови на економска криза, претпријатието портошило енормна сума покажуваат податоците за извршени јавни набавки.

 

На социјалните мрежи ова предизвика бројни негодувања поради фактот што секојдневно се апелира засобирање сретства за деца од сиромашни семејства кои немаат основни сретства за живот, за лекување, училишен прибор или облека...

Милион и триста илјади евра… За пакетчиња. И така, дојде дедо мраз кај некои гадови од власт, за другите деца ќе собираме донации. Крв ви ебем…, напиша Божидар Божиновски на својот фејсбук профил, споделувајќи бројки од јавни набавки.

The post 1.315.500 евра за новогодишни пакетчиња потрошиле во ЈП Национална радиодифузија-Скопје appeared first on Република.

]]>

Јавното претпријатие Национална радиодифузија-Скопје потрошиле 1.315.500 евра за набавка на новогодишни пакетчиња. Во услови на економска криза, претпријатието портошило енормна сума покажуваат податоците за извршени јавни набавки.   На социјалните мрежи ова предизвика бројни негодувања поради фактот што секојдневно се апелира засобирање сретства за деца од сиромашни семејства кои немаат основни сретства за живот, за лекување, училишен прибор или облека...
Милион и триста илјади евра… За пакетчиња. И така, дојде дедо мраз кај некои гадови од власт, за другите деца ќе собираме донации. Крв ви ебем…, напиша Божидар Божиновски на својот фејсбук профил, споделувајќи бројки од јавни набавки.

The post 1.315.500 евра за новогодишни пакетчиња потрошиле во ЈП Национална радиодифузија-Скопје appeared first on Република.

]]>
Чинии со златна линија 88 евра парче, нож од 10 евра – Владата ја подновува кујната за новиот премиер https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/chinii-so-zlatna-linija-88-evra-parche-noz-od-10-evra-vladata-ja-podnovuva-kujnata-za-noviot-premier/ Mon, 10 Jan 2022 11:05:10 +0000 https://republika.mk/?p=442530

Службата за општи и заеднички работи ја подновувава владината кујна за новиот премиер, кој во Владата ќе биде дочекан со нов прибор за угостителство - бела техника, нови прибори за јадење, со највисок квалитет, порцелан, инокс и кристал.

Договорот вреден над  37.000 евра го добија три фирми -„Еурефи Инжинеринг“, „ДЛ Конкорд“ и „Дидакс“ сите од Скопје. Тие треба да достават до владината сужба, висококвалитетна бела техника- софистицирани електрична и плинска скара, витрина, шок фрижидер од инокс, фрижидер за замрзнување храна, апарат за пеглање, стик правосмукалка, машина за пакување храна…Но, и повеќе комплети на најразлични прибори за јадење за владината кујна.

Така чиниите во најразлични форми по 30 и 60 парчиња треба да бидат изработени од тврд поцелан со висок сјак кој е отпорен на гребење и да бидат бели со златна линија. Ножевите, вилушките и лажиците, пак, исто по 30 или 100 парчиња треба да бидат изработени од високоотпорен нерѓосувачки инокс. А чашите од по 30 парчиња треба да бидат кристални.

За прибор за угостителство ќе плати над 17.000 евра. Така за само еден вид чинии за главно јадење владата ќе плати по 4.588 денари без ДДВ, или една чинија со ДДВ ќе ја чини над 5.400 денари или неверојатни 88 евра по чинија. Бидејќи бара 30 парчиња само за нив ќе плати околу 2.650 евра. Останатите чинии чинат по околу 50 евра за парче, или од 1.144 денари тие за десерт, до над 3.700 денари парче за други за главно јадење. Еден нож од инокс за главно јадење чини неверојатни 639 денари  или 10,4 евра за парче.

Повеќе на ММС

The post Чинии со златна линија 88 евра парче, нож од 10 евра – Владата ја подновува кујната за новиот премиер appeared first on Република.

]]>

Службата за општи и заеднички работи ја подновувава владината кујна за новиот премиер, кој во Владата ќе биде дочекан со нов прибор за угостителство - бела техника, нови прибори за јадење, со највисок квалитет, порцелан, инокс и кристал. Договорот вреден над  37.000 евра го добија три фирми -„Еурефи Инжинеринг“, „ДЛ Конкорд“ и „Дидакс“ сите од Скопје. Тие треба да достават до владината сужба, висококвалитетна бела техника- софистицирани електрична и плинска скара, витрина, шок фрижидер од инокс, фрижидер за замрзнување храна, апарат за пеглање, стик правосмукалка, машина за пакување храна…Но, и повеќе комплети на најразлични прибори за јадење за владината кујна. Така чиниите во најразлични форми по 30 и 60 парчиња треба да бидат изработени од тврд поцелан со висок сјак кој е отпорен на гребење и да бидат бели со златна линија. Ножевите, вилушките и лажиците, пак, исто по 30 или 100 парчиња треба да бидат изработени од високоотпорен нерѓосувачки инокс. А чашите од по 30 парчиња треба да бидат кристални. За прибор за угостителство ќе плати над 17.000 евра. Така за само еден вид чинии за главно јадење владата ќе плати по 4.588 денари без ДДВ, или една чинија со ДДВ ќе ја чини над 5.400 денари или неверојатни 88 евра по чинија. Бидејќи бара 30 парчиња само за нив ќе плати околу 2.650 евра. Останатите чинии чинат по околу 50 евра за парче, или од 1.144 денари тие за десерт, до над 3.700 денари парче за други за главно јадење. Еден нож од инокс за главно јадење чини неверојатни 639 денари  или 10,4 евра за парче. Повеќе на ММС

The post Чинии со златна линија 88 евра парче, нож од 10 евра – Владата ја подновува кујната за новиот премиер appeared first on Република.

]]>