јавeн сектор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/javen-sektor/ За подобро да се разбереме Wed, 27 Mar 2024 14:32:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png јавeн сектор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/javen-sektor/ 32 32 Претседателот на Аргентина планира да отпушти 70.000 работници во јавниот сектор https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pretsedatelot-na-argentina-planira-da-otpushti-70-000-rabotnitsi-vo-javniot-sektor/ Wed, 27 Mar 2024 14:32:02 +0000 https://republika.mk/?p=759407

Претседателот на Аргентина, Хавиер Милај, изјави дека планира во следните неколку месеци да отпушти 70.000 работници вработени во јавниот сектор.

Покрај тоа, Милај на економски форум во Буенос Аирес рече дека откажал повеќе од 200.000 планови за социјална помош.

„Блумберг“ наведува дека тоа е дел од стратегијата на аргентинскиот претседател по секоја цена да постигне фискална рамнотежа.

 

The post Претседателот на Аргентина планира да отпушти 70.000 работници во јавниот сектор appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Аргентина, Хавиер Милај, изјави дека планира во следните неколку месеци да отпушти 70.000 работници вработени во јавниот сектор. Покрај тоа, Милај на економски форум во Буенос Аирес рече дека откажал повеќе од 200.000 планови за социјална помош. „Блумберг“ наведува дека тоа е дел од стратегијата на аргентинскиот претседател по секоја цена да постигне фискална рамнотежа.  

The post Претседателот на Аргентина планира да отпушти 70.000 работници во јавниот сектор appeared first on Република.

]]>
Платите во јавниот сектор во септември ќе се зголемат за 10 отсто, постигнат е договор меѓу Синдикатите и Владата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/platite-vo-javniot-sektor-vo-septemvri-ke-se-zgolemat-za-10-otsto-postignat-e-dogovor-megu-sindikatite-i-vladata/ Mon, 10 Jul 2023 15:12:08 +0000 https://republika.mk/?p=659803

Синдикатите и Владата денеска постигнаа договор за зголемување на платите и за методологијата за раст на платите во јавниот сектор. Платите во јавниот сектор од 1 септември ќе бидат зголемени за 10 отсто, а вработените ќе добијат 10.000 К-15.

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска изјави дека е постигнат договор за потпишување на општиот колективен договор и за сите оние спорни прашања кои со месеци се разговараат со претствниците на синдикатите.

Договоривме дека новата методологија за прсметка на плати за вработените во јавниот сектор ќе започне од март 2025 година. Со сeптемвриската плата во 2023 година ќе биде покачувањето од 10 проценти на платите во јавниот сектор, К-15 до крајот на декември 2023 година во висина од 10.000 денари, а во општиот колективен договор ќе стои одредба за исплатата на К-15 од 2024 година да биде најмалку 30 проценти од висината на просечната плата во изминатата година, вели Тренечевска.

Работната група по интензивни средби и разговори денеска во Министерството за финансии го дефинираше моделот за раст на платите на вработените во јавната администрација.

Постигнато е системско и одржливо решение за пораст на платите за вработените во јавниот сектор. Предлогот, кој заеднички го утврдивме, со претставници на синдикатите, ќе биде доставен до Економско-социјалниот совет, кој на седница, која ќе се одржи наредните денови, треба да се потврди, истакна министерот Фатмир Бесими, кој заедно со вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска беа дел од работната група.

Како што додаде решението ги штити интересите на работниците, стандардот, но и истовремено ја следи продуктивноста на домашната економија.

Најзначајно е дека станува збор за решение постигнато преку дијалог, во кој градиме меѓусебна доверба, решение кое воспоставува систем на долг рок и гарантира раст на платите на сите вработените во јавниот сектор и заштита на стандардот на граѓаните, потенцира министерот Бесими.

Покрај 10% раст на платите од септември, во разговорите постигнато е и воведување нова методологија на плати со коефициент според просечната бруто плата од март 2025 година. Исто така, е договорено регресот за годишен одмор да се исплати во износ од 10.000 денари нето за 2023 година, а од 2024 година па понатаму договорено е во општиот колективен договор тој да изнесува најмалку 30% од просечната нето-плата.

Со цел имплементација на договореното во септември ќе се пристапи кон ребаланс на Буџетот.

Дијалогот за раст на платите се води во рамки на Економско-социјалниот совет, каде во изминатиот период на дневен ред беше потпишувањето Општ колективен договор за сите вработени во јавниот сектор, со цел да се воспостави системско решение кое ќе важи за сите подеднакво.

The post Платите во јавниот сектор во септември ќе се зголемат за 10 отсто, постигнат е договор меѓу Синдикатите и Владата appeared first on Република.

]]>

Синдикатите и Владата денеска постигнаа договор за зголемување на платите и за методологијата за раст на платите во јавниот сектор. Платите во јавниот сектор од 1 септември ќе бидат зголемени за 10 отсто, а вработените ќе добијат 10.000 К-15. Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска изјави дека е постигнат договор за потпишување на општиот колективен договор и за сите оние спорни прашања кои со месеци се разговараат со претствниците на синдикатите.
Договоривме дека новата методологија за прсметка на плати за вработените во јавниот сектор ќе започне од март 2025 година. Со сeптемвриската плата во 2023 година ќе биде покачувањето од 10 проценти на платите во јавниот сектор, К-15 до крајот на декември 2023 година во висина од 10.000 денари, а во општиот колективен договор ќе стои одредба за исплатата на К-15 од 2024 година да биде најмалку 30 проценти од висината на просечната плата во изминатата година, вели Тренечевска.
Работната група по интензивни средби и разговори денеска во Министерството за финансии го дефинираше моделот за раст на платите на вработените во јавната администрација.
Постигнато е системско и одржливо решение за пораст на платите за вработените во јавниот сектор. Предлогот, кој заеднички го утврдивме, со претставници на синдикатите, ќе биде доставен до Економско-социјалниот совет, кој на седница, која ќе се одржи наредните денови, треба да се потврди, истакна министерот Фатмир Бесими, кој заедно со вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска беа дел од работната група.
Како што додаде решението ги штити интересите на работниците, стандардот, но и истовремено ја следи продуктивноста на домашната економија.
Најзначајно е дека станува збор за решение постигнато преку дијалог, во кој градиме меѓусебна доверба, решение кое воспоставува систем на долг рок и гарантира раст на платите на сите вработените во јавниот сектор и заштита на стандардот на граѓаните, потенцира министерот Бесими.
Покрај 10% раст на платите од септември, во разговорите постигнато е и воведување нова методологија на плати со коефициент според просечната бруто плата од март 2025 година. Исто така, е договорено регресот за годишен одмор да се исплати во износ од 10.000 денари нето за 2023 година, а од 2024 година па понатаму договорено е во општиот колективен договор тој да изнесува најмалку 30% од просечната нето-плата. Со цел имплементација на договореното во септември ќе се пристапи кон ребаланс на Буџетот. Дијалогот за раст на платите се води во рамки на Економско-социјалниот совет, каде во изминатиот период на дневен ред беше потпишувањето Општ колективен договор за сите вработени во јавниот сектор, со цел да се воспостави системско решение кое ќе важи за сите подеднакво.

The post Платите во јавниот сектор во септември ќе се зголемат за 10 отсто, постигнат е договор меѓу Синдикатите и Владата appeared first on Република.

]]>
Бесими: Работиме на брзо, но системско решени за раст на платите на сите во јавниот сектор https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/besimi-rabotime-na-brzo-no-sistemsko-resheni-za-rast-na-platite-na-site-vo-javniot-sektor/ Thu, 18 May 2023 10:33:25 +0000 https://republika.mk/?p=642223

Платите во јавниот сектор ќе растат според добровоспоставен систем, на кој веќе активно се работи, односно една методологија која ќе ги опфати сите во јавниот сектор. Платите не се замрзнуваат до идната година, и годинава веќе имаше раст на платите во јавниот сектор за усогласување со минималната плата, согласно системското решение со закон кое го донесовме минатата година. Време е за фер решение за сите вработени во јавниот сектор, а не парцијални преговарања на секои шест месеци, порача министерот за финансии, Фатмир Бесими на одговор на новинарски прашања.

Во ниту еден случај не е спомнато замрзнување на платите, напротив ние во последните три-четири години во цел јавен сектор има нагорно движење на платите, во образование, во здравство, во безбедносните структури, во инспекторати, судство, обвинителство, секаде кадешто е констатирана потреба, секоја година имало корегирање на платите нагоре. И сега работиме на еднос системско решение кое ќе важи за сите - вели министерот за финансии Бесими.

Министерот посочи дека сегашниот систем на плати во јавниот сектор е многу фрагментиран, има парцијални решенија кои делумно ги решаваат работите, а создаваат поголеми проблеми. Со новото решение, а во соработка со синдикатите, кои се партнер на Владата, ќе се надмине овој проблем и ќе се креира фер систем за сите вработени.

Бесими истакна дека од општ интерес е ова решение што побргу да се постигне. Досега Владата докажала дека може да воспостави добар систем и одржливи решенија преку законските решенија за усогласување на пензиите и минималната плата. И тоа е заеднички успех на Владата и синдикатите постигнат преку инклузивен процес и конструктивен дијалог во рамките на Економско социјалниот Дијалог.

The post Бесими: Работиме на брзо, но системско решени за раст на платите на сите во јавниот сектор appeared first on Република.

]]>

Платите во јавниот сектор ќе растат според добровоспоставен систем, на кој веќе активно се работи, односно една методологија која ќе ги опфати сите во јавниот сектор. Платите не се замрзнуваат до идната година, и годинава веќе имаше раст на платите во јавниот сектор за усогласување со минималната плата, согласно системското решение со закон кое го донесовме минатата година. Време е за фер решение за сите вработени во јавниот сектор, а не парцијални преговарања на секои шест месеци, порача министерот за финансии, Фатмир Бесими на одговор на новинарски прашања.
Во ниту еден случај не е спомнато замрзнување на платите, напротив ние во последните три-четири години во цел јавен сектор има нагорно движење на платите, во образование, во здравство, во безбедносните структури, во инспекторати, судство, обвинителство, секаде кадешто е констатирана потреба, секоја година имало корегирање на платите нагоре. И сега работиме на еднос системско решение кое ќе важи за сите - вели министерот за финансии Бесими.
Министерот посочи дека сегашниот систем на плати во јавниот сектор е многу фрагментиран, има парцијални решенија кои делумно ги решаваат работите, а создаваат поголеми проблеми. Со новото решение, а во соработка со синдикатите, кои се партнер на Владата, ќе се надмине овој проблем и ќе се креира фер систем за сите вработени. Бесими истакна дека од општ интерес е ова решение што побргу да се постигне. Досега Владата докажала дека може да воспостави добар систем и одржливи решенија преку законските решенија за усогласување на пензиите и минималната плата. И тоа е заеднички успех на Владата и синдикатите постигнат преку инклузивен процес и конструктивен дијалог во рамките на Економско социјалниот Дијалог.

The post Бесими: Работиме на брзо, но системско решени за раст на платите на сите во јавниот сектор appeared first on Република.

]]>
НАкС бара стопирање на постапката за донесување на законот за плати во јавниот сектор https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/naks-bara-stopirane-na-postapkata-za-donesuvane-na-zakonot-za-plati-vo-javniot-sektor/ Wed, 18 Jan 2023 09:43:23 +0000 https://republika.mk/?p=598199

Независниот академски синдикат (НАкС) смета дека Владата се обидува „низ мала врата да протне законско решение“ за платите на сите вработени во јавниот сектор. Синдикатот соопшти дека се согласува со потребата од донесување системски и кохерентен закон со кој би се дефинирала методологијата и постапката за формирање на платите, но дека законот треба да се донесе „низ суштински и исцрпен дијалог со сите засегнати страни“.

НАкС бара од Владата да го одложи датумот за коментирање на Предлог-законот за системот на плати во јавниот сектор, односно да ја стопира постапката за донесување на овој закон, бара наместо виртуелна, да има реална јавна дебата во која ќе ги покани синдикатите проактивно да учествуваат во процесот, а поради постоење на, како што посочува, „правни сомнежи за неуставност на одредени одредби“, бара да се побара мислење од експерти кои јавно ќе се изјаснат за овој предлог.

Според НАкС, во предложениот текст на законот за системот на плати во јавниот сектор „демнат повеќе опасности“ затоа што „делумно регулирајќи ја материјата, предлог-законот остава таа да биде дорегулирана со прописи донесени врз основа на закон и подзаконски акти што се коси со идејата за системско решение“.

Ваквиот пристап, посочува Синдикатот, е спротивен на чл.32 од Уставот на РСМ, според кој остварувањето на правата на вработените и нивната положба се уредуваат со закон и со колективен договор.

– Се воведуваат нови, а недефинирани елементи во методологијата за пресметка на плати за кои не е уредена постапка за примена преку објективни и правични критериуми. Недефинираноста на елементите и паушалноста на критериумите би можеле да бидат искористени како алатка за намалување на платата на вработените и нивно непринципиелно казнување. Се воведуваат механизми за намалување на веќе утврдената плата, додатоци и надоместоци, што вработените во јавниот сектор би можело да ги доведе во положба на правна несигурност. Се доведуваат под знак прашање одамна изборените работнички права како што се полна плата за време на годишен одмор и стручно усовршување, исплата на утврдени надоместоци за службени патувања и сл., наведува НАкС.

Во Предлог-законот, како што посочува во реакцијата, е предвидена максимална надлежност на државните органи во регулирањето на оваа материја, нагласува Синдикатот, без социјален дијалог и активно учество на Економско-социјалниот совет и синдикатите како претставници на работниците, со што се крши Конвенцијата за работни односи (јавна служба) бр. 151 од 1978 година, како и другите меѓународни документи и принципи за активен социјален дијалог и право на колективно договарање на вработените во јавниот сектор.

-На тој начин, не само што целосно се суспендира синдикалното преговарање, туку суштински се уназадува демократијата во нашето општество. Искуството ни покажало многу пати дека, и покрај добрата намера, контрапродуктивно е кога се брза да се донесе недозреано законско решение, без притоа во широка, јавна и суштинска а не само формална дебата да се вклучат синдикатите, како витално заинтересирана страна, додава НАкС.

 

The post НАкС бара стопирање на постапката за донесување на законот за плати во јавниот сектор appeared first on Република.

]]>

Независниот академски синдикат (НАкС) смета дека Владата се обидува „низ мала врата да протне законско решение“ за платите на сите вработени во јавниот сектор. Синдикатот соопшти дека се согласува со потребата од донесување системски и кохерентен закон со кој би се дефинирала методологијата и постапката за формирање на платите, но дека законот треба да се донесе „низ суштински и исцрпен дијалог со сите засегнати страни“. НАкС бара од Владата да го одложи датумот за коментирање на Предлог-законот за системот на плати во јавниот сектор, односно да ја стопира постапката за донесување на овој закон, бара наместо виртуелна, да има реална јавна дебата во која ќе ги покани синдикатите проактивно да учествуваат во процесот, а поради постоење на, како што посочува, „правни сомнежи за неуставност на одредени одредби“, бара да се побара мислење од експерти кои јавно ќе се изјаснат за овој предлог. Според НАкС, во предложениот текст на законот за системот на плати во јавниот сектор „демнат повеќе опасности“ затоа што „делумно регулирајќи ја материјата, предлог-законот остава таа да биде дорегулирана со прописи донесени врз основа на закон и подзаконски акти што се коси со идејата за системско решение“. Ваквиот пристап, посочува Синдикатот, е спротивен на чл.32 од Уставот на РСМ, според кој остварувањето на правата на вработените и нивната положба се уредуваат со закон и со колективен договор. – Се воведуваат нови, а недефинирани елементи во методологијата за пресметка на плати за кои не е уредена постапка за примена преку објективни и правични критериуми. Недефинираноста на елементите и паушалноста на критериумите би можеле да бидат искористени како алатка за намалување на платата на вработените и нивно непринципиелно казнување. Се воведуваат механизми за намалување на веќе утврдената плата, додатоци и надоместоци, што вработените во јавниот сектор би можело да ги доведе во положба на правна несигурност. Се доведуваат под знак прашање одамна изборените работнички права како што се полна плата за време на годишен одмор и стручно усовршување, исплата на утврдени надоместоци за службени патувања и сл., наведува НАкС. Во Предлог-законот, како што посочува во реакцијата, е предвидена максимална надлежност на државните органи во регулирањето на оваа материја, нагласува Синдикатот, без социјален дијалог и активно учество на Економско-социјалниот совет и синдикатите како претставници на работниците, со што се крши Конвенцијата за работни односи (јавна служба) бр. 151 од 1978 година, како и другите меѓународни документи и принципи за активен социјален дијалог и право на колективно договарање на вработените во јавниот сектор. -На тој начин, не само што целосно се суспендира синдикалното преговарање, туку суштински се уназадува демократијата во нашето општество. Искуството ни покажало многу пати дека, и покрај добрата намера, контрапродуктивно е кога се брза да се донесе недозреано законско решение, без притоа во широка, јавна и суштинска а не само формална дебата да се вклучат синдикатите, како витално заинтересирана страна, додава НАкС.  

The post НАкС бара стопирање на постапката за донесување на законот за плати во јавниот сектор appeared first on Република.

]]>
Штрајкот на ССМ продолжува – денеска пред министерството за финансии https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shtrajkot-na-ssm-deneska-pred-ministerstvoto-za-finansii/ Fri, 24 Jun 2022 11:19:10 +0000 https://republika.mk/?p=519265

Членовите на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска генералниот штрајк на вработените во јавниот сектор го реализираат пред Министерството за финансии, од каде повторно побараа нивното барање за линеарно зголемување на платите од 2.806 денари за секој работник да се вметне или преку амандман или преку Општиот колективен договор.

Претседателот на ССМ Дарко Димовски испрати апел до министерот за финансии да го прифати ова барање бидејќи како што посочи, истото е издржано согласно покачувањето на цените на храната, нафтените деривати, електрична енергија.

Денеска сме пред Министерството за финансии каде бараме од целото Министерство вклучително и од службите да го вметнат нашето барање за линеарно зголемување од 2806 денари за секој работник, сакаат преку амандманот поднесен од ССМ во Собранието на Македонија, сакаат преку Општиот колективен договор за јавниот сектор, бидејќи гледаме и денеска се состанува РКЕ за да ја покачи струјата од 1 јули. Затоа, ова што го зборуваме денеска навистина е неопходно. Апелираме до министерот за финансии да го прифати нашето барање - изјави Димовски.

Генералниот секретар на ССМ, Трпе Дејановски изјави дека вработените не браат луксуз, туку начин како да ја преживеат инфлацијата.

За време на штрајкот денеска се појавија и неколку пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, СПМ и Беса, кои дадоа поддршка на барањето на ССМ, и посочија дека во рамки на Комисиската расправа за ребалансот на Буџетот, на крајот како комисиски предложен амандман ќе гласаат. Пратениците испратија повик од СДСМ и ДУИ да гласаат за овој закон, или дури и самите да го предложат како амандман со цел да се излезе во пресрет на работникот.

На десеттиот ден од амандманската расправа ние повторно ќе поднесеме комисиски амандман. Ја користиме секоја прилика, секој работен ден да ги убедиме пратениците од мнозинството кои го создаваат во Комисијата дека треба да го поддржат овој амандман и апелирам до пратениците да уште еднаш направат елаборација на сопствениот став да го променат и на 10-иот ден од амандманската расправа да го прифатат комисискиот амандман - изјави пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ.

Според пратеникот Љупчо Димовски од СПМ, 2.806 денари во овие кризни ситуации се од драгоцена вредност за секој работник кој е исцрпен и е на работ на голасра егзистенција.

Станува збор за две суштински работи. Станува збор прво за почитување на Законот за минимални плати и неговото усогласување линеарно со овие спомнати 2806 денари за коишто Владата има обврска да ги реализира. Втората работа е човечката димензија затоа што во вакви кризни ситуации тие 2806 денари се драгоцена вредност за секој работник којшто е и онака до крајност финансиски изнемоштен, исцрпен и на работ на голата егзистенција - изјави Димовски.

Пратеникот Фадил Зендели од БЕСА изјави оти смета дека власта од ветувања треба да премине во конкретни акции за да може да се разрешат овие проблеми што ги имаат вработените затоа што, како што рече, станува збор за минимални барања.

Ситуацијата економска се влошува секој ден. Не дека со тие 2806 денари ќе се решат проблемите на нашите семејства, но секако ќе биде по благонаклоно кон секојдневното живеење и секојдневниот стандард на нашите граѓани - изјави Зендели.

ССМ најави дека штрајкот продолжува, а во понеделник органите на Синдикатот ќе одлучат кои ќе бидат дополнителни активности.

Во меѓувреме останува онаа одлука дека вработените во јавниот сектор ќе бидат на своите работни места но нема да извршуваат работни задачи, освен 10 проценти од вработените кои ќе бидат на располагање за потребите на граѓаните.

The post Штрајкот на ССМ продолжува – денеска пред министерството за финансии appeared first on Република.

]]>

Членовите на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска генералниот штрајк на вработените во јавниот сектор го реализираат пред Министерството за финансии, од каде повторно побараа нивното барање за линеарно зголемување на платите од 2.806 денари за секој работник да се вметне или преку амандман или преку Општиот колективен договор. Претседателот на ССМ Дарко Димовски испрати апел до министерот за финансии да го прифати ова барање бидејќи како што посочи, истото е издржано согласно покачувањето на цените на храната, нафтените деривати, електрична енергија.
Денеска сме пред Министерството за финансии каде бараме од целото Министерство вклучително и од службите да го вметнат нашето барање за линеарно зголемување од 2806 денари за секој работник, сакаат преку амандманот поднесен од ССМ во Собранието на Македонија, сакаат преку Општиот колективен договор за јавниот сектор, бидејќи гледаме и денеска се состанува РКЕ за да ја покачи струјата од 1 јули. Затоа, ова што го зборуваме денеска навистина е неопходно. Апелираме до министерот за финансии да го прифати нашето барање - изјави Димовски.
Генералниот секретар на ССМ, Трпе Дејановски изјави дека вработените не браат луксуз, туку начин како да ја преживеат инфлацијата. За време на штрајкот денеска се појавија и неколку пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, СПМ и Беса, кои дадоа поддршка на барањето на ССМ, и посочија дека во рамки на Комисиската расправа за ребалансот на Буџетот, на крајот како комисиски предложен амандман ќе гласаат. Пратениците испратија повик од СДСМ и ДУИ да гласаат за овој закон, или дури и самите да го предложат како амандман со цел да се излезе во пресрет на работникот.
На десеттиот ден од амандманската расправа ние повторно ќе поднесеме комисиски амандман. Ја користиме секоја прилика, секој работен ден да ги убедиме пратениците од мнозинството кои го создаваат во Комисијата дека треба да го поддржат овој амандман и апелирам до пратениците да уште еднаш направат елаборација на сопствениот став да го променат и на 10-иот ден од амандманската расправа да го прифатат комисискиот амандман - изјави пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ.
Според пратеникот Љупчо Димовски од СПМ, 2.806 денари во овие кризни ситуации се од драгоцена вредност за секој работник кој е исцрпен и е на работ на голасра егзистенција.
Станува збор за две суштински работи. Станува збор прво за почитување на Законот за минимални плати и неговото усогласување линеарно со овие спомнати 2806 денари за коишто Владата има обврска да ги реализира. Втората работа е човечката димензија затоа што во вакви кризни ситуации тие 2806 денари се драгоцена вредност за секој работник којшто е и онака до крајност финансиски изнемоштен, исцрпен и на работ на голата егзистенција - изјави Димовски.
Пратеникот Фадил Зендели од БЕСА изјави оти смета дека власта од ветувања треба да премине во конкретни акции за да може да се разрешат овие проблеми што ги имаат вработените затоа што, како што рече, станува збор за минимални барања.
Ситуацијата економска се влошува секој ден. Не дека со тие 2806 денари ќе се решат проблемите на нашите семејства, но секако ќе биде по благонаклоно кон секојдневното живеење и секојдневниот стандард на нашите граѓани - изјави Зендели.
ССМ најави дека штрајкот продолжува, а во понеделник органите на Синдикатот ќе одлучат кои ќе бидат дополнителни активности. Во меѓувреме останува онаа одлука дека вработените во јавниот сектор ќе бидат на своите работни места но нема да извршуваат работни задачи, освен 10 проценти од вработените кои ќе бидат на располагање за потребите на граѓаните.

The post Штрајкот на ССМ продолжува – денеска пред министерството за финансии appeared first on Република.

]]>
ССМ одлучи за генерален штрајк од 22 јуни ако до тогаш нема раст на платите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ssm-odluchi-za-generalen-shtrajk-od-22-juni-ako-do-togash-nema-rast-na-platite/ Fri, 03 Jun 2022 17:09:21 +0000 https://republika.mk/?p=510797

Сојузот на синдикати на Македонија донесе одлука со која на Владата и остава рок од дваесетина дена да го исполни ветувањето кое го даде дека ќе обезбеди линеарно покачување на платите во износ од 2.806 денари и дека ќе го врати регресот за годишен одмор во јавниот сектор. Во спротивно, синдикалците најавија дека од 22 јуни ќе има генерален штрајк во јавниот сектор.

Одлуката на ССМ за генерален штрајк следи по вчерашната, како што ја опишаа, неуспешна средба со владините преставници. Според ССМ, двоцифрената инфлација и секојдневниот раст на цените не дозволува уште многу простор за преговори. На барање на Владата се сложуваат платите да се покачат од јули. Сепак, доколку во меѓувреме не добијат одговор, од 22 јуни вработените во јавниот сектор ќе бидат на своите работни места но, нема да извршуваат работни задачи.

Од Владата, пак, се оптимисти за продолжување на социјалниот дијалог. Но, според нив, треба да се дефинира и моделот според кој во иднина ќе се врши корекција на платите согласно растот на минималецот, а треба да се определи и методологија за оценување на продуктивноста на вработените во јавниот сектор.

The post ССМ одлучи за генерален штрајк од 22 јуни ако до тогаш нема раст на платите appeared first on Република.

]]>

Сојузот на синдикати на Македонија донесе одлука со која на Владата и остава рок од дваесетина дена да го исполни ветувањето кое го даде дека ќе обезбеди линеарно покачување на платите во износ од 2.806 денари и дека ќе го врати регресот за годишен одмор во јавниот сектор. Во спротивно, синдикалците најавија дека од 22 јуни ќе има генерален штрајк во јавниот сектор. Одлуката на ССМ за генерален штрајк следи по вчерашната, како што ја опишаа, неуспешна средба со владините преставници. Според ССМ, двоцифрената инфлација и секојдневниот раст на цените не дозволува уште многу простор за преговори. На барање на Владата се сложуваат платите да се покачат од јули. Сепак, доколку во меѓувреме не добијат одговор, од 22 јуни вработените во јавниот сектор ќе бидат на своите работни места но, нема да извршуваат работни задачи. Од Владата, пак, се оптимисти за продолжување на социјалниот дијалог. Но, според нив, треба да се дефинира и моделот според кој во иднина ќе се врши корекција на платите согласно растот на минималецот, а треба да се определи и методологија за оценување на продуктивноста на вработените во јавниот сектор.

The post ССМ одлучи за генерален штрајк од 22 јуни ако до тогаш нема раст на платите appeared first on Република.

]]>