јавна расправа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/javna-rasprava/ За подобро да се разбереме Mon, 28 Oct 2024 06:46:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png јавна расправа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/javna-rasprava/ 32 32 Јавна расправа за предлог-законите за административни службеници и за вработените во јавниот сектор https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/javna-rasprava-za-predlog-zakonite-za-administrativni-sluzhbenitsi-i-za-vrabotenite-vo-javniot-sektor/ Mon, 28 Oct 2024 06:46:58 +0000 https://republika.mk/?p=831520

Во собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска треба да се одржи јавна расправа за работните верзии на неколку закони за административни службеници и за вработените во јавниот сектор.

На јавната расправа треба да бидат разгледани Предлог законот за административни службеници, Предлог законот за вработените во јавниот сектор и Предлог законот за стручно усовршување и обука на административните службеници.

The post Јавна расправа за предлог-законите за административни службеници и за вработените во јавниот сектор appeared first on Република.

]]>

Во собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска треба да се одржи јавна расправа за работните верзии на неколку закони за административни службеници и за вработените во јавниот сектор. На јавната расправа треба да бидат разгледани Предлог законот за административни службеници, Предлог законот за вработените во јавниот сектор и Предлог законот за стручно усовршување и обука на административните службеници.

The post Јавна расправа за предлог-законите за административни службеници и за вработените во јавниот сектор appeared first on Република.

]]>
Тече јавната консултација за одложените наставни програми од седмо до деветто одделение https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/teche-javnata-konsultatsija-za-odlozhenite-nastavni-programi-od-sedmo-do-devetto-oddelenie/ Fri, 19 Jul 2024 11:02:53 +0000 https://republika.mk/?p=798424

Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието потсетуваат дека во тек е јавна консултација за одложените наставни програми од седмо до деветто одделение, со цел засегнатите страни, особено наставниците да се запознаат и доколку имаат сугестии и предлог решенија за евентуални промени, да дадат свое аргументирано мислење за нивно подобрување.

Новите наставни програми ќе се воведуваат етапно, од учебната 2025/26 година во седмо одделение, 2026/27 година во осмо одделение и во 2027/28 година во деветто одделение, соопштија од МОН.

Забелешките/сугестиите и предлог решенијата за секоја одделна наставна програма се внесуваат во следниот формулар и истиот се доставува на електронската адреса за соодветното одделение:

nastavniprogrami7@mon.gov.mk
nastavniprogrami8@mon.gov.mk
nastavniprogrami9@mon.gov.mk

(Наставните програми може да се симнат од веб страницата на Бирото за развој на образованието во делот Известувања/Јавна консултација).

Новата Влада ја одложи имплементацијата на Концепцијата за основно образование во седмо, осмо и деветто одделение за учебната 2024/25 година поради реакциите во јавноста, особено за интегрирањето на одделни наставни предмети, што предизвика отежнување во организацијата и реализацијата на наставата. Затоа, промените кои следат ќе бидат креирани преку поширок консензус и почитување на мислењето на наставниците.

Пополнетите формулари може да се доставуваат најдоцна до 31 август. Во интерес на транспарентноста на процесот, МОН и БРО ќе ги споделуваат пристигнатите сугестии, а сублимирањето на добиените согледувања, како и преземените активности, ќе се презентираат јавно.

The post Тече јавната консултација за одложените наставни програми од седмо до деветто одделение appeared first on Република.

]]>

Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието потсетуваат дека во тек е јавна консултација за одложените наставни програми од седмо до деветто одделение, со цел засегнатите страни, особено наставниците да се запознаат и доколку имаат сугестии и предлог решенија за евентуални промени, да дадат свое аргументирано мислење за нивно подобрување.
Новите наставни програми ќе се воведуваат етапно, од учебната 2025/26 година во седмо одделение, 2026/27 година во осмо одделение и во 2027/28 година во деветто одделение, соопштија од МОН.
Забелешките/сугестиите и предлог решенијата за секоја одделна наставна програма се внесуваат во следниот формулар и истиот се доставува на електронската адреса за соодветното одделение: nastavniprogrami7@mon.gov.mk nastavniprogrami8@mon.gov.mk nastavniprogrami9@mon.gov.mk (Наставните програми може да се симнат од веб страницата на Бирото за развој на образованието во делот Известувања/Јавна консултација). Новата Влада ја одложи имплементацијата на Концепцијата за основно образование во седмо, осмо и деветто одделение за учебната 2024/25 година поради реакциите во јавноста, особено за интегрирањето на одделни наставни предмети, што предизвика отежнување во организацијата и реализацијата на наставата. Затоа, промените кои следат ќе бидат креирани преку поширок консензус и почитување на мислењето на наставниците. Пополнетите формулари може да се доставуваат најдоцна до 31 август. Во интерес на транспарентноста на процесот, МОН и БРО ќе ги споделуваат пристигнатите сугестии, а сублимирањето на добиените согледувања, како и преземените активности, ќе се презентираат јавно.    

The post Тече јавната консултација за одложените наставни програми од седмо до деветто одделение appeared first on Република.

]]>
Јавна расправа за новиот Предлог-закон за култура https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/javna-rasprava-za-noviot-predlog-zakon-za-kultura/ Fri, 07 Jul 2023 07:34:14 +0000 https://republika.mk/?p=658781

Во НУ Кинотека на Македонија во Скопје денеска ќе се одржи јавна расправа за новиот Предлог-закон за култура, информираат од ресорното Министерство.

Предлог-законот за култура го изготвија Министерството за култура, експерти од областа на културата, на културните политики и на менаџментот, претставници од независната културна сцена, претставници од организаторите на настани (ивент-индустријата), претставници од двата репрезентативни синдикати во културата – СОНК и СКРМ и вработени во установите од областа на културата.

The post Јавна расправа за новиот Предлог-закон за култура appeared first on Република.

]]>

Во НУ Кинотека на Македонија во Скопје денеска ќе се одржи јавна расправа за новиот Предлог-закон за култура, информираат од ресорното Министерство. Предлог-законот за култура го изготвија Министерството за култура, експерти од областа на културата, на културните политики и на менаџментот, претставници од независната културна сцена, претставници од организаторите на настани (ивент-индустријата), претставници од двата репрезентативни синдикати во културата – СОНК и СКРМ и вработени во установите од областа на културата.  

The post Јавна расправа за новиот Предлог-закон за култура appeared first on Република.

]]>
„Националните финансиски политики во културата“: Јавна расправа и промоција на публикацијата во КСП Центар-Јадро https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/natsionalnite-finansiski-politiki-vo-kulturata-javna-rasprava-i-promotsija-na-publikatsijata-vo-ksp-tsentar-jadro/ Thu, 09 Feb 2023 15:46:06 +0000 https://republika.mk/?p=606976

Јадро – Асоцијација на независна културна сцена, организира јавна расправа по повод промоција на документот за јавни политики „Националните финансиски политики во културата“ во авторство на еконмскиот истражувач Бранимир Јовановиќ.

Промоцијата ќе се одржи на 10 февруари (петок), со почеток во 12 часот во просториите на КСП „Центар Јадро“ (ул. Алберт Ајнштајн, бр. 1 - поранешната месна заедница Дане Крапчев во Дебар Маало).

Во разговор со Јовановиќ, на промоцијата ќе земe збор и културниот работник и активист Теодор Целакоски (Хрватска).
Дискусијата ќе ја модерира културната работничка и историчарка на уметност Тијана Ана Спасовска.

Јадро – Асоцијација на независната културна сцена, како актер кој веќе 10 години будно следи и се застапува за подобрување на условите на независната културна сцена, го издаде овој документ за јавни политики со кој се анализира државното финансирање во културата со цел појасно застапување за достоинствени средства за вложување во одржувањето на независната културна сцена. Првиот дел од документот е посветен на анализа на државните буџети за култура, додека вториот се фокусира на годишните конкурси за финансирање на проекти од национален интерес во културата за 2021 и 2022 година.

Публикацијата посочува во кои аспекти од финансирањето државата потфрла и кои се следните чекори што треба да се преземат за надминување на критичната состојба во независниот културен сектор, кој се наоѓа во трајно прекарна состојба.

The post „Националните финансиски политики во културата“: Јавна расправа и промоција на публикацијата во КСП Центар-Јадро appeared first on Република.

]]>

Јадро – Асоцијација на независна културна сцена, организира јавна расправа по повод промоција на документот за јавни политики „Националните финансиски политики во културата“ во авторство на еконмскиот истражувач Бранимир Јовановиќ. Промоцијата ќе се одржи на 10 февруари (петок), со почеток во 12 часот во просториите на КСП „Центар Јадро“ (ул. Алберт Ајнштајн, бр. 1 - поранешната месна заедница Дане Крапчев во Дебар Маало). Во разговор со Јовановиќ, на промоцијата ќе земe збор и културниот работник и активист Теодор Целакоски (Хрватска). Дискусијата ќе ја модерира културната работничка и историчарка на уметност Тијана Ана Спасовска. Јадро – Асоцијација на независната културна сцена, како актер кој веќе 10 години будно следи и се застапува за подобрување на условите на независната културна сцена, го издаде овој документ за јавни политики со кој се анализира државното финансирање во културата со цел појасно застапување за достоинствени средства за вложување во одржувањето на независната културна сцена. Првиот дел од документот е посветен на анализа на државните буџети за култура, додека вториот се фокусира на годишните конкурси за финансирање на проекти од национален интерес во културата за 2021 и 2022 година. Публикацијата посочува во кои аспекти од финансирањето државата потфрла и кои се следните чекори што треба да се преземат за надминување на критичната состојба во независниот културен сектор, кој се наоѓа во трајно прекарна состојба.

The post „Националните финансиски политики во културата“: Јавна расправа и промоција на публикацијата во КСП Центар-Јадро appeared first on Република.

]]>
Националните финансови политики во културата: Јавна расправа и промоција на публикација https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/natsionalnite-finansovi-politiki-vo-kulturata-javna-rasprava-i-promotsija-na-publikatsija/ Tue, 31 Jan 2023 13:11:15 +0000 https://republika.mk/?p=602990

Јадро – Асоцијација на независна културна сцена, организира јавна расправа по повод промоција на документот за јавни политики „Националните финансиски политики во културата“ во авторство на економскиот истражувач Бранимир Јовановиќ.

Промоцијата ќе се одржи на 10 февруари (петок), со почеток во 12 часот во просториите на КСП „Центар Јадро“ (ул. Алберт Ајнштајн, бр. 1 - поранешната месна заедница Дане Крапчев во Дебар Маало).

Во разговор со Јовановиќ, на промоцијата ќе земe збор и културниот работник и активист Теодор Целакоски (Хрватска).

Дискусијата ќе ја модерира културната работничка и историчарка на уметност Тијана Ана Спасовска.

Јадро – Асоцијација на независната културна сцена, како актер кој веќе 10 години будно следи и се застапува за подобрување на условите на независната културна сцена, го издаде овој документ за јавни политики со кој се анализира државното финансирање во културата со цел појасно застапување за достоинствени средства за вложување во одржувањето на независната културна сцена. Првиот дел од документот е посветен на анализа на државните буџети за култура, додека вториот се фокусира на годишните конкурси за финансирање на проекти од национален интерес во културата за 2021 и 2022 година.

Публикацијата посочува во кои аспекти од финансирањето државата потфрла и кои се следните чекори што треба да се преземат за надминување на критичната состојба во независниот културен сектор, кој се наоѓа во трајно прекарна состојба.

The post Националните финансови политики во културата: Јавна расправа и промоција на публикација appeared first on Република.

Формирање на Инспекторат за македонски јазик, задолжително лекторирање, Национална стратегија за македонскиот јазик-предвидени во новиот Закон за употреба на македонскиот јазик https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/formirane-na-inspektorat-za-makedonski-jazik-zadolzhitelno-lektorirane-natsionalna-strategija-za-makedonskiot-jazik-predvideni-vo-noviot-zakon-za-upotreba-na-makedonskiot-jazik/ Thu, 26 Jan 2023 13:46:39 +0000 https://republika.mk/?p=601311

Формирање на Инспекторат за македонски јазик чија цел ќе биде дејствување на терен и подигнување на свеста за важноста од правилната употреба, задолжително лекторирање, изработка на Национална стратегија за македонскиот јазик, но и стипендии за студентите се дел од новините кои се предвидени во новиот Закон за употребата на македонскиот јазик.

Предлог-законот за употребата на македонскиот јазик го изготвија Министерството за култура и Советот за македонски јазик.

На денешната јавна расправа за Предлог законот кој е објавен на ЕНЕР, проф. д-р. Елизабета Бандиловска, член на Советот за македонски јазик ги нагласи причините за изработката на овој Предлог-закон.

Според Бандиловска, во практиката сè повеќе се забележува непочитувањето на законските мерки и негрижата за македонскиот јазик во различни сегменти и на различни нивоа од општествениот живот.

Таа информираше за неколку новини во Предлог-законот, меѓу кои е и формирање на Инспекторат за македонски јазик, орган во состав на Министерството за култура со својство на правно лице, чија цел ќе биде дејствување на терен и подигнување на свеста за важноста од правилната употреба на македонскиот јазик.

Во овој Инспекторат ќе бидат вработени инспектори за македонски јазик кои ќе дејствуваат на терен, ќе ја следат состојбата секаде каде што според законот, треба да се применува македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо. Во законот е прецизирано, точно треба да се знае кој, каде и како треба да го применува македонскиот јазик, појасни Бандиловска.

Исто така, како што посочи, иако овие работи ги има и во стариот Закон, предвидено е задолжително лекторирање на текстови, учебници, книги и на се што изглегува во официјална јавна комуникација, и притоа задолжително да биде објавено и името на лекторот.

Во оваа смисла, напомена, би имало потреба од вработување на лектори во судската, извршната, законодавната власт, во органите на единиците на локалната самоуправа, во Градот Скопје, во сите државни и јавни институции и во медиумите. Според Бандиловска, целта е да се даде придонес кон почитување на нормите и на правописните правила.

Како поддршка на законот за македонски јазик со овој нов закон, како што додаде Бандиловска, предвидено е да се пристапи кон изработка на Национална стратегија за македонскиот јазик, во смисла на организирање обуки и работилници, каде би учествувале сите кои го истражуваат и предаваат македонскиот јазик.

Во изработката на Националната стратегија ќе учестува Советот за македонски јазик, а предвидено е Националната стратегија да се изработува на секои четири години.

За да се поттикне младите повеќе внимание да употребуваат на македонскиот јазик, предвидено е со новиот закон во соработка со Министерството за образование и наука да се пристапи кон распишување конкурс за стипендирање на студенти кои ќе студираат македонски јазик во првиот, вториот и третиот циклус на високото образование, додаде Бандиловска.

Во однос на она што е објавено на ЕНЕР, Бандиловска рече дека постојат одредени измени и дополнувања што ги има во новиот Закон, кои при заедничка подготовка се изоставени, но договорено е сето тоа да биде или дел од законот, или да се најдат други законски акти.

На пример, она што ние го имаме како наш став е македонскиот јазик да биде задожителен за изучување на сите факултети, во сите високо образовни институции без оглед дали се државни или приватни, а изучувањето да биде во два семестри. Но, бидејќи сето ова не може да биде дел од еден закон, ќе одиме со иницијатива до МОН  да се најде начин и модул каде ќе се предложи предметот да биде застапен во студиските програми на сите факултети во земјава, потенцираше Бандиловска.

Во однос на глобите, таа информираше дека во верзијата на ЕНЕР се пониски предвидените глоби, но во договор со Министерството за култура мора да се направи усголасување со Законот за прекршоците и очекуваат овие глоби да бидат повисоки.

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во своето воведно обраќање на јавната расправа денеска посочи оти имаат квалитетен текст и очекува низ дијалог да го дозаокружат Предлог законот, што ќе овозможи понатамошно процесуирање во форма на Закон и негово конечно усвојување во Собранието.

Членовите на Советот на македонски јазик имаа посветен, стручен, студиозен и активен придонес во изготвувањето на предлог законот кој се работеше во соработка со Министерството за култура. Во изминатиот период продолживме со усовршување на предлог законот за употребата на македонскиот јазик, откако процесот беше запрен во 2020 година по јавната дебата на која пристигнаа голем број забелешки, рече министерката.

Потребата од тогашниот нов Предлог закон, како што посочи, беше израз на се поголемиот број примери за непочитување на законските мерки донесени со Законот од 1998 година и негрижата за македонскиот јазик во различни сегменти и на различни нивоа од општествениот живот.

По дебатата, од пред две години до Советот за македонски јазик и до Министерството за култура пристигнаа голем број забелешки, квалитетни, обмислени, суштински предлози кои во изминатиот период беа темелно разгледувани и се вметнати во оваа верзија која сега е пред нас, додаде Костадиновска-Стојчевска.

Министерката напомена дека Законот за употреба на македонскиот јазик има квалитативно дополнување со моделот на заштита на јазикот предвиден во законот за заштита на културно наследство. Сето ова заедно, како што рече, овозможува системски организирана грижа за македонскиот јазик во законодавна смисла која е и лесно применлива и во практиката.

The post Формирање на Инспекторат за македонски јазик, задолжително лекторирање, Национална стратегија за македонскиот јазик-предвидени во новиот Закон за употреба на македонскиот јазик appeared first on Република.

]]>

Формирање на Инспекторат за македонски јазик чија цел ќе биде дејствување на терен и подигнување на свеста за важноста од правилната употреба, задолжително лекторирање, изработка на Национална стратегија за македонскиот јазик, но и стипендии за студентите се дел од новините кои се предвидени во новиот Закон за употребата на македонскиот јазик. Предлог-законот за употребата на македонскиот јазик го изготвија Министерството за култура и Советот за македонски јазик. На денешната јавна расправа за Предлог законот кој е објавен на ЕНЕР, проф. д-р. Елизабета Бандиловска, член на Советот за македонски јазик ги нагласи причините за изработката на овој Предлог-закон.
Според Бандиловска, во практиката сè повеќе се забележува непочитувањето на законските мерки и негрижата за македонскиот јазик во различни сегменти и на различни нивоа од општествениот живот. Таа информираше за неколку новини во Предлог-законот, меѓу кои е и формирање на Инспекторат за македонски јазик, орган во состав на Министерството за култура со својство на правно лице, чија цел ќе биде дејствување на терен и подигнување на свеста за важноста од правилната употреба на македонскиот јазик.
Во овој Инспекторат ќе бидат вработени инспектори за македонски јазик кои ќе дејствуваат на терен, ќе ја следат состојбата секаде каде што според законот, треба да се применува македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо. Во законот е прецизирано, точно треба да се знае кој, каде и како треба да го применува македонскиот јазик, појасни Бандиловска.
Исто така, како што посочи, иако овие работи ги има и во стариот Закон, предвидено е задолжително лекторирање на текстови, учебници, книги и на се што изглегува во официјална јавна комуникација, и притоа задолжително да биде објавено и името на лекторот. Во оваа смисла, напомена, би имало потреба од вработување на лектори во судската, извршната, законодавната власт, во органите на единиците на локалната самоуправа, во Градот Скопје, во сите државни и јавни институции и во медиумите. Според Бандиловска, целта е да се даде придонес кон почитување на нормите и на правописните правила. Како поддршка на законот за македонски јазик со овој нов закон, како што додаде Бандиловска, предвидено е да се пристапи кон изработка на Национална стратегија за македонскиот јазик, во смисла на организирање обуки и работилници, каде би учествувале сите кои го истражуваат и предаваат македонскиот јазик. Во изработката на Националната стратегија ќе учестува Советот за македонски јазик, а предвидено е Националната стратегија да се изработува на секои четири години.
За да се поттикне младите повеќе внимание да употребуваат на македонскиот јазик, предвидено е со новиот закон во соработка со Министерството за образование и наука да се пристапи кон распишување конкурс за стипендирање на студенти кои ќе студираат македонски јазик во првиот, вториот и третиот циклус на високото образование, додаде Бандиловска.
Во однос на она што е објавено на ЕНЕР, Бандиловска рече дека постојат одредени измени и дополнувања што ги има во новиот Закон, кои при заедничка подготовка се изоставени, но договорено е сето тоа да биде или дел од законот, или да се најдат други законски акти.
На пример, она што ние го имаме како наш став е македонскиот јазик да биде задожителен за изучување на сите факултети, во сите високо образовни институции без оглед дали се државни или приватни, а изучувањето да биде во два семестри. Но, бидејќи сето ова не може да биде дел од еден закон, ќе одиме со иницијатива до МОН  да се најде начин и модул каде ќе се предложи предметот да биде застапен во студиските програми на сите факултети во земјава, потенцираше Бандиловска.
Во однос на глобите, таа информираше дека во верзијата на ЕНЕР се пониски предвидените глоби, но во договор со Министерството за култура мора да се направи усголасување со Законот за прекршоците и очекуваат овие глоби да бидат повисоки. Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во своето воведно обраќање на јавната расправа денеска посочи оти имаат квалитетен текст и очекува низ дијалог да го дозаокружат Предлог законот, што ќе овозможи понатамошно процесуирање во форма на Закон и негово конечно усвојување во Собранието.
Членовите на Советот на македонски јазик имаа посветен, стручен, студиозен и активен придонес во изготвувањето на предлог законот кој се работеше во соработка со Министерството за култура. Во изминатиот период продолживме со усовршување на предлог законот за употребата на македонскиот јазик, откако процесот беше запрен во 2020 година по јавната дебата на која пристигнаа голем број забелешки, рече министерката.
Потребата од тогашниот нов Предлог закон, како што посочи, беше израз на се поголемиот број примери за непочитување на законските мерки донесени со Законот од 1998 година и негрижата за македонскиот јазик во различни сегменти и на различни нивоа од општествениот живот.
По дебатата, од пред две години до Советот за македонски јазик и до Министерството за култура пристигнаа голем број забелешки, квалитетни, обмислени, суштински предлози кои во изминатиот период беа темелно разгледувани и се вметнати во оваа верзија која сега е пред нас, додаде Костадиновска-Стојчевска.
Министерката напомена дека Законот за употреба на македонскиот јазик има квалитативно дополнување со моделот на заштита на јазикот предвиден во законот за заштита на културно наследство. Сето ова заедно, како што рече, овозможува системски организирана грижа за македонскиот јазик во законодавна смисла која е и лесно применлива и во практиката.  

The post Формирање на Инспекторат за македонски јазик, задолжително лекторирање, Национална стратегија за македонскиот јазик-предвидени во новиот Закон за употреба на македонскиот јазик appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ бара во најбрз можен рок да се закаже јавна расправа за енергетско-економската состојба во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-bara-vo-najbrz-mozen-rok-da-se-zakaze-javna-rasprava-za-energetsko-ekonomskata-sostojba-vo-makedonija/ Wed, 23 Feb 2022 11:45:10 +0000 https://republika.mk/?p=462431

Првичните очекувања дека цената на енергенсите ќе се намали уште во првото тромесечје од 2022 година полека но сигурно избледуваат. Во текот на вчерашниот ден министрите на ДУИ дадоа загрижувачки изјави за медиумите, вели Ане Лашкоска, пратеничка на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, засега на ниво на шпекулации ја оцени можноста од недостаток на електрична енергија, а речиси повеќе од сигурно новонастанатата состојба во Украина ќе влијае врз цената на енергенсите. Во текот на вчерашниот ден цената за 1000 кубни метри гас на лондонската берза достигна и ниво од 960 долари. Најавите од Русија која важи за значаен снабдувач со гас за европскиот континент се дека цената може да дојде и до 2000 долари за 1000 кубни метри. Како резултат на зголемените цени на гасот во изминатиот период Македонија прогласи кризна состојба за снабдување со топлинска енергија т.е. криза во снабдувањето со парно за дел од жителите на Скопје. Во првиот месец од кризната состојба, Владата плати 6 милиони евра, а крајот на кризната состојба е 30 април, вели таа.

Во делот на електричната енергија, цената на унгарската берза од која се снабдува нашата држава во одредени периоди од денот повторно достигнува околу 250 евра по мегават час.

Таа цена е шест пати повисока од цената по која произведуваат домашните капацитети. За потсетување домашните капацитети за 10 години го имаат преполовено своето производство, од 6 илјади на 3 илјади гигават часови. Неспобноста во управувањето на енергетскиот сектор ја плаќаме со повисока цена на струјата за 30% во последните 18 месеци. Дополнително, Владата во периодот ноември 2021 – февруари 2022 година на АД ЕСМ му префрлила 170 милиони евра. Тенденцијата е овој износ да надмине и 200 милиони евра. Од најпрофитна компанија, до загубар во само еден мандат на СДСМ и ДУИ, вели пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ.

Во делот на горивата, ова е коалицијата за која важи мотото „сиромашните не возат“ и затоа сметаат дека дополнителните давачки што ги воведоа во изминатите години не влијаат на животниот стандард. Пред некој ден излезе информација дека автобускиот превоз од еден до друг град поскапе за 15 до 20 проценти, а власта вели не ги засега граѓаните. Транспортните компании во изминатиот период неколкупати бараа помош од Владата, но попусто. За нешто помалку од две години цената на литар дизел од 46 денари се зголеми на 75 денари, а литар бензин од 50 денари во април 2020 година, сега се продава по цена од 84,5 денари. Почитувани, поскапувањата кај енергенсите се на дневна основа, а Владата нема никаква стратегија за пребродување на овој период. Бизнис секторот мора да добие поддршка од Владата. Во приватниот сектор работат 600 илјади луѓе. Од бизнис сектор се полни најголем дел од буџетот и државата мора партнерски да се однесува кон него, истакна Лашкоска.

Токму затоа како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија бараме, во најбрз можен рок да се закаже јавна расправа за енергетско-економската состојба во Македонија, и за тоа како да се премости кризата со цената на енергенсите кои влијаат на ликвидноста на компании, а со тоа и на цените на производите кои ги продаваат.

Резултатот од оваа јавна расправа мора да е еден оперативен план со конкретни мерки кои треба да ги превземе власта за полесно пребродување на 2022 година“ – рече таа.

The post ВМРО-ДПМНЕ бара во најбрз можен рок да се закаже јавна расправа за енергетско-економската состојба во Македонија appeared first on Република.

]]>

Првичните очекувања дека цената на енергенсите ќе се намали уште во првото тромесечје од 2022 година полека но сигурно избледуваат. Во текот на вчерашниот ден министрите на ДУИ дадоа загрижувачки изјави за медиумите, вели Ане Лашкоска, пратеничка на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Министерот за финансии, Фатмир Бесими, засега на ниво на шпекулации ја оцени можноста од недостаток на електрична енергија, а речиси повеќе од сигурно новонастанатата состојба во Украина ќе влијае врз цената на енергенсите. Во текот на вчерашниот ден цената за 1000 кубни метри гас на лондонската берза достигна и ниво од 960 долари. Најавите од Русија која важи за значаен снабдувач со гас за европскиот континент се дека цената може да дојде и до 2000 долари за 1000 кубни метри. Како резултат на зголемените цени на гасот во изминатиот период Македонија прогласи кризна состојба за снабдување со топлинска енергија т.е. криза во снабдувањето со парно за дел од жителите на Скопје. Во првиот месец од кризната состојба, Владата плати 6 милиони евра, а крајот на кризната состојба е 30 април, вели таа.
Во делот на електричната енергија, цената на унгарската берза од која се снабдува нашата држава во одредени периоди од денот повторно достигнува околу 250 евра по мегават час. Таа цена е шест пати повисока од цената по која произведуваат домашните капацитети. За потсетување домашните капацитети за 10 години го имаат преполовено своето производство, од 6 илјади на 3 илјади гигават часови. Неспобноста во управувањето на енергетскиот сектор ја плаќаме со повисока цена на струјата за 30% во последните 18 месеци. Дополнително, Владата во периодот ноември 2021 – февруари 2022 година на АД ЕСМ му префрлила 170 милиони евра. Тенденцијата е овој износ да надмине и 200 милиони евра. Од најпрофитна компанија, до загубар во само еден мандат на СДСМ и ДУИ, вели пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ.