јавна администрација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/javna-administracija/ За подобро да се разбереме Mon, 28 Oct 2024 06:46:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png јавна администрација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/javna-administracija/ 32 32 Јавна расправа за предлог-законите за административни службеници и за вработените во јавниот сектор https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/javna-rasprava-za-predlog-zakonite-za-administrativni-sluzhbenitsi-i-za-vrabotenite-vo-javniot-sektor/ Mon, 28 Oct 2024 06:46:58 +0000 https://republika.mk/?p=831520

Во собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска треба да се одржи јавна расправа за работните верзии на неколку закони за административни службеници и за вработените во јавниот сектор.

На јавната расправа треба да бидат разгледани Предлог законот за административни службеници, Предлог законот за вработените во јавниот сектор и Предлог законот за стручно усовршување и обука на административните службеници.

The post Јавна расправа за предлог-законите за административни службеници и за вработените во јавниот сектор appeared first on Република.

]]>

Во собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска треба да се одржи јавна расправа за работните верзии на неколку закони за административни службеници и за вработените во јавниот сектор. На јавната расправа треба да бидат разгледани Предлог законот за административни службеници, Предлог законот за вработените во јавниот сектор и Предлог законот за стручно усовршување и обука на административните службеници.

The post Јавна расправа за предлог-законите за административни службеници и за вработените во јавниот сектор appeared first on Република.

]]>
Минчев: Со овие реформи ќе правиме модернизирана и професионална администрацијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/minchev-so-ovie-reformi-ke-pravime-modernizirana-i-profesionalna-administratsijata/ Thu, 17 Oct 2024 10:06:19 +0000 https://republika.mk/?p=827954

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, учествуваше на првата трибина во рамките на Платформата „100% Посветено за тебе“, одржана во Медија центарот на Владата. На настанот присуствуваше и Есма Адиловиќ Фазлиќ, раководител на сектор за реформа во јавната администрација.

Министерот Минчев ја истакна важноста на новото министерство во реформите на јавната администрација, нагласувајќи посветеност на зголемување на ефикасноста и транспарентноста на истата. Тој ги презентираше новите иницијативи, вклучувајќи системски и ефективни закони, систем заснован на заслуги и формирање на Академија за обука на јавната администрација.

Сакаме да создадеме јавна администрација која ќе ги задоволи потребите на граѓаните и ќе биде во согласност со европските стандарди. Овие реформи имаат за цел да ја модернизираат и професионализираат администрацијата за да се одговори на барањата на нашето општеството, изјави Министерот Минчев.

На трибината присуствуваа и високи претставници од Министерството за финансии, Министерството за економија и труд, Управата за јавни приходи и Царинската управа, што дополнително ја потврди важноста на соработката меѓу различните институции во напорите за подобрување на јавниот сектор.

https://www.youtube.com/live/3HXN80gNKG0?si=dGYOSdWuu0rQm3fV

Платформата „100% Посветено за тебе“ претставува иницијатива на Владата со цел да се осигура транспарентност и отворен дијалог со граѓаните, пружајќи им можност да се информираат за активностите и напорите на владата во првите 100 дена од мандатот.

The post Минчев: Со овие реформи ќе правиме модернизирана и професионална администрацијата appeared first on Република.

]]>

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, учествуваше на првата трибина во рамките на Платформата „100% Посветено за тебе“, одржана во Медија центарот на Владата. На настанот присуствуваше и Есма Адиловиќ Фазлиќ, раководител на сектор за реформа во јавната администрација. Министерот Минчев ја истакна важноста на новото министерство во реформите на јавната администрација, нагласувајќи посветеност на зголемување на ефикасноста и транспарентноста на истата. Тој ги презентираше новите иницијативи, вклучувајќи системски и ефективни закони, систем заснован на заслуги и формирање на Академија за обука на јавната администрација.
Сакаме да создадеме јавна администрација која ќе ги задоволи потребите на граѓаните и ќе биде во согласност со европските стандарди. Овие реформи имаат за цел да ја модернизираат и професионализираат администрацијата за да се одговори на барањата на нашето општеството, изјави Министерот Минчев.
На трибината присуствуваа и високи претставници од Министерството за финансии, Министерството за економија и труд, Управата за јавни приходи и Царинската управа, што дополнително ја потврди важноста на соработката меѓу различните институции во напорите за подобрување на јавниот сектор. https://www.youtube.com/live/3HXN80gNKG0?si=dGYOSdWuu0rQm3fV Платформата „100% Посветено за тебе“ претставува иницијатива на Владата со цел да се осигура транспарентност и отворен дијалог со граѓаните, пружајќи им можност да се информираат за активностите и напорите на владата во првите 100 дена од мандатот.    

The post Минчев: Со овие реформи ќе правиме модернизирана и професионална администрацијата appeared first on Република.

]]>
Минчев: Реформа на службите, зголемување на транспарентноста и Академија за административни службеници се дел од клучните активности во овие сто дена https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/minchev-reforma-na-sluzhbite-zgolemuvane-na-transparentnosta-i-akademija-za-administrativni-sluzhbenitsi-se-del-od-kluchnite-aktivnosti-vo-ovie-sto-dena/ Thu, 10 Oct 2024 15:00:40 +0000 https://republika.mk/?p=825289

Реформа на службите и законодавството, зголемување на транспарентноста, формирање на Академија за административни службеници, но и регулирање на Националното координативно тело за управување со квалитет се дел клучните активности и иницијативи кои ги презедовме во овие сто дена, информираше денеска на прес-конференција министерот за јавна администрација Горан Минчев.

Во однос на реформа на службите и законодавството во овие сто дена, Минчев подвлече дека се повлечени од собраниска процедура три клучни закони - Законот за административни службеници, Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за професионален развој и обука на административни службеници.

Овие закони, како што рече, се подложени на ревизии за да се модернизира управувањето со човечките ресурси, да се насочи процесот на вработување, да се унапреди системот за пресметка на платите и почитување на мерит системот.

-Нашата цел е да обезбедиме јавна администрација која е професионална, ефикасна, стручна и непристрасна и ќе овозможи поквалитетна испорака на услуги за граѓаните, рече Минчев.

Тој додаде дека за да се зголеми транспарентноста во рамки на кампањата „Сите заедно за професионална и квалитетна јавна администрација“ за измена на трите закони, беа вклучени сите засегнати страни како што се синдикалните здруженија, невладини домашни и меѓународни организации, граѓански здруженија, претставници од експертската и академската заедница, претставници од јавните институции, како и претставници од Заедницата на единици на локалната самоуправа (ЗЕЛС).

Дебатите, како што рече, се организирани со цел да се обезбеди потполно транспарентен процес каде што ќе се слушнат мислењата, ставовите и предлозите на сите чинители на кои се однесуваат овие закони и истите да учествуваат при креирањето на содржината на законските измени.

Исто така, подвлече Минчев, Владата потпиша меморандум за соработка со Заедницата на единиците на локалната самоуправа(ЗЕЛС), преку што се оствари поголема соработка со локалната самоуправа и општинските администрации.

-Првата јавна дебата беше организирана заедно со Центарот за управување со промени (ЦУП), а под покровителство на Амбасадата на Велика Британија. Втората јавна дебата беше организирана заедно со Заедницата на единиците на локалната самоуправа(ЗЕЛС) во Скопје, на која што присуствуваа претставници од скопските и околните општини. Третата јавна дебата беше организирана заедно со Заедницата на единиците на локалната самоуправа(ЗЕЛС) и општина Куманово, во Куманово, на која што присуствуваа претставници од останатите општини во регионот, рече Минчев.

Тој на прес-конференцијата ја спомена и методологија за пресметка на правична застапеност на етнички заедници „Балансер“. Како што рече, дигиталната алатката „Балансер” начелно создадена за правична застапеност на заедниците во институциите, во минатиот период беше честопати злоупотребувана.

-Таа злоупотреба на „балансерот” е регистрирана и аргументирана. Всушност, дигиталната алатка „балансер” ја губи својата намена за која е создадена. Оваа ситуација е нотирана и во скрининг извештајот на Европската комисија. Во Законот за вработени во јавниот сектор е децидно наведена формулата за пресметка на правичната застапеност на етничките заедници. Таа се однесува исклучиво за населението кое што живее на територија на Република Македонија, односно на резидентното население, согласно податоците добиени од последниот попис во 2021 година. Затекнатата состојба за пресметка на правичната застапеност на етничките заедници од претходната Влада не беше во законски рамки, рече Минче.

На иницијатива на новата Влада и Министерството за јавна администрација, тој напомена дека таа аномалија беше отстранета и формулата за пресметка беше сменета.

Минчев потенцираше дека во процедура е законска регулатива за формирање Академија за професионален развој и обука на административни службеници. Оваа академија ќе обезбеди континуирана едукација, опремување на нашите службеници со знаења и вештини за професионално и ефективно извршување на нивните должности, притоа одржувајќи ги највисоките европски стандарди.

-Во согласност со последните измени на Законот за организација и работа на органите на државната управа, направивме измени во формирањето на Национално координативно тело за управување со квалитет. Ова тело ќе служи како централна точка за координација и надзор на иницијативите за управување со квалитет низ сите државни институции. Неговата улога ќе биде да обезбеди конзистентна примена на стандардите за квалитет, да го унапреди споделувањето на најдобрите практики и да го следи перформансот на јавниот сектор, со цел негово постојано подобрување. Со централизација на координацијата на управување со квалитет, ќе обезбедиме дека реформите не се фрагментирани, туку се применуваат сеопфатно низ сите нивоа на власта, што директно ќе им користи на граѓаните преку попаметни, попродуктивни и поодговорни јавни услуги, додаде министерот.

Тој потсети дека по процесот на самооценување и евалуација, Министерството за јавна администрација доби САF сертификат (Заедничка рамка за проценка) согласно САF стандардите за квалитетно управување.

Како што рече, CAF сертификацијата е резултат на темелно самооценување, при што критички ги оценивме нашите процеси, структури и резултати, со цел да ги идентификуваме областите за унапредување.

-Со усвојување на CAF рамката, ние како Министерство, не само што ги унапредуваме нашите внатрешни системи, туку и ја поттикнуваме владината култура. Воведувањето и постигнувањето меѓународни стандарди за управување со квалитет во државните институции, оцени, ќе обезбеди поуспешна реализација на сите тековни реформски иницијативи, особено во процесот на европска интеграција за кои е потребен добро развиен капацитет, модерен и ефикасен менаџмент и навремено постигнување на зададените цели, рече Минчев.

The post Минчев: Реформа на службите, зголемување на транспарентноста и Академија за административни службеници се дел од клучните активности во овие сто дена appeared first on Република.

]]>

Реформа на службите и законодавството, зголемување на транспарентноста, формирање на Академија за административни службеници, но и регулирање на Националното координативно тело за управување со квалитет се дел клучните активности и иницијативи кои ги презедовме во овие сто дена, информираше денеска на прес-конференција министерот за јавна администрација Горан Минчев. Во однос на реформа на службите и законодавството во овие сто дена, Минчев подвлече дека се повлечени од собраниска процедура три клучни закони - Законот за административни службеници, Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за професионален развој и обука на административни службеници. Овие закони, како што рече, се подложени на ревизии за да се модернизира управувањето со човечките ресурси, да се насочи процесот на вработување, да се унапреди системот за пресметка на платите и почитување на мерит системот.
-Нашата цел е да обезбедиме јавна администрација која е професионална, ефикасна, стручна и непристрасна и ќе овозможи поквалитетна испорака на услуги за граѓаните, рече Минчев.
Тој додаде дека за да се зголеми транспарентноста во рамки на кампањата „Сите заедно за професионална и квалитетна јавна администрација“ за измена на трите закони, беа вклучени сите засегнати страни како што се синдикалните здруженија, невладини домашни и меѓународни организации, граѓански здруженија, претставници од експертската и академската заедница, претставници од јавните институции, како и претставници од Заедницата на единици на локалната самоуправа (ЗЕЛС). Дебатите, како што рече, се организирани со цел да се обезбеди потполно транспарентен процес каде што ќе се слушнат мислењата, ставовите и предлозите на сите чинители на кои се однесуваат овие закони и истите да учествуваат при креирањето на содржината на законските измени. Исто така, подвлече Минчев, Владата потпиша меморандум за соработка со Заедницата на единиците на локалната самоуправа(ЗЕЛС), преку што се оствари поголема соработка со локалната самоуправа и општинските администрации.
-Првата јавна дебата беше организирана заедно со Центарот за управување со промени (ЦУП), а под покровителство на Амбасадата на Велика Британија. Втората јавна дебата беше организирана заедно со Заедницата на единиците на локалната самоуправа(ЗЕЛС) во Скопје, на која што присуствуваа претставници од скопските и околните општини. Третата јавна дебата беше организирана заедно со Заедницата на единиците на локалната самоуправа(ЗЕЛС) и општина Куманово, во Куманово, на која што присуствуваа претставници од останатите општини во регионот, рече Минчев.
Тој на прес-конференцијата ја спомена и методологија за пресметка на правична застапеност на етнички заедници „Балансер“. Како што рече, дигиталната алатката „Балансер” начелно создадена за правична застапеност на заедниците во институциите, во минатиот период беше честопати злоупотребувана.
-Таа злоупотреба на „балансерот” е регистрирана и аргументирана. Всушност, дигиталната алатка „балансер” ја губи својата намена за која е создадена. Оваа ситуација е нотирана и во скрининг извештајот на Европската комисија. Во Законот за вработени во јавниот сектор е децидно наведена формулата за пресметка на правичната застапеност на етничките заедници. Таа се однесува исклучиво за населението кое што живее на територија на Република Македонија, односно на резидентното население, согласно податоците добиени од последниот попис во 2021 година. Затекнатата состојба за пресметка на правичната застапеност на етничките заедници од претходната Влада не беше во законски рамки, рече Минче.
На иницијатива на новата Влада и Министерството за јавна администрација, тој напомена дека таа аномалија беше отстранета и формулата за пресметка беше сменета. Минчев потенцираше дека во процедура е законска регулатива за формирање Академија за професионален развој и обука на административни службеници. Оваа академија ќе обезбеди континуирана едукација, опремување на нашите службеници со знаења и вештини за професионално и ефективно извршување на нивните должности, притоа одржувајќи ги највисоките европски стандарди.
-Во согласност со последните измени на Законот за организација и работа на органите на државната управа, направивме измени во формирањето на Национално координативно тело за управување со квалитет. Ова тело ќе служи како централна точка за координација и надзор на иницијативите за управување со квалитет низ сите државни институции. Неговата улога ќе биде да обезбеди конзистентна примена на стандардите за квалитет, да го унапреди споделувањето на најдобрите практики и да го следи перформансот на јавниот сектор, со цел негово постојано подобрување. Со централизација на координацијата на управување со квалитет, ќе обезбедиме дека реформите не се фрагментирани, туку се применуваат сеопфатно низ сите нивоа на власта, што директно ќе им користи на граѓаните преку попаметни, попродуктивни и поодговорни јавни услуги, додаде министерот.
Тој потсети дека по процесот на самооценување и евалуација, Министерството за јавна администрација доби САF сертификат (Заедничка рамка за проценка) согласно САF стандардите за квалитетно управување. Како што рече, CAF сертификацијата е резултат на темелно самооценување, при што критички ги оценивме нашите процеси, структури и резултати, со цел да ги идентификуваме областите за унапредување.
-Со усвојување на CAF рамката, ние како Министерство, не само што ги унапредуваме нашите внатрешни системи, туку и ја поттикнуваме владината култура. Воведувањето и постигнувањето меѓународни стандарди за управување со квалитет во државните институции, оцени, ќе обезбеди поуспешна реализација на сите тековни реформски иницијативи, особено во процесот на европска интеграција за кои е потребен добро развиен капацитет, модерен и ефикасен менаџмент и навремено постигнување на зададените цели, рече Минчев.

The post Минчев: Реформа на службите, зголемување на транспарентноста и Академија за административни службеници се дел од клучните активности во овие сто дена appeared first on Република.

]]>
Владата и синдикатите се договорија, 10% повисоки плати за вработените во јавниот сектор и К-15 https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vladata-i-sindikatite-se-dogovorija-10-povisoki-plati-za-vrabotenite-vo-javniot-sektor-i-k-15/ Tue, 11 Jul 2023 06:44:40 +0000 https://republika.mk/?p=659902

Преговорите на претставниците на синдикалните организации и Владата денеска завршија со успешен исход. Од септември ќе добијат зголемување на платите од 10 проценти, исплата на К-15 до крајот на годината, а новата методологија која ќе почне да се применува од март 2025 година, ќе овозможи системско решение за усогласување на платите и ќе го осамости процесот на усогласувањето на платите од влијанието на која било влада во иднина.

Ако имаме во предвид дека платите на голем дел од вработените во јавниот сектор со синдикални активности пораснаа изминатиов период, за нас беше битно тој пораст на платите на вработените од јавниот сектор да не биде анулиран со ова зголемување туку ова зголемување да биде дополнување на тоа зголемување од јануари до септември. Дополнително добро е тоа што утврдивме конечно регрес за годишен одмор. Исправивме една голема неправда кон вработените во јавниот сектор особено во здравството кои немаа добиено ниту еднаш до сега регрес за годишен одмор, истакна претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов, по денешната средба со претставниците на Владата.

Тој потенцираше дека за нив е важно тоа што конечно се утврдува методологија со која ниту еден владин функционер повеќе ќе нема право да влијае на начинот на утврдување на платите на вработените во јавниот сектор.

Додаде дека охрабрува тоа што уште во септември нема да има ниту еден вработен на минимална плата, тоа што беше најголема забелешка на вработените во изминатиот период и нагласи дека ќе се обидат тоа да го постигнат и со вработените во приватниот сектор преку преговори со организацијата на работодавачи.

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска изјави дека е постигнат договор за потпишување на општиот колективен договор и за сите оние спорни прашања кои со месеци се разговараат со претставниците на синдикатите.

Договоривме дека новата методологија за пресметка на плати за вработените во јавниот сектор ќе започне од март 2025 година. Со септемвриската плата во 2023 ќе биде покачувањето од проценти на платите во јавниот сектор, К-15 до крајот на декември 2023 година во висина од 10.000 денари, а во општиот колективен договор ќе стои одредба за исплатата на К-15 од 2024 година да биде најмалку 30 проценти од висината на просечната плата во изминатата година, објави Тренчевска во изјавата за медиумите по средбата со претставниците на синдикатите.

The post Владата и синдикатите се договорија, 10% повисоки плати за вработените во јавниот сектор и К-15 appeared first on Република.

]]>

Преговорите на претставниците на синдикалните организации и Владата денеска завршија со успешен исход. Од септември ќе добијат зголемување на платите од 10 проценти, исплата на К-15 до крајот на годината, а новата методологија која ќе почне да се применува од март 2025 година, ќе овозможи системско решение за усогласување на платите и ќе го осамости процесот на усогласувањето на платите од влијанието на која било влада во иднина.
Ако имаме во предвид дека платите на голем дел од вработените во јавниот сектор со синдикални активности пораснаа изминатиов период, за нас беше битно тој пораст на платите на вработените од јавниот сектор да не биде анулиран со ова зголемување туку ова зголемување да биде дополнување на тоа зголемување од јануари до септември. Дополнително добро е тоа што утврдивме конечно регрес за годишен одмор. Исправивме една голема неправда кон вработените во јавниот сектор особено во здравството кои немаа добиено ниту еднаш до сега регрес за годишен одмор, истакна претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов, по денешната средба со претставниците на Владата.
Тој потенцираше дека за нив е важно тоа што конечно се утврдува методологија со која ниту еден владин функционер повеќе ќе нема право да влијае на начинот на утврдување на платите на вработените во јавниот сектор. Додаде дека охрабрува тоа што уште во септември нема да има ниту еден вработен на минимална плата, тоа што беше најголема забелешка на вработените во изминатиот период и нагласи дека ќе се обидат тоа да го постигнат и со вработените во приватниот сектор преку преговори со организацијата на работодавачи. Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска изјави дека е постигнат договор за потпишување на општиот колективен договор и за сите оние спорни прашања кои со месеци се разговараат со претставниците на синдикатите.
Договоривме дека новата методологија за пресметка на плати за вработените во јавниот сектор ќе започне од март 2025 година. Со септемвриската плата во 2023 ќе биде покачувањето од проценти на платите во јавниот сектор, К-15 до крајот на декември 2023 година во висина од 10.000 денари, а во општиот колективен договор ќе стои одредба за исплатата на К-15 од 2024 година да биде најмалку 30 проценти од висината на просечната плата во изминатата година, објави Тренчевска во изјавата за медиумите по средбата со претставниците на синдикатите.

The post Владата и синдикатите се договорија, 10% повисоки плати за вработените во јавниот сектор и К-15 appeared first on Република.

]]>
Административците кои со неплатен одмор заминаа да работат во странство да се вработат во приватен сектор кога ќе се вратат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/administrativtsite-koi-so-neplaten-odmor-zaminaa-da-rabotat-vo-stranstvo-da-se-vrabotat-vo-privaten-sektor-koga-ke-se-vratat/ Fri, 07 Jul 2023 19:07:59 +0000 https://republika.mk/?p=659074

Административците кои користат  неплатено отсуство по 3 месеци за да работат во странство,  по нивното  враќање да се вработат во приватниот сектор каде има недостиг на работна сила. Ова е предлогот на вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на прашањето на „Телма“ дали трендот вработени од јавната администрација да заминуваат на неплатен одмор за да одат на печалба има загрижувачки размери.

Фактот дека можат да добијат неплатен одмор значи дека нивните работни места не се потребни. Имам еден друг предизвик. Кога ќе се вратат во септември, истите слободно да ги понудиме на приватниот сектор, ќе дадеме стимулирање и за приватниот сектор за да се вработат еднаш засекогаш таму каде што најмногу се потреби, вели Битиќи.

Тој нагласи дека во приватниот сектор има недостиг од 10 000 работници, а државата, според него, е подготвена да го стимулира процесот на преминување во приватниот сектор со субвенции за придонесите.

The post Административците кои со неплатен одмор заминаа да работат во странство да се вработат во приватен сектор кога ќе се вратат appeared first on Република.

Јовески: Во центарот на политиките треба да биде човекот затоа што и тие малку што ги имаме ја напуштаат Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/joveski-vo-tsentarot-na-politikite-treba-da-bide-chovekot-zatoa-shto-i-tie-malku-shto-gi-imame-ja-napushtaat-makedonija/ Sun, 02 Apr 2023 18:14:55 +0000 https://republika.mk/?p=626351

Професорот Лазар Јовески, претседател на Комисијата за труд и социјална политика на ВМРО-ДПМНЕ во денешната емисија „Детектор“ на телевизија Сител каде што се презентираа и анализираа резултатите од последната нивна анкета за јавната администрација кои што покажуваат и превработеност на администрацијата и неазоволни државни службеници кои ја напуштаат службата, но и незадоволни корисници на услугите од државните институции.

При неговото гостување, Јовески исткна дека, човекот мора да биде во центарот при изготвување или имплементирање на било какви реформи, па и тие во јавната администрација затоа што Македонија нема премногу човечки потенција, а и тие малку луѓе што ги имаме, си замина од државата, затоа што за ефикасна и ефективна државна адимистрација не потребно само повисока плата за работниците, туку и вреднување, почитување и вклучување на работникот во работните и одлучувачките тимови од страна на надредениот во институцијата.

Зошто ние не работиме со талентите во ниту една сфера во Македонија, вклучително и со оние луѓе кои што се во одредени установи, министерства, организации во јавниот сектор, дали имаме вистински пристап во однос на  оние луѓе кои што поинаку мислат од нас, дали ги ставаме приоритно во тимовите на одлучување, креирање на политики во одредена државна институција или ги маргинализираме, ги дискриминираме или им даваме отказ, затоа што само малку поинаку размислуваат од нас. Дали ние вистински се посветуваме на вложување во луѓето, во кадарот. Наградата на луѓето со плата е само еден сегмет, не е се во парите, не велам дека е мала работа, условите за работа и тоа како се битни, но и почитта е битна. Меѓу колегијалната соработка, уважувањето од раководителот на останатите нивоа во рамките на самата хиерархија и субординација  во државниот орган и установата. Сето ова е нешто кое што во моментов недостасува во јавниот сектор, особено во одредени државни институции во Македонија и тоа не го кажувам на памет, тоа го кажувам на линија на анализа, на линија на укажувања од страна кои што ни даваат една многу јасна слика. Па и извештајот од Европската комија во ниту еден аспект ние немаме вистинска критика во однос на неквалитетни норми, туку секогаш и во изминатите години, критиката од ЕК оди во насока на имплементација на веќе постоечките одредби и норми“, истакна Јовески.

Toj посочи дека и идеален закон за раководна јавна служба или за административни слижбеници или за вработени во јавен сектор, не може да ги решиме овие суштински проблеми, законот не го решева суштинскиот проблем, а тоа е да сакаме ние да имаме ефикасна и функционална државна администација во Македонија која што ќе биде задоволна од тоа каде што е позиционирана, за да може да изпорача квалитетна услуга која што ќе влијае на високото задоволство на примателот на услугата, односно на граѓаните.

И малку треба во овој дел посуштински да размислиме, бидејќи ниту новото законодавство, кое што ќе се креира, од кого и да се креира, ниту дигитализацијата, ниту автоматски покачување на платите на вработените ќе имплицира автоматски подобрување на  услугите. Мора да се работи со луѓето, човекот мора да биде во центарот, Македонија е земја која што нема премногу човечки потенцијали, нашите луѓе, и онака малку на број, си одат од државата и тука е нашата суштинска, по мене стратешка, грешка во стратешкото планирање и развој на човечките потенцијали во Македонија, особено во јавниот сектор каде што ни одат луѓе. Веќе ќе нема луѓе ниту законите да ги креира, анализите да ги прави за да ги испорачува до Влада за одат до Собрание“, укажа Јовески.

Посочува дека за да имаме професионална државна јавна администрација и професионален административен службеник потребни се повеќе работи, но две се суштински, едната е неговата стручност, а втората е неговиот карактер и тоа го гради професионалниот однос.

The post Јовески: Во центарот на политиките треба да биде човекот затоа што и тие малку што ги имаме ја напуштаат Македонија appeared first on Република.

]]>

Професорот Лазар Јовески, претседател на Комисијата за труд и социјална политика на ВМРО-ДПМНЕ во денешната емисија „Детектор“ на телевизија Сител каде што се презентираа и анализираа резултатите од последната нивна анкета за јавната администрација кои што покажуваат и превработеност на администрацијата и неазоволни државни службеници кои ја напуштаат службата, но и незадоволни корисници на услугите од државните институции. При неговото гостување, Јовески исткна дека, човекот мора да биде во центарот при изготвување или имплементирање на било какви реформи, па и тие во јавната администрација затоа што Македонија нема премногу човечки потенција, а и тие малку луѓе што ги имаме, си замина од државата, затоа што за ефикасна и ефективна државна адимистрација не потребно само повисока плата за работниците, туку и вреднување, почитување и вклучување на работникот во работните и одлучувачките тимови од страна на надредениот во институцијата.
Зошто ние не работиме со талентите во ниту една сфера во Македонија, вклучително и со оние луѓе кои што се во одредени установи, министерства, организации во јавниот сектор, дали имаме вистински пристап во однос на  оние луѓе кои што поинаку мислат од нас, дали ги ставаме приоритно во тимовите на одлучување, креирање на политики во одредена државна институција или ги маргинализираме, ги дискриминираме или им даваме отказ, затоа што само малку поинаку размислуваат од нас. Дали ние вистински се посветуваме на вложување во луѓето, во кадарот. Наградата на луѓето со плата е само еден сегмет, не е се во парите, не велам дека е мала работа, условите за работа и тоа како се битни, но и почитта е битна. Меѓу колегијалната соработка, уважувањето од раководителот на останатите нивоа во рамките на самата хиерархија и субординација  во државниот орган и установата. Сето ова е нешто кое што во моментов недостасува во јавниот сектор, особено во одредени државни институции во Македонија и тоа не го кажувам на памет, тоа го кажувам на линија на анализа, на линија на укажувања од страна кои што ни даваат една многу јасна слика. Па и извештајот од Европската комија во ниту еден аспект ние немаме вистинска критика во однос на неквалитетни норми, туку секогаш и во изминатите години, критиката од ЕК оди во насока на имплементација на веќе постоечките одредби и норми“, истакна Јовески.
Toj посочи дека и идеален закон за раководна јавна служба или за административни слижбеници или за вработени во јавен сектор, не може да ги решиме овие суштински проблеми, законот не го решева суштинскиот проблем, а тоа е да сакаме ние да имаме ефикасна и функционална државна администација во Македонија која што ќе биде задоволна од тоа каде што е позиционирана, за да може да изпорача квалитетна услуга која што ќе влијае на високото задоволство на примателот на услугата, односно на граѓаните.
И малку треба во овој дел посуштински да размислиме, бидејќи ниту новото законодавство, кое што ќе се креира, од кого и да се креира, ниту дигитализацијата, ниту автоматски покачување на платите на вработените ќе имплицира автоматски подобрување на  услугите. Мора да се работи со луѓето, човекот мора да биде во центарот, Македонија е земја која што нема премногу човечки потенцијали, нашите луѓе, и онака малку на број, си одат од државата и тука е нашата суштинска, по мене стратешка, грешка во стратешкото планирање и развој на човечките потенцијали во Македонија, особено во јавниот сектор каде што ни одат луѓе. Веќе ќе нема луѓе ниту законите да ги креира, анализите да ги прави за да ги испорачува до Влада за одат до Собрание“, укажа Јовески.
Посочува дека за да имаме професионална државна јавна администрација и професионален административен службеник потребни се повеќе работи, но две се суштински, едната е неговата стручност, а втората е неговиот карактер и тоа го гради професионалниот однос.

The post Јовески: Во центарот на политиките треба да биде човекот затоа што и тие малку што ги имаме ја напуштаат Македонија appeared first on Република.

]]>
Дејановски: Самата држава им испраќа порака на вработените да си заминат од администрацијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dejanovski-samata-drzhava-im-ispraka-poraka-na-vrabotenite-da-si-zaminat-od-administratsijata/ Sun, 02 Apr 2023 17:19:53 +0000 https://republika.mk/?p=626347

Самата држава им испраќа порака на вработените, особено оние на пониските позиции да си заминат од администрацијата, вели за Детектор претседателот на синдикатот на УПОЗ, Трпе Дејановски.

„Со ваквите политики, години наназад, мислам дека самата држава им дава порака на вработените во администрацијата, особено оние слабо платените во референтската категорија да заминат од јавната администрација, од државната администрација.
4300 мислам дека беше вкупниот број на заминати од администрацијата и со природен одлив и со заминување од работно место за рок од две и пол години. Тоа е огромен број на вработени кога ќе ја земете структурата на вработените во јавниот сектор воопшто. Тоа ќе се случува се почесто и почесто, нема да имаме добар кадар, за жал“ – објаснува Дејановски за Детектор.

The post Дејановски: Самата држава им испраќа порака на вработените да си заминат од администрацијата appeared first on Република.

]]>

Самата држава им испраќа порака на вработените, особено оние на пониските позиции да си заминат од администрацијата, вели за Детектор претседателот на синдикатот на УПОЗ, Трпе Дејановски.
„Со ваквите политики, години наназад, мислам дека самата држава им дава порака на вработените во администрацијата, особено оние слабо платените во референтската категорија да заминат од јавната администрација, од државната администрација. 4300 мислам дека беше вкупниот број на заминати од администрацијата и со природен одлив и со заминување од работно место за рок од две и пол години. Тоа е огромен број на вработени кога ќе ја земете структурата на вработените во јавниот сектор воопшто. Тоа ќе се случува се почесто и почесто, нема да имаме добар кадар, за жал“ – објаснува Дејановски за Детектор.

The post Дејановски: Самата држава им испраќа порака на вработените да си заминат од администрацијата appeared first on Република.

]]>
Само Албанците задоволни од услугите на јавната администрација https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/albantsite-zadovolni-od-uslugite-na-javnata-administratsija/ Sun, 02 Apr 2023 16:49:29 +0000 https://republika.mk/?p=626331

Половина од граѓаните не се задоволни од квалитетот на услугите кои ги дава јавната администрација а близу 60% сметаат дека бројот на вработени во јавниот сектор треба да се намали. Вакви резултати дава последното истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

Според него, 49,9% од граѓаните рекле дека генерално не се задоволни од услугите кои ги добиваат од јавната администрација додека 36,4% велат дека се задоволни.

Споредбата со истражувањето кое на иста тема ИПИС за Детектор го спроведе во 2019 година покажува дека незадоволството на граѓаните значително се зголемило, па за 4 години од мнозинство задоволни граѓани денеска, имаме мнозинство незадоволни. Ако во 2019 48,2% од граѓаните рекле дека се генерално задоволни од услугите кои ги добиваат од јавната администрација денеска нивната бројка се намалила на дури 36,4%. За разлика од тоа, бројот на незадоволни граѓани за 4 години скокнал од 41,3% на 49,9%.

Анализата на етничката структура на граѓаните кои одговарале на ова прашање покажува значителни разлики меѓу Македонците и етничките Албанци. Па така, 57,7% од Македонците велат дека не се задоволни од услугите на јавната администрација наспроти 33,7% кои велат дека се задоволни. Кај Албанците ситуацијата е сосема различна. Таму, мнозинството граѓани или 44% велат дека се задоволни наспроти 37,1% етнички Албанци кои велат дека генерално не се задоволни од услугите кои ги добиваат од јавната администрација.

Најголемо мнозинство граѓани или 19,4% најчесто имале потреба за услуга од јавната администрација на МВР. 11,6% од општините и 7,9% од Фондот за здравство.

Најголемиот дел од нив или 22,9% велат дека не се задоволни од ниту една услуга која ја добила јавните институции. 13,1% најзадоволни се од услугите на МВР а 7,5% од оние кои ги нудат општините.

Најголем број граѓани или нешто над 8% велат дека најнезадоволни се од услугите на Фондот за здравство.

Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје е спроведена од 28 февруари до 3 март оваа година врз репрезентативен примерок од 1107 испитаници.

The post Само Албанците задоволни од услугите на јавната администрација appeared first on Република.

]]>

Половина од граѓаните не се задоволни од квалитетот на услугите кои ги дава јавната администрација а близу 60% сметаат дека бројот на вработени во јавниот сектор треба да се намали. Вакви резултати дава последното истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Според него, 49,9% од граѓаните рекле дека генерално не се задоволни од услугите кои ги добиваат од јавната администрација додека 36,4% велат дека се задоволни. Споредбата со истражувањето кое на иста тема ИПИС за Детектор го спроведе во 2019 година покажува дека незадоволството на граѓаните значително се зголемило, па за 4 години од мнозинство задоволни граѓани денеска, имаме мнозинство незадоволни. Ако во 2019 48,2% од граѓаните рекле дека се генерално задоволни од услугите кои ги добиваат од јавната администрација денеска нивната бројка се намалила на дури 36,4%. За разлика од тоа, бројот на незадоволни граѓани за 4 години скокнал од 41,3% на 49,9%. Анализата на етничката структура на граѓаните кои одговарале на ова прашање покажува значителни разлики меѓу Македонците и етничките Албанци. Па така, 57,7% од Македонците велат дека не се задоволни од услугите на јавната администрација наспроти 33,7% кои велат дека се задоволни. Кај Албанците ситуацијата е сосема различна. Таму, мнозинството граѓани или 44% велат дека се задоволни наспроти 37,1% етнички Албанци кои велат дека генерално не се задоволни од услугите кои ги добиваат од јавната администрација. Најголемо мнозинство граѓани или 19,4% најчесто имале потреба за услуга од јавната администрација на МВР. 11,6% од општините и 7,9% од Фондот за здравство. Најголемиот дел од нив или 22,9% велат дека не се задоволни од ниту една услуга која ја добила јавните институции. 13,1% најзадоволни се од услугите на МВР а 7,5% од оние кои ги нудат општините. Најголем број граѓани или нешто над 8% велат дека најнезадоволни се од услугите на Фондот за здравство. Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје е спроведена од 28 февруари до 3 март оваа година врз репрезентативен примерок од 1107 испитаници.

The post Само Албанците задоволни од услугите на јавната администрација appeared first on Република.

]]>
Николовска од СДСМ: Партиско влијание во администрацијата нема или е минимално https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikolovska-od-sdsm-partisko-vlijanie-vo-administratsijata-nema-ili-e-minimalno/ Sun, 02 Apr 2023 16:36:38 +0000 https://republika.mk/?p=626328

Партиското влијание врз јавната администрација или воопшто го нема или е минимално, смета пратеничката на СДСМ, Фаница Николовска.

Јас сум убедена дека партиското влијание и сега или воопшто го нема или е минимално. Доказ за тоа се огласите што ги објавува Агенцијата за администрација, работни места не се пополнуваат, доколку има партијата влијание ќе најде начин да ги пополни работните места. Ако ги видите одлуките за избор, ќе видите колку лица, ние сме мала држава посебно ние кои доаѓаме о градовите од внатрешноста на државата се знаеме ќе видите колку лица што немаат допир со ниедна политичка партија или пак се можеби поблиски до опозицијата наоѓаат место во јавната администрација и се вработуваат. Со тек на време и лидерите на политичките партии, мислам дека ќе се смени климата, и во таа насока мислам дека се движиме, само треба да ја направиме администрацијата попривлечна за искусен кадар и попрофесионален кадар, рече Николовска во денешната емисија „Детектор“.

The post Николовска од СДСМ: Партиско влијание во администрацијата нема или е минимално appeared first on Република.

Не клатат врата сите административци: Судскиот курир носи пошта за тешки кривични дела, а го плукаат за плата од 18.300 денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ne-klatat-vrata-site-administrativtsi-sudskiot-kurir-nosi-poshta-za-teshki-krivichni-dela-a-go-plukaat-za-plata-od-18-300-denari/ Tue, 21 Mar 2023 13:04:12 +0000 https://republika.mk/?p=622063

Во јавниот сектор има ниски плати, најголем дел имаат основана плата околу минималната, а постои и огромно генерализирање дека сите во јавниот сектор не работат, што не е точно, потенцираше претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ) Трпе Деаноски во разговор за „Утрински печат“.

Има и министри кои велат дека вработени во јавен сектор замаат плата и клатат врата. Тоа е погубно да го кажуваат. Тие се тие што треба да ја организираат работата – вели Деаноски.

Тој потенцира дека во јавниот сектор има примери за многу одговорни професии, а каде платите се недостоинствени.

Еве, како пример да го земеме судскиот доставувач. Тој ниту има униформа, ниту ознака дека е судски доставувач, носи судска пошта за тешки кривични дела, за разни прекршоци, цел ден му довикуваат, го плукаат. Работи од 9 до 17 часот, без никаква заштита од судската власт и има плата 18.300 денари – револтирано кажа Деаноски.

Тој нагласи дека почна да се работи на нов Општ колективен договор за јавниот сектор и нагласи дека е недопустливо тоа што последниот бил поттпишан уште во 2008 година.

The post Не клатат врата сите административци: Судскиот курир носи пошта за тешки кривични дела, а го плукаат за плата од 18.300 денари appeared first on Република.

Тренчевска: Неопходен е нов општ колективен договор, ќе даде решение за состојбата на вработените во јавниот сектор https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/trenchevska-neophoden-e-nov-opsht-kolektiven-dogovor-ke-dade-reshenie-za-sostojbata-na-vrabotenite-vo-javniot-sektor/ Mon, 20 Mar 2023 17:40:04 +0000 https://republika.mk/?p=621717

Да се формира работна група која ќе работи на подобрување и уредување на предлог текстот на Општиот колективен договор, а така добиениот текст, уште еднаш да се разгледа на следна седница на Економско - социјалниот совет (ЕСС), е договорено на денешната седма седница на ЕСС.

Во работната група, како што информираат од Министерството за труд и социјална политика, ќе учествуваат претставници од кабинетот на вицепремиерот Битиќи, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за економија, Министерството за финансии, Министерство за информатичко општество и администрација, Организација на работодавачи, Бизнис конфедерацијата  и синдикатите.

- Експертот ангажиран за подготовка на предлог законот за систем на плати на седницата го презентира предлогот, по што се отвори дискусија за него. Притоа, беше истакнато дека, се работи за сложен и комплексен закон, кој бара посебно внимание, затоа сугестиите и мислењата на сите страни се од големо значење. Како Влада продолжуваме заедно низ дијалог, да носиме системски решенија кои се правични и даваат резултати на долг рок, соопшти МТСП.

На денешната седница на ЕСС се отвори дискусија за неопходноста од склучување на нов Општ колективен договор и за Предлог законот за систем на плати во јавниот сектор.

-Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска како претседавач на Економско социјалниот совет ја отвори дискусијата и притоа ја нагласи потребата од нов Општ колективен договор, земајќи предвид дека последниот Општ колективен договор е потпишан 2008 година, а во меѓувреме се настанати голем број на измени во законодавството. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи посочи дека, Општиот колективен договор ќе даде  решение за состојбата на работниците во јавен сектор, условите, правата и обврските на двете страни како производ на социјалниот дијалог, се истакнува во соопштението.

За синдикатите, пак, прдлог законот за плати во јавниот сектор е неприфатлив. Бараат да се изработи нов закон, а во работните групи што ќе го подготват да бидат вклучени и синдикатите.

Претседателот на Независниот синдикат на полицијата, Гоце Делчев Тодев, по завршувањето на седницата изјави дека е јасно оти ќе има голем проблем особоено во делот на новиот Закон на плати.

-Новиот Закон за работни односи е работа за која можам да кажам дека нема да води никаде. Ќе имаме голем проблем. Видовме еден предлог од страна на одреден експерт кој ќе не оддалечи многу во однос на можноста да добиеме еден посебен закон за плати. Воопшто не видов во ниеден момент место на работникот во полицијата на МВР.  Од ова место на Владата и на другиот синдикат, односно до синдикатот кој се претставува за репрезентативен ќе им порачам дека ќе мора сериозно да се влезе  во делот на изнаоѓање решение за платите за вработените во полицијата, бидејќи ние се доведуваме во една ситуација од која можеби во наредниот период ќе имаме многу поголем проблем, рече Делчев Тодев.

Претходно, пред почетокот на седницата на ЕСС  Трпе Деановски од Сојузот на синдикатите на Македонија повтори дека за сите синдикатите од јавниот сектор законот е неприфатлив, истакнувајќи дека се здружени во однос на ова прашање.

- Потпишана е Декларација од сите синдикати во јавниот сектор - ССМ, КСС, СОНК, КСОМ дека нема да го профаткиме овој предлог текст и бараме нов каде ќе бидат вметнати синдикатите во рабнотни групи за подготовка на законот и дека не се согласуваме со методологијата за утврдување на платитe, рече Деановски.

Усогласувањето на платите, оцени, не е доволно за да се смета како нивно покачување.

Марјан Ристески од Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија потенцираше дека ќе побараат да се повлече нацрт законот за плати во јавниот сектор и оти ќе ги соопштат забалешките за  колективниот договор.

Претседателот на Собранието на Организација на работодавачи Ангел Димитров, пак, порача дека главната улога денеска ќе ја имаат синдикатите и Владата бидејќи се работи за плати во јавниот сектор.

The post Тренчевска: Неопходен е нов општ колективен договор, ќе даде решение за состојбата на вработените во јавниот сектор appeared first on Република.

]]>

Да се формира работна група која ќе работи на подобрување и уредување на предлог текстот на Општиот колективен договор, а така добиениот текст, уште еднаш да се разгледа на следна седница на Економско - социјалниот совет (ЕСС), е договорено на денешната седма седница на ЕСС. Во работната група, како што информираат од Министерството за труд и социјална политика, ќе учествуваат претставници од кабинетот на вицепремиерот Битиќи, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за економија, Министерството за финансии, Министерство за информатичко општество и администрација, Организација на работодавачи, Бизнис конфедерацијата  и синдикатите.
- Експертот ангажиран за подготовка на предлог законот за систем на плати на седницата го презентира предлогот, по што се отвори дискусија за него. Притоа, беше истакнато дека, се работи за сложен и комплексен закон, кој бара посебно внимание, затоа сугестиите и мислењата на сите страни се од големо значење. Како Влада продолжуваме заедно низ дијалог, да носиме системски решенија кои се правични и даваат резултати на долг рок, соопшти МТСП.
На денешната седница на ЕСС се отвори дискусија за неопходноста од склучување на нов Општ колективен договор и за Предлог законот за систем на плати во јавниот сектор.
-Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска како претседавач на Економско социјалниот совет ја отвори дискусијата и притоа ја нагласи потребата од нов Општ колективен договор, земајќи предвид дека последниот Општ колективен договор е потпишан 2008 година, а во меѓувреме се настанати голем број на измени во законодавството. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи посочи дека, Општиот колективен договор ќе даде  решение за состојбата на работниците во јавен сектор, условите, правата и обврските на двете страни како производ на социјалниот дијалог, се истакнува во соопштението.
За синдикатите, пак, прдлог законот за плати во јавниот сектор е неприфатлив. Бараат да се изработи нов закон, а во работните групи што ќе го подготват да бидат вклучени и синдикатите. Претседателот на Независниот синдикат на полицијата, Гоце Делчев Тодев, по завршувањето на седницата изјави дека е јасно оти ќе има голем проблем особоено во делот на новиот Закон на плати.
-Новиот Закон за работни односи е работа за која можам да кажам дека нема да води никаде. Ќе имаме голем проблем. Видовме еден предлог од страна на одреден експерт кој ќе не оддалечи многу во однос на можноста да добиеме еден посебен закон за плати. Воопшто не видов во ниеден момент место на работникот во полицијата на МВР.  Од ова место на Владата и на другиот синдикат, односно до синдикатот кој се претставува за репрезентативен ќе им порачам дека ќе мора сериозно да се влезе  во делот на изнаоѓање решение за платите за вработените во полицијата, бидејќи ние се доведуваме во една ситуација од која можеби во наредниот период ќе имаме многу поголем проблем, рече Делчев Тодев.
Претходно, пред почетокот на седницата на ЕСС  Трпе Деановски од Сојузот на синдикатите на Македонија повтори дека за сите синдикатите од јавниот сектор законот е неприфатлив, истакнувајќи дека се здружени во однос на ова прашање.
- Потпишана е Декларација од сите синдикати во јавниот сектор - ССМ, КСС, СОНК, КСОМ дека нема да го профаткиме овој предлог текст и бараме нов каде ќе бидат вметнати синдикатите во рабнотни групи за подготовка на законот и дека не се согласуваме со методологијата за утврдување на платитe, рече Деановски.
Усогласувањето на платите, оцени, не е доволно за да се смета како нивно покачување. Марјан Ристески од Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија потенцираше дека ќе побараат да се повлече нацрт законот за плати во јавниот сектор и оти ќе ги соопштат забалешките за  колективниот договор. Претседателот на Собранието на Организација на работодавачи Ангел Димитров, пак, порача дека главната улога денеска ќе ја имаат синдикатите и Владата бидејќи се работи за плати во јавниот сектор.

The post Тренчевска: Неопходен е нов општ колективен договор, ќе даде решение за состојбата на вработените во јавниот сектор appeared first on Република.

]]>
Ковачевски за платите во јавната администрација: Повисока плата да, но теба да се поработи и на продуктивноста и услужливоста https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kovachevski-za-platite-vo-javnata-administratsija-povisoka-plata-da-no-teba-da-se-poraboti-i-na-produktivnosta-i-usluzhlivosta/ Fri, 17 Mar 2023 07:03:12 +0000 https://republika.mk/?p=620513

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски во интервју за Тема на денот во Дневникот на ТВ Сител изрази задоволство за последното зголемување на минималната плата на 20.175 денари што е зголемување за 2.175 денари. Секој работник ќе ја зема оваа плата како минимална почнувајќи од април годинава.

Системските решенија кои што ги направивме минатата година даваат резултат, бидејќи платата од 15.000 кога јас дојдов како премиер сега е 20.175 денари, зборувам за минималната основна плата, без минат труд, без било какви други додатоци. Тоа исто така влијае и на зголемување на другите плати, само врз основа на ова зголемување на други 27.000 работници ќе им биде зголемена платата кои што ги имаат усогласено своите колективни договори со законот за минимална плата“, рече премиерот Ковачевски.

Премиерот истакна дека сите плати се усогласени во приватниот сектор и ако некаде не постои усогласеност тогаш треба да се реагира, секој работник може да реагира и нормално ќе следи усогласување и ќе биде исплатено тоа што не било исплатено од моментот кога требало да се направи усогласувањето, рече премиерот Ковачевски.

Во врска со зголемувањето на платите во јавниот сектор премиерот Ковачевски рече дека оваа дискусија треба да се отвори со синдикатите кои што ги застапуваат работниците во јавниот сектор.

Едно е зголемување на плата, меѓутоа исто така друго е и зголемување на продуктивноста и давањето на услуги на граѓаните, бидејќи на нас, ние кои што работиме во јавниот сектор, вие од приватниот сектор ни ја плаќате платата, вие очекувате подобри услови, рече Ковачевски.

The post Ковачевски за платите во јавната администрација: Повисока плата да, но теба да се поработи и на продуктивноста и услужливоста appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски во интервју за Тема на денот во Дневникот на ТВ Сител изрази задоволство за последното зголемување на минималната плата на 20.175 денари што е зголемување за 2.175 денари. Секој работник ќе ја зема оваа плата како минимална почнувајќи од април годинава.
Системските решенија кои што ги направивме минатата година даваат резултат, бидејќи платата од 15.000 кога јас дојдов како премиер сега е 20.175 денари, зборувам за минималната основна плата, без минат труд, без било какви други додатоци. Тоа исто така влијае и на зголемување на другите плати, само врз основа на ова зголемување на други 27.000 работници ќе им биде зголемена платата кои што ги имаат усогласено своите колективни договори со законот за минимална плата“, рече премиерот Ковачевски.
Премиерот истакна дека сите плати се усогласени во приватниот сектор и ако некаде не постои усогласеност тогаш треба да се реагира, секој работник може да реагира и нормално ќе следи усогласување и ќе биде исплатено тоа што не било исплатено од моментот кога требало да се направи усогласувањето, рече премиерот Ковачевски. Во врска со зголемувањето на платите во јавниот сектор премиерот Ковачевски рече дека оваа дискусија треба да се отвори со синдикатите кои што ги застапуваат работниците во јавниот сектор.
Едно е зголемување на плата, меѓутоа исто така друго е и зголемување на продуктивноста и давањето на услуги на граѓаните, бидејќи на нас, ние кои што работиме во јавниот сектор, вие од приватниот сектор ни ја плаќате платата, вие очекувате подобри услови, рече Ковачевски.

The post Ковачевски за платите во јавната администрација: Повисока плата да, но теба да се поработи и на продуктивноста и услужливоста appeared first on Република.

]]>
Гир: Потребна ви е потребна стручна, независна и професионална администрација https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gir-potrebna-vi-e-potrebna-struchna-nezavisna-i-profesionalna-administratsija/ Wed, 25 Jan 2023 12:10:28 +0000 https://republika.mk/?p=600853

Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска порача дека на Maкедонија ѝ била неопходна стручна, независна и професионална јавна администрација. Без тоа, како што нагласи, нема раст и развој.

Не може да се каже, рече Гир, дека нема резултати во однос на реорганизацијата, но системот има и слабости кои се секако нотирани, а евидентно е и премногу силно партиско влијание во одредени делови од администрацијата.

Она што сакаме да видиме е зајакнување на администрацијата, да се осигураме дека има ексепртиза, независност и професионалност. Секогаш е тешко, има фискални притисоци, нема само една криза, туку низа кризи. Ние секогаш ја нагласуваме важноста на тоа да се осигури дека администрацијата може да ангажира, да задржи, промовира и унапреди лица кои ја имаат потребната стручност да се заврши работата. Тука се вклучени надоместоците, платите и тоа е важен елемент. Нема да коментирам за различните одлуки во однос на политиките што ќе ги донесе Владата во конкретни области, но како општ принцип, односно нашиот принцип е дека треба да имате стручна јавна служба способна да ги спроведе реформите, со помош. Без тоа не може земјата да се развива и да расте. Тука има неколку апсекти – финансирање, партиско влијание кое е премногу силно во одредени делови на администрацијата, но, потребно е да имате јавна, државна служба која може да испорача она што треба. Многу работа има да се зајакне јавната служба, истакна Гир, одговорајќи на новинарски прашања по потпишувањето на договорите за проектот за градење отчетни институции за управување со јавните финансии.

Според него, администрацијата треба да се прилагоди на актуелните потреби и да ги следи промените во светски рамки.

Има големи слабости во системот, тие се идентификувани во нашиот Извештај за земјата, но ние тесно соработуваме со државната служба во насока на градење на нејзиниот капацитет зашто без ефективна државна служба нема никаде да стигнеме. Затоа, тоа е и приоритет. И затоа, во пристапувањето има она што се нарекува основи – прашања кои се многу важни и мора да се оценуваат во секој момент од процесот, од почетокот до моментот на приклучување во ЕУ.  Не би кажал дека нема резултати. Она што го имате е систем што треба да се прилагоди на сегашните потреби, на светот што се менува и на процесот на пристапување во ЕУ за да може да ги ужива придобивките од членството во ЕУ и да биде отпорен во таа смисла. Ние сме ангажирани во долгорочен процес на поддршка во надградување на државната служба, а тоа вклучува и долгорочна дискусија. Сме обезбедиле експертиза на прашањето за реорганизација за да се осигури дека администрацијата е колку што е можно подобра, вклучително и практики од ЕУ. Ги следиме од многу блиску рефомрите во јавните администрации. Ова е есенцијално зашто се работи за спроведување на реформите, на значителната помош што ја обезбедуваме и на подготовката на земјата да управува со работи како што се структурните фондови, подвлече Гир.

Министерот за финанси Фатмир Бесими дополни дека бројот на администрацијата, особено последните две години, се намалува.

The post Гир: Потребна ви е потребна стручна, независна и професионална администрација appeared first on Република.

]]>

Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска порача дека на Maкедонија ѝ била неопходна стручна, независна и професионална јавна администрација. Без тоа, како што нагласи, нема раст и развој. Не може да се каже, рече Гир, дека нема резултати во однос на реорганизацијата, но системот има и слабости кои се секако нотирани, а евидентно е и премногу силно партиско влијание во одредени делови од администрацијата.
Она што сакаме да видиме е зајакнување на администрацијата, да се осигураме дека има ексепртиза, независност и професионалност. Секогаш е тешко, има фискални притисоци, нема само една криза, туку низа кризи. Ние секогаш ја нагласуваме важноста на тоа да се осигури дека администрацијата може да ангажира, да задржи, промовира и унапреди лица кои ја имаат потребната стручност да се заврши работата. Тука се вклучени надоместоците, платите и тоа е важен елемент. Нема да коментирам за различните одлуки во однос на политиките што ќе ги донесе Владата во конкретни области, но како општ принцип, односно нашиот принцип е дека треба да имате стручна јавна служба способна да ги спроведе реформите, со помош. Без тоа не може земјата да се развива и да расте. Тука има неколку апсекти – финансирање, партиско влијание кое е премногу силно во одредени делови на администрацијата, но, потребно е да имате јавна, државна служба која може да испорача она што треба. Многу работа има да се зајакне јавната служба, истакна Гир, одговорајќи на новинарски прашања по потпишувањето на договорите за проектот за градење отчетни институции за управување со јавните финансии.
Според него, администрацијата треба да се прилагоди на актуелните потреби и да ги следи промените во светски рамки.
Има големи слабости во системот, тие се идентификувани во нашиот Извештај за земјата, но ние тесно соработуваме со државната служба во насока на градење на нејзиниот капацитет зашто без ефективна државна служба нема никаде да стигнеме. Затоа, тоа е и приоритет. И затоа, во пристапувањето има она што се нарекува основи – прашања кои се многу важни и мора да се оценуваат во секој момент од процесот, од почетокот до моментот на приклучување во ЕУ.  Не би кажал дека нема резултати. Она што го имате е систем што треба да се прилагоди на сегашните потреби, на светот што се менува и на процесот на пристапување во ЕУ за да може да ги ужива придобивките од членството во ЕУ и да биде отпорен во таа смисла. Ние сме ангажирани во долгорочен процес на поддршка во надградување на државната служба, а тоа вклучува и долгорочна дискусија. Сме обезбедиле експертиза на прашањето за реорганизација за да се осигури дека администрацијата е колку што е можно подобра, вклучително и практики од ЕУ. Ги следиме од многу блиску рефомрите во јавните администрации. Ова е есенцијално зашто се работи за спроведување на реформите, на значителната помош што ја обезбедуваме и на подготовката на земјата да управува со работи како што се структурните фондови, подвлече Гир.
Министерот за финанси Фатмир Бесими дополни дека бројот на администрацијата, особено последните две години, се намалува.

The post Гир: Потребна ви е потребна стручна, независна и професионална администрација appeared first on Република.

]]>
Реорганизацијата, спојувањето и укинувањето на агенциите почнува од три министерства https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/reorganizacijata-spojuvanjeto-i-ukinuvanjeto-na-agenciite-pochnuva-od-tri-ministerstva/ Fri, 18 Nov 2022 07:39:37 +0000 https://republika.mk/?p=574985

Министерството за информатичко општество и администрација, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Министерството за економија се првите министерства што учествуваат во пилот постапката за реорганизација во рамки на ИПА-проектот, финансиран и поддржан од Европската Унија, во кој учествува целата Влада.

Како што информираше на денешната конференција, Слаѓана Тасева, претседателката на Транспаренси Интернешнл Македонија и тим лидер на проектот, со постапката се направени анализи на сите 17 министерства за тоа како би можело да се реорганизираат, со цел да се обезбеди водење на политики, отчетност, надзор и контрола, што ќе биде целосно под една капа, или под контрола од страна на министрите, со што, според нив, ќе се овозможи јасна линија на отчет, исполнување на обврските и јасна линија на буџетирање. Со ова, како што вели, ќе се избегне праксата на создавање на независни институции надвор од закон.

Како што ние имавме пракса да создаваме независни институции, агенции со посебни закони, така што сето тоа ќе се подведе под еден закон и ќе се воспостави целосно нова архитектура и структура на работењето на државната управа што ќе обезбеди таа да биде поекономична, поефикасна, поодговорна и отчетна кон граѓаните, рече таа.

Во пракса, како што информираше министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити, ова ќе значи дека неколку институции и агенции ќе бидат споено во едно.

Бидејќи засега има констатации од експертите дека ја вршат истата работа и треба да бидат едно, а не две или три во некои случаи. Исто така, ќе имаа агенции кои ќе бидат затворени, односно трансферирани како сектор во некое друго министерство, бидејќи експертите, исто така, во тој случај констатираат дека не мора да има некоја агенција со седум члена на Управен одбор и директор, односно само администрацијата е важна во таа агенција, рече тој.

На новинарско прашање дали тоа ќе значи намалување на вработените, министерот одговори дека ќе има намалување на бројот на директори и на членови на управни одбори, а не на вработените.

Вработените ќе бидат трансферирани. Значи, со реорганизација нема ниеден вработен да биде отпуштен од работа бидејќи посебно во централна власт ние имаме дефицит на вработени, така што можно е да има прераспределување, меѓутоа вработените ќе останат. А, да ќе има директори кои денеска се директори, а во 2024 штом таа институција нема да има веќе директор нема да бидат директори, рече тој.

Како пример го посочи постоечкиот Инспекциски совет, кој, со реорганизацијата нема да постои, односно, како што рече, администрацијата што е во Инспекциски совет ќе биде трансферирана во министерството, исто што и МАРНЕТ, кој ќе биде префрлен во Министерството за образование и наука.

Амбасадорот Дејвид Гир, Шеф на Делегацијата не Европската Унија, истакна дека ефикасни државни институции се од клучна важност за развојот на секоја земја и особено за испораката на услуги на граѓаните. Како што рече, тие, исто така, ќе бидат од суштинска важност за напредокот на оваа земја на својот пат кон ЕУ.

Oва е особено важно бидејќи нема воспоставен закон на ЕУ во врска со уставната структура, ниту пак постои единствен модел меѓу земјите членки на ЕУ, што значи дека постои богата разновидност на избори коишто се базираат на основните критериуми за обезбедување на отчетност, ефикасност на јавната администрација. ЕУ игра важна улога во овој процес преку финансирање на експертите како дел од овој функционален преглед, рече тој.

Евроамбасадорот посочи дека треба да се очекуваат дополнувања за преостанатите министерства, а според него, реформата на јавната администрација е во сржта на овој процес.

Без развивање на делотворна и ефикасна администрација процесот на пристапување нема да биде успешен не само заради тоа што се потребни реформи, не само заради инфраструктурата која што треба да се воспостави и ја вклучува администрацијата, туку и заради тоа што идната земја членка треба да има администрација со капацитет што ќе обезбеди спроведување на европското право и да обезбеди земјата да може да биде еднаков партнер којшто може да ги искористи можностите коишто постојат преку пристапувањето, порача евроамбасадорот.

Вицепремиерот, Артан Груби, истакна дека доброто функционирање на институциите е предуслов за креирање и успешно спроведување на политики кои го промовираат социјално-економскиот развој во нашата земја.

Последните извештаи на Европската Комисија континуирано се однесуваат на приоритетите за зголемување на професионалноста и унапредување на ефикасноста на државната администрација, што е можно само преку воспоставување на јасни линии на одговорност и зголемување на нивото на транспарентност, како и намалување на нивниот број, рече тој.

Груби, исто така, информираше дека по завршувањето на пилот проектот, Владата се обврза да го започне процесот на реорганизација од јануари 2024 година.

The post Реорганизацијата, спојувањето и укинувањето на агенциите почнува од три министерства appeared first on Република.

]]>

Министерството за информатичко општество и администрација, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Министерството за економија се првите министерства што учествуваат во пилот постапката за реорганизација во рамки на ИПА-проектот, финансиран и поддржан од Европската Унија, во кој учествува целата Влада. Како што информираше на денешната конференција, Слаѓана Тасева, претседателката на Транспаренси Интернешнл Македонија и тим лидер на проектот, со постапката се направени анализи на сите 17 министерства за тоа како би можело да се реорганизираат, со цел да се обезбеди водење на политики, отчетност, надзор и контрола, што ќе биде целосно под една капа, или под контрола од страна на министрите, со што, според нив, ќе се овозможи јасна линија на отчет, исполнување на обврските и јасна линија на буџетирање. Со ова, како што вели, ќе се избегне праксата на создавање на независни институции надвор од закон.
Како што ние имавме пракса да создаваме независни институции, агенции со посебни закони, така што сето тоа ќе се подведе под еден закон и ќе се воспостави целосно нова архитектура и структура на работењето на државната управа што ќе обезбеди таа да биде поекономична, поефикасна, поодговорна и отчетна кон граѓаните, рече таа.
Во пракса, како што информираше министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити, ова ќе значи дека неколку институции и агенции ќе бидат споено во едно.
Бидејќи засега има констатации од експертите дека ја вршат истата работа и треба да бидат едно, а не две или три во некои случаи. Исто така, ќе имаа агенции кои ќе бидат затворени, односно трансферирани како сектор во некое друго министерство, бидејќи експертите, исто така, во тој случај констатираат дека не мора да има некоја агенција со седум члена на Управен одбор и директор, односно само администрацијата е важна во таа агенција, рече тој.
На новинарско прашање дали тоа ќе значи намалување на вработените, министерот одговори дека ќе има намалување на бројот на директори и на членови на управни одбори, а не на вработените.
Вработените ќе бидат трансферирани. Значи, со реорганизација нема ниеден вработен да биде отпуштен од работа бидејќи посебно во централна власт ние имаме дефицит на вработени, така што можно е да има прераспределување, меѓутоа вработените ќе останат. А, да ќе има директори кои денеска се директори, а во 2024 штом таа институција нема да има веќе директор нема да бидат директори, рече тој.
Како пример го посочи постоечкиот Инспекциски совет, кој, со реорганизацијата нема да постои, односно, како што рече, администрацијата што е во Инспекциски совет ќе биде трансферирана во министерството, исто што и МАРНЕТ, кој ќе биде префрлен во Министерството за образование и наука. Амбасадорот Дејвид Гир, Шеф на Делегацијата не Европската Унија, истакна дека ефикасни државни институции се од клучна важност за развојот на секоја земја и особено за испораката на услуги на граѓаните. Како што рече, тие, исто така, ќе бидат од суштинска важност за напредокот на оваа земја на својот пат кон ЕУ.
Oва е особено важно бидејќи нема воспоставен закон на ЕУ во врска со уставната структура, ниту пак постои единствен модел меѓу земјите членки на ЕУ, што значи дека постои богата разновидност на избори коишто се базираат на основните критериуми за обезбедување на отчетност, ефикасност на јавната администрација. ЕУ игра важна улога во овој процес преку финансирање на експертите како дел од овој функционален преглед, рече тој.
Евроамбасадорот посочи дека треба да се очекуваат дополнувања за преостанатите министерства, а според него, реформата на јавната администрација е во сржта на овој процес.
Без развивање на делотворна и ефикасна администрација процесот на пристапување нема да биде успешен не само заради тоа што се потребни реформи, не само заради инфраструктурата која што треба да се воспостави и ја вклучува администрацијата, туку и заради тоа што идната земја членка треба да има администрација со капацитет што ќе обезбеди спроведување на европското право и да обезбеди земјата да може да биде еднаков партнер којшто може да ги искористи можностите коишто постојат преку пристапувањето, порача евроамбасадорот.
Вицепремиерот, Артан Груби, истакна дека доброто функционирање на институциите е предуслов за креирање и успешно спроведување на политики кои го промовираат социјално-економскиот развој во нашата земја.
Последните извештаи на Европската Комисија континуирано се однесуваат на приоритетите за зголемување на професионалноста и унапредување на ефикасноста на државната администрација, што е можно само преку воспоставување на јасни линии на одговорност и зголемување на нивото на транспарентност, како и намалување на нивниот број, рече тој.
Груби, исто така, информираше дека по завршувањето на пилот проектот, Владата се обврза да го започне процесот на реорганизација од јануари 2024 година.

The post Реорганизацијата, спојувањето и укинувањето на агенциите почнува од три министерства appeared first on Република.

]]>
EK ѝ предочи на власта дека доцни со реформите во јавната админитрација https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ek-docnat-reformite-vo-javnata-adminitracija/ Tue, 25 Oct 2022 06:25:26 +0000 https://republika.mk/?p=565145

Македонија останува умерено подготвена во однос на реформата на јавната администрација и постигна ограничен напредок во спроведувањето на препораките од минатата година, се посочува во најновиот Извештај на Европската комисија за напредокот на земјата во приближувањето кон ЕУ.

ЕК во забелешките посочува дека е одложено усвојувањето на законските решенија за организација и за работа на органите на државната управа, на нов закон за висока раководна служба, како и на новата правна рамка за управување со човечки ресурси, преку измени на законите за административни службеници и за вработените во јавните служби.

Според Комисијата, новата рамка е замислена да го подобри управувањето со човечките ресурси во администрацијата и да гарантира избор, унапредување и разрешување врз основа на заслуги, вклучително и на ниво на повисоките раководни функции.

– Со одредени доцнења продолжи имплементацијата на Стратегијата за реформа на јавната администрација за периодот 2018-2022 година, како и следењето и извештаите за нејзино спроведување. Целосно беа реализирани само дел од планираните активности. Во Министерството за информатичко општество и администрација се уште нема соодветно екипиран сектор за јавна администрација, кој би ги спроведувал реформите на техничко ниво. Дополнително, треба да се работи и на заложбите за зголемување на менаџерската одговорност, наведува Комисијата.

The post EK ѝ предочи на власта дека доцни со реформите во јавната админитрација appeared first on Република.

]]>

Македонија останува умерено подготвена во однос на реформата на јавната администрација и постигна ограничен напредок во спроведувањето на препораките од минатата година, се посочува во најновиот Извештај на Европската комисија за напредокот на земјата во приближувањето кон ЕУ. ЕК во забелешките посочува дека е одложено усвојувањето на законските решенија за организација и за работа на органите на државната управа, на нов закон за висока раководна служба, како и на новата правна рамка за управување со човечки ресурси, преку измени на законите за административни службеници и за вработените во јавните служби. Според Комисијата, новата рамка е замислена да го подобри управувањето со човечките ресурси во администрацијата и да гарантира избор, унапредување и разрешување врз основа на заслуги, вклучително и на ниво на повисоките раководни функции.
– Со одредени доцнења продолжи имплементацијата на Стратегијата за реформа на јавната администрација за периодот 2018-2022 година, како и следењето и извештаите за нејзино спроведување. Целосно беа реализирани само дел од планираните активности. Во Министерството за информатичко општество и администрација се уште нема соодветно екипиран сектор за јавна администрација, кој би ги спроведувал реформите на техничко ниво. Дополнително, треба да се работи и на заложбите за зголемување на менаџерската одговорност, наведува Комисијата.

The post EK ѝ предочи на власта дека доцни со реформите во јавната админитрација appeared first on Република.

]]>
Нема отпуштања или намалување на платите во јавниот сектор, тврди Тренчевска https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nema-otpushtanja-ili-namaluvanje-na-platite-vo-javniot-sektor-tvrdi-trenchevska/ Sat, 15 Oct 2022 17:57:02 +0000 https://republika.mk/?p=561545

Навистина ми е жал што Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) излезе со шпекулации и се создаде паника. Не е вистина тоа што го велат синдикатите. Нема да има отпуштања и нема да има намалување на платите на вработените во администрацијата, изјави министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во Тема на денот на телевизија Сител.

Тренчевска вели дека во политиката за намалување на расходите нема ниту една таква мерка, туку тоа се препораки како да се заштеди во јавниот сектор со цел парите кои ќе бидат заштедени да одат во реалниот сектор.

Во ниту една мерка не пишува дека администрацијата ќе биде отпуштена од работа и дека ќе им е намалена платата. Една мерка е за рационализација и оптимизација на вработените во јавниот сектор преку функционална анализа, односно да се види дали има доволен број на вработени во институцијата или вишок, рече Тренчевска додавајќи дека тие кои се вишок нема да бидат отпуштени, туку целта е да се направи оптимизација и преку мобилност да се преземат тие вработени.

За препораката за работа од дома, како што појасни, тоа не значи дека цела јавна админситрација ќе работи од дома. Препораката, како што посочи, е за тие кои имаат можност да работат од дома, но најмногу 30 отсто од вработените. Тренчевска укажа дека нема да им биде намалена платата на оние кои ќе работат од дома.

Раководното лице во институцијата, вели таа, знае кој од неговата администрација може да работи од дома и да дава резултати, а кое работно место не може.

Прашана во однос на цените за дневен престој во градинките, Тренчевска рече дека цената ја формира советот на општината.

Ние даваме препорака советот да ја разгледа можноста за зголемување на цената на праведен начин со правилник, зависно од приходите на семејството, од бројот на децата во семејството, така и да ја формираат цената. За семејства со помали прходи да има една цена, за семејства кои имаат поголеми приходи поголема цена. За да бидат рентабилни и да можат да имаат приход треба да се разговара на Совет дали има можности да се зголеми цената, појасни Тренчевска.

Во однос на мерките за пензионерите, Тренчевска кажа дека финансиската поддршка ќе биде исплатена надвор од правото на пензија. По неколку дена од исплатата на пенизјата ќе се исплаќа финансиската поддршка, вели министерката

The post Нема отпуштања или намалување на платите во јавниот сектор, тврди Тренчевска appeared first on Република.

]]>

Навистина ми е жал што Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) излезе со шпекулации и се создаде паника. Не е вистина тоа што го велат синдикатите. Нема да има отпуштања и нема да има намалување на платите на вработените во администрацијата, изјави министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во Тема на денот на телевизија Сител. Тренчевска вели дека во политиката за намалување на расходите нема ниту една таква мерка, туку тоа се препораки како да се заштеди во јавниот сектор со цел парите кои ќе бидат заштедени да одат во реалниот сектор.
Во ниту една мерка не пишува дека администрацијата ќе биде отпуштена од работа и дека ќе им е намалена платата. Една мерка е за рационализација и оптимизација на вработените во јавниот сектор преку функционална анализа, односно да се види дали има доволен број на вработени во институцијата или вишок, рече Тренчевска додавајќи дека тие кои се вишок нема да бидат отпуштени, туку целта е да се направи оптимизација и преку мобилност да се преземат тие вработени.
За препораката за работа од дома, како што појасни, тоа не значи дека цела јавна админситрација ќе работи од дома. Препораката, како што посочи, е за тие кои имаат можност да работат од дома, но најмногу 30 отсто од вработените. Тренчевска укажа дека нема да им биде намалена платата на оние кои ќе работат од дома. Раководното лице во институцијата, вели таа, знае кој од неговата администрација може да работи од дома и да дава резултати, а кое работно место не може. Прашана во однос на цените за дневен престој во градинките, Тренчевска рече дека цената ја формира советот на општината.
Ние даваме препорака советот да ја разгледа можноста за зголемување на цената на праведен начин со правилник, зависно од приходите на семејството, од бројот на децата во семејството, така и да ја формираат цената. За семејства со помали прходи да има една цена, за семејства кои имаат поголеми приходи поголема цена. За да бидат рентабилни и да можат да имаат приход треба да се разговара на Совет дали има можности да се зголеми цената, појасни Тренчевска.
Во однос на мерките за пензионерите, Тренчевска кажа дека финансиската поддршка ќе биде исплатена надвор од правото на пензија. По неколку дена од исплатата на пенизјата ќе се исплаќа финансиската поддршка, вели министерката

The post Нема отпуштања или намалување на платите во јавниот сектор, тврди Тренчевска appeared first on Република.

]]>
Славески: Власта ќе ги намалува платите во администрацијата уште пред да го усогласи со порастот на минималната плата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/slaveski-vlasta-kje-gi-namaluva-platite-vo-administracijata-ushte-pred-da-go-usoglasi-so-porastot-na-minimalnata-plata/ Sat, 15 Oct 2022 16:37:50 +0000 https://republika.mk/?p=561527

Поранешниот министер за финансии Трајко Славески е песимист дека нешто значајно може да се направи сега, од оваа перспектива, за да се преживее, како што ја нарекуваат „една од најтешките зими по децении“. Во интервју за порталот Локално Спавески зборува за новите задолжувања на Македонија во ММФ, за економската криза која прераснува фо финансиска, за зголемувањето на платите, но и покачената инфлација.

Ковачевски вели дека таму каде што има плати далеку над просекот треба да се намалат, како еден од начините за намалување на трошоците, согласно со Планот за фискална одржливост што го усвои Владата за буџетските корисници. Како ја оценувате оваа мерка?

– Премиерот Ковачевски и неговите гласноговорници до само пред некој ден се фалеа со растот на платите (а платите реално опаѓаа во изминатите две години заради високата инфлација). Не е далеку од вистината, дека наводниот раст, односно илузијата дека платите се зголемуваат, заради неуспесите на речиси сите полиња, беше единствената карта на која СДСМ и нивните коалициски партнери планираа да настапат пред гласачите на следните предвремени или редовни парламентарни избори. Сега ќе ги намалувале платите во јавната админстрација и тоа, внимавајте, кога се уште не е применет членот 8 од Закон за минималната плата за усогласување на платите со порастот на минималната плата и покрај истекот на рокот од шест месеци предвиден за тоа, за што синдикатите имаат доставено и тужба пред надлежен суд! Станува збор за уште еден недоволно обмислен потег на Владата кој ќе има повеќе негативни од позитивни ефекти.

Што според вас, како поранешен министер за финансии треба да се направи на краток рок за да се преживее, како што ја нарекуваат „една од најтешките зими по децении“?

– Многу малку може да се направи. Сведоци сме дека властите трескавично се обидуваат да обезбедат енергенси за работа на топланите во главниот град, со кои се загреваат не само над 50.000 домаќинства, туку и голем број државни институции, училишта, детски градинки, факултети, објекти од областа на културата, трговски објекти, административни згради и сл. Сé се сведува на „надеж“, а едноставно правило е дека надежта не е план. Проблемите ќе беа посовладливи доколку не се доведевме во ситуација да имаме историски најниско домашно производство на електрична енергија. Иако државата не може да ги заштити сопствените граѓани од секаков вид на ризик, сепак нашата држава е исклучително неподготвена и останува да се надеваме на поблага зима (простете, но ова не е план!) и максимално да штедиме енергија во домовите и на работните места.

Повеќе ТУКА

The post Славески: Власта ќе ги намалува платите во администрацијата уште пред да го усогласи со порастот на минималната плата appeared first on Република.

Официјално: Јавната администрација ќе работи од дома https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/oficijalno-javnata-administracija-kje-raboti-od-doma/ Thu, 13 Oct 2022 10:42:33 +0000 https://republika.mk/?p=560560

Јавната администрација делумно ќе работи од дома, ова денеска го потврди вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Намалување на прекувремената работа за преку 20 отсто во МВР, во АНБ, како и во Агенцијата за разузнување, работа од дома на вработените со ротации, па дури и суспензија или укинување на колективните договори.

Ова се дел од мерките што биле разгледувани на четиричасовна седница на Економско-социјалниот совет, која беше прекината, откако Владата, синдикатите и работодавачите останаа со спротиставени ставови.

Претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски во „Топ тема“ на Телна обелодени дел од мерките и препораките на владата за намалување на расходите на буџетските корисници. Освен мерката за намалување за 10 отсто на платата која што беше единствено соопштена во јавноста, документот содржи уште неколку точки меѓу кои за синдикатот е најспорно укинувањето на колективните договори. Синдикалците и од јавниот и од приватниот сектор предупредија дека сите заеднички ќе се спротивстават на тоа.

На седницата требаше да се донесе и пакетот на мерки за помош на стопанството. Но, владата одлучи тоа да се случи кон крајот на месецот. Државата донесе одлука финансиски да им се помогне само на одредена категорија граѓани. Експертите сметаат дека тоа е во ред, но мора да има и мерки со кои би се забавила инфлацијата.

Шест месеци, посочи Деаноски, немаше седница на Економско-социјалниот совет, во време на најголема финансиска криза во државата, во време на најголема инфлација.

Нема методологија на плати која беше помпезно најавувана и сè уште се најавува, нема за фискални импликации, нема за потпишување на нови колективни договори. Меѓу точките на дневниот ред немаше ниту едно од нашите барања од изминатиот период, изјави Деаноски.

Од Министерството за труд и социјална политика претходно преку соопштение информираа дека во фокусот на седницата биле антикризните мерки на Владата.

На седницата на ЕСС, освен членовите на ЕСС учествуваа и претставници на нерепрезентативните синдикати и бизнис конфедерацијата на Македонија. Покрај редовните точки од дневниот ред, во фокусот на седницата беа антикризните мерки на Владата, како и предлог мерките од страна на социјалните партнери, кои понатаму по нивно допрецизирање, по заклучок на ЕСС ќе бидат доставени на разгледување од страна на Владата, наведе МТСП во соопштение.

Со оглед на актуелните состојби во државата, претседателката на ЕСС и министерка за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на членовите на Советот им изразила уверување дека седниците на ЕСС во периодот кој доаѓа ќе се реализираат зачестено

The post Официјално: Јавната администрација ќе работи од дома appeared first on Република.

]]>

Јавната администрација делумно ќе работи од дома, ова денеска го потврди вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
Намалување на прекувремената работа за преку 20 отсто во МВР, во АНБ, како и во Агенцијата за разузнување, работа од дома на вработените со ротации, па дури и суспензија или укинување на колективните договори. Ова се дел од мерките што биле разгледувани на четиричасовна седница на Економско-социјалниот совет, која беше прекината, откако Владата, синдикатите и работодавачите останаа со спротиставени ставови. Претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски во „Топ тема“ на Телна обелодени дел од мерките и препораките на владата за намалување на расходите на буџетските корисници. Освен мерката за намалување за 10 отсто на платата која што беше единствено соопштена во јавноста, документот содржи уште неколку точки меѓу кои за синдикатот е најспорно укинувањето на колективните договори. Синдикалците и од јавниот и од приватниот сектор предупредија дека сите заеднички ќе се спротивстават на тоа. На седницата требаше да се донесе и пакетот на мерки за помош на стопанството. Но, владата одлучи тоа да се случи кон крајот на месецот. Државата донесе одлука финансиски да им се помогне само на одредена категорија граѓани. Експертите сметаат дека тоа е во ред, но мора да има и мерки со кои би се забавила инфлацијата. Шест месеци, посочи Деаноски, немаше седница на Економско-социјалниот совет, во време на најголема финансиска криза во државата, во време на најголема инфлација.
Нема методологија на плати која беше помпезно најавувана и сè уште се најавува, нема за фискални импликации, нема за потпишување на нови колективни договори. Меѓу точките на дневниот ред немаше ниту едно од нашите барања од изминатиот период, изјави Деаноски.
Од Министерството за труд и социјална политика претходно преку соопштение информираа дека во фокусот на седницата биле антикризните мерки на Владата.
На седницата на ЕСС, освен членовите на ЕСС учествуваа и претставници на нерепрезентативните синдикати и бизнис конфедерацијата на Македонија. Покрај редовните точки од дневниот ред, во фокусот на седницата беа антикризните мерки на Владата, како и предлог мерките од страна на социјалните партнери, кои понатаму по нивно допрецизирање, по заклучок на ЕСС ќе бидат доставени на разгледување од страна на Владата, наведе МТСП во соопштение.
Со оглед на актуелните состојби во државата, претседателката на ЕСС и министерка за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на членовите на Советот им изразила уверување дека седниците на ЕСС во периодот кој доаѓа ќе се реализираат зачестено

The post Официјално: Јавната администрација ќе работи од дома appeared first on Република.

]]>
Принуден одмор или работа од дома за јавната администрација? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prinuden-odmor-ili-rabota-od-doma-za-javnata-administracija/ Wed, 12 Oct 2022 20:17:57 +0000 https://republika.mk/?p=560309

Денешната четиричасовна седница на Економско-социјалниот совет беше прекината, откако Владата, синдикатите и работодавачите останаа на различни страни.

Претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски во вечерашната „Топ тема“ обелодени дел од мерките и препораките на владата за намалување на расходите на буџетските корисници. Освен мерката за намалување за 10 отсто на платата која што беше единствено соопштена во јавноста, документот содржи уште неколку точки меѓу кои и намалување на прекувремената работа за преку 20 отсто во МВР, во АНБ, во Агенцијата за разузнување, работа од дома на вработените со ротации, а за синдикалците спорни се и, според нив, намерите на владата за суспензија или укинување на колективните договори.

Синдикалците и од јавниот и од приватниот сектор предупредија дека сите заеднички ќе се спротивстават на било каков обид од страна на владата да ги укине или суспендиран колективните договори.

Денеска требаше да се донесе и пакетот на мерки за помош на стопанството. Но, владата одлучи тоа да се случи кон крајот на месецот. Државата донесе одлука финансиски да им се помогне само на одредена категорија на граѓани. Експертите сметаат дека тоа е во ред, но мора да има и мерки со кои би се забавила инфлацијата.

The post Принуден одмор или работа од дома за јавната администрација? appeared first on Република.

]]>

Денешната четиричасовна седница на Економско-социјалниот совет беше прекината, откако Владата, синдикатите и работодавачите останаа на различни страни. Претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски во вечерашната „Топ тема“ обелодени дел од мерките и препораките на владата за намалување на расходите на буџетските корисници. Освен мерката за намалување за 10 отсто на платата која што беше единствено соопштена во јавноста, документот содржи уште неколку точки меѓу кои и намалување на прекувремената работа за преку 20 отсто во МВР, во АНБ, во Агенцијата за разузнување, работа од дома на вработените со ротации, а за синдикалците спорни се и, според нив, намерите на владата за суспензија или укинување на колективните договори. Синдикалците и од јавниот и од приватниот сектор предупредија дека сите заеднички ќе се спротивстават на било каков обид од страна на владата да ги укине или суспендиран колективните договори. Денеска требаше да се донесе и пакетот на мерки за помош на стопанството. Но, владата одлучи тоа да се случи кон крајот на месецот. Државата донесе одлука финансиски да им се помогне само на одредена категорија на граѓани. Експертите сметаат дека тоа е во ред, но мора да има и мерки со кои би се забавила инфлацијата.

The post Принуден одмор или работа од дома за јавната администрација? appeared first on Република.

]]>
Администрацијата да работи од 9 до 15 часот за да се заштеди, бара КСС https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/administracijata-da-raboti-od-9-do-15-chasot-za-da-se-zashtedi-bara-kss/ Mon, 05 Sep 2022 11:51:35 +0000 https://republika.mk/?p=547623

Јавниот сектор да работи два часа помалку, од 9 до 15 часот, кога има најмногу дневна светлина и кога е најтопло во текот на денот, е мерката за заштеда на електична енергија што ја предлага Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС).

Како што соопшти денеска претседателот на КСС, Благоја Ралповски енергијата што ќе се заштеди од јавните институции потоа да им се даде како помош на бизнис секторот и јавно – комунлните претпријатија за да се спречат поголеми ценовни шокови.

Може да се направи рационализација, јавниот сектор може да работи со скратено работно време од два часа со што ќе се заштедат големи количини електрична енергија. Може да се направат дежурни тимови кои ќе ги сервисираат неопхоедните дејности во текот на еден ден, истакна Ралповски.

The post Администрацијата да работи од 9 до 15 часот за да се заштеди, бара КСС appeared first on Република.

]]>

Јавниот сектор да работи два часа помалку, од 9 до 15 часот, кога има најмногу дневна светлина и кога е најтопло во текот на денот, е мерката за заштеда на електична енергија што ја предлага Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС). Како што соопшти денеска претседателот на КСС, Благоја Ралповски енергијата што ќе се заштеди од јавните институции потоа да им се даде како помош на бизнис секторот и јавно – комунлните претпријатија за да се спречат поголеми ценовни шокови.