јавни институции Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/javni-institucii/ За подобро да се разбереме Sat, 21 Sep 2024 17:36:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png јавни институции Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/javni-institucii/ 32 32 Институциите ќе добијат упатство како да постапуваат во периодот додека важи времената мерка на Уставниот суд за стопирање на алатката „балансер“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/institutsiite-ke-dobijat-upatstvo-kako-da-postapuvaat-vo-periodot-dodeka-vazhi-vremenata-merka-na-ustavniot-sud-za-stopirane-na-alatkata-balanser/ Sat, 21 Sep 2024 17:54:24 +0000 https://republika.mk/?p=818573

Сите јавни институции ќе добијат упатство како да постапуваат во периодот додека важи времената мерка на Уставниот суд за стопирање на алатката „балансер“ за вработувањата во јавната администраија, информира министерството за јавна администрација.

Од кабинетот на министерот за јавна администрација, за МИА, велат дека насоките или донесените времени мерки од страна на Уставниот суд, како министерство не ги коментираме, туку ги почитуваат и спроведуваат.

-Министерството за јавна администрација многу пати до сега укажа дека “балансерот” како дигитална алатка ја изгуби својата намена за која е создаден и во минатото беше предмет на злоупотреба. Во однос на евентуално ново законско решение, министерството за јавна администрација ќе се залага за решение кое ќе овозможи професионална јавна администрација со квалитетна услуга кон граѓаните, а кое ќе се темели на соодветно образование, стручност и знаење, почитувајќи го мерит системот. Но, се до конечната одлука на Уставниот суд, министерството за јавна администрација, ќе се воздржи од било каков коментар, велат од Кабинетот на министерот за јавна администрација.

Во однос на постоечките огласи од министерството најавуваат соодветно упатство кое ќе го споделат до сите институции.

 -Што се однесува до распишаните огласи за вработувања кои се во тек, Министерството за јавна администрација ќе постапи согласно содржината на донесените времени мерки од страна на Управниот суд, по објавата во Службен весник на РСМ. За истите ќе подготви соодветно упатство кое ќе го сподели и дистрибуира до сите институции, информираат од Кабинетот на министерот за јавна администрација.

Уставниот суд на 18. месецов донесе  времена мерка за одредби од Законот за вработени во јавниот сектор, Законот за административни службеници, Правилникот за задолжителни елементи во јавниот оглас при вработување во јавен сектор што се однесуваат на етничката припадност, односно одредби од акти кои беа оспорени од страна на Државната комисија за спречување на корупција. До носење на конечна одлука од страна на Уставниот суд овие одредби нема да се применуваат.

The post Институциите ќе добијат упатство како да постапуваат во периодот додека важи времената мерка на Уставниот суд за стопирање на алатката „балансер“ appeared first on Република.

]]>

Сите јавни институции ќе добијат упатство како да постапуваат во периодот додека важи времената мерка на Уставниот суд за стопирање на алатката „балансер“ за вработувањата во јавната администраија, информира министерството за јавна администрација. Од кабинетот на министерот за јавна администрација, за МИА, велат дека насоките или донесените времени мерки од страна на Уставниот суд, како министерство не ги коментираме, туку ги почитуваат и спроведуваат.
-Министерството за јавна администрација многу пати до сега укажа дека “балансерот” како дигитална алатка ја изгуби својата намена за која е создаден и во минатото беше предмет на злоупотреба. Во однос на евентуално ново законско решение, министерството за јавна администрација ќе се залага за решение кое ќе овозможи професионална јавна администрација со квалитетна услуга кон граѓаните, а кое ќе се темели на соодветно образование, стручност и знаење, почитувајќи го мерит системот. Но, се до конечната одлука на Уставниот суд, министерството за јавна администрација, ќе се воздржи од било каков коментар, велат од Кабинетот на министерот за јавна администрација.
Во однос на постоечките огласи од министерството најавуваат соодветно упатство кое ќе го споделат до сите институции.
 -Што се однесува до распишаните огласи за вработувања кои се во тек, Министерството за јавна администрација ќе постапи согласно содржината на донесените времени мерки од страна на Управниот суд, по објавата во Службен весник на РСМ. За истите ќе подготви соодветно упатство кое ќе го сподели и дистрибуира до сите институции, информираат од Кабинетот на министерот за јавна администрација.
Уставниот суд на 18. месецов донесе  времена мерка за одредби од Законот за вработени во јавниот сектор, Законот за административни службеници, Правилникот за задолжителни елементи во јавниот оглас при вработување во јавен сектор што се однесуваат на етничката припадност, односно одредби од акти кои беа оспорени од страна на Државната комисија за спречување на корупција. До носење на конечна одлука од страна на Уставниот суд овие одредби нема да се применуваат.

The post Институциите ќе добијат упатство како да постапуваат во периодот додека важи времената мерка на Уставниот суд за стопирање на алатката „балансер“ appeared first on Република.

]]>
До крајот на неделата одлука за снабдувањето со струја на училиштата и јавните претпријатија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/do-krajot-na-nedelata-odluka-za-snabduvanjeto-so-struja-na-uchilishtata-i-javnite-pretprijatija/ Thu, 27 Oct 2022 11:45:50 +0000 https://republika.mk/?p=566342

До крајот на неделата Владата ќе донесе одлука за поддршка на основните и средните училишта, како и на јавните комунални претпријатија во снабдувањето со струја.

Како што соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши, поддршката ќе се реализира преку ЕСМ продажба. Целта на поддршката на комуналните претпријатија, повтори Бектеши, е да нема поскапување на водата за пиење.

Тој утрово имаше средба со претставници од прехранбената индустрија по што информира дека државата ќе ги поддржи со двојно поевтина струја компаниите од овој сектор. Можно е листата да се прошири, рече, па покрај мелничката, млечната и индустријата за масло, да бидат поддржани и преработувачите на месо.

– Ова е само почеток на вакви мерки, ќе следат уште многу други за да ја ублажиме кризата. Целта е да направиме максимум за заштита на стандардот на граѓаните. Средствата се обезбедени, а ќе имаме поддршка и од ЕК, истакна Бектеши.

The post До крајот на неделата одлука за снабдувањето со струја на училиштата и јавните претпријатија appeared first on Република.

]]>

До крајот на неделата Владата ќе донесе одлука за поддршка на основните и средните училишта, како и на јавните комунални претпријатија во снабдувањето со струја. Како што соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши, поддршката ќе се реализира преку ЕСМ продажба. Целта на поддршката на комуналните претпријатија, повтори Бектеши, е да нема поскапување на водата за пиење. Тој утрово имаше средба со претставници од прехранбената индустрија по што информира дека државата ќе ги поддржи со двојно поевтина струја компаниите од овој сектор. Можно е листата да се прошири, рече, па покрај мелничката, млечната и индустријата за масло, да бидат поддржани и преработувачите на месо.