јавна набавка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/javna-nabavka/ За подобро да се разбереме Sat, 02 Sep 2023 09:35:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png јавна набавка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/javna-nabavka/ 32 32 Двајца браќа со пиштол ја давеле и ја терале да повлече жалба во корист на фирма од Визбегово https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/dvajtsa-braka-so-pishtol-ja-davele-i-ja-terale-da-povleche-zhalba-vo-korist-na-firma-od-vizbegovo/ Fri, 01 Sep 2023 18:09:06 +0000 https://republika.mk/?p=678000

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца браќа, на возраст од 23 и 25 години, за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Изнуда од член 258 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопшти попладнево Јавното обвинителство, со намера да прибават противправна имотна корист за правно лице од Визбегово, двајцата со сила и сериозна закана, но и со употреба на огнено оружје присилиле една оштетена – одговорно лице во друга фирма да повлече поднесена жалба на одлука за избор на најповолна понуда за јавна набавка на училишен и друг мебел.

На огласот за јавна набавка, објавен од едно скопско средно училиште, како најповолен понудувач била избрана фирмата од Визбегово, по што другата компанија вложила жалба на одлуката. На 22 август, двајцата осомничени се појавиле во деловните простории на другото правно лице на улицата „Благоја Стефковски“ и од одговорната побарале да ја повлече жалбата. Во следните неколку дена се обидувале и телефонски да ја убедуваат оштетената да ја повлече жалбата, но таа не им одговарала на повиците, информира ЈО.

Оттаму дополнуваат дека на 29 август, двајцата осомничени повторно дошле во конкурентската фирма, упатувајќи директна закана: „Имаш 24 часа да ја повлечеш жалбата, инаку се ова ќе лета во воздух“. Оштетената побарала од нив да ги напуштат просториите и им кажала дека ќе повика полиција, на што ти продолжиле да и се закануваат. Едниот од осомничените браќа извадил пиштол, го репетирал и го вперил во слабината на оштетената, а со другата рака ја фатил за вратот. Си заминале со нови закани дека повторно ќе се вратат, по што на 30 август оштетеното правно лице ја повлекло изјавената жалба на одлуката.

Основаното сомнение за стореното кривично дело е поткрепено со повеќе докази, меѓу кои и видео запис од безбедносните камери во оштетената фирма. Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност осомничените да влијаат врз сведоците и оштетените, но и да го повторат делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје попладнево достави предлог за определување мерка притвор за двајцата соизвршители, се вели во соопштението.

The post Двајца браќа со пиштол ја давеле и ја терале да повлече жалба во корист на фирма од Визбегово appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца браќа, на возраст од 23 и 25 години, за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Изнуда од член 258 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Како што соопшти попладнево Јавното обвинителство, со намера да прибават противправна имотна корист за правно лице од Визбегово, двајцата со сила и сериозна закана, но и со употреба на огнено оружје присилиле една оштетена – одговорно лице во друга фирма да повлече поднесена жалба на одлука за избор на најповолна понуда за јавна набавка на училишен и друг мебел.
На огласот за јавна набавка, објавен од едно скопско средно училиште, како најповолен понудувач била избрана фирмата од Визбегово, по што другата компанија вложила жалба на одлуката. На 22 август, двајцата осомничени се појавиле во деловните простории на другото правно лице на улицата „Благоја Стефковски“ и од одговорната побарале да ја повлече жалбата. Во следните неколку дена се обидувале и телефонски да ја убедуваат оштетената да ја повлече жалбата, но таа не им одговарала на повиците, информира ЈО.
Оттаму дополнуваат дека на 29 август, двајцата осомничени повторно дошле во конкурентската фирма, упатувајќи директна закана: „Имаш 24 часа да ја повлечеш жалбата, инаку се ова ќе лета во воздух“. Оштетената побарала од нив да ги напуштат просториите и им кажала дека ќе повика полиција, на што ти продолжиле да и се закануваат. Едниот од осомничените браќа извадил пиштол, го репетирал и го вперил во слабината на оштетената, а со другата рака ја фатил за вратот. Си заминале со нови закани дека повторно ќе се вратат, по што на 30 август оштетеното правно лице ја повлекло изјавената жалба на одлуката. Основаното сомнение за стореното кривично дело е поткрепено со повеќе докази, меѓу кои и видео запис од безбедносните камери во оштетената фирма. Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност осомничените да влијаат врз сведоците и оштетените, но и да го повторат делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје попладнево достави предлог за определување мерка притвор за двајцата соизвршители, се вели во соопштението.

The post Двајца браќа со пиштол ја давеле и ја терале да повлече жалба во корист на фирма од Визбегово appeared first on Република.

]]>